клуб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klub/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Aug 2024 13:48:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png клуб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klub/ 32 32 Прилепчанец претресен во клуб во Охрид, кај него најдена бела прашкаста материја https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prilepchanets-pretresen-vo-klub-vo-ohrid-kaj-nego-najdena-bela-prashkasta-materija/ Sat, 03 Aug 2024 13:48:44 +0000 https://republika.mk/?p=803060

На 03.08.2024 во 03:15 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, извршија преглед врз А.М.(29) од Прилеп и притоа, пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Прилепчанец претресен во клуб во Охрид, кај него најдена бела прашкаста материја appeared first on Република.

]]>

На 03.08.2024 во 03:15 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, извршија преглед врз А.М.(29) од Прилеп и притоа, пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Прилепчанец претресен во клуб во Охрид, кај него најдена бела прашкаста материја appeared first on Република.

]]>
Луѓето паѓале како кукли од балконот: Ужас во ноќен клуб, минимун 15 повредни, а има и мртви https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lugeto-pagale-kako-kukli-od-balkonot-uzhas-vo-noken-klub-minimun-15-povredni-a-ima-i-mrtvi/ Sun, 09 Jun 2024 09:35:03 +0000 https://republika.mk/?p=785878

Две лица загинаа, а 15 се повредени при уривање на балкон во ноќен клуб во мексиканскиот град Сант Луис Потоси, соопшти Државната служба за цивилна заштита на Мексико (ЦЕПЦ).

Несреќата се случила во ноќниот клуб „Рич“ во локалниот трговски центар Алтус, пишува мексиканскиот дневен весник Миленио.

Се наведува дека клубот немал соодветни дозволи за работа и оти директорот на трговскиот центар Маурицио Ордаз Флорес изјавил дека Државната служба за цивилна заштита извршила проверка на 15 март и утврдила дека клубот не ги исполнува безбедносните стандарди.

The post Луѓето паѓале како кукли од балконот: Ужас во ноќен клуб, минимун 15 повредни, а има и мртви appeared first on Република.

]]>

Две лица загинаа, а 15 се повредени при уривање на балкон во ноќен клуб во мексиканскиот град Сант Луис Потоси, соопшти Државната служба за цивилна заштита на Мексико (ЦЕПЦ). Несреќата се случила во ноќниот клуб „Рич“ во локалниот трговски центар Алтус, пишува мексиканскиот дневен весник Миленио. Се наведува дека клубот немал соодветни дозволи за работа и оти директорот на трговскиот центар Маурицио Ордаз Флорес изјавил дека Државната служба за цивилна заштита извршила проверка на 15 март и утврдила дека клубот не ги исполнува безбедносните стандарди.

The post Луѓето паѓале како кукли од балконот: Ужас во ноќен клуб, минимун 15 повредни, а има и мртви appeared first on Република.

]]>
„На тетка ми и беше забранет влез во клуб во Грција бидејќи е „премногу дебела“, а таа е многу убава жена“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-tetka-mi-i-beshe-zabranet-vlez-vo-klub-vo-grtsija-bidejki-e-premnogu-debela-a-taa-e-mnogu-ubava-zhena/ Fri, 04 Aug 2023 14:26:14 +0000 https://republika.mk/?p=668765

Една жена која објавува на TikTok под името @bellatirico им се пожали на своите следбеници на грубоста на персоналот во популарниот клуб на плажа на грчкиот остров Миконос.

- Нормално никогаш не објавувам вакви работи, но премногу сум вознемирена и морам да го споделам искуството што го имав на Миконос - напиша таа во долга објава под видеото на кое се гледа како маж на влезот од клубот на плажа мавта со раката објаснувајќи се со гостинките.

24sata

- За време на нашиот одмор, со тетка ми решивме да го посетиме Скорпиос, клуб на плажа за кој многу слушавме. Не ни сонував дека оваа посета може да прерасне во инцидент кој не остави без зборови и длабоко повредени - продолжи жената објаснувајќи дека нејзината тетка е многу убава жена, но вратарот на влезот во клубот и рекол дека не може да и дозволи влез во клубот.

- Причината? Тие рекоа дека е „премногу дебела за да ја пушти да влезе“. Таквото однесување навредува и во исто време е неприфатливо. Никогаш не треба никого да судиме по изгледот. Не го споделувам ова искуство за да го срамам персоналот, туку за да ја подигнам свеста за важноста на љубезноста и вклученоста. Секој е убав и вреден и заслужува почит. Запомнете, само убавината што ја носиме во себе е вредна. Шириме љубов, добрина и разбирање, не само на Миконос туку и насекаде - напишала револтираната внука покажувајќи како вратарот тогаш им дозволил влез на девојките кои немале ни резервација без дополнителни прашања. На крајот покажала фотографија од нејзината тетка, а потоа и видео од маж кој и се внесол во лице додека снимала со мобилен телефон.

@bellatirico Sorry, I never post anything like this but I’m sooo upset and needed to share an experience from Mykonos. During our vacation, my aunt and I were excited to visit Scorpios, a beach club that we had heard so much about. Little did we know that this visit would be tainted by an incident that left us speechless and deeply hurt. As we approached the entrance, my aunt, who is beautiful, was denied entry by the staff at Scorpios. The reason? They said she was "too fat" to be allowed inside. This kind is not only hurtful but unacceptable. No one should ever be judged based on their appearance. I'm sharing this experience not to shame the establishment, but to raise awareness about the importance of kindness and inclusion. Everyone is beautiful, worthy, and deserving of respect. Remember, it's the beauty within us that truly matters. Let's spread love, kindness, and understanding, not just in Mykonos but everywhere we go. #mykonos #scorpios #scorpiosmykonos #bodypositivity ♬ original sound - bella tirico

Таа додаде дека им било кажано дека таму е забрането снимање.

Следбениците беа подеднакво запреастени и оставија повеќе од 11.000 коментари на видеото. Тие и препорачаа да остави негативни критики на Google review или Trip Advisor.

24sata

- Воопшто не е дебела, убава е - пишува придружничката.

- Кога бев во Миконос, келнерот ме праша дали сум Американка бидејќи имам многу големи стапала. Носам број 40 - друга жена го сподели своето негативно искуство.

The post „На тетка ми и беше забранет влез во клуб во Грција бидејќи е „премногу дебела“, а таа е многу убава жена“ appeared first on Република.

]]>

Една жена која објавува на TikTok под името @bellatirico им се пожали на своите следбеници на грубоста на персоналот во популарниот клуб на плажа на грчкиот остров Миконос.
- Нормално никогаш не објавувам вакви работи, но премногу сум вознемирена и морам да го споделам искуството што го имав на Миконос - напиша таа во долга објава под видеото на кое се гледа како маж на влезот од клубот на плажа мавта со раката објаснувајќи се со гостинките.
24sata - За време на нашиот одмор, со тетка ми решивме да го посетиме Скорпиос, клуб на плажа за кој многу слушавме. Не ни сонував дека оваа посета може да прерасне во инцидент кој не остави без зборови и длабоко повредени - продолжи жената објаснувајќи дека нејзината тетка е многу убава жена, но вратарот на влезот во клубот и рекол дека не може да и дозволи влез во клубот. - Причината? Тие рекоа дека е „премногу дебела за да ја пушти да влезе“. Таквото однесување навредува и во исто време е неприфатливо. Никогаш не треба никого да судиме по изгледот. Не го споделувам ова искуство за да го срамам персоналот, туку за да ја подигнам свеста за важноста на љубезноста и вклученоста. Секој е убав и вреден и заслужува почит. Запомнете, само убавината што ја носиме во себе е вредна. Шириме љубов, добрина и разбирање, не само на Миконос туку и насекаде - напишала револтираната внука покажувајќи како вратарот тогаш им дозволил влез на девојките кои немале ни резервација без дополнителни прашања. На крајот покажала фотографија од нејзината тетка, а потоа и видео од маж кој и се внесол во лице додека снимала со мобилен телефон.
@bellatirico Sorry, I never post anything like this but I’m sooo upset and needed to share an experience from Mykonos. During our vacation, my aunt and I were excited to visit Scorpios, a beach club that we had heard so much about. Little did we know that this visit would be tainted by an incident that left us speechless and deeply hurt. As we approached the entrance, my aunt, who is beautiful, was denied entry by the staff at Scorpios. The reason? They said she was "too fat" to be allowed inside. This kind is not only hurtful but unacceptable. No one should ever be judged based on their appearance. I'm sharing this experience not to shame the establishment, but to raise awareness about the importance of kindness and inclusion. Everyone is beautiful, worthy, and deserving of respect. Remember, it's the beauty within us that truly matters. Let's spread love, kindness, and understanding, not just in Mykonos but everywhere we go. #mykonos #scorpios #scorpiosmykonos #bodypositivity ♬ original sound - bella tirico
Таа додаде дека им било кажано дека таму е забрането снимање. Следбениците беа подеднакво запреастени и оставија повеќе од 11.000 коментари на видеото. Тие и препорачаа да остави негативни критики на Google review или Trip Advisor. 24sata - Воопшто не е дебела, убава е - пишува придружничката. - Кога бев во Миконос, келнерот ме праша дали сум Американка бидејќи имам многу големи стапала. Носам број 40 - друга жена го сподели своето негативно искуство.

The post „На тетка ми и беше забранет влез во клуб во Грција бидејќи е „премногу дебела“, а таа е многу убава жена“ appeared first on Република.

]]>
„Панична и импотентна“ е одлуката за бришење на „Иван Михајлов“ од Централниот регистар, смета Радев https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/panichna-i-impotentna-e-odlukata-za-brishene-na-ivan-mihajlov-od-tsentralniot-registar-smeta-radev/ Thu, 23 Mar 2023 11:50:25 +0000 https://republika.mk/?p=622850

Бугарскиот претседател, Румен Радев одлуката на властите во Македонија да го избришат бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола ја дефинира како израз на немоќ и паника.

Ова одекнува многу лошо во ЕУ. Оваа одлука е израз на паника и импотенција, бидејќи властите во Република Македонија мора конечно да признаат дека има македонски Бугари и бугарско присуство во Македонија не сега, туку со векови – веќе 1300 години. И бришењето на имињата на бугарските клубови нема да ја избрише цврстата определба на Бугарија и нашите европски партнери, Република Македонија, да ги вклучат Бугарите во нивниот устав - рече тој.

The post „Панична и импотентна“ е одлуката за бришење на „Иван Михајлов“ од Централниот регистар, смета Радев appeared first on Република.

Градоначалникот на Благоевград: Ќе ги казнам напаѓачите на македонскиот клуб кога Скопје ќе ги казни полицајците https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/gradonachalnikot-na-blagoevgrad-ke-gi-kaznam-napagachite-na-makedonskiot-klub-koga-skopje-ke-gi-kazni-politsajtsite/ Wed, 08 Feb 2023 09:02:33 +0000 https://republika.mk/?p=606321

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Бугарија беше оштетен пред неколку дена, а вчера беа приведени двајца вработени во општинското претпријатие „Озеленување“ на општина Благоевград.

Градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов кажа дека судот е надлежен за изрекување на казни.

Ако се докаже нивна вина, јас ќе го применам принципот на реципроцитет на казните. Тоа значи дека ќе ги казнам со иста казна каква што ќе добијат цариниците, граничната полиција и другите функционери на  Македонија кои предизвикаа ментално и физичко насилство врз Бугарите - кажа Стојанов.

The post Градоначалникот на Благоевград: Ќе ги казнам напаѓачите на македонскиот клуб кога Скопје ќе ги казни полицајците appeared first on Република.

]]>

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Бугарија беше оштетен пред неколку дена, а вчера беа приведени двајца вработени во општинското претпријатие „Озеленување“ на општина Благоевград. Градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов кажа дека судот е надлежен за изрекување на казни.
Ако се докаже нивна вина, јас ќе го применам принципот на реципроцитет на казните. Тоа значи дека ќе ги казнам со иста казна каква што ќе добијат цариниците, граничната полиција и другите функционери на  Македонија кои предизвикаа ментално и физичко насилство врз Бугарите - кажа Стојанов.

The post Градоначалникот на Благоевград: Ќе ги казнам напаѓачите на македонскиот клуб кога Скопје ќе ги казни полицајците appeared first on Република.

]]>
Тројца маскирани го гаѓале клубот во Охрид: Бугарска телевизија објави снимка од нападот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/trojca-maskirani-go-gagjale-klubot-vo-ohrid-bugarska-televizija-objavi-snimka-od-napadot/ Tue, 22 Nov 2022 09:34:52 +0000 https://republika.mk/?p=576831

Бугарската телевизија БТВ утрово објави снимка од нападот врз бугарскиот културен центар „Цар Борис Трети“ во Охрид.

На снимката може да се видат три лица со маски на лицето како го гаѓаат клубот со тврди предмети. Потоа тројцата бегаат.

The post Тројца маскирани го гаѓале клубот во Охрид: Бугарска телевизија објави снимка од нападот appeared first on Република.

]]>

Бугарската телевизија БТВ утрово објави снимка од нападот врз бугарскиот културен центар „Цар Борис Трети“ во Охрид. На снимката може да се видат три лица со маски на лицето како го гаѓаат клубот со тврди предмети. Потоа тројцата бегаат.

The post Тројца маскирани го гаѓале клубот во Охрид: Бугарска телевизија објави снимка од нападот appeared first on Република.

]]>
Борислав Божинов од ОМО Илинден најавува отварање на приватен македонски клуб во село кај Пловдив https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/borislav-bozinov-od-omo-ilinden-najavuva-otvaranje-na-privaten-makedonski-klub-vo-selo-kaj-plovdiv/ Sun, 06 Nov 2022 13:40:33 +0000 https://republika.mk/?p=570371

Македонците од Бугарија не се откажуваат од формирање на приватни македонски клубови, по затварањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Борислав Божинов од ОМО Илинден најавува дека во неговиот двор, гаража од 30 метри квадратни во село Крумово на пет километри од Пловдив ќе го отвори приватeн клуб.

Божинов заедно со Кирил Иванов од ОМО Илинден денеска присуствуваат на семакедонскиот собир во организација на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип.

Решив да си отворам клуб во мојот двор, имам гаража голема е околу 30 метри квадратни и напролет ќе оворам приватен клуб и да немам врска со државата и ништо. Клубот ќе се вика „Јане Сандански“ или „Македонија“, се уште немаме решено како ќе се нарекува, вели Божинов.

Тој посочува дека целта на отварањето на клубот е да се подигне самосвеста, како и признавање на Македонците во Бугарија и Пловдив.

Има многу бегалци од егејскиот дел на Македонија во Пловдив, цел кварт е, а нашите Македонци го крстиле „Мал Париз“, вели Божинов.

Тој забележа дека бугарските власти знаат за неговите намери и како што вели, Македонци се следени во сите нивни активности, но тоа не го загрижува. Што се однесува за младите, Божинов вели дека младите не се запознати ниту со историјата и немаат сознание за нивните корени и национална припадност.

Токму поради тоа и сакам да го отворам клубот да им се врати самосвеста. Во Половдив, но и низ селата има околу 100.000 бегалци од егејска Македонија, додава Божинов.

Кирил Иванов од „ОМО Илинден“ вели дека откако бугарскиот суд го затвори клубот „Никола Вапцаров“, кој беше отворен минатата недела во Благоевград под силно полициско обезбедување и провокации, сега ситуацијата е нормална.

Иванов посочи дека борбата за нивните права во Бугарија ќе продолжи, како и досега, а прашан дали ќе формираат ново здружение и клуб во Благоевград изјави дека ќе одлучат што понатаму во вторник, кога имаат средба.

The post Борислав Божинов од ОМО Илинден најавува отварање на приватен македонски клуб во село кај Пловдив appeared first on Република.

]]>

Македонците од Бугарија не се откажуваат од формирање на приватни македонски клубови, по затварањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Борислав Божинов од ОМО Илинден најавува дека во неговиот двор, гаража од 30 метри квадратни во село Крумово на пет километри од Пловдив ќе го отвори приватeн клуб. Божинов заедно со Кирил Иванов од ОМО Илинден денеска присуствуваат на семакедонскиот собир во организација на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип.
Решив да си отворам клуб во мојот двор, имам гаража голема е околу 30 метри квадратни и напролет ќе оворам приватен клуб и да немам врска со државата и ништо. Клубот ќе се вика „Јане Сандански“ или „Македонија“, се уште немаме решено како ќе се нарекува, вели Божинов.
Тој посочува дека целта на отварањето на клубот е да се подигне самосвеста, како и признавање на Македонците во Бугарија и Пловдив.
Има многу бегалци од егејскиот дел на Македонија во Пловдив, цел кварт е, а нашите Македонци го крстиле „Мал Париз“, вели Божинов.
Тој забележа дека бугарските власти знаат за неговите намери и како што вели, Македонци се следени во сите нивни активности, но тоа не го загрижува. Што се однесува за младите, Божинов вели дека младите не се запознати ниту со историјата и немаат сознание за нивните корени и национална припадност.
Токму поради тоа и сакам да го отворам клубот да им се врати самосвеста. Во Половдив, но и низ селата има околу 100.000 бегалци од егејска Македонија, додава Божинов.
Кирил Иванов од „ОМО Илинден“ вели дека откако бугарскиот суд го затвори клубот „Никола Вапцаров“, кој беше отворен минатата недела во Благоевград под силно полициско обезбедување и провокации, сега ситуацијата е нормална. Иванов посочи дека борбата за нивните права во Бугарија ќе продолжи, како и досега, а прашан дали ќе формираат ново здружение и клуб во Благоевград изјави дека ќе одлучат што понатаму во вторник, кога имаат средба.

The post Борислав Божинов од ОМО Илинден најавува отварање на приватен македонски клуб во село кај Пловдив appeared first on Република.

]]>
Голем број граѓани се собираат пред македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/golem-broj-gragjani-se-sobiraat-pred-makedonskiot-kulturen-centar-nikola-vapcarov/ Sun, 30 Oct 2022 10:41:06 +0000 https://republika.mk/?p=567344

Како што беше и најавено, денеска во Благоевград, Бугарија се отвора македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“. Голем број граѓани се собираат пред просторот на овој македонски клуб.

Очекувано, екипа од локалната полициска управа од раните утрински часови дежура пред клубот.

Во меѓувреме се очекува и протест на ВМРО пред споменикот на Гоце Делчев во центарот на градот.

Атанас Мазнов од македонскиот културен клуб во изјава за медиумите рече дека клубот го отвараат заради зближување на двата народа. Мазнов се надева дека како што Бугарите ќе влезат во Уставот на Македонија, така и македонското малцинство во Бугарија да ги добие своите права.

Во просториите на клубот веќе се пристигнати претставници од ОМО Илинден-Пирин, а од македонските официјални претставници пристигна генералниот секретар во Кабинетот на претседателот на државата Миле Бошњаковски. Присутни се и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на Левица Димитар Апасиев.

На отворањето на клубот присуствува и грчкиот отец Никодим Царкњас, кој порача дека Бугарија не треба да се плаши од отворањето на клубот, туку напротив со ова треба да покаже дека е вистинска, демократска и европска држава.

Во Грција направивме друштво со името на Крсте Мисирков и денес работиме слободно, нема никој против. Кога отидовме во судот, не ни рекоа што име е ова – Крсте Мисирков. Три години работиме. Затоа и Бугарија не треба да се плаши од овој клуб што денеска се отвара, истакна Царкњас во изјава за медиумите.

Наспроти македонскиот клуб, во организација на ВМРО – Бугарско национално движење отворена е изложба со бугарското знаме и слика од цар Борис Трети и дел од македонските револуционери меѓу кои Гоце Делчев и Јане Сандански проследена со гласна музика. ВМРО-Бугарско национално движење најави и протест.

The post Голем број граѓани се собираат пред македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ appeared first on Република.

]]>

Како што беше и најавено, денеска во Благоевград, Бугарија се отвора македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“. Голем број граѓани се собираат пред просторот на овој македонски клуб. Очекувано, екипа од локалната полициска управа од раните утрински часови дежура пред клубот. Во меѓувреме се очекува и протест на ВМРО пред споменикот на Гоце Делчев во центарот на градот. Атанас Мазнов од македонскиот културен клуб во изјава за медиумите рече дека клубот го отвараат заради зближување на двата народа. Мазнов се надева дека како што Бугарите ќе влезат во Уставот на Македонија, така и македонското малцинство во Бугарија да ги добие своите права. Во просториите на клубот веќе се пристигнати претставници од ОМО Илинден-Пирин, а од македонските официјални претставници пристигна генералниот секретар во Кабинетот на претседателот на државата Миле Бошњаковски. Присутни се и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на Левица Димитар Апасиев. На отворањето на клубот присуствува и грчкиот отец Никодим Царкњас, кој порача дека Бугарија не треба да се плаши од отворањето на клубот, туку напротив со ова треба да покаже дека е вистинска, демократска и европска држава. Во Грција направивме друштво со името на Крсте Мисирков и денес работиме слободно, нема никој против. Кога отидовме во судот, не ни рекоа што име е ова – Крсте Мисирков. Три години работиме. Затоа и Бугарија не треба да се плаши од овој клуб што денеска се отвара, истакна Царкњас во изјава за медиумите. Наспроти македонскиот клуб, во организација на ВМРО – Бугарско национално движење отворена е изложба со бугарското знаме и слика од цар Борис Трети и дел од македонските револуционери меѓу кои Гоце Делчев и Јане Сандански проследена со гласна музика. ВМРО-Бугарско национално движење најави и протест.

The post Голем број граѓани се собираат пред македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Отварање на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Благоевград https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zivo-otvaranje-na-makedonskiot-kulturen-centar-nikola-vapcarov-vo-blagoevgrad/ Sun, 30 Oct 2022 10:04:26 +0000 https://republika.mk/?p=567330

Следете го во живо отварањето на Македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Благоевград. На настанот присуствува и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

The post ВО ЖИВО: Отварање на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Благоевград appeared first on Република.

Одлуката за неприсуството на антимакедонската СДС на отворањето на клубот во Благоевград е понижувачка и недостојна кон македонското малцинство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odlukata-za-neprisustvoto-na-antimakedonskata-sds-na-otvoranjeto-na-klubot-vo-blagoevgrad-e-ponizuvachka-i-nedostojna-kon-makedonskoto-malcinstvo/ Sun, 30 Oct 2022 08:45:35 +0000 https://republika.mk/?p=567305

Срамна е одлуката на антимакедонската влада предводена од Ковачевски да не присуствуваат на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Изјавите од функционерите на СДС дека отворањето на културниот клуб во Благоевград е приватен настан, се навредите на СДС кон македонското малцинство во Бугарија.

Одлуката за неприсуството на овој настан од страна на антимакедонската власт е понижувачка и недостојна. Македонското малцинство во Бугарија заслужува почит и грижа од страна на државата.

Овој настан е одлична можност да се покаже национално единство и поддршка за македонското малцинство во Бугарија. Но власта на СДС не се надмина себеси, и не ја надмина својата поданичка политика. Антимакедонската СДС одлучи да слугува за туѓи интереси.

Наспроти бугарските клубови отворени во Македонија, кои носат фашистички имиња, македонскиот клуб во Благоевград носи име на големиот деец Никола Вапцаров, лик од историјата кој обединувал и поврзувал.

Антимакедонската СДС води целосна негрижа за своите граѓани, како во државата, така и надвор од неа. Додека дома целосно ја опљачка државата и ги осиромаши граѓаните, така и надвор од границите, целосно ги игнорира барањата и го остава без никаква поддршка македонското малцинство.

За ваквата антидржавна политика, Ковачевски, Пендаровски и функционерите од СДС ќе ја добијат казната од граѓаните, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post Одлуката за неприсуството на антимакедонската СДС на отворањето на клубот во Благоевград е понижувачка и недостојна кон македонското малцинство appeared first on Република.

]]>

Срамна е одлуката на антимакедонската влада предводена од Ковачевски да не присуствуваат на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, реагираат од ВМРО ДПМНЕ. Изјавите од функционерите на СДС дека отворањето на културниот клуб во Благоевград е приватен настан, се навредите на СДС кон македонското малцинство во Бугарија. Одлуката за неприсуството на овој настан од страна на антимакедонската власт е понижувачка и недостојна. Македонското малцинство во Бугарија заслужува почит и грижа од страна на државата. Овој настан е одлична можност да се покаже национално единство и поддршка за македонското малцинство во Бугарија. Но власта на СДС не се надмина себеси, и не ја надмина својата поданичка политика. Антимакедонската СДС одлучи да слугува за туѓи интереси. Наспроти бугарските клубови отворени во Македонија, кои носат фашистички имиња, македонскиот клуб во Благоевград носи име на големиот деец Никола Вапцаров, лик од историјата кој обединувал и поврзувал. Антимакедонската СДС води целосна негрижа за своите граѓани, како во државата, така и надвор од неа. Додека дома целосно ја опљачка државата и ги осиромаши граѓаните, така и надвор од границите, целосно ги игнорира барањата и го остава без никаква поддршка македонското малцинство. За ваквата антидржавна политика, Ковачевски, Пендаровски и функционерите од СДС ќе ја добијат казната од граѓаните, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post Одлуката за неприсуството на антимакедонската СДС на отворањето на клубот во Благоевград е понижувачка и недостојна кон македонското малцинство appeared first on Република.

]]>
Османи во истражувачка мисија: Треба да се провери кој стои зад македонскиот клуб во Благоевград https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-vo-istrazuvachka-misija-treba-da-se-proveri-koj-stoi-zad-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/ Fri, 28 Oct 2022 06:40:46 +0000 https://republika.mk/?p=566599

Министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи, за БТВ изјави дека треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград, но и во Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Османи, тоа треба да се провери, внимавајќи на чувствителноста на билатералните односи и да се види дали навистина има добронамерност или се дел од туѓа агенда.

ВМРО во Бугарија најави дека во недела ќе организира протест во Благоевград, а воедно се очекува навивачите на фудбалскиот тим „Пирин“ да прослават 100 години од неговото формирање. Полицијата во Благоевград презема мерки за да спречи ескалација на овие настани, најави полицискиот комесар во градот Димитар Ичев.

The post Османи во истражувачка мисија: Треба да се провери кој стои зад македонскиот клуб во Благоевград appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи, за БТВ изјави дека треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград, но и во Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Османи, тоа треба да се провери, внимавајќи на чувствителноста на билатералните односи и да се види дали навистина има добронамерност или се дел од туѓа агенда. ВМРО во Бугарија најави дека во недела ќе организира протест во Благоевград, а воедно се очекува навивачите на фудбалскиот тим „Пирин“ да прослават 100 години од неговото формирање. Полицијата во Благоевград презема мерки за да спречи ескалација на овие настани, најави полицискиот комесар во градот Димитар Ичев.

The post Османи во истражувачка мисија: Треба да се провери кој стои зад македонскиот клуб во Благоевград appeared first on Република.

]]>
Македонското меѓународно движење за човекови права финансира отворање на македонскиот културен центар во Благоевград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedonskoto-megjunarodno-dvizenje-za-chovekovi-prava-finansira-otvoranje-na-makedonskiot-kulturen-centar-vo-blagoevgrad/ Sun, 02 Oct 2022 10:51:31 +0000 https://republika.mk/?p=556498

Македонското меѓународно движење за човекови права гордо информира дека го финансирале отворањето на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Благоевград, или како што потенцираат од ММДЧП- во Горна Џумаја во Пиринска Македонија. Официјалната церемонија ќе се одржи на 30 октомври 2022 година.

Во соопштението на ова движење пишува:

Културниот центар ќе го управува Македонското здружение за заштита на основните индивидуални човекови права, организација која се залага за правата на угнетуваното македонско малцинство во Бугарија. Здружението ќе продолжи да добива финансиски средства од Македонското меѓународно движење за човекови права.

Димитар Ковачевски, „премиер“ на режимот на власт во Република Македонија, вети дека ќе финансира отворање на македонски културен центар во Пиринска Македонија по протестите во кои беше осуден неговиот режим заради отворањето на бугарски клуб во Битола именуван според озлогласениот бугарски соработник на нацистите и воен злосторник Ванчо Михајлов, со кој се глорифицира нацизмот.

Клубот беше отворен на барање на бугарската Влада – и на Европската Унија – која продолжува да ги задоволува бугарските јавно декларирани цели да се избрише македонскиот етнички идентитет, култура историја и постоењето на големото македонско малцинство во Бугарија, како услов за Бугарија да го крене своето вето за приемот на Република Македонија во ЕУ.

Како што и се очекуваше, режимот не го исполни „ветувањето“ и одбра да продолжи да им помага на Бугарија и Грција да го задушуваат македонскиот идентитет и човековите права низ Балканот.

ММДЧП ги повикува организациите за заштита на човековите права, медиумите, новинарите, политичките партии и сите што се навистина заинтересирани да ги бранат човековите права да го осудат систематското кршење на правата на Македонците. Ве повикуваме, како набљудувачи и поддржувачи, да присуствувате на церемонијата на 30 октомври. Подетални информации ќе бидат објавени дополнително.

Можете да донирате за македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ и/или за бројните други проекти на ММДЧП за заштита на човековите права преку оваа страница – https://mhrmi.org/donations. Македонците се соочени со најсериозната закана за нашиот идентитет – и постоење како Македонци – во скорешната историја. Дејствувате веднаш, стои во соопштението од ММДЧП.

The post Македонското меѓународно движење за човекови права финансира отворање на македонскиот културен центар во Благоевград appeared first on Република.

]]>

Македонското меѓународно движење за човекови права гордо информира дека го финансирале отворањето на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Благоевград, или како што потенцираат од ММДЧП- во Горна Џумаја во Пиринска Македонија. Официјалната церемонија ќе се одржи на 30 октомври 2022 година. Во соопштението на ова движење пишува: Културниот центар ќе го управува Македонското здружение за заштита на основните индивидуални човекови права, организација која се залага за правата на угнетуваното македонско малцинство во Бугарија. Здружението ќе продолжи да добива финансиски средства од Македонското меѓународно движење за човекови права. Димитар Ковачевски, „премиер“ на режимот на власт во Република Македонија, вети дека ќе финансира отворање на македонски културен центар во Пиринска Македонија по протестите во кои беше осуден неговиот режим заради отворањето на бугарски клуб во Битола именуван според озлогласениот бугарски соработник на нацистите и воен злосторник Ванчо Михајлов, со кој се глорифицира нацизмот. Клубот беше отворен на барање на бугарската Влада – и на Европската Унија – која продолжува да ги задоволува бугарските јавно декларирани цели да се избрише македонскиот етнички идентитет, култура историја и постоењето на големото македонско малцинство во Бугарија, како услов за Бугарија да го крене своето вето за приемот на Република Македонија во ЕУ. Како што и се очекуваше, режимот не го исполни „ветувањето“ и одбра да продолжи да им помага на Бугарија и Грција да го задушуваат македонскиот идентитет и човековите права низ Балканот. ММДЧП ги повикува организациите за заштита на човековите права, медиумите, новинарите, политичките партии и сите што се навистина заинтересирани да ги бранат човековите права да го осудат систематското кршење на правата на Македонците. Ве повикуваме, како набљудувачи и поддржувачи, да присуствувате на церемонијата на 30 октомври. Подетални информации ќе бидат објавени дополнително. Можете да донирате за македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ и/или за бројните други проекти на ММДЧП за заштита на човековите права преку оваа страница – https://mhrmi.org/donations. Македонците се соочени со најсериозната закана за нашиот идентитет – и постоење како Македонци – во скорешната историја. Дејствувате веднаш, стои во соопштението од ММДЧП.

The post Македонското меѓународно движење за човекови права финансира отворање на македонскиот културен центар во Благоевград appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот клуб во Битола е сместен во куќа на депортирани Евреи: Германска новинарка ја откри суровата вистина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-klub-vo-bitola-e-smesten-vo-kukja-na-deportirani-evrei-germanska-novinarka-ja-otkri-surovata-vistina/ Mon, 08 Aug 2022 11:44:58 +0000 https://republika.mk/?p=538010

Куќата во која е сместен Бугарскиот културен центар во битолскиот Еврејски кварт некогаш припаѓала на еврејско семејство кое било депортирано за време на нацистичката ера.

Оваа информација ја открива германската новинарка Брита Хилперт во репортажа објавена на германскиот национален телевизиски сервис ZDF.

Новинарката Хилперт во репортажата го прашува директорот на бугарскиот центар Љупчо Горгиевски: Зарем не е бесчувствително Културниот центар да му се посвети на Иван Михаилов, кој соработувал со нацистите?

Но тој не смета дека тоа е проблем затоа што тој и Бугарите во Македонија имаат своја историја.

Соработката не е докажана (признаените историчари поинаку гледаат з.а.), поважна е неговата улога во историјата на Бугарите во Македонија. Историските книги треба да се променат – вели Горгиевски во репортажата за германскиот медиум.

Иван Михајлов бил докажан соработник на Хитлер, Мусолини и на Анте Павелиќ, кои заедно убиле над 6 милиони Евреи. Бугарските фашистички власти во Втората светска војна депортирале над 99 отсто од македонските Евреи кои никогаш не се вратиле од логорот на смртта Треблинка.

The post Бугарскиот клуб во Битола е сместен во куќа на депортирани Евреи: Германска новинарка ја откри суровата вистина appeared first on Република.

]]>

Куќата во која е сместен Бугарскиот културен центар во битолскиот Еврејски кварт некогаш припаѓала на еврејско семејство кое било депортирано за време на нацистичката ера. Оваа информација ја открива германската новинарка Брита Хилперт во репортажа објавена на германскиот национален телевизиски сервис ZDF. Новинарката Хилперт во репортажата го прашува директорот на бугарскиот центар Љупчо Горгиевски: Зарем не е бесчувствително Културниот центар да му се посвети на Иван Михаилов, кој соработувал со нацистите? Но тој не смета дека тоа е проблем затоа што тој и Бугарите во Македонија имаат своја историја.
Соработката не е докажана (признаените историчари поинаку гледаат з.а.), поважна е неговата улога во историјата на Бугарите во Македонија. Историските книги треба да се променат – вели Горгиевски во репортажата за германскиот медиум.
Иван Михајлов бил докажан соработник на Хитлер, Мусолини и на Анте Павелиќ, кои заедно убиле над 6 милиони Евреи. Бугарските фашистички власти во Втората светска војна депортирале над 99 отсто од македонските Евреи кои никогаш не се вратиле од логорот на смртта Треблинка.

The post Бугарскиот клуб во Битола е сместен во куќа на депортирани Евреи: Германска новинарка ја откри суровата вистина appeared first on Република.

]]>
Зајде „јасното сонце“: За „Политика“ отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ е фашистички марш https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zajde-jasnoto-sonce-za-politika-otvoranjeto-na-klubot-vancho-mihajlov-e-fashistichki-marsh/ Thu, 28 Apr 2022 09:08:55 +0000 https://republika.mk/?p=494649

Најстариот српски весник „Политика“ го опиша како „фашистички марш“ отворањето на т.н. Културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола. Текстот е насловен: „Бугарската субверзивна активност на фашистичките колаборационисти ги налути Македонците“.

Дури 77 години по победата над фашизмот во Македонија, ова зло од минатото стана топ тема. „Добрососедската“ држава испрати своја делегација во Македонија, составена од премиерот на Бугарија, вицепремиер, министер за надворешни работи, поранешен министер за надворешни работи и поранешен министер за одбрана, за уште еднаш да го понижи македонскиот народ со отворање на бугарскиот културен центар во Битола, наречен „Ванчо Михаилов“. Тој беше убеден соработник на Хитлер, Мусолини, Павелиќ, бугарскиот цар Борис III …

Во тие црни времиња идентитетот на македонскиот народ не само што беше оспоруван, туку и газен од фашистичката чизма. Дали името на културниот центар всушност ја крие пораката „Ова е Бугарија“? Во земја каде што соработниците на Хитлер, како дел од окупаторската бугарска војска и полиција, ги затвориле сите Евреи од Штип, Скопје, Кичево и ги испратиле во логорот Треблинка. Убиени се 7.144 од нив. Паралелно 30.000 Срби биле однесени со сточни вагони од Скопје во окупационата зона на Вермахт, а помал број во логори во Германија и Бугарија. Овие податоци се во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје.

Овој бугарски чин, со кој се рехабилитираше нацистичката и фашистичка идеологија, ни повеќе ни помалку го промовираше Кирил Петков, бугарскиот премиер. И тоа не беше се. Нокаут е неговата изјава дека тој е „мост меѓу двете земји“ во време кога бугарската официјална политика смета дека Македонија може да влезе во ЕУ само како земја во која живеат луѓе со бугарско потекло и дека Бугарите мора да бидат дел од Уставот на PM. Се разбира, освен цврстиот став дека во Македонија живеат повеќе од 3.500 официјални Бугари и дека им е одземено правото на самоопределување, Петков и неговите соработници сметаат дека во Бугарија нема Македонци. Иако Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека правата на Македонците во Бугарија се одземени и државата мора да им дозволи да живеат како Македонци.

Петков е дипломиран на Харвард и со прозападна ориентација, за разлика од Румен Радев – претседателот на Бугарија, кој се доживува како проруски. Судирот на две идеологии кои доаѓаат од Софија покажа сличен проблем во Украина, каде се судрија неонацистите и антифашистите.

Македонскиот државен врв, почнувајќи од претседателот, премиерот, министрите за надворешни работи и за внатрешни работи, рече дека тоа е директна провокација, а Димитар Ковачевски се обиде да го резимира проблемот, нагласувајќи: „Антифашистичката ориентација е дел од нашиот национален идентитет“. Но, остануваат голем број отворени прашања.

Како бугарската делегација „домаршира“ во Македонија? Не можеше ли Министерството за правда да излезе со став дека овој бугарски центар не може да биде заведен под ова име? Дали е можно никој од извршната и судската власт на Македонија да не знаел со каква намера Петков влегува во Македонија и никој да не му се меша во намерите? Ако е точно дека не знаеле за бугарскиот план, тогаш зошто како домаќини не присуствувале на отворањето и не го поддржале предложениот „мост на пријателството“ на Петков?

Но, сеништето на фашизмот повторно се појави под македонското небо. Зајде „јасното сонце“, стои во текстот на „Политика“.

The post Зајде „јасното сонце“: За „Политика“ отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ е фашистички марш appeared first on Република.

]]>

Најстариот српски весник „Политика“ го опиша како „фашистички марш“ отворањето на т.н. Културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола. Текстот е насловен: „Бугарската субверзивна активност на фашистичките колаборационисти ги налути Македонците“. Дури 77 години по победата над фашизмот во Македонија, ова зло од минатото стана топ тема. „Добрососедската“ држава испрати своја делегација во Македонија, составена од премиерот на Бугарија, вицепремиер, министер за надворешни работи, поранешен министер за надворешни работи и поранешен министер за одбрана, за уште еднаш да го понижи македонскиот народ со отворање на бугарскиот културен центар во Битола, наречен „Ванчо Михаилов“. Тој беше убеден соработник на Хитлер, Мусолини, Павелиќ, бугарскиот цар Борис III … Во тие црни времиња идентитетот на македонскиот народ не само што беше оспоруван, туку и газен од фашистичката чизма. Дали името на културниот центар всушност ја крие пораката „Ова е Бугарија“? Во земја каде што соработниците на Хитлер, како дел од окупаторската бугарска војска и полиција, ги затвориле сите Евреи од Штип, Скопје, Кичево и ги испратиле во логорот Треблинка. Убиени се 7.144 од нив. Паралелно 30.000 Срби биле однесени со сточни вагони од Скопје во окупационата зона на Вермахт, а помал број во логори во Германија и Бугарија. Овие податоци се во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје. Овој бугарски чин, со кој се рехабилитираше нацистичката и фашистичка идеологија, ни повеќе ни помалку го промовираше Кирил Петков, бугарскиот премиер. И тоа не беше се. Нокаут е неговата изјава дека тој е „мост меѓу двете земји“ во време кога бугарската официјална политика смета дека Македонија може да влезе во ЕУ само како земја во која живеат луѓе со бугарско потекло и дека Бугарите мора да бидат дел од Уставот на PM. Се разбира, освен цврстиот став дека во Македонија живеат повеќе од 3.500 официјални Бугари и дека им е одземено правото на самоопределување, Петков и неговите соработници сметаат дека во Бугарија нема Македонци. Иако Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека правата на Македонците во Бугарија се одземени и државата мора да им дозволи да живеат како Македонци. Петков е дипломиран на Харвард и со прозападна ориентација, за разлика од Румен Радев – претседателот на Бугарија, кој се доживува како проруски. Судирот на две идеологии кои доаѓаат од Софија покажа сличен проблем во Украина, каде се судрија неонацистите и антифашистите. Македонскиот државен врв, почнувајќи од претседателот, премиерот, министрите за надворешни работи и за внатрешни работи, рече дека тоа е директна провокација, а Димитар Ковачевски се обиде да го резимира проблемот, нагласувајќи: „Антифашистичката ориентација е дел од нашиот национален идентитет“. Но, остануваат голем број отворени прашања. Како бугарската делегација „домаршира“ во Македонија? Не можеше ли Министерството за правда да излезе со став дека овој бугарски центар не може да биде заведен под ова име? Дали е можно никој од извршната и судската власт на Македонија да не знаел со каква намера Петков влегува во Македонија и никој да не му се меша во намерите? Ако е точно дека не знаеле за бугарскиот план, тогаш зошто како домаќини не присуствувале на отворањето и не го поддржале предложениот „мост на пријателството“ на Петков? Но, сеништето на фашизмот повторно се појави под македонското небо. Зајде „јасното сонце“, стои во текстот на „Политика“.

The post Зајде „јасното сонце“: За „Политика“ отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ е фашистички марш appeared first on Република.

]]>
Николоски: Ги почитувам правата на Бугарите во Македонија, но можеа да одберат посоодветно име https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-gi-pochituvam-pravata-na-bugarite-vo-makedonija-no-mozea-da-odberat-posoodvetno-ime/ Tue, 19 Apr 2022 17:44:59 +0000 https://republika.mk/?p=490764

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски смета дека ликот на Ванчо Михајлов не може да поврзува.

Тоа е избор на име што ќе направи провокација и ќе ги повреди чувствата на Македонците. Жал ми е што премиерот Петков успеа да тргне по умот на маргиналците во Македонија и го земаа со себе во Битола. Ги почитувам правата на Бугарите во Македонија, но можеа да одберат посоодветно име. Можеше на пример да се стави името на поетот Пејо Јаворов. Тој е првиот биограф на Гоце Делчев. Тој е добар пријател и на Тодор Александров. Тоа ќе беше добра личност за име на клуб, а не вака провокација и понижување на јавна сцена, вели Николоски во Дневникот на ТВ Сител.

Според него, музеите се места каде се презентира историјата.

Има и восочни фигури на Адолф Хитлер, но тоа е сосема различно да ви дојде премиер на друга држава и да ви направи понижување. Нема сериозен притисок врз Бугарија, бидејќи највлијателните земји-членки не се убедени дека Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ. Јас не би му дозволил на Петков да дојде, ако знам која е целта на посетата. Најдобар одговор на сето ова деновиве е ајде заеднички сите партии да донесеме Декларација во Собранието со која ќе ја осудиме поддршката на Петков на вакви фашистички личности, рече Николоски.

The post Николоски: Ги почитувам правата на Бугарите во Македонија, но можеа да одберат посоодветно име appeared first on Република.