Книжевен жезол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/knizeven-zezol/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Feb 2023 11:54:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Книжевен жезол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/knizeven-zezol/ 32 32 Весна Ацевска и Новица Ѓуриќ се добитници на наградата „Книжевен жезол“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vesna-atsevska-i-novitsa-gurik-se-dobitnitsi-na-nagradata-knizheven-zhezol/ Thu, 16 Feb 2023 11:54:19 +0000 https://republika.mk/?p=609739

Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на седницата одржана на 15 февруари 2023 година донесе одлука наградата „Книжевен жезол“ за 2023 година да им се додели на поетесата Весна Ацевска и поетот Новица Ѓуриќ од Црна Гора.

Преку доделувањето на меѓународната награда „Книжевен жезол“ се прави мост меѓу македонската култура и јазик и другите култури и јазици.

Реномираната награда „Книжевен жезол“ за поетски опус што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија секоја година на еден домашен и на еден странски поет се врачува во јуни на манифестацијата Празник на липите во Скопје. Исто така, оваа награда се крунисува со чествувањето на поетското творештво на лауреатите и се изразува преку објавување заедничка збирка поезија во рамките на традиционалната едиција на добитници на оваа награда.

Весна Ацевска (1952) е современа македонска поетеса. Преведува од руски и од јужнословенски јазици. Објавила девет поетски збирки (Подготовки за претстава, 1985; Карпа за скок, 1991; Котва за Ное, 1994; Неред во огледалото, 1996; Кула во зборот, 2005; Столисник, 2008; Будност. Лотос, 2012; Од оваа страна, 2020; Преобразби, 2022) и единаесет поетски избори во земјата и во странство. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонскиот ПЕН-центар, на Друштвото на литературните преведувачи на Република Македонија, на Интернационал¬ното друштво „Калеваласеура“ од Хелсинки, Република Финска и на Славјанска литературна и уметничка академија во Варна, Република Бугарија. Била член на редакциите на списанијата „Стожер“ на ДПМ и „Ревиењ“ на Македонскиот ПЕН-центар, а сега е уредник на „Книжевно житие“ на ИК „Макавеј“ од Скопје. Учествувала на разни книжевни фестивали, меѓународни книжевни средби и собири во Македонија, како и во Бугарија, Грција, Романија, Србија, Турција и Хрватска. Нејзини песни се застапени во разни антологии и панорами на современата македонска поезија, подготвени од домашни и од странски редактори. За остварените резултати во поезијата, таа е носителка на наградите „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата во 2009 година и на „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија во 2012 година. За нејзиното литературно и преведувачко творештво ја има добиено државната награда „Свети Климент Охридски“.

Новица Ѓуриќ е поет, писател и новинар. Роден е во 1956 година во Дријенка кај Колашин. Претседател е на Здружението на писателите на Црна Гора, а бил и претседател на Здружението на новинарите на Црна Гора. Неговото творештво е преведено на италијански, руски, германски, англиски, бугарски, шведски и македонски јазик. Покрај поезија и проза, Ѓуриќ пишува и есеи и критки. Застапен е во 13 антологии и добитник е на 12 книжевни награди и седум награди за новинарство. Живее и создава во Подгорица, каде работи како новинар на весникот „Политика“. Објавил 25 книги со поезија, проза, есеистика и публицистика.

The post Весна Ацевска и Новица Ѓуриќ се добитници на наградата „Книжевен жезол“ appeared first on Република.

]]>

Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на седницата одржана на 15 февруари 2023 година донесе одлука наградата „Книжевен жезол“ за 2023 година да им се додели на поетесата Весна Ацевска и поетот Новица Ѓуриќ од Црна Гора. Преку доделувањето на меѓународната награда „Книжевен жезол“ се прави мост меѓу македонската култура и јазик и другите култури и јазици. Реномираната награда „Книжевен жезол“ за поетски опус што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија секоја година на еден домашен и на еден странски поет се врачува во јуни на манифестацијата Празник на липите во Скопје. Исто така, оваа награда се крунисува со чествувањето на поетското творештво на лауреатите и се изразува преку објавување заедничка збирка поезија во рамките на традиционалната едиција на добитници на оваа награда. Весна Ацевска (1952) е современа македонска поетеса. Преведува од руски и од јужнословенски јазици. Објавила девет поетски збирки (Подготовки за претстава, 1985; Карпа за скок, 1991; Котва за Ное, 1994; Неред во огледалото, 1996; Кула во зборот, 2005; Столисник, 2008; Будност. Лотос, 2012; Од оваа страна, 2020; Преобразби, 2022) и единаесет поетски избори во земјата и во странство. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонскиот ПЕН-центар, на Друштвото на литературните преведувачи на Република Македонија, на Интернационал¬ното друштво „Калеваласеура“ од Хелсинки, Република Финска и на Славјанска литературна и уметничка академија во Варна, Република Бугарија. Била член на редакциите на списанијата „Стожер“ на ДПМ и „Ревиењ“ на Македонскиот ПЕН-центар, а сега е уредник на „Книжевно житие“ на ИК „Макавеј“ од Скопје. Учествувала на разни книжевни фестивали, меѓународни книжевни средби и собири во Македонија, како и во Бугарија, Грција, Романија, Србија, Турција и Хрватска. Нејзини песни се застапени во разни антологии и панорами на современата македонска поезија, подготвени од домашни и од странски редактори. За остварените резултати во поезијата, таа е носителка на наградите „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата во 2009 година и на „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија во 2012 година. За нејзиното литературно и преведувачко творештво ја има добиено државната награда „Свети Климент Охридски“. Новица Ѓуриќ е поет, писател и новинар. Роден е во 1956 година во Дријенка кај Колашин. Претседател е на Здружението на писателите на Црна Гора, а бил и претседател на Здружението на новинарите на Црна Гора. Неговото творештво е преведено на италијански, руски, германски, англиски, бугарски, шведски и македонски јазик. Покрај поезија и проза, Ѓуриќ пишува и есеи и критки. Застапен е во 13 антологии и добитник е на 12 книжевни награди и седум награди за новинарство. Живее и создава во Подгорица, каде работи како новинар на весникот „Политика“. Објавил 25 книги со поезија, проза, есеистика и публицистика.

The post Весна Ацевска и Новица Ѓуриќ се добитници на наградата „Книжевен жезол“ appeared first on Република.

]]>
Врачена наградата „Книжевен жезол“ на Гордана Михаилова Бошнакоска и Аднан Озер https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vrachena-nagradata-knizeven-zezol-na-gordana-mihailova-boshnakoska-i-adnan-ozer/ Tue, 28 Jun 2022 13:59:45 +0000 https://republika.mk/?p=520807

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на денешната традиционална Меѓународна поетска манифестација „Празник на липите“ им ја врачи наградата „Книжевен жезол“ на поетесата Гордана Михаилова Бошнакоска и поетот Аднан Озер од Турција.

На манифестацијата беше промовирана заедничката книга „Бесконечното“ од Гордана Михаилова Бошнакоска и поезија од Аднан Озер. Како што посочија од ДПМ, преку оваа награда „Книжевен жезол“ се прави мост меѓу македонската култура и јазик и другите култури и јазици.

Во својата беседа за добитиците, Ерол Туфан на денешната манифестација посочи дека поетот Аднан најмногу зборува за мигрантите и за вредностите на помалите градови.

Темата на мигрирање од село во град е тема не само кај поезијата на Аднан, туку и во општата литература во Турција. Она што го одвојува Аднан од другите поети на своја генерација е тоа што тој бил основач на неколку книжевни списанија. Тој пее за населбите полни со мигранти, а и самиот и натаму продолжува да живее во помала општина во Истанбул, иако припаѓа на културната елита во Турција, сепак не ја менува лоокацијата на живеење. Како што и самиот поет вели „Само оној кој постојано се дружи со светските поети, само тој може да се надоградува, и дневно учејќи да го збогатува балансот од повеќе зборови во своите песни“, додаде Туфан.

Претседателот на ДПМ, Христо Петрески во својот осврт денеска посочи дека Аднан Озер е еден од најпознатите современи турски поети, кој со свој сегашен турски опус и во сегашниот водечки креативен ангажман влог и ракопис сосема заслужено во нашата држава ја доби наградата „Книжевен жезол“ во 2022 и „Златен прстен“ во 2015 година.

Во неговата поезија авторот како да прави деминисенција врз свој пат и живот. Со неговиот зрел, оформен и емотивен ракопис, Озер преку лирски и деструктивен курс и дискурс пее за мраморот и животот со многу енергии и нагон и доживеани чувства. Тој во неговата поезија вметнува многи симболи, елементи, детали и најинаси. Се чини и не постојат два така сродни инспиративни и чувствителни симбола како што се кај Озер „Островот и мермерот“, рече Петрески.

Според академикот Влада Урошевиќ, првите песни на Гордана веќе ја најавија како посебна личност во мозаикот на македонската поезија. Мозаикот, кој од ден на ден стануваше се побогат и поразновиден.

Кога се појави Гордана, веднаш почна да се зборува за неа, како за млада девојка која се облекува екстравагантно, но и покрај убавината поседува талент. Нејзините песни се мошне различни од се она што дотогаш беше сметано за поезија, како и нејзина појава, рече Урошевиќ во својата беседа.

Тој напомена дека со својата поезија, но и својот нагласен начин на настапување во јавноста Гордана беше своевиден украс на нејзиното време, дури и кога за украсите се уште не беше препорачливо да бидат премногу видливи.

На свеченоста денеска исто така беше врачена и наградата за најдобра песна на тема „Липа” на македонскиот поет Стефан Марковски.

Покровители на Манифестацијата се Министерството за култура, Град Скопје и Турскиот културен центар „Јунус Емре” – Скопје.

 

The post Врачена наградата „Книжевен жезол“ на Гордана Михаилова Бошнакоска и Аднан Озер appeared first on Република.

]]>

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на денешната традиционална Меѓународна поетска манифестација „Празник на липите“ им ја врачи наградата „Книжевен жезол“ на поетесата Гордана Михаилова Бошнакоска и поетот Аднан Озер од Турција. На манифестацијата беше промовирана заедничката книга „Бесконечното“ од Гордана Михаилова Бошнакоска и поезија од Аднан Озер. Како што посочија од ДПМ, преку оваа награда „Книжевен жезол“ се прави мост меѓу македонската култура и јазик и другите култури и јазици. Во својата беседа за добитиците, Ерол Туфан на денешната манифестација посочи дека поетот Аднан најмногу зборува за мигрантите и за вредностите на помалите градови.
Темата на мигрирање од село во град е тема не само кај поезијата на Аднан, туку и во општата литература во Турција. Она што го одвојува Аднан од другите поети на своја генерација е тоа што тој бил основач на неколку книжевни списанија. Тој пее за населбите полни со мигранти, а и самиот и натаму продолжува да живее во помала општина во Истанбул, иако припаѓа на културната елита во Турција, сепак не ја менува лоокацијата на живеење. Како што и самиот поет вели „Само оној кој постојано се дружи со светските поети, само тој може да се надоградува, и дневно учејќи да го збогатува балансот од повеќе зборови во своите песни“, додаде Туфан.
Претседателот на ДПМ, Христо Петрески во својот осврт денеска посочи дека Аднан Озер е еден од најпознатите современи турски поети, кој со свој сегашен турски опус и во сегашниот водечки креативен ангажман влог и ракопис сосема заслужено во нашата држава ја доби наградата „Книжевен жезол“ во 2022 и „Златен прстен“ во 2015 година.
Во неговата поезија авторот како да прави деминисенција врз свој пат и живот. Со неговиот зрел, оформен и емотивен ракопис, Озер преку лирски и деструктивен курс и дискурс пее за мраморот и животот со многу енергии и нагон и доживеани чувства. Тој во неговата поезија вметнува многи симболи, елементи, детали и најинаси. Се чини и не постојат два така сродни инспиративни и чувствителни симбола како што се кај Озер „Островот и мермерот“, рече Петрески.
Според академикот Влада Урошевиќ, првите песни на Гордана веќе ја најавија како посебна личност во мозаикот на македонската поезија. Мозаикот, кој од ден на ден стануваше се побогат и поразновиден.
Кога се појави Гордана, веднаш почна да се зборува за неа, како за млада девојка која се облекува екстравагантно, но и покрај убавината поседува талент. Нејзините песни се мошне различни од се она што дотогаш беше сметано за поезија, како и нејзина појава, рече Урошевиќ во својата беседа.
Тој напомена дека со својата поезија, но и својот нагласен начин на настапување во јавноста Гордана беше своевиден украс на нејзиното време, дури и кога за украсите се уште не беше препорачливо да бидат премногу видливи. На свеченоста денеска исто така беше врачена и наградата за најдобра песна на тема „Липа” на македонскиот поет Стефан Марковски. Покровители на Манифестацијата се Министерството за култура, Град Скопје и Турскиот културен центар „Јунус Емре” – Скопје.  

The post Врачена наградата „Книжевен жезол“ на Гордана Михаилова Бошнакоска и Аднан Озер appeared first on Република.

]]>