Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klinika-za-hirurshki-bolesti-sv-naum-ohridski/ За подобро да се разбереме Sun, 01 Sep 2024 15:34:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klinika-za-hirurshki-bolesti-sv-naum-ohridski/ 32 32 Скопјани се степале во чекалната на Градската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjani-se-stepale-vo-chekalnata-na-gradskata-bolnitsa/ Sun, 01 Sep 2024 15:34:21 +0000 https://republika.mk/?p=812056

На 31.08.2024 во 20.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, по претходно недоразбирање во чекалната, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.С.(41) и М.Б.(37), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Скопјани се степале во чекалната на Градската болница appeared first on Република.

]]>

Комплетно реновирање на оддел на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје со донација на Спорт Лаиф Обложувалници https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kompletno-renovirane-na-oddel-na-klinikata-za-hirurshki-bolesti-sv-naum-ohridski-skopje-so-donatsija-na-sport-laif-oblozhuvalnitsi/ Wed, 19 Jun 2024 11:15:34 +0000 https://republika.mk/?p=789035

На Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје, денес, беше потпишан договор за донација од Спорт Лаиф Треид обложувалници, за комплетно реновирање на Одделот за абдоминална хирургија, поточно на делот за пост-оперативна нега на пациентите.

Донацијата во износ од 2.000.000 денари ќе овозможи реновирање на одделот на третиот кат од клиниката, попозната како „Градска болница“ во центарот на Скопје, и ќе ги опфати холот, собите за пациентите и канцеларијата за болничкиот персонал. Нови подови, таван, нови санитарии, водоводни и електрични инсталации ќе бидат поставени на вкупна површина од 395 м2.

Со оваа интервенција капацитетот на одделот ќе биде зголемен за 4 легла, со што ќе се овозможат соодветни услови за постоперативно болничко лекување на 28 пациенти, а во две соби ќе се обезбедат по една комплетно опремена бања во функција на пациентите.

Договорот го потпишаа директорот на Клиниката, др. Љубен Арсенков и Петар Поцков, маркетинг директор на Спорт Лаиф обложувалници:

„Со особена чест и задоволство можам да истакнам дека денес заедно со Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје, стартуваме со реализацијата на еден значаен проект кој ќе овозможи подобрување на условите за болничко лекување на нашите граѓани. Оваа донација претставува и значаен дел од бројните проекти кои ги реализираме како општествено одговорна компанија. Нашата поддршка е секојпат резервирана пред сè за хуманите цели, онаму каде што е најпотребна, а тоа е здравјето на граѓаните и нивната благосостојба.“ – изјави Петар Поцков од Спорт Лаиф Треид.

Др. Љубен Арсенков, директорот на Универзитетската Клиника за Хируршки болести „Св.Наум Охридски“ изразувајќи благодарност за донацијата истакна: „За вработените во нашата установа најголема награда е задоволството на пациентите, како и задоволството на нивните семејства. Оттука и предизвикот, да се продолжи со проектите за реновирање и подобрување на условите за нивно лекување по повисоки стандарди од досегашните.

Високата фреквентност, стручниот кадар, и долгогодишната традицијата ја чинат Клиниката една од најзначајните здравствени институции во државата, во која се потребни инвестиции за нејзино реконструирање и подобрување на севкупните услови за работа и лекување на пациентите.

Оттука, денес, ја изразуваме нашата благодарност кон Спорт Лаиф Треид за нивната поддршка и значајна донација за комплетно реновирање на делот за постоперативна нега на пациентите од Одделот за абдоминална хирургија. Со реализацијата на овој проект целосно ќе се заокружи реновирањето и санацијата на хоспиталниот дел од клиниката. Со тоа се создаваат пристојни услови за третман и нега на хируршките болни.

Оваа донација е само продолжување на еден извонреден тренд од изминативе пет години, во кој со помош на пријателите на клиниката и менаџментот на установата, се обезбедени повеќе од 1 200 000 евра од донации за реконструкција на клиниката. Она што мене посебно ме радува е фактот што во обезбедувањето на средствата  учествуваа и голем број вработени од клиниката, кои со тоа ја истакнаа својата поврзаност, припадност и грижа за установата во која работат.

Во периодот на изведување на предвидената реконструкција, клиниката ќе продолжи со непречено одвивање  на редовните работни процеси.

Во мое лично име, во име на организацискиот директор, г-ѓа Нермин Шаќири, и секако во име на сите вработени, уште еднаш ја потенцираме нашата  искрена  благодарност кон Спорт Лаиф за обезбедената донација.“ изјави др. Љубен Арсенков.

Проектот се очекува да биде реализиран во период од 2 месеци.

Универзитетската Клиника за Хируршки болести ,,Св. Наум Охридски“ во центарот на Скопје е составена од бројни хируршки одделенија, одделение за интензивно лекување, одделение за анестезиологија и реанимација, одделение за радиодијагностика и биохемиска лабараторија.

На годишно ниво низ амбулантите поминуваат околу 120 000 пациенти со најразлични заболувања. Од нив се хоспитализираат околу 5.500, а кај околу 4.500 се извршуваат хируршки интервенции.

Комерцијален текст

The post Комплетно реновирање на оддел на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје со донација на Спорт Лаиф Обложувалници appeared first on Република.

]]>

На Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје, денес, беше потпишан договор за донација од Спорт Лаиф Треид обложувалници, за комплетно реновирање на Одделот за абдоминална хирургија, поточно на делот за пост-оперативна нега на пациентите. Донацијата во износ од 2.000.000 денари ќе овозможи реновирање на одделот на третиот кат од клиниката, попозната како „Градска болница“ во центарот на Скопје, и ќе ги опфати холот, собите за пациентите и канцеларијата за болничкиот персонал. Нови подови, таван, нови санитарии, водоводни и електрични инсталации ќе бидат поставени на вкупна површина од 395 м2. Со оваа интервенција капацитетот на одделот ќе биде зголемен за 4 легла, со што ќе се овозможат соодветни услови за постоперативно болничко лекување на 28 пациенти, а во две соби ќе се обезбедат по една комплетно опремена бања во функција на пациентите. Договорот го потпишаа директорот на Клиниката, др. Љубен Арсенков и Петар Поцков, маркетинг директор на Спорт Лаиф обложувалници: „Со особена чест и задоволство можам да истакнам дека денес заедно со Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје, стартуваме со реализацијата на еден значаен проект кој ќе овозможи подобрување на условите за болничко лекување на нашите граѓани. Оваа донација претставува и значаен дел од бројните проекти кои ги реализираме како општествено одговорна компанија. Нашата поддршка е секојпат резервирана пред сè за хуманите цели, онаму каде што е најпотребна, а тоа е здравјето на граѓаните и нивната благосостојба.“ – изјави Петар Поцков од Спорт Лаиф Треид. Др. Љубен Арсенков, директорот на Универзитетската Клиника за Хируршки болести „Св.Наум Охридски“ изразувајќи благодарност за донацијата истакна: „За вработените во нашата установа најголема награда е задоволството на пациентите, како и задоволството на нивните семејства. Оттука и предизвикот, да се продолжи со проектите за реновирање и подобрување на условите за нивно лекување по повисоки стандарди од досегашните. Високата фреквентност, стручниот кадар, и долгогодишната традицијата ја чинат Клиниката една од најзначајните здравствени институции во државата, во која се потребни инвестиции за нејзино реконструирање и подобрување на севкупните услови за работа и лекување на пациентите. Оттука, денес, ја изразуваме нашата благодарност кон Спорт Лаиф Треид за нивната поддршка и значајна донација за комплетно реновирање на делот за постоперативна нега на пациентите од Одделот за абдоминална хирургија. Со реализацијата на овој проект целосно ќе се заокружи реновирањето и санацијата на хоспиталниот дел од клиниката. Со тоа се создаваат пристојни услови за третман и нега на хируршките болни. Оваа донација е само продолжување на еден извонреден тренд од изминативе пет години, во кој со помош на пријателите на клиниката и менаџментот на установата, се обезбедени повеќе од 1 200 000 евра од донации за реконструкција на клиниката. Она што мене посебно ме радува е фактот што во обезбедувањето на средствата  учествуваа и голем број вработени од клиниката, кои со тоа ја истакнаа својата поврзаност, припадност и грижа за установата во која работат. Во периодот на изведување на предвидената реконструкција, клиниката ќе продолжи со непречено одвивање  на редовните работни процеси. Во мое лично име, во име на организацискиот директор, г-ѓа Нермин Шаќири, и секако во име на сите вработени, уште еднаш ја потенцираме нашата  искрена  благодарност кон Спорт Лаиф за обезбедената донација.“ изјави др. Љубен Арсенков. Проектот се очекува да биде реализиран во период од 2 месеци. Универзитетската Клиника за Хируршки болести ,,Св. Наум Охридски“ во центарот на Скопје е составена од бројни хируршки одделенија, одделение за интензивно лекување, одделение за анестезиологија и реанимација, одделение за радиодијагностика и биохемиска лабараторија. На годишно ниво низ амбулантите поминуваат околу 120 000 пациенти со најразлични заболувања. Од нив се хоспитализираат околу 5.500, а кај околу 4.500 се извршуваат хируршки интервенции. Комерцијален текст

The post Комплетно реновирање на оддел на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје со донација на Спорт Лаиф Обложувалници appeared first on Република.

]]>
Д-р Арсенков: Инструментарките и помошниот персонал од Клинички да се распредели во ГОБ „8 Септември“ и во Клиниката „Св. Наум Охридски“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-arsenkov-instrumentarkite-i-pomoshniot-personal-od-klinichki-da-se-raspredeli-vo-gob-8-septemvri-i-vo-klinikata-sv-naum-ohridski/ Tue, 28 May 2024 12:41:31 +0000 https://republika.mk/?p=782430

Директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ д-р Љубен Арсенков смета дека поранешната Градска болница има доволно хирурзи, но можеби би требало да се размисли инструментарките и останатиот помошен персонал од Клинички центар да се распределат во Воената болница и во Клиниката „Св. Наум Охридски“ за да може да се одговори на сите операции чиј број е двојно зголемен поради ситуацијата со затворени хируршки сали на клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Според Арсенков, персоналот одговара на потребите, доаѓаат од дома, работат повеќе смени.

Пациентите за неврохируршки операции се праќаат во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, а останатите во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“. Хируршките сали од скопскиот Клинички центар од каде што се шири непријатна миризба ќе останат затворени сеè додека не стигнат резултатите од земените примероци од компресорите, кои се пратени во Германија и сѐ додека трае истрагата на Основното јавно обвинителство (ОЈО).

Д-р Арсенков во изјава за медиумите кажа дека двојно е зголемен бројот на итни случаи на кои им се пружа медицинска помош во поранешната Градска болница во Скопје поради затворените хируршки сали на Клиника. Примени се околу 170 итни пациенти од кои 150 се хируршки третирани.

Просечно дневно околу 250 пациенти се прегледуваат само во Ургентната амбуланта и земајќи предвид дека во специјалистичките амбуланти дневно има околу 100 до 150 пациенти, значи бројка од околу 400 пациенти дневно кои во овој период гравитираат кон Клиниката. Заради ситуацијата на Клинички центар, се организиравме на начин што хроничните пациенти што се за операција, не ги примаме и оперираме само итни случаи. Така што, за овие десеттина дена, примени се некаде 170 итни пациенти, од кои кај 150 се направени хируршки интервенции. Зголемен е бројот, зголемен е и обемот на работа на персоналот. Се организираме засега и се надевам дека ќе продолжи натаму без поголеми реперкусии на третманот. Персоналот одговара на потребите, доаѓаат од дома, повеќе смени работат, вели Арсенков.

Додава дека во овој период се зајакнати хируршките екипи и секојдневно има по двајца хирурзи за абдомен, трауматолози и неврохирург бидејќи неврохируршките пациенти се упатуваат на оваа Клника.

Во однос на исполнетоста на капацитетот, Арсенков вели дека е исполнет речиси целиот болнички капацитет и дека се во постојана комуникација со Градската општа Болница „8 Септември“ со цел пациентите да ја добијат потребната нега.

Секојдневно утринскиот состанок започнува со тоа колку празни кревети има. Дневно по 100 кревети во болничкиот дел и околу 16 во Интензивна нега, од пет до 10 кревети се слободни, речиси целиот болнички капацитет е исполнет. Ги пуштаме дома пациентите кои можеме порано да ги пуштиме, а оние пациенти кои после хируршката интервенција би останале неколку дена подолго зависно од нивната ситуација, ги закажуваме на контроли за да ослободиме кревети за евентуално итните пациенти. Навистина не знам до кога ова би било вака, меѓутоа се организираме и со колегите од Клинички центар и од „8 Септември“. Се слушаме со колегите пред да го упатат пациентот што дошол кај нив доколку нема место или нема специјалист за таа патологија да се упати кај нас. Тоа на мое огромно задоволство функционира и со дигестивна хирургија. Сега засега мислам дека функционира хирургијата. За жал, тоа што се случува таму не би знаел до кога би траело и сигурно ако продолжи ќе се исполнат капацитетите и можеби ќе треба да се размислува за активирање на некои центри од внатрешноста да можат овие случаи што вообичаеноги праќаат тука, да се третираат во матичните хируршки установи, изјави Арсенков.

Операционите сали во Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ не работат веќе десетина дена. Министерот за здравство Илир Демири вчера на прес-конференција изјави дека проблемот е хаварија во компресорската станица за кој се чекаат испитувања од Германија.

Додека не заврши ова испитување и не дојдат анализите од Германија кои се испратени, хируршки центар ќе се послужи со надворешни компресори, изјави Демири, дополнувајќи дека се набавени шест компресори кои се надворешни и може да послужат за итни неодложни интервенции кои се од покомплициран карактер.

https://republika.mk/zivot/zdravje/hirurshkite-sali-vo-klinichki-tsentar-ostanuvaat-zatvoreni-se-cheka-odgovor-od-germanska-laboratorija-od-kade-doaga-smrdeata/

The post Д-р Арсенков: Инструментарките и помошниот персонал од Клинички да се распредели во ГОБ „8 Септември“ и во Клиниката „Св. Наум Охридски“ appeared first on Република.

]]>

Директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ д-р Љубен Арсенков смета дека поранешната Градска болница има доволно хирурзи, но можеби би требало да се размисли инструментарките и останатиот помошен персонал од Клинички центар да се распределат во Воената болница и во Клиниката „Св. Наум Охридски“ за да може да се одговори на сите операции чиј број е двојно зголемен поради ситуацијата со затворени хируршки сали на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Според Арсенков, персоналот одговара на потребите, доаѓаат од дома, работат повеќе смени. Пациентите за неврохируршки операции се праќаат во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, а останатите во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“. Хируршките сали од скопскиот Клинички центар од каде што се шири непријатна миризба ќе останат затворени сеè додека не стигнат резултатите од земените примероци од компресорите, кои се пратени во Германија и сѐ додека трае истрагата на Основното јавно обвинителство (ОЈО). Д-р Арсенков во изјава за медиумите кажа дека двојно е зголемен бројот на итни случаи на кои им се пружа медицинска помош во поранешната Градска болница во Скопје поради затворените хируршки сали на Клиника. Примени се околу 170 итни пациенти од кои 150 се хируршки третирани.
Просечно дневно околу 250 пациенти се прегледуваат само во Ургентната амбуланта и земајќи предвид дека во специјалистичките амбуланти дневно има околу 100 до 150 пациенти, значи бројка од околу 400 пациенти дневно кои во овој период гравитираат кон Клиниката. Заради ситуацијата на Клинички центар, се организиравме на начин што хроничните пациенти што се за операција, не ги примаме и оперираме само итни случаи. Така што, за овие десеттина дена, примени се некаде 170 итни пациенти, од кои кај 150 се направени хируршки интервенции. Зголемен е бројот, зголемен е и обемот на работа на персоналот. Се организираме засега и се надевам дека ќе продолжи натаму без поголеми реперкусии на третманот. Персоналот одговара на потребите, доаѓаат од дома, повеќе смени работат, вели Арсенков.
Додава дека во овој период се зајакнати хируршките екипи и секојдневно има по двајца хирурзи за абдомен, трауматолози и неврохирург бидејќи неврохируршките пациенти се упатуваат на оваа Клника. Во однос на исполнетоста на капацитетот, Арсенков вели дека е исполнет речиси целиот болнички капацитет и дека се во постојана комуникација со Градската општа Болница „8 Септември“ со цел пациентите да ја добијат потребната нега.