Клиника за психијатрија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klinika-za-psihijatrija/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Jun 2024 08:00:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Клиника за психијатрија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klinika-za-psihijatrija/ 32 32 Вознемирувачки фотографии: Во ова ѓубре се фрлени и новите кревети на кои пациенти ќе треба да спијат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/voznemiruvachki-fotografii-vo-ova-gubre-se-frleni-i-novite-kreveti-na-koi-patsienti-ke-treba-da-spijat/ Thu, 06 Jun 2024 08:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=785142

На овие фотографии јасно се гледа негрижата и условите на Клиниката за психијатрија во моментите на заминување на одродената власт, споделуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека во вакви несоодветни услови се буквално фрлени и новите кревети на кои пациенти ќе треба да спијат.

Тука, на Клиниката за психијатрија, оставени се лични работи на докторите и средниот медицински персонал без никакакво обезбедување, па така на првиот спрат може секој слободно да влезе преку тарасата, нема ниту врати, а заклучена е само канцеларијата на директорот. Негрижата за јавното здравство, кое денес е на маргините ја гледаме во секоја установа, на секое ниво и секој град. Еклатантен пример е негрижата во инфраструктурата на Клинички центар, а сведоци сме дека како резултат на тоа повеќе од половина месец блокиран беше цел хируруршки блок, нешто што се случува првпат во историјата на државата.
Според проценките одложени се над 2000 интервенции, a пациенти дури и со малигни заболувања и други итни случаи не ја добиваат потребната здравствена услуга, а надлежните и денес немаат јасен план и мерки за ублажување на оваа состојба со листите на чекање за хируршки интервенции кои и пред оваа хаварија беа долги. Со еден збор, наместо да се решаваат ваквите реални проблеми во инфраструкрурата што требало да се надминат пред 3 години, поважно беше да има аплаузи и градење култ кон личности за чисто политиканство на сметка на неводење грижа за реалните потреби и приоритети. Доаѓа крај на ваквото расипништво, а сите менаџери кои се огрешиле и не работеле согласно прописите на штета на пациентите ќе сносат одговорност, велат од комисијата.

The post Вознемирувачки фотографии: Во ова ѓубре се фрлени и новите кревети на кои пациенти ќе треба да спијат appeared first on Република.

]]>

На овие фотографии јасно се гледа негрижата и условите на Клиниката за психијатрија во моментите на заминување на одродената власт, споделуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека во вакви несоодветни услови се буквално фрлени и новите кревети на кои пациенти ќе треба да спијат.
Тука, на Клиниката за психијатрија, оставени се лични работи на докторите и средниот медицински персонал без никакакво обезбедување, па така на првиот спрат може секој слободно да влезе преку тарасата, нема ниту врати, а заклучена е само канцеларијата на директорот. Негрижата за јавното здравство, кое денес е на маргините ја гледаме во секоја установа, на секое ниво и секој град. Еклатантен пример е негрижата во инфраструктурата на Клинички центар, а сведоци сме дека како резултат на тоа повеќе од половина месец блокиран беше цел хируруршки блок, нешто што се случува првпат во историјата на државата. Според проценките одложени се над 2000 интервенции, a пациенти дури и со малигни заболувања и други итни случаи не ја добиваат потребната здравствена услуга, а надлежните и денес немаат јасен план и мерки за ублажување на оваа состојба со листите на чекање за хируршки интервенции кои и пред оваа хаварија беа долги. Со еден збор, наместо да се решаваат ваквите реални проблеми во инфраструкрурата што требало да се надминат пред 3 години, поважно беше да има аплаузи и градење култ кон личности за чисто политиканство на сметка на неводење грижа за реалните потреби и приоритети. Доаѓа крај на ваквото расипништво, а сите менаџери кои се огрешиле и не работеле согласно прописите на штета на пациентите ќе сносат одговорност, велат од комисијата.

The post Вознемирувачки фотографии: Во ова ѓубре се фрлени и новите кревети на кои пациенти ќе треба да спијат appeared first on Република.

]]>
Клиниката за психијатрија е прв здравствен објект кој станува енергетски ефикасен https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/klinikata-za-psihijatrija-e-prv-zdravstven-objekt-koj-stanuva-energetski-efikasen/ Tue, 09 May 2023 13:06:55 +0000 https://republika.mk/?p=638871

Од 15 мај ќе започнат градежните работи на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје. Објектот ќе биде комплетно реновиран и ќе стане енергетски ефикасен преку проектот за подобрување на енергетската ефикасност што се финансира преку Светска банка, а го спроведува Министерството за финансии, во соработка со Министерство за здравство.

Како што соопшти Министерството за здравство, ова е првиот објект од вкупно 18 здравствени објекти кои треба да бидат опфатени со проектот во компонентата наменета за подобрување на енергетската ефикасност на објекти од централно ниво.

Основни цели на проектот се намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор и поддршка за воспоставување и операционализација на одржлив механизам за финансирање на енергетска ефикасност во јавниот сектор. Инвестициите во обновливи извори на енергија и зголемувањето на енергетската ефикасност на објектите и на локално ниво и на централно ниво, како и во индивидувалните објекти особено се покажа за значајно во време на енергетска криза, велат од МЗ.

Ќе биде заменета електричната инсталација, осветлувањето, системот за греење, ќе биде поставен централен систем за ладење, ќе биде поставена термоизолација на објектот, ќе се изврши реконструкција на кровот, замена на прозорците и вратите и слично.

За време на реновирањето, Министерството информира дека пациентите од оваа Клиника ќе бидат хоспитализирани во Психијатриската болница-Скопје и одделот за психијатрија во Градската општа болница „8 Септември“. Детскиот оддел привремено ќе функционира во ГОБ „8 Септември“-Скопје.

The post Клиниката за психијатрија е прв здравствен објект кој станува енергетски ефикасен appeared first on Република.

]]>

Од 15 мај ќе започнат градежните работи на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје. Објектот ќе биде комплетно реновиран и ќе стане енергетски ефикасен преку проектот за подобрување на енергетската ефикасност што се финансира преку Светска банка, а го спроведува Министерството за финансии, во соработка со Министерство за здравство. Како што соопшти Министерството за здравство, ова е првиот објект од вкупно 18 здравствени објекти кои треба да бидат опфатени со проектот во компонентата наменета за подобрување на енергетската ефикасност на објекти од централно ниво.
Основни цели на проектот се намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор и поддршка за воспоставување и операционализација на одржлив механизам за финансирање на енергетска ефикасност во јавниот сектор. Инвестициите во обновливи извори на енергија и зголемувањето на енергетската ефикасност на објектите и на локално ниво и на централно ниво, како и во индивидувалните објекти особено се покажа за значајно во време на енергетска криза, велат од МЗ.
Ќе биде заменета електричната инсталација, осветлувањето, системот за греење, ќе биде поставен централен систем за ладење, ќе биде поставена термоизолација на објектот, ќе се изврши реконструкција на кровот, замена на прозорците и вратите и слично. За време на реновирањето, Министерството информира дека пациентите од оваа Клиника ќе бидат хоспитализирани во Психијатриската болница-Скопје и одделот за психијатрија во Градската општа болница „8 Септември“. Детскиот оддел привремено ќе функционира во ГОБ „8 Септември“-Скопје.

The post Клиниката за психијатрија е прв здравствен објект кој станува енергетски ефикасен appeared first on Република.

]]>
Повредена малолетничка од Скопје при обид да избега од Психијатриската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/povredena-maloletnichka-od-skopje-pri-obid-da-izbega-od-psihijatriskata-bolnica/ Tue, 09 Aug 2022 11:46:25 +0000 https://republika.mk/?p=538339

Малолетничка од Скопје, при обид да избега од Психијатриската болница при Комплекс клиники, паднала од височина и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар, потврдија за МИА од МВР.

Појаснуваат дека за овој случај денеска во 10.22 часот е пријавено во СВР Скопје.

The post Повредена малолетничка од Скопје при обид да избега од Психијатриската болница appeared first on Република.

]]>

Малолетничка од Скопје, при обид да избега од Психијатриската болница при Комплекс клиники, паднала од височина и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар, потврдија за МИА од МВР. Појаснуваат дека за овој случај денеска во 10.22 часот е пријавено во СВР Скопје.

The post Повредена малолетничка од Скопје при обид да избега од Психијатриската болница appeared first on Република.

]]>