книжевноста Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/knizhevnosta/ За подобро да се разбереме Wed, 01 Mar 2023 08:21:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png книжевноста Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/knizhevnosta/ 32 32 Аврамовска: Нашето денешно читање е одредено од актуелниот комуникациски миг што го живееме и апсолутно не можеме да побегнеме од тоа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/avramovska-nasheto-deneshno-chitane-e-odredeno-od-aktuelniot-komunikatsiski-mig-shto-go-zhiveeme-i-apsolutno-ne-mozheme-da-pobegneme-od-toa/ Wed, 01 Mar 2023 08:18:54 +0000 https://republika.mk/?p=614463

Во организација на Институтот за македонска литература и Британската амбасада се одржа трибина на тема „Книжевноста како браник на слободата“, како дел од проектот „Книжевни рефлексии – платформа за креативен дијалог и критичко размислување“ со фокус на култни британски автори меѓу кои  Џорџ Орвел, Олдос Хаксли, Салман Ружди, Оскар Вајлд, Марк Хадон и Дејвид Херберт Лоренс.

Низ нивните дела се загатнуваат важни општествени прашања слобода на говор, цензурирана книжевност, гласот на маргинализираните, родова еднаквост.

Литературата ја има моќта да го пренесе внатрешниот дијалог на луѓето, да ги прикаже промените во општеството преку она што се одвива во душата на еден човек, забележа британскиот амбасадор Метју Лосон.

Мислам дека во британски контекст книгата која најчесто се поврзува со цензура е „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел. Во исто време интересно е да се спореди зошто „Животибска фарма“ и зошто „Љубовникот на Леди Четерли“ од Дејвид Херберт Лоренс биле забранети и во каков контекст, Причината зошто беше забранета „Љубовникоте на Леди Четерли“ беше намерата на писателот да даде уметнички израз на најинстинктивните карактеристики на човековата природа, додека големиот успех на „Животинска фарма“ е тоа што го отвора прашањето за моќта и како таа влијае на меѓучовечките односи, како се користи за манипулација, за пропаганда, во крајна линија и за контрола, рече амбасадорот Лосон.

Директорката на Институтот за македонска литература проф. д-р Наташа Аврамовска посочи дека тоа што денеска го читаме и за што дебатираме зависи од актуелниот комуникациски миг.

Читањето се менува, зависно од парадигмите. Ние денес живееме во тој период на интерпретациски пресврт после осумдесеттите кога политичкото, етичкото, естетското се променети и ние така и читаме. Нашето денешно читање и нашиот денешен разговор е одреден од актуелниот комуникациски миг што го живееме и апсолутно не можеме да побегнеме од тоа, смета проф. д-р Наташа Аврамовска.

Во првата дебата учествуваа проф. д-р Гоце Смилевски, писател и универзитетски професор, Метју Лосон, Амбасадор на Обединетото Кралство, проф. д-р Наташа Аврамовска, директор на Институт за македонска литература – Скопје, УКИМ и проф. д-р Александар Прокопиев, писател и универзитетски професор, кои секој од свој аспект проговори за Книжевноста како браник на слободата (Цензурирана книжевност; Слобода на говор; Глас на маргинализирани) преку извонредна група на автори во фокус.

The post Аврамовска: Нашето денешно читање е одредено од актуелниот комуникациски миг што го живееме и апсолутно не можеме да побегнеме од тоа appeared first on Република.

]]>

Во организација на Институтот за македонска литература и Британската амбасада се одржа трибина на тема „Книжевноста како браник на слободата“, како дел од проектот „Книжевни рефлексии – платформа за креативен дијалог и критичко размислување“ со фокус на култни британски автори меѓу кои  Џорџ Орвел, Олдос Хаксли, Салман Ружди, Оскар Вајлд, Марк Хадон и Дејвид Херберт Лоренс. Низ нивните дела се загатнуваат важни општествени прашања слобода на говор, цензурирана книжевност, гласот на маргинализираните, родова еднаквост. Литературата ја има моќта да го пренесе внатрешниот дијалог на луѓето, да ги прикаже промените во општеството преку она што се одвива во душата на еден човек, забележа британскиот амбасадор Метју Лосон.