коалиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koalicija/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jun 2024 10:15:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коалиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koalicija/ 32 32 Димитриевски: ДУИ вршеше притисок врз СДСМ, сега го признаваат тоа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-dui-vrsheshe-pritisok-vrz-sdsm-sega-go-priznavaat-toa/ Thu, 27 Jun 2024 10:15:46 +0000 https://republika.mk/?p=791246

Максим Димитриевски во „Дејли Клик“ на ТВ21 зборуваше за сегашната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Во минатата коалиција ДУИ вршеше притисок врз СДСМ, и гледаме дека тоа го признаваат, но тоа е нивна работа. Ние следејќи ја желбата на граѓаните, бидејќи и во самата кампања добив барања од граѓаните да обезбедиме едно стабилно мнозинство на македонскиот блок, и да се најде фер партнер репрезент од етничките албански партии, во овој случај тоа е Вреди, рече Димитриевски.

The post Димитриевски: ДУИ вршеше притисок врз СДСМ, сега го признаваат тоа appeared first on Република.

]]>

Мицкоски му одговори на Ахмети: Природната опција за ВМРО-ДПМНЕ е да коалицира со албанската опозиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-mu-odgovori-na-ahmeti-prirodnata-optsija-za-vmro-dpmne-e-da-koalitsira-so-albanskata-opozitsija/ Wed, 22 May 2024 08:39:02 +0000 https://republika.mk/?p=780732

„Не постојат такви црвени подруми. Мислам дека господинот Ахмети е опкружен со луѓе кои во целиот овој период го доведоа во една ваква ситуација да верува во фантазија, а не во реални работи и тоа е неговата клучна грешка“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за ОРА 24.

Претседателот Мицкоски истакна дека не постојат црвени подруми, ниту некогаш постоеле.

Мојата порака е дека не постојат подруми, се е транспарентно, се е јасно. Јас зборував уште од многу одамна дека природната опција за ВМРО-ДПМНЕ е да коалицира со албанската опозиција во Македонија. Така беше и на локалните избори, тие водеа кампања против мене, ВМРО-ДПМНЕ и во Тетово и во Гостивар немаат градоначалници, загубија на овие парламентарни избори. Нема потреба да верува во вакви заговори, не постојат, многу е јасна ситуацијата, многу е едноставна, треба да се помири со поразот, треба да замине во опозиција. Мој совет е да се ослободи од некои луѓе со кој тој е опкружен, треба повеќе да се фокусира на реалните работи и потоа едно ново ДУИ со нови луѓе и освежена кадровска и програмска платформа може да дојде да седнеме да разговараме, да видиме како ќе биде во иднина“, дециден е Мицкоски.

The post Мицкоски му одговори на Ахмети: Природната опција за ВМРО-ДПМНЕ е да коалицира со албанската опозиција appeared first on Република.

]]>

„Не постојат такви црвени подруми. Мислам дека господинот Ахмети е опкружен со луѓе кои во целиот овој период го доведоа во една ваква ситуација да верува во фантазија, а не во реални работи и тоа е неговата клучна грешка“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за ОРА 24. Претседателот Мицкоски истакна дека не постојат црвени подруми, ниту некогаш постоеле.
Мојата порака е дека не постојат подруми, се е транспарентно, се е јасно. Јас зборував уште од многу одамна дека природната опција за ВМРО-ДПМНЕ е да коалицира со албанската опозиција во Македонија. Така беше и на локалните избори, тие водеа кампања против мене, ВМРО-ДПМНЕ и во Тетово и во Гостивар немаат градоначалници, загубија на овие парламентарни избори. Нема потреба да верува во вакви заговори, не постојат, многу е јасна ситуацијата, многу е едноставна, треба да се помири со поразот, треба да замине во опозиција. Мој совет е да се ослободи од некои луѓе со кој тој е опкружен, треба повеќе да се фокусира на реалните работи и потоа едно ново ДУИ со нови луѓе и освежена кадровска и програмска платформа може да дојде да седнеме да разговараме, да видиме како ќе биде во иднина“, дециден е Мицкоски.
 
The post Мицкоски му одговори на Ахмети: Природната опција за ВМРО-ДПМНЕ е да коалицира со албанската опозиција appeared first on Република.

]]>
И без ВЛЕН, ВМРО-ДПМНЕ има 63-64 пратеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-bez-vlen-vmro-dpmne-ima-63-64-pratenitsi/ Tue, 14 May 2024 19:03:50 +0000 https://republika.mk/?p=778085

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов вели дека ВМРО-ДПМНЕ и без коалицијата ВЛЕН во моментов има обезбедено 63-64 пратеници. Тој во вечерашното издание на емисијата Аргумент+ на ТВ24, не кажа кои се тие пратеници, но рече дека се работи за пратеници од помалите партии кои порано но и сега се дел од коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз.

„Вака широко организиран фронт, на ВМРО-ДПМНЕ му бил потребен за гласање на измените на Законот за Влада со цел да се дојде до реализација на изборните ветувања за нова структура на Владата со нови ресори или со укинување и прегрупирање на некои од нив, како и на многу агенции“ рече Трајанов.

За свечената заклетва на претседателката Силјановска Давкова, во која таа не го кажа новото уставно име на државата, Трајанов рече дека очекува набрзо да се стиши оваа галама и дека секако мора да се почитуват меѓународните договори, но и да се покаже поголем сенс за нашите идентитетски одредби и потреби од страна на соседите Грција, Бугарија а потоа и од САД и ЕУ.

The post И без ВЛЕН, ВМРО-ДПМНЕ има 63-64 пратеници appeared first on Република.

Никој не смее да биде над законот, ниту Ахмети – не постои ризик од меѓуетнички тензии, тврди Меџити https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoj-ne-smee-da-bide-nad-zakonot-nitu-ahmeti-ne-postoi-rizik-od-meguetnichki-tenzii-tvrdi-medhiti/ Sat, 11 May 2024 12:37:50 +0000 https://republika.mk/?p=777049

Никој не треба и не смее да биде над законот, ниту пак Али Ахмети. Не постои ризик за притисоци, уцени и поттикнување на тензии за евентуални нови меѓуетнички тензии. Ќе потсетам дека Македонија е членка на НАТО, природно е секоја партија од позиција да замине во опозиција, нема причина за било каква дестабилизација - уверува претседателот на Демократското движење, Изет Меџити на „Стадион“ на Канал 77.

Тој демантираше дека и воопшто постои наводно писмо за ултиматум меѓу албанските партии, дека услов за идната влада ќе биде отворање на Уставот, Охридскиот договор, како и дека за 6 месеци мора Македонија да влезе во ЕУ.

Меџити рече дека неговата партија и коалицијата денеска и официјално ќе ги почнат преговорите со победничката партија на парламентарните избори, ВМРО – ДПМНЕ.

Како што кажа, пласираните информации во јавноста за можни ресорни позиции во Владата засега се шпекулации, бидејќи оваа тема на маса ќе биде поставена дури во третата фаза од преговорите со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во првата фаза од преговорите со ВМРО ДПМНЕ ќе биде програмата на идната влада, а која ќе биде базирана на спроведување на нови реформи во борбата против корупцијата, дискусија околу конечно враќање на правната држава, подобрување на моменталната ниска доверба во судството и обвинителството, создавање на европска држава и пред сѐ водење на политики кон позитивен економски раст и развој во земјава. Морам да кажам дека сè уште не сме барале министерски позиции, досега сите најави пласирани во јавноста се шпекулации, денес нема да разговараме за министри, туку за принципите и програмата на новата Влада - категорично изјави Меџити.

The post Никој не смее да биде над законот, ниту Ахмети – не постои ризик од меѓуетнички тензии, тврди Меџити appeared first on Република.

]]>

Никој не треба и не смее да биде над законот, ниту пак Али Ахмети. Не постои ризик за притисоци, уцени и поттикнување на тензии за евентуални нови меѓуетнички тензии. Ќе потсетам дека Македонија е членка на НАТО, природно е секоја партија од позиција да замине во опозиција, нема причина за било каква дестабилизација - уверува претседателот на Демократското движење, Изет Меџити на „Стадион“ на Канал 77.
Тој демантираше дека и воопшто постои наводно писмо за ултиматум меѓу албанските партии, дека услов за идната влада ќе биде отворање на Уставот, Охридскиот договор, како и дека за 6 месеци мора Македонија да влезе во ЕУ. Меџити рече дека неговата партија и коалицијата денеска и официјално ќе ги почнат преговорите со победничката партија на парламентарните избори, ВМРО – ДПМНЕ. Како што кажа, пласираните информации во јавноста за можни ресорни позиции во Владата засега се шпекулации, бидејќи оваа тема на маса ќе биде поставена дури во третата фаза од преговорите со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во првата фаза од преговорите со ВМРО ДПМНЕ ќе биде програмата на идната влада, а која ќе биде базирана на спроведување на нови реформи во борбата против корупцијата, дискусија околу конечно враќање на правната држава, подобрување на моменталната ниска доверба во судството и обвинителството, создавање на европска држава и пред сѐ водење на политики кон позитивен економски раст и развој во земјава. Морам да кажам дека сè уште не сме барале министерски позиции, досега сите најави пласирани во јавноста се шпекулации, денес нема да разговараме за министри, туку за принципите и програмата на новата Влада - категорично изјави Меџити.

The post Никој не смее да биде над законот, ниту Ахмети – не постои ризик од меѓуетнички тензии, тврди Меџити appeared first on Република.

]]>
24 партии дел до коалицијата „Твоја Македонија“, Мицкоски повика на масовна излезност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/24-partii-del-do-koalitsijata-tvoja-makedonija-mitskoski-povika-na-masovna-izleznost/ Sat, 30 Mar 2024 07:46:06 +0000 https://republika.mk/?p=760282

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја Македонија“ вчера потпиша Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа. Станува збор за најбројната коалиција досега составена од 24 политички субјекти и организации кои, како што порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, застануваат зад бранот на промени кои треба да обезбедат стабилна и силна Македонија.

Тргнувајќи од целта за сеопшт политички и државен развој и напредок на нашата татковина Република Македонија; Констатирајќи го девастирачкиот карактер врз македонската економија, политика и национални интереси на актуелната владејачка клика; Свесни за сериозноста на предизвиците пред кои е исправена Република Македонија во битката за сеопшт политички, економски, социјален и културен развој; Коалицијата „Твоја Македонија“ се обврзува дека при реализацијата на програмата за претседателските и парламентарните избори во 2024-тата година, целосно и недвосмислено ќе се водиме од принципите на одговорност и транспарентност во политичкото дејствување, рече Мицкоски.

Додаде дека свесни за девастирачкиот карактер на политиките на неодговорната владејачка клика, обзнануваме дека развојот на економијата, економскиот раст, домашните и странски инвестиции, како услов за отворање на нови работни места и подобар живот на граѓаните, се врвни приоритети на партиите – членки на коалицијата „Твоја Македонија“.

Недвосмислена и цврста борба против корупцијата и намалување на обемната бирократијата се наш носечки предизвик бидејќи цврсто веруваме дека праведноста во општеството е основен предуслов за вкупен развој на татковината. Оттаму, длабоко свесни за истакнатото, коалицијата „Твоја Македонија“ се обврзува дека жестоко, праведно и принципиелно ќе иницираме и ќе поддржиме акции на правната држава кои треба да ја вратат разнишаната доверба на граѓаните во институциите на државната власт, рече Мицкоски.

Потенцираше дека основниот концепт за развој на приватната иницијатива е почитување на економската слобода и развој на креативноста на личноста.

Нагласувајќи го разорното дејство на криминалот и корупцијата на актуелната владејачка клика, остануваме посветени на економската модернизација на татковината. Во таа насока се обврзуваме дека ќе генерираме нови политики во функција на финансирање на изградба на меѓународните и локалните патишта, железничките коридори, електраните, гасоводните системи, далноводите, училиштата, болниците како и други инфраструктурни проекти. Манифестираме јасна, непоколеблива и цврста решеност да реализираме реформи кои ќе обезбедат долгорочен економски раст и напредок на Македонија бидејќи цврсто веруваме дека борбата за подобри економски постигнувања значи борба за подобар живот и подобар стандард на македонските граѓани. Воедно апелираме да има масовна излезеност на овие избори бидејќи неизлегувањето на овие избори подразбира поддршка на неодговорната и криминална власт. Затоа излезноста е клучот. Промените се во ваши раце, порача Мицкоски.

https://youtu.be/zbsfZKp906M?si=6F35L4n6uUX5yhdN

The post 24 партии дел до коалицијата „Твоја Македонија“, Мицкоски повика на масовна излезност appeared first on Република.

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/angelov-dostoinstvo-ke-koalitsira-so-vmro-dpmne/ Sun, 24 Mar 2024 12:36:25 +0000 https://republika.mk/?p=758113

„Достоинство“ излегува од коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, соопшти денеска претседателот на партијата, Стојанче Ангелов. Тој информираше дека раководството донело одлука да ја прифати можноста да коалицира со ВМРО - ДПМНЕ.

-Поради неисполнети очекувања за надминување на горливиот проблем со кој сѐ уште се соочуваат необештетените десетина воени инвалиди и петнаесетина семејства на загинати бранители, во согласност со моите јавни укажувања и барања од мај, минатата година, повторени во многу мои јавни настапи во периодот потоа, „Достоинство“ излегува од коалицијата предводена од СДСМ, рече тој.

Иницијативите на „Достоинство“ поднесени до Владата и Собранието, со кои, како што рече, нуделе решение на овој проблем, добивале постојана поддршка од страна на поранешниот премиер, Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но, според нив, поради противењето на ДУИ, истите не поминале.

Тој информираше дека на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, и на претседателот Ковачевски им предложил да понуди оставка од позицијата директор на ЦУК, но, како што дополни, од нивна страна тоа не било прифатено и тој останува да го предводи ЦУК до формирањето на следната влада.

-Годините кои ги поминав во коалиција со СДСМ ми овозможија да се ослободам од моите претходни политички предрасуди, бидејќи таму запознав и станав пријател и другар со многу добри и чесни луѓе, како и искрени патриоти и одлични професионалци, рече Ангелов.

Проблемот со необесштетените воени инвалиди и семејства на загинатите бранители, како што дополни, не е единствената причина поради која излегуваат од коалицијата предводена од СДСМ, но, рече, поради политичка коректност, во овој момент нема намера да навлегува во понатамошни објаснувања.

Ангелов информираше дека минатата недела раководството на „Достоинство“ донело едногласна одлука да ја прифати можноста да влезе во коалицијата предводена од ВМРО - ДПМНЕ.

Во разговорите со ВМРО - ДПМНЕ пратеничко место ниту баравме, ниту ни беше понудено. Нашиот фокус како репрезент на македонските бранители од 2001 година не е освојување на пратеничко место, туку барање на решенија за проблемите на припадниците на безбедносните сили, учесници во одбраната на Македонија во 2001 година како и борба за нивните права, рече тој.

На новинарско прашање дали имаат некои ветувања од ВМРО -ДПМНЕ во однос на исполнување на барањата за бранителите, Ангелов одговори дека неговата перцепција, како што рече, е дека еден дел сигурно ќе помине, затоа што ВМРО - ДПМНЕ пружиле поддршка на иницијативата со Предлог- закон од Достоинство, што заглавила во Собранието, а во која е понудено законското решение за необесштетените семејства на загинати бранители и десетина воени инвалиди.

Пред околу осум месеци ВМРО - ДПМНЕ самите поднесоа Предлог-закон кој што содржеше решение за овој проблем и понуди некои симболични, но, сепак, права за сите македонски бранители. Тоа ми дава надеж дека она што го предложија, доколу формираат влада, ќе успеат да го поминат во Парламентот, рече Ангелов.

Дополни дека разговарале и за други работи кои што ќе ги откријат во наредниот период.

Изјавата за медиуми се одржа пред Споменикот на бранителите во Скопје, откако делегација на „Достоинство“, заедно со свои членови и поддржувачи, учесници во одбраната на земјава во 2001 година, положија цвеќе пред споменикот.

-На денешен ден во 2001 година започнаа борбите за ослободување на тетовското Кале кое претходно, на 14 март 2001, беше запоседнато од УЧК. Храбрите припадници на безбедносните сили на Република Македонија, по целодневна борба, која продолжи и во текот на ноќта ја разбија добро утврдената и тешко вооружената единица на УЧК и ја натераа на бегство, образложи претходно Ангелов.

The post Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

„Достоинство“ излегува од коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, соопшти денеска претседателот на партијата, Стојанче Ангелов. Тој информираше дека раководството донело одлука да ја прифати можноста да коалицира со ВМРО - ДПМНЕ. -Поради неисполнети очекувања за надминување на горливиот проблем со кој сѐ уште се соочуваат необештетените десетина воени инвалиди и петнаесетина семејства на загинати бранители, во согласност со моите јавни укажувања и барања од мај, минатата година, повторени во многу мои јавни настапи во периодот потоа, „Достоинство“ излегува од коалицијата предводена од СДСМ, рече тој. Иницијативите на „Достоинство“ поднесени до Владата и Собранието, со кои, како што рече, нуделе решение на овој проблем, добивале постојана поддршка од страна на поранешниот премиер, Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но, според нив, поради противењето на ДУИ, истите не поминале. Тој информираше дека на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, и на претседателот Ковачевски им предложил да понуди оставка од позицијата директор на ЦУК, но, како што дополни, од нивна страна тоа не било прифатено и тој останува да го предводи ЦУК до формирањето на следната влада. -Годините кои ги поминав во коалиција со СДСМ ми овозможија да се ослободам од моите претходни политички предрасуди, бидејќи таму запознав и станав пријател и другар со многу добри и чесни луѓе, како и искрени патриоти и одлични професионалци, рече Ангелов. Проблемот со необесштетените воени инвалиди и семејства на загинатите бранители, како што дополни, не е единствената причина поради која излегуваат од коалицијата предводена од СДСМ, но, рече, поради политичка коректност, во овој момент нема намера да навлегува во понатамошни објаснувања. Ангелов информираше дека минатата недела раководството на „Достоинство“ донело едногласна одлука да ја прифати можноста да влезе во коалицијата предводена од ВМРО - ДПМНЕ. Во разговорите со ВМРО - ДПМНЕ пратеничко место ниту баравме, ниту ни беше понудено. Нашиот фокус како репрезент на македонските бранители од 2001 година не е освојување на пратеничко место, туку барање на решенија за проблемите на припадниците на безбедносните сили, учесници во одбраната на Македонија во 2001 година како и борба за нивните права, рече тој. На новинарско прашање дали имаат некои ветувања од ВМРО -ДПМНЕ во однос на исполнување на барањата за бранителите, Ангелов одговори дека неговата перцепција, како што рече, е дека еден дел сигурно ќе помине, затоа што ВМРО - ДПМНЕ пружиле поддршка на иницијативата со Предлог- закон од Достоинство, што заглавила во Собранието, а во која е понудено законското решение за необесштетените семејства на загинати бранители и десетина воени инвалиди. Пред околу осум месеци ВМРО - ДПМНЕ самите поднесоа Предлог-закон кој што содржеше решение за овој проблем и понуди некои симболични, но, сепак, права за сите македонски бранители. Тоа ми дава надеж дека она што го предложија, доколу формираат влада, ќе успеат да го поминат во Парламентот, рече Ангелов. Дополни дека разговарале и за други работи кои што ќе ги откријат во наредниот период. Изјавата за медиуми се одржа пред Споменикот на бранителите во Скопје, откако делегација на „Достоинство“, заедно со свои членови и поддржувачи, учесници во одбраната на земјава во 2001 година, положија цвеќе пред споменикот. -На денешен ден во 2001 година започнаа борбите за ослободување на тетовското Кале кое претходно, на 14 март 2001, беше запоседнато од УЧК. Храбрите припадници на безбедносните сили на Република Македонија, по целодневна борба, која продолжи и во текот на ноќта ја разбија добро утврдената и тешко вооружената единица на УЧК и ја натераа на бегство, образложи претходно Ангелов.

The post Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Се „раситнува“ мнозинството: Мирослав Јовановиќ од Српската странка која е дел од коалицијата на СДСМ не гласаше за техничка Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-rasitnuva-mnozinstvoto-miroslav-jovanovik-od-srpskata-stranka-koja-e-del-od-koalitsijata-na-sdsm-ne-glasashe-za-tehnichka-vlada/ Sun, 28 Jan 2024 13:54:42 +0000 https://republika.mk/?p=737790

Пратеникот Мирослав Јовановиќ од Куманово, претседател на Српската странка во Македонија, која е дел од коалицијата на СДСМ не гласаше за техничката Влада. Коалицијата почна да се раситнува.

Пратеникот Мирослав Јовановиќ не присуствуваше на седницата кога се гласаше техничката Влада, тој ја напуштил салата и си замина, а на почетокот на седницата седеше во собраниските клупи.

The post Се „раситнува“ мнозинството: Мирослав Јовановиќ од Српската странка која е дел од коалицијата на СДСМ не гласаше за техничка Влада appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Мирослав Јовановиќ од Куманово, претседател на Српската странка во Македонија, која е дел од коалицијата на СДСМ не гласаше за техничката Влада. Коалицијата почна да се раситнува. Пратеникот Мирослав Јовановиќ не присуствуваше на седницата кога се гласаше техничката Влада, тој ја напуштил салата и си замина, а на почетокот на седницата седеше во собраниските клупи.

The post Се „раситнува“ мнозинството: Мирослав Јовановиќ од Српската странка која е дел од коалицијата на СДСМ не гласаше за техничка Влада appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за европскиот фронт кој го најавува СДС-ДУИ: Таму лепакот е криминалот и парите, нема ништо европско https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-evropskiot-front-koj-go-najavuva-sds-dui-tamu-lepakot-e-kriminalot-i-parite-nema-nishto-evropsko/ Sat, 27 Jan 2024 12:43:21 +0000 https://republika.mk/?p=737488

На денешната  конференција во организација на Паневропската унија на Македонија во хотел DoubleTree by Hilton Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на СДСМ за можна коалиција со ДУИ наречена европски фронт, истакна дека тоа е криминална коалиција која во алузија и дефокус се нарекува европска коалиција а единствен заеднички интерес им е да го осиромашуваат и пљачкаат народот.

Да бидеме реални треба на вистината да и погледнеме во очи тоа е криминална коалиција која што себеси во алузија и во обид за дефокус се брендира како европска коалиција, таму нема ништо европско освен тоа што можеби заеднички се договараат како да го осиромашуваат и пљачкаат народот во државата тоа е интересот кој што ги спојува тие политички структури а се надевам дека и да бидам попрецизен сигурен сум дека после овие избори таа опција ќе биде жестоко поразена, ќе можат да поминат еден четири годишен мандат во опозиција, ќе може да се реформираат со нови луѓе со нови политики, со нови идеи и после четири години да се појават на парламентарните избори и ќе понудат нешто поконкретно и поконкурентно така што ако гледаме себично од политички причини јас ги охрабрувам час поскоро да ја формираат таа коалиција, уште утре ако може, но ако гледам како граѓанин на оваа држава, како педагог,професор кој што секојдневно ги образува студентите на факултетот каде што предавам тогаш ценам дека граѓаните на 8 мај или претходно на 24 април ќе бидат многу јасни и гласни позади гласачките кутии, истакна Мицкоски.

The post Мицкоски за европскиот фронт кој го најавува СДС-ДУИ: Таму лепакот е криминалот и парите, нема ништо европско appeared first on Република.

Мицкоски: Разговараме со многу потенцијални коалициони партнери, очекувам зголемување на коалицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-razgovarame-so-mnogu-potentsijalni-koalitsioni-partneri-ochekuvam-zgolemuvane-na-koalitsijata/ Mon, 15 Jan 2024 20:50:51 +0000 https://republika.mk/?p=733393

Разговараме со многу политички партии, нашата стратегија е јасна. Ние формиравме Комисија за преговори со политичките партии и таа беше поддржана и изгласана и од Извршниот и од Централниот комитет. Планираме прво да разговараме со политичките партии од постојната Коалиција и тоа ќе се случи во првата половина на февруари, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното гостување на 24 Анализа што се емитува на Tелевизија 24

Потоа, додаде Мицкоски, ќе разговараме со сите партии кои имаат желба, намера да пристапат кон ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа ценам дека би требало да биде во втората половина на месец февруари. Во март да ја затвориме структурата на Коалицијата со која ќе настапиме на следните претседателски и парламентарни избори. И потоа официјално да почнеме кампања - кажа Мицкоски.

Мицкоски информираше дека отприлика ова е тоа што го планираат.

И очекуваме со нашите сегашни и идни партнери да размениме идеи, да настапиме со документ и таа програма со која ќе излеземе на избори ќе биде и владина програма - рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Разговараме со многу потенцијални коалициони партнери, очекувам зголемување на коалицијата appeared first on Република.

]]>

Разговараме со многу политички партии, нашата стратегија е јасна. Ние формиравме Комисија за преговори со политичките партии и таа беше поддржана и изгласана и од Извршниот и од Централниот комитет. Планираме прво да разговараме со политичките партии од постојната Коалиција и тоа ќе се случи во првата половина на февруари, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното гостување на 24 Анализа што се емитува на Tелевизија 24 Потоа, додаде Мицкоски, ќе разговараме со сите партии кои имаат желба, намера да пристапат кон ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа ценам дека би требало да биде во втората половина на месец февруари. Во март да ја затвориме структурата на Коалицијата со која ќе настапиме на следните претседателски и парламентарни избори. И потоа официјално да почнеме кампања - кажа Мицкоски.
Мицкоски информираше дека отприлика ова е тоа што го планираат.
И очекуваме со нашите сегашни и идни партнери да размениме идеи, да настапиме со документ и таа програма со која ќе излеземе на избори ќе биде и владина програма - рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Разговараме со многу потенцијални коалициони партнери, очекувам зголемување на коалицијата appeared first on Република.

]]>
Груби: Да се изгласаат уставните амандмани, ДУИ во тој момент ќе излезе од Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-da-se-izglasaat-ustavnite-amandmani-dui-vo-toj-moment-ke-izleze-od-vladata/ Mon, 24 Jul 2023 18:40:16 +0000 https://republika.mk/?p=664884

Нема да има предвремени парламентарни избори, ќе одиме на редовни парламентарни избори. Ако пропадне гласањето, за жал пропаднала европската иднина на нашата заедничка земја, вели вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби во пресрет на дебатата за уставните измени во матичната собраниска комисија.

Во гостување на вестите на Канал 5, Груби изрази уверување дека тоа не би го дозволил кој било, вклучително и опозициската ВМРО – ДПМНЕ. Убеден е, како што рече, дека таа партија е европски ориентирана.

Тој рече дека сите знаеме оти мора да пристапиме кон техничката измена на Уставот и видовме, подвлече, уставните амандмани се апсолутно технички и никој во општеството, освен опозицијата не реагираше на текстот на уставните амандмани.

-Само таму имаше реакција и тоа политичка, не по однос на содржината на уставните амандмани, туку политичка, за дневна политика, изјави, меѓу другото Груби.

Прашан дали ДУИ се подготвени да излезат од Владата доколку тоа е цената што треба да се плати, Груби потврди дека не само да излезат од Владата, туку и да се откажат првиот Албанец премиер во Владата, да се откажат од Пржинската Влада, затоа што, нагласи, ние ќе бидеме тогаш најголемата опозициска политичка партија во Собранието и би требало да имаме министер за внатрешни работи, за труд и социјала итн...

-Од сето тоа да се откажеме и да одиме или на предвремени избори веднаш по гласањето на уставните измени или да одиме на редовни избори. Ако им се седи во Влада уште една година, пет, шест месеци, 10 месеци колку има, нека си седат во Владата, само нека гласаат за уставните измени. ДУИ во истиот тој момент од изгласувањето на уставните амандмани, излегува од Владата и им овозможува да владеат без ништо од тоа што очекуваме до крајот на мандатот, рече Груби.
Во однос на инцидентот од викендот со опожареното возило што тој го користел наведе дека е резулат на строго политички мотиви.

-Нема ништо криминално. Денеска слушнав и лидерот на опозицијата рече дека е криминална пресметка па очекувам институциите да го повикаат  и да даде исказ од каде се тие наводи дека била криминална пресметка. Убеден сум дека има политичка позадина и е резултат на  тригодишното вербално насилство кон мене и кон ДУИ, рече Груби.

Истрагата, потенцираше, ќе ја оставам на полицијата, се надевам дека набргу ќе се пронајде и тој што го напрачал и тој што го извршил палењето на возилото.

Во коментар на сомнежите за прикриен имот,  Груби ги повика институциите да истражат каква било  претпоставка за такво нешто.

-Апсолутно Аудито не е мое возило, ниту формално, ниту неформално, по никој основ, ниту сум платил некому за тоа возило, сум користел други возила за приватни цели. Минатата недела имав мала хируршка интервенција, тогаш го користев и го немав користено 10-ина дена. Лажни се снимките во јавноста за да се шират лажни вести, рече Груби.

Тој рече дека веќе не се движи сам и користи обебзедување, за разлика од порано, бидејќи, како што потенцираше, насилната вербална агресија станува физичка агресија.

The post Груби: Да се изгласаат уставните амандмани, ДУИ во тој момент ќе излезе од Владата appeared first on Република.

]]>

Нема да има предвремени парламентарни избори, ќе одиме на редовни парламентарни избори. Ако пропадне гласањето, за жал пропаднала европската иднина на нашата заедничка земја, вели вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби во пресрет на дебатата за уставните измени во матичната собраниска комисија. Во гостување на вестите на Канал 5, Груби изрази уверување дека тоа не би го дозволил кој било, вклучително и опозициската ВМРО – ДПМНЕ. Убеден е, како што рече, дека таа партија е европски ориентирана. Тој рече дека сите знаеме оти мора да пристапиме кон техничката измена на Уставот и видовме, подвлече, уставните амандмани се апсолутно технички и никој во општеството, освен опозицијата не реагираше на текстот на уставните амандмани. -Само таму имаше реакција и тоа политичка, не по однос на содржината на уставните амандмани, туку политичка, за дневна политика, изјави, меѓу другото Груби. Прашан дали ДУИ се подготвени да излезат од Владата доколку тоа е цената што треба да се плати, Груби потврди дека не само да излезат од Владата, туку и да се откажат првиот Албанец премиер во Владата, да се откажат од Пржинската Влада, затоа што, нагласи, ние ќе бидеме тогаш најголемата опозициска политичка партија во Собранието и би требало да имаме министер за внатрешни работи, за труд и социјала итн... -Од сето тоа да се откажеме и да одиме или на предвремени избори веднаш по гласањето на уставните измени или да одиме на редовни избори. Ако им се седи во Влада уште една година, пет, шест месеци, 10 месеци колку има, нека си седат во Владата, само нека гласаат за уставните измени. ДУИ во истиот тој момент од изгласувањето на уставните амандмани, излегува од Владата и им овозможува да владеат без ништо од тоа што очекуваме до крајот на мандатот, рече Груби. Во однос на инцидентот од викендот со опожареното возило што тој го користел наведе дека е резулат на строго политички мотиви. -Нема ништо криминално. Денеска слушнав и лидерот на опозицијата рече дека е криминална пресметка па очекувам институциите да го повикаат  и да даде исказ од каде се тие наводи дека била криминална пресметка. Убеден сум дека има политичка позадина и е резултат на  тригодишното вербално насилство кон мене и кон ДУИ, рече Груби. Истрагата, потенцираше, ќе ја оставам на полицијата, се надевам дека набргу ќе се пронајде и тој што го напрачал и тој што го извршил палењето на возилото. Во коментар на сомнежите за прикриен имот,  Груби ги повика институциите да истражат каква било  претпоставка за такво нешто. -Апсолутно Аудито не е мое возило, ниту формално, ниту неформално, по никој основ, ниту сум платил некому за тоа возило, сум користел други возила за приватни цели. Минатата недела имав мала хируршка интервенција, тогаш го користев и го немав користено 10-ина дена. Лажни се снимките во јавноста за да се шират лажни вести, рече Груби. Тој рече дека веќе не се движи сам и користи обебзедување, за разлика од порано, бидејќи, како што потенцираше, насилната вербална агресија станува физичка агресија.

The post Груби: Да се изгласаат уставните амандмани, ДУИ во тој момент ќе излезе од Владата appeared first on Република.

]]>
Коалицијата на Кирил Петков нема да поддржи влада на ГЕРБ-СДС на чело со Марија Габриел https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/koalitsijata-na-kiril-petkov-nema-da-poddrzhi-vlada-na-gerb-sds-na-chelo-so-marija-gabriel/ Tue, 16 May 2023 20:39:29 +0000 https://republika.mk/?p=641547

Коалицијата „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ нема да го поддржи првиот мандат за формирање влада на ГЕРБ-СДС, со Марија Габриел како кандидатка за премиер.

Ова, како што пренесуваат бугарските медиуми, било одлучено на денешните состаноци на Коалициониот совет на втората по големина политичка сила во Бугарија, прво меѓу петмината лидери Кирил Петков, Асен Василев, Христо Иванов, Атанас Атанасов и Владислав Панев, а потоа со пратеничката група.

Одлуката ја соопштија Петков и Иванов, кои најавија дека ќе работат за втор мандат.
„Нема да го поддржиме првиот мандат. Почнуваме да работиме за вториот мандат и тоа го гледаме како единствена алтернатива за Бугарија да не оди на шести избори“,рече Кирил Петков.

Христо Иванов рече дека ќе започнат консултации со сите политички сили во парламентот во врска со нивната подготвеност да поддржат конкретни измени во Уставот.

Сметаме дека ситуацијата во последните неколку дена ја потврдува нашата долгорочна позиција дека бугарскиот политички и институционален систем не може да се нормализира без длабока амбициозна промена на Уставот, во однос на Високиот судски совет и на Обвинителството. Очигледно е дека сè друго дава краткотрајни сојузи и затоа треба да ги почнеме тие разговори за да видиме дали има политичка база за да се формира уставно мнозинство, изјави Иванов.

The post Коалицијата на Кирил Петков нема да поддржи влада на ГЕРБ-СДС на чело со Марија Габриел appeared first on Република.

]]>

Коалицијата „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ нема да го поддржи првиот мандат за формирање влада на ГЕРБ-СДС, со Марија Габриел како кандидатка за премиер. Ова, како што пренесуваат бугарските медиуми, било одлучено на денешните состаноци на Коалициониот совет на втората по големина политичка сила во Бугарија, прво меѓу петмината лидери Кирил Петков, Асен Василев, Христо Иванов, Атанас Атанасов и Владислав Панев, а потоа со пратеничката група. Одлуката ја соопштија Петков и Иванов, кои најавија дека ќе работат за втор мандат. „Нема да го поддржиме првиот мандат. Почнуваме да работиме за вториот мандат и тоа го гледаме како единствена алтернатива за Бугарија да не оди на шести избори“,рече Кирил Петков. Христо Иванов рече дека ќе започнат консултации со сите политички сили во парламентот во врска со нивната подготвеност да поддржат конкретни измени во Уставот.
Сметаме дека ситуацијата во последните неколку дена ја потврдува нашата долгорочна позиција дека бугарскиот политички и институционален систем не може да се нормализира без длабока амбициозна промена на Уставот, во однос на Високиот судски совет и на Обвинителството. Очигледно е дека сè друго дава краткотрајни сојузи и затоа треба да ги почнеме тие разговори за да видиме дали има политичка база за да се формира уставно мнозинство, изјави Иванов.

The post Коалицијата на Кирил Петков нема да поддржи влада на ГЕРБ-СДС на чело со Марија Габриел appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Власта се преигра со коалициите, една партија внатре, две надвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-vlasta-se-preigra-so-koalitsiite-edna-partija-vnatre-dve-nadvor/ Fri, 17 Feb 2023 08:28:28 +0000 https://republika.mk/?p=610028

Власта се преигра со коалициите, една партија внатре, две надвор, владата побргу се распаѓа, отколку што зацврстува, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Ковачевски нема политики, ниту проекти, тој владее ден за ден. СДС и ДУИ имаат за цел да останат ден повеќе на власт, а не да направат нешто за државата. Доколку Ковачевски имаше влада базирана на политики и проекти, немаше партии кои го донеле на власт и му даче можност да биде премиер, да го напуштаат. Никој повеќе не му верува на Ковачевски, ниту луѓето кои му дадоа шанса да стане премеир без избори.

Во СДС, а особено во ДУИ се свесни дека Ковачевски не може да добие избори, затоа се борат по секоја цена да ја задржат власта ден повеќе, а за тоа да се случи прибегнуваат кон уцени на пратеници. Пратениците кои го поддржуваа владејачкото мнозинство не сакаат да бидат дел од бродот кој тоне и затоа секој ден ќе бидат се помалку во таборот на СДС и ДУИ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Власта се преигра со коалициите, една партија внатре, две надвор appeared first on Република.

Пренџов до Ковачевски: Станете да ве види сала премиере и одговорете дали со новата Влада ќе имаме повисоки плати, помала инфлација, пониски цени по маркетите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prendhov-do-kovachevski-stanete-da-ve-vidi-sala-premiere-i-odgovorete-dali-so-novata-vlada-ke-imame-povisoki-plati-pomala-inflatsija-poniski-tseni-po-marketite/ Thu, 16 Feb 2023 13:00:05 +0000 https://republika.mk/?p=609783

Господине премиер излезете и одговорете и на оваа јавност на овие граѓани, вклучително и на пратениците на СДСМ, дали со влезот на Алијанса на Албанците во владата ќе имаме помала инфлација, дали ќе имаме пониски цени на рафтовите во маркетите и на пазарите, дали граѓаните ќе имаат поголеми плати, дали ќе имаме правна држава и дали Република Македонија ќе биде барем 5 проценти онаква каква што вие ветувате 6 години. Одговорете и на јавноста, бидејќи во овие ваши византиски игри и комбинаторики највеќе даваат СДСМ и Алтернатива а ДУИ не дава ништо од министерства, ништо од директори дали премиере расколот во СДСМ е поголем од оној на ДУИ кој што е барем очиглед на јавноста“, нагласи Пренџов.

Пренџов истакна дека премиерот треба да и одговори на јавноста дали смее збор да му каже на министерот за образование, Јетон Шакири каде што година дена децата учат од тетратки, без учебници.

„Премиере одговорете и на јавноста бидејќи во мачо стил кажувате за оној немил настан, за кој што не сакам да правам политички поени, дека сте му рекле на министерот за здравство да си поднесе оставка, а претходно три часа веќе сте го трампале и смениле на пазар три, дали господине премиер смеете збор да му кажете на министерот за образование Јетон Шакири кој што година дена децата наши учат од тетратки без учебници а нели итаме кон ЕУ, каде што знаењето се цени и наместо да седите во други простории станете да ве види сала и одговорете ги овие прашања“ , нагласи Пренџов.

Пренџов го повика премиерот да излезе и каже зошто сме држава со најмалку инвестиции на Балканот, каде се работи и зошто коридор 8 не е почнат, дали имаме гасификација.

„Излезете и кажете дали е вистина дека за година дена премиер сме држава со најмалку инвестиции на Балканот, каде се работи и зошто коридор 8 не е почнат, дали имаме гасификација, немојте со флоскулите и тезите дека правите Европска коалиција а ќе се испотепате за министерски места. До колегите од Алијансата сметам дека многу евтино се продавате. Две министерски места се премалку да си ги дадете идеалите и борбата“, истакна Пренџов.

The post Пренџов до Ковачевски: Станете да ве види сала премиере и одговорете дали со новата Влада ќе имаме повисоки плати, помала инфлација, пониски цени по маркетите appeared first on Република.

]]>

Господине премиер излезете и одговорете и на оваа јавност на овие граѓани, вклучително и на пратениците на СДСМ, дали со влезот на Алијанса на Албанците во владата ќе имаме помала инфлација, дали ќе имаме пониски цени на рафтовите во маркетите и на пазарите, дали граѓаните ќе имаат поголеми плати, дали ќе имаме правна држава и дали Република Македонија ќе биде барем 5 проценти онаква каква што вие ветувате 6 години. Одговорете и на јавноста, бидејќи во овие ваши византиски игри и комбинаторики највеќе даваат СДСМ и Алтернатива а ДУИ не дава ништо од министерства, ништо од директори дали премиере расколот во СДСМ е поголем од оној на ДУИ кој што е барем очиглед на јавноста“, нагласи Пренџов. Пренџов истакна дека премиерот треба да и одговори на јавноста дали смее збор да му каже на министерот за образование, Јетон Шакири каде што година дена децата учат од тетратки, без учебници. „Премиере одговорете и на јавноста бидејќи во мачо стил кажувате за оној немил настан, за кој што не сакам да правам политички поени, дека сте му рекле на министерот за здравство да си поднесе оставка, а претходно три часа веќе сте го трампале и смениле на пазар три, дали господине премиер смеете збор да му кажете на министерот за образование Јетон Шакири кој што година дена децата наши учат од тетратки без учебници а нели итаме кон ЕУ, каде што знаењето се цени и наместо да седите во други простории станете да ве види сала и одговорете ги овие прашања“ , нагласи Пренџов. Пренџов го повика премиерот да излезе и каже зошто сме држава со најмалку инвестиции на Балканот, каде се работи и зошто коридор 8 не е почнат, дали имаме гасификација. „Излезете и кажете дали е вистина дека за година дена премиер сме држава со најмалку инвестиции на Балканот, каде се работи и зошто коридор 8 не е почнат, дали имаме гасификација, немојте со флоскулите и тезите дека правите Европска коалиција а ќе се испотепате за министерски места. До колегите од Алијансата сметам дека многу евтино се продавате. Две министерски места се премалку да си ги дадете идеалите и борбата“, истакна Пренџов.

The post Пренџов до Ковачевски: Станете да ве види сала премиере и одговорете дали со новата Влада ќе имаме повисоки плати, помала инфлација, пониски цени по маркетите appeared first on Република.

]]>
СДСМ и Ковачевски стануваат малцински партнер во својата влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-i-kovachevski-stanuvaat-maltsinski-partner-vo-svojata-vlada/ Mon, 13 Feb 2023 10:55:53 +0000 https://republika.mk/?p=608346

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оддржа координативна средба со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија, соопштија од партијата, додавајќи дека на средбата за разговарало за реконструкцијата на владата која е предложена во Собранието на Република Македонија.

Беше заклучено дека кадровските решенија за владиниот состав се резултат на „Пазар 3” коалицијата каде примарен интерес не е напредокот на државата, туку бизнис интересите и личните кадровски амбиции. Самите решенија кои се предложени укажуваат на тоа дека со владата управува ДУИ и Ахмети, а Ковачевски е слуга на неговите интереси. Додека Ахмети и ДУИ ја топи и обезвреднува албанската опозиција, Ковачевски и СДС го плаќаат ваквиот план на Ахмети. Овој владин состав нема да донесе ниту реформи, ниту напредок, туку криминал, матни тендери и продлабочување на кризата. СДС и Ковачевски стануваат малцински партнер во својата влада, само за да им продолжи криминалот тие гласаат се што Ахмети ќе им предложи. Доколку помине оваа реконструкција, Алијанса многу бргу ќе ја дочека судбината на Алтернатива, а Таравари за неколку месеци ќе сфати дека бил злоупотребен и дека трампал тендери за крај на неговата партија и кариера, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post СДСМ и Ковачевски стануваат малцински партнер во својата влада appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ: Крпена владина коалиција без легитимитет од граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-krpena-vladina-koalitsija-bez-legitimitet-od-graganite/ Sun, 12 Feb 2023 09:42:54 +0000 https://republika.mk/?p=607935

Вмешани во убиства, бизнис инперии - наместо министри за реформи во државата, Ахмети и Ковачевски нудат министри за крадење и криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека додека граѓаните не знаат како да го преживеат денот, додека луѓе умираат заради неспособноста на власта да набиви лекови, додека цените вртоглаво растат, Ковачевски, Ахмети и Таравари ја скрпија владата која нема ништо подобро да донесе за граѓаните и државата.

Оваа влада е со една и единствена цел, уште некој месец да се доопљчкаат граѓаните и државата, да се намести уште некој тендер и да се ужива во благодететите на министерските и директорските фотељи.

Па така правдата во државата ќе ја донесат Кренар Лога, кој е брат на осомничениот за убиството на Дилавер Бојку, како и Викторија Мадиќ, за која има покренато постапки за сомнителни тендери во Град Скопје, додека беше на функција секретар на градот.

Во рекострукцијата на најнеспособната влада предводена од Ковачевски, има и заменик министер сособен за секој ресор. Па така откако беше сменет од заменик министер во МВР, Нухиу стана заменик министер во правда, за сега истиот бидејќи е „најспособен“ заменик министер ќе биде втор човек во министерството за образование.

Кадрите на ДУИ редејќи успеси во образовниот процес, оставајќи ги учениците без учебници, со каснење на учебната година, ученици немаат елементари услови за да посетуваат настава, сега се засилени уште со еден кадар токму од ДУИ.

Толку од зеленеата агенда на ДУИ. Пазар 3 коалицијата реши дека ДУИ „ги постигна“ успесите во зелената агенда, и сега ова министерство го враќа кај неспособните од СДС.

Оваа е крпена коалиција, и влада која единствено ќе го подобри системот за крадење на граѓаните и без целосен легитимитет од граѓаните.

За излез од оваа агонија, потребни се веднаш предвремени парламентарни избори, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Крпена владина коалиција без легитимитет од граѓаните appeared first on Република.

]]>

Вмешани во убиства, бизнис инперии - наместо министри за реформи во државата, Ахмети и Ковачевски нудат министри за крадење и криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму додаваат дека додека граѓаните не знаат како да го преживеат денот, додека луѓе умираат заради неспособноста на власта да набиви лекови, додека цените вртоглаво растат, Ковачевски, Ахмети и Таравари ја скрпија владата која нема ништо подобро да донесе за граѓаните и државата.
Оваа влада е со една и единствена цел, уште некој месец да се доопљчкаат граѓаните и државата, да се намести уште некој тендер и да се ужива во благодететите на министерските и директорските фотељи. Па така правдата во државата ќе ја донесат Кренар Лога, кој е брат на осомничениот за убиството на Дилавер Бојку, како и Викторија Мадиќ, за која има покренато постапки за сомнителни тендери во Град Скопје, додека беше на функција секретар на градот. Во рекострукцијата на најнеспособната влада предводена од Ковачевски, има и заменик министер сособен за секој ресор. Па така откако беше сменет од заменик министер во МВР, Нухиу стана заменик министер во правда, за сега истиот бидејќи е „најспособен“ заменик министер ќе биде втор човек во министерството за образование. Кадрите на ДУИ редејќи успеси во образовниот процес, оставајќи ги учениците без учебници, со каснење на учебната година, ученици немаат елементари услови за да посетуваат настава, сега се засилени уште со еден кадар токму од ДУИ. Толку од зеленеата агенда на ДУИ. Пазар 3 коалицијата реши дека ДУИ „ги постигна“ успесите во зелената агенда, и сега ова министерство го враќа кај неспособните од СДС. Оваа е крпена коалиција, и влада која единствено ќе го подобри системот за крадење на граѓаните и без целосен легитимитет од граѓаните. За излез од оваа агонија, потребни се веднаш предвремени парламентарни избори, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Крпена владина коалиција без легитимитет од граѓаните appeared first on Република.

]]>
Божиновски: Закани за војна во име на европскиот пат, нема поевропско од тоа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bozhinovski-zakani-za-vojna-vo-ime-na-evropskiot-pat-nema-poevropsko-od-toa/ Fri, 10 Feb 2023 20:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=607562

Ако Бугapите не влезат во уставот можна е радикализација на Албанците. Ќе влеземе во еден маѓепсан круг од кој нема да можеме да излеземе - Таравари, пишува на својот фејсбук профил Божидар Божиновски.

Владина политика - ако не милом, силом. Слободно радикализирајте се, место во ваков момент да податете рака кога нас Македонците најмногу ни треба, да се осетиме дека навистина и вас ви е за соживот и живот тие ќе се радикализирале. Закани за војна во име на европскиот пат, нема поевропско од тоа.

Никој не го поставува прашањето што ако македонскиот дел се радикализира, а се радикализира. Не е овој народ заложник, нит Ковачевски е легитимен претставник на Македонците со поддршка колку обезмастен јогурт. Тие денови на закани поминаа, само уште некои немаат сфатено.

А излез секогаш има:

The post Божиновски: Закани за војна во име на европскиот пат, нема поевропско од тоа appeared first on Република.

]]>

Ако Бугapите не влезат во уставот можна е радикализација на Албанците. Ќе влеземе во еден маѓепсан круг од кој нема да можеме да излеземе - Таравари, пишува на својот фејсбук профил Божидар Божиновски.

Владина политика - ако не милом, силом. Слободно радикализирајте се, место во ваков момент да податете рака кога нас Македонците најмногу ни треба, да се осетиме дека навистина и вас ви е за соживот и живот тие ќе се радикализирале. Закани за војна во име на европскиот пат, нема поевропско од тоа. Никој не го поставува прашањето што ако македонскиот дел се радикализира, а се радикализира. Не е овој народ заложник, нит Ковачевски е легитимен претставник на Македонците со поддршка колку обезмастен јогурт. Тие денови на закани поминаа, само уште некои немаат сфатено. А излез секогаш има:

The post Божиновски: Закани за војна во име на европскиот пат, нема поевропско од тоа appeared first on Република.

]]>
Скандал: Коалицијата СДС, ДУИ и Левица на полноќ, на вонредна седница додели 630 милиони денари на ЈСП на Арсовска https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skandal-koalitsijata-sds-dui-i-levitsa-na-polnok-na-vonredna-sednitsa-dodeli-630-milioni-denari-na-jsp-na-arsovska/ Thu, 29 Dec 2022 09:14:35 +0000 https://republika.mk/?p=591348

Како шверцери кои прават криминал, советниците на СДС, ДУИ и Левица на полноќ побараа вонредна седница во советот на Град Скопје, реагира најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Според партијата, без да има никаква потреба за вонредност тие побараа вонредна седница да се гласа за 4 точки.

Точките се:

1. Да се доделат над половина милијарда денари пари за ЈСП без да има детално образложение како ќе се троштат.

2. За уредување на градежно земјиште за која особен интерес покажа бизнис партнерот на СДС, ДУИ.

3. За криминална преполовување на долгот што треба спортскиот центар „Борис Трајковски“ раководен од кадар на СДС да го исплати на градот Скопје, при што Градот се откажува за половина од сумата од 1 милион евра што Спортскиот Центар треба да ја исплати на Градот.

4. Финансирање на изработка на урбанистички планови.

Пример како функционира криминалната коалиција СДС, Левица и ДУИ е токму точката каде се префрлаат над половина милијарда денари на ЈСП без да се побара детален извештај за тоа.

Претходно на редовната седница на Советот на Град Скопје СДС гласаше против, и откако се договори и усклади со ДУИ и Левица побараа вонредна седница на полноќ на која гласаа ЗА 650 милиони денари субвенции за нивниот директор на ЈСП, Александар Стојковски.

Коалицијата на хаосот и криминалот СДСМ, ДУИ и Левица на дело. Лепакот се криминалот и тендерите на Арсовска, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post Скандал: Коалицијата СДС, ДУИ и Левица на полноќ, на вонредна седница додели 630 милиони денари на ЈСП на Арсовска appeared first on Република.

]]>

Како шверцери кои прават криминал, советниците на СДС, ДУИ и Левица на полноќ побараа вонредна седница во советот на Град Скопје, реагира најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ. Според партијата, без да има никаква потреба за вонредност тие побараа вонредна седница да се гласа за 4 точки. Точките се: 1. Да се доделат над половина милијарда денари пари за ЈСП без да има детално образложение како ќе се троштат. 2. За уредување на градежно земјиште за која особен интерес покажа бизнис партнерот на СДС, ДУИ. 3. За криминална преполовување на долгот што треба спортскиот центар „Борис Трајковски“ раководен од кадар на СДС да го исплати на градот Скопје, при што Градот се откажува за половина од сумата од 1 милион евра што Спортскиот Центар треба да ја исплати на Градот. 4. Финансирање на изработка на урбанистички планови.
Пример како функционира криминалната коалиција СДС, Левица и ДУИ е токму точката каде се префрлаат над половина милијарда денари на ЈСП без да се побара детален извештај за тоа. Претходно на редовната седница на Советот на Град Скопје СДС гласаше против, и откако се договори и усклади со ДУИ и Левица побараа вонредна седница на полноќ на која гласаа ЗА 650 милиони денари субвенции за нивниот директор на ЈСП, Александар Стојковски. Коалицијата на хаосот и криминалот СДСМ, ДУИ и Левица на дело. Лепакот се криминалот и тендерите на Арсовска, велат од ВМРО ДПМНЕ.  

The post Скандал: Коалицијата СДС, ДУИ и Левица на полноќ, на вонредна седница додели 630 милиони денари на ЈСП на Арсовска appeared first on Република.

]]>
Халили: Не е време ни за предвремени парламентарни избори, ни за широка владина коалиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/halili-ne-e-vreme-ni-za-predvremeni-parlamentarni-izbori-ni-za-shiroka-vladina-koalicija/ Tue, 04 Oct 2022 15:37:57 +0000 https://republika.mk/?p=557309

Не е време ни за предвремени парламентарни избори, ни за широка владина коалиција, смета политичкиот аналитичар Мухамед Халили, коментирајќи го предлогот на пратеникот и лидер на Демократски Сојуз, Павле Трајанов за широка владина колација коалиција.

– Неспорно е дека земјата е во економска и управувачка криза како што и цел свет е во економска, финансиска и енергетска криза. Излезот засега не го гледам ни во превремени парламентарни избори, ниту во широка владина коалиција. Широката коалиција ќе се создаде два табаора во иста влада и тогаш ќе се создаде нефункционална Влада и блокирани владини институции, изјави Халили за „Локално“.

The post Халили: Не е време ни за предвремени парламентарни избори, ни за широка владина коалиција appeared first on Република.

]]>

Не е време ни за предвремени парламентарни избори, ни за широка владина коалиција, смета политичкиот аналитичар Мухамед Халили, коментирајќи го предлогот на пратеникот и лидер на Демократски Сојуз, Павле Трајанов за широка владина колација коалиција. – Неспорно е дека земјата е во економска и управувачка криза како што и цел свет е во економска, финансиска и енергетска криза. Излезот засега не го гледам ни во превремени парламентарни избори, ниту во широка владина коалиција. Широката коалиција ќе се создаде два табаора во иста влада и тогаш ќе се создаде нефункционална Влада и блокирани владини институции, изјави Халили за „Локално“.

The post Халили: Не е време ни за предвремени парламентарни избори, ни за широка владина коалиција appeared first on Република.

]]>
Ковачевски утре ќе се сретне со коалициските партнери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-utre-kje-se-sretne-so-koaliciskite-partneri/ Sat, 18 Jun 2022 07:59:54 +0000 https://republika.mk/?p=516574

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека утре ќе има средба со коалициските партнери кои се дел од Парламентот и од Владата, на која меѓудругото ќе се реафирмирал ставот за одржување на редовни парламентарни избори во 2024 година заедно со претседателските.

На таа средба, вели Ковачевски, секој ќе го каже своето мислење, а целта е да се направи рекапитуалција на сè тоа што беше направено во однос на справување со кризата во изминатите месеци од формирањето на новата Влада.

Додаде оти ќе се осврнат и на важноста на водењето севкупни политики во државата во насока на задржување на стандардот на населението и унапредување на системот на Република Македонија и усогласување со системот на ЕУ.

The post Ковачевски утре ќе се сретне со коалициските партнери appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека утре ќе има средба со коалициските партнери кои се дел од Парламентот и од Владата, на која меѓудругото ќе се реафирмирал ставот за одржување на редовни парламентарни избори во 2024 година заедно со претседателските. На таа средба, вели Ковачевски, секој ќе го каже своето мислење, а целта е да се направи рекапитуалција на сè тоа што беше направено во однос на справување со кризата во изминатите месеци од формирањето на новата Влада. Додаде оти ќе се осврнат и на важноста на водењето севкупни политики во државата во насока на задржување на стандардот на населението и унапредување на системот на Република Македонија и усогласување со системот на ЕУ.

The post Ковачевски утре ќе се сретне со коалициските партнери appeared first on Република.

]]>
Ја завршила мисијата: Американската коалицијата против Исламска Држава го напушта Ирак https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ja-zavrshila-misijata-amerikanskata-koalicijata-protiv-islamska-drzava-go-napushta-irak/ Sat, 01 Jan 2022 10:04:50 +0000 https://republika.mk/?p=439231

Ирак објави дека коалицијата предводена од САД, која се борела против екстремистичката Исламска држава ја завршила својата борбена мисија и ја напуштила земјата.

Мисијата на коалицијата сега е ограничена на советување и поддршка на Стратешкиот дијалог -  соопштила ирачката влада.

Во соопштението се додава дека во Ирак повеќе нема странски борбени единици.

Претходно оваа година, Ирак и САД се согласија дека коалициските сили повеќе нема да извршуваат борбени мисии.

И од коалицијата против ИД потврдија дека нејзината борбена мисија во Ирак е завршена и отсега ќе дава совети за ирачката армија и Пешмерга, како што се нарекуваат безбедносните сили на автономната ирачка провинција Курдистан.

Со крајот на нашата борбена улога, гордо ќе ја извршиме мисијата #AdviseAssistEnable за ирачките безбедносни сили (ИСФ) и Пешмерга како поканети гости во Република Ирак - објави коалицијата на Твитер.

Алијансата за борба против ИД е основана откако радикалната група освои големи делови од северен Ирак и соседна Сирија со прогласување калифат.

Во меѓувреме, ИД ја загуби освоената територија, но се уште е активна и извршува напади во двете земји.

Ирак прогласи победа над ИД во декември 2017 година.

The post Ја завршила мисијата: Американската коалицијата против Исламска Држава го напушта Ирак appeared first on Република.

]]>

Ирак објави дека коалицијата предводена од САД, која се борела против екстремистичката Исламска држава ја завршила својата борбена мисија и ја напуштила земјата.
Мисијата на коалицијата сега е ограничена на советување и поддршка на Стратешкиот дијалог -  соопштила ирачката влада.
Во соопштението се додава дека во Ирак повеќе нема странски борбени единици. Претходно оваа година, Ирак и САД се согласија дека коалициските сили повеќе нема да извршуваат борбени мисии. И од коалицијата против ИД потврдија дека нејзината борбена мисија во Ирак е завршена и отсега ќе дава совети за ирачката армија и Пешмерга, како што се нарекуваат безбедносните сили на автономната ирачка провинција Курдистан.
Со крајот на нашата борбена улога, гордо ќе ја извршиме мисијата #AdviseAssistEnable за ирачките безбедносни сили (ИСФ) и Пешмерга како поканети гости во Република Ирак - објави коалицијата на Твитер.
Алијансата за борба против ИД е основана откако радикалната група освои големи делови од северен Ирак и соседна Сирија со прогласување калифат. Во меѓувреме, ИД ја загуби освоената територија, но се уште е активна и извршува напади во двете земји. Ирак прогласи победа над ИД во декември 2017 година.

The post Ја завршила мисијата: Американската коалицијата против Исламска Држава го напушта Ирак appeared first on Република.

]]>