Клиника за ортопедија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klinika-za-ortopedija/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Mar 2022 12:27:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Клиника за ортопедија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klinika-za-ortopedija/ 32 32 На Клиниката за ортопедија за една недела направени три трансплантации на коскени ткива од починат донор https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/na-klinikata-za-ortopedija-za-edna-nedela-napraveni-tri-transplantacii-na-koskeni-tkiva-od-pochinat-donor/ Thu, 24 Mar 2022 12:27:46 +0000 https://republika.mk/?p=477685

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ, минатата недела успешно се направени три имплантации на коскени ткива од починат донор кај пациенти со различни заболувања, соопштија од Министерството за здравство.

Кај 16 годишна девојка со повреда здобиена при спортски натпревар, д-р Алан Андоновски направи успешна реконструкција на предниот вкрстен лигамент со лигамент од починат донор.

Кај 49-годишен пациент повреден при пад од 13 метри, во септември 2020 година, кој бил опериран во повеќе наврати и кај кој се настанати компликации, д-р Александар Савески со коскено ткиво од починат донатор направи премостување на несраснатиот дел на фрактурата.

Третата трансплантација е кај 27 годишен пациент со малигна болест- Јуинг сарком. Откако го отстрани заболен дел на коската, д-р Резарат Далипи го замени со здраво коскено ткиво од починат донор.

За период од една година колку што Клиниката за ортопедија е вклучена во Програмата за трансплантација на органи и ткива на Министерството за здравство, направени се пет експантации и 14 имплантации на коскени ткива кај пациенти со сериозни болести предзивикани од трауматски повреди или од малигна болест и со тоа е отворено ново поглавје во трансплантациската медицина во ортопедијата.

За многу пациенти особено на тие со малигна болест, добивањето здраво коскено ткиво од починат донор значи можност за нов и подобар живот, велат од МЗ.

The post На Клиниката за ортопедија за една недела направени три трансплантации на коскени ткива од починат донор appeared first on Република.

]]>

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ, минатата недела успешно се направени три имплантации на коскени ткива од починат донор кај пациенти со различни заболувања, соопштија од Министерството за здравство. Кај 16 годишна девојка со повреда здобиена при спортски натпревар, д-р Алан Андоновски направи успешна реконструкција на предниот вкрстен лигамент со лигамент од починат донор. Кај 49-годишен пациент повреден при пад од 13 метри, во септември 2020 година, кој бил опериран во повеќе наврати и кај кој се настанати компликации, д-р Александар Савески со коскено ткиво од починат донатор направи премостување на несраснатиот дел на фрактурата. Третата трансплантација е кај 27 годишен пациент со малигна болест- Јуинг сарком. Откако го отстрани заболен дел на коската, д-р Резарат Далипи го замени со здраво коскено ткиво од починат донор. За период од една година колку што Клиниката за ортопедија е вклучена во Програмата за трансплантација на органи и ткива на Министерството за здравство, направени се пет експантации и 14 имплантации на коскени ткива кај пациенти со сериозни болести предзивикани од трауматски повреди или од малигна болест и со тоа е отворено ново поглавје во трансплантациската медицина во ортопедијата.
За многу пациенти особено на тие со малигна болест, добивањето здраво коскено ткиво од починат донор значи можност за нов и подобар живот, велат од МЗ.

The post На Клиниката за ортопедија за една недела направени три трансплантации на коскени ткива од починат донор appeared first on Република.

]]>