Клиника за неврологија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klinika-za-nevrologija/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 09:42:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Клиника за неврологија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klinika-za-nevrologija/ 32 32 Клиниката за наврологија не ги регистрирала донациите на лекови за ретки болести, покажа извештајот на ревизорите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/klinikata-za-navrologija-ne-gi-registrirala-donatsiite-na-lekovi-za-retki-bolesti-pokazha-izveshtajot-na-revizorite/ Tue, 24 Sep 2024 09:42:04 +0000 https://republika.mk/?p=819227

Универзитетската клиника за неврологија никаде не ги евидентирала примените и потрошените лекови за ретки болести кои ги имале од донација ниту пак имало контрола и следење на наплатата на парите кои биле собирани по основ на испитувањата од клиничките испитувања, утврдил Државниот завот за ревизија (ДЗР) во својот конечен извештај за финансиското работење во 2023 година на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за неврологија.

Меѓу другото, ДЗР констатирал и дека биле ангажирани медицински сестри, болничари и лица на шалтер на договор на дело. Дополнително, во текот на 2023 година биле креирани помалку термини за прегледи преку апликацијата „Мој термин“.

Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги објави конечните ревизорски извештаи на ЈЗУ универзитетска клиника за неврологија за 2023 година. ДЗР изразува неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива.

Меѓу конкретните проблеми кои ДЗР ги истакнува е тоа што примените и потрошени лекови за ретки болести од донација не се евидентирани во материјалната и сметководствена евиденција.

За потребите на клиниката од Министерството за здравство во текот на 2023 година доставени се лекови во износ од 215.149 илјади денари, а состојбата на неискористени лекови на крајот од годината изнесува 30.142 илјади денари. Со цел да има увид на расположливите количини на лекови со кои ЈЗИ располагаат и да се намали ризикот од дефиците на потребните лекови за ретки болести од 1 јуни 2023 година министерството има воспоставено модул и води електронски регистар за ретки болести во рамки на системот Мој термин. Приемот и издавањето на овие лекови не е евидентирано во сметководствената евиденција на клиниката односно воспоставена е пракса да се води во рачни т.е. помошни книги. Во текот на 2023 година по основ на донација приени се лекови во износ од најмалку 78.809 илјади денари кои не се евидентирани во атеријалната и сметководствената евиденција на клиниката. Имајќи предвид дека има испратници за дадени донации на кои не е наведена вредноста на донацијата, постои можност наведениот износ да биде и поголем поради што ревизијата не беше во можност да ја потврди целосноста на дадените податоци“, пишува во извештајот на ДЗР.

Дополнително, во текот на 2023 година биле креирани помалку од законски утврдените термини за вршење здравствени услуги со користење на медицинска опрема преку апликацијата Мој термин.

Со извршениот увид во податоците генерирани во Мој термин за извршените здравствени услуги со користење медицинска опрема утврдивме дека во текот на 2023 година биле закажани и реализирани 2.732 термини што претставува 13 отсто од задолжителните прегледи кои клиниката имала обврска да ги закаже, согласно правилникот. Од страна на Министерството за здравство во текот на 2023 година е извршена контрола и со записник е утврдена горенаведената состојба. Од одговорните на клиниката добивме образложение дека ваквата состојба е резултат на специфичната дејност на клиниката која во најголем дел врши итни прегледи или прегледи без термин. Ова влијае врз начелото за достапност на здравствените услуги“, констатирале ревизорите.

Исто така, биле ангажирани медицински сестри, болничари и шалтерски работници со договор на дело, без согласност на Министерството за финансии.

Со извршениот увид во презентираната документација за начинот на ангажирање и исиплата на ове лица, констатиравме дека за првите седумм месеци договорите склучени преку јавната установа за заеднички работи, а клиниката нема доставено барње за добивање согласност од Министерството за финансии. За останатите пет месеци договорите на дело се склучени директно со клиниката за неврологија, за што е доставено барање, но не е обезбедена согласност. Наведената состојба не е во согласност со Законот за трансформација во редовен работен однос“, се наведува во извештајот на ДЗР.

ДЗР потенцира дека не е обезбедена и транспарентност, контрола и следење на активностите и целосна наплата на приходите за Клиниката од клиничките испитувања. Дополнително, во дел од спроведените постапки за јавни набавки била утврдена несоодветна примена на Законот за јавни набавки.

Освен наведените неправилности, како системска слабост се потенцира тоа што Националниот систем за материјално-финансиско и сметководствено работење и Централниот систем за регистрација на работното време при Министерството за здравство не се воспоставени во целост.

За надминување на утврдените состојби издадени се препораки со цел преземање мерки и активности од одговорните лица во функција на подобрување на состојбите“, велат од Државниот завод за ревизија.

The post Клиниката за наврологија не ги регистрирала донациите на лекови за ретки болести, покажа извештајот на ревизорите appeared first on Република.

]]>

Универзитетската клиника за неврологија никаде не ги евидентирала примените и потрошените лекови за ретки болести кои ги имале од донација ниту пак имало контрола и следење на наплатата на парите кои биле собирани по основ на испитувањата од клиничките испитувања, утврдил Државниот завот за ревизија (ДЗР) во својот конечен извештај за финансиското работење во 2023 година на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за неврологија. Меѓу другото, ДЗР констатирал и дека биле ангажирани медицински сестри, болничари и лица на шалтер на договор на дело. Дополнително, во текот на 2023 година биле креирани помалку термини за прегледи преку апликацијата „Мој термин“. Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги објави конечните ревизорски извештаи на ЈЗУ универзитетска клиника за неврологија за 2023 година. ДЗР изразува неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива. Меѓу конкретните проблеми кои ДЗР ги истакнува е тоа што примените и потрошени лекови за ретки болести од донација не се евидентирани во материјалната и сметководствена евиденција.
За потребите на клиниката од Министерството за здравство во текот на 2023 година доставени се лекови во износ од 215.149 илјади денари, а состојбата на неискористени лекови на крајот од годината изнесува 30.142 илјади денари. Со цел да има увид на расположливите количини на лекови со кои ЈЗИ располагаат и да се намали ризикот од дефиците на потребните лекови за ретки болести од 1 јуни 2023 година министерството има воспоставено модул и води електронски регистар за ретки болести во рамки на системот Мој термин. Приемот и издавањето на овие лекови не е евидентирано во сметководствената евиденција на клиниката односно воспоставена е пракса да се води во рачни т.е. помошни книги. Во текот на 2023 година по основ на донација приени се лекови во износ од најмалку 78.809 илјади денари кои не се евидентирани во атеријалната и сметководствената евиденција на клиниката. Имајќи предвид дека има испратници за дадени донации на кои не е наведена вредноста на донацијата, постои можност наведениот износ да биде и поголем поради што ревизијата не беше во можност да ја потврди целосноста на дадените податоци“, пишува во извештајот на ДЗР.
Дополнително, во текот на 2023 година биле креирани помалку од законски утврдените термини за вршење здравствени услуги со користење на медицинска опрема преку апликацијата Мој термин.
Со извршениот увид во податоците генерирани во Мој термин за извршените здравствени услуги со користење медицинска опрема утврдивме дека во текот на 2023 година биле закажани и реализирани 2.732 термини што претставува 13 отсто од задолжителните прегледи кои клиниката имала обврска да ги закаже, согласно правилникот. Од страна на Министерството за здравство во текот на 2023 година е извршена контрола и со записник е утврдена горенаведената состојба. Од одговорните на клиниката добивме образложение дека ваквата состојба е резултат на специфичната дејност на клиниката која во најголем дел врши итни прегледи или прегледи без термин. Ова влијае врз начелото за достапност на здравствените услуги“, констатирале ревизорите.
Исто така, биле ангажирани медицински сестри, болничари и шалтерски работници со договор на дело, без согласност на Министерството за финансии.
Со извршениот увид во презентираната документација за начинот на ангажирање и исиплата на ове лица, констатиравме дека за првите седумм месеци договорите склучени преку јавната установа за заеднички работи, а клиниката нема доставено барње за добивање согласност од Министерството за финансии. За останатите пет месеци договорите на дело се склучени директно со клиниката за неврологија, за што е доставено барање, но не е обезбедена согласност. Наведената состојба не е во согласност со Законот за трансформација во редовен работен однос“, се наведува во извештајот на ДЗР.
ДЗР потенцира дека не е обезбедена и транспарентност, контрола и следење на активностите и целосна наплата на приходите за Клиниката од клиничките испитувања. Дополнително, во дел од спроведените постапки за јавни набавки била утврдена несоодветна примена на Законот за јавни набавки. Освен наведените неправилности, како системска слабост се потенцира тоа што Националниот систем за материјално-финансиско и сметководствено работење и Централниот систем за регистрација на работното време при Министерството за здравство не се воспоставени во целост.
За надминување на утврдените состојби издадени се препораки со цел преземање мерки и активности од одговорните лица во функција на подобрување на состојбите“, велат од Државниот завод за ревизија.
 
The post Клиниката за наврологија не ги регистрирала донациите на лекови за ретки болести, покажа извештајот на ревизорите appeared first on Република.

]]>
2/3 од пациентите со епилепсија се добро контролирани со лекови против напади и можат нормално да функционираат во општеството и да вршат одговорни функции, вели д-р Бауновска https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/2-3-od-patsientite-so-epilepsija-se-dobro-kontrolirani-so-lekovi-protiv-napadi-i-mozhat-normalno-da-funktsioniraat-vo-opshtestvoto-i-da-vrshat-odgovorni-funktsii-veli-d-r-baunovska/ Tue, 26 Mar 2024 09:41:44 +0000 https://republika.mk/?p=758796

Се проценува дека над 50 милиони луѓе ширум светот боледуваат од различни форми на епилепсија, што ја прави една од најчестите невролошки болести во глобални рамки. Вкупната бројка на пациенти со епилепсија во Република Македонија е 13.824, или преваленцата на епилепсија кај нас изнесува 6,67 на 1.000 жители.

26 март или Виолетовиот ден, е Меѓународен ден посветен на напорите за зголемување на свеста за епилепсијата во светот.

Д-р Марија Бабуновска, невролог од Универзитетската Клиника за неврологија во Скопје, во изјава за МИА вели дека епилепсијата ги зафаќа луѓето од сите возрасти и обата пола, но кај нас почеста е кај машките пациенти.

Во државава, како што појаснува, епилепсијата најчесто се јавува во два пика, во детството - адолесценцијата и кај пациентите над 50 години.

Во последно време, пикот во детската - адолесцентна возраст се намалува, а кај оние над 50 години расте постепено, достигнувајќи го врвот кај пациенти од 70 до 79 години. Што може да се објасни со подолг животен век и пораст на бројот на заболувања поврзани со возраста и со стареење кои имаат епилептогени потенцијал - мозочен удар, деменција и така натаму, додава доктор Бабуновска, која е добитник на наградата за најдобар труд од областа на неврологијата на Меѓународните Медис награди за медицина и фармација во Љубљана.

Таа смета дека свеста за оваа болест е мала и дека со факти треба да се разбијат некои митови за пациентите со оваа болест.

Тие митови се дека епилепсијата е ретка болест, дека ако сте имале еден напад значи дека имате епилепсија, дека епилепсијата е психолошка состојба и е форма на ментална болест и луѓето се емоционално нестабилни, дека сите напади се исти, дека лесно е да се каже кога нападот ќе се случи, дека дијагнозата на епилепсијата е едноставна, дека лицата со епилепсија се „епилептичари“ и луѓето со епилепсија не можат да се носат со висок притисок на работните места и со високи и сложени функции, дека мора да се родиш со епилепсија, дека таа претставува доживотно нарушување, дека за време на напад едно лице може да го проголта јазикот, дека епилепсијата не може ефикасно да се регулира, дека епилепсијата е заразна болест.... Сѐ што споменавме се само митови, нагласува Бабуновска.

Според неа, потребна е едукација и на населението за да знае како да се справи, доколку некој случаен минувач се здобие со епилептичен напад.

Пациентот не треба да се остави сам во тек на нападот, препорачливо е оној кој е очевидец да остане до него, да се обезбеди просторот од објекти кои би го повредиле пациентот и најбитно е - да не се паничи. Потребно е да биде поставен во странична положба, да се стави нешто меко под главата и да не се ставаат предмети во устата, да не се извлекува јазикот, бидејќи тоа е мит дека јазикот може да се голтне. Значи доволно е да се остави во странична положба, да бидат слободни дишните патишта. Вообичаено нападите се само лимитирачки, но, доколку нападот трае повеќе од вообичаено, повеќе од пет минути или доколку нападите се повторуваат, да се повика Итна медицинска помош за пациентот да прими соодветна терапија и да биде пренесен во болница. Ние велиме, „time is brain“, појаснува таа.

Апелира лицата со епилепсија да не се стигматизираат. Тие се лица кои доживуваат хронични, повторливи напади, вели Бабуновска, и се претпочита да бидат именувани како „лица со епилепсија“, а не како епилептичари или падавичари. Според Бабуновска, повеќето професии, вклучително и оние во највисоките нивоа на деловно работење, како што се влада, правосуден систем, спорт и медицина можат да примат лице со епилепсија.

Пациентите со епилепсија треба да бидат прифатени од општеството бидејќи 2/3 од пациентите со епилепсија се добро контролирани со лекови против напади и тие може воопшто да немаат напади додека примаат терапија и можат нормално да функционираат во општеството и да се носат со одговорни функции, истакнува Бабуновска.

Појаснува дека епилепсијата е повторувачко, хронично нарушување, што се карактеризира со ненадејна појава на непровоцирани епилептични напади.

Постојат повеќе од 20 форми на напади. Нападите генерално се поделени на фокални и генерализирани, во зависност од тоа во кој дел од мозокот почнува абнормалната мозочна активност. Фокални - инволвирајќи мозочни мрежи ограничени на една хемисфера, генерализирани - започнуваат со дистрибуција во билатерални мрежи синхроно во двете хемисфери од почеток, како и - со непознато почеток, вели Бабуновска.

Бабуновска смета дека потребно е да се подигне свеста за оваа болест и дека денешниот датум - 26 март или Виолетовиот ден, претставува Меѓународен ден посветен на напорите за зголемување на свеста за епилепсијата во светот.

На овој ден, се повикуваат сите луѓе во светот да облечат виолетова облека, со цел да се пружи поддршка на лицата со оваа дијагноза. Поддршката што можеме да ја пружиме е преку едукација, вели Бабуновска.

Македонското невролошко здружение, Македонската лига против епилепсија и Универзитетската клиника по неврологија, ќе го одбележат овој ден, вечерва од 18 до 19 часот на плоштадот пред „Култура“ и од 19 до 20 часот, пред „Порта Македонија“, која ќе биде осветлена во виолетово, за што, Бабуновска се заблагодари на Одделението за урбана опрема при Град Скопје.

The post 2/3 од пациентите со епилепсија се добро контролирани со лекови против напади и можат нормално да функционираат во општеството и да вршат одговорни функции, вели д-р Бауновска appeared first on Република.

]]>

Се проценува дека над 50 милиони луѓе ширум светот боледуваат од различни форми на епилепсија, што ја прави една од најчестите невролошки болести во глобални рамки. Вкупната бројка на пациенти со епилепсија во Република Македонија е 13.824, или преваленцата на епилепсија кај нас изнесува 6,67 на 1.000 жители. 26 март или Виолетовиот ден, е Меѓународен ден посветен на напорите за зголемување на свеста за епилепсијата во светот. Д-р Марија Бабуновска, невролог од Универзитетската Клиника за неврологија во Скопје, во изјава за МИА вели дека епилепсијата ги зафаќа луѓето од сите возрасти и обата пола, но кај нас почеста е кај машките пациенти. Во државава, како што појаснува, епилепсијата најчесто се јавува во два пика, во детството - адолесценцијата и кај пациентите над 50 години.
Во последно време, пикот во детската - адолесцентна возраст се намалува, а кај оние над 50 години расте постепено, достигнувајќи го врвот кај пациенти од 70 до 79 години. Што може да се објасни со подолг животен век и пораст на бројот на заболувања поврзани со возраста и со стареење кои имаат епилептогени потенцијал - мозочен удар, деменција и така натаму, додава доктор Бабуновска, која е добитник на наградата за најдобар труд од областа на неврологијата на Меѓународните Медис награди за медицина и фармација во Љубљана.
Таа смета дека свеста за оваа болест е мала и дека со факти треба да се разбијат некои митови за пациентите со оваа болест.
Тие митови се дека епилепсијата е ретка болест, дека ако сте имале еден напад значи дека имате епилепсија, дека епилепсијата е психолошка состојба и е форма на ментална болест и луѓето се емоционално нестабилни, дека сите напади се исти, дека лесно е да се каже кога нападот ќе се случи, дека дијагнозата на епилепсијата е едноставна, дека лицата со епилепсија се „епилептичари“ и луѓето со епилепсија не можат да се носат со висок притисок на работните места и со високи и сложени функции, дека мора да се родиш со епилепсија, дека таа претставува доживотно нарушување, дека за време на напад едно лице може да го проголта јазикот, дека епилепсијата не може ефикасно да се регулира, дека епилепсијата е заразна болест.... Сѐ што споменавме се само митови, нагласува Бабуновска.
Според неа, потребна е едукација и на населението за да знае како да се справи, доколку некој случаен минувач се здобие со епилептичен напад.
Пациентот не треба да се остави сам во тек на нападот, препорачливо е оној кој е очевидец да остане до него, да се обезбеди просторот од објекти кои би го повредиле пациентот и најбитно е - да не се паничи. Потребно е да биде поставен во странична положба, да се стави нешто меко под главата и да не се ставаат предмети во устата, да не се извлекува јазикот, бидејќи тоа е мит дека јазикот може да се голтне. Значи доволно е да се остави во странична положба, да бидат слободни дишните патишта. Вообичаено нападите се само лимитирачки, но, доколку нападот трае повеќе од вообичаено, повеќе од пет минути или доколку нападите се повторуваат, да се повика Итна медицинска помош за пациентот да прими соодветна терапија и да биде пренесен во болница. Ние велиме, „time is brain“, појаснува таа.
Апелира лицата со епилепсија да не се стигматизираат. Тие се лица кои доживуваат хронични, повторливи напади, вели Бабуновска, и се претпочита да бидат именувани како „лица со епилепсија“, а не како епилептичари или падавичари. Според Бабуновска, повеќето професии, вклучително и оние во највисоките нивоа на деловно работење, како што се влада, правосуден систем, спорт и медицина можат да примат лице со епилепсија.
Пациентите со епилепсија треба да бидат прифатени од општеството бидејќи 2/3 од пациентите со епилепсија се добро контролирани со лекови против напади и тие може воопшто да немаат напади додека примаат терапија и можат нормално да функционираат во општеството и да се носат со одговорни функции, истакнува Бабуновска.
Појаснува дека епилепсијата е повторувачко, хронично нарушување, што се карактеризира со ненадејна појава на непровоцирани епилептични напади.
Постојат повеќе од 20 форми на напади. Нападите генерално се поделени на фокални и генерализирани, во зависност од тоа во кој дел од мозокот почнува абнормалната мозочна активност. Фокални - инволвирајќи мозочни мрежи ограничени на една хемисфера, генерализирани - започнуваат со дистрибуција во билатерални мрежи синхроно во двете хемисфери од почеток, како и - со непознато почеток, вели Бабуновска.
Бабуновска смета дека потребно е да се подигне свеста за оваа болест и дека денешниот датум - 26 март или Виолетовиот ден, претставува Меѓународен ден посветен на напорите за зголемување на свеста за епилепсијата во светот. На овој ден, се повикуваат сите луѓе во светот да облечат виолетова облека, со цел да се пружи поддршка на лицата со оваа дијагноза. Поддршката што можеме да ја пружиме е преку едукација, вели Бабуновска. Македонското невролошко здружение, Македонската лига против епилепсија и Универзитетската клиника по неврологија, ќе го одбележат овој ден, вечерва од 18 до 19 часот на плоштадот пред „Култура“ и од 19 до 20 часот, пред „Порта Македонија“, која ќе биде осветлена во виолетово, за што, Бабуновска се заблагодари на Одделението за урбана опрема при Град Скопје.  

The post 2/3 од пациентите со епилепсија се добро контролирани со лекови против напади и можат нормално да функционираат во општеството и да вршат одговорни функции, вели д-р Бауновска appeared first on Република.

]]>
Повторно поради тендер пацинетите со мултипла склероза се оставени без лекови https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/povtorno-poradi-tender-patsinetite-so-multipla-skleroza-se-ostaveni-bez-lekovi/ Wed, 13 Mar 2024 18:56:35 +0000 https://republika.mk/?p=754524

Живот во болка заради неизвесни тендери – вака живеат пациентите со ретки болести во Македонија. Болните со мултипла склероза повторно се соочуваат со недостиг на терапија, пренесува „Алфа“, откривајќи дека инекциите „копаксон”, кои им се неопходни, ги нема на Клиниката за неврологија, а кога ќе пристигнат не се знае. Директорот оваа здравствена установа за телевизијата вели дека во тек е постапката за набавка на лекот, но не откри кога ќе го добијат пацинетите.

Постапката е во тек.Се очекува да заврши во брзо време.Односно, да помине управната контрола.Нема потреба за грижа, пацинетите ќе ја добијат потребната терапија, вели директорот на неврологија Висар Мифтари.

Но проблемот на болните со мултипла склероза не е само недостигот на терапија. Пациентите се жалат дека се приморани да патуваат по три часа до Скопје за да си ги подигнат лековите, затоа што терапиите ги има само на Клиниката за неврологија.

Лицата со МС бараат навремена дијагностика и современ третман со нови лекови.

Доцнењето на терапии поради тендерски процедури е проблем заради кој Здруженијата на пациенти бараат нешто да се смени во ситемот на набавки. Најпогодени се пацинетите со ретки болести.

The post Повторно поради тендер пацинетите со мултипла склероза се оставени без лекови appeared first on Република.

]]>

Живот во болка заради неизвесни тендери – вака живеат пациентите со ретки болести во Македонија. Болните со мултипла склероза повторно се соочуваат со недостиг на терапија, пренесува „Алфа“, откривајќи дека инекциите „копаксон”, кои им се неопходни, ги нема на Клиниката за неврологија, а кога ќе пристигнат не се знае. Директорот оваа здравствена установа за телевизијата вели дека во тек е постапката за набавка на лекот, но не откри кога ќе го добијат пацинетите.
Постапката е во тек.Се очекува да заврши во брзо време.Односно, да помине управната контрола.Нема потреба за грижа, пацинетите ќе ја добијат потребната терапија, вели директорот на неврологија Висар Мифтари.
Но проблемот на болните со мултипла склероза не е само недостигот на терапија. Пациентите се жалат дека се приморани да патуваат по три часа до Скопје за да си ги подигнат лековите, затоа што терапиите ги има само на Клиниката за неврологија. Лицата со МС бараат навремена дијагностика и современ третман со нови лекови. Доцнењето на терапии поради тендерски процедури е проблем заради кој Здруженијата на пациенти бараат нешто да се смени во ситемот на набавки. Најпогодени се пацинетите со ретки болести.

The post Повторно поради тендер пацинетите со мултипла склероза се оставени без лекови appeared first on Република.

]]>
Ако Меџити заврши со турнеја по светот, да си ги доврши овде работите, повикува Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ako-medhiti-zavrshi-so-turneja-po-svetot-da-si-gi-dovrshi-ovde-rabotite-povikuva-komisijata-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne/ Sun, 10 Dec 2023 10:57:49 +0000 https://republika.mk/?p=721447

Ако министерот Меџити заврши со турнеја по светот, може да се заложи за довршување на молерисувањето на Клиниката за неврологија, која само до половина е молерисана, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
❗️Доколку Меџити се прибра од патувањата по светот, може да се зафати за работа и за почеток да продолжи со молерисување на Клиниката за неврологија од каде и самиот доаѓа.
❗️❗️ Клиниката е молерисана само до половина како што може да се види на фотографиите и вака молерисана само до половина стои веќе неколку месеци.
❗️Кога веќе не е приоритет изградба на новиот Клинички и цели 7️⃣ години Влада на СДС и ДУИ со прст не мрдна за оваа клучна капитална инвестиција, ако не можат вистински да се фатат за работа, можат барем да продолжат со молерисување на другата половина на Клиниката за неврологија.
➡️Овие 7️⃣ години гледаме само закрпувања, а не вистинско зајакнување на инфраструктурата во јавното здравство што очигледно не е приоритет на Владата.
➡️Показател за тоа е и буџетот на Министерството за здравство за 2024 год кој не предвидува инвестиции во овој сегмент.
➡️За негрижата и недостигот на централно инвестирање конкретно на Клиниката за неврологија говори фактот дека од донации од приватни компании е обезбедена и поголем дел од промовираната опрема на оваа Клиника изминатиот период.

The post Ако Меџити заврши со турнеја по светот, да си ги доврши овде работите, повикува Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Ако министерот Меџити заврши со турнеја по светот, може да се заложи за довршување на молерисувањето на Клиниката за неврологија, која само до половина е молерисана, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ. ❗️Доколку Меџити се прибра од патувањата по светот, може да се зафати за работа и за почеток да продолжи со молерисување на Клиниката за неврологија од каде и самиот доаѓа. ❗️❗️ Клиниката е молерисана само до половина како што може да се види на фотографиите и вака молерисана само до половина стои веќе неколку месеци. ❗️Кога веќе не е приоритет изградба на новиот Клинички и цели 7️⃣ години Влада на СДС и ДУИ со прст не мрдна за оваа клучна капитална инвестиција, ако не можат вистински да се фатат за работа, можат барем да продолжат со молерисување на другата половина на Клиниката за неврологија. ➡️Овие 7️⃣ години гледаме само закрпувања, а не вистинско зајакнување на инфраструктурата во јавното здравство што очигледно не е приоритет на Владата. ➡️Показател за тоа е и буџетот на Министерството за здравство за 2024 год кој не предвидува инвестиции во овој сегмент. ➡️За негрижата и недостигот на централно инвестирање конкретно на Клиниката за неврологија говори фактот дека од донации од приватни компании е обезбедена и поголем дел од промовираната опрема на оваа Клиника изминатиот период.

The post Ако Меџити заврши со турнеја по светот, да си ги доврши овде работите, повикува Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
На Клиниката за неврологија мозочните удари ќе се снимаат за неколку секунди https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/na-klinikata-za-nevrologija-mozochnite-udari-ke-se-snimaat-za-nekolku-sekundi/ Wed, 08 Feb 2023 20:02:12 +0000 https://republika.mk/?p=606670

Современ томограф денеска доби Клиниката за неврологија со кој ќе биде можно снимање на пациентите со мозочни удари за само неколку секунди. Апаратот е обезбеден како резултат на соработката на Министерството за здравство со Светската банка.

Овој апарат навистина многу ќе значи за брзата дијагностика на нашите пациенти, пред сè, со мозочни удари, но и за другите заболувања. Апаратот е најсовремена технологија, која овозможува брзо снимање на пациентите. Времето е максимално скратено на само неколку секунди за едно снимање, со што пациентите примаат помала доза зрачење, што е многу важно. Апаратот има можност за перфузиона томографија и за правење ангиографски слики, односно снимање на крвните садови на мозокот и на ‘рбетниот столб, со што ќе се подобри дијагностиката на церебрално-васкуларните заболувања, меѓутоа и на другите болести, кои се дијагностицираат и лекуваат на Клиниката за неврологија, рече директорот Иван Барбов.

Министерот Беким Сали објасни дека компјутерскиот томограф за Клиниката за неврологија е дел од новата опрема набавена за вкупно 14 јавни здравствени установи. Тој денес пушти во употреба нова опрема и во Клиниката за хируршки болести „Наум Охридски“, која доби компјутерски томограф, два мобилни рендген-апарата и еден дигитален рендген-апарат

The post На Клиниката за неврологија мозочните удари ќе се снимаат за неколку секунди appeared first on Република.