книжарница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/knizarnica/ За подобро да се разбереме Mon, 13 May 2024 19:23:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png книжарница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/knizarnica/ 32 32 Мемоарите на Ангела Меркел во книжарниците во ноември https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/memoarite-na-angela-merkel-vo-knizharnitsite-vo-noemvri/ Mon, 13 May 2024 19:23:27 +0000 https://republika.mk/?p=777744

Мемоарите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ќе бидат објавени на крајот на ноември, речиси три години откако таа ја напушти функцијата по 16 години.

Книгата на Меркел, која ја напишала со помош на нејзината долгогодишна соработничка и советничка Бета Бауман, е насловена „Слобода“ и има околу 700 страници, а ќе ја објави издавачката куќа „Кипенер и Вич“. ‘

За мене слободата е да не престанете да учите, да не морате да стоите, туку да напредувате, дури и кога ќе ја напуштите политиката, рече Меркел.

Издавачката куќа објави дека книгата ќе биде објавена во повеќе од 30 земји, но не беше прецизирано во кои. Откако Олаф Шолц ја презеде функцијата канцелар, Меркел главно не се појавуваше во јавноста, дури ни на настаните на нејзината Христијанско-демократска унија.

Магазинот „Форбс“ десет години по ред ја прогласува за „најмоќна жена на светот“. Меркел е првата жена канцеларка во Германија, а од 2005 до 2021 година ја водеше Германија низ глобалната финансиска криза, миграциската криза и пандемијата со Ковид-19.

По почетокот на војната во Украина, Меркел беше обвинета за неправилно управување со руско-украинската криза во 2014 година, на што таа одговори дека мирот постигнат во 2015 година му обезбеди на Киев доволно време да се подготви за идните неволји и дека не има намера да се извини за своите дипломатски напори. Таа ја бранеше и одлуката на германската Влада да купи големи количини природен гас од Русија.

 

The post Мемоарите на Ангела Меркел во книжарниците во ноември appeared first on Република.

]]>

Мемоарите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ќе бидат објавени на крајот на ноември, речиси три години откако таа ја напушти функцијата по 16 години. Книгата на Меркел, која ја напишала со помош на нејзината долгогодишна соработничка и советничка Бета Бауман, е насловена „Слобода“ и има околу 700 страници, а ќе ја објави издавачката куќа „Кипенер и Вич“. ‘
За мене слободата е да не престанете да учите, да не морате да стоите, туку да напредувате, дури и кога ќе ја напуштите политиката, рече Меркел.
Издавачката куќа објави дека книгата ќе биде објавена во повеќе од 30 земји, но не беше прецизирано во кои. Откако Олаф Шолц ја презеде функцијата канцелар, Меркел главно не се појавуваше во јавноста, дури ни на настаните на нејзината Христијанско-демократска унија. Магазинот „Форбс“ десет години по ред ја прогласува за „најмоќна жена на светот“. Меркел е првата жена канцеларка во Германија, а од 2005 до 2021 година ја водеше Германија низ глобалната финансиска криза, миграциската криза и пандемијата со Ковид-19. По почетокот на војната во Украина, Меркел беше обвинета за неправилно управување со руско-украинската криза во 2014 година, на што таа одговори дека мирот постигнат во 2015 година му обезбеди на Киев доволно време да се подготви за идните неволји и дека не има намера да се извини за своите дипломатски напори. Таа ја бранеше и одлуката на германската Влада да купи големи количини природен гас од Русија.  

The post Мемоарите на Ангела Меркел во книжарниците во ноември appeared first on Република.

]]>
Закажи термин за ЕМБГ: Разговор со Лидија Димковска, авторка на романот „Единствен матичен број“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zakazhi-termin-za-embg-razgovor-so-lidija-dimkovska-avtorka-na-romanot-edinstven-matichen-broj/ Mon, 19 Feb 2024 18:14:35 +0000 https://republika.mk/?p=745851

Во четврток, во книжарницата на ТРИ во ГТЦ, со почеток од 19 часот, ќе имате неповторлива можност да разговарате со авторката на „Единствен матичен број“, Лидија Димковска, и да си го препознаете својот идентитет.

На оваа необична средба ќе успеете да откриете што стои зад бројките на единствениот матичен број, кои сме и што сме независно од него, и како да навлеземе подлабоко во себеси. Разговорот ќе го води Виолета Танчева-Златева, а добредојдено е и вашето учество, велат организаторите.

The post Закажи термин за ЕМБГ: Разговор со Лидија Димковска, авторка на романот „Единствен матичен број“ appeared first on Република.

]]>

Во четврток, во книжарницата на ТРИ во ГТЦ, со почеток од 19 часот, ќе имате неповторлива можност да разговарате со авторката на „Единствен матичен број“, Лидија Димковска, и да си го препознаете својот идентитет.

На оваа необична средба ќе успеете да откриете што стои зад бројките на единствениот матичен број, кои сме и што сме независно од него, и како да навлеземе подлабоко во себеси. Разговорот ќе го води Виолета Танчева-Златева, а добредојдено е и вашето учество, велат организаторите.

The post Закажи термин за ЕМБГ: Разговор со Лидија Димковска, авторка на романот „Единствен матичен број“ appeared first on Република.

]]>
Kнижарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knizarnicata-bunker-povtorno-organizira-den-na-besplatni-stripovi/ Thu, 24 Nov 2022 14:56:10 +0000 https://republika.mk/?p=577905

По 2017 год. стрип книжарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“.
Се работи за манифестација која за првпат се одржа во Соединетите Американски Држави во 2002, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите 6 години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји. Целта е промовирање и ширење на стрип-културата.

Оваа година обезбедивме 500 стрипови кои ќе бидат поделени бесплатно, а бројката расте бидејќи во акцијата се вклучуваат и голем број на домашни издавачи и поединци. Настанот е закажан за сабота, 26.11.2022 во стрип книжарницата „Бункер“  со почеток во 10 часот и ќе трае до 15 часот или додека не се потрошат количествата. Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен“, секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа. Покрај бесплатните стрипови стрип книжарницата Бункер ќе понуди и 30% попуст на целокупниот асортиман.
Исто така, новина е и што годинава во соработка со „Светот на Биби“ еден дел од стриповите ќе бидат подарувани и во нивната продавница во Битола, со што настанот добива регионален карактер.

The post Kнижарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“ appeared first on Република.

]]>

По 2017 год. стрип книжарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“. Се работи за манифестација која за првпат се одржа во Соединетите Американски Држави во 2002, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите 6 години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји. Целта е промовирање и ширење на стрип-културата. Оваа година обезбедивме 500 стрипови кои ќе бидат поделени бесплатно, а бројката расте бидејќи во акцијата се вклучуваат и голем број на домашни издавачи и поединци. Настанот е закажан за сабота, 26.11.2022 во стрип книжарницата „Бункер“  со почеток во 10 часот и ќе трае до 15 часот или додека не се потрошат количествата. Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен“, секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа. Покрај бесплатните стрипови стрип книжарницата Бункер ќе понуди и 30% попуст на целокупниот асортиман. Исто така, новина е и што годинава во соработка со „Светот на Биби“ еден дел од стриповите ќе бидат подарувани и во нивната продавница во Битола, со што настанот добива регионален карактер.

The post Kнижарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“ appeared first on Република.

]]>
Во Струмица се отвора нова книжарница https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-strumica-se-otvora-nova-knizarnica/ Thu, 17 Feb 2022 11:48:18 +0000 https://republika.mk/?p=459823

В сабота, на 19 февруари, во Струмица се отвора новата книжарница на „Литература.мк“. Кафе-книжарницата се наоѓа во центарот на градот, на ул. „Благој Јанков-Мучето“, бр. 4.

Станува збор за прва книжарница на „Литература.мк“ во Струмица, а вкупно осма, по „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје сити мол“ и „Ист гејт мол“, како и добро познатите продажни места на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“, „Веро центар“ и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје и на Широк сокак во Битола.

На денот на отворањето во градот под Царевите кули, присутните ќе добијат подарок-картичка за попусти, а во првата недела од отворањето на книжарницата ќе има 30 отсто попуст на сите изданија од „Арс Ламина“. Отворањето ќе биде збогатено со музичкиот настап на џез-гитаристите Горан Алиќ и Слободан Ѓошиќ-Боби.

Во „Литература.мк“ во Струмица ќе може да се најде голем избор од белетристиката, книжевноста за деца и стручната литература, од „Арс Ламина“ и други домашни издавачки куќи. Во продажниот простор ќе бидат застапени играчки, едукативни и друштвени игри, колекционерски производи, украси за домот, училишни материјали и богата гифт-програма.

 

The post Во Струмица се отвора нова книжарница appeared first on Република.

]]>

В сабота, на 19 февруари, во Струмица се отвора новата книжарница на „Литература.мк“. Кафе-книжарницата се наоѓа во центарот на градот, на ул. „Благој Јанков-Мучето“, бр. 4. Станува збор за прва книжарница на „Литература.мк“ во Струмица, а вкупно осма, по „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје сити мол“ и „Ист гејт мол“, како и добро познатите продажни места на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“, „Веро центар“ и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје и на Широк сокак во Битола. На денот на отворањето во градот под Царевите кули, присутните ќе добијат подарок-картичка за попусти, а во првата недела од отворањето на книжарницата ќе има 30 отсто попуст на сите изданија од „Арс Ламина“. Отворањето ќе биде збогатено со музичкиот настап на џез-гитаристите Горан Алиќ и Слободан Ѓошиќ-Боби. Во „Литература.мк“ во Струмица ќе може да се најде голем избор од белетристиката, книжевноста за деца и стручната литература, од „Арс Ламина“ и други домашни издавачки куќи. Во продажниот простор ќе бидат застапени играчки, едукативни и друштвени игри, колекционерски производи, украси за домот, училишни материјали и богата гифт-програма.  

The post Во Струмица се отвора нова книжарница appeared first on Република.

]]>