Клиника Жан Митрев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klinika-zhan-mitrev/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Oct 2024 13:59:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Клиника Жан Митрев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klinika-zhan-mitrev/ 32 32 Тумор од 35 килограми отстранет од пациент во Клиниката „Жан Митрев“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/tumor-od-35-kilogrami-otstranet-od-patsient-vo-klinikata-zhan-mitrev/ Thu, 31 Oct 2024 13:59:21 +0000 https://republika.mk/?p=832836

Тимот доктори од Клиника „Жан Митрев“ предводен од д-р Живорад Коцевски, пластичен хирург, отстранија тумор од пациент со големина од 35 килограми и 85 сантиметри. Туморната формација, за која анализата покажа дека е бенигна, беше во предел на долниот дел од абдоменот. По направената операција и успешното отстранување на туморот, пациентот е добар и се следи неговото опоравување.

Ова е многу редок случај, да се прифати и успешно да се извади тумор со ваква големина, а за докторите од Клиника Жан Митрев, претставува револуционерен оперативен зафат со којшто се спаси животот на пациентот откако беше одбиен за операција од повеќе клиники.

Досега во медицинската пракса во земјава не е направена операција за отстранување на туморска формација со ваква големина, а медицинската литература опишува третирање на вакви маси до 40 сантиметри должина.

The post Тумор од 35 килограми отстранет од пациент во Клиниката „Жан Митрев“ appeared first on Република.

]]>

Клиниката „Жан Митрев“ со нови инвестиции до врвен здравствен систем со сите услуги на едно место https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/klinikata-zhan-mitrev-so-novi-investitsii-do-vrven-zdravstven-sistem-so-site-uslugi-na-edno-mesto/ Thu, 29 Aug 2024 13:25:27 +0000 https://republika.mk/?p=811265

Со нови инвестиции во најсовремена опрема, отворање на нови оддели и дополнителна соработка со над 30 доктори, Клиниката „Жан Митрев“ е пример за здравствен систем единствен од овој тип во регионот. Последнава година инвестирани се дополнителни пет милиони евра во врвна опрема за постоечките и новите оддели во Клиниката, ангажирани се доктори специјалисти од јавниот, приватниот сектор и повратници од странство кои веќе се дел од тимот на Клиниката.

Горд сум што денеска имаме Клиника којашто е реткост во регионот, со целосна дигитализација, нова технолошки најнапредна опрема и тим од доктори кои се посветени на својата работа и експерти во својот домен на работа. Во последните неколку месеци склучивме договори за соработка со над 30 лекари, врвни специјалисти во своите области и успеавме да Клиниката да ја ставиме на мапата во регионот како врвна болница каде сите услуги ги има на едно место, објави доктор Жан Митрев претставувајќи ги денеска своите соработници и одделите кои се отворени во рамки на болницата.

Тој потенцираше дека ги отвора вратите за сите доктори кои сакаат да бидат дел од Клиниката и дека „целиот процес е во интерес на пациентите, кои ќе имаат подобри услуги, се подигнуваат стандардите за тоа како треба да изгледа една Клиника во Македонија, а во исто време го искористуваме целосниот капацитет на болницата.

Имаме се помалку врвни доктори, едниствено може да се здружиме и заеднички да понудиме врвна медицинска услуга, истакна Митрев.

Клиниката вложи во комплетно нов технолошки понапреден мониторинг систем, нов коронарограф како и врвен микроскоп за изведување на операции во делот на неврохирургијата. Се отвора нов STROKE центар за мозочни удари и други состојба, центар за офтамологија во соработка со Промедика Офталмологија, обезбеден е и нов апарат за 3Д видео торакоскопија за канцер на бели дробови.

Новоотворениот Центар за стоматологија е со современ, со нетипичен амбиент и со 24часовна достапност каде се работи без болка односно со целосна анестезија за деца и возрасни. Во Центарот за естетска дерматологија има проширување и надградување со нова апаратура (Фотофајндер – скенирање на кожата на цело тело со мапирање на бенки со вештачка интелигенција), Хипербарна комора, Нордлис ласерска платформа 5 во 1. Во абдоминалната хирургија набавен е нов апарат за 4К ендоскопска технологија за најпрецизна видливост, а кај васкуларната хирургија се воведува радиофреквентната аблација, најсовремена метода за третман на вени. Во клиниката е набавена апаратура за спроведување минимално инвазивни зафати за решавање на дискусхернии без операција под ангиограф.

За медицинскиот директор на Клиниката, д-р Емил Стоицовски важно е што тимот се збогатува и се прошируваат услугите.

Имаме соработка со над 30 доктори од јавното здравство, а и дел од тимот стануваат медицински лица – доктори и сестри кои се враќаат од странство за да останат во Македонија.

The post Клиниката „Жан Митрев“ со нови инвестиции до врвен здравствен систем со сите услуги на едно место appeared first on Република.

]]>

Со нови инвестиции во најсовремена опрема, отворање на нови оддели и дополнителна соработка со над 30 доктори, Клиниката „Жан Митрев“ е пример за здравствен систем единствен од овој тип во регионот. Последнава година инвестирани се дополнителни пет милиони евра во врвна опрема за постоечките и новите оддели во Клиниката, ангажирани се доктори специјалисти од јавниот, приватниот сектор и повратници од странство кои веќе се дел од тимот на Клиниката.
Горд сум што денеска имаме Клиника којашто е реткост во регионот, со целосна дигитализација, нова технолошки најнапредна опрема и тим од доктори кои се посветени на својата работа и експерти во својот домен на работа. Во последните неколку месеци склучивме договори за соработка со над 30 лекари, врвни специјалисти во своите области и успеавме да Клиниката да ја ставиме на мапата во регионот како врвна болница каде сите услуги ги има на едно место, објави доктор Жан Митрев претставувајќи ги денеска своите соработници и одделите кои се отворени во рамки на болницата.
Тој потенцираше дека ги отвора вратите за сите доктори кои сакаат да бидат дел од Клиниката и дека „целиот процес е во интерес на пациентите, кои ќе имаат подобри услуги, се подигнуваат стандардите за тоа како треба да изгледа една Клиника во Македонија, а во исто време го искористуваме целосниот капацитет на болницата.
Имаме се помалку врвни доктори, едниствено може да се здружиме и заеднички да понудиме врвна медицинска услуга, истакна Митрев.
Клиниката вложи во комплетно нов технолошки понапреден мониторинг систем, нов коронарограф како и врвен микроскоп за изведување на операции во делот на неврохирургијата. Се отвора нов STROKE центар за мозочни удари и други состојба, центар за офтамологија во соработка со Промедика Офталмологија, обезбеден е и нов апарат за 3Д видео торакоскопија за канцер на бели дробови. Новоотворениот Центар за стоматологија е со современ, со нетипичен амбиент и со 24часовна достапност каде се работи без болка односно со целосна анестезија за деца и возрасни. Во Центарот за естетска дерматологија има проширување и надградување со нова апаратура (Фотофајндер – скенирање на кожата на цело тело со мапирање на бенки со вештачка интелигенција), Хипербарна комора, Нордлис ласерска платформа 5 во 1. Во абдоминалната хирургија набавен е нов апарат за 4К ендоскопска технологија за најпрецизна видливост, а кај васкуларната хирургија се воведува радиофреквентната аблација, најсовремена метода за третман на вени. Во клиниката е набавена апаратура за спроведување минимално инвазивни зафати за решавање на дискусхернии без операција под ангиограф. За медицинскиот директор на Клиниката, д-р Емил Стоицовски важно е што тимот се збогатува и се прошируваат услугите.
Имаме соработка со над 30 доктори од јавното здравство, а и дел од тимот стануваат медицински лица – доктори и сестри кои се враќаат од странство за да останат во Македонија.

The post Клиниката „Жан Митрев“ со нови инвестиции до врвен здравствен систем со сите услуги на едно место appeared first on Република.

]]>
Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милиони прегледи и 400 000 успешни приказни https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/klinika-zhan-mitrev-24-godini-1-milioni-pregledi-i-400-000-uspeshni-prikazni/ Fri, 01 Mar 2024 11:27:38 +0000 https://republika.mk/?p=749996

Високи стандарди во медицината, сертификат од Joint Commission International, првата операција на отворено срце во Македонија се само дел од достигнувањата на Клиника Жан Митрев изминатите 24 години постоење.

Историјатот на Клиниката започнува да се испишува од 1 март 2000 година кога почна официјално да работи со правење на првата бај-пас операција во Македонија, предводена од д-р Жан Митрев. Со оваа операција се поставија темелите на современите медицински услуги во Македонија и започнува континуираното подигнување на стандардите на здравствена услуга и нега.

„Мене ми се гледа како да беше вчера кога започнавме со работа, а во суштина кога ќе се навратам сме поминале многу овие 24 години. На шега велам дека ќе почнам да пишувам мемоари како сме почнале и до каде сме стигнале, но навистина од една просторија сега пред нас имаме клиника со највисоки стандарди во регионот. Да се опстои и да се расте и развива клиника беше вистински предизвик бидејќи имавме и се уште имаме пат исполнет со многу препреки, опструкции. И покрај се одиме напред и кај нас се знае дека пациентот добива врвна медицинска услуга. Нашиот успех се мери со успешните приказни на нашите пациенти, со бројот на оперативни зафати, примена на современи методи и поставување на највисоки стандарди во здравствената нега признати на светско ниво од најреномирани здравствени инстанци“, изјави д-р Жан Митрев осврнувајќи се на 24 години од постоењето на Клиниката.

Денес, Клиника Жан Митрев претставува регионален современ медицински центар со комплетни дијагностички процедури во повеќе медицински гранки, поддржани со услуги од модерната хирургија, анестезија и интензивна нега. Гo поседува сертификатот Златен печат за здравствен центар со највисоки стандарди од аспект на квалитет на здравствените услуги и грижа за безбедноста на пациентите доделен од Joint Commission International споредувајќи ја македонската Клиника Жан Митрев со Мајо Клиника. Сертификатот се доби по третпат во континуитет од седум години.

Досегашното работење на Клиника Жан Митрев е обележано со над 40 000 операции, вклучувајќи ги револуционерните методи во современата медицина како првата операција на отворено срце врз буден пациент направена во 2002 година, TAVI– Transcatheter Aortic Valve Implantation револуционерен метод за замена на срцев залисток/ валвула и TEVAR, сложен хибриден зафат на торако-абдоминалната аортна аневризма како и третмани на вродени срцеви заболувања. Направени се повеќе од 1 милион прегледи и над 400 000 пациенти се лекувале во клиниката.

Комерцијален текст

The post Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милиони прегледи и 400 000 успешни приказни appeared first on Република.

]]>

Високи стандарди во медицината, сертификат од Joint Commission International, првата операција на отворено срце во Македонија се само дел од достигнувањата на Клиника Жан Митрев изминатите 24 години постоење. Историјатот на Клиниката започнува да се испишува од 1 март 2000 година кога почна официјално да работи со правење на првата бај-пас операција во Македонија, предводена од д-р Жан Митрев. Со оваа операција се поставија темелите на современите медицински услуги во Македонија и започнува континуираното подигнување на стандардите на здравствена услуга и нега. „Мене ми се гледа како да беше вчера кога започнавме со работа, а во суштина кога ќе се навратам сме поминале многу овие 24 години. На шега велам дека ќе почнам да пишувам мемоари како сме почнале и до каде сме стигнале, но навистина од една просторија сега пред нас имаме клиника со највисоки стандарди во регионот. Да се опстои и да се расте и развива клиника беше вистински предизвик бидејќи имавме и се уште имаме пат исполнет со многу препреки, опструкции. И покрај се одиме напред и кај нас се знае дека пациентот добива врвна медицинска услуга. Нашиот успех се мери со успешните приказни на нашите пациенти, со бројот на оперативни зафати, примена на современи методи и поставување на највисоки стандарди во здравствената нега признати на светско ниво од најреномирани здравствени инстанци“, изјави д-р Жан Митрев осврнувајќи се на 24 години од постоењето на Клиниката. Денес, Клиника Жан Митрев претставува регионален современ медицински центар со комплетни дијагностички процедури во повеќе медицински гранки, поддржани со услуги од модерната хирургија, анестезија и интензивна нега. Гo поседува сертификатот Златен печат за здравствен центар со највисоки стандарди од аспект на квалитет на здравствените услуги и грижа за безбедноста на пациентите доделен од Joint Commission International споредувајќи ја македонската Клиника Жан Митрев со Мајо Клиника. Сертификатот се доби по третпат во континуитет од седум години. Досегашното работење на Клиника Жан Митрев е обележано со над 40 000 операции, вклучувајќи ги револуционерните методи во современата медицина како првата операција на отворено срце врз буден пациент направена во 2002 година, TAVI– Transcatheter Aortic Valve Implantation револуционерен метод за замена на срцев залисток/ валвула и TEVAR, сложен хибриден зафат на торако-абдоминалната аортна аневризма како и третмани на вродени срцеви заболувања. Направени се повеќе од 1 милион прегледи и над 400 000 пациенти се лекувале во клиниката. Комерцијален текст

The post Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милиони прегледи и 400 000 успешни приказни appeared first on Република.

]]>
Клиниката „Жан Митрев“ не се продаде на холандскиот фонд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/klinikata-zhan-mitrev-ne-se-prodade-na-holandskiot-fond/ Thu, 21 Sep 2023 14:22:34 +0000 https://republika.mk/?p=683834

Клиниката „Жан Митрев“ останува со старата сопственичка структура. Завршните преговори за влегување на стратешкиот партнер Холандскиот фонд Balkan Alliance Healthcare не завршија со конечен договор, соопштија од Клиниката.

Остануваме посветени на нашата работа во Клиниката Жан Митрев и развивањето на стандардите во приватното здравството. Нашиот приоритет остануваат нашите пациенти и инвестициите во овој домен нема да се намалат. По 23 години успешно опстојување ја продолжуваме мисијата за воведување повисоки стандарди во здравствените услуги во земјава, велат од Клиниката „Жан Митрев“.

И покрај потешкотиите што ги имаме поради блокираната сметка продолжуваме и понатаму да инвестираме и да се развиваме. Во моментов менаџментот на Клиниката не води преговори со други заинтересирани компании.

The post Клиниката „Жан Митрев“ не се продаде на холандскиот фонд appeared first on Република.

Клиника Жан Митрев додели 130 ваучери за педијатриски прегледи за новороденчињата од Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/klinika-zhan-mitrev-dodeli-130-vaucheri-za-pedijatriski-pregledi-za-novorodenchinata-od-tsentar/ Mon, 22 May 2023 13:30:55 +0000 https://republika.mk/?p=643658

Клиника Жан Митрев додели 130 ваучери за педијатриски прегледи за новороденчињата од Општина Центар. Доделувањето ваучери за граѓаните од оваа општина кои неодамна добиле дете, е дел од традиционалната активност со која што Клиника Жан Митрев сака да придонесе во безгрижниот и здрав развој на новороденчињата и да ги советува родителите за понатамошниот правилен развој.

Прегледите за новороденчињата ќе ги спроведува специјалист педијатар д-р Станислава Анѓелеска. Ваучерот може да се искористи во следните 3 месеци од доделувањето, потребно е само родителите да закажат преглед за своето бебе на телефонскиот број 02 3091 484.

Ваучерите за педијатриски прегледи беа доделени на настан што се одржа во Паркот на франкофонијата а како дел од потпишаниот меморандум за соработка со Општина Центар – Скопје.

The post Клиника Жан Митрев додели 130 ваучери за педијатриски прегледи за новороденчињата од Центар appeared first on Република.

]]>

Клиника Жан Митрев додели 130 ваучери за педијатриски прегледи за новороденчињата од Општина Центар. Доделувањето ваучери за граѓаните од оваа општина кои неодамна добиле дете, е дел од традиционалната активност со која што Клиника Жан Митрев сака да придонесе во безгрижниот и здрав развој на новороденчињата и да ги советува родителите за понатамошниот правилен развој. Прегледите за новороденчињата ќе ги спроведува специјалист педијатар д-р Станислава Анѓелеска. Ваучерот може да се искористи во следните 3 месеци од доделувањето, потребно е само родителите да закажат преглед за своето бебе на телефонскиот број 02 3091 484. Ваучерите за педијатриски прегледи беа доделени на настан што се одржа во Паркот на франкофонијата а како дел од потпишаниот меморандум за соработка со Општина Центар – Скопје.  

The post Клиника Жан Митрев додели 130 ваучери за педијатриски прегледи за новороденчињата од Центар appeared first on Република.

]]>
Клиника Жан Митрев: Одбивањето на жалбата за одблокирање на сметките ја потврдува инструираноста на процесот и организираната хајка против клиниката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/klinika-zhan-mitrev-odbivaneto-na-zhalbata-za-odblokirane-na-smetkite-ja-potvrduva-instruiranosta-na-protsesot-i-organiziranata-hajka-protiv-klinikata/ Wed, 26 Apr 2023 17:08:33 +0000 https://republika.mk/?p=634367

Tоа што Советот на Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата за деблокирање на сметките е свесно и намерно спречување на работата на Клиника Жан Митрев и натамошна реализација на намерата Клиниката да се доведе во позиција на неодржлива криза и да се спречи работата без ни малку одговорност за јавниот интерес што го има клиниката како здравствена организација, коментираат од Клиниката Жан Митрев, на денешната одлука на судот.

Оттаму реагираат дека токму заради јавниот интерес за пациентите и сите оние што имаат потреба од врвна медицинска нега, било побарано деблокирање на сметката за клиниката да може да работи без притисокот во секојдневните обврски кон банките и добавувачите.

Одбивањето на барањето за деблокирање на сметката зборува за организирана хајка и систематско инструираниот процес против клиниката и д-р Митрев со неосновано обвинение. Во постапката против врвниот македонски кардиохирург и Клиниката Жан Митрев посветени на спасување животи не постои пресумпција на невиност, туку организиран и систематски инструиран процес.

Се надеваме дека во фокусот на сите што се посветени на мониторирање на нашиот правосуден систем ќе дојде на ред и врвниот јавен интерес, а тоа е оневозможување на конструирање на судски процеси со цел да се уништат успешни стручњаци и правни субјекти.

Сепак и покрај блокираните сметки Клиника Жан Митрев секојдневно работи, прави сложени хируршки зафати и спасува животи на наши граѓани“ велат од клиниката.

The post Клиника Жан Митрев: Одбивањето на жалбата за одблокирање на сметките ја потврдува инструираноста на процесот и организираната хајка против клиниката appeared first on Република.

]]>

Tоа што Советот на Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата за деблокирање на сметките е свесно и намерно спречување на работата на Клиника Жан Митрев и натамошна реализација на намерата Клиниката да се доведе во позиција на неодржлива криза и да се спречи работата без ни малку одговорност за јавниот интерес што го има клиниката како здравствена организација, коментираат од Клиниката Жан Митрев, на денешната одлука на судот. Оттаму реагираат дека токму заради јавниот интерес за пациентите и сите оние што имаат потреба од врвна медицинска нега, било побарано деблокирање на сметката за клиниката да може да работи без притисокот во секојдневните обврски кон банките и добавувачите.
Одбивањето на барањето за деблокирање на сметката зборува за организирана хајка и систематско инструираниот процес против клиниката и д-р Митрев со неосновано обвинение. Во постапката против врвниот македонски кардиохирург и Клиниката Жан Митрев посветени на спасување животи не постои пресумпција на невиност, туку организиран и систематски инструиран процес. Се надеваме дека во фокусот на сите што се посветени на мониторирање на нашиот правосуден систем ќе дојде на ред и врвниот јавен интерес, а тоа е оневозможување на конструирање на судски процеси со цел да се уништат успешни стручњаци и правни субјекти. Сепак и покрај блокираните сметки Клиника Жан Митрев секојдневно работи, прави сложени хируршки зафати и спасува животи на наши граѓани“ велат од клиниката.

The post Клиника Жан Митрев: Одбивањето на жалбата за одблокирање на сметките ја потврдува инструираноста на процесот и организираната хајка против клиниката appeared first on Република.

]]>
Пак одложено судењето против Жан Митрев https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pak-odlozheno-sudeneto-protiv-zhan-mitrev/ Wed, 05 Apr 2023 08:31:18 +0000 https://republika.mk/?p=627411

Судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница повторно се одложи за 12 мај. Во Кривичниот суд во Скопје денеска присутен беше Жан Митрев со неговите бранители, додека пред судската зграда беа собрани десетина оштетени граѓани со транспаренти „профитер на грбот на болните" и „бараме правда".

Причина за повторното одложување е тоа што одбраната не успеала да изврши увид во списите на предметот кои се уште се во Апелација.

Судот претходно го прифати барањето на Обвителството за замрзнување на имотот на клиниката, на која што одлука одбраната се жалеше пред Апелација.

Јавната обвинителка Искра Хаџи Василева, побара од Судот да се закажат повеќе следни рочишта за предметот да добие на динамика, додека одбраната на Жан Митрев побара доволен простор од најмалку два месеци за да се запознаат со списите на предметот, како и да се обезбедат соодветни услови за судење.

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик.

Како што информираа од ОЈО Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист.

Предметот е оформен по допрен глас, откако ИРЛ минатата година го објави документарец „Нечиста крв“, во кој обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лечење од Ковид -19, по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

The post Пак одложено судењето против Жан Митрев appeared first on Република.

]]>

Судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница повторно се одложи за 12 мај. Во Кривичниот суд во Скопје денеска присутен беше Жан Митрев со неговите бранители, додека пред судската зграда беа собрани десетина оштетени граѓани со транспаренти „профитер на грбот на болните" и „бараме правда". Причина за повторното одложување е тоа што одбраната не успеала да изврши увид во списите на предметот кои се уште се во Апелација. Судот претходно го прифати барањето на Обвителството за замрзнување на имотот на клиниката, на која што одлука одбраната се жалеше пред Апелација. Јавната обвинителка Искра Хаџи Василева, побара од Судот да се закажат повеќе следни рочишта за предметот да добие на динамика, додека одбраната на Жан Митрев побара доволен простор од најмалку два месеци за да се запознаат со списите на предметот, како и да се обезбедат соодветни услови за судење. Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик. Како што информираа од ОЈО Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист. Предметот е оформен по допрен глас, откако ИРЛ минатата година го објави документарец „Нечиста крв“, во кој обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лечење од Ковид -19, по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

The post Пак одложено судењето против Жан Митрев appeared first on Република.

]]>
Клиника „Жан Митрев“: Ако обвинителката нема намера да ја блокира болницата – нека побара деблокирање на сметките https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/klinika-zhan-mitrev-ako-obvinitelkata-nema-namera-da-ja-blokira-bolnitsata-neka-pobara-deblokirane-na-smetkite/ Wed, 01 Mar 2023 11:50:26 +0000 https://republika.mk/?p=614636

Работењето и сметките на Клиника „Жан Митрев“ сѐ уште се блокирани откако Кривичен суд на само еден ден пред закажаното прво рочиште донесе пресуда со решение за целосно блокирање на сметките на болницата, а обвинителката изјави дека нема намера да ја блокира болницата и тековното работење.

Во тој случај, доколку обвинителката вели дека нема намера да ја блокира болницата и тековното работење нека побара деблокирање на сметките. Клиника „Жан Митрев“ ќе понуди имот како гаранција, велат од Клиниката.

Според нив, целосно е неосновано образложението на Кривичниот суд дека се блокираат сметки на правни лица кои не се од интерес на клиниката.

Напротив, со донесените мерки работењето на болницата Жан Митрев, која е здравствена организација од јавен интерес трпи штети.

Сепак, Клиниката „Жан Митрев“ и во вакви околности и под ваков притисок, со блокирана сметка продолжува да работи со своите пациенти и лекувањето на ниту еден пациент нема да биде доведено во прашање, велат од болницата.

The post Клиника „Жан Митрев“: Ако обвинителката нема намера да ја блокира болницата – нека побара деблокирање на сметките appeared first on Република.

]]>

Работењето и сметките на Клиника „Жан Митрев“ сѐ уште се блокирани откако Кривичен суд на само еден ден пред закажаното прво рочиште донесе пресуда со решение за целосно блокирање на сметките на болницата, а обвинителката изјави дека нема намера да ја блокира болницата и тековното работење.
Во тој случај, доколку обвинителката вели дека нема намера да ја блокира болницата и тековното работење нека побара деблокирање на сметките. Клиника „Жан Митрев“ ќе понуди имот како гаранција, велат од Клиниката.
Според нив, целосно е неосновано образложението на Кривичниот суд дека се блокираат сметки на правни лица кои не се од интерес на клиниката.
Напротив, со донесените мерки работењето на болницата Жан Митрев, која е здравствена организација од јавен интерес трпи штети. Сепак, Клиниката „Жан Митрев“ и во вакви околности и под ваков притисок, со блокирана сметка продолжува да работи со своите пациенти и лекувањето на ниту еден пациент нема да биде доведено во прашање, велат од болницата.

The post Клиника „Жан Митрев“: Ако обвинителката нема намера да ја блокира болницата – нека побара деблокирање на сметките appeared first on Република.

]]>
Клиника Жан Митрев ќе донира медицинска опрема за Турција https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/klinika-zhan-mitrev-ke-donira-meditsinska-oprema-za-turtsija/ Wed, 08 Feb 2023 09:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=606320

Клиника Жан Митрев ќе донира медицинска опрема за погодените подрачја од земјотресот во Турција. Опремата преку Црвениот Крст ќе биде доставена до деловите каде што е најпотребно.

Освен опремата и медицинските препарати, од Жан Митрев клиника доколку е потребно ќе биде испратен и стручен тим доброволци за помош во кризните центри. За сите активности поврзани со потребната помош за Турција, клиниката е во комуникација со надлежните институции во Македонија.

Серијата земјотреси во Турција кои одзедоа голем број животи, уште еднаш потврдија дека солидарноста е најважна за човештвото. Скопје е град на солидарноста, дел од нас се соочиле со ваква голема несреќа и трагедија и затоа солидарноста треба да продолжи и да се помогне на овие луѓе на секаков можен начин. Изразуваме сочувство до турскиот народ за последиците од овој трагичен настан“, велат од Клиника Жан Митрев.

The post Клиника Жан Митрев ќе донира медицинска опрема за Турција appeared first on Република.

]]>

Клиника Жан Митрев ќе донира медицинска опрема за погодените подрачја од земјотресот во Турција. Опремата преку Црвениот Крст ќе биде доставена до деловите каде што е најпотребно. Освен опремата и медицинските препарати, од Жан Митрев клиника доколку е потребно ќе биде испратен и стручен тим доброволци за помош во кризните центри. За сите активности поврзани со потребната помош за Турција, клиниката е во комуникација со надлежните институции во Македонија.