клиника за дигестивна хирургија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klinika-za-digestivna-hirurgija/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Aug 2024 12:57:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png клиника за дигестивна хирургија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klinika-za-digestivna-hirurgija/ 32 32 Нова опрема вредна милион евра на Клиниката за дигестивна хирургија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nova-oprema-vredna-milion-evra-na-klinikata-za-digestivna-hirurgija/ Fri, 16 Aug 2024 12:57:10 +0000 https://republika.mk/?p=807257

На Универзитетската клиника за дигестивна хирургија во Скопје, попладнево беше промовирана нова опрема во вредност од милион евра, средства обезбедени од Министерството за здравство.

Обезбедени се повеќе современи апарати: лапараскопски хируршки столб, електрохируршка единица со аргон плазма, апарат за трансфузија за континуирано собирање и обработка на изгубена крв при операција со вакум пумпа, пациент монитори, плазма стерилизатори, хируршки аспиратори и други работи, наменети за хируршките сали и полуинтензивна нега.

Министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека ќе продолжат со унапредување на условите за третман на пациентите.

– Како што денеска ме информираше директорот, со новата медицинска опрема, во операционата сала на Дигестивна хирургија, првпат во државата се изведува лапароскопска интервенција со употреба на флуоресцентен контраст, со што значително се подобрува визуелизацијата и се минимизираат евентуалните компликации при хируршки интервенции, рече Таравари.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во периодот што следи ќе има уште многу „вакви убави работи за македонското здравство“.

– Мандатот го започнавме со една посета на Клиничката болница во Штип, каде кажавме дека продолжува проектот за завршување на Клиничката болница во Штип и болницата во Кичево, едни два споменика, условно кажано, од едно време во минатото, што оваа влада има амбиција да ги заврши и доколку тоа биде успешно, тогаш очекуваме таква една реплика да се направи на еден голем клинички центар, што долго се ветува, но, никако да се случи, изјави Мицкоски.

The post Нова опрема вредна милион евра на Клиниката за дигестивна хирургија appeared first on Република.

]]>

На Универзитетската клиника за дигестивна хирургија во Скопје, попладнево беше промовирана нова опрема во вредност од милион евра, средства обезбедени од Министерството за здравство. Обезбедени се повеќе современи апарати: лапараскопски хируршки столб, електрохируршка единица со аргон плазма, апарат за трансфузија за континуирано собирање и обработка на изгубена крв при операција со вакум пумпа, пациент монитори, плазма стерилизатори, хируршки аспиратори и други работи, наменети за хируршките сали и полуинтензивна нега. Министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека ќе продолжат со унапредување на условите за третман на пациентите. – Како што денеска ме информираше директорот, со новата медицинска опрема, во операционата сала на Дигестивна хирургија, првпат во државата се изведува лапароскопска интервенција со употреба на флуоресцентен контраст, со што значително се подобрува визуелизацијата и се минимизираат евентуалните компликации при хируршки интервенции, рече Таравари. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во периодот што следи ќе има уште многу „вакви убави работи за македонското здравство“. – Мандатот го започнавме со една посета на Клиничката болница во Штип, каде кажавме дека продолжува проектот за завршување на Клиничката болница во Штип и болницата во Кичево, едни два споменика, условно кажано, од едно време во минатото, што оваа влада има амбиција да ги заврши и доколку тоа биде успешно, тогаш очекуваме таква една реплика да се направи на еден голем клинички центар, што долго се ветува, но, никако да се случи, изјави Мицкоски.  

The post Нова опрема вредна милион евра на Клиниката за дигестивна хирургија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Како Влада остануваме фокусирани на подобрување на здравствениот систем и здравствената заштита и услуги на пациентите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-kako-vlada-ostanuvame-fokusirani-na-podobruvane-na-zdravstveniot-sistem-i-zdravstvenata-zashtita-i-uslugi-na-patsientite-2/ Fri, 16 Aug 2024 11:27:32 +0000 https://republika.mk/?p=807192

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на ЈЗУ Универзитетската Клиниката за дигестивна хирургија, каде заедно со министерот за здравство Арбен Таравари присуствуваа на отворање на реновираното одделение за дигестивна хирургија кое започна со реконструкција пред 30 дена во вредност од околу 700.000 евра.

Мицкоски најави дека во периодот којшто следи ќе има уште многу вакви убави работи за македонското здравство.

Мандатот го започнавме со една посета на клиничката болница во Штип каде што кажавме дека продолжува проектот за завршување на клиничката болница во Штип и болницата во Кичево, едни два споменика условно кажано од едно време во минатото кој што оваа Влада има амбиција да го заврши и доколку тоа ќе биде успешно тогаш очекуваме таква една реплика да се направи на еден голем клинички центар коишто долго се ветува, но никако да се случи.

Така што како Влада остануваме фокусирани на ваков тип на проекти, полека но сигурно почнуваме да го планираме Буџетот за следната година, здравството и услугите коишто ги нуди јавното здравство, државно здравство се наш приоритет и така ќе продолжиме и во иднина да се однесуваме.

Времето на кланови, времето на семејни бизниси во здравството кои што го црпеа пациентот и македонското здравство завршува, набргу денеска ќе има одговорност за сето она што е направено во минатото и не им е тоа доволно ги гледаме како истите тие со баслосовни каматни стапки ги оптоваруваат клиниките и болниците и мислат дека на тој начин ќе профитираат на грбот на пациентите, тоа нема да се случи, јас ви ветувам, нагласи премиерот.

The post Мицкоски: Како Влада остануваме фокусирани на подобрување на здравствениот систем и здравствената заштита и услуги на пациентите appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на ЈЗУ Универзитетската Клиниката за дигестивна хирургија, каде заедно со министерот за здравство Арбен Таравари присуствуваа на отворање на реновираното одделение за дигестивна хирургија кое започна со реконструкција пред 30 дена во вредност од околу 700.000 евра. Мицкоски најави дека во периодот којшто следи ќе има уште многу вакви убави работи за македонското здравство.
Мандатот го започнавме со една посета на клиничката болница во Штип каде што кажавме дека продолжува проектот за завршување на клиничката болница во Штип и болницата во Кичево, едни два споменика условно кажано од едно време во минатото кој што оваа Влада има амбиција да го заврши и доколку тоа ќе биде успешно тогаш очекуваме таква една реплика да се направи на еден голем клинички центар коишто долго се ветува, но никако да се случи.
Така што како Влада остануваме фокусирани на ваков тип на проекти, полека но сигурно почнуваме да го планираме Буџетот за следната година, здравството и услугите коишто ги нуди јавното здравство, државно здравство се наш приоритет и така ќе продолжиме и во иднина да се однесуваме.
Времето на кланови, времето на семејни бизниси во здравството кои што го црпеа пациентот и македонското здравство завршува, набргу денеска ќе има одговорност за сето она што е направено во минатото и не им е тоа доволно ги гледаме како истите тие со баслосовни каматни стапки ги оптоваруваат клиниките и болниците и мислат дека на тој начин ќе профитираат на грбот на пациентите, тоа нема да се случи, јас ви ветувам, нагласи премиерот.
 
The post Мицкоски: Како Влада остануваме фокусирани на подобрување на здравствениот систем и здравствената заштита и услуги на пациентите appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Мицкоски и Таравари во посета на Универзитетската Клиниката за дигестивна хирургија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-mitskoski-i-taravari-vo-poseta-na-univerzitetskata-klinikata-za-digestivna-hirurgija/ Fri, 16 Aug 2024 10:01:03 +0000 https://republika.mk/?p=807150

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за здравство Арбен Таравари денеска (12:00) ќе ја посетат ЈЗУ Универзитетската Клиниката за дигестивна хирургија Скопје, соопшти владината прес-служба.

Воедно, ќе биде отворено комплетно реновираното одделение за дигестивна хирургија кое започна со реконструкција пред 30 дена во вредност од околу 700.000 евра, донација од Јапонската амбасада и подразбира набавка на нови кревети, плакари, врати и осветлување.

Исто така, преку Министерството за здравство годинава е набавена апаратура во вредност од 1.000.000 евра за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст.

Од владината прес-служба посочуваат дека е предидено Мицкоски и Таравари на настанот да дадат изјави за медиумите.

https://www.youtube.com/live/qyRQ8nIBi2o?si=ZxNEWmP-ngso2eOZ

The post ВО ЖИВО: Мицкоски и Таравари во посета на Универзитетската Клиниката за дигестивна хирургија appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за здравство Арбен Таравари денеска (12:00) ќе ја посетат ЈЗУ Универзитетската Клиниката за дигестивна хирургија Скопје, соопшти владината прес-служба. Воедно, ќе биде отворено комплетно реновираното одделение за дигестивна хирургија кое започна со реконструкција пред 30 дена во вредност од околу 700.000 евра, донација од Јапонската амбасада и подразбира набавка на нови кревети, плакари, врати и осветлување. Исто така, преку Министерството за здравство годинава е набавена апаратура во вредност од 1.000.000 евра за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст. Од владината прес-служба посочуваат дека е предидено Мицкоски и Таравари на настанот да дадат изјави за медиумите. https://www.youtube.com/live/qyRQ8nIBi2o?si=ZxNEWmP-ngso2eOZ

The post ВО ЖИВО: Мицкоски и Таравари во посета на Универзитетската Клиниката за дигестивна хирургија appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Владата Мицкоски во посета на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-vladata-mitskoski-vo-poseta-na-klinikata-za-digestivna-hirurgija-vo-skopje/ Fri, 16 Aug 2024 07:34:59 +0000 https://republika.mk/?p=807058

Денеска 16.08.2024 година (петок) во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со министерот за здравство, Арбен Таравари ќе ја посетат ЈЗУ Универзитетската Клиниката за дигестивна хирургија Скопје, соопшти владината прес служба.

Воедно, ќе се отвори комплетно реновираното одделение за дигестивна хирургија кое започна со реконструкција пред 30 дена во вредност од околу 700.000 евра, донација од Јапонската амбасада и подразбира набавка на нови кревети, плакари, врати и осветлување.

Исто така преку Министерството за здравство годинава е набавена апаратура во вредност од 1.000.000 евра за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст, стои во соопштението.

The post Претседателот на Владата Мицкоски во посета на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје appeared first on Република.

]]>

Денеска 16.08.2024 година (петок) во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со министерот за здравство, Арбен Таравари ќе ја посетат ЈЗУ Универзитетската Клиниката за дигестивна хирургија Скопје, соопшти владината прес служба.
Воедно, ќе се отвори комплетно реновираното одделение за дигестивна хирургија кое започна со реконструкција пред 30 дена во вредност од околу 700.000 евра, донација од Јапонската амбасада и подразбира набавка на нови кревети, плакари, врати и осветлување. Исто така преку Министерството за здравство годинава е набавена апаратура во вредност од 1.000.000 евра за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст, стои во соопштението.

The post Претседателот на Владата Мицкоски во посета на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје appeared first on Република.

]]>
Заменичката во здравство на средба со директорите на сите хируршки клиники за проблемот со снабдување со гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zamenichkata-vo-zdravstvo-na-sredba-so-direktorite-na-site-hirurshki-kliniki-za-problemot-so-snabduvane-so-gas/ Tue, 04 Jun 2024 14:51:32 +0000 https://republika.mk/?p=784735

Заменичката на министерот за здравство, Маја Манолева денеска во изјава за медиуми рече дека утринава се сретнала со директорите на сите хируршки клиники, за да се види како е почнато преодното решение за надминување на проблемот со снабдување со компримиран гас од централната компресорска станица.

- Во петокот беше договорено хируршките клиники да почнат со работа и на итни, но и на елективни пациенти коишто чекаат интервенции со користење на компресори и со садови со компримиран воздух, требаше во текот на вчерашниот ден да бидат доставени од страна на „Заеднички служби“. Но, не беа доставени. Проблемот е надминат и во тек на денешниот ден истите тие садови со компромиран воздух со соодветни регулатори ќе бидат доставени до секоја од клиниките. Разговаравме и околу организацијата на работата на хируршките клиники. Имено со наредбата што вчера ја добија хируршките клиники, беа задолжени да организираат работа во две смени, сѐ со цел за да се продолжи периодот на интервенции во една сала, затоа што имаме ограничен број на надворешни компресори коишто може да ги користат операционите сали, појасни Манолева.

Како што рече таа, било договорено, на пример, да работи една наместо две операциони сали, но, во две смени со што практично би го добивале речиси доволниот капацитет на хируршките сали.

- Дополнително на ова со директорите на хируршките клиники, а во консултација претходна и со раководството на ФЗО и БЈН, беше договорено дека директорите треба да отпочнат постапка за итна набавка на надворешни компресори со што реално би го надминале овој проблем сѐ до конечно решавање на проблемот за снабдување со централен компримиран воздух. Исто така, на овој состанок утринава побарав од директорите да започнувајќи од утре, веќе почнат да доставуваат извештаи за сработени итни, елективни интервенции, коишто се направени на секоја од клиниките посебно, а истовремено и тоа на дневно ниво, а истовремено на неделно ниво да се доставува извештај за да побаран, но и обезбеден персонал којшто го побарале ГОБ и „8 Септември“ до хируршките клиники и можноста за испраќање соодветен потребен персонал, рече Манолева.

Таа додаде дека само две од хируршките клиники не се докомплетирани и очекуваат во текот на денешниот ден и утре да бидат и тие комплетирани со соодветни надворешни компресори и боци со комрпомиран воздух со што практично, според неа, ќе може да се задоволат најголем дел од потребите на хируршките клиники многу бргу.

Манолева, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека нема доволен број компресори затоа што компресорите се набавувани како резервна варијанта од секоја од клиниките. Не било предвидено дека може да настане ваков дефект и според неа, треба да бидеме реални со овој проблем којшто го имаме.

- Но, сметам дека со набавка што нема да биде голема, секоја од клиниките да набави по еден, два или три компресори, мислам дека ќе се задоволат комплетните потреби на секоја од хируршките клиники. Сугерирав до директорите да набават и резервни компресори, за да може во случај, да нешто од тоа откаже, да може да се замени со резервна варијанта, истакна Манолева.

Таа беше прашана што е со вчерашните експерти кои вршеа увид околу проблемот со хируршките сали на Клинички центар.

- Немам никаква најава во однос на техничките причини за сѐ ова што се случува на хируршките клиники. Но, знаејќи дека тоа е постара инсталација, сметам дека и кажав уште и во саботата, дека ЈУ Заеднички служби за потребите на здравството треба да се задолжи да во најбрзо време направи замена на компресорската станица со нова компресорска станица на друга локација, но исто така и замена на целокупната инсталација за довод за кислород и компримиран воздух со што би добиле најсоодветно и најадекватно решение. Но, исто така би побарала и да се достави план за динамика на спроведувањето на сите овие активности. Можам да кажам дека директорот на ЈУ Здравствени служби, ме информираше дека имаат предвидено набавка на два компресора за компресорската станица, но веќе се поставува прашањето дали треба да се набават тие два компресора или треба да се набави нова компресорска станица што ќе го реши реално проблемот, одговори Манолева.

Таа кажа дека предметот е во Јавното обвинителство и би оставила на надлежните институции да проверат и да кажат каде е одговорноста.

- Она што е одговорност треба да го кажат други, но, она што е моја задача, лично, сметам дека ја извршувам одговорно и се трудам овој проблем да го надминеме колку што е можно побргу и колку што е можно со помали последици пред сѐ, за нашите пациенти, нагласи Манолева

The post Заменичката во здравство на средба со директорите на сите хируршки клиники за проблемот со снабдување со гас appeared first on Република.

]]>

Заменичката на министерот за здравство, Маја Манолева денеска во изјава за медиуми рече дека утринава се сретнала со директорите на сите хируршки клиники, за да се види како е почнато преодното решение за надминување на проблемот со снабдување со компримиран гас од централната компресорска станица.
- Во петокот беше договорено хируршките клиники да почнат со работа и на итни, но и на елективни пациенти коишто чекаат интервенции со користење на компресори и со садови со компримиран воздух, требаше во текот на вчерашниот ден да бидат доставени од страна на „Заеднички служби“. Но, не беа доставени. Проблемот е надминат и во тек на денешниот ден истите тие садови со компромиран воздух со соодветни регулатори ќе бидат доставени до секоја од клиниките. Разговаравме и околу организацијата на работата на хируршките клиники. Имено со наредбата што вчера ја добија хируршките клиники, беа задолжени да организираат работа во две смени, сѐ со цел за да се продолжи периодот на интервенции во една сала, затоа што имаме ограничен број на надворешни компресори коишто може да ги користат операционите сали, појасни Манолева.
Како што рече таа, било договорено, на пример, да работи една наместо две операциони сали, но, во две смени со што практично би го добивале речиси доволниот капацитет на хируршките сали. - Дополнително на ова со директорите на хируршките клиники, а во консултација претходна и со раководството на ФЗО и БЈН, беше договорено дека директорите треба да отпочнат постапка за итна набавка на надворешни компресори со што реално би го надминале овој проблем сѐ до конечно решавање на проблемот за снабдување со централен компримиран воздух. Исто така, на овој состанок утринава побарав од директорите да започнувајќи од утре, веќе почнат да доставуваат извештаи за сработени итни, елективни интервенции, коишто се направени на секоја од клиниките посебно, а истовремено и тоа на дневно ниво, а истовремено на неделно ниво да се доставува извештај за да побаран, но и обезбеден персонал којшто го побарале ГОБ и „8 Септември“ до хируршките клиники и можноста за испраќање соодветен потребен персонал, рече Манолева. Таа додаде дека само две од хируршките клиники не се докомплетирани и очекуваат во текот на денешниот ден и утре да бидат и тие комплетирани со соодветни надворешни компресори и боци со комрпомиран воздух со што практично, според неа, ќе може да се задоволат најголем дел од потребите на хируршките клиники многу бргу. Манолева, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека нема доволен број компресори затоа што компресорите се набавувани како резервна варијанта од секоја од клиниките. Не било предвидено дека може да настане ваков дефект и според неа, треба да бидеме реални со овој проблем којшто го имаме. - Но, сметам дека со набавка што нема да биде голема, секоја од клиниките да набави по еден, два или три компресори, мислам дека ќе се задоволат комплетните потреби на секоја од хируршките клиники. Сугерирав до директорите да набават и резервни компресори, за да може во случај, да нешто од тоа откаже, да може да се замени со резервна варијанта, истакна Манолева. Таа беше прашана што е со вчерашните експерти кои вршеа увид околу проблемот со хируршките сали на Клинички центар.
- Немам никаква најава во однос на техничките причини за сѐ ова што се случува на хируршките клиники. Но, знаејќи дека тоа е постара инсталација, сметам дека и кажав уште и во саботата, дека ЈУ Заеднички служби за потребите на здравството треба да се задолжи да во најбрзо време направи замена на компресорската станица со нова компресорска станица на друга локација, но исто така и замена на целокупната инсталација за довод за кислород и компримиран воздух со што би добиле најсоодветно и најадекватно решение. Но, исто така би побарала и да се достави план за динамика на спроведувањето на сите овие активности. Можам да кажам дека директорот на ЈУ Здравствени служби, ме информираше дека имаат предвидено набавка на два компресора за компресорската станица, но веќе се поставува прашањето дали треба да се набават тие два компресора или треба да се набави нова компресорска станица што ќе го реши реално проблемот, одговори Манолева.
Таа кажа дека предметот е во Јавното обвинителство и би оставила на надлежните институции да проверат и да кажат каде е одговорноста. - Она што е одговорност треба да го кажат други, но, она што е моја задача, лично, сметам дека ја извршувам одговорно и се трудам овој проблем да го надминеме колку што е можно побргу и колку што е можно со помали последици пред сѐ, за нашите пациенти, нагласи Манолева

The post Заменичката во здравство на средба со директорите на сите хируршки клиники за проблемот со снабдување со гас appeared first on Република.

]]>
Првпат во македонското здравство извршена трансплантација на црн дроб од починат донор на Клиниката за дигестивна хирургија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/prvpat-vo-makedonskoto-zdravstvo-izvrshena-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor-na-klinikata-za-digestivna-hirurgija/ Fri, 25 Nov 2022 14:43:55 +0000 https://republika.mk/?p=578309

Првпат во историјата на македонското здравство е извршена трансплантација на црн дроб од починат донор, на Клиниката за дигестивна хирурија, соопшти Министерството за здравство.

Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство вчера се согласи да ги донира органите.

Покрај црн дроб, се вршат и трансплантации на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна болест.

Би сакал од мое лично име и од името на целиот персонал вклучен во трансплантациите да се заблагодарам на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден, туку три животи. Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари. Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои изминтите 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите. Особена благодарност до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство, истакна министерот за здравство, д-р Беким Сали.

The post Првпат во македонското здравство извршена трансплантација на црн дроб од починат донор на Клиниката за дигестивна хирургија appeared first on Република.

]]>

Првпат во историјата на македонското здравство е извршена трансплантација на црн дроб од починат донор, на Клиниката за дигестивна хирурија, соопшти Министерството за здравство. Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство вчера се согласи да ги донира органите. Покрај црн дроб, се вршат и трансплантации на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна болест.