книжевна награда Пегаз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/knizevna-nagrada-pegaz/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jun 2024 09:32:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png книжевна награда Пегаз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/knizevna-nagrada-pegaz/ 32 32 Конкурсот за наградата „Пегаз“ за 2024 година ќе биде отворен до 1 јули https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/konkursot-za-nagradata-pegaz-za-2024-godina-ke-bide-otvoren-do-1-juli/ Thu, 27 Jun 2024 09:32:06 +0000 https://republika.mk/?p=791215

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година, ќе биде отворен до 1 јули (понеделник). На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи напишани на македонски јазик, наменети за возрасни или за деца. Ракописите треба да ги достават самите автори, на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд или ПДФ-документ.

Ракописите ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа, чијшто состав ќе биде објавен дополнително. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција.

„Пегаз“ е резултат на идејата за откривање на нови писателски гласови што ќе придонесат за унапредување на книжевниот вид роман во рамките на македонската книжевна продукција. Наградата е востановена во 2019 година и е замислена како продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината.

Досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се романите: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019), „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески (2020), „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021), „Зелениот дворец“ од Сибо (2022) и „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова (2023). Книгите се дел од едицијата „Пегаз“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата.

Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2024 година.

The post Конкурсот за наградата „Пегаз“ за 2024 година ќе биде отворен до 1 јули appeared first on Република.

]]>

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година, ќе биде отворен до 1 јули (понеделник). На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи напишани на македонски јазик, наменети за возрасни или за деца. Ракописите треба да ги достават самите автори, на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд или ПДФ-документ. Ракописите ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа, чијшто состав ќе биде објавен дополнително. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција. „Пегаз“ е резултат на идејата за откривање на нови писателски гласови што ќе придонесат за унапредување на книжевниот вид роман во рамките на македонската книжевна продукција. Наградата е востановена во 2019 година и е замислена како продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината. Досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се романите: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019), „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески (2020), „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021), „Зелениот дворец“ од Сибо (2022) и „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова (2023). Книгите се дел од едицијата „Пегаз“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2024 година.

The post Конкурсот за наградата „Пегаз“ за 2024 година ќе биде отворен до 1 јули appeared first on Република.

]]>
„Зелениот дворец“ од авторот Сибо е добитник на наградата „Пегаз“ за 2022 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zeleniot-dvorec-od-avtorot-sibo-e-dobitnik-na-nagradata-pegaz-za-2022-godina/ Wed, 21 Dec 2022 12:36:39 +0000 https://republika.mk/?p=588408

Ракописот со наслов „Зелениот дворец“ од авторот Сибо е победник на четвртото издание на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2022 година. На годинашниот конкурс за наградата за најдобар необјавен роман на годината – „Пегаз“, што ја организираат издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, се пријавија и учествуваа 38 ракописи.

За победникот одлучи жирито во состав: Владимир Јанковски (писател и добитник на наградата „Роман на годината“ за 2020 година), Елизабета Баковска (писателка и книжевна теоретичарка) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“).

Во образложението на жирито се вели:

„Основната наративна нишка на романот ’Зелениот дворец‘ на Сибо ја сочинуваат три временски точки поврзани со градот Скопје: Скопје од втората деценија на дваесеттиот век, Скопје од земјотресот во 1963 година и современото Скопје. Книгата тргнува од познатата, речиси архетипска тема на книжевната фантастика: можноста поединецот да влезе од една временска димензија во друга. Авторот го користи овој мотив за да ја раскаже својата приказна за преклопувањето и вкрстувањето на различни временски димензии во еден простор, кои предизвикуваат необични настани, чудни средби и неочекувани животни пресврти. Во приказната за талентираниот научник и чудак Петар, кој одеднаш ќе се најде пред една навидум нерешлива егзистенцијална ситуација, авторот комбинира судбини на неколку ликови од неколку временски слоеви на Скопје. ’Зелениот дворец‘ е филозофски роман за емотивно-психолошките последици од претпоставената нелинеарност на времето, а истовремено е и љубовна и урбофилска приказна за различните историско-културолошки слоеви на градот. Станува збор за динамичен роман, со прецизно исцртани ликови, натопен со хумор и иронија, но и интензивни емотивни сцени. Заради наведените книжевни карактеристики на овој ракопис што го издвоија од другите конкуренти, донесовме едногласна одлука ’Зелениот дворец‘ да ја понесе наградата ’Пегаз‘ за 2022 година. На сите автори кои се пријавија на конкурсот им се заблагодаруваме за нивното учество, а на победникот му ја честитаме првата награда.“

По темелното исчитување на сите пристигнати ракописи, жирито ги извлекува следните заклучоци:

„Одреден дел од ракописите не ги задоволија во целост критериумите на книжевниот жанр роман. Меѓу нив имаше подолг расказ, новели и новелети, роман предвиден за серијал, конфесионален и документаристички некнижевен текст и кратки прозни текстови за деца. Генералниот впечаток од сите разгледани ракописи е дека доминираше жанровска книжевност, односно романсата и трилерот. Покрај победничкиот роман, во најтесниот избор за наградата ’Пегаз‘ за 2022 година ги разгледавме и ракописите: ’Писма од лудница‘ од Срѓан Ивановиќ, ’Мртва коска‘ од Димче Парталоски и ’Есента во животот на професорот по марксизам‘ од Моџо Килингтон, кои се издвоија од мноштвото по оригиналноста на содржината и по стилската изведба.“

Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на победничкиот роман во посебна едиција.

The post „Зелениот дворец“ од авторот Сибо е добитник на наградата „Пегаз“ за 2022 година appeared first on Република.

]]>

Ракописот со наслов „Зелениот дворец“ од авторот Сибо е победник на четвртото издание на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2022 година. На годинашниот конкурс за наградата за најдобар необјавен роман на годината – „Пегаз“, што ја организираат издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, се пријавија и учествуваа 38 ракописи. За победникот одлучи жирито во состав: Владимир Јанковски (писател и добитник на наградата „Роман на годината“ за 2020 година), Елизабета Баковска (писателка и книжевна теоретичарка) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“). Во образложението на жирито се вели: