клуб Ванчо Михајлов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klub-vancho-mihajlov/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Oct 2023 11:25:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png клуб Ванчо Михајлов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klub-vancho-mihajlov/ 32 32 За ВМРО-Народна судењето на претседателот на клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола e политички монтиран процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-vmro-narodna-sudeneto-na-pretsedatelot-na-klubot-vancho-mihajlov-od-bitola-e-politichki-montiran-protses/ Tue, 31 Oct 2023 11:25:52 +0000 https://republika.mk/?p=696644

Партијата ВМРО-Народна партија на експремиерот Љубчо Георгиевски смета дека судењето во Битола на долгогодишниот член на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, како претседател на клубот „Ванчо Михајлов“, е политички монтиран процес.

За жал државата преку својот орган на јавен обвинител учествува неодговорно, арогантно и прави пародија од правниот систем само за наводно да докаже некаква идеолошка определба на човекот кој е симбол на борбата за самостојна и независна Македонија. Пародијата го достигна својот врв кога како главен сведок на обвинителот во разобличувањето на Ванчо Михајлов е повикан авторитетот на Ламбе Алабаковски кој пак е човек кој веќе и официјално е осуден за потпалување на истиот клуб“, се вели во соопштението на ВМРО-Народна.

Во соопштението понатаму се додава дека за жал денес во Македонија се води процес за кој ни самиот Лазар Колишевски немал доблест да го поведе дури и во најтемните времиња, а сево овае своевидно сопствено вето што си го ставаме на нашиот пат кон европската интеграција.

ВМРО-Народна партија предлага веднаш да се прекине овој судски процес.

Георгиевски е обвинет за предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем. На вчерашното рочиште Георгиевски рече дека не се чувствува виновен и дека на никого ништо лошо не сторил. Судењето продолжува на 18 декември, кога ќе бидат сослушани Ѓорги Црномаров и Благоја Шаторов, како сведоци на одбраната.

The post За ВМРО-Народна судењето на претседателот на клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола e политички монтиран процес appeared first on Република.

]]>

Партијата ВМРО-Народна партија на експремиерот Љубчо Георгиевски смета дека судењето во Битола на долгогодишниот член на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, како претседател на клубот „Ванчо Михајлов“, е политички монтиран процес.
За жал државата преку својот орган на јавен обвинител учествува неодговорно, арогантно и прави пародија од правниот систем само за наводно да докаже некаква идеолошка определба на човекот кој е симбол на борбата за самостојна и независна Македонија. Пародијата го достигна својот врв кога како главен сведок на обвинителот во разобличувањето на Ванчо Михајлов е повикан авторитетот на Ламбе Алабаковски кој пак е човек кој веќе и официјално е осуден за потпалување на истиот клуб“, се вели во соопштението на ВМРО-Народна.
Во соопштението понатаму се додава дека за жал денес во Македонија се води процес за кој ни самиот Лазар Колишевски немал доблест да го поведе дури и во најтемните времиња, а сево овае своевидно сопствено вето што си го ставаме на нашиот пат кон европската интеграција. ВМРО-Народна партија предлага веднаш да се прекине овој судски процес. Георгиевски е обвинет за предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем. На вчерашното рочиште Георгиевски рече дека не се чувствува виновен и дека на никого ништо лошо не сторил. Судењето продолжува на 18 декември, кога ќе бидат сослушани Ѓорги Црномаров и Благоја Шаторов, како сведоци на одбраната.  

The post За ВМРО-Народна судењето на претседателот на клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола e политички монтиран процес appeared first on Република.

]]>
Џабе затворањето: Kлубoт „Ванчо Михајлов“ повторно е активен и ги навредува Македонците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhabe-zatvoraneto-klubot-vancho-mihajlov-povtorno-e-aktiven-i-gi-navreduva-makedontsite/ Fri, 04 Aug 2023 13:50:29 +0000 https://republika.mk/?p=668748

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ кој ги наруши односите меѓу двете земји повторно е активен.На неговото отворање дојде тогашниот бугарски премиер Кирил Петков и потпретседателката Јотова.

[caption id="attachment_489446" align="alignnone" width="640"] (фото ТВ Тера)[/caption]

Неколку месеци по отворањето овој клуб од Битола беше затворен и избришан од регистарот отако македонското Собрание донесе закон со кој се забрануваат клубови и здруженија кои носат имиња на фашистички соработници.

Но, затворањето не му пречи на клубот повторно да работи и да шири пропаганда.На Фејсбук страницата на клубот редовно се објавуваат статии во кои се навредува Македонија и Македонците.

Па така, во последниот пост се коментира посетата на претседателот Пендаровски кај Вучиќ во манастирот Прохор Пчињски за Илинден.

Денес, кога ние македонските Бугари имаме повод повторно отворено да ја пееме „Изгрева зората на слободата“, повеќе од било кога веруваме дека нашето место во Уставот на  Македонија е почеток на нашето враќање.Ние не го негираме правото на другите да бидат северномакедонци, туку ние Македонските Бугари сме наследници на Илинден и ВМРО, и како такви сме државотворниот народ на оваа држава-пишува клубот „Ванчо Михајлов“.

The post Џабе затворањето: Kлубoт „Ванчо Михајлов“ повторно е активен и ги навредува Македонците appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ кој ги наруши односите меѓу двете земји повторно е активен.На неговото отворање дојде тогашниот бугарски премиер Кирил Петков и потпретседателката Јотова. [caption id="attachment_489446" align="alignnone" width="640"] (фото ТВ Тера)[/caption] Неколку месеци по отворањето овој клуб од Битола беше затворен и избришан од регистарот отако македонското Собрание донесе закон со кој се забрануваат клубови и здруженија кои носат имиња на фашистички соработници. Но, затворањето не му пречи на клубот повторно да работи и да шири пропаганда.На Фејсбук страницата на клубот редовно се објавуваат статии во кои се навредува Македонија и Македонците. Па така, во последниот пост се коментира посетата на претседателот Пендаровски кај Вучиќ во манастирот Прохор Пчињски за Илинден.
Денес, кога ние македонските Бугари имаме повод повторно отворено да ја пееме „Изгрева зората на слободата“, повеќе од било кога веруваме дека нашето место во Уставот на  Македонија е почеток на нашето враќање.Ние не го негираме правото на другите да бидат северномакедонци, туку ние Македонските Бугари сме наследници на Илинден и ВМРО, и како такви сме државотворниот народ на оваа држава-пишува клубот „Ванчо Михајлов“.
 
The post Џабе затворањето: Kлубoт „Ванчо Михајлов“ повторно е активен и ги навредува Македонците appeared first on Република.

]]>
Ламбе Алабаковски: Радосен и среќен сум што го запалив клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/lambe-alabakovski-radosen-i-sreken-sum-shto-go-zapaliv-klubot-vancho-mihajlov-vo-bitola/ Fri, 21 Apr 2023 10:21:24 +0000 https://republika.mk/?p=632681

Пејачот Ламбе Алабаковски за првпат во јавноста зборува за палењето на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола во Бомбакис поткаст.

Алабаковскибил радосен и среќен за тоа што го подметнал пожарот во клубот.

Кога ќе имаш такви чувства, собрани повеќе години во себе од љубов спрема татковината и гледаш како се случуваат неправди, тоа беше кулминација на сите чувства, патриотски, кои сите во нас ги имаме, но не ги искажуваме. Не толку експлицитно. Сите ги имаме и ги искажуваме на различни начини. Тоа е тоа, наплив на емоции. Да не ја должам темата. Од денешна перспектива сум многу радосен и среќен од тоа што го направив, бидејќи на крајот од денот, сега после толку време, сето тоа излезе во полза за нашиот народ – дека никој не смее да те провоцира во сопствениот дом и да ти поставува ултиматуми, изјави пејачот Алабаковски.

Во продолжение целосното гостување на пејачот Алабаковски во Бомбакис поткастот.

The post Ламбе Алабаковски: Радосен и среќен сум што го запалив клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола appeared first on Република.

]]>

Пејачот Ламбе Алабаковски за првпат во јавноста зборува за палењето на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола во Бомбакис поткаст. Алабаковскибил радосен и среќен за тоа што го подметнал пожарот во клубот.
Кога ќе имаш такви чувства, собрани повеќе години во себе од љубов спрема татковината и гледаш како се случуваат неправди, тоа беше кулминација на сите чувства, патриотски, кои сите во нас ги имаме, но не ги искажуваме. Не толку експлицитно. Сите ги имаме и ги искажуваме на различни начини. Тоа е тоа, наплив на емоции. Да не ја должам темата. Од денешна перспектива сум многу радосен и среќен од тоа што го направив, бидејќи на крајот од денот, сега после толку време, сето тоа излезе во полза за нашиот народ – дека никој не смее да те провоцира во сопствениот дом и да ти поставува ултиматуми, изјави пејачот Алабаковски.
Во продолжение целосното гостување на пејачот Алабаковски во Бомбакис поткастот.

The post Ламбе Алабаковски: Радосен и среќен сум што го запалив клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола appeared first on Република.

]]>
Законот за здруженија на граѓани важи за сите нагласува Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zakonot-za-zdruzhenija-na-gragani-vazhi-za-site-naglasuva-kovachevski/ Fri, 24 Feb 2023 13:09:30 +0000 https://republika.mk/?p=612787

Законот за здруженија на граѓани не е само за еден тип на здруженија на граѓани, туку за сите здруженија на граѓани што треба да ги исполнат условите. Оние здруженија што нема да го почитуваат законот, согласно со одлуките на Комисијата со нив ќе се постапува од страна на Централниот регистар. Тоа важи во сите области во државата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, прашан за имињата на бугарските клубови.

Ковачевски, нагласи дека, ставот на Владата и неговиот личен став се многу јасни.

-Во Македонија владеат закони еднакви за сите. Прво, се работи за Закон за здруженија на граѓани не само за еден тип на здруженија на граѓани, туку за сите здруженија на граѓани коишто треба да ги исполнат условите согласно со Законот којшто е донесен во Собранието. Оние здруженија коишто нема да го почитуваат законот и коишто нема да се усогласат согласно со законските одредби во предвидениот рок, а согласно со одлуките на Комисијата предвидена со закон тогаш ќе се постапува со нив од страна на Централниот регистар согласно со законот. Тоа важи во сите области во државата, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на фабриката „Гересхајмер“ во ТИРЗ 2.

Оние здруженија коишто се усогласени со Законот или оние здруженија коишто не се усогласени, а ќе го искористат периодот за усогласување даден според закон и ќе се усогласат тогаш, како што нагласи Ковачевски, тие нормално ќе продолжат да функционираат

The post Законот за здруженија на граѓани важи за сите нагласува Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Законот за здруженија на граѓани не е само за еден тип на здруженија на граѓани, туку за сите здруженија на граѓани што треба да ги исполнат условите. Оние здруженија што нема да го почитуваат законот, согласно со одлуките на Комисијата со нив ќе се постапува од страна на Централниот регистар. Тоа важи во сите области во државата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, прашан за имињата на бугарските клубови. Ковачевски, нагласи дека, ставот на Владата и неговиот личен став се многу јасни.
-Во Македонија владеат закони еднакви за сите. Прво, се работи за Закон за здруженија на граѓани не само за еден тип на здруженија на граѓани, туку за сите здруженија на граѓани коишто треба да ги исполнат условите согласно со Законот којшто е донесен во Собранието. Оние здруженија коишто нема да го почитуваат законот и коишто нема да се усогласат согласно со законските одредби во предвидениот рок, а согласно со одлуките на Комисијата предвидена со закон тогаш ќе се постапува со нив од страна на Централниот регистар согласно со законот. Тоа важи во сите области во државата, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на фабриката „Гересхајмер“ во ТИРЗ 2.
Оние здруженија коишто се усогласени со Законот или оние здруженија коишто не се усогласени, а ќе го искористат периодот за усогласување даден според закон и ќе се усогласат тогаш, како што нагласи Ковачевски, тие нормално ќе продолжат да функционираат

The post Законот за здруженија на граѓани важи за сите нагласува Ковачевски appeared first on Република.

]]>
„Иван Михаилов“ нема да го смени името, порача претседателот на бугарскиот клуб https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivan-mihailov-nema-da-go-smeni-imeto-poracha-pretsedatelot-na-bugarskiot-klub/ Sun, 19 Feb 2023 16:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=610752

Културниот центар „Иван Михаилов“ нема да го смени името, изјави претседателот на културниот центар Лупчо Георгиевски по повод истекот на рокот за промена на имињата на здруженијата кои во Скопје се сметаат за контроверзни, пишува БГНЕС.

Во ноември 2022 година, парламентот донесе легислатива, според која веќе законски регистрираните здруженија и клубови може да се избришат од Централниот регистар поради нивните имиња.

Правата ќе си ги бараме на суд ако нè избришат од Централниот регистар, а ако судот во РСМ не ни ги даде правата, ќе ги бараме во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, вели Георгиевски.

По повод средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи оваа недела, Георгиевски изјави дека оваа прва средба е само еден чекор напред.

Во разговорот со него изјавивме дека ние не сме надворешен проблем на РСМ, ние воопшто не сме проблем, туку сме решението за Република Cеверна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Властите не разговарале со нас досега. Подготвени сме да разговараме со секој што сака разговор со нас. РСМ мора да го почитува францускиот предлог, рече Георгиевски.

Тој појасни дека откако во декември бил повикан на распит во обвинителството, сега има друга кривична постапка – од Комисијата за заштита од дискриминација за непромена на таблата на која пишува „Културен клуб Иван Михаилов“.

И откако се вративме од Брисел (каде се одржа средба со еврокомесарот Вархеи) – има и нова постапка против мене – овој пат за ширење говор на омраза кон луѓе кои имаа македонска национална самодоверба. Тие продолжуваат со обвинувањата против нас. Од една страна министерот Османи не кани на средба за да се намали тензијата и да се решат проблемите, но од друга страна продолжуваат со обвинувањата кои може да се реализираат утре со казна до 15.000 евра, а постапката за говор на омраза може да доведе и до затвор. Ние македонските бугари не знаеме како ќе падне тензијата што ја чувствуваме на грб затоа што живееме овде и имаме стравови за нашата безбедност, рече Лупчо Георгиевски.

The post „Иван Михаилов“ нема да го смени името, порача претседателот на бугарскиот клуб appeared first on Република.

]]>

Културниот центар „Иван Михаилов“ нема да го смени името, изјави претседателот на културниот центар Лупчо Георгиевски по повод истекот на рокот за промена на имињата на здруженијата кои во Скопје се сметаат за контроверзни, пишува БГНЕС. Во ноември 2022 година, парламентот донесе легислатива, според која веќе законски регистрираните здруженија и клубови може да се избришат од Централниот регистар поради нивните имиња.
Правата ќе си ги бараме на суд ако нè избришат од Централниот регистар, а ако судот во РСМ не ни ги даде правата, ќе ги бараме во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, вели Георгиевски.
По повод средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи оваа недела, Георгиевски изјави дека оваа прва средба е само еден чекор напред.
Во разговорот со него изјавивме дека ние не сме надворешен проблем на РСМ, ние воопшто не сме проблем, туку сме решението за Република Cеверна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Властите не разговарале со нас досега. Подготвени сме да разговараме со секој што сака разговор со нас. РСМ мора да го почитува францускиот предлог, рече Георгиевски.
Тој појасни дека откако во декември бил повикан на распит во обвинителството, сега има друга кривична постапка – од Комисијата за заштита од дискриминација за непромена на таблата на која пишува „Културен клуб Иван Михаилов“.
И откако се вративме од Брисел (каде се одржа средба со еврокомесарот Вархеи) – има и нова постапка против мене – овој пат за ширење говор на омраза кон луѓе кои имаа македонска национална самодоверба. Тие продолжуваат со обвинувањата против нас. Од една страна министерот Османи не кани на средба за да се намали тензијата и да се решат проблемите, но од друга страна продолжуваат со обвинувањата кои може да се реализираат утре со казна до 15.000 евра, а постапката за говор на омраза може да доведе и до затвор. Ние македонските бугари не знаеме како ќе падне тензијата што ја чувствуваме на грб затоа што живееме овде и имаме стравови за нашата безбедност, рече Лупчо Георгиевски.
 
The post „Иван Михаилов“ нема да го смени името, порача претседателот на бугарскиот клуб appeared first on Република.

]]>
Грчева предупредува: „Ванчо Михајлов“ во Битола се полни со книги, никој не знае какви се и што содржат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grcheva-predupreduva-vancho-mihajlov-vo-bitola-se-polni-so-knigi-nikoj-ne-znae-kakvi-se-i-shto-sodrzhat/ Mon, 23 Jan 2023 21:41:46 +0000 https://republika.mk/?p=600183

„За жал живееме во една држава во која што не се казнува еден огромен криминал кој што ни се случува, една држава која што држи затвореници за 27-ми април со години во зандани и нема намера да го обнови тој процес колку што гледам, а истовремено се амнестираше кого стигнаа. Што може да се каже за една таква држава, освен дека не работат институциите“, истакна Солза Грчева, претседател на партијата „Глас за Македонија“ во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Грчева додаде дека во врхушката на власта работат полуписмени луѓе кои се дојдени од разно разни невладини организации кои се од сомнителен карактер. И за жал токму тие луѓе изигруваат министри и државата поради нив пропаѓа секој ден.

Таа се осврна и на отворањето на културните клубови во Македонија од страна на Бугарија, и нагласи дека власта за да спречи отворање на ваков вид клубови требаше веднаш да реагира и да донесе закон со кој што не може културен клуб да се именува со скандалозни имиња.

„Институциите се криви, крива е и оваа држава која што навреме не донесе закон да не може кој што сака и со какво име сака да се именува клубот, со каква провиненција не е битно само името туку и намерата односно што работи тој клуб. Односно каква пропаганда шири тој клуб итн. Значи не се спречија тие појави, а сега слушаме Бујар Османи ги охрабрува да отвораат уште културни клубови во Македонија. Но, дали се тоа културни клубови, ние не знаеме. Ние не знаеме што навистина што се случува во тие клубови, а особено во овој „Ванчо Михајлов“ во Битола“, нагласи Грчева.

Таа посочи дека во Битола се кажува дека се носат на големо архиви во клубот „Ванчо Михајлов“, со што никој не е запознаен какви книги се тоа, со какви содржини се истите тие книги. А, власта нема намера за жал тоа да го спречи.

„Оваа е толку тенка Влада што нема зад себе политички капитал. Нема политички капитал во вид на големи рејтинзи и големо гласачко тело. А, кога нема такво нешто таа не смее да се дрзне да прави вакви капитални грешки, капитални проекти што ја чинат Македонија многу и по националните прашања, по идентитет, и по носење на лоши закони“, појасни Грчева.

Таа нагласи дека оваа Влада не може да бори против корупцијата бидејќи кој криминалец се бори против корупција.

The post Грчева предупредува: „Ванчо Михајлов“ во Битола се полни со книги, никој не знае какви се и што содржат appeared first on Република.

]]>

„За жал живееме во една држава во која што не се казнува еден огромен криминал кој што ни се случува, една држава која што држи затвореници за 27-ми април со години во зандани и нема намера да го обнови тој процес колку што гледам, а истовремено се амнестираше кого стигнаа. Што може да се каже за една таква држава, освен дека не работат институциите“, истакна Солза Грчева, претседател на партијата „Глас за Македонија“ во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.
Грчева додаде дека во врхушката на власта работат полуписмени луѓе кои се дојдени од разно разни невладини организации кои се од сомнителен карактер. И за жал токму тие луѓе изигруваат министри и државата поради нив пропаѓа секој ден. Таа се осврна и на отворањето на културните клубови во Македонија од страна на Бугарија, и нагласи дека власта за да спречи отворање на ваков вид клубови требаше веднаш да реагира и да донесе закон со кој што не може културен клуб да се именува со скандалозни имиња.
„Институциите се криви, крива е и оваа држава која што навреме не донесе закон да не може кој што сака и со какво име сака да се именува клубот, со каква провиненција не е битно само името туку и намерата односно што работи тој клуб. Односно каква пропаганда шири тој клуб итн. Значи не се спречија тие појави, а сега слушаме Бујар Османи ги охрабрува да отвораат уште културни клубови во Македонија. Но, дали се тоа културни клубови, ние не знаеме. Ние не знаеме што навистина што се случува во тие клубови, а особено во овој „Ванчо Михајлов“ во Битола“, нагласи Грчева.
Таа посочи дека во Битола се кажува дека се носат на големо архиви во клубот „Ванчо Михајлов“, со што никој не е запознаен какви книги се тоа, со какви содржини се истите тие книги. А, власта нема намера за жал тоа да го спречи.
„Оваа е толку тенка Влада што нема зад себе политички капитал. Нема политички капитал во вид на големи рејтинзи и големо гласачко тело. А, кога нема такво нешто таа не смее да се дрзне да прави вакви капитални грешки, капитални проекти што ја чинат Македонија многу и по националните прашања, по идентитет, и по носење на лоши закони“, појасни Грчева.
Таа нагласи дека оваа Влада не може да бори против корупцијата бидејќи кој криминалец се бори против корупција.

The post Грчева предупредува: „Ванчо Михајлов“ во Битола се полни со книги, никој не знае какви се и што содржат appeared first on Република.

]]>
Пендаровски бара „Цар Борис“ и Ванчо Михајлов“ да си ги променат имињата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-bara-car-boris-i-vancho-mihajlov-da-si-gi-promenat-iminjata/ Thu, 15 Dec 2022 12:26:42 +0000 https://republika.mk/?p=585954

Постоењето на бугарските клубови во земјава не е спорно, но тие  треба да се усогласат со законот за здруженија во однос на нивните имиња, за што течат роковите, вели претседателот Стево Пендаровски.

-Немаме ние потреба да измислуваме начин, затоа што постои закон кој што го донесовме неодамна во нашиот Парламент, со поддршка и на власта и на опозицијата и тоа прилично брзо за македонски услови. Се согласивме околу клучната содржина. Рокот тече, за усогласување во однос на имињата на клубовите, само треба да се почитува законот без да се измислуваат нови механизми за постоење на тие клубови. Тие треба да постојат, меѓутоа треба да ги почитуваат и чувствата на Македонците, на сите македонски граѓани, на сите луѓе кои живеат во Македонија, а најдобар начин за тоа е да дадат имиња на клубовите кои немаат никаква врска со фашистичкото минато, рече Пендаровски на новинарско прашање за коментар за изјавата на шефот на дипломатијата Бујар Османи за бугарските клубови во земјава со контроверзни имиња.

Со усвоените измени на Законот за здруженија и фондации се оневозможува отворање здруженија и фондации чии програми, цели, дејности и дејствувања се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на земјава, кон поттикнување и повикување на воена агресија, како и кон разгорување национална, расна, верска омраза. Веќе регистрираните здруженија, фондации согласно измените, се должни во рок од три месеци од стапување во сила на законските измени, да го усогласат своето име и/или назив, цели и дејности согласно наведените одредби, во споритивно се бришат од Централниот регистар, за што министерот за правда донесува одлука.

The post Пендаровски бара „Цар Борис“ и Ванчо Михајлов“ да си ги променат имињата appeared first on Република.

„Ванчо Михајлов“ не го смени името и статутот, јавното обвинителство е на потег https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vancho-mihajlov-ne-go-smeni-imeto-i-statutot-javnoto-obvinitelstvo-e-na-poteg/ Tue, 29 Nov 2022 11:13:49 +0000 https://republika.mk/?p=579543

 Клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи иако рокот за тоа истече, а денеска истекува и рокот за останатите препораките во однос на името и содржината, па доколку не постапи по нив, следува прекршочна постапка, порачаа од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) на денешната прес-конференција.

Како што информираа оттаму бидејќи истече рокот за отстранување на содржините на социјалните мрежи за кои е утврдено дека освен што шират вознемирувачки говор во кој се величаат ликот, делото и идеологијата на Михајлов, постојат и сериозни индиции дека имаат расна и ксенофобична содржина, предизвикуваат нетрпеливост, омраза и дискриминација и го повредуваат правото и слободата на поголем број на луѓе, сега понатамошната постапка ја води Основното јавно обвинителство.

Членот на Комисијата, Весна Бендевска потенцира дека иако имаат право да поведат прекршочна постапка, сепак решиле тоа да го препуштат на Основното јавно обвинителство, кое побарало од нив до достават информации и копии од спорните содржини објавени од страна на клубот на социјалните мрежи.

– Спорните содржини упатуваат не само на вознемирувачки говор, туку постојат сериозни индиции дека се повредуваат правата на поголем број на луѓе, а тоа упатува на одредби од членот од Кривичниот закон, со што топката ја префрламе на Основното јавно обвинителство, изјави Бендевска.

Таа додаде дека денеска истекува и рокот за препораките и во однос на спорното име и содржината на клубот, со што следен чекор е заседавање на Комисијата и утврдување на можна прекршочна постапка.

Бендевска појасни дека во однос на овие две препораки, Министерството за правда треба да достави писмо, бидејќи тие се задолжени да извршат вонреден надзор на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации, а културниот центар треба да докаже пред Централниот регистер дека одлучиле да го сменат името.

На конференцијата беше информирано дека до Комисијата пристигнале голем број на претставки од граѓански здруженија кои се однесуваат на бугарската заедница во државава.

– Впрочем ние сме затрупани со такви претставки, кои во најголем дел доаѓаат од здруженија на граѓани со оправдан интерес. Тие постапки се во тек и ги работиме, рече Бендевска.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) минатиот месец утврди дискриминација по основа на национална и етничка припадност во врска со формирањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов” – Битола. Седиштето на Клубот беше отворено годинава во строгиот центар на Битола, чин што ја разбранува јавноста, но и институциите, поради спорното име и содржините објавени на социјалните мрежи.

The post „Ванчо Михајлов“ не го смени името и статутот, јавното обвинителство е на потег appeared first on Република.

]]>

 Клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи иако рокот за тоа истече, а денеска истекува и рокот за останатите препораките во однос на името и содржината, па доколку не постапи по нив, следува прекршочна постапка, порачаа од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) на денешната прес-конференција. Како што информираа оттаму бидејќи истече рокот за отстранување на содржините на социјалните мрежи за кои е утврдено дека освен што шират вознемирувачки говор во кој се величаат ликот, делото и идеологијата на Михајлов, постојат и сериозни индиции дека имаат расна и ксенофобична содржина, предизвикуваат нетрпеливост, омраза и дискриминација и го повредуваат правото и слободата на поголем број на луѓе, сега понатамошната постапка ја води Основното јавно обвинителство. Членот на Комисијата, Весна Бендевска потенцира дека иако имаат право да поведат прекршочна постапка, сепак решиле тоа да го препуштат на Основното јавно обвинителство, кое побарало од нив до достават информации и копии од спорните содржини објавени од страна на клубот на социјалните мрежи.
– Спорните содржини упатуваат не само на вознемирувачки говор, туку постојат сериозни индиции дека се повредуваат правата на поголем број на луѓе, а тоа упатува на одредби од членот од Кривичниот закон, со што топката ја префрламе на Основното јавно обвинителство, изјави Бендевска.
Таа додаде дека денеска истекува и рокот за препораките и во однос на спорното име и содржината на клубот, со што следен чекор е заседавање на Комисијата и утврдување на можна прекршочна постапка. Бендевска појасни дека во однос на овие две препораки, Министерството за правда треба да достави писмо, бидејќи тие се задолжени да извршат вонреден надзор на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации, а културниот центар треба да докаже пред Централниот регистер дека одлучиле да го сменат името. На конференцијата беше информирано дека до Комисијата пристигнале голем број на претставки од граѓански здруженија кои се однесуваат на бугарската заедница во државава.
– Впрочем ние сме затрупани со такви претставки, кои во најголем дел доаѓаат од здруженија на граѓани со оправдан интерес. Тие постапки се во тек и ги работиме, рече Бендевска.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) минатиот месец утврди дискриминација по основа на национална и етничка припадност во врска со формирањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов” – Битола. Седиштето на Клубот беше отворено годинава во строгиот центар на Битола, чин што ја разбранува јавноста, но и институциите, поради спорното име и содржините објавени на социјалните мрежи.

The post „Ванчо Михајлов“ не го смени името и статутот, јавното обвинителство е на потег appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Треба да се затворат сите бугарски клубови па и „Ванчо Михајлов“, нови не треба да се дозволат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-treba-da-se-zatvorat-site-bugarski-klubovi-pa-i-vancho-mihajlov-novi-ne-treba-da-se-dozvolat/ Wed, 16 Nov 2022 09:16:07 +0000 https://republika.mk/?p=574387

Мицкоски за „Република“ ги разјаснува дилемите кои се појавија во јавноста дали побарал затварање на клубот „Ванчо Михајлов“ или само на „Цар Борис“.

Затворањето на бугарските клубови не е од причина зашто некој бил или не бил соработник со некој режим. Тоа е поради политички реципроцитет. Ако Македонците во Бугарија не можат да имаат свој клуб каде што културно ќе се организираат или да имаат права кои се резултат на пресудите на Судот во Стразбур, јас не гледам ниту една причина зошто овие 1500 граѓани на Македонија кои се декларираат дека бугарскиот јазик им е мајчин да имаат таков клуб и да се организираат во Македонија. Дали е тоа клуб Иван или Ванчо Михајлов или е Цар Борис Трети за мене во политичка смисла е сеедно. И двата треба да бидат затворени, а трет и не треба да се дозволи. Кога зборуваме за политички реципроцитет, тогаш не треба ниту еден клуб да биде оставен отворен бидејќи на нашинците во Бугарија не им е овозможено да имаат свој клуб.

https://www.youtube.com/watch?v=0vhQ9JffWWU

Тој ја откри вистинската намера на СДСМ.

Намерата на СДСМ беше вулгаризирање на тоа што го зборував јас во една неодамнешна ТВ емисија и правење паралела со Иван или Ванчо Михајлов. Јас го кажав ова: На Кичевскиот конгрес во 1995 година донесена е одлука со која што се признава континуитетот на историското ВМРО и современата ВМРО-ДПМНЕ со Првиот конгрес во 1991 година во Прилеп. Започнувајќи од Првиот конгрес во Ресен сè до осмиот во 1932 во Горна Џумаја па почнувајќи со првиот во Прилеп или деветиот во континуитет завршувајќи со седумнаесетитиот во Скопје. И да, дел од овие конгреси и претседател на ВМРО во историска смисла на зборот Иван Михајлов.И да тој бил во егзил во Загреб каде што живеел и соработувал со тогашната НДХ која била фашистички односно нацистички сојузник.Јас не се согласувам со тоа како тој ја управувал таа партија или организација во тоа време, како се однесувал и со кого соработувал.Како што можеби за некој по неколку децени нема да се согласува со тоа како јас или некои од моите претходници ја водел ВМРО-ДПМНЕ во историска смисла.Но ова е континуитет на една организација која што во современото време станува политичка партија.Што сакаат во СДСМ? Тие сакаат да речат- вие сте имале во вашата структура соработник кој бил близок до некаков фашистички режим и тоа значи и тоа значи дека немате право да ги користите буквите и да ја организирате партијата како ВМРО-ДПМНЕ.Најпрво сакаа да не прикажат како радикална десница и да забранат функционирање како ВМРО-ДПМНЕ, па да ја просласат за екстремистичка и терористичка.Сега сакаат да повлечат некаква паралела со некаков фашистички соработник.Но нема да им успее бидејќи народот е позади ВМРО-ДПМНЕ. А затворањето на бугарските клубови во Македонија нагласувам дека сите клубови треба да бидат затворени како мерка на рецироцитет бидејќи македонскиот клуб бидејќи македонскиот клуб во Бугарија беше затворен и ниту еден нов не треба да се дозволи па макар и го носел името на Перо Јаворов, Христо Ботев или Димитар Благоев, било кој клуб кој можеби не е толку компромитиран и контроверзен.Самото тоа што не е дозволено на нашинците таму да се организираат таму во клуб треба да значи мерка на реципроцитет и ниту еден повеќе не треба да биде отворен овде.

Мицкоски има и одговор зошто Ковачевски го обвинува дека е промотор на овие клубови.

Дознав дека соработува со нова ПР агенција и претпоставувам дека тие му кажуваат.Но тоа што тој го кажува граѓаните не го чуствуваат од проста причина што тие знаат дека овие провокатори и во Охрид и во Битола ги отворија овие клубови не дека сакаат културно да се организираат туку за да провоцираат и да покажуваат доминација.Тие се случија во времето кога Ковачевски е премиер.Деновиве го слушаме еден негов коалициски партнер кој кажува дека Бугарите ја ослободиле Македонија.Поголем доброчинител за бугарските апетити во Македонија од Ковачевски немало, дури ни оној негов претходник кој кажуваше дека ние не сме имале споделена туку заедничка историја, дека сме биле еден народ, дека тие биле админатратори а не окупатори а за кој Ковачевски рече дека е негов верен послушник.Дури и тој не направи толку за великобугарските апетити колку Ковачевски..Сето тоа кое му го советуваат да го зборува и да го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ и мене лично граѓаните тоа не го прифаќаат.

The post Мицкоски: Треба да се затворат сите бугарски клубови па и „Ванчо Михајлов“, нови не треба да се дозволат appeared first on Република.

https://www.youtube.com/watch?v=0vhQ9JffWWU Тој ја откри вистинската намера на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ со барање до власта: Пред да зборуваме за Михајлов, СДСМ да си расчисти во коалицијата за неговото лик и дело https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-so-baranje-do-vlasta-pred-da-zboruvame-za-mihajlov-sdsm-da-si-raschisti-vo-koalicijata-za-negovoto-lik-i-delo/ Mon, 14 Nov 2022 08:13:02 +0000 https://republika.mk/?p=573492

Ја разбираме нервозата во СДС фатени во криминали и со извршени предаства па сега мора да се занимаваат со лаги и измислици, и да кажуваат работи кои не се кажани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму ја  повикуваат СДСМ да расчисти со две работи:

Прво да си расчистат во нивната коалиција околу ликот и делото на Иван Михајлов па после да се расправаат со ВМРО-ДПМНЕ.Второ, кога СДС ќе се откаже од наследството и ќе се извини за елиминирањето на макединската интелегенција од страна на комунистичкиот режим?На крај, СДС е партија под чија власт се одобрени, формирани и делуваат клубовите Ванчо Михајлов и Цар Борис.

The post ВМРО-ДПМНЕ со барање до власта: Пред да зборуваме за Михајлов, СДСМ да си расчисти во коалицијата за неговото лик и дело appeared first on Република.

]]>

Ја разбираме нервозата во СДС фатени во криминали и со извршени предаства па сега мора да се занимаваат со лаги и измислици, и да кажуваат работи кои не се кажани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму ја  повикуваат СДСМ да расчисти со две работи:
Прво да си расчистат во нивната коалиција околу ликот и делото на Иван Михајлов па после да се расправаат со ВМРО-ДПМНЕ.Второ, кога СДС ќе се откаже од наследството и ќе се извини за елиминирањето на макединската интелегенција од страна на комунистичкиот режим?На крај, СДС е партија под чија власт се одобрени, формирани и делуваат клубовите Ванчо Михајлов и Цар Борис.

The post ВМРО-ДПМНЕ со барање до власта: Пред да зборуваме за Михајлов, СДСМ да си расчисти во коалицијата за неговото лик и дело appeared first on Република.

]]>
Уставниот суд оформи предмети за „Ванчо Михајлов“ и Цар Борис“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustavniot-sud-oformi-predmeti-za-vancho-mihajlov-i-car-boris/ Thu, 10 Nov 2022 15:21:51 +0000 https://republika.mk/?p=572402

Уставниот суд денеска информира дека поради интерес на повеќе медиуми и организации оформен е предмет во кој се оспорени Статутот и Програмата на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“.

– Предметот се наоѓа во почетна фаза, односно во претходна постапка и е предаден на работа кај советник на Судот и судија кои во следниот период треба да подготват реферат со конкретен предлог по којшто Уставниот суд  ќе одлучува на седница, стои во соопштението.

Подносител на иницијативата е политичката партија „Левица“. Подносителот наведува дека оспорените Статут и програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот затоа што според него се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетреливост. Во иницијативата е наведено дека дејствувањето на Здружението е насочено кон уривање на уставниот поредок на Републиката и разгорување на  национална омраза и нетрпеливост. Подносителот на иницијативата бара поништување на оспорените акти.

Од Уставниот суд информираат дека е оформен предмет во кој се оспорува Програмата за работа и Статутот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари „Цар Борис Трети“ – Охрид. И овој предмет се наоѓа во рана фаза – претходна постапка во која се прибираат потребните информации.

Подносител на иницијативата е адвокатот Тони Менкиновски.

-Во иницијативата се наведува дека оспорените акти се противуставни бидејќи се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок, попречување на слободното изразување на националната припадност на македонскиот народ, негирање на неговата самобитност и разгорување на национална омраза или нетрпеливост. Подносителот на иницијативата бара поништување на оспорените акти, се вели во соопштението од Уставен суд.

The post Уставниот суд оформи предмети за „Ванчо Михајлов“ и Цар Борис“ appeared first on Република.

Бугарското МНР негодува што „Цар Борис и Ванчо Михајлов“ може да бидат затворени https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarskoto-mnr-negoduva-shto-car-boris-i-vancho-mihajlov-moze-da-bidat-zatvoreni/ Fri, 04 Nov 2022 08:38:30 +0000 https://republika.mk/?p=569433

Министерството за надворешни работи (МНР) на Бугарија преку соопштение изрази загриженост дека со измените на законите за здруженија и фондации и за политички партии во Македонија се ограничува правото на здружување на Бугарите во земјава бидејќи има еднострано толкување на историските факти.

Станува збор за законските измени со кои се забрани користење имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, третиот рајх итн., за здруженија, фондации и политички партии во земјава, а кои беа изгласани пред два дена во Собранието.

„Постои сериозна загриженост дека тие (законските измени) имаат за цел дискриминаторско ограничување на правото на здружување на Бугарите во Македонија, за што повод е еднострано толкување на историските факти. Легитимната потрага за спротивставување на сите форми на екстремизам и омраза не може да се инструментализира за намерно ограничување на правата на одредени задници. Ограничувањата од ваков карактер во минатото веќе им беа наметнати на Бугарите во Македонија. Со слични аргументи, во 2001 година беше забранета организацијата Радко кој е псевдонимот на Иван Михајлов. Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) веќе донесе одлука по ова прашање-велат од бугарското МНР.

https://republika.mk/vesti/makedonija/provokacija-jotova-vo-bitola-na-denot-na-osloboduvanjeto-na-gradot-od-fashistichkata-bugarsko-germanska-okupacija/

The post Бугарското МНР негодува што „Цар Борис и Ванчо Михајлов“ може да бидат затворени appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи (МНР) на Бугарија преку соопштение изрази загриженост дека со измените на законите за здруженија и фондации и за политички партии во Македонија се ограничува правото на здружување на Бугарите во земјава бидејќи има еднострано толкување на историските факти. Станува збор за законските измени со кои се забрани користење имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, третиот рајх итн., за здруженија, фондации и политички партии во земјава, а кои беа изгласани пред два дена во Собранието.
„Постои сериозна загриженост дека тие (законските измени) имаат за цел дискриминаторско ограничување на правото на здружување на Бугарите во Македонија, за што повод е еднострано толкување на историските факти. Легитимната потрага за спротивставување на сите форми на екстремизам и омраза не може да се инструментализира за намерно ограничување на правата на одредени задници. Ограничувањата од ваков карактер во минатото веќе им беа наметнати на Бугарите во Македонија. Со слични аргументи, во 2001 година беше забранета организацијата Радко кој е псевдонимот на Иван Михајлов. Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) веќе донесе одлука по ова прашање-велат од бугарското МНР.
https://republika.mk/vesti/makedonija/provokacija-jotova-vo-bitola-na-denot-na-osloboduvanjeto-na-gradot-od-fashistichkata-bugarsko-germanska-okupacija/

The post Бугарското МНР негодува што „Цар Борис и Ванчо Михајлов“ може да бидат затворени appeared first on Република.

]]>
Што предвидуват измените на законот: „Ванчо Михајлов“ и Цар Борис“ имаат три месеци да го сменат името и стaтусот, во спротивно ќе бидат избришани од регистарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shto-predviduvat-izmenite-na-zakonot-vancho-mihajlov-i-car-boris-imaat-tri-meseci-da-go-smenat-imeto-i-statusot-vo-sprotivno-kje-bidat-izbrishani-od-registarot/ Thu, 03 Nov 2022 08:56:51 +0000 https://republika.mk/?p=569050

Без ниту еден глас против, ниту воздржани, пратениците и од власта и од опозицијата со 67 гласови „за“ вчера ги изгласаа измените на Законот за здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и на Законот за политички партии, поднесен од СДСМ, со кои се забранува здруженија и партии да носат фашистички имиња. Предложените законски измени на двете партии уследија по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид.

Со измените на двата закони се предвидува отфрлување на фашизмот, нацизмот и национал-социјализмот во сите општествени форми на здружување. Со усвоените измени, сите досега формирани здруженија и фондации, како и политички партии, имаат рок од три месеци да се усогласат со новите законски измени.

Во образложение за измените на Законот за здруженија и фондации, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи рече дека во последните осум месеци сме сведоци за обиди на ревидирање и извитоперување на историските вистини во државата.

-Човештвото се уште носи лузни од геноцидот и етничкото чистење, расизмот, антисемитизмот и ксенофобијата, а меѓународната заедница како и сите ние имаме голема одговорност во спречување на овие зла. Страшната вистина за фашизмот и нацизмот мора сите заедно да ја браниме од оние коишто ја негираат. Мора да ја зајакнеме моралната и политичката посветеност на нашата влада и институциите за да обезбедиме можност идните генерации да ги разберат причините за пандемијата на омраза и лудилото од Втората светска војна, во која Македонија даде повеќе од 25 000 жртви, од кои 7 144 Евреи, рече Мизрахи.

Токму од овие причини, додаде Мизрахи, денеска ќе донесеме мал, навидум незначителен закон, што ќе биде употребен за да го заштити антифашистичкото минато, и историската вистина на нашата земја.

Таа потенцира дека речиси осум месеци по отворањето на таканаречениот културен клуб Иван Ванчо Михајлов во Битола, и иако премиерот на 28.04.2022 година од Собрание, како што рече, ветуваше функционалност на сите институции во насока на спречување на процесите на отворање „културни клубови“ со имиња на контраверзни личности и програми, денеска на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата законски се затвори ова прашање што воопшто и не требаше никогаш да се отвори.

Мизрахи најави дека ќе разгледуваат и други закони каде што ќе треба да се интервернира, како што е Законот за трговски друштва.

Пратеничката Соња Мирковска од НСДП рече дека во потполност го поддржуваат предлогот на опозицијата за измените на овој закон.

-Како владејачка партија учестувавме во изработката на овој закон за да стане пооперативен и практично го носиме заедно. Сметам дека после се она што се случуваше е исклучително важно да се оградиме од таквите случувања, да не дозволиме да ни се формираат такви здруженија во државата, и ова е начинот како може да се стави браната, рече Мираковска.

Во образложението за измените и дополнувањата на Законот за политички партии, пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчева рече дека и двата закона имаат една иста цел.

– Таа цел произлегува и од членот 20 од Уставот, но се надополнува на она што значи предизвици на новите времиња, што придонесуваат да се создаде потребата од ваквите измени, и целта на предлог законот што содржи две одредби е золемување на транспарентоста и дистанцирање од се она што значи фашизам, нацизам, национал-социјализам и гарантирање на правната сигурност на граѓаните, својствени на една демократска, цивилизирана и правна држава.

Предложените законски измени на двете партии успедија по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид. Пратениците на 17 октомври дадоа поддршка по скратена постапка да се донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Со усвоените измени и дополнувања, во Законот за здруженија и фондации членот 4, став 2 се менува и гласи „Се забранува основање на организација ако програмата, целите, дејностите и нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка, поттикнување и одобрување на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, преземање на активности поврзани со тероризам, преземање на активности кои се спротивни на Уставот или закон и преземање на активности со кои се повредуваат слободите и правата на други лица“.

– Како име, скратено име и/или назив на организација не можат да бидат употребувани имиња, презимиња, прекари, псевдоними, кратенки и иницијали, на лица кои по кој било основ, начин или форма во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, стои во новиот став во членот 8 од Законот.

Според Законот, за употреба на име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност, согласност дава министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење на Комисијата за употреба на имињата на историски личности, а која ја формира самиот министер.

Во преодните и завршните одредби на измените и дополнувањата на Законот е наведено дека организации, здруженија, фондации, сојуз и други форми на здружување регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и се должни во рок од три месеци од стапување во сила на овој закон, да го усогласат своето име и/или назив, цели и дејности согласно одредбите од овој закон, пред Централниот регистар. Здруженија и фондации регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат одредбите согласно став 1 од овој член, се бришат од Регистарот, за што министерот за правда донесува одлука. Министерот за правда е должен да донесе одлука за престанок на истите, во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на овој закон.

Со измените, пак, на Законот за политички партии, ќе се овозможи поголема транспарентност, како на постоечките така и на идните политички партии, гарантирање на правната сигурност на граѓаните својствени за една демократска, современа и цивилизирана правна држава, стоеше во предложениот текст.

Со членот 1 се допрецизира одредбата за програмата, статутот и дејствувањето на политичките партии да не можат да бидат насочени разгорување на национална, расна или верска омраза,нетрпеливост,етничка нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх или повикување на личности и настани од минатото поврзани со фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.

Со членот 2 се дополнува членот 16 со два нови става во кои е уредено дека: (4) Статутот на политичката партија не смее да содржи одредби кои предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.

– Името и ознаките на политичката партија не смеат да содржат симболи, зборови, кратенки кои предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, е предложено во еден од ставовите.

Владиното советодавно тело за употреба на имиња на историски личности, пак, пред неколку дена го оцени како негативно барањето за регистрирање на клуб со името на Цар Фердинанд. Ова тело излезе со став дека нема позитивно мислење за да се формира културен клуб со ова име, со оглед на тоа што, како што изјави за МИА Бобан Петровски, претседател на телото, самата средина во македонската историја, како и во перцепцијата на македонските граѓани не е позитивна личност.

The post Што предвидуват измените на законот: „Ванчо Михајлов“ и Цар Борис“ имаат три месеци да го сменат името и стaтусот, во спротивно ќе бидат избришани од регистарот appeared first on Република.

]]>

Без ниту еден глас против, ниту воздржани, пратениците и од власта и од опозицијата со 67 гласови „за“ вчера ги изгласаа измените на Законот за здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и на Законот за политички партии, поднесен од СДСМ, со кои се забранува здруженија и партии да носат фашистички имиња. Предложените законски измени на двете партии уследија по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид. Со измените на двата закони се предвидува отфрлување на фашизмот, нацизмот и национал-социјализмот во сите општествени форми на здружување. Со усвоените измени, сите досега формирани здруженија и фондации, како и политички партии, имаат рок од три месеци да се усогласат со новите законски измени. Во образложение за измените на Законот за здруженија и фондации, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи рече дека во последните осум месеци сме сведоци за обиди на ревидирање и извитоперување на историските вистини во државата. -Човештвото се уште носи лузни од геноцидот и етничкото чистење, расизмот, антисемитизмот и ксенофобијата, а меѓународната заедница како и сите ние имаме голема одговорност во спречување на овие зла. Страшната вистина за фашизмот и нацизмот мора сите заедно да ја браниме од оние коишто ја негираат. Мора да ја зајакнеме моралната и политичката посветеност на нашата влада и институциите за да обезбедиме можност идните генерации да ги разберат причините за пандемијата на омраза и лудилото од Втората светска војна, во која Македонија даде повеќе од 25 000 жртви, од кои 7 144 Евреи, рече Мизрахи. Токму од овие причини, додаде Мизрахи, денеска ќе донесеме мал, навидум незначителен закон, што ќе биде употребен за да го заштити антифашистичкото минато, и историската вистина на нашата земја. Таа потенцира дека речиси осум месеци по отворањето на таканаречениот културен клуб Иван Ванчо Михајлов во Битола, и иако премиерот на 28.04.2022 година од Собрание, како што рече, ветуваше функционалност на сите институции во насока на спречување на процесите на отворање „културни клубови“ со имиња на контраверзни личности и програми, денеска на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата законски се затвори ова прашање што воопшто и не требаше никогаш да се отвори. Мизрахи најави дека ќе разгледуваат и други закони каде што ќе треба да се интервернира, како што е Законот за трговски друштва. Пратеничката Соња Мирковска од НСДП рече дека во потполност го поддржуваат предлогот на опозицијата за измените на овој закон.
-Како владејачка партија учестувавме во изработката на овој закон за да стане пооперативен и практично го носиме заедно. Сметам дека после се она што се случуваше е исклучително важно да се оградиме од таквите случувања, да не дозволиме да ни се формираат такви здруженија во државата, и ова е начинот како може да се стави браната, рече Мираковска.
Во образложението за измените и дополнувањата на Законот за политички партии, пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчева рече дека и двата закона имаат една иста цел. – Таа цел произлегува и од членот 20 од Уставот, но се надополнува на она што значи предизвици на новите времиња, што придонесуваат да се создаде потребата од ваквите измени, и целта на предлог законот што содржи две одредби е золемување на транспарентоста и дистанцирање од се она што значи фашизам, нацизам, национал-социјализам и гарантирање на правната сигурност на граѓаните, својствени на една демократска, цивилизирана и правна држава. Предложените законски измени на двете партии успедија по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид. Пратениците на 17 октомври дадоа поддршка по скратена постапка да се донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Со усвоените измени и дополнувања, во Законот за здруженија и фондации членот 4, став 2 се менува и гласи „Се забранува основање на организација ако програмата, целите, дејностите и нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка, поттикнување и одобрување на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, преземање на активности поврзани со тероризам, преземање на активности кои се спротивни на Уставот или закон и преземање на активности со кои се повредуваат слободите и правата на други лица“. – Како име, скратено име и/или назив на организација не можат да бидат употребувани имиња, презимиња, прекари, псевдоними, кратенки и иницијали, на лица кои по кој било основ, начин или форма во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, стои во новиот став во членот 8 од Законот. Според Законот, за употреба на име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност, согласност дава министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење на Комисијата за употреба на имињата на историски личности, а која ја формира самиот министер. Во преодните и завршните одредби на измените и дополнувањата на Законот е наведено дека организации, здруженија, фондации, сојуз и други форми на здружување регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и се должни во рок од три месеци од стапување во сила на овој закон, да го усогласат своето име и/или назив, цели и дејности согласно одредбите од овој закон, пред Централниот регистар. Здруженија и фондации регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат одредбите согласно став 1 од овој член, се бришат од Регистарот, за што министерот за правда донесува одлука. Министерот за правда е должен да донесе одлука за престанок на истите, во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на овој закон. Со измените, пак, на Законот за политички партии, ќе се овозможи поголема транспарентност, како на постоечките така и на идните политички партии, гарантирање на правната сигурност на граѓаните својствени за една демократска, современа и цивилизирана правна држава, стоеше во предложениот текст. Со членот 1 се допрецизира одредбата за програмата, статутот и дејствувањето на политичките партии да не можат да бидат насочени разгорување на национална, расна или верска омраза,нетрпеливост,етничка нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх или повикување на личности и настани од минатото поврзани со фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх. Со членот 2 се дополнува членот 16 со два нови става во кои е уредено дека: (4) Статутот на политичката партија не смее да содржи одредби кои предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.
– Името и ознаките на политичката партија не смеат да содржат симболи, зборови, кратенки кои предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, е предложено во еден од ставовите.
Владиното советодавно тело за употреба на имиња на историски личности, пак, пред неколку дена го оцени како негативно барањето за регистрирање на клуб со името на Цар Фердинанд. Ова тело излезе со став дека нема позитивно мислење за да се формира културен клуб со ова име, со оглед на тоа што, како што изјави за МИА Бобан Петровски, претседател на телото, самата средина во македонската историја, како и во перцепцијата на македонските граѓани не е позитивна личност.

The post Што предвидуват измените на законот: „Ванчо Михајлов“ и Цар Борис“ имаат три месеци да го сменат името и стaтусот, во спротивно ќе бидат избришани од регистарот appeared first on Република.

]]>
Училиштето демантира: Учениците биле во Бугарија да воспостават Еразмус + соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchilishteto-demantira-uchenicite-bile-vo-bugarija-da-vospostavat-erazmus-sorabotka/ Sun, 30 Oct 2022 08:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=567300

Категорично ги отфрламе дезинформациите за присуство на ученици од техничкото училиште од Битола во Бугарија. Во Софија бевме отидени јас и заменикот директор Здравковски Љупчо за да воспоставиме Еразмус + соработка со училишта во Софија, како што впрочем е и практиката на сите други училишта, реагира в.д. директорката на училиштето, Жанета Сервини во врска со вчерашната информација проследена на повеќе медиуми.

Со дадената непроверена информација направена е шпекулација со која е нарушен нашиот углед и угледот на училиштето.

Барам од вас и од сите други медиуми да ја повлечат лажната вест и да ја пренесат вистинската информација во интерес на објективноста на информирањето и чувањето на угледот на новинарската професија која во голема мера го креира јавното мислење. Доколку не се повлече веста, ќе ги преземеме сите располoжливи мерки за спречување на нанесувањето штета на мојот углед, на угледот на училиштето и на заменик директорот, како и за спречување на лажно информирање.

https://republika.mk/vesti/makedonija/uchenici-od-bitola-koi-bile-istomislenici-na-bugarskiot-klub-ivan-mihajlov-zaminale-vo-sofija-na-predavanje-i-razgovor-so-milen-vrabovski/

The post Училиштето демантира: Учениците биле во Бугарија да воспостават Еразмус + соработка appeared first on Република.

]]>

Категорично ги отфрламе дезинформациите за присуство на ученици од техничкото училиште од Битола во Бугарија. Во Софија бевме отидени јас и заменикот директор Здравковски Љупчо за да воспоставиме Еразмус + соработка со училишта во Софија, како што впрочем е и практиката на сите други училишта, реагира в.д. директорката на училиштето, Жанета Сервини во врска со вчерашната информација проследена на повеќе медиуми. Со дадената непроверена информација направена е шпекулација со која е нарушен нашиот углед и угледот на училиштето. Барам од вас и од сите други медиуми да ја повлечат лажната вест и да ја пренесат вистинската информација во интерес на објективноста на информирањето и чувањето на угледот на новинарската професија која во голема мера го креира јавното мислење. Доколку не се повлече веста, ќе ги преземеме сите располoжливи мерки за спречување на нанесувањето штета на мојот углед, на угледот на училиштето и на заменик директорот, како и за спречување на лажно информирање. https://republika.mk/vesti/makedonija/uchenici-od-bitola-koi-bile-istomislenici-na-bugarskiot-klub-ivan-mihajlov-zaminale-vo-sofija-na-predavanje-i-razgovor-so-milen-vrabovski/

The post Училиштето демантира: Учениците биле во Бугарија да воспостават Еразмус + соработка appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Бугарија отвора клубови на фашистички соработници, Македонија промовира неспорен историски лик кој обединувал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-bugarija-otvora-klubovi-na-fashistichki-sorabotnici-makedonija-promovira-nesporen-istoriski-lik-koj-obedinuval/ Fri, 28 Oct 2022 16:44:25 +0000 https://republika.mk/?p=566946

Отворањето на македонскиот клуб во Бугарија е одлична можност државниот врв да се обедини и да дојде заедно со мене таму, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за порталот А1 ОН.

Мицкоски потенцираше дека во недела во Благоевград ќе се отвори македонски културен центар кој што го носи името на историски лик кој што обединува, за разлика од имињата на бугарскиот културен центар за кој што рече дека се имиња на докажани бугарски фашистички соработници.

Не може Бугарија ова да го сфати како провокација бидејќи ние не отвораме културен македонски центар кој што има име на докажан фашистички соработник. Македонскиот народ е антифашистички и така ја создал својата држава на основа на борба против фашизмот. И тие две работи не може една со друга да се спојат. Второ, ние не го негираме идентитетот на Бугарите, тие го негираат нашиот. И тука има суштинска разлика. Да ние го негираме идентитетот на Бугарите и да велевме тие се Македонци и така натаму, и така натаму, тогаш можеби и би имало некаков знак на равенство, вие што го кажувате. Но, ние едноставно одиме да си ги поддржиме нашите луѓе, да им подадеме рака и да им кажеме не сте сами луѓе, ние сме заедно со вас, без било каков обид за мешање во внатрешните работи кај нашиот источен сосед. Едноставно да го испочитуваме нашето, а така го почитуваме и туѓото, вели Мицкоски.

The post Мицкоски: Бугарија отвора клубови на фашистички соработници, Македонија промовира неспорен историски лик кој обединувал appeared first on Република.

]]>

Отворањето на македонскиот клуб во Бугарија е одлична можност државниот врв да се обедини и да дојде заедно со мене таму, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за порталот А1 ОН. Мицкоски потенцираше дека во недела во Благоевград ќе се отвори македонски културен центар кој што го носи името на историски лик кој што обединува, за разлика од имињата на бугарскиот културен центар за кој што рече дека се имиња на докажани бугарски фашистички соработници.
Не може Бугарија ова да го сфати како провокација бидејќи ние не отвораме културен македонски центар кој што има име на докажан фашистички соработник. Македонскиот народ е антифашистички и така ја создал својата држава на основа на борба против фашизмот. И тие две работи не може една со друга да се спојат. Второ, ние не го негираме идентитетот на Бугарите, тие го негираат нашиот. И тука има суштинска разлика. Да ние го негираме идентитетот на Бугарите и да велевме тие се Македонци и така натаму, и така натаму, тогаш можеби и би имало некаков знак на равенство, вие што го кажувате. Но, ние едноставно одиме да си ги поддржиме нашите луѓе, да им подадеме рака и да им кажеме не сте сами луѓе, ние сме заедно со вас, без било каков обид за мешање во внатрешните работи кај нашиот источен сосед. Едноставно да го испочитуваме нашето, а така го почитуваме и туѓото, вели Мицкоски.

The post Мицкоски: Бугарија отвора клубови на фашистички соработници, Македонија промовира неспорен историски лик кој обединувал appeared first on Република.

]]>
Бугарските власти непријатно изненадени зошто се истражува отворање на бугарски здруженија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarskite-vlasti-neprijatno-iznenadeni-zoshto-se-istrazuva-otvoranje-na-bugarski-zdruzenija/ Fri, 19 Aug 2022 08:28:08 +0000 https://republika.mk/?p=541883

Внимателно следиме – вака вршителот на должноста министер за надворешни работи Николај Милков за БНТ ја прокоментира информацијата дека обвинителството во Македонија ги истражува активностите на бугарските здруженија.

„Ни треба објаснување“, рече Милков, конкретно осврнувајќи се на активностите на здружението „Иван Михаилов“, охридското здружение „Цар Борис III“.

„Внимателно ја следиме ситуацијата“, додаде тој.

Тој прокоментира и дека земјите имаат шанса да ги решат проблемите кои постојат со децении, а не се третирани сериозно.

„Сега имаме механизам за нивно решавање. Зборуваме за таканаречениот „француски предлог“. Пред нас е широк терен да продолжиме со работата и да ги расчистиме сите спорни прашања“, коментира Милков.

Министерот за надворешни работи рече и дека има изгледи за подобрување на односите со Македонија.

„Таму вознемиреност предизвикува однесувањето на опозицијата која ги користи овие внатрешни ставови на еден дел од населението. Очигледно има сили кои се спротиставуваат. Тие поставуваат лажна дилема, според мене – европско членство или идентитет на Република Македонија“.

Николај Милков изјави дека европското минато е поврзано со отфрлање на голем број пропагандни клишеа, а секоја земја пред да влезе во ЕУ мора да се раздели со дел од лажните парадигми со кои е третиран историскиот процес.

The post Бугарските власти непријатно изненадени зошто се истражува отворање на бугарски здруженија appeared first on Република.

]]>

Внимателно следиме – вака вршителот на должноста министер за надворешни работи Николај Милков за БНТ ја прокоментира информацијата дека обвинителството во Македонија ги истражува активностите на бугарските здруженија. „Ни треба објаснување“, рече Милков, конкретно осврнувајќи се на активностите на здружението „Иван Михаилов“, охридското здружение „Цар Борис III“. „Внимателно ја следиме ситуацијата“, додаде тој. Тој прокоментира и дека земјите имаат шанса да ги решат проблемите кои постојат со децении, а не се третирани сериозно.
„Сега имаме механизам за нивно решавање. Зборуваме за таканаречениот „француски предлог“. Пред нас е широк терен да продолжиме со работата и да ги расчистиме сите спорни прашања“, коментира Милков.
Министерот за надворешни работи рече и дека има изгледи за подобрување на односите со Македонија.
„Таму вознемиреност предизвикува однесувањето на опозицијата која ги користи овие внатрешни ставови на еден дел од населението. Очигледно има сили кои се спротиставуваат. Тие поставуваат лажна дилема, според мене – европско членство или идентитет на Република Македонија“.
Николај Милков изјави дека европското минато е поврзано со отфрлање на голем број пропагандни клишеа, а секоја земја пред да влезе во ЕУ мора да се раздели со дел од лажните парадигми со кои е третиран историскиот процес.

The post Бугарските власти непријатно изненадени зошто се истражува отворање на бугарски здруженија appeared first on Република.

]]>
Еврејската заедница ќе го проверува потеклото на куќата на клубот „Иван Михајлов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evrejskata-zaednica-kje-go-proveruva-potekloto-na-kukjata-na-klubot-ivan-mihajlov/ Tue, 09 Aug 2022 11:03:56 +0000 https://republika.mk/?p=538317

Еврејската заедница на Македонија започна со процедурата пред надлежната институција за да провери дали куќата во која сега е сместен бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола, некогаш била во сопственост на депортирано еврејско семејство.

Од Еврејската заедница на Македонија потврдуваат дека е започната процедура во Катастарот во Битола, за историја на движење на имотот на посочената куќа. Од катастарот им било соопштено дека процедурата ќе трае 7 дена.

– Не би можел да потврдам дали посочениот објект во минатото бил во сопственост на македонски Евреи. Ние започнавме процедура и очекуваме одговор од надлежната институција. Точно е дека отспротива на куќата, се наоѓа објект што е во сопственост на Еврејската заедница на Македонија. Засега немаме конкретна информација, но верувајте дека ќе се потрудиме да ја добиеме – изјави за Плусинфо, Пепо Леви, претседателот на Еврејската заедница во Македонија.

„Nicht um jeden Preis in die EU“ или преведено на македонски јазик „Не по секоја цена во ЕУ“ е насловена репортажата што ја објави германскиот национален ТВ сервис ZDF на германската новинарка Брита Хилперт, која меѓу другото открива дека бугарскиот културен центар во Битола „Иван Михајлов“ е сместен во куќа на еврејско семејство кое во текот на Втората светска војна било депортирано.

The post Еврејската заедница ќе го проверува потеклото на куќата на клубот „Иван Михајлов“ appeared first on Република.

]]>

Еврејската заедница на Македонија започна со процедурата пред надлежната институција за да провери дали куќата во која сега е сместен бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола, некогаш била во сопственост на депортирано еврејско семејство. Од Еврејската заедница на Македонија потврдуваат дека е започната процедура во Катастарот во Битола, за историја на движење на имотот на посочената куќа. Од катастарот им било соопштено дека процедурата ќе трае 7 дена.
– Не би можел да потврдам дали посочениот објект во минатото бил во сопственост на македонски Евреи. Ние започнавме процедура и очекуваме одговор од надлежната институција. Точно е дека отспротива на куќата, се наоѓа објект што е во сопственост на Еврејската заедница на Македонија. Засега немаме конкретна информација, но верувајте дека ќе се потрудиме да ја добиеме – изјави за Плусинфо, Пепо Леви, претседателот на Еврејската заедница во Македонија.
„Nicht um jeden Preis in die EU“ или преведено на македонски јазик „Не по секоја цена во ЕУ“ е насловена репортажата што ја објави германскиот национален ТВ сервис ZDF на германската новинарка Брита Хилперт, која меѓу другото открива дека бугарскиот културен центар во Битола „Иван Михајлов“ е сместен во куќа на еврејско семејство кое во текот на Втората светска војна било депортирано.

The post Еврејската заедница ќе го проверува потеклото на куќата на клубот „Иван Михајлов“ appeared first on Република.

]]>
Присуството на бугарскиот конзул на ревизијата на клубот „Ванчо Михајлов“ обид за влијание, смета Комисијат за дискриминација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarski-konzul-kje-prisustva-na-revizijata-na-klubot-vancho-mihajlov/ Fri, 05 Aug 2022 11:31:12 +0000 https://republika.mk/?p=537113

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) присуството на генералниот конзул на Бугарија, Димитар Иванов за време на извршувањето на најавениот увид во просториите на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, го доживува како обид за влијание врз нејзината работа.

Од КСЗД, информираат дека по поднесена претставка за дискриминација од здружение на граѓани против Културниот центар „Иван Михајлов“, вчера беше извршен најавен увид во просториите на Центарот во Битола.

– При увидот, спротивно на досегашните практики, констатирано е дека освен претставниците на Здружението, присуствуваше и генералниот конзул на Република Бугарија, г-нот Димитар Иванов. Неговото присуство за време на извршувањето на своите законски надлежности, Комисијата го доживува како обид за влијание врз работата на ова независно тело за еднаквост, но и можност за инструментализација на Комисијата во политички цели, за што го извести и МНР, се вели во соопштението од КСЗД.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, се вели во соопштението, е формирана и работи согласно законот за спречување и заштита од дискриминација и според одредбите содржани во Законот, Комисијата е самостоен и независен орган избран од Собранието на Република Македонија и за својата работа одговара единствено пред оваа институција.

По извршениот увид во просториите на клубот, Весна Бендевска од КСЗД во изјава за медиумите рече дека тоа е сторено по претставка за дискриминација од граѓанско здружение, но не прецизираше за што се однесува претставката, потенцирајќи дека Комисијата нема да прејудицира наводи, туку ќе го објави мислењето откако ќе заврши постапката.

– Согласно наводите во претставката должни сме да ја сослушаме другата страна против која е поднесена претставката и да прибавиме документи. Дојдовме на увид кој е најавен пред една недела и извршивме увид на просториите на потенцијалниот дискриминатор, како што наведува поднесувачот на претставката, изјави Бендевска.

Културниот центар „Иван Михајлов“ беше отворен на 16 април во присуство на претставници на бугарскиот државен врв.

The post Присуството на бугарскиот конзул на ревизијата на клубот „Ванчо Михајлов“ обид за влијание, смета Комисијат за дискриминација appeared first on Република.

]]>

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) присуството на генералниот конзул на Бугарија, Димитар Иванов за време на извршувањето на најавениот увид во просториите на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, го доживува како обид за влијание врз нејзината работа. Од КСЗД, информираат дека по поднесена претставка за дискриминација од здружение на граѓани против Културниот центар „Иван Михајлов“, вчера беше извршен најавен увид во просториите на Центарот во Битола.
– При увидот, спротивно на досегашните практики, констатирано е дека освен претставниците на Здружението, присуствуваше и генералниот конзул на Република Бугарија, г-нот Димитар Иванов. Неговото присуство за време на извршувањето на своите законски надлежности, Комисијата го доживува како обид за влијание врз работата на ова независно тело за еднаквост, но и можност за инструментализација на Комисијата во политички цели, за што го извести и МНР, се вели во соопштението од КСЗД.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, се вели во соопштението, е формирана и работи согласно законот за спречување и заштита од дискриминација и според одредбите содржани во Законот, Комисијата е самостоен и независен орган избран од Собранието на Република Македонија и за својата работа одговара единствено пред оваа институција. По извршениот увид во просториите на клубот, Весна Бендевска од КСЗД во изјава за медиумите рече дека тоа е сторено по претставка за дискриминација од граѓанско здружение, но не прецизираше за што се однесува претставката, потенцирајќи дека Комисијата нема да прејудицира наводи, туку ќе го објави мислењето откако ќе заврши постапката.
– Согласно наводите во претставката должни сме да ја сослушаме другата страна против која е поднесена претставката и да прибавиме документи. Дојдовме на увид кој е најавен пред една недела и извршивме увид на просториите на потенцијалниот дискриминатор, како што наведува поднесувачот на претставката, изјави Бендевска.
Културниот центар „Иван Михајлов“ беше отворен на 16 април во присуство на претставници на бугарскиот државен врв.

The post Присуството на бугарскиот конзул на ревизијата на клубот „Ванчо Михајлов“ обид за влијание, смета Комисијат за дискриминација appeared first on Република.

]]>
Комисијата за заштита од дискриминација влезе во бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-zashtita-od-diskriminacija-vleze-vo-bugarskiot-klub-vancho-mihajlov/ Thu, 04 Aug 2022 20:45:27 +0000 https://republika.mk/?p=536888

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денес изврши увид во бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола. Весна Бендевска, член на Комисијата рече дека увидот е по претставка на Здружение на граѓани кое го пријавило Клубот за дискриминација.

Согласно член 29 од Закон за спречување и заштита од дискриминација, работиме на претставка поднесена од Здружение на граѓани со оправдан интерес. Согласно наводите во претставкатам, должни сме да ја сослушаме и другата страна. Членот 29 ни овозможува најавени и ненајавени увиди. Овој пат дојдовме на најавен увид од пред една недела во просториите на потенцијалниот дискриминатор, како што наведува во поднесената претставка, изјави Весна Бендевска, член на комисијата.

Бендевска не даде подетални информации за што се однесува дискриминацијата, се додека трае постапката.

Во овој момент, Комисијата не дава и не прејудицира наводи за кои ќе се изјасниме штом претставката заврши. Има уште неколку институции што ќе мора да ги посетиме, да пријавиме документи , потоа мислењето ќе го објавиме пред јавноста и ќе биде јавно достапно на нашата веб-страна, рече Бендевска.

При увидов беше присутен и бугарскиот конзул во Битола, Димитар Иванов. Од здружението не дадоа изјава, само рекоа дека увидот бил коректен. Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ беше отворен на 16 април годинава во присуство на бугарскиот државен врв.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-izgleda-vnatre-klubot-vancho-mihajlov-na-dzidot-visi-negov-citat-deka-makedonskata-nacija-e-izmislena/

The post Комисијата за заштита од дискриминација влезе во бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ appeared first on Република.

]]>

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денес изврши увид во бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола. Весна Бендевска, член на Комисијата рече дека увидот е по претставка на Здружение на граѓани кое го пријавило Клубот за дискриминација.
Согласно член 29 од Закон за спречување и заштита од дискриминација, работиме на претставка поднесена од Здружение на граѓани со оправдан интерес. Согласно наводите во претставкатам, должни сме да ја сослушаме и другата страна. Членот 29 ни овозможува најавени и ненајавени увиди. Овој пат дојдовме на најавен увид од пред една недела во просториите на потенцијалниот дискриминатор, како што наведува во поднесената претставка, изјави Весна Бендевска, член на комисијата.
Бендевска не даде подетални информации за што се однесува дискриминацијата, се додека трае постапката.
Во овој момент, Комисијата не дава и не прејудицира наводи за кои ќе се изјасниме штом претставката заврши. Има уште неколку институции што ќе мора да ги посетиме, да пријавиме документи , потоа мислењето ќе го објавиме пред јавноста и ќе биде јавно достапно на нашата веб-страна, рече Бендевска.
При увидов беше присутен и бугарскиот конзул во Битола, Димитар Иванов. Од здружението не дадоа изјава, само рекоа дека увидот бил коректен. Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ беше отворен на 16 април годинава во присуство на бугарскиот државен врв. https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-izgleda-vnatre-klubot-vancho-mihajlov-na-dzidot-visi-negov-citat-deka-makedonskata-nacija-e-izmislena/

The post Комисијата за заштита од дискриминација влезе во бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ appeared first on Република.

]]>
Се појави видео од наcтапот на Ламбе во Валандово, на снимката се гледаат и неговите раце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-pojavi-video-od-nactapot-na-lambe-vo-valandovo-na-snimkata-se-gledaat-i-negovite-race/ Thu, 09 Jun 2022 21:57:24 +0000 https://republika.mk/?p=513399

Еден ден откако го запали бугарскиот културен клуб во Битола, популарниот битолски пејач, Ламбе Алабаковски настапил на фестивалот „Фолк Фест Валандово“ интерпретирајќи ја песната “Нема збогум“.

Во Женски магазин, тој на 3 јуни дал изјава за фестивалот. „Народната музика, едноставно е во гените на македонскиот народ. Така што апсолутно не станува збор за премин во фолкери.

Имајќи предвид дека песната е напишана од врвни еминентни и докажани музичари,кон кои имам голема почит, Миле Барбаровски кој ги направи музиката и аранжманот и Ѓорѓи Барбаровски кој го напиша текстот. одлучив дека сега е вистинскиот момент да се направи и сними песната “Нема Збогум“.

Миле Барбаровски ги има напишано сите големи хитови кои и денес се слушаат како “Заветна” на Пепи Бавтировски, ” Дали чекаш стара мајчице “на Гоце Арнаудов и многу други песни.

Дел од нив ги имам испеано на концертни настани и на тв- емисии. Планирам од пред десет години еден проект, но секогаш треба многу љубов и добар план за да се оствари сето тоа. Засега не би откривал повеќе. Што е наше ќе си дојде ,велат постарите“, рекол Ламбе

Денес на Јутјуб се појави снимка од настапот на Ламбе во „Валандово“, и на крајот на настапот тој добил голем аплауз од публиката. Некои медиуми објавија дека тој ги криел рацете, што не е вистина. Напротив, на видеото се гледаат рацете.

The post Се појави видео од наcтапот на Ламбе во Валандово, на снимката се гледаат и неговите раце appeared first on Република.

]]>

Еден ден откако го запали бугарскиот културен клуб во Битола, популарниот битолски пејач, Ламбе Алабаковски настапил на фестивалот „Фолк Фест Валандово“ интерпретирајќи ја песната “Нема збогум“. Во Женски магазин, тој на 3 јуни дал изјава за фестивалот. „Народната музика, едноставно е во гените на македонскиот народ. Така што апсолутно не станува збор за премин во фолкери. Имајќи предвид дека песната е напишана од врвни еминентни и докажани музичари,кон кои имам голема почит, Миле Барбаровски кој ги направи музиката и аранжманот и Ѓорѓи Барбаровски кој го напиша текстот. одлучив дека сега е вистинскиот момент да се направи и сними песната “Нема Збогум“. Миле Барбаровски ги има напишано сите големи хитови кои и денес се слушаат како “Заветна” на Пепи Бавтировски, ” Дали чекаш стара мајчице “на Гоце Арнаудов и многу други песни. Дел од нив ги имам испеано на концертни настани и на тв- емисии. Планирам од пред десет години еден проект, но секогаш треба многу љубов и добар план за да се оствари сето тоа. Засега не би откривал повеќе. Што е наше ќе си дојде ,велат постарите“, рекол Ламбе Денес на Јутјуб се појави снимка од настапот на Ламбе во „Валандово“, и на крајот на настапот тој добил голем аплауз од публиката. Некои медиуми објавија дека тој ги криел рацете, што не е вистина. Напротив, на видеото се гледаат рацете.

The post Се појави видео од наcтапот на Ламбе во Валандово, на снимката се гледаат и неговите раце appeared first on Република.

]]>