КО-РА Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ko-ra/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Jun 2024 08:29:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png КО-РА Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ko-ra/ 32 32 Годишна изложба на ликовното студио „Арс Вивенди“ во галеријата „КО-РА“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/godishna-izlozhba-na-likovnoto-studio-ars-vivendi-vo-galerijata-ko-ra/ Mon, 03 Jun 2024 08:29:55 +0000 https://republika.mk/?p=784288

Деветнаесетта завршна годишна групна изложба на ликовното студио „Арс Вивенди“ ќе биде отворена вечер во 19 часот во галеријата „КО-РА“ – салон сутерен во Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, во рамките на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028.

Меѓу учесниците на 19-тата завршна годишна групна изложба се членови од различна возраст, кои творат под менторство на уметникот и педагог Тони Шулајковски. Тој од 2005 година работи со талентирани деца и го основа приватното ликовното студио „Арс Вивенди“ заедно со проект менаџерката Дијана Петкова.

Делата на овогодишната завршна изложба на членовите на ликовното студио Арс Вивенди се со разнообразна тематика и работени се во повеќе техники: акварел, темпера, акрил на платно, цртеж и дигитален цртеж.

The post Годишна изложба на ликовното студио „Арс Вивенди“ во галеријата „КО-РА“ appeared first on Република.

]]>

„Вечното танго на Астор Пјацола“ – Меѓународна поетска вечер во галеријата КО-РА https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vechnoto-tango-na-astor-pjatsola-megunarodna-poetska-vecher-vo-galerijata-ko-ra/ Fri, 03 Mar 2023 09:53:50 +0000 https://republika.mk/?p=615439

На 3 март(петок), во 19.30ч во Галерија КО-РА, во Домот на културата „Кочо Рацин“ ќе се одржи Меѓународна поетска вечер во соработка со Светските уметнички игри насловена  „Вечното танго на Астор Пјацола“.

На настанот ќе се претстават домашни автори кои ќе читаат свои стихови, а дел од нив ќе ги читаат песните на интернационалните автори на англиски или хрватски и нивниот препев на македонски јазик. Меѓу домашните поетски имиња ќе може да се слушнат стихови на Сузана В. Спасовска, Љерка Тот-Наумова, Драгана Ефтимова и Ѕвонко Таневски како поетски претставник од Македонија и Словачка и други, а од интернационите имиња ќе бидат прочитани сихови од Ернесто Хередеро Дел Кампо, Шпанија, Јасминка Блажевиќ Пауновиќ и Силвија Бутковиќ од Хрватска, Марио Де Роза од Италија и други поети од Романија, Австрија, Велика Британија.

Песните на сите автори ќе бидат изложени во рамките на изложбата „Вечното танго на Астор Пјацола“ и ќе бидат достапни за пошироката публика.

Модератор соорганизатор на настанот е Тања Кузманоска која го изврши препевот на песните од англиски и хрватски на македонски јазик, а која воедно е и една од поетесите кои ќе натапат со своја песна на настанот.

Ангеле Митревски ќе изведе неколку танго композиции на акустична гитара.

Дизајнот на  плакатите е на м-р Билјана Билбилоска.

The post „Вечното танго на Астор Пјацола“ – Меѓународна поетска вечер во галеријата КО-РА appeared first on Република.

]]>

На 3 март(петок), во 19.30ч во Галерија КО-РА, во Домот на културата „Кочо Рацин“ ќе се одржи Меѓународна поетска вечер во соработка со Светските уметнички игри насловена  „Вечното танго на Астор Пјацола“. На настанот ќе се претстават домашни автори кои ќе читаат свои стихови, а дел од нив ќе ги читаат песните на интернационалните автори на англиски или хрватски и нивниот препев на македонски јазик. Меѓу домашните поетски имиња ќе може да се слушнат стихови на Сузана В. Спасовска, Љерка Тот-Наумова, Драгана Ефтимова и Ѕвонко Таневски како поетски претставник од Македонија и Словачка и други, а од интернационите имиња ќе бидат прочитани сихови од Ернесто Хередеро Дел Кампо, Шпанија, Јасминка Блажевиќ Пауновиќ и Силвија Бутковиќ од Хрватска, Марио Де Роза од Италија и други поети од Романија, Австрија, Велика Британија. Песните на сите автори ќе бидат изложени во рамките на изложбата „Вечното танго на Астор Пјацола“ и ќе бидат достапни за пошироката публика. Модератор соорганизатор на настанот е Тања Кузманоска која го изврши препевот на песните од англиски и хрватски на македонски јазик, а која воедно е и една од поетесите кои ќе натапат со своја песна на настанот. Ангеле Митревски ќе изведе неколку танго композиции на акустична гитара. Дизајнот на  плакатите е на м-р Билјана Билбилоска.

The post „Вечното танго на Астор Пјацола“ – Меѓународна поетска вечер во галеријата КО-РА appeared first on Република.

]]>
Изложба „Огниште“ на Предраг Илиевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-ognishte-na-predrag-ilievski/ Tue, 30 Aug 2022 06:26:06 +0000 https://republika.mk/?p=545474

Во галеријата „Ко-Ра“ вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Огниште“ на Предраг Илиевски, на која ќе бидат изложени дела изработени во техниката масло на платно.

Според авторот на изложбата, мотивите се претежно од неколку скопски села (Говрлево, Маркова Сушица и Горно Соње), но акцентот не е на самите села како локација.

Туку повеќе на наоѓање ликовни вредности во минливоста на архитектурата, и самиот материјал кој, за разлика од современите, е многу поповрзан со природата, како каменот, дрвото, калта…, вели авторот.

Предраг Илиевски (1961, Скопје) е ликовен уметник кој се занимава со сликарство и илустрација. Со дигитална илустрација се занимава во последните десетина години, претежно илустрации за книги. Изработил неколку стотини илустрации, објавени во десетина книги.

Стилски секогаш близок до класичниот реализам, а тематски многу лесно може да се забележи неговата наклонетост кон традиционалните и етномотиви од овие краишта, со што се појавува еден романтичарски момент, и во сликите каде што е претставен активниот живот во селото, но и онаму каде што селската куќа полека се распаѓа, служејќи како споменик на едно време, потсетник за нешто што некогаш било живо, а истовремено и учител за минливоста на формите какви што ги знаеме, се наведува во најавата за изложбата.

The post Изложба „Огниште“ на Предраг Илиевски appeared first on Република.

]]>

Во галеријата „Ко-Ра“ вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Огниште“ на Предраг Илиевски, на која ќе бидат изложени дела изработени во техниката масло на платно. Според авторот на изложбата, мотивите се претежно од неколку скопски села (Говрлево, Маркова Сушица и Горно Соње), но акцентот не е на самите села како локација.
Туку повеќе на наоѓање ликовни вредности во минливоста на архитектурата, и самиот материјал кој, за разлика од современите, е многу поповрзан со природата, како каменот, дрвото, калта…, вели авторот.
Предраг Илиевски (1961, Скопје) е ликовен уметник кој се занимава со сликарство и илустрација. Со дигитална илустрација се занимава во последните десетина години, претежно илустрации за книги. Изработил неколку стотини илустрации, објавени во десетина книги.
Стилски секогаш близок до класичниот реализам, а тематски многу лесно може да се забележи неговата наклонетост кон традиционалните и етномотиви од овие краишта, со што се појавува еден романтичарски момент, и во сликите каде што е претставен активниот живот во селото, но и онаму каде што селската куќа полека се распаѓа, служејќи како споменик на едно време, потсетник за нешто што некогаш било живо, а истовремено и учител за минливоста на формите какви што ги знаеме, се наведува во најавата за изложбата.
 
The post Изложба „Огниште“ на Предраг Илиевски appeared first on Република.

]]>
Во Галерија Ко-Ра отворена изложбата „Природа на математиката“ на Пол Ванг https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-galerija-ko-ra-otvorena-izlozbata-priroda-na-matematikata-na-pol-vang/ Tue, 28 Jun 2022 14:21:26 +0000 https://republika.mk/?p=520818

Во галеријата Ко-Ра во Скопје е отворена изложбата „Природа на математиката“ на истакнатиот американски визуелен уметник Пол Ванг, како дел од програмата на „Скопско лето“ 2022.

Кураторот на изложбата Игор Поп Трајков на отворањето на изложбата во саботата ја истакна поврзаноста на креацијата и инспирацијата, па така на уметноста и науката, а со тоа и математиката. Посочи дека како такви, овие две категории се неизбежно поврзани со природата за чие зачувување мораме да се бориме.

Самиот автор заблагодарувајќи се на одличната организација на настанот ја пофали кураторската работа и техничката изведба на неговите остварувања, изведена – со сугестии на кураторот Поп Трајков – во нашата држава.

Пол Ванг има работено на некои од најголемите филмски хитови воопшто, како оние на студиото Дримворкс (како визуелен надградувач и аниматор): Пристигнување (1996), Миротворец (1997), МравкИ (1998), Шрек (2001 и 2003), Забишта (2004), како продуцент на Тинејџ мутанти нинџа желки (2007), Астро момче (2009) Капетан Харлок (2013) и Куче-робот (2017). Како визуелен уметник се истакна со своите инсталации во Детскиот креативен музеј (2021) и во Барот Виридијан (2022). Пол Вонг е и режисер на Кралот на мајмуните оди кон Запад (2011).

Изложбата ќе биде отворена до 10 јули.

The post Во Галерија Ко-Ра отворена изложбата „Природа на математиката“ на Пол Ванг appeared first on Република.

]]>

Во галеријата Ко-Ра во Скопје е отворена изложбата „Природа на математиката“ на истакнатиот американски визуелен уметник Пол Ванг, како дел од програмата на „Скопско лето“ 2022. Кураторот на изложбата Игор Поп Трајков на отворањето на изложбата во саботата ја истакна поврзаноста на креацијата и инспирацијата, па така на уметноста и науката, а со тоа и математиката. Посочи дека како такви, овие две категории се неизбежно поврзани со природата за чие зачувување мораме да се бориме. Самиот автор заблагодарувајќи се на одличната организација на настанот ја пофали кураторската работа и техничката изведба на неговите остварувања, изведена – со сугестии на кураторот Поп Трајков – во нашата држава. Пол Ванг има работено на некои од најголемите филмски хитови воопшто, како оние на студиото Дримворкс (како визуелен надградувач и аниматор): Пристигнување (1996), Миротворец (1997), МравкИ (1998), Шрек (2001 и 2003), Забишта (2004), како продуцент на Тинејџ мутанти нинџа желки (2007), Астро момче (2009) Капетан Харлок (2013) и Куче-робот (2017). Како визуелен уметник се истакна со своите инсталации во Детскиот креативен музеј (2021) и во Барот Виридијан (2022). Пол Вонг е и режисер на Кралот на мајмуните оди кон Запад (2011). Изложбата ќе биде отворена до 10 јули.

The post Во Галерија Ко-Ра отворена изложбата „Природа на математиката“ на Пол Ванг appeared first on Република.

]]>
Изложба „Архитектурата на новата реалност“ во галерија КО-РА https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-arhitekturata-na-novata-realnost-vo-galerija-ko-ra/ Sat, 18 Jun 2022 09:05:36 +0000 https://republika.mk/?p=516598

Изложба на студентски проекти насловена „Архитектурата на новата реалност“ е отворена од вчера во галерија КО-РА во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје.

На изложбата се претставени бројни дипломски и магистерски проекти на студентите и постдипломците- магистранти од Факултетот за архитектура на МИТ Универзитетот од Скопје.

Изложбата ја прогласи за отворена деканот на Факултетот за архитектура проф д-р Ванѓел Дуновски, а беа доделени благодарници и награди за најдобрите остварувања.

Мнозинството од овие проекти сугерираат иновативни и инвентивни визии за имплементирање и облагоридување со зелените површини,во урбаните сегменти, но понудуваат и аква паркови,проектанстки решенија за фарми, винарии, културни центри, трговски центри, мултифункционални центри за повеќе општини во градот но и пошироко, рече на отворањето на изложбата Виолета Калиќ, историчар на уметноста и стручен соработник за визуелни уметности, дизајни и архитектура во Домот на култура „Кочо Рацин“-Скопје.

Имаме можност, укажа таа, да се фокусираме и ангажираме околу афирмацијата на големите ресурси поврзани со биотехнолошките процеси, геотермалните извори кои се вистинско богатство за Македонија која располага со особени недоразоткриени потенцијали и ресурси кои сугерираат еден вистински подем и исчекор. Архитектурата на ова наше и многу скоро идно време бара се повеќе интердисциплинарни ангажмани на бројни стручни тимови од повеќе области, порача Калиќ.

The post Изложба „Архитектурата на новата реалност“ во галерија КО-РА appeared first on Република.

]]>

Изложба на студентски проекти насловена „Архитектурата на новата реалност“ е отворена од вчера во галерија КО-РА во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје. На изложбата се претставени бројни дипломски и магистерски проекти на студентите и постдипломците- магистранти од Факултетот за архитектура на МИТ Универзитетот од Скопје. Изложбата ја прогласи за отворена деканот на Факултетот за архитектура проф д-р Ванѓел Дуновски, а беа доделени благодарници и награди за најдобрите остварувања.
Мнозинството од овие проекти сугерираат иновативни и инвентивни визии за имплементирање и облагоридување со зелените површини,во урбаните сегменти, но понудуваат и аква паркови,проектанстки решенија за фарми, винарии, културни центри, трговски центри, мултифункционални центри за повеќе општини во градот но и пошироко, рече на отворањето на изложбата Виолета Калиќ, историчар на уметноста и стручен соработник за визуелни уметности, дизајни и архитектура во Домот на култура „Кочо Рацин“-Скопје.
Имаме можност, укажа таа, да се фокусираме и ангажираме околу афирмацијата на големите ресурси поврзани со биотехнолошките процеси, геотермалните извори кои се вистинско богатство за Македонија која располага со особени недоразоткриени потенцијали и ресурси кои сугерираат еден вистински подем и исчекор. Архитектурата на ова наше и многу скоро идно време бара се повеќе интердисциплинарни ангажмани на бројни стручни тимови од повеќе области, порача Калиќ.

The post Изложба „Архитектурата на новата реалност“ во галерија КО-РА appeared first on Република.

]]>
Изложба по повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-po-povod-denot-na-proletta-i-denovite-na-ekologijata/ Mon, 21 Mar 2022 08:02:06 +0000 https://republika.mk/?p=475901

Изложба по повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата ќе биде отворена денеска во големиот салон на галерија „Ко-РА“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје.

На изложбата ќе бидат претставени дела на преку четириесетина учесници од повеќе земји.

The post Изложба по повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата appeared first on Република.

]]>

Изложба по повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата ќе биде отворена денеска во големиот салон на галерија „Ко-РА“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. На изложбата ќе бидат претставени дела на преку четириесетина учесници од повеќе земји.  

The post Изложба по повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата appeared first on Република.

]]>
„Вечното танго на Астор Пјацола“ – мултимедијална групна изложба во Галерија КО-РА https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vechnoto-tango-na-astor-pjacola-multimedijalna-grupna-izlozba-vo-galerija-ko-ra/ Sat, 12 Feb 2022 09:57:53 +0000 https://republika.mk/?p=457458

Во големиот салон на Галерија „КО-РА“ вечер ќе биде отворена традиционалната мултимедијална групна изложба посветена на „Вечното танго на љубовта“ и славниот композитор Астор Пјацола.

Како што најавуваат оттаму, и оваа година Галерија „КО-РА“ ќе се придружи во одбележувањето на Денот на вљубените, во прослава на љубовта, виното, но оваа година воедно одбележувајќи го големиот јубилеј -100 годишнината на Астор Пјацола, на славниот композитор од „златниот период“ на аргентинското танго кое продолжува да го восхитува и здружува светот, обединувајќи ги генерациите и уметностите, во речиси сите сфери на уметноста.

Од Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје информираат дека со мултимедијална изложба која обединува со години наназад дела инспирирани од славните танга „Tango Oblivion“, „Tango Jealousies“, „Tango Nuevo“, „Liber Tango“... настанати во најразлични техники и медиуми во големиот салон на Галерија „КО-РА“ реализирани се бројни мултимедијални изложби кои здружуваа боја, форма, музика, гест, звук, танц, проекција, филмски остварувања, слики, скулптури, графики, фотографии, видео остварувања, инсталации, просторни интервенции, светлосни инсталации во фоајето и салоните на галеријата со учество на бројни уметници.

„Изложбите со години наназад беа проследени и со инспиративната музиката на Пјацола и со бројни танц перформанси со учество на членовите од Студиото за танц ‘Фамилија Тангови‘.

Оваа година помеѓу учесниците се: Пол Ванг и Рон Мајерс од САД, м-р Моника Радхоф Трол од Германија, м-р Петра Јовановска (Чешка), Анели ди Франис од Финска, Северине Бургерс од Белгија, Дубравко Наумов од Канада, Анна Мозговаја од Украина, Виктор Бранѓолица од Р.Хрватска, како и уметниците од Р.Македонија: м-р Марија Светиева, од м-р Билјана Билбилоска, м-р Наталија Пулејкова, м-р Маја Танева, м-р Валентина Илијевска, м-р Шќипе Мехмети, Риџет Ферати, м-р Игор Поп Тајков, Ацо Таневски и Светлана Пецакова, Ангелца Стоиљковиќ, Љубе Алексовски,Стефан Димовски, Анита Огњановска,Славица Таневска, Маја Николовска, Ленче Коцевска, Андријана Андреева /Ано Соро, Ванѓа Радевска...“, стои во најавата.

Куратор на изложбата е Виолета Калиќ, историчар на уметноста, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.

The post „Вечното танго на Астор Пјацола“ – мултимедијална групна изложба во Галерија КО-РА appeared first on Република.

]]>

Во големиот салон на Галерија „КО-РА“ вечер ќе биде отворена традиционалната мултимедијална групна изложба посветена на „Вечното танго на љубовта“ и славниот композитор Астор Пјацола. Како што најавуваат оттаму, и оваа година Галерија „КО-РА“ ќе се придружи во одбележувањето на Денот на вљубените, во прослава на љубовта, виното, но оваа година воедно одбележувајќи го големиот јубилеј -100 годишнината на Астор Пјацола, на славниот композитор од „златниот период“ на аргентинското танго кое продолжува да го восхитува и здружува светот, обединувајќи ги генерациите и уметностите, во речиси сите сфери на уметноста. Од Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје информираат дека со мултимедијална изложба која обединува со години наназад дела инспирирани од славните танга „Tango Oblivion“, „Tango Jealousies“, „Tango Nuevo“, „Liber Tango“... настанати во најразлични техники и медиуми во големиот салон на Галерија „КО-РА“ реализирани се бројни мултимедијални изложби кои здружуваа боја, форма, музика, гест, звук, танц, проекција, филмски остварувања, слики, скулптури, графики, фотографии, видео остварувања, инсталации, просторни интервенции, светлосни инсталации во фоајето и салоните на галеријата со учество на бројни уметници. „Изложбите со години наназад беа проследени и со инспиративната музиката на Пјацола и со бројни танц перформанси со учество на членовите од Студиото за танц ‘Фамилија Тангови‘. Оваа година помеѓу учесниците се: Пол Ванг и Рон Мајерс од САД, м-р Моника Радхоф Трол од Германија, м-р Петра Јовановска (Чешка), Анели ди Франис од Финска, Северине Бургерс од Белгија, Дубравко Наумов од Канада, Анна Мозговаја од Украина, Виктор Бранѓолица од Р.Хрватска, како и уметниците од Р.Македонија: м-р Марија Светиева, од м-р Билјана Билбилоска, м-р Наталија Пулејкова, м-р Маја Танева, м-р Валентина Илијевска, м-р Шќипе Мехмети, Риџет Ферати, м-р Игор Поп Тајков, Ацо Таневски и Светлана Пецакова, Ангелца Стоиљковиќ, Љубе Алексовски,Стефан Димовски, Анита Огњановска,Славица Таневска, Маја Николовска, Ленче Коцевска, Андријана Андреева /Ано Соро, Ванѓа Радевска...“, стои во најавата. Куратор на изложбата е Виолета Калиќ, историчар на уметноста, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.

The post „Вечното танго на Астор Пјацола“ – мултимедијална групна изложба во Галерија КО-РА appeared first on Република.

]]>