книжевна средба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/knizevna-sredba/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Sep 2024 07:31:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png книжевна средба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/knizevna-sredba/ 32 32 Книжевна вечер на тема за издаваштвото во Франција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knizhevna-vecher-na-tema-za-izdavashtvoto-vo-frantsija/ Fri, 13 Sep 2024 07:31:13 +0000 https://republika.mk/?p=815868

Францускиот институт во Скопје и Фестивалот „Про-за Балкан“ организираат книжевна средба со Катарина Лоа ван Хоф, основач на француската издавачка куќа „Les Argonautes“, и Лали Бернар, книжевен агент. Тема на средбата е издаваштвото во Франција, а ќе се одржи во вторник, 17 септември 2024, во 17 часот, во Францускиот институт во Скопје.

Настанот е прв во редицата настани за претстојната сезона, кои се организираат во чест на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје и, исто така, се дел од програмата на 12. издание на фестивалот „Про-за Балкан“.

Во рамките на книжевната средба, Катарина Лоа ван Хоф и Лали Бернар ќе проговорат за нивните професионални ангажмани, за издаваштвото во Франција, како и за предизвиците на младиот автор во процесот на издавање литературно дело. На средбата ќе се споменат и најзначајните книжевни наслови за оваа есен во Франција.

Настанот ќе го модерира  Иго Бештел, директор на Францускиот институт во Скопје, и ќе се одвива со консекутивен превод.

 

The post Книжевна вечер на тема за издаваштвото во Франција appeared first on Република.

]]>

Францускиот институт во Скопје и Фестивалот „Про-за Балкан“ организираат книжевна средба со Катарина Лоа ван Хоф, основач на француската издавачка куќа „Les Argonautes“, и Лали Бернар, книжевен агент. Тема на средбата е издаваштвото во Франција, а ќе се одржи во вторник, 17 септември 2024, во 17 часот, во Францускиот институт во Скопје. Настанот е прв во редицата настани за претстојната сезона, кои се организираат во чест на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје и, исто така, се дел од програмата на 12. издание на фестивалот „Про-за Балкан“. Во рамките на книжевната средба, Катарина Лоа ван Хоф и Лали Бернар ќе проговорат за нивните професионални ангажмани, за издаваштвото во Франција, како и за предизвиците на младиот автор во процесот на издавање литературно дело. На средбата ќе се споменат и најзначајните книжевни наслови за оваа есен во Франција. Настанот ќе го модерира  Иго Бештел, директор на Францускиот институт во Скопје, и ќе се одвива со консекутивен превод.  

The post Книжевна вечер на тема за издаваштвото во Франција appeared first on Република.

]]>