коалиција менуваме Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koalicija-menuvame/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 14:43:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коалиција менуваме Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koalicija-menuvame/ 32 32 Лицата со попреченост и личните асистенти во сабота на протест -со месеци оставени без пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/litsata-so-poprechenost-i-lichnite-asistenti-vo-sabota-na-protest-so-mesetsi-ostaveni-bez-pari/ Mon, 30 Sep 2024 14:43:13 +0000 https://republika.mk/?p=821116

Личните асистенти со месеци оставени без пари. На луѓето кои се грижат за лицата со попреченост и старите и изнемоштени граѓани во Скопје и уште неколку градови во државата не им се исплатени надоместоци за од јуни наваму. Иако добиле ветување од министерството за социјална политика дека проблемот ќе биде надминат до петок, на нивните сметки сѐ уште не се префрлени средства. Затоа од Коалицијата “Менуваме” која ги застапува овие лица им дадоа рок на надлежните до среда да ги исплатат парите, во спротивно во сабота ќе протестираат пред Владата.

- Бараме до среда парите да бидат исплатени до провајдерот, ние најавуваме и протест во сабота напладне од собрание до Влада, изјави Суарет Алишан, Коалиција “Менуваме”.

Во државата има 700 -тини лични асистенти кои се грижат за околу 1400 -тини лица со попреченост и останати ранливи категории. Поминуваат по 4 часа во денот со нив и им помагаат во остварување на нивните потреби. За ова од државата добиваат по околу 17.000 денари месечно. Тие имаат поминато соодветни едукации и обуки, а се ангажирани преку Црвениот Крст кој е провајдер во проектот.

- Веруваме во разрешување не би рекла на проблемот туку моментална ситуација. На тие лица во чии домови секој ден влегуваат им се единствената подадена рака и се надеваме дека состојбата ќе биде надмината и ќе продолжиме со давањето на услугата, изјави Александра Волкановска, стручен соработник во Црвен Крст на Град Скопје.

Од министерството за социјална политика, демографија и млади и денеска одговорија дека проблемот е надминат, а парите на личните асистенти ќе им бидат исплатени во текот на неделата.

The post Лицата со попреченост и личните асистенти во сабота на протест -со месеци оставени без пари appeared first on Република.

]]>

Коалицијата „Менуваме“ бара лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koalitsijata-menuvame-bara-litsata-so-poprechenost-da-bidat-definirani-vo-ustavot/ Sat, 17 Jun 2023 12:10:24 +0000 https://republika.mk/?p=652422

Коалицијата „Менуваме“ бара поддршка и медиаторство од дипломатскиот кор, УНИЦЕФ, ЕУ Делегацијата, Уставната комисија, политичките партии и претседателот на државата за остварување на правата на еднаквост, достоинствен живот и активно вклучување во целокупниот економски, културен, општествен политички  живот на лицата со попреченост.

-Нам овие права ни се гарантирани согласно co Kонвенцијата на лицата со хендикеп и  Уставот, меѓутоа поради невидливост во системот, остварувањето на овие права не е прилагодено на нашите потреби и можности, како лица со попреченост, се наведува во пишаното соопштение на Коалицијата.

Оттаму образложуваат дека Член 9 од Уставот на државата-членка не ја споменува попреченоста како основа за дискриминација и бараат признавање на лицата со попреченост како лица еднакви во слободите и правата во Уставот, како и измена и дополнување на Уставот на државата и усогласување со Конвенцијата за првата на лицата со хендикеп.

Информираат дека земјава ја има ратификувано Конвенцијата на правата на лицата со попреченост на  ОН во 2011 година, по што, како што велат, е должна да ги оствари преземените обврски за гарантирање на правата на лицата со попреченост.

Коалиција „Менуваме“ е движење кое е од корист на децата и младите со и без попреченост за нивниот развој и напредување во оние области за кои имаат талент. Како движење, велат, во рамки на програмата Агенда2030 на МЕНУВАМЕ ќе им помогнеме и ќе гo поддржиме нивниот животен стандард.

The post Коалицијата „Менуваме“ бара лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот appeared first on Република.

]]>

Коалицијата „Менуваме“ бара поддршка и медиаторство од дипломатскиот кор, УНИЦЕФ, ЕУ Делегацијата, Уставната комисија, политичките партии и претседателот на државата за остварување на правата на еднаквост, достоинствен живот и активно вклучување во целокупниот економски, културен, општествен политички  живот на лицата со попреченост.
-Нам овие права ни се гарантирани согласно co Kонвенцијата на лицата со хендикеп и  Уставот, меѓутоа поради невидливост во системот, остварувањето на овие права не е прилагодено на нашите потреби и можности, како лица со попреченост, се наведува во пишаното соопштение на Коалицијата.
Оттаму образложуваат дека Член 9 од Уставот на државата-членка не ја споменува попреченоста како основа за дискриминација и бараат признавање на лицата со попреченост како лица еднакви во слободите и правата во Уставот, како и измена и дополнување на Уставот на државата и усогласување со Конвенцијата за првата на лицата со хендикеп. Информираат дека земјава ја има ратификувано Конвенцијата на правата на лицата со попреченост на  ОН во 2011 година, по што, како што велат, е должна да ги оствари преземените обврски за гарантирање на правата на лицата со попреченост. Коалиција „Менуваме“ е движење кое е од корист на децата и младите со и без попреченост за нивниот развој и напредување во оние области за кои имаат талент. Како движење, велат, во рамки на програмата Агенда2030 на МЕНУВАМЕ ќе им помогнеме и ќе гo поддржиме нивниот животен стандард.

The post Коалицијата „Менуваме“ бара лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот appeared first on Република.

]]>
Шатори повторно ќе се населат пред Влада: 78% социјална правда, доаѓаме по своите права! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shatori-povtorno-ke-se-naselat-pred-vlada-78-sotsijalna-pravda-doagame-po-svoite-prava/ Thu, 01 Jun 2023 12:31:52 +0000 https://republika.mk/?p=646836

Доаѓаме по својата правда, ѝ порачаа на власта од Коалицијата Менуваме, од каде најавуваат дека од 5 до 7 јуни со шатори ќе кампуваат пред зградата на Владата, а својот револт ќе го искажат и со голем протест од 12 часот на 7 јуни.

Почитувани, домашни и странски одредувачи на судбината на НАС, на лицата со попреченост, можеби тематиката за одржувањето на кампот и протестот е малку страшна, ама е безмилосно вистинита, реална, бидејќи спокојството што ни преостанува од судбинскиот плач во секојдневниот оскуден живот што капе капка по капка Вие, гореспомнатите 78% ни сосредочивте само 14.9% кои што ни ги дефиниравте и ни ги давате како богатство во сиромаштијата, што кажува само по себе дека за сите Вас е многу повеќе важен ситниот егоистички од нашиот колективен многуилјаден живот, за, како што Вие велите: и по цена на Вашата најголема саможртва, се трудите, се снаоѓате и што уште не, само да ги удоволите нашите барања, нели!!?? И, ние , кутрите лица со попреченост сега и веднаш треба да Ве поимиме Вас како совршено магионичарски🪄 интегриран фактор во нашиот овоземен живот!!?? Знаете, постои еден современ израз: виртуелна стварност!!!! Нам, на лицата со попреченост, тоа ни звучи одбојно, лажно и без чувства, без емоции и на таа Ваша стварност и фали барем малку нежна болка која што секојдневно ние ја чувствуваме, за Вас господа нашата приказна е минорна и за неа нема место во Вашите агенди, во Вашите 78%, во Вашите спортски канцеларии, во Вашите закони со европско знаменце, но, нека Ви служи на чест, драги наши одредувачи на нашите судбини и како што се се менува и се поминува, ќе помине и ова, ама.... Ќе се сретнеме во некоја друга прилика, во некое друго време!!!???, порачаа од Менуваме.

Тие напоменуваат дека Македонија ја има ратификувана Конвенцијата на правата на лицата со попреченост на ОН во 2011 година, по што е должна да ги оствари преземените обврски за гарантирање на правата на лицата со попреченост.

The post Шатори повторно ќе се населат пред Влада: 78% социјална правда, доаѓаме по своите права! appeared first on Република.