книги Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/knigi/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Feb 2024 13:00:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png книги Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/knigi/ 32 32 „Полска полица“ и во тетовската библиотека: Амбасадорот Гжелчик донираше 50 наслови од полски автори преведени на македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/polska-politsa-i-vo-tetovskata-biblioteka-ambasadorot-gzhelchik-donirashe-50-naslovi-od-polski-avtori-prevedeni-na-makedonski-jazik/ Sun, 25 Feb 2024 15:51:35 +0000 https://republika.mk/?p=748118

Во посета на Националната установа библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово вчера беше амбасадорот на Република Полска во Скопје, Кшиштоф Гжелчик и донираше 50 наслови од класична и современа литература од полски автори преведени на македонски јазик.

Донирањето книги од полски автори на полиците во македонските библиотеки, е со цел популаризација на полската литература меѓу македонските читатели. Координатор на проектот е сопругата на амбасадорот, Јоланта Гжелчик, информираа од библиотеката.

Носител на проектот е Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

The post „Полска полица“ и во тетовската библиотека: Амбасадорот Гжелчик донираше 50 наслови од полски автори преведени на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Во посета на Националната установа библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово вчера беше амбасадорот на Република Полска во Скопје, Кшиштоф Гжелчик и донираше 50 наслови од класична и современа литература од полски автори преведени на македонски јазик. Донирањето книги од полски автори на полиците во македонските библиотеки, е со цел популаризација на полската литература меѓу македонските читатели. Координатор на проектот е сопругата на амбасадорот, Јоланта Гжелчик, информираа од библиотеката. Носител на проектот е Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

The post „Полска полица“ и во тетовската библиотека: Амбасадорот Гжелчик донираше 50 наслови од полски автори преведени на македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Oбезбедени 60-тина наслови на Брајово писмо за децата со оштетен вид во Кисела Вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/obezbedeni-60-tina-naslovi-na-brajovo-pismo-za-detsata-so-oshteten-vid-vo-kisela-voda/ Thu, 04 Jan 2024 14:40:32 +0000 https://republika.mk/?p=729675

Денес кога Светскиот ден на Брајовото писмо одбележува значаен 200-годишен јубилеј, за училиштето за слепи лица ДУРМДОВ „Димитар Влахов” обезбедивме нови книги напишани со Брајова азбука, кои децата ќе ги добијат веднаш по враќањето од распуст напиша градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓеивски на социјалните мрежи.

Тој посочи дека ова се прави веќе трета година по ред и со задоволство може да каже дека библиотеката е опремена со 60-тина вакви наслови. Книгите напишани со Брајово писмо се изработуваат на посебна хартија, со специјални печатачи, што ги прави исклучително скапи и тешко достапни за родителите на слепите ученици.

Достапноста на литература, за нив значи подобар образовен пат и остварување на правото за еднакви можности со сите останати граѓани. Годинава се одлучивме да им ги донираме повеќетомните изданија ,,Алиса во земјата на чудата” и ,,Петар Пан”, светски популарни книги, со што им овозможуваме исто литературно доживување како и со останатите лица кои не се соочени со предизвиците од оштетен вид“ напиша Ѓорѓиевски.

 

The post Oбезбедени 60-тина наслови на Брајово писмо за децата со оштетен вид во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

Денес кога Светскиот ден на Брајовото писмо одбележува значаен 200-годишен јубилеј, за училиштето за слепи лица ДУРМДОВ „Димитар Влахов” обезбедивме нови книги напишани со Брајова азбука, кои децата ќе ги добијат веднаш по враќањето од распуст напиша градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓеивски на социјалните мрежи. Тој посочи дека ова се прави веќе трета година по ред и со задоволство може да каже дека библиотеката е опремена со 60-тина вакви наслови. Книгите напишани со Брајово писмо се изработуваат на посебна хартија, со специјални печатачи, што ги прави исклучително скапи и тешко достапни за родителите на слепите ученици.
Достапноста на литература, за нив значи подобар образовен пат и остварување на правото за еднакви можности со сите останати граѓани. Годинава се одлучивме да им ги донираме повеќетомните изданија ,,Алиса во земјата на чудата” и ,,Петар Пан”, светски популарни книги, со што им овозможуваме исто литературно доживување како и со останатите лица кои не се соочени со предизвиците од оштетен вид“ напиша Ѓорѓиевски.
 

The post Oбезбедени 60-тина наслови на Брајово писмо за децата со оштетен вид во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>
Новогодишна елка висока 12 метри направена од рачно насликани книги поставена во Лондон https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/novogodishna-elka-visoka-12-metri-napravena-od-rachno-naslikani-knigi-postavena-vo-london/ Tue, 07 Nov 2023 11:30:50 +0000 https://republika.mk/?p=699145

Почнува одбројувањето до Божиќ,  само седум недели не делат од 25 декември и ширум светот се палат светилките и се украсуваат дрвјата. Можеби не оние дома, но јавните простори секако почнуваат да изгледаат празнично.

Оваа недела, станицата Сент Панкрас, големата викторијанска зграда во централен Лондон, го отвора својот имагинативен божиќен приказ: „дрво“ високо 12 метри направено од рачно насликани книги.

@christmas.in.london A book lovers DREAM! The St Pancras Christmas tree is up and decorated with 3,800 books and also includes cubby holes to listen to audio books 🥰🎄📚✨ 📍St Pancras Train Station #christmasinlondon #stpancrasinternational #stpancrasstation #booktok #booktokuk #hatchards #londonbookshops #christmaslondon #londonchristmasdisplays #londonchristmastrees #whattodoinlondon ♬ Christmas (Baby Please Come Home) - Darlene Love

The post Новогодишна елка висока 12 метри направена од рачно насликани книги поставена во Лондон appeared first on Република.

]]>

Почнува одбројувањето до Божиќ,  само седум недели не делат од 25 декември и ширум светот се палат светилките и се украсуваат дрвјата. Можеби не оние дома, но јавните простори секако почнуваат да изгледаат празнично. Оваа недела, станицата Сент Панкрас, големата викторијанска зграда во централен Лондон, го отвора својот имагинативен божиќен приказ: „дрво“ високо 12 метри направено од рачно насликани книги.
@christmas.in.london A book lovers DREAM! The St Pancras Christmas tree is up and decorated with 3,800 books and also includes cubby holes to listen to audio books 🥰🎄📚✨ 📍St Pancras Train Station #christmasinlondon #stpancrasinternational #stpancrasstation #booktok #booktokuk #hatchards #londonbookshops #christmaslondon #londonchristmasdisplays #londonchristmastrees #whattodoinlondon ♬ Christmas (Baby Please Come Home) - Darlene Love

The post Новогодишна елка висока 12 метри направена од рачно насликани книги поставена во Лондон appeared first on Република.

]]>
Изложба на слики и книги од Паскал Гилевски во „Матица ексклузив“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-sliki-i-knigi-od-paskal-gilevski-vo-matitsa-ekskluziv/ Wed, 04 Oct 2023 10:56:25 +0000 https://republika.mk/?p=687811

На 05.10.2023 во 12.00 часот во мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив во Скопје ќе се отвори изложба на слики на академскиот сликар, писател и преведувач Паскал Гилевски, создадени во изминатите шеесет години. По овој повод ќе бидат изложени триесет негови слики и сто и педесет книги преведени на македонски јазик од унгарски, грчки и француски јазик. Изложбата ќе ја отвори Зоран Младеновски, историчар на уметноста.

Она што претставува особен, своевиден придонес  за нашата ликовна сцена, е неговиот неуморен ангажман околу организирањето на изложбите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, како и учеството во афирмацијата на македонската уметност на симпозиумите организирани од страна на АИКА (Меѓународно здружение на ликовни критичари), чиј секретар беше неколку години.

Своите знаења и искуства, својот начин на размислување и толкување на ликовниот феномен, Паскал Гилевски ги искажа во есеистичката книга “Толкување на уметноста“, објавена 1977 година, прво издание од таков вид кај нас, во која се обиде од различни аспекти, комплексно, да го осознае и протолкува чинот на уметничкото создавање, натамошниот независен живот и егзистенцијата на едно уметничко дело.

Во 1985 година, на годишната изложба на ДЛУМ, Паскал Гилевски ја доби најзначајната награда за сликарство „Лазар Личеноски“. За неговото творештво пишувале: Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Анте Поповски, Луан Старова и други. Тој е добитник и на високото француско одликување „Витез на уметноста и литературата“.

The post Изложба на слики и книги од Паскал Гилевски во „Матица ексклузив“ appeared first on Република.

]]>

На 05.10.2023 во 12.00 часот во мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив во Скопје ќе се отвори изложба на слики на академскиот сликар, писател и преведувач Паскал Гилевски, создадени во изминатите шеесет години. По овој повод ќе бидат изложени триесет негови слики и сто и педесет книги преведени на македонски јазик од унгарски, грчки и француски јазик. Изложбата ќе ја отвори Зоран Младеновски, историчар на уметноста. Она што претставува особен, своевиден придонес  за нашата ликовна сцена, е неговиот неуморен ангажман околу организирањето на изложбите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, како и учеството во афирмацијата на македонската уметност на симпозиумите организирани од страна на АИКА (Меѓународно здружение на ликовни критичари), чиј секретар беше неколку години. Своите знаења и искуства, својот начин на размислување и толкување на ликовниот феномен, Паскал Гилевски ги искажа во есеистичката книга “Толкување на уметноста“, објавена 1977 година, прво издание од таков вид кај нас, во која се обиде од различни аспекти, комплексно, да го осознае и протолкува чинот на уметничкото создавање, натамошниот независен живот и егзистенцијата на едно уметничко дело. Во 1985 година, на годишната изложба на ДЛУМ, Паскал Гилевски ја доби најзначајната награда за сликарство „Лазар Личеноски“. За неговото творештво пишувале: Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Анте Поповски, Луан Старова и други. Тој е добитник и на високото француско одликување „Витез на уметноста и литературата“.

The post Изложба на слики и книги од Паскал Гилевски во „Матица ексклузив“ appeared first on Република.

]]>
Издавачкиот центар „Три“ донира 1000 книги на македонските библиотеки https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izdavachkiot-tsentar-tri-donira-1000-knigi-na-makedonskite-biblioteki/ Fri, 11 Aug 2023 08:55:45 +0000 https://republika.mk/?p=671041

По повод своето 1 000 издание, одбележувајќи го овој јубилеј, Издавачкиот центар ТРИ, донираше 1 000 наслови на три библиотеки: Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, „Григор Прличев“ во Охрид и „Гоце Делчев“ во Гевгелија.

Оваа донација, информираат од Издавачкиот Центар ТРИ, ќе ги збогати бибилиотеките со наслови што заслужуваат да бидат читани и ќе ја зацврсти врската меѓу книгите и читателите, со тоа што ќе им овозможат на читателите од своите градови поголема достапност до донираните наслови од домашната и светската литература.

Станува збор за книги од истакнати автори кои ја продолжуваат традицијата на македонската квалитетна книжевност, и за темелници во светската класика, како и за современи модерни дела, велат од тимот на издавачката куќа.

 

The post Издавачкиот центар „Три“ донира 1000 книги на македонските библиотеки appeared first on Република.

]]>

По повод своето 1 000 издание, одбележувајќи го овој јубилеј, Издавачкиот центар ТРИ, донираше 1 000 наслови на три библиотеки: Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, „Григор Прличев“ во Охрид и „Гоце Делчев“ во Гевгелија. Оваа донација, информираат од Издавачкиот Центар ТРИ, ќе ги збогати бибилиотеките со наслови што заслужуваат да бидат читани и ќе ја зацврсти врската меѓу книгите и читателите, со тоа што ќе им овозможат на читателите од своите градови поголема достапност до донираните наслови од домашната и светската литература.
Станува збор за книги од истакнати автори кои ја продолжуваат традицијата на македонската квалитетна книжевност, и за темелници во светската класика, како и за современи модерни дела, велат од тимот на издавачката куќа.
 

The post Издавачкиот центар „Три“ донира 1000 книги на македонските библиотеки appeared first on Република.

]]>
Бил Гејтс препорачува сите да ги прочитаат овие три книги https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bil-gejts-preporachuva-site-da-gi-prochitaat-ovie-tri-knigi/ Thu, 10 Aug 2023 18:41:49 +0000 https://republika.mk/?p=670907

Бил Гејтс е страствен љубител на книгата. Тој вели дека бројот на книги што ги прочитал надминува неколку илјади.

Колку читањето книги го смета како важен фактор за постигнување успех и напредок зборува и фактот дека тоа е услов за секој работник во неговата компанија, да прочита три книги за кои Гејтс смета дека се ненадминливи дела.

Според него, во овие книги ќе ја најдете мотивацијата и волјата да продолжите напред. Вашите поглед на светот ќе се променат од корен.

Ако Бил Гејтс ги препорача, веруваме дека навистина вреди да се одвои време за нив.

Со години велам дека книгата „Подобри ангели на нашата природа“ од Стивен Пинкер е најдобрата книга што ја прочитав во последните десет години. Ова парче го препорачувам на сите. Пинкер користи широко истражување за да потврди дека живееме во најмирољубиво време во човечката историја. Никогаш не сум видел толку јасно да објаснувања за напредокот, вели Гејтс.

Книгата „Факти: 10 причини кои објаснуваат дека имаме лоши погледи на светот – работите се многу подобри отколку што мислите“, од Андреа Ханс Рослинг е неговиот втор избор.

Оваа книга нуди радикално различно објаснување за глобалните трендови и десетте нагони што ја менуваат нашата перспектива.

Ја препорачувам оваа книга од денот кога беше објавена. Ханс ни дава радикално различно основно разбирање на вистината за светот, како животот генерално се менува на подобро и што треба да се подобри. Авторот, исто така, презентира незаборавни анегдоти од неговиот живот. Тој е еден брилијантен човек и ова е една од најдобрите книги што некогаш сум ги прочитал“, вели Гејтс.

„Сè се случува со причина“, Кејт Баулер е неговиот трет избор.

Кога на авторот на оваа книга ѝ бил дијагностициран рак на дебелото црево во фаза четири, таа се обидела да открие што довело до тоа.

Резултатот е срцепаречки, но изненадувачки забавни мемоари на вера и помирување со сопствената смртност“, објаснува Гејтс.

The post Бил Гејтс препорачува сите да ги прочитаат овие три книги appeared first on Република.

]]>

Бил Гејтс е страствен љубител на книгата. Тој вели дека бројот на книги што ги прочитал надминува неколку илјади. Колку читањето книги го смета како важен фактор за постигнување успех и напредок зборува и фактот дека тоа е услов за секој работник во неговата компанија, да прочита три книги за кои Гејтс смета дека се ненадминливи дела. Според него, во овие книги ќе ја најдете мотивацијата и волјата да продолжите напред. Вашите поглед на светот ќе се променат од корен. Ако Бил Гејтс ги препорача, веруваме дека навистина вреди да се одвои време за нив.
Со години велам дека книгата „Подобри ангели на нашата природа“ од Стивен Пинкер е најдобрата книга што ја прочитав во последните десет години. Ова парче го препорачувам на сите. Пинкер користи широко истражување за да потврди дека живееме во најмирољубиво време во човечката историја. Никогаш не сум видел толку јасно да објаснувања за напредокот, вели Гејтс.
Книгата „Факти: 10 причини кои објаснуваат дека имаме лоши погледи на светот – работите се многу подобри отколку што мислите“, од Андреа Ханс Рослинг е неговиот втор избор. Оваа книга нуди радикално различно објаснување за глобалните трендови и десетте нагони што ја менуваат нашата перспектива.
Ја препорачувам оваа книга од денот кога беше објавена. Ханс ни дава радикално различно основно разбирање на вистината за светот, како животот генерално се менува на подобро и што треба да се подобри. Авторот, исто така, презентира незаборавни анегдоти од неговиот живот. Тој е еден брилијантен човек и ова е една од најдобрите книги што некогаш сум ги прочитал“, вели Гејтс.
„Сè се случува со причина“, Кејт Баулер е неговиот трет избор. Кога на авторот на оваа книга ѝ бил дијагностициран рак на дебелото црево во фаза четири, таа се обидела да открие што довело до тоа.
Резултатот е срцепаречки, но изненадувачки забавни мемоари на вера и помирување со сопствената смртност“, објаснува Гејтс.

The post Бил Гејтс препорачува сите да ги прочитаат овие три книги appeared first on Република.

]]>
Објавена книгата „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ – разговори што Влада Урошевиќ и Владимир Јанковски ги воделе повеќе од дваесет години https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/objavena-knigata-kabinet-na-chuda-so-zidovi-od-ogledala-razgovori-shto-vlada-uroshevik-i-vladimir-jankovski-gi-vodele-poveke-od-dvaeset-godini/ Thu, 10 Aug 2023 10:17:08 +0000 https://republika.mk/?p=670694

Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ ги содржи разговорите што Влада Урошевиќ и Владимир Јанковски ги воделе во временски опсег поголем од дваесет години. Интересно, оваа книга е точно 800-та книга во издание на издавачката куќа „Антолог.

Првиот дел од книгата, „Огледало за загатката“, опфаќа дијалози водени во 2002 и 2003 година, вториот дел претставува еден подолг разговор од 2015 година, а последниот дел, „Кабинет на чуда“, разговори од 2023 година.

На овие страници се допрени најголемиот дел од творечките преокупации на Урошевиќ, а авторот се обидува преку дијалогот за поетиката на писателот да долови и елементи од неговата личност, живот и односот кон современиците.

Во книгата Урошевиќ дава свое видување на некои од главните преокупации во сопственото творештво: првичните поттици за пишување, детството како голема тема во литературата, опседнатоста со градот, необичните простори, куќата како топос, летото и медитеранските теми, алхемијата, поетиката на надреализмот, љубовта кон сликарството и интересот за светот и животот на инсектите и, воопшто, животните, различните цивилизации и култури. Исто така, може да се прочита неговата лична перспектива за македонската книжевност од крајот на педесеттите години, а интересни се и неговите лични согледувања и мини портрети за некои од најзначајните македонски писатели кои биле негови современици, пријатели или соработници.    

 

Книгата може да се чита и како панорама на книжевните опсесии на Урошевиќ и како портрет на еден човек кој својата егзистенција нераскинливо ја преплетувал со книжевноста и, воопшто, со уметноста.

 

The post Објавена книгата „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ – разговори што Влада Урошевиќ и Владимир Јанковски ги воделе повеќе од дваесет години appeared first on Република.

]]>

Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ ги содржи разговорите што Влада Урошевиќ и Владимир Јанковски ги воделе во временски опсег поголем од дваесет години. Интересно, оваа книга е точно 800-та книга во издание на издавачката куќа „Антолог.

Првиот дел од книгата, „Огледало за загатката“, опфаќа дијалози водени во 2002 и 2003 година, вториот дел претставува еден подолг разговор од 2015 година, а последниот дел, „Кабинет на чуда“, разговори од 2023 година.

На овие страници се допрени најголемиот дел од творечките преокупации на Урошевиќ, а авторот се обидува преку дијалогот за поетиката на писателот да долови и елементи од неговата личност, живот и односот кон современиците.

Во книгата Урошевиќ дава свое видување на некои од главните преокупации во сопственото творештво: првичните поттици за пишување, детството како голема тема во литературата, опседнатоста со градот, необичните простори, куќата како топос, летото и медитеранските теми, алхемијата, поетиката на надреализмот, љубовта кон сликарството и интересот за светот и животот на инсектите и, воопшто, животните, различните цивилизации и култури. Исто така, може да се прочита неговата лична перспектива за македонската книжевност од крајот на педесеттите години, а интересни се и неговите лични согледувања и мини портрети за некои од најзначајните македонски писатели кои биле негови современици, пријатели или соработници.    

 

Книгата може да се чита и како панорама на книжевните опсесии на Урошевиќ и како портрет на еден човек кој својата егзистенција нераскинливо ја преплетувал со книжевноста и, воопшто, со уметноста.

 

The post Објавена книгата „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ – разговори што Влада Урошевиќ и Владимир Јанковски ги воделе повеќе од дваесет години appeared first on Република.

]]>
Фестивалот „300 Работи, Триста“ од 10 до 12 август во Битола, филмови, книги, изложби… https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/festivalot-300-raboti-trista-od-10-do-12-avgust-vo-bitola-filmovi-knigi-izlozhbi/ Thu, 10 Aug 2023 07:08:26 +0000 https://republika.mk/?p=670582

Фестивалот “300 Работи, Триста“ е една од поистакнатите културни манифестации во Битола и регионот, која веќе привлекува бројни посетители и учесници. Досега, фестивалот ја имаше честа да прими повеќе од 180 уметници од различни делови на светот, меѓу кои и  Србија, Албанија, Франција, Италија, Грција, Шпанија, Чешка, Словачка, Естонија, Финска, Индија, Р. Кина, САД, Канада и други.

Оваа богата и разновидна лепеза на уметници ја чини оваа манифестација една значајна културна одредница која го збогатува културното битисување на Битола. Официјалното отварање на фестивалот ќе биде на 10 август во 20 часот со битолската премиера на филмот „Некрстени денови“ (Ballad of Piargy, 2022), дело на нашиот познат и признат режисер Иво Трајков, во киното Манаки.

На 11 август во Офицерскиот дом со почеток од 20:00 часот ќе биде промовирана Книгата – „Прирачник за сценаристот: Водич на писателот за сценарио за документарни и играни филмови“ на Игор Трајковски Фоја, рецензенти Иво Трајкв, Томаш Петрањ, Антонио Митриќески, и Сашо Кокаланов. Промотер на книгата е нашиот познат глумец Марјан Георгиевски.

Покрај промоцијата на оваа дело, ќе биде отворена и изложбата на уметнички дела со наслов: ЛИМИНАЛ, од младата и преспективна авторка, Јана Танчевска. Овој настан музички ќе биде збогатен со музички изведби на Николче Петкоски.

Затварањето на фестивалот ќе биде на 12 август со проекција на краткометражниот игран филм „Синиот час” по сценарио и во режија на Ана Јакимска во 20 часот, во просторот пред Радост. Покрај филмот ќе биде промовирана и книгата – „Колегиумски записник 010“, збирка на литературни дела, фотографии, дизајни и цртежи. Овој зборник е продолжение на низата „Колегиумски записници и тоа: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9. Во просторот ќе има изложба на фотографии, ликовни дела, секако со посебен акцент на младата публика и дебитанските автори. Целиот настан ќе биде музички пропратен со настап во живо на Box Beater.

The post Фестивалот „300 Работи, Триста“ од 10 до 12 август во Битола, филмови, книги, изложби… appeared first on Република.

]]>

Фестивалот “300 Работи, Триста“ е една од поистакнатите културни манифестации во Битола и регионот, која веќе привлекува бројни посетители и учесници. Досега, фестивалот ја имаше честа да прими повеќе од 180 уметници од различни делови на светот, меѓу кои и  Србија, Албанија, Франција, Италија, Грција, Шпанија, Чешка, Словачка, Естонија, Финска, Индија, Р. Кина, САД, Канада и други. Оваа богата и разновидна лепеза на уметници ја чини оваа манифестација една значајна културна одредница која го збогатува културното битисување на Битола. Официјалното отварање на фестивалот ќе биде на 10 август во 20 часот со битолската премиера на филмот „Некрстени денови“ (Ballad of Piargy, 2022), дело на нашиот познат и признат режисер Иво Трајков, во киното Манаки. На 11 август во Офицерскиот дом со почеток од 20:00 часот ќе биде промовирана Книгата – „Прирачник за сценаристот: Водич на писателот за сценарио за документарни и играни филмови“ на Игор Трајковски Фоја, рецензенти Иво Трајкв, Томаш Петрањ, Антонио Митриќески, и Сашо Кокаланов. Промотер на книгата е нашиот познат глумец Марјан Георгиевски. Покрај промоцијата на оваа дело, ќе биде отворена и изложбата на уметнички дела со наслов: ЛИМИНАЛ, од младата и преспективна авторка, Јана Танчевска. Овој настан музички ќе биде збогатен со музички изведби на Николче Петкоски. Затварањето на фестивалот ќе биде на 12 август со проекција на краткометражниот игран филм „Синиот час” по сценарио и во режија на Ана Јакимска во 20 часот, во просторот пред Радост. Покрај филмот ќе биде промовирана и книгата – „Колегиумски записник 010“, збирка на литературни дела, фотографии, дизајни и цртежи. Овој зборник е продолжение на низата „Колегиумски записници и тоа: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9. Во просторот ќе има изложба на фотографии, ликовни дела, секако со посебен акцент на младата публика и дебитанските автори. Целиот настан ќе биде музички пропратен со настап во живо на Box Beater.

The post Фестивалот „300 Работи, Триста“ од 10 до 12 август во Битола, филмови, книги, изложби… appeared first on Република.

]]>
Ако ова ви стои пред врата повикувате беда и несреќа https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ako-ova-vi-stoi-pred-vrata-povikuvate-beda-i-nesreka/ Mon, 19 Jun 2023 12:07:31 +0000 https://republika.mk/?p=653111

Бидејќи се има позитивно дејство, одредени предмети привлекуваат беда и несреќа, а исто така и положбата на одредени работи во куќата.

Чевли пред вратата

Без разлика дали се наредени пред влезната врата или која било друга врата, овие предмети се вистински „енергетски вампири“, особено ако се валкани.

Куп стари хартии и книги

Ако ги соберете, чувајте ги на полиците. Расфрлани низ просторот, овие предмети ќе донесат лоша енергија.

Скршени садови

Скршените садови носат лоша енергија на оној што ги користи, тврдат експертите за фенг шуи. Користењето такви јадења може да влијае на кариерата или финансиите.

Место за седење или спиење под гредата

Дрвените греди се еден од омилените дизајнерски елементи кои често ги гледаме во домовите. Меѓутоа, доколку поставите кревет под овој детаљ, знајте дека отровните стрели од негативна енергија се насочени кон вас, објаснуваат експертите за фенг шуи.

Празни тегли

На сите ни се случува да исчезнат нашите залихи од најнеопходната храна, но никогаш не треба да дозволите теглите во кои чувате ориз, сол и шеќер да бидат целосно празни. Полиците со празни тегли во кујната влијаат на среќата и хармонијата во семејството.

The post Ако ова ви стои пред врата повикувате беда и несреќа appeared first on Република.

]]>

Бидејќи се има позитивно дејство, одредени предмети привлекуваат беда и несреќа, а исто така и положбата на одредени работи во куќата. Чевли пред вратата Без разлика дали се наредени пред влезната врата или која било друга врата, овие предмети се вистински „енергетски вампири“, особено ако се валкани. Куп стари хартии и книги Ако ги соберете, чувајте ги на полиците. Расфрлани низ просторот, овие предмети ќе донесат лоша енергија. Скршени садови Скршените садови носат лоша енергија на оној што ги користи, тврдат експертите за фенг шуи. Користењето такви јадења може да влијае на кариерата или финансиите. Место за седење или спиење под гредата Дрвените греди се еден од омилените дизајнерски елементи кои често ги гледаме во домовите. Меѓутоа, доколку поставите кревет под овој детаљ, знајте дека отровните стрели од негативна енергија се насочени кон вас, објаснуваат експертите за фенг шуи. Празни тегли На сите ни се случува да исчезнат нашите залихи од најнеопходната храна, но никогаш не треба да дозволите теглите во кои чувате ориз, сол и шеќер да бидат целосно празни. Полиците со празни тегли во кујната влијаат на среќата и хармонијата во семејството.

The post Ако ова ви стои пред врата повикувате беда и несреќа appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Шаќири вели дека владата нема пари за учебници, а има за тендери на братот на Груби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-shakiri-veli-deka-vladata-nema-pari-za-uchebnitsi-a-ima-za-tenderi-na-bratot-na-grubi/ Mon, 27 Mar 2023 06:49:18 +0000 https://republika.mk/?p=624024

Изјавата на министерот за образование дека нема пари за да се испечатат сите учебници за средно образование е доказ дека за СДС и ДУИ приоритет не е образованието и учениците, туку криминалните тендери на фирми блиски до власта. Власта имаше пари да префрли над 1 милион денари на братот на Груби, а нема за учебници, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата има пари да плати надзор од 22 милиони евра, поскап и до 7 пати споредено со други проекти, а нема за учебници. СДС и ДУИ имаат пари за тендерите во РЕК, а немаат за учебници. Власта има пари за приоритетите на Ковачевски и Груби, но нема за учениците, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека потребни се промени.

Власта не е способна да ги реализира работите заради кои всушност постои, како нормално и достапно образование, а сака по секоја цена да остане месец повеќе. Која е целта на владеењето, ако не се способни да го одржат системот, а не пак да го унапредат? Потребни се промени, велат од партијата

The post ВМРО-ДПМНЕ: Шаќири вели дека владата нема пари за учебници, а има за тендери на братот на Груби appeared first on Република.

]]>

Изјавата на министерот за образование дека нема пари за да се испечатат сите учебници за средно образование е доказ дека за СДС и ДУИ приоритет не е образованието и учениците, туку криминалните тендери на фирми блиски до власта. Власта имаше пари да префрли над 1 милион денари на братот на Груби, а нема за учебници, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Владата има пари да плати надзор од 22 милиони евра, поскап и до 7 пати споредено со други проекти, а нема за учебници. СДС и ДУИ имаат пари за тендерите во РЕК, а немаат за учебници. Власта има пари за приоритетите на Ковачевски и Груби, но нема за учениците, се наведува во партиското соопштение. ВМРО-ДПМНЕ посочува дека потребни се промени. Власта не е способна да ги реализира работите заради кои всушност постои, како нормално и достапно образование, а сака по секоја цена да остане месец повеќе. Која е целта на владеењето, ако не се способни да го одржат системот, а не пак да го унапредат? Потребни се промени, велат од партијата

The post ВМРО-ДПМНЕ: Шаќири вели дека владата нема пари за учебници, а има за тендери на братот на Груби appeared first on Република.

]]>
МОН: Новите учебници за основно образование се набавуваат и распределуваат согласно потребите на општините https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-novite-uchebnitsi-za-osnovno-obrazovanie-se-nabavuvaat-i-raspredeluvaat-soglasno-potrebite-na-opshtinite/ Fri, 10 Feb 2023 09:04:17 +0000 https://republika.mk/?p=607249

Новите учебници за основно образование се набавуваат и распределуваат согласно искажаните потреби на општините, информираат од Министерството за образование и наука.

Министерството за образование и наука цени дека неосновано се повикуваат родителите на ученици од основните училишта во општина Тетово да потпишат петиција до МОН со која се бара обезбедување на учебници и корекција на содржински забелешки во истите најдоцна до 28 февруари. Не би сакале да веруваме дека се работи за иницијатива на политички центар и затоа со граѓаните споделуваме повеќе информации за процесот на набавка и испорака на учебници, се наведува во соопштението.

Од МОН потсетуваат дека во тек е реформа на националниот образовен систем во делот на основното образование, која подразбира етапна изработка на нови наставни планови и програми врз основа на кои се изработуваат и нови учебници.

Минатата учебна година беа опфатени прво и трето одделение, а годинава второ и четврто одделение. Учебниците кои се изработени, одобрени и набавени по сите предмети од овие одделенија, а согласно искажаните потреби на училиштата пред почетокот на учебната година, се веќе испорачани и се користат од страна на учениците. Дополнително во тек е испорака на учебници по одредени предмети, за кои постапките за одобрување завршија подоцна од предвиденото време, посочуваат од МОН.

Во другите одделенија нема нови учебници, затоа што, како што нагласуваат од МОН, реформата предвидува нивен опфат во следните учебни години.

Остануваат да важат постојните учебници, кои согласно законските прописи се користат најмногу пет години и од тие причини не се печатат нови количини по одредени предмети и тоа најчесто по ликовно, музичко и техничко образование, потенцираат од Министерството.

Според податоците, како што велат од МОН, општина Тетово оваа учебна година добила најголем тираж на учебници, споредбено со тоа што е побарано од локалната самоуправа. Поточно, од побараните 52.884 учебници, испорачани се 42.000 учебници (79,4 отсто). Претходната учебна година соодносот е 45.563 побарани и 20.440 испорачани учебници (44,8 проценти), додека во 2020-2021 година побарани се 84.575 примероци, а испорачани се 39.725 учебници (43 отсто). Најголем дел од испорачаните учебници се целосно нови, изготвени согласно новите наставни програми кои ги предвидува реформата.

Од МОН истакнуваат дека за учебната 2023/2024 ќе има нови наставни програми за трето и шесто одделение и врз основа на истите ќе се изработат и нови учебници. Постапките, како што се додаваат, се отпочнати и се очекува навремена испорака и тираж кој ќе ги задоволи потребите на сите училишта согласно бројот на ученици.

Со оглед на комплексноста на процесот на реформирање, бројни се и предизвиците, но со залагање на сите чинители, тие се надминуваат. Квалитетен систем на образование не се гради преку ноќ, ниту без совладување на проблеми. Апелираме до сите локални самоуправи, образовни установи и воопшто до граѓаните да се вклучат партнерски и да дадат свој придонес, со цел реформата успешно да биде заокружена, информираат од Министерство за образование и наука.

The post МОН: Новите учебници за основно образование се набавуваат и распределуваат согласно потребите на општините appeared first on Република.

]]>

Новите учебници за основно образование се набавуваат и распределуваат согласно искажаните потреби на општините, информираат од Министерството за образование и наука. Министерството за образование и наука цени дека неосновано се повикуваат родителите на ученици од основните училишта во општина Тетово да потпишат петиција до МОН со која се бара обезбедување на учебници и корекција на содржински забелешки во истите најдоцна до 28 февруари. Не би сакале да веруваме дека се работи за иницијатива на политички центар и затоа со граѓаните споделуваме повеќе информации за процесот на набавка и испорака на учебници, се наведува во соопштението. Од МОН потсетуваат дека во тек е реформа на националниот образовен систем во делот на основното образование, која подразбира етапна изработка на нови наставни планови и програми врз основа на кои се изработуваат и нови учебници. Минатата учебна година беа опфатени прво и трето одделение, а годинава второ и четврто одделение. Учебниците кои се изработени, одобрени и набавени по сите предмети од овие одделенија, а согласно искажаните потреби на училиштата пред почетокот на учебната година, се веќе испорачани и се користат од страна на учениците. Дополнително во тек е испорака на учебници по одредени предмети, за кои постапките за одобрување завршија подоцна од предвиденото време, посочуваат од МОН. Во другите одделенија нема нови учебници, затоа што, како што нагласуваат од МОН, реформата предвидува нивен опфат во следните учебни години. Остануваат да важат постојните учебници, кои согласно законските прописи се користат најмногу пет години и од тие причини не се печатат нови количини по одредени предмети и тоа најчесто по ликовно, музичко и техничко образование, потенцираат од Министерството. Според податоците, како што велат од МОН, општина Тетово оваа учебна година добила најголем тираж на учебници, споредбено со тоа што е побарано од локалната самоуправа. Поточно, од побараните 52.884 учебници, испорачани се 42.000 учебници (79,4 отсто). Претходната учебна година соодносот е 45.563 побарани и 20.440 испорачани учебници (44,8 проценти), додека во 2020-2021 година побарани се 84.575 примероци, а испорачани се 39.725 учебници (43 отсто). Најголем дел од испорачаните учебници се целосно нови, изготвени согласно новите наставни програми кои ги предвидува реформата. Од МОН истакнуваат дека за учебната 2023/2024 ќе има нови наставни програми за трето и шесто одделение и врз основа на истите ќе се изработат и нови учебници. Постапките, како што се додаваат, се отпочнати и се очекува навремена испорака и тираж кој ќе ги задоволи потребите на сите училишта согласно бројот на ученици. Со оглед на комплексноста на процесот на реформирање, бројни се и предизвиците, но со залагање на сите чинители, тие се надминуваат. Квалитетен систем на образование не се гради преку ноќ, ниту без совладување на проблеми. Апелираме до сите локални самоуправи, образовни установи и воопшто до граѓаните да се вклучат партнерски и да дадат свој придонес, со цел реформата успешно да биде заокружена, информираат од Министерство за образование и наука.

The post МОН: Новите учебници за основно образование се набавуваат и распределуваат согласно потребите на општините appeared first on Република.

]]>
Украина отстрани милиони книги од народните библиотеки како дел од акцијата за „дерусификација“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ukraina-otstrani-milioni-knigi-od-narodnite-biblioteki-kako-del-od-aktsijata-za-derusifikatsija/ Wed, 08 Feb 2023 09:53:30 +0000 https://republika.mk/?p=606375

Украина отстрани милиони книги од народните библиотеки како дел од акцијата за „дерусификација“

Имаше насоки за повлекување на книги од автори кои ја поддржаа вооружената агресија на Русија против Украина, изјави Евгенија Кравчук, украинска пратеничка која е заменик-шеф на парламентарната Комисија за хуманитарна и информативна политика.

Има список на такви автори кои се санкционирани. Општо земено, односот на книги на украински и руски јазик во библиотеките е прилично тажен. Затоа сега зборуваме за потребата да се обноват збирките и да се купат книги на украински јазик што е можно поскоро, додаде таа.

Од ноември минатата година, 19 милиони книги се отстранети од народните библиотеки по иницијатива на Министерството за култура за повлекување на „одредени видови книги“.

Украинскиот Парламент тврди дека 44 отсто од книгите во народните библиотеки сè уште се на руски, додека останатите се на украински и на други јазици.

The post Украина отстрани милиони книги од народните библиотеки како дел од акцијата за „дерусификација“ appeared first on Република.

]]>

Украина отстрани милиони книги од народните библиотеки како дел од акцијата за „дерусификација“
Имаше насоки за повлекување на книги од автори кои ја поддржаа вооружената агресија на Русија против Украина, изјави Евгенија Кравчук, украинска пратеничка која е заменик-шеф на парламентарната Комисија за хуманитарна и информативна политика. Има список на такви автори кои се санкционирани. Општо земено, односот на книги на украински и руски јазик во библиотеките е прилично тажен. Затоа сега зборуваме за потребата да се обноват збирките и да се купат книги на украински јазик што е можно поскоро, додаде таа.
Од ноември минатата година, 19 милиони книги се отстранети од народните библиотеки по иницијатива на Министерството за култура за повлекување на „одредени видови книги“. Украинскиот Парламент тврди дека 44 отсто од книгите во народните библиотеки сè уште се на руски, додека останатите се на украински и на други јазици.

The post Украина отстрани милиони книги од народните библиотеки како дел од акцијата за „дерусификација“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на нови книги од академик Нада Поп-Јорданова https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-novi-knigi-od-akademik-nada-pop-jordanova/ Thu, 24 Nov 2022 08:54:19 +0000 https://republika.mk/?p=577635

Во мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив од Скопје, на 25. 11. 2022 година (петок) во 12.00 часот ќе се одржи промоција на новите книги на академик Нада Поп Јорданова „Медицината во сликарството (една слика вреди илјада зборови) и „Генијалност и/или лудило -големите композитори и нивните ментални болести“. За овие две ретки изданија ќе говорат академик Васко Ташковски и проф. д-р Јане Коџобашија.

 

Академик Нада Поп-Јорданова била редовен професор по медицина, медицинска психологија и етика, невропсихологија и развојна психологија.

Целиот работен век го поминала на Клиниката за детски болести, лекувајќи деца со разни педијатриски и психолошки проблеми.

Покрај со лекарска практика, се занимавала со едукација на студенти, постдипломци и докторанти. Последниве години, како член на  МАНУ, исклучиво се занимава со научни истражувања од областа на невронауката.

Досега објавила 20 книги на македонски јазик, неколку поглавја во странски книги на англиски јазик, како и многу статии во дневните весници.

Член е на неколку академии: Светската, Европската, Њујоршката академија за наука и уметност, а за редовен член на МАНУ избрана е во 2012 година.

The post Промоција на нови книги од академик Нада Поп-Јорданова appeared first on Република.

]]>

Во мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив од Скопје, на 25. 11. 2022 година (петок) во 12.00 часот ќе се одржи промоција на новите книги на академик Нада Поп Јорданова „Медицината во сликарството (една слика вреди илјада зборови) и „Генијалност и/или лудило -големите композитори и нивните ментални болести“. За овие две ретки изданија ќе говорат академик Васко Ташковски и проф. д-р Јане Коџобашија.   Академик Нада Поп-Јорданова била редовен професор по медицина, медицинска психологија и етика, невропсихологија и развојна психологија. Целиот работен век го поминала на Клиниката за детски болести, лекувајќи деца со разни педијатриски и психолошки проблеми. Покрај со лекарска практика, се занимавала со едукација на студенти, постдипломци и докторанти. Последниве години, како член на  МАНУ, исклучиво се занимава со научни истражувања од областа на невронауката. Досега објавила 20 книги на македонски јазик, неколку поглавја во странски книги на англиски јазик, како и многу статии во дневните весници. Член е на неколку академии: Светската, Европската, Њујоршката академија за наука и уметност, а за редовен член на МАНУ избрана е во 2012 година.

The post Промоција на нови книги од академик Нада Поп-Јорданова appeared first on Република.

]]>
Книги за Мајка Тереза од денеска во Националната Библиотеката на Рига https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knigi-za-majka-tereza-od-deneska-vo-nacionalnata-bibliotekata-na-riga/ Fri, 11 Nov 2022 11:17:46 +0000 https://republika.mk/?p=572705

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, денеска оствари повеќе работни средби во рамки на билатералната посета на официјална Рига.

Османи се сретна со претседавачот на Комитетот за надворешни односи во латвискиoт парламент (Сајмот), Рихардс Колс. На средба беше изразено задоволство од блиските билатерални односи и тесната соработка меѓу двете држави како во билатерален така и во мултилатерален план. Османи меѓу другото го информираше соговорникот и за текот на евроинтегративниот процес на земјава, потенцирајќи дека во овие сензитивни времиња, неопходно е зајакнување на европската перспектива во земјите од Западниот Балкан, како клучен двигател на европската реформска агенда.

Во рамки на својот престој во Латвија, Османи оствари посета на Националната Библиотека во Рига, при што му беа врачени книги од латвиската книжевност, додека Османи подари книги од македонската книжевност, со цел промоција на македонскиот јазик пред латвиските читатели како и книги за Мајка Тереза.

 

Македонија како земја која негува мултиетничка демократија и e промотор на култура на дијалог, останува посветена за промоција на решавање на отворените прашања исклучиво преку дијалог и меѓусебно разбирање” истакна Османи, реафирмирајќи ја потребата од формирање на Парламентарна група за соработка со Македонија во латвискиот парламент, за што доби поддршка од латвискиот соговорник.

 

The post Книги за Мајка Тереза од денеска во Националната Библиотеката на Рига appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, денеска оствари повеќе работни средби во рамки на билатералната посета на официјална Рига.

Османи се сретна со претседавачот на Комитетот за надворешни односи во латвискиoт парламент (Сајмот), Рихардс Колс. На средба беше изразено задоволство од блиските билатерални односи и тесната соработка меѓу двете држави како во билатерален така и во мултилатерален план. Османи меѓу другото го информираше соговорникот и за текот на евроинтегративниот процес на земјава, потенцирајќи дека во овие сензитивни времиња, неопходно е зајакнување на европската перспектива во земјите од Западниот Балкан, како клучен двигател на европската реформска агенда.

Во рамки на својот престој во Латвија, Османи оствари посета на Националната Библиотека во Рига, при што му беа врачени книги од латвиската книжевност, додека Османи подари книги од македонската книжевност, со цел промоција на македонскиот јазик пред латвиските читатели како и книги за Мајка Тереза.

 

Македонија како земја која негува мултиетничка демократија и e промотор на култура на дијалог, останува посветена за промоција на решавање на отворените прашања исклучиво преку дијалог и меѓусебно разбирање” истакна Османи, реафирмирајќи ја потребата од формирање на Парламентарна група за соработка со Македонија во латвискиот парламент, за што доби поддршка од латвискиот соговорник.

 

The post Книги за Мајка Тереза од денеска во Националната Библиотеката на Рига appeared first on Република.

]]>
Меѓународно истражување: Читањето печатени наместо е-книги, подобро го развива интелектот кај децата https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/megjunarodno-istrazuvanje-chitanjeto-pechateni-namesto-e-knigi-podobro-go-razviva-intelektot-kaj-decata/ Wed, 05 Oct 2022 19:22:46 +0000 https://republika.mk/?p=557701

Читањето електронски книги, се чини, не е толку делотворно како класичните печатени книги што, на пример, ги позајмуваме од библиотеките, посочува ново истражување на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД, кое опфатило 600.000 деца на светско ниво.

Научниците особено обрнале внимание на успехот на децата кои читаат. Според наводите, децата кои претпочитаат книги во облик на „хартија и мастило“ постигнале дури за 49 поени повисоки резултати на тестовите во споредба со оние кои читаат ретко или речиси никогаш. Што се однесува до децата кои претежно читаат во дигитални книги, нивните резултати покажаа дека заостануваат „цела година“ во однос на коефициентот на интелигенција зад првите испитаници, што е навистина голема разлика.

Некои познавачи веруваат дека светлината и треперењето на екранот го оптоваруваат мозокот повеќе од хартијата, а други пак, за ваквите резултати го посочуваат просторот за напишан став, сликите и графиконите на печатената хартија – нешто што, како што тврдат, може да му помогне на ученикот полесно да помни и да се потсети на одредени податоци.

Повеќеслојните задачи, т.е. „мултитаскингот“ се очигледен проблем во денешниот свет. Сепак, при истражувањето, на децата не им било дозволено да пребаруваат на интернет или да користат други апликации кои би можеле да им го одвлечат вниманието. Токму тоа најмногу ги збунува научниците бидејќи, ако одвраќањето не е, тогаш – што е проблемот?

Претходно се сметаше дека луѓето читаат пребрзо кога читаат од екран. Последното истражување, се чини, го доведува и тоа во прашање…

Проф. Вирџинија Клинтон смета дека проблемот можеби е „самоизмамата“ на читателот во врска со екранот. Кога ги прашале колку мислат дека се успешни, децата љубители на екранот постојано го преценувале нивното разбирање на текстот што го читаат, додека љубителите на печатените книги биле многу попрецизни во нивните проценки.

Иако на почетокот звучи безначајно, всушност ова откритие е многу важен фактор во заклучоците до кои дојдовме. Имено, преголемата самодоверба на оние кои читаат книги во дигитален облик е важна оти луѓето кои ги преценуваат своите способности веројатно ќе вложат помалку труд во читањето. Колку помалку труд човекот вложува во читањето на некоја содржина, толку е помала веројатноста да ја разбере. Тоа е така, затоа што читањето со разбирање, како и секое учење, не е воопшто лесно и бара работа - објаснува Клинтон.

Децата кои читаат хартиени книги, исто така, пројавиле поголемо уживање во читањето од оние кои читаат е-книги. Ова се покажаlo точно дури и по корекциите околу демографски разлики, како што е економската позадина.

The post Меѓународно истражување: Читањето печатени наместо е-книги, подобро го развива интелектот кај децата appeared first on Република.

]]>

Читањето електронски книги, се чини, не е толку делотворно како класичните печатени книги што, на пример, ги позајмуваме од библиотеките, посочува ново истражување на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД, кое опфатило 600.000 деца на светско ниво. Научниците особено обрнале внимание на успехот на децата кои читаат. Според наводите, децата кои претпочитаат книги во облик на „хартија и мастило“ постигнале дури за 49 поени повисоки резултати на тестовите во споредба со оние кои читаат ретко или речиси никогаш. Што се однесува до децата кои претежно читаат во дигитални книги, нивните резултати покажаа дека заостануваат „цела година“ во однос на коефициентот на интелигенција зад првите испитаници, што е навистина голема разлика. Некои познавачи веруваат дека светлината и треперењето на екранот го оптоваруваат мозокот повеќе од хартијата, а други пак, за ваквите резултати го посочуваат просторот за напишан став, сликите и графиконите на печатената хартија – нешто што, како што тврдат, може да му помогне на ученикот полесно да помни и да се потсети на одредени податоци. Повеќеслојните задачи, т.е. „мултитаскингот“ се очигледен проблем во денешниот свет. Сепак, при истражувањето, на децата не им било дозволено да пребаруваат на интернет или да користат други апликации кои би можеле да им го одвлечат вниманието. Токму тоа најмногу ги збунува научниците бидејќи, ако одвраќањето не е, тогаш – што е проблемот? Претходно се сметаше дека луѓето читаат пребрзо кога читаат од екран. Последното истражување, се чини, го доведува и тоа во прашање… Проф. Вирџинија Клинтон смета дека проблемот можеби е „самоизмамата“ на читателот во врска со екранот. Кога ги прашале колку мислат дека се успешни, децата љубители на екранот постојано го преценувале нивното разбирање на текстот што го читаат, додека љубителите на печатените книги биле многу попрецизни во нивните проценки.
Иако на почетокот звучи безначајно, всушност ова откритие е многу важен фактор во заклучоците до кои дојдовме. Имено, преголемата самодоверба на оние кои читаат книги во дигитален облик е важна оти луѓето кои ги преценуваат своите способности веројатно ќе вложат помалку труд во читањето. Колку помалку труд човекот вложува во читањето на некоја содржина, толку е помала веројатноста да ја разбере. Тоа е така, затоа што читањето со разбирање, како и секое учење, не е воопшто лесно и бара работа - објаснува Клинтон.
Децата кои читаат хартиени книги, исто така, пројавиле поголемо уживање во читањето од оние кои читаат е-книги. Ова се покажаlo точно дури и по корекциите околу демографски разлики, како што е економската позадина.

The post Меѓународно истражување: Читањето печатени наместо е-книги, подобро го развива интелектот кај децата appeared first on Република.

]]>
Таравари: Светскиот ден на учителите го дочекуваме без учебници и книги https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-svetskiot-den-na-uchitelite-go-dochekuvame-bez-uchebnici-i-knigi/ Wed, 05 Oct 2022 18:06:56 +0000 https://republika.mk/?p=557709

Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари, по повод Светскиот ден на учителите, упати честитка до сите наставници насекаде.

Впо таа пригода, Таравари уште еднаш апелираше до Владата за недостигот на книги во училиштата.

Им честитаме на сите наши учители каде и да се и ја користиме можноста да апелираме за шокантната ситуација предизвикана од недостатокот на учебници. Веќе е втор месец од учебната година и се уште нема книги. Учителите и родителите се загрижени - изјави градоначалникот Таравари.

Општина Гостивар минатата недела констатира недостиг од 25.156 книги во основните и средните училишта во Гостивар и тоа во О.У „Исмаил Ќемали“ има недостиг од 3.193 книги, О.У „Единство“ 428 книги, О.У „Гоце Делчев“ 1,233 книги, О.У „Мустафа Кемал Ататурк“ 2.133 книги, О.У „Ѓон Бузуку“ 2 книги, О.У „Фаик Коница“ 25 книги, О.У „Перпарими“ 1.233 книги О.У „Лирија“ 596 книги, О.У „Форина“ 486, О.У „Чајла“ 76 книги, С.У „Медицина“ 8.985 книги, С.У „Економски“ 943 кнги и С.Т.У „Гостивар“ 5.825 книги.

The post Таравари: Светскиот ден на учителите го дочекуваме без учебници и книги appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари, по повод Светскиот ден на учителите, упати честитка до сите наставници насекаде. Впо таа пригода, Таравари уште еднаш апелираше до Владата за недостигот на книги во училиштата.
Им честитаме на сите наши учители каде и да се и ја користиме можноста да апелираме за шокантната ситуација предизвикана од недостатокот на учебници. Веќе е втор месец од учебната година и се уште нема книги. Учителите и родителите се загрижени - изјави градоначалникот Таравари.
Општина Гостивар минатата недела констатира недостиг од 25.156 книги во основните и средните училишта во Гостивар и тоа во О.У „Исмаил Ќемали“ има недостиг од 3.193 книги, О.У „Единство“ 428 книги, О.У „Гоце Делчев“ 1,233 книги, О.У „Мустафа Кемал Ататурк“ 2.133 книги, О.У „Ѓон Бузуку“ 2 книги, О.У „Фаик Коница“ 25 книги, О.У „Перпарими“ 1.233 книги О.У „Лирија“ 596 книги, О.У „Форина“ 486, О.У „Чајла“ 76 книги, С.У „Медицина“ 8.985 книги, С.У „Економски“ 943 кнги и С.Т.У „Гостивар“ 5.825 книги.

The post Таравари: Светскиот ден на учителите го дочекуваме без учебници и книги appeared first on Република.

]]>
Нови наслови во Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/novi-naslovi-vo-biblioteka-grigor-prlichev-od-ohrid/ Wed, 14 Sep 2022 08:33:17 +0000 https://republika.mk/?p=550583

Во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од денеска побарајте ги следните интересни наслови:
„Последната кралица“ од К.В. Гортнер во издание на „Култура“.
Хуана од Кастилија, последната кралица со чиста шпанска крв што го наследи престолот на својата земја,со векови е енигматична фигура обвиткана со неверојатна мистериозност. Дали таа беше вдовица, како што вели легендата, која беше полудена од нејзината загуба, или историјата погрешно ја проценила жената што била пред своето време?
„Ангел во тело“ од Билјана Тинтоска од Прилеп е роман, во кој таа, со зборови ја плете суштината на животот, тајните на радоста, среќата, тагата, стравот и вербата, вредностите кои не се гледаат со очите, ами се допираат со душата. Наместо вовед во романот, Тинтоска ги избрала стиховите на една извонредна стара македонска песна: „Чуј бледи докторе“.
„Ловец на зајаци“ од Лаш Кеплер од Шведска е роман во издание на „Матица македонска“ и во предговорот стои: - Десет мали зајаци, сите облечени во бело се обидоа да летнат до небото со летачка. Врвцата на летачката се скина и сите паднаа долу. Место на небото отидоа во... Тукушто се стемнило, Софија во големата луксузна вила на периферијата на Стокхолм ја чека новиот клиент.
Уште едн роман од актуелната Јелена Бачиќ – Алимпиќ,  „Клетва“- издание на „Матица македонска“.
... Кога Втората светска војна ќе пристигне на портите на мирното банатско село, идиличниот живот на семејството Станимировиќ од корен ќе се промени. Таткото Јован е приморан да се вклучи во борбата против окупаторот, а најстарата ќерка Душанка му дава завет дека ќе направи сè за да ја заштити мајка си и трите помлади сестри. Во тоа ќе ѝ помогне баба Радојка, надалеку позната по своите моќи и напивки. Дали вистинскиот завет е клетва која ќе се вгнезди во нивните животи? И покрај сите ужаси и страдања, само со љубов може да се слави животот и да се живее, секогаш и засекогаш, тоа е пораката од авторката Бачиќ – Алимпиќ.
„Украдено дество“ од Захарули Спасеска во издание на „Збор“.
Симона и Јован се запознаваат во Охрид каде што се дојдени од различни градови да студираат. Тоа е љубов на прв поглед, искрена и чиста. Нивната радост е попречена од родителите и на двајцата кои се против оваа љубов. И двајцата не разбираат, зошто родителите се против нивната среќа. Можат ли родителите да се непријатели на среќата на децата? Мајката на Симона открива страшна тајна поради која се противи на оваа врска, но сепак и двајцата ја избираат љубовта.

Нивната радост не е целосна поради противењето на родителите, но тие запливуваат во морето на љубовта која завршува со брак. Среќни се и уживаат во животот. Нивната радост е преголема со доаѓањето на нивната ќеркичка во нивниот живот. Сè е убаво до еден кобен момент...
Што се испречува на оваа среќа? Чие детство е украдено?
Библиотеката е од отворен тип и читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите.
Охридската библиотека за читателите е отворена од понеделник до петок од 8 и30 до 18 и 30 часот.
Читалната во одделот за издавање е отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели работи од 9 до 15.00 часот. Читалните ќе можат да ги користат само членовите на Библиотеката.
За потсетување годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.
Прличевата одаја во слободни термини кога во неа нема активности на библиотеката со надомест можат да ја користат како место за одржување настани здруженија од невладиниот сектор и други институции.

The post Нови наслови во Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид appeared first on Република.

]]>

Во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од денеска побарајте ги следните интересни наслови: „Последната кралица“ од К.В. Гортнер во издание на „Култура“. Хуана од Кастилија, последната кралица со чиста шпанска крв што го наследи престолот на својата земја,со векови е енигматична фигура обвиткана со неверојатна мистериозност. Дали таа беше вдовица, како што вели легендата, која беше полудена од нејзината загуба, или историјата погрешно ја проценила жената што била пред своето време? „Ангел во тело“ од Билјана Тинтоска од Прилеп е роман, во кој таа, со зборови ја плете суштината на животот, тајните на радоста, среќата, тагата, стравот и вербата, вредностите кои не се гледаат со очите, ами се допираат со душата. Наместо вовед во романот, Тинтоска ги избрала стиховите на една извонредна стара македонска песна: „Чуј бледи докторе“. „Ловец на зајаци“ од Лаш Кеплер од Шведска е роман во издание на „Матица македонска“ и во предговорот стои: - Десет мали зајаци, сите облечени во бело се обидоа да летнат до небото со летачка. Врвцата на летачката се скина и сите паднаа долу. Место на небото отидоа во... Тукушто се стемнило, Софија во големата луксузна вила на периферијата на Стокхолм ја чека новиот клиент. Уште едн роман од актуелната Јелена Бачиќ – Алимпиќ,  „Клетва“- издание на „Матица македонска“. ... Кога Втората светска војна ќе пристигне на портите на мирното банатско село, идиличниот живот на семејството Станимировиќ од корен ќе се промени. Таткото Јован е приморан да се вклучи во борбата против окупаторот, а најстарата ќерка Душанка му дава завет дека ќе направи сè за да ја заштити мајка си и трите помлади сестри. Во тоа ќе ѝ помогне баба Радојка, надалеку позната по своите моќи и напивки. Дали вистинскиот завет е клетва која ќе се вгнезди во нивните животи? И покрај сите ужаси и страдања, само со љубов може да се слави животот и да се живее, секогаш и засекогаш, тоа е пораката од авторката Бачиќ – Алимпиќ. „Украдено дество“ од Захарули Спасеска во издание на „Збор“. Симона и Јован се запознаваат во Охрид каде што се дојдени од различни градови да студираат. Тоа е љубов на прв поглед, искрена и чиста. Нивната радост е попречена од родителите и на двајцата кои се против оваа љубов. И двајцата не разбираат, зошто родителите се против нивната среќа. Можат ли родителите да се непријатели на среќата на децата? Мајката на Симона открива страшна тајна поради која се противи на оваа врска, но сепак и двајцата ја избираат љубовта. Нивната радост не е целосна поради противењето на родителите, но тие запливуваат во морето на љубовта која завршува со брак. Среќни се и уживаат во животот. Нивната радост е преголема со доаѓањето на нивната ќеркичка во нивниот живот. Сè е убаво до еден кобен момент... Што се испречува на оваа среќа? Чие детство е украдено? Библиотеката е од отворен тип и читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите. Охридската библиотека за читателите е отворена од понеделник до петок од 8 и30 до 18 и 30 часот. Читалната во одделот за издавање е отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели работи од 9 до 15.00 часот. Читалните ќе можат да ги користат само членовите на Библиотеката. За потсетување годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари. Прличевата одаја во слободни термини кога во неа нема активности на библиотеката со надомест можат да ја користат како место за одржување настани здруженија од невладиниот сектор и други институции.

The post Нови наслови во Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид appeared first on Република.

]]>
Почнува кампањата на библиотеката „Браќа Миладиновци“ – „Читаме современи македонски автори“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-kampanjata-na-bibliotekata-brakja-miladinovci-chitame-sovremeni-makedonski-avtori/ Thu, 01 Sep 2022 08:27:08 +0000 https://republika.mk/?p=546301

Следејќи ја мисијата да биде скопско и македонско културно јадро, но и место на паметење, меморија и портал кон културата, а пред сè кон литературата, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје ја иницира кампањата „Читаме современи македонски автори“. Активностите ќе започнат на 1 септември, а целта е на читателите да им се доближат делата на современите македонски писатели од поновата генерација.

– Македонската литература има долга традиција, а нејзината вредност ја продолжуваат авторите кои ни се современици, наши колеги, сограѓани, луѓе со кои заедно го креираме македонскиот културен контекст. Свесни сме дека, како земја и култура, немаме изградена стратегија за превод на македонската литература на светски јазици, дека многу од нашите автори иако заслужуваат, немаат ниту еден превод надвор од нашите граници, но тоа не нè обесхрабрува. Напротив, сметаме дека токму нашите читатели треба да бидат тие кои ги читаат домашните писатели. Оттука нашиот порив да поттикнеме што поголем интерес за домашната литература и за македонските автори. Тоа го правиме во соработка со македонските издавачи, кои засега одлично одговараат на повикот и на идејата за кампањата – вели директорката Снежана Стојчевска.

Кампањата „Читаме современи македонски автори“ ќе се одвива низ неколку активности: Библиотеката ќе предлага книга на месецот, која ќе биде достапна во сите објекти, потоа ќе следува разговор со авторот и на крајот – Клуб на читатели, кој ќе биде отворен за сите што ќе сакаат да ги споделат своите впечатоци по читањето на делото.

Проектот, како што информираат од Градската библиотека, започнува на 1 септември со книгата „Сфинга на гневот“ од авторот Жарко Кујунџиски.

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ е основана во 1945 година. Денес во нејзиниот состав работат четири централни библиотеки, 14 подружници и една подвижна библиотека и брои околу 26 илјади членови.

 

The post Почнува кампањата на библиотеката „Браќа Миладиновци“ – „Читаме современи македонски автори“ appeared first on Република.

]]>

Следејќи ја мисијата да биде скопско и македонско културно јадро, но и место на паметење, меморија и портал кон културата, а пред сè кон литературата, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје ја иницира кампањата „Читаме современи македонски автори“. Активностите ќе започнат на 1 септември, а целта е на читателите да им се доближат делата на современите македонски писатели од поновата генерација.
– Македонската литература има долга традиција, а нејзината вредност ја продолжуваат авторите кои ни се современици, наши колеги, сограѓани, луѓе со кои заедно го креираме македонскиот културен контекст. Свесни сме дека, како земја и култура, немаме изградена стратегија за превод на македонската литература на светски јазици, дека многу од нашите автори иако заслужуваат, немаат ниту еден превод надвор од нашите граници, но тоа не нè обесхрабрува. Напротив, сметаме дека токму нашите читатели треба да бидат тие кои ги читаат домашните писатели. Оттука нашиот порив да поттикнеме што поголем интерес за домашната литература и за македонските автори. Тоа го правиме во соработка со македонските издавачи, кои засега одлично одговараат на повикот и на идејата за кампањата – вели директорката Снежана Стојчевска.
Кампањата „Читаме современи македонски автори“ ќе се одвива низ неколку активности: Библиотеката ќе предлага книга на месецот, која ќе биде достапна во сите објекти, потоа ќе следува разговор со авторот и на крајот – Клуб на читатели, кој ќе биде отворен за сите што ќе сакаат да ги споделат своите впечатоци по читањето на делото. Проектот, како што информираат од Градската библиотека, започнува на 1 септември со книгата „Сфинга на гневот“ од авторот Жарко Кујунџиски. ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ е основана во 1945 година. Денес во нејзиниот состав работат четири централни библиотеки, 14 подружници и една подвижна библиотека и брои околу 26 илјади членови.  

The post Почнува кампањата на библиотеката „Браќа Миладиновци“ – „Читаме современи македонски автори“ appeared first on Република.

]]>
Петар Пеца Поповиќ промовира три книги во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/petar-peca-popovikj-promovira-tri-knigi-vo-skopje/ Mon, 30 May 2022 07:45:30 +0000 https://republika.mk/?p=508567

Најзначајниот музички новинар во регионот, легендарниот рок-критичар Петар Пеца Поповиќ, некогашен уредник на влијателните списанија „Џубокс“ и „Рок“, на 1-ви јуни во 19.30 часот, во кафе-книжарница „Буква“, ќе промовира три свои книги, објавени во изминативе три години – „Пролет во Топчидер“, „Траги во бескрајот“ и актуелната „Чуварот на ‘бувља пијаца’“.

Настанот е во организација на СПОНА – Српскиот културно информативен центар во Македонија.

Со Пеца Поповиќ пред македонските љубители на пишаниот збор, со акцент на ‘музички’, ќе биде и професорот Михајло Пантиќ, кој се потпишува како уредник на неговите книги, објавени под закрилата на Книжевната општина Вршац (КОВ), а модератор на настанот ќе биде новинарот Иван Беќковиќ.

Како музички гости, промоцијата ќе ја збогатат Елена Христова и Сибо, од познатиот музички состав „Баклава“.

Поповиќ, кој како музички новинар остави важен белег на регионалната сцена, како критичар и хроничар, во неколку наврати беше главен и одговорен уредник на влијателната дискографска куќа ПГП-РТС, за домашна и лиценцна програма, као и уредник на музичкото радио 101, и на прва независна ТВ куќа – „ОК канал“.

Во негова режија се случија и два најголеми музички карвани во Југославија, кога во Загреб и во Скопје ги донесе најголемите регионални музички ѕвезди. На негова идеја за голем бесплатен концерт во Белград, Горан Бреговиќ и „Бијело дугме“ на 28 август 1977 година го одржаа антологискиот „Концерт код Хајдучке чесме“, настан кој и денес се смета за „југословенски Вудсток“.

Активен и во осма деценија од животот, Пеца Поповиќ ги потпишува книгите: „Ракописи“ (2008), „Кикинда short 04 – две приказни“ (2010), „Да се биде рокенрол“ (2011, заедно со Михајло Пантиќ), „Пролет во Топчидер“ (2020), „Траги во бескрајот“ (2021) и „Чуварот на ‘бувља пијаца’“ (2022).

 

The post Петар Пеца Поповиќ промовира три книги во Скопје appeared first on Република.

]]>

Најзначајниот музички новинар во регионот, легендарниот рок-критичар Петар Пеца Поповиќ, некогашен уредник на влијателните списанија „Џубокс“ и „Рок“, на 1-ви јуни во 19.30 часот, во кафе-книжарница „Буква“, ќе промовира три свои книги, објавени во изминативе три години – „Пролет во Топчидер“, „Траги во бескрајот“ и актуелната „Чуварот на ‘бувља пијаца’“. Настанот е во организација на СПОНА – Српскиот културно информативен центар во Македонија. Со Пеца Поповиќ пред македонските љубители на пишаниот збор, со акцент на ‘музички’, ќе биде и професорот Михајло Пантиќ, кој се потпишува како уредник на неговите книги, објавени под закрилата на Книжевната општина Вршац (КОВ), а модератор на настанот ќе биде новинарот Иван Беќковиќ. Како музички гости, промоцијата ќе ја збогатат Елена Христова и Сибо, од познатиот музички состав „Баклава“. Поповиќ, кој како музички новинар остави важен белег на регионалната сцена, како критичар и хроничар, во неколку наврати беше главен и одговорен уредник на влијателната дискографска куќа ПГП-РТС, за домашна и лиценцна програма, као и уредник на музичкото радио 101, и на прва независна ТВ куќа – „ОК канал“. Во негова режија се случија и два најголеми музички карвани во Југославија, кога во Загреб и во Скопје ги донесе најголемите регионални музички ѕвезди. На негова идеја за голем бесплатен концерт во Белград, Горан Бреговиќ и „Бијело дугме“ на 28 август 1977 година го одржаа антологискиот „Концерт код Хајдучке чесме“, настан кој и денес се смета за „југословенски Вудсток“. Активен и во осма деценија од животот, Пеца Поповиќ ги потпишува книгите: „Ракописи“ (2008), „Кикинда short 04 – две приказни“ (2010), „Да се биде рокенрол“ (2011, заедно со Михајло Пантиќ), „Пролет во Топчидер“ (2020), „Траги во бескрајот“ (2021) и „Чуварот на ‘бувља пијаца’“ (2022).  

The post Петар Пеца Поповиќ промовира три книги во Скопје appeared first on Република.

]]>
Арсовска: Се регулира статусот на закупците на дрвените куќарки на кејот кои од 2018 година се без договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-se-regulira-statusot-na-zakupcite-na-drvenite-kukjarki-na-kejot-koi-od-2018-godina-se-bez-dogovor/ Fri, 15 Apr 2022 08:01:08 +0000 https://republika.mk/?p=488753

Новата постапка за издавање на дрвените куќарки на кејот „13 Ноември“ Градот Скопје ќе ја води со крајна цел заштита на закупците кои продаваат книги на кејот, истакна градоначалничката Данела Арсовска на средбата со претставници на корисниците на овие куќарки, со кои разговараше за затекнатата правна состојба и за условите во кои тие работат.

Корисниците на куќарки на кејот „13 Ноември“ се оставени без активни договори со Град Скопје од 01.02.2018 година, односно веќе четири години немаат регулиран статус и правен основ за користење.

Овие лица за првпат се пријавиле на јавен оглас во 2011 година со договор од времетраење од една година, што се продолжувал со анекс секоја наредна година, со што договорите им се прекинати од 31.01.2018 година.

Градот Скопје информира дека постојната состојба ги оштетува лицата кои ги користат куќичките бидејќи немаат решен статус, како и Градот при што се дозволило 4 години истите да немаат регулирани односи со договор.

Сите постапки кои Градот Скопје ги спроведува мора да бидат според законот и во целосно транспарентна постапка за да се создаваат позитивни политики за доброто на граѓаните, но и во насока на заштита на корисниците на куќарките, кои ќе можат правно да го регулираат својот статус и правото на користење на истите.

 

The post Арсовска: Се регулира статусот на закупците на дрвените куќарки на кејот кои од 2018 година се без договор appeared first on Република.

]]>

Новата постапка за издавање на дрвените куќарки на кејот „13 Ноември“ Градот Скопје ќе ја води со крајна цел заштита на закупците кои продаваат книги на кејот, истакна градоначалничката Данела Арсовска на средбата со претставници на корисниците на овие куќарки, со кои разговараше за затекнатата правна состојба и за условите во кои тие работат. Корисниците на куќарки на кејот „13 Ноември“ се оставени без активни договори со Град Скопје од 01.02.2018 година, односно веќе четири години немаат регулиран статус и правен основ за користење. Овие лица за првпат се пријавиле на јавен оглас во 2011 година со договор од времетраење од една година, што се продолжувал со анекс секоја наредна година, со што договорите им се прекинати од 31.01.2018 година. Градот Скопје информира дека постојната состојба ги оштетува лицата кои ги користат куќичките бидејќи немаат решен статус, како и Градот при што се дозволило 4 години истите да немаат регулирани односи со договор. Сите постапки кои Градот Скопје ги спроведува мора да бидат според законот и во целосно транспарентна постапка за да се создаваат позитивни политики за доброто на граѓаните, но и во насока на заштита на корисниците на куќарките, кои ќе можат правно да го регулираат својот статус и правото на користење на истите.  

The post Арсовска: Се регулира статусот на закупците на дрвените куќарки на кејот кои од 2018 година се без договор appeared first on Република.

]]>