коалција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koalcija/ За подобро да се разбереме Mon, 27 May 2024 19:46:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коалција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koalcija/ 32 32 Касами: „ВЛЕН“ добива претседател на Собранието, пет министерства, плус министер без ресор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kasami-vlen-dobiva-pretsedatel-na-sobranieto-pet-ministerstva-plus-minister-bez-resor/ Mon, 27 May 2024 19:46:36 +0000 https://republika.mk/?p=782210

Имаме начелен договор за распределба на ресорите во првиот и вториот ешалон во следниот владин состав, но не можам да зборувам за имиња, истакна Биљал Касами, еден од предводниците на коалицијата „Влен“.

- Генерално, од почеток на разговорите, има добар амбиент во делот на распределба на одговорностите, во делот на хармонизација на програмата. Така што, во фазата во која се наоѓаме денеска, веќе имаме начелен договор за распределба на ресорите во првиот и вториот ешалон, односно министерствата и замениците на министрите. Исто така, има договор дека и претседател на Собранието ќе биде од редовите на „Влен“. Но, за тоа што веќе имаме договорено, кога ќе заврши целиот процес, ќе излеземе официјално со целиот договор, не би сакал да излезам со детали затоа што лошо е чувството и во органите на партијата, кога некоја информација која треба официјално да ја слушнат, ја дознаваат од медиумите. Имаме начелно договор за претседател на Собрание, како и за првиот и вториот ешалон, вели Касами во интервју за „360 степени“.

За „Влен“, во владата со 20 ресори, ќе има пет министерства, плус министер без ресор.

Можам да потврдам дека еден од ресорите кој би требало да биде воден од кадар на коалицијата е Секретаријатот (за европски прашања н.з) кој е предвидено да стане ресорно министерство и согласно важноста на позицијата да биде и вицепремиер. Исто така, можам да потврдам дека и во делот на економијата, нашите еколошки определби и животната средина, би требало да раководиме и со некој од тие ресори. Главно, се работи за меѓусебно разбирање целата влада да биде фокусирана на исполнување на тоа што ќе го договориме без разлика кој каде ќе биде министер, посочува Касами.

Коментирајќи ја идната задача на министерот без ресор, Касами вели дека тој ќе биде задолжен за борба против корупцијата и злоупотребата на службените позиции.

Одговарајќи на прашањето дали не е претенциозна квалификацијата дека идната ќе биде влада на национален спас, лидерот на „Беса“ потенцира дека освен одреден прогрес во евроинтегративниот процес, власта предводена од СДСМ и ДУИ сериозно ја уназадила државата.

Имајќи предвид дека претходните два состави на влади направија некои работи во делот на надминување на некои препреки со соседите со Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија, во друга насока тие направија многу штета. На домашен план во делот на корупција и злоупотреба на службените позиции…Така што, сегашната економска ситуација, во делот на владеењето на правото, во делот на исполнување на барањата на европскиот процес за реформа на системот и за приближување кон ЕУ, мислам дека не чека многу работа, така што можам да земам за право да кажам дека оваа влада треба да биде за национален спас, затоа што во многу од овие сегменти има многу назадувања. Државата е доведена до незавидна позиција со која ќе треба да се занимава следната влада, вели Касами.

Кога станува збор за најавеното реструктуирање на министерствата и основање нови, со што од 16 ресори како што е сега, владата би имало 20 министерства, Касами вели дека најверојатно ќе нема многу министри без ресор како што било пракса досега.

Само таму каде што ќе има нешто конкретно во дел на програмските определби на владата ќе треба да има министри без ресор, главно сите би требало да покријат одреден ресор, бидејќи сакаме да имаме поефикасна влада и тоа што ќе биде назначено да има и конкретни работи, т.е надлежности со кои ќе се занимава. И ова е во рамки на таа реорганизација, затоа што во дел на ресорите одат од едно во друго, дел се делат, но не зборуваме за нешто ново кое е надвор од овој систем, туку зборуваме за реорганизација на целата влада и институуците кои се под нејзината надлежност за да биде поефикасна согласно одредени стратегии кои ги имаме, рече Касами.

Според Касами, позицијата министер за односи помеѓу заедниците кое сега се вика Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, не била програмска определба на „Влен“, а дополнително и поради честите злоупотреби кои, како што рече, ги правел министерот Артан Груби, не сакаат да го добијат во распределбата на владиниот колач.

Мислам дека тоа беше едно од министерствата кои беа синоним на злоупотреба на Груби и на ДУИ на институциите и знаеме дека во рамките на тоа министерство беа фиктивно вработени многу граѓани кои потоа немаше каде да одат на работа… Како да беше дизајнирано за Артан Груби за да му се најде место и беше еден од примерите како претходната влада работеше наместо да најде соодветни кадри за институциите. Се знаеше дека претходно тоа беше Секретаријат за имплементација на Охридскиот рамковен договор, па потоа направија министерство, па го ставија и политичкиот систем, па го додадоа и прв вицепремиер… Затоа, не би сакале ние да продолжиме да бидеме налик на нешто што сме го критикувале, вели тој.

Прашан што ќе пишува во владината програма за уставните измени за внесување на Бугарите, Касами нагласи дека еден од главните столбови на програмата на следната влада ќе биде интегрирање на државата во ЕУ и сѐ што треба да се преземе за да се забрза тој процес. Касами го повтори својот став дека уставни измени полесно можат да се донесат со влада на ВМРО-ДПМНЕ и „Влен“, која, според него, е решителна да го продолжи европскиот пат не само како декларативна заложба.

Немам сомневање дека оваа влада ќе ги имплементира Уставот и законот. Во ниту еден случај нема искажано двоумење во тој дел. Без разлика што имаше некои такви ситуации. Во тој дел, како институционалисти, и претседателот на државата и премиерот и другите чинители како идна влада, би требало и верувам дека ќе се почитува Уставот и законите. И во тој дел треба да се види што е законито и уставно во однос на имплементирање на тоа што е постигнато досега. Јас можам уште еднаш да потврдам дека нема да има враќање во тој дел, зашто тоа го имаат кажано и сегашниот претседател и идниот мандатар, рече тој.

За официјалните обраќања на претседателката Сиљновска-Давкова, која не го користи уставното име на државата, Касами вели дека треба на тоа да се гледа и од друг агол.

Може да одиме и на друга линија, таа на сегашните патувања користи пасош со тоа име, и заклетвата – писмениот дел беше потпишан со уставното име. Нема да биде интерес на ниту една страна да бидеме блокирани и да не добиеме ништо ново во делот на достоинството. Чинителите на следната влада, и претседателот и владините функционери, ќе најдеме начин како тоа да биде во рамките на Уставот, во рамките на зкаоните, односно тоа што е претходно договорено со Грција и да се продолжи патот напред, вели Касами.

На прашањето за можно вето од грчка страна поради непочитување на Договорот од Преспа, Касами вели дека приоритет на владата ќе биде деблокирање на процесот на еворинтеграции.

The post Касами: „ВЛЕН“ добива претседател на Собранието, пет министерства, плус министер без ресор appeared first on Република.

]]>

Имаме начелен договор за распределба на ресорите во првиот и вториот ешалон во следниот владин состав, но не можам да зборувам за имиња, истакна Биљал Касами, еден од предводниците на коалицијата „Влен“.
- Генерално, од почеток на разговорите, има добар амбиент во делот на распределба на одговорностите, во делот на хармонизација на програмата. Така што, во фазата во која се наоѓаме денеска, веќе имаме начелен договор за распределба на ресорите во првиот и вториот ешалон, односно министерствата и замениците на министрите. Исто така, има договор дека и претседател на Собранието ќе биде од редовите на „Влен“. Но, за тоа што веќе имаме договорено, кога ќе заврши целиот процес, ќе излеземе официјално со целиот договор, не би сакал да излезам со детали затоа што лошо е чувството и во органите на партијата, кога некоја информација која треба официјално да ја слушнат, ја дознаваат од медиумите. Имаме начелно договор за претседател на Собрание, како и за првиот и вториот ешалон, вели Касами во интервју за „360 степени“.
За „Влен“, во владата со 20 ресори, ќе има пет министерства, плус министер без ресор.
Можам да потврдам дека еден од ресорите кој би требало да биде воден од кадар на коалицијата е Секретаријатот (за европски прашања н.з) кој е предвидено да стане ресорно министерство и согласно важноста на позицијата да биде и вицепремиер. Исто така, можам да потврдам дека и во делот на економијата, нашите еколошки определби и животната средина, би требало да раководиме и со некој од тие ресори. Главно, се работи за меѓусебно разбирање целата влада да биде фокусирана на исполнување на тоа што ќе го договориме без разлика кој каде ќе биде министер, посочува Касами.
Коментирајќи ја идната задача на министерот без ресор, Касами вели дека тој ќе биде задолжен за борба против корупцијата и злоупотребата на службените позиции. Одговарајќи на прашањето дали не е претенциозна квалификацијата дека идната ќе биде влада на национален спас, лидерот на „Беса“ потенцира дека освен одреден прогрес во евроинтегративниот процес, власта предводена од СДСМ и ДУИ сериозно ја уназадила државата.
Имајќи предвид дека претходните два состави на влади направија некои работи во делот на надминување на некои препреки со соседите со Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија, во друга насока тие направија многу штета. На домашен план во делот на корупција и злоупотреба на службените позиции…Така што, сегашната економска ситуација, во делот на владеењето на правото, во делот на исполнување на барањата на европскиот процес за реформа на системот и за приближување кон ЕУ, мислам дека не чека многу работа, така што можам да земам за право да кажам дека оваа влада треба да биде за национален спас, затоа што во многу од овие сегменти има многу назадувања. Државата е доведена до незавидна позиција со која ќе треба да се занимава следната влада, вели Касами.
Кога станува збор за најавеното реструктуирање на министерствата и основање нови, со што од 16 ресори како што е сега, владата би имало 20 министерства, Касами вели дека најверојатно ќе нема многу министри без ресор како што било пракса досега.
Само таму каде што ќе има нешто конкретно во дел на програмските определби на владата ќе треба да има министри без ресор, главно сите би требало да покријат одреден ресор, бидејќи сакаме да имаме поефикасна влада и тоа што ќе биде назначено да има и конкретни работи, т.е надлежности со кои ќе се занимава. И ова е во рамки на таа реорганизација, затоа што во дел на ресорите одат од едно во друго, дел се делат, но не зборуваме за нешто ново кое е надвор од овој систем, туку зборуваме за реорганизација на целата влада и институуците кои се под нејзината надлежност за да биде поефикасна согласно одредени стратегии кои ги имаме, рече Касами.
Според Касами, позицијата министер за односи помеѓу заедниците кое сега се вика Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, не била програмска определба на „Влен“, а дополнително и поради честите злоупотреби кои, како што рече, ги правел министерот Артан Груби, не сакаат да го добијат во распределбата на владиниот колач.
Мислам дека тоа беше едно од министерствата кои беа синоним на злоупотреба на Груби и на ДУИ на институциите и знаеме дека во рамките на тоа министерство беа фиктивно вработени многу граѓани кои потоа немаше каде да одат на работа… Како да беше дизајнирано за Артан Груби за да му се најде место и беше еден од примерите како претходната влада работеше наместо да најде соодветни кадри за институциите. Се знаеше дека претходно тоа беше Секретаријат за имплементација на Охридскиот рамковен договор, па потоа направија министерство, па го ставија и политичкиот систем, па го додадоа и прв вицепремиер… Затоа, не би сакале ние да продолжиме да бидеме налик на нешто што сме го критикувале, вели тој.
Прашан што ќе пишува во владината програма за уставните измени за внесување на Бугарите, Касами нагласи дека еден од главните столбови на програмата на следната влада ќе биде интегрирање на државата во ЕУ и сѐ што треба да се преземе за да се забрза тој процес. Касами го повтори својот став дека уставни измени полесно можат да се донесат со влада на ВМРО-ДПМНЕ и „Влен“, која, според него, е решителна да го продолжи европскиот пат не само како декларативна заложба.
Немам сомневање дека оваа влада ќе ги имплементира Уставот и законот. Во ниту еден случај нема искажано двоумење во тој дел. Без разлика што имаше некои такви ситуации. Во тој дел, како институционалисти, и претседателот на државата и премиерот и другите чинители како идна влада, би требало и верувам дека ќе се почитува Уставот и законите. И во тој дел треба да се види што е законито и уставно во однос на имплементирање на тоа што е постигнато досега. Јас можам уште еднаш да потврдам дека нема да има враќање во тој дел, зашто тоа го имаат кажано и сегашниот претседател и идниот мандатар, рече тој.
За официјалните обраќања на претседателката Сиљновска-Давкова, која не го користи уставното име на државата, Касами вели дека треба на тоа да се гледа и од друг агол.
Може да одиме и на друга линија, таа на сегашните патувања користи пасош со тоа име, и заклетвата – писмениот дел беше потпишан со уставното име. Нема да биде интерес на ниту една страна да бидеме блокирани и да не добиеме ништо ново во делот на достоинството. Чинителите на следната влада, и претседателот и владините функционери, ќе најдеме начин како тоа да биде во рамките на Уставот, во рамките на зкаоните, односно тоа што е претходно договорено со Грција и да се продолжи патот напред, вели Касами.
На прашањето за можно вето од грчка страна поради непочитување на Договорот од Преспа, Касами вели дека приоритет на владата ќе биде деблокирање на процесот на еворинтеграции.

The post Касами: „ВЛЕН“ добива претседател на Собранието, пет министерства, плус министер без ресор appeared first on Република.

]]>
Тачи: Во понеделник ќе се потпише коалициски договор со ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tachi-vo-ponedelnik-ke-se-potpishe-koalitsiski-dogovor-so-dui/ Sat, 23 Mar 2024 09:34:31 +0000 https://republika.mk/?p=757694

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи во емисијата Дебат плус на Клан Македонија најави дека новиот политички договор со ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети ќе биде потпишан во понеделник во 12 часот во Домот на културата воТетово.

Тачи истакна дека овој договор е резултат на долги разговори и идеја која постепено се обликуваше во последните две години.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи посочи дека договорот не ги вклучува само ДУИ и ДПА, туку и Партијата за евроинтеграции на Арјанит Хоџа, а има и планови за соработка со турските и босанските партии како и со неколку здруженија.

Тачи ја цени улогата на Ахмети како лидер на оваа нова мисија и ја изрази својата поддршка за формирање на помоќна коалиција.

„Денеска со господинот Ахмети го склучивме договорот кој ќе биде потпишан во понеделник во 12 часот во Домот на културата во Тетово. Имавме долги разговори, ова беше идеја на господинот Ахмети од пред две години. Оваа идеја полека созрева меѓу ДУИ и ДПА. Во понеделник ќе потпишеме договор и со Партијата за евроинтеграции на Арјанит Хоџа. Планираме да ни се приклучат и турска, босанска партија како и и неколку здруженија. Сите тие се предводени од господинот Ахмети како носител на оваа мисија. Јас отсекогаш сум бил директен, и не е на мене да го спречам господинот Ахмети да направи помоќна коалиција.Нашата комуникација е еднострана само со ДПА, а останатото е само одговорност на господинот Ахмети. Коалицијата во која што сме ние има главна политичка сила , а тоа е ДУИ на г-дин Ахмети и тоа е реалноста денес. Останатите се фрагменти од пропаднати партии кои се уште не ја покажале својата моќ во изборниот процес, рече Тачи.

The post Тачи: Во понеделник ќе се потпише коалициски договор со ДУИ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи во емисијата Дебат плус на Клан Македонија најави дека новиот политички договор со ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети ќе биде потпишан во понеделник во 12 часот во Домот на културата воТетово. Тачи истакна дека овој договор е резултат на долги разговори и идеја која постепено се обликуваше во последните две години. Лидерот на ДПА Мендух Тачи посочи дека договорот не ги вклучува само ДУИ и ДПА, туку и Партијата за евроинтеграции на Арјанит Хоџа, а има и планови за соработка со турските и босанските партии како и со неколку здруженија. Тачи ја цени улогата на Ахмети како лидер на оваа нова мисија и ја изрази својата поддршка за формирање на помоќна коалиција.