Клиника за гастроентерохепатологија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klinika-za-gastroenterohepatologija/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Aug 2024 08:27:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Клиника за гастроентерохепатологија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klinika-za-gastroenterohepatologija/ 32 32 Клиника за гастроентерохепатологија: 800 пациенти прегледани во рамки на националната кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис б, хепатитис ц и за хив, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/klinika-za-gastroenterohepatologija-800-patsienti-pregledani-vo-ramki-na-natsionalnata-kampana-za-besplaten-i-anonimen-skrining-za-hepatitis-b-hepatitis-ts-i-za-hiv-kako-i-elastografija-za-hronichni-t/ Sun, 11 Aug 2024 08:27:50 +0000 https://republika.mk/?p=805367

Клиниката за Гастроентерохепатологија и „Хепар центар“ - Битола, по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот, почнаа заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис б, хепатитис ц и за хив, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.

Со цел да се промовира проактивен мониторинг на здравјето, лекари од Клиниката за Гастроентерохепатологија извршија бесплатен скриниг на граѓаните за хепатитис б, хепатитис ц и за хив, како и ултразвучен преглед (фиброскен на црниот дроб) за проценка на функцијата на црниот дроб, во разни градови низ државата.

Во оваа кампања беа прегледани околу 800 граѓани, а во план е да се продолжи и со скрининг на ризичните групи на лица како што се здравствени работници, зависници и дијализни пациенти, информираат од Клиниката за гастроентерохепатологија.

Од Клиниката за гастроентерохепатологија потенцираат дека собено е важно редовно следење кај овие пациенти со цел рано откривање на хепатоцелуларен карцином, една од најчестите и најсмртоносните форми на рак на црниот дроб. Токму поради ова, рутинскиот скрининг, со помош на најновите дијагностичките техники како што е фиброскенот е клучно за навремена детекција и третман на можните компликации од хроничните црнодробни болести.

Инаку, за потсетување бесплатниот скрининг за хепатитис Б,Ц и еластографија за хронични црнодробни заболувања се организира во соработка со Министерството за здравство, Клиниката за гастроентерохепатологија и „Хепар центар“ – Битола, започнувајќи заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и за ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања, која се реализира во десет градови во државата.

Целта на кампањата е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.

Во рамки на оваа кампања голем дел од граѓаните имаат можност да го откријат нивниот статус.
Според информациите од Клиниката за гастроентерохепатологија секојдневно во светот умираат околу 3.400 луѓе како последица на хронична инфекција со хепатит.

The post Клиника за гастроентерохепатологија: 800 пациенти прегледани во рамки на националната кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис б, хепатитис ц и за хив, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања appeared first on Република.

]]>

Клиниката за Гастроентерохепатологија и „Хепар центар“ - Битола, по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот, почнаа заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис б, хепатитис ц и за хив, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.
Со цел да се промовира проактивен мониторинг на здравјето, лекари од Клиниката за Гастроентерохепатологија извршија бесплатен скриниг на граѓаните за хепатитис б, хепатитис ц и за хив, како и ултразвучен преглед (фиброскен на црниот дроб) за проценка на функцијата на црниот дроб, во разни градови низ државата.   Во оваа кампања беа прегледани околу 800 граѓани, а во план е да се продолжи и со скрининг на ризичните групи на лица како што се здравствени работници, зависници и дијализни пациенти, информираат од Клиниката за гастроентерохепатологија.
Од Клиниката за гастроентерохепатологија потенцираат дека собено е важно редовно следење кај овие пациенти со цел рано откривање на хепатоцелуларен карцином, една од најчестите и најсмртоносните форми на рак на црниот дроб. Токму поради ова, рутинскиот скрининг, со помош на најновите дијагностичките техники како што е фиброскенот е клучно за навремена детекција и третман на можните компликации од хроничните црнодробни болести. Инаку, за потсетување бесплатниот скрининг за хепатитис Б,Ц и еластографија за хронични црнодробни заболувања се организира во соработка со Министерството за здравство, Клиниката за гастроентерохепатологија и „Хепар центар“ – Битола, започнувајќи заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и за ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања, која се реализира во десет градови во државата. Целта на кампањата е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб. Во рамки на оваа кампања голем дел од граѓаните имаат можност да го откријат нивниот статус. Според информациите од Клиниката за гастроентерохепатологија секојдневно во светот умираат околу 3.400 луѓе како последица на хронична инфекција со хепатит.

The post Клиника за гастроентерохепатологија: 800 пациенти прегледани во рамки на националната кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис б, хепатитис ц и за хив, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања appeared first on Република.

]]>
Пациентите со цироза на црн дроб на Клиниката за гастро добија центар за проучување на хроничната болест https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/patsientite-so-tsiroza-na-tsrn-drob-na-klinikata-za-gastro-dobija-tsentar-za-prouchuvane-na-hronichnata-bolest/ Thu, 13 Jul 2023 08:56:44 +0000 https://republika.mk/?p=660741

Клиниката за гастроентерохепатологија стана еден од 100-те референтни центри за проучување на хроничната црнодробна слабост кои се лоцирани во 26 европски држави. Активностите кои се спроведени во рамките на клиниката имаат крајна цел за подобрување на квалитетот на живот и зголемување на преживувањето на пациентите со цироза на црн дроб.

- Низата активности кои беа преземени за унапредување на дијагностиката и третманот на болестите на црниот дроб кои ги направивме во изминатиот период, како и поднесување апликација за членство за добивање сертификат минатата година, е доказ за високата стручност и посветеност на нашите доктори и истражувачи, кои се рамо до рамо со европските колеги. На крајот најголема придобивка, секако имаат пациентите преку продолжување на нивниот живот и подобрување на неговиот квалитет, и покрај тоа што имаат тешко заболување, истакнува проф. д-р Калина Гривчева Старделова, директор на Клиниката на гастроентерохепатологија.

Таа открива дека сознанијата кои се добиваат во различните научни центри доведуваат до заедничко идентификување, карактеризирање и воспоставување на дијагностички критериуми, како и дизајнирање на нов начин за разбирање на механизмите на хронична црнодробна слабост, која се смета за главна причина за смрт од цироза.

- Минатиот месец беше отворен и посебен Центар за болести на црн дроб. Тој е комплетно опремен со медицинска опрема и апарати, меѓу кои фиброскен и ехо - апарат со еластографија, кои се особено значајни за прецизна и навремена дијагностика на различни заболувања на црниот дроб, изјави директорката.

Во март годинава заврши и темелно реновирање на едниот кат на Клиниката, со што пациентите и вработените добија модерен простор кој целосно ги задоволува највисоките стандарди за медицински третман и нега.

The post Пациентите со цироза на црн дроб на Клиниката за гастро добија центар за проучување на хроничната болест appeared first on Република.

]]>

Клиниката за гастроентерохепатологија стана еден од 100-те референтни центри за проучување на хроничната црнодробна слабост кои се лоцирани во 26 европски држави. Активностите кои се спроведени во рамките на клиниката имаат крајна цел за подобрување на квалитетот на живот и зголемување на преживувањето на пациентите со цироза на црн дроб.
- Низата активности кои беа преземени за унапредување на дијагностиката и третманот на болестите на црниот дроб кои ги направивме во изминатиот период, како и поднесување апликација за членство за добивање сертификат минатата година, е доказ за високата стручност и посветеност на нашите доктори и истражувачи, кои се рамо до рамо со европските колеги. На крајот најголема придобивка, секако имаат пациентите преку продолжување на нивниот живот и подобрување на неговиот квалитет, и покрај тоа што имаат тешко заболување, истакнува проф. д-р Калина Гривчева Старделова, директор на Клиниката на гастроентерохепатологија.
Таа открива дека сознанијата кои се добиваат во различните научни центри доведуваат до заедничко идентификување, карактеризирање и воспоставување на дијагностички критериуми, како и дизајнирање на нов начин за разбирање на механизмите на хронична црнодробна слабост, која се смета за главна причина за смрт од цироза. - Минатиот месец беше отворен и посебен Центар за болести на црн дроб. Тој е комплетно опремен со медицинска опрема и апарати, меѓу кои фиброскен и ехо - апарат со еластографија, кои се особено значајни за прецизна и навремена дијагностика на различни заболувања на црниот дроб, изјави директорката. Во март годинава заврши и темелно реновирање на едниот кат на Клиниката, со што пациентите и вработените добија модерен простор кој целосно ги задоволува највисоките стандарди за медицински третман и нега.

The post Пациентите со цироза на црн дроб на Клиниката за гастро добија центар за проучување на хроничната болест appeared first on Република.

]]>
По повеќе од 60 години реновирана дел од Клиниката за гастроентерохепатологија со донација од САД https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/po-poveke-od-60-godini-renovirana-del-od-klinikata-za-gastroenterohepatologija-so-donatsija-od-sad/ Fri, 24 Mar 2023 14:02:40 +0000 https://republika.mk/?p=623262

Заврши реновирањето на дел од Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија, со што ќе се овозможи најтешко болните од цела држава кои имаат потреба од третман на оваа Клиника да престојуваат во достоинствени услови и да добиваат современи медицински услуги во новоопремените кабинети за дијагностички и интервентни процедури.

Премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска, заедно со амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер, придружуван од министерот за здравство, Фатмир Меџити го посети реновираниот дел на Клиниката за гастроентерохепатологија, истакна дека ова е прво вакво реновирање од како е формирана оваа Клиника по 1950 година. Средствата во висина од над 400.000 долари се обезедени од Владата на САД, односно од американската Команда за Европа преку Програмата за хуманитарна помош од САД, преку која во тек е проширување и на капацитетите на Клиниката за хематологија, а се проширени капацитетите и се реновирани операционите сали на Клиниката за максилофацијална хирургија.

Вкупно околу 14 милиони долари во изминатите 13 години е поддршката преку оваа американска програма за хуманитарна помош во здравството, образованието и во менаџирањето со кризи и ова е вистинско пријателство на дело. Тоа е потврда дека САД се наш најголем пријател од првиот ден на независноста до денес и во иднина. Република Македонија е на вистинскиот колосек имаме вистински и искрени пријатели од меѓунариодниот демократски свет и ете ова значио да се биде кредибилен партнер на меѓународната заедница, рече Ковачевски упатувајќи благодарност до САД за огромната пооддршка на земјава во сите важни процеси, но и на конкретно ниво преку проекти од суштинско значење за квалитетот на животот на нашите граѓани.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити потенцира дека се посветени на подобрување на здравствениот систем во државата преку инвестирање во овој систем, за што во тек се инвестиции за обнова на здравствени проекти, кадар и за унапредување на условите за вработените.

Амбасадорката на САД во земјата Агелер потенцира дека овој проект донација од 400.000 долари на Европската команда на војската на САД е само уште еден пример на долгорочната посветеност да и помогнеме на Македонија да изгради доверба и квалитет во нејзините институции.

Во последните 10 години преку Европската команда на војската на САД обезбедивме преку 13,5 милиони долари за да го подобриме кватитетот на животот на граѓаните на оваа земја,. Преку проекти како овие САД и Северна М заедно ќе продолжат да градат поздарви, посилни и многупопресперитени земји, порача амбасадорката Агелер.

Директорката на Клиниката, проф. д-р Калина Гривчева-Старделова изрази задоволство од завршувањето на реновирањето на дел од Клиниката, кое е прво темелно реновирање по период од над 60 години, со што пациентите и вработените во оваа клиника добиваат модерен простор кој целосно ги задоволува највисоките стандарди за медицински третман и нега. Таа нагласи дека паралелно со реновирањето се одвивала и работата на Клиниката при што со посветеноста на секој еден вработен биле реализирани меѓу другото 18.118 амбулантски прегледи и над 2300 хоспитализации на пациенти.

Пред неполни четири години го реновиравме третиот крак на Клиниката, а во амбулантниот дел го отворивме Центарот за болести на црниот дроб, што значи дека денес означуваме комплетно завршување на еден процес и може да се каже дека имаме најсовремени услови за работа што одговараат на терциерна здравствена установа која е единствена од ваков вид во земјава. Но, имаме многу планови за во иднина и нема да останеме на ова, порача Гривчева - Старделова.

Клиниката со помош на американската донација е реновирана од корен со поставување на водоводна и нова електрична инсталација и систем за вентилација и центарлен кислород, а обновени се и работните просртории на медицинскиот персонал.

The post По повеќе од 60 години реновирана дел од Клиниката за гастроентерохепатологија со донација од САД appeared first on Република.

]]>

Заврши реновирањето на дел од Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија, со што ќе се овозможи најтешко болните од цела држава кои имаат потреба од третман на оваа Клиника да престојуваат во достоинствени услови и да добиваат современи медицински услуги во новоопремените кабинети за дијагностички и интервентни процедури. Премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска, заедно со амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер, придружуван од министерот за здравство, Фатмир Меџити го посети реновираниот дел на Клиниката за гастроентерохепатологија, истакна дека ова е прво вакво реновирање од како е формирана оваа Клиника по 1950 година. Средствата во висина од над 400.000 долари се обезедени од Владата на САД, односно од американската Команда за Европа преку Програмата за хуманитарна помош од САД, преку која во тек е проширување и на капацитетите на Клиниката за хематологија, а се проширени капацитетите и се реновирани операционите сали на Клиниката за максилофацијална хирургија.
Вкупно околу 14 милиони долари во изминатите 13 години е поддршката преку оваа американска програма за хуманитарна помош во здравството, образованието и во менаџирањето со кризи и ова е вистинско пријателство на дело. Тоа е потврда дека САД се наш најголем пријател од првиот ден на независноста до денес и во иднина. Република Македонија е на вистинскиот колосек имаме вистински и искрени пријатели од меѓунариодниот демократски свет и ете ова значио да се биде кредибилен партнер на меѓународната заедница, рече Ковачевски упатувајќи благодарност до САД за огромната пооддршка на земјава во сите важни процеси, но и на конкретно ниво преку проекти од суштинско значење за квалитетот на животот на нашите граѓани.
Министерот за здравство, Фатмир Меџити потенцира дека се посветени на подобрување на здравствениот систем во државата преку инвестирање во овој систем, за што во тек се инвестиции за обнова на здравствени проекти, кадар и за унапредување на условите за вработените. Амбасадорката на САД во земјата Агелер потенцира дека овој проект донација од 400.000 долари на Европската команда на војската на САД е само уште еден пример на долгорочната посветеност да и помогнеме на Македонија да изгради доверба и квалитет во нејзините институции.
Во последните 10 години преку Европската команда на војската на САД обезбедивме преку 13,5 милиони долари за да го подобриме кватитетот на животот на граѓаните на оваа земја,. Преку проекти како овие САД и Северна М заедно ќе продолжат да градат поздарви, посилни и многупопресперитени земји, порача амбасадорката Агелер.
Директорката на Клиниката, проф. д-р Калина Гривчева-Старделова изрази задоволство од завршувањето на реновирањето на дел од Клиниката, кое е прво темелно реновирање по период од над 60 години, со што пациентите и вработените во оваа клиника добиваат модерен простор кој целосно ги задоволува највисоките стандарди за медицински третман и нега. Таа нагласи дека паралелно со реновирањето се одвивала и работата на Клиниката при што со посветеноста на секој еден вработен биле реализирани меѓу другото 18.118 амбулантски прегледи и над 2300 хоспитализации на пациенти.
Пред неполни четири години го реновиравме третиот крак на Клиниката, а во амбулантниот дел го отворивме Центарот за болести на црниот дроб, што значи дека денес означуваме комплетно завршување на еден процес и може да се каже дека имаме најсовремени услови за работа што одговараат на терциерна здравствена установа која е единствена од ваков вид во земјава. Но, имаме многу планови за во иднина и нема да останеме на ова, порача Гривчева - Старделова.
Клиниката со помош на американската донација е реновирана од корен со поставување на водоводна и нова електрична инсталација и систем за вентилација и центарлен кислород, а обновени се и работните просртории на медицинскиот персонал.  

The post По повеќе од 60 години реновирана дел од Клиниката за гастроентерохепатологија со донација од САД appeared first on Република.

]]>
Реновирана половина клиника за гастро, пациентите ќе можат да бидат сместени од среда https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/renovirana-polovina-klinika-za-gastro-patsientite-ke-mozhat-da-bidat-smesteni-od-sreda/ Fri, 24 Mar 2023 11:17:24 +0000 https://republika.mk/?p=623171

Од среда, 29 март пациените на Клиниката за гастроентерохепатологија ќе бидат сместени во реновираниот дел, најави денеска директорката на Клиниката д-р Калина Гривчева - Старделова, која кажа дека по повеќе од 60 години, темелно е реновиран првиот кат на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Имаме законска обврска да го дезинфицираме одделот. Од понеделник ќе имаме дезинфекција, во вторник правиме брисеви, зимање примероци од водзух и со господ напред нашите пациенти од среда ќе може да бидат сместени и на овој оддел, рече д-р Гривчева - Старделова.

Реновирањето е финансирано од Командата на САД за Европа, во вредност од повеќе од 400 илјади долари, како и со поддршка на американската амбасада.

Реновирањето на д како и поддршката на Американската амбасада.елот од Клиниката за гастроентерохепатологија опфаќа половина од просторот со кој располагаме, а каде се сместени одделите за интензивна нега, за постинтензивна, кабинетите за дијагностички и интевентни процедури. Нашите пациенти и вработени добиваат модерен простор кој целосно ги задоволува медицинските стандарди за третман и нега. Клиниката е реновирана од корен, со поставување на водоводна, електрична инсталација, подови, плочки, имаме конечно систем за централна венитлација, централен килсород поставен на секој кревет, рече диекторката на Клиниката.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dodeka-traeshe-renoviraneto-na-klinikata-za-gastro-patsientite-chekaa-i-po-pet-mesetsi-za-interventsii-reagiraat-od-komisijata-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne/

The post Реновирана половина клиника за гастро, пациентите ќе можат да бидат сместени од среда appeared first on Република.

Додека траеше реновирањето на Клиниката за гастро, пациентите чекаа и по пет месеци за интервенции, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dodeka-traeshe-renoviraneto-na-klinikata-za-gastro-patsientite-chekaa-i-po-pet-mesetsi-za-interventsii-reagiraat-od-komisijata-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne/ Fri, 24 Mar 2023 08:41:18 +0000 https://republika.mk/?p=623104

Додека траеше реновирањето на Клиниката за гастроентерохепатологија, пациентите чекаа и по пет месеци за интервенции, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

На Клиниката за гастроентерохепатологија чекањето за одредени дијагностички интервенции за време на реконструктивниот зафат се чекаше и подолго од 5 месеци. Ова во одредени случаи може да значи задоцнета дијагностика, особено кај малигните заболувања, односно ненавремено нивно откривање а подоцна и соодветен и навремен третман, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

[caption id="attachment_623105" align="alignnone" width="720"] фото: Фејсбук профил на комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ[/caption]

Премиерот Димитар Ковачевски денеска, заедно со амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер, ќе го посети реновираниот дел на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија. Ковачевски ќе биде придружуван од министерот за здравство, Фатмир Меџити. Премиерот, министерот и амбасадорката ќе бидат пречекани од директорката на Клиниката, проф. д-р Калина Гривчева-Старделова.

Од Комсијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ велат дека за да дојде пациентот до колоноскопија со анаестезиолог листите на чекање на оваа Клиника се и до осум месеци.

За гастроскопија се чека до два месеци. Овие информации со Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ ги споделуваат пациенти кои се соочиле со недостиг на термини на Клиниката. За време на реконструктивниот зафат, пациентите кои имаа потреба од третман на оваа Клиника беа пренасочувани и упатувани во другите установи. Со ваквата лоша организација, пациентите всушност беа директно упатувани од свој џеб да плаќаат за овие здравствени услуги во приватното здравство, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Со реновирањето на Клиниката за гастроентерохепатологија пациентите продолжуваат здравствените услуги наместо во нов, да ги добиваат во стар објект, а не се реновирани ниту заедничките чекална на првиот ниту на третиот кат, каде што пациентите чекаат во ладни ходници и нехумани услови. Тие ходници и чекални ги делат пациентите на УК Гастроентерохепатологија, УК за нефрологија, УК за пулмологија и УК за Ревматологија.

[caption id="attachment_623107" align="alignnone" width="720"] фото: Фејсбук профил на Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ[/caption]

The post Додека траеше реновирањето на Клиниката за гастро, пациентите чекаа и по пет месеци за интервенции, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Додека траеше реновирањето на Клиниката за гастроентерохепатологија, пациентите чекаа и по пет месеци за интервенции, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
На Клиниката за гастроентерохепатологија чекањето за одредени дијагностички интервенции за време на реконструктивниот зафат се чекаше и подолго од 5 месеци. Ова во одредени случаи може да значи задоцнета дијагностика, особено кај малигните заболувања, односно ненавремено нивно откривање а подоцна и соодветен и навремен третман, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
[caption id="attachment_623105" align="alignnone" width="720"] фото: Фејсбук профил на комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ[/caption] Премиерот Димитар Ковачевски денеска, заедно со амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер, ќе го посети реновираниот дел на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија. Ковачевски ќе биде придружуван од министерот за здравство, Фатмир Меџити. Премиерот, министерот и амбасадорката ќе бидат пречекани од директорката на Клиниката, проф. д-р Калина Гривчева-Старделова. Од Комсијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ велат дека за да дојде пациентот до колоноскопија со анаестезиолог листите на чекање на оваа Клиника се и до осум месеци.
За гастроскопија се чека до два месеци. Овие информации со Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ ги споделуваат пациенти кои се соочиле со недостиг на термини на Клиниката. За време на реконструктивниот зафат, пациентите кои имаа потреба од третман на оваа Клиника беа пренасочувани и упатувани во другите установи. Со ваквата лоша организација, пациентите всушност беа директно упатувани од свој џеб да плаќаат за овие здравствени услуги во приватното здравство, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Со реновирањето на Клиниката за гастроентерохепатологија пациентите продолжуваат здравствените услуги наместо во нов, да ги добиваат во стар објект, а не се реновирани ниту заедничките чекална на првиот ниту на третиот кат, каде што пациентите чекаат во ладни ходници и нехумани услови. Тие ходници и чекални ги делат пациентите на УК Гастроентерохепатологија, УК за нефрологија, УК за пулмологија и УК за Ревматологија. [caption id="attachment_623107" align="alignnone" width="720"] фото: Фејсбук профил на Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ[/caption]

The post Додека траеше реновирањето на Клиниката за гастро, пациентите чекаа и по пет месеци за интервенции, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>