клуб на бугарско-македонско пријателство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klub-na-bugarsko-makedonsko-prijatelstvo/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Jun 2023 17:39:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png клуб на бугарско-македонско пријателство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klub-na-bugarsko-makedonsko-prijatelstvo/ 32 32 Претставници на Клубот за бугарско-македонско пријателство се поклонија пред споменикот на убиените младинци Ваташа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretstavnitsi-na-klubot-za-bugarsko-makedonsko-prijatelstvo-se-poklonija-pred-spomenikot-na-ubienite-mladintsi-vatasha/ Fri, 16 Jun 2023 20:31:28 +0000 https://republika.mk/?p=652242

Претставници на Клубот за бугарско-македонско пријателство положија се поклонија пред споменикот на убиените младинци Ваташа.

Гестот, вели Тони Поповски од Клубот, е позитивен сам по себе, но и поради тоа што е пример за признавање на вина за едно грозоморно злосторство кое го има направено бугарската армија во периодот на Втората светска војна, и смета дека станува збор за инспиративен чин за сите останати институционални и вонинституционални чинители во двете држави и општества.

„Тоа е логичен и неопходен чекор за помирување и зближување, согласно и други меѓународни практики. Од таа причина без резерва го поздравувам овој и слични гестови кои и двете страни треба да ги прават во иднина“, напиша Тони Поповски на социјалните мрежи.

Поповски дополнува дека денес „на овие настани треба да се гледа од перспектива на суверени и независни држава, какви што се Бугарија како и Македонија, кои после Втората Светска Војна транзитирале низ комунизам до современи демократии“.

„Имајќи го тоа предвид, денес треба да се воздржиме од меѓусебно етикетирање како народи. Треба да извлечеме поуки од минатото и да не дозволиме вакви или слични настани да се повторат“, истакнува во својот запис на социјалните мрежи Тони Поповски.

The post Претставници на Клубот за бугарско-македонско пријателство се поклонија пред споменикот на убиените младинци Ваташа appeared first on Република.

]]>

Претставници на Клубот за бугарско-македонско пријателство положија се поклонија пред споменикот на убиените младинци Ваташа. Гестот, вели Тони Поповски од Клубот, е позитивен сам по себе, но и поради тоа што е пример за признавање на вина за едно грозоморно злосторство кое го има направено бугарската армија во периодот на Втората светска војна, и смета дека станува збор за инспиративен чин за сите останати институционални и вонинституционални чинители во двете држави и општества.
„Тоа е логичен и неопходен чекор за помирување и зближување, согласно и други меѓународни практики. Од таа причина без резерва го поздравувам овој и слични гестови кои и двете страни треба да ги прават во иднина“, напиша Тони Поповски на социјалните мрежи.
Поповски дополнува дека денес „на овие настани треба да се гледа од перспектива на суверени и независни држава, какви што се Бугарија како и Македонија, кои после Втората Светска Војна транзитирале низ комунизам до современи демократии“.
„Имајќи го тоа предвид, денес треба да се воздржиме од меѓусебно етикетирање како народи. Треба да извлечеме поуки од минатото и да не дозволиме вакви или слични настани да се повторат“, истакнува во својот запис на социјалните мрежи Тони Поповски.

The post Претставници на Клубот за бугарско-македонско пријателство се поклонија пред споменикот на убиените младинци Ваташа appeared first on Република.

]]>
Ќосев: Кога бугарските политичари велат дека нацијата е измислена, односите меѓу двете земји не можат да бидат добри https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kjosev-koga-bugarskite-politichari-velat-deka-nacijata-e-izmislena-odnosite-megju-dvete-zemji-ne-mozat-da-bidat-dobri/ Tue, 03 May 2022 13:17:13 +0000 https://republika.mk/?p=496894

Во Клубот за бугарско-македонско пријателство има над 100 членови, изјави бугарскиот историчар Стефан Дечев, еден од основачите на клубот.

Клубот е граѓанска заедница на јавни личности од Бугарија и Република Македонија, формирана на 19 април годинава за да одговори на предизвиците со кои се соочуваат двете земји, рече Атанас Шарков, еден од основачите на клубот.

Тој рече дека за време на комунизмот, тоталитарните режими во двете земји воделе многу тешка пропагандна војна еден со друг.
По 1990 година, оваа војна всушност продолжи со различен интензитет, додаде Шарков.

Најави дека во рамките на Клубот ќе бидат формирани работни групи од експерти и професионалци за кохезија во различни области – култура, образование, наука, сајбер безбедност, заштита и борба против дезинформации, граѓанско општество, економија. Ќе биде формирана и комисија во сенка меѓу историчарите од двете земји, изјави Шарков, пренесува „Медијапул“.

Во моментов на сила е историската комисија, која беше формирана според Договорот за добрососедство во 2017 година, но се уште нема постигнато значајни резултати.

Меѓу основачите на Клубот се писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експертот за одбрана Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев, Тевелиева Маевлева, а од македонска страна – филозофката Катерина Колозова, политикологот Љубчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Зајковски, поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.

Проф. Александар Ќосев, предавач по модерна културна историја на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, чии корени потекнуваат од Дојран, рече дека бугарските влади во последните десет години направиле да се зголеми десеткратно бугарската фобија во Република Македонија.

Треба да гледаме на ситниците кои нѐ обединуваат, а не на она што нѐ разделува. Кога бугарските политичари велат дека нацијата е измислена, односите меѓу двете земји не можат да бидат добри“, рече Ќосев.

The post Ќосев: Кога бугарските политичари велат дека нацијата е измислена, односите меѓу двете земји не можат да бидат добри appeared first on Република.

]]>

Во Клубот за бугарско-македонско пријателство има над 100 членови, изјави бугарскиот историчар Стефан Дечев, еден од основачите на клубот. Клубот е граѓанска заедница на јавни личности од Бугарија и Република Македонија, формирана на 19 април годинава за да одговори на предизвиците со кои се соочуваат двете земји, рече Атанас Шарков, еден од основачите на клубот.
Тој рече дека за време на комунизмот, тоталитарните режими во двете земји воделе многу тешка пропагандна војна еден со друг.
По 1990 година, оваа војна всушност продолжи со различен интензитет, додаде Шарков.
Најави дека во рамките на Клубот ќе бидат формирани работни групи од експерти и професионалци за кохезија во различни области – култура, образование, наука, сајбер безбедност, заштита и борба против дезинформации, граѓанско општество, економија. Ќе биде формирана и комисија во сенка меѓу историчарите од двете земји, изјави Шарков, пренесува „Медијапул“. Во моментов на сила е историската комисија, која беше формирана според Договорот за добрососедство во 2017 година, но се уште нема постигнато значајни резултати. Меѓу основачите на Клубот се писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експертот за одбрана Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев, Тевелиева Маевлева, а од македонска страна – филозофката Катерина Колозова, политикологот Љубчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Зајковски, поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски. Проф. Александар Ќосев, предавач по модерна културна историја на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, чии корени потекнуваат од Дојран, рече дека бугарските влади во последните десет години направиле да се зголеми десеткратно бугарската фобија во Република Македонија. Треба да гледаме на ситниците кои нѐ обединуваат, а не на она што нѐ разделува. Кога бугарските политичари велат дека нацијата е измислена, односите меѓу двете земји не можат да бидат добри“, рече Ќосев.

The post Ќосев: Кога бугарските политичари велат дека нацијата е измислена, односите меѓу двете земји не можат да бидат добри appeared first on Република.

]]>
Претставен клубот на бугарско-македонското пријателство https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pretstaven-bugarsko-makedonsko-prijatelstvo/ Tue, 03 May 2022 11:48:47 +0000 https://republika.mk/?p=496808

Со видео конференција на платформата ЗУМ денеска беа претставени новиот Клуб за бугарско-македонско пријателство, како и Повелбата за негово формирање.

Иницијаторите за формирање на Клубот од македонска и бугарска страна посочија дека тој е формиран врз основа на меѓусебно почитување со желба за искрен дијалог и оти тие пред се се воделе од европските принципи и заедничката европска иднина.

– Би сакал да го изразам своето задоволство што сум дел од оваа платформа за добра волја, оваа мрежа што ја создаваме со нашите пријатели од Бугарија врз основа на меѓусебно почитување со желба за искрен дијалог, подготвени да помогнеме во зближувањето на двете општества, истакна поранешниот премиер Владо Бучковски во своето обраќање.

Бучковски посочи дека повеќе од очигледно е во вакви критични моменти, кога политичката волја не е доволна, да се стигне до компромисно решение и до отстранување на блокадата.

Според него, блокадата од ноември 2020 година направи сериозни штети во веќе кревките односи што се градеа врз основа на Договорот за пријателство и соработка од 2017 година.

– Врз основа на тој договор, со дополнителни напори од двете општества да изградиме еден амбиент за пред сè меѓусебна поддршка и разбирање и да бараме со наша поддршка двете влади да дојдат до одржливо решение при што ниту едната, ниту другата страна нема да се чувствуваат понижени, додаде тој.

Во одговор на новинарско прашање, Бучковски нагласи дека не постои причина за недоверба кон бугарските колеги кои сакаат врз основа на принципот на меѓусебно почитување да водат искрен дијалог за сите отворени прашања и со ангажман од наша страна да се помогне на двата народи во двете држави.

– Така што, треба да се даде шанса на еден поинаков начин на граѓански активизам и на тој начин да се создаде една поинаква атмосфера во двете општества, бидејќи очигледно е дека во последните неколку месеци сведоци сме на предоминантен говор на омразата во медиумите така што искрени се намерите. Мислам дека во настаните што следат, амбициозна е програмата на оваа платформа за пријателство и соработка на двете општества, вели Бучковски.

Проф. д-р Катерина Колозова во своето обраќање истакна дека долго време работеле на проектот и преку научно фундирани препораки се труделе да најдат конкретни предлози и решенија за излез од состојбата.

– Мислиме дека беше слушнато, но не допре вистински. И двете страни се држат до наративите доминантни во нивните општества. Ако веќе состојбата меѓу двете општества е поларизирана благодарение на ветото, но и нашата реакција на ветото, што е далеку од самокритична или проактивна бидејќи сме посветени на ЕУ интеграциите, ние заклучивме дека барем општествата не смеат да дозволат оваа поларизација да се продлабочи, туку напротив да креираат процес на заемно разбирање, вели Колозова.

Бугарскиот професор Стефан Дечев, историчар и предавач на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ рече дека овој заеднички клуб предлага враќање кон Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година, кој, според него, и покрај сите критики е добра основа за развој на заемните односи.

Дечев истакна дека овој Клуб го формирале водени од европските принципи и заедничката европска иднина и оти од двете страни се наоѓаат луѓе во кои може да се има доверба.

– На прво место тргнавме од позицијата тоа што има два документа и во бугарскиот и во македонскиот Парламент кои исцртуваат црвени линии. Тие документи се чиста идеологија и со таа идеологија ние нема да стигнеме до никаде во следните години. Со тоа единствено се оптоваруваат нашите односи и не одговараат на постигнувањата на социјалните и хуманитарните науки, туку ја претставуваат бугарската и македонската романтичарска идеологија, рече Дечев.

Втората причина за основање на овој Клуб, според него, е состојбата во медиумите и во Бугарија и во Македонија. Според него, кај нив преовладуваат националистички наративи кои, вели, „го трујат и бугарското и македонското јавно мислење во последните две години“.

Проф. Александар Ќосев од софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ коментираше дека бугарската политика во Македонија довела до создавање бугарофобија, додека пак проф. Драган Зајковски, смета дека треба да се градат добрососедски односи кои се клучни за иднината на односите меѓу Софија и Скопје и не треба да се губи време во расправии со националистите од двете страни.

Меѓу основачите на Клубот од македонска страна се филозофката Катерина Колозова, политикологот Љупчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Заjковски, поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.

The post Претставен клубот на бугарско-македонското пријателство appeared first on Република.

]]>

Со видео конференција на платформата ЗУМ денеска беа претставени новиот Клуб за бугарско-македонско пријателство, како и Повелбата за негово формирање. Иницијаторите за формирање на Клубот од македонска и бугарска страна посочија дека тој е формиран врз основа на меѓусебно почитување со желба за искрен дијалог и оти тие пред се се воделе од европските принципи и заедничката европска иднина.
– Би сакал да го изразам своето задоволство што сум дел од оваа платформа за добра волја, оваа мрежа што ја создаваме со нашите пријатели од Бугарија врз основа на меѓусебно почитување со желба за искрен дијалог, подготвени да помогнеме во зближувањето на двете општества, истакна поранешниот премиер Владо Бучковски во своето обраќање.
Бучковски посочи дека повеќе од очигледно е во вакви критични моменти, кога политичката волја не е доволна, да се стигне до компромисно решение и до отстранување на блокадата. Според него, блокадата од ноември 2020 година направи сериозни штети во веќе кревките односи што се градеа врз основа на Договорот за пријателство и соработка од 2017 година.
– Врз основа на тој договор, со дополнителни напори од двете општества да изградиме еден амбиент за пред сè меѓусебна поддршка и разбирање и да бараме со наша поддршка двете влади да дојдат до одржливо решение при што ниту едната, ниту другата страна нема да се чувствуваат понижени, додаде тој.
Во одговор на новинарско прашање, Бучковски нагласи дека не постои причина за недоверба кон бугарските колеги кои сакаат врз основа на принципот на меѓусебно почитување да водат искрен дијалог за сите отворени прашања и со ангажман од наша страна да се помогне на двата народи во двете држави.
– Така што, треба да се даде шанса на еден поинаков начин на граѓански активизам и на тој начин да се создаде една поинаква атмосфера во двете општества, бидејќи очигледно е дека во последните неколку месеци сведоци сме на предоминантен говор на омразата во медиумите така што искрени се намерите. Мислам дека во настаните што следат, амбициозна е програмата на оваа платформа за пријателство и соработка на двете општества, вели Бучковски.
Проф. д-р Катерина Колозова во своето обраќање истакна дека долго време работеле на проектот и преку научно фундирани препораки се труделе да најдат конкретни предлози и решенија за излез од состојбата. – Мислиме дека беше слушнато, но не допре вистински. И двете страни се држат до наративите доминантни во нивните општества. Ако веќе состојбата меѓу двете општества е поларизирана благодарение на ветото, но и нашата реакција на ветото, што е далеку од самокритична или проактивна бидејќи сме посветени на ЕУ интеграциите, ние заклучивме дека барем општествата не смеат да дозволат оваа поларизација да се продлабочи, туку напротив да креираат процес на заемно разбирање, вели Колозова. Бугарскиот професор Стефан Дечев, историчар и предавач на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ рече дека овој заеднички клуб предлага враќање кон Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година, кој, според него, и покрај сите критики е добра основа за развој на заемните односи. Дечев истакна дека овој Клуб го формирале водени од европските принципи и заедничката европска иднина и оти од двете страни се наоѓаат луѓе во кои може да се има доверба. – На прво место тргнавме од позицијата тоа што има два документа и во бугарскиот и во македонскиот Парламент кои исцртуваат црвени линии. Тие документи се чиста идеологија и со таа идеологија ние нема да стигнеме до никаде во следните години. Со тоа единствено се оптоваруваат нашите односи и не одговараат на постигнувањата на социјалните и хуманитарните науки, туку ја претставуваат бугарската и македонската романтичарска идеологија, рече Дечев. Втората причина за основање на овој Клуб, според него, е состојбата во медиумите и во Бугарија и во Македонија. Според него, кај нив преовладуваат националистички наративи кои, вели, „го трујат и бугарското и македонското јавно мислење во последните две години“. Проф. Александар Ќосев од софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ коментираше дека бугарската политика во Македонија довела до создавање бугарофобија, додека пак проф. Драган Зајковски, смета дека треба да се градат добрососедски односи кои се клучни за иднината на односите меѓу Софија и Скопје и не треба да се губи време во расправии со националистите од двете страни. Меѓу основачите на Клубот од македонска страна се филозофката Катерина Колозова, политикологот Љупчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Заjковски, поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.

The post Претставен клубот на бугарско-македонското пријателство appeared first on Република.

]]>