Клиника за детски болести Козле Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klinika-za-detski-bolesti-kozle/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jan 2024 11:52:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Клиника за детски болести Козле Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klinika-za-detski-bolesti-kozle/ 32 32 Еден случај на голема кашлица во „Козле“, едно дете хоспитализирано со Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eden-sluchaj-na-golema-kashlitsa-vo-kozle-edno-dete-hospitalizirano-so-kovid-19/ Tue, 09 Jan 2024 11:52:39 +0000 https://republika.mk/?p=731118

Голема кашлица, пертусис, е потврдена кај шестмесечно бебе од Скопје на Детската клиника „Козле“, потрвди за МИА Мирјана Поповска, специјалист педијатар во „Козле“.

Во исто време, едно дете со Ковид-19 моментално е хоспитализирано на Детската клиника „Козле“. Според податоците на Институтот за јавно здравје, од 1 до 7 јануари, евидентирани се 72 нови случаи на Ковид-19 во државава.

Поповска информира дека во „Козле“ дневно има до 200 деца во амбулантско-поликлиничкиот дел, што поминуваат низ консултативните амбуланти. Во моментов, има околу шеесетина хоспитализирани деца на клиниката.

Најчесто станува збор за инфекции на долните дишни патишта. Најранлива, најзасегната категорија се доенчињата до една година, додаде Поповска.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети за МИА рече дека три случаи на пертусис - голема кашлица, се евидентирани во 2023 година, сите од Скопје, од кои еден во декември.

Од 1 до 7 јануари, евидентирани се 72 нови случаи на Ковид-19 во нашата држава. Починало едно лице со Ковид-19. Од новозаболените, најмногу се од Скопје - 36, потоа Охрид со 13, Битола со седум, појасни Мемети за МИА.

Српски медиуми пренесуваат оти во Србија има тридемија, односно судир на грип, коронавирус и респираторен синцијален вирус (РСВ). Кашлање, болка во грлото, температура, омалаксаност, болки во мускулите, се најчестите симптоми на грипот, Ковид-19 и респираторните инфекции од кои страдаат поголем број Срби.

Ковид-19 и неговите варијанти сѐ уште се околу нас и се повеќе циркулираат во нашите заедници, при што во моментов е детектирано „коегзистирање на три типа вируси истовремено“, изјави еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес, нагласувајќи ја потребата од помасовна вакцинација против короната и сезонскиот грип.

Киријакидес истакна дека најновите здравствени податоци укажуваат дека во некои земји членки на ЕУ, се бележи значителен пораст на лица инфицирани со коронавирусот, додавајќи дека дополнителен предизвик претставува и циркулацијата на други респираторни заболувања.

Според неа, вакцинацијата останува клучна заштита од коронавирусот, особено за ризичните категории граѓани.

Тоа го истакнав и во писмото испратено до сите министри за здравство во септември за потребата од вакцинација против Ковид и сезонски грип. Ни треба соодветно тестирање, секвенционирање, известување и споделување на податоците за Ковидот. Тоа е единствениот начин на кој можеме да продолжиме ефикасно да го следиме ширењето на вирусите кои циркулираат и нивните варијанти и да се чуваме меѓусебно, истакна Киријакидес за „Еурактив“.

Во Хрватска во периодот од 12 до 18 декември се регистрирани 68 смртни случаи поврзани со компликации предизвикани од Ковид-19, додека здравствените власти во Грција предвидуваат дека доколку продолжи сегашниот тренд на раст на инфицирани со коронавирусот, би можело да се очекуваат по околу 80 смртни случаи неделно. Во Италија во последните две недели од 2023 година, регистрирани се рекорден број заболени од сезонски грип и Ковид, додека во Белгија кон средината на минатиот месец, беше утврдено високо ниво на циркулација на коронавирусот во отпадните води и негов нагорен тренд.

The post Еден случај на голема кашлица во „Козле“, едно дете хоспитализирано со Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Голема кашлица, пертусис, е потврдена кај шестмесечно бебе од Скопје на Детската клиника „Козле“, потрвди за МИА Мирјана Поповска, специјалист педијатар во „Козле“. Во исто време, едно дете со Ковид-19 моментално е хоспитализирано на Детската клиника „Козле“. Според податоците на Институтот за јавно здравје, од 1 до 7 јануари, евидентирани се 72 нови случаи на Ковид-19 во државава. Поповска информира дека во „Козле“ дневно има до 200 деца во амбулантско-поликлиничкиот дел, што поминуваат низ консултативните амбуланти. Во моментов, има околу шеесетина хоспитализирани деца на клиниката.
Најчесто станува збор за инфекции на долните дишни патишта. Најранлива, најзасегната категорија се доенчињата до една година, додаде Поповска.
Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети за МИА рече дека три случаи на пертусис - голема кашлица, се евидентирани во 2023 година, сите од Скопје, од кои еден во декември.
Од 1 до 7 јануари, евидентирани се 72 нови случаи на Ковид-19 во нашата држава. Починало едно лице со Ковид-19. Од новозаболените, најмногу се од Скопје - 36, потоа Охрид со 13, Битола со седум, појасни Мемети за МИА.
Српски медиуми пренесуваат оти во Србија има тридемија, односно судир на грип, коронавирус и респираторен синцијален вирус (РСВ). Кашлање, болка во грлото, температура, омалаксаност, болки во мускулите, се најчестите симптоми на грипот, Ковид-19 и респираторните инфекции од кои страдаат поголем број Срби. Ковид-19 и неговите варијанти сѐ уште се околу нас и се повеќе циркулираат во нашите заедници, при што во моментов е детектирано „коегзистирање на три типа вируси истовремено“, изјави еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес, нагласувајќи ја потребата од помасовна вакцинација против короната и сезонскиот грип. Киријакидес истакна дека најновите здравствени податоци укажуваат дека во некои земји членки на ЕУ, се бележи значителен пораст на лица инфицирани со коронавирусот, додавајќи дека дополнителен предизвик претставува и циркулацијата на други респираторни заболувања. Според неа, вакцинацијата останува клучна заштита од коронавирусот, особено за ризичните категории граѓани.
Тоа го истакнав и во писмото испратено до сите министри за здравство во септември за потребата од вакцинација против Ковид и сезонски грип. Ни треба соодветно тестирање, секвенционирање, известување и споделување на податоците за Ковидот. Тоа е единствениот начин на кој можеме да продолжиме ефикасно да го следиме ширењето на вирусите кои циркулираат и нивните варијанти и да се чуваме меѓусебно, истакна Киријакидес за „Еурактив“.
Во Хрватска во периодот од 12 до 18 декември се регистрирани 68 смртни случаи поврзани со компликации предизвикани од Ковид-19, додека здравствените власти во Грција предвидуваат дека доколку продолжи сегашниот тренд на раст на инфицирани со коронавирусот, би можело да се очекуваат по околу 80 смртни случаи неделно. Во Италија во последните две недели од 2023 година, регистрирани се рекорден број заболени од сезонски грип и Ковид, додека во Белгија кон средината на минатиот месец, беше утврдено високо ниво на циркулација на коронавирусот во отпадните води и негов нагорен тренд.  

The post Еден случај на голема кашлица во „Козле“, едно дете хоспитализирано со Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Донација од Општина Гази Баба за Детската клиника Козле https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/donatsija-od-opshtina-gazi-baba-za-detskata-klinika-kozle/ Fri, 07 Apr 2023 16:30:07 +0000 https://republika.mk/?p=628426

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски беше во посета на Јавната здравствена установа - Институт за белодробни заболувања кај децата - Козле каде што предаде донација составена од опрема за институтот.

Денес се одбележува Светскиот ден на здравјето. Во таа чест утрово бев во посета на Јавната здравствена установа - Институт за белодробни заболувања кај децата - Козле каде што општина Гази Баба донира опрема составена од PH метри за потребите на институтот. Среќен сум што токму денес кога го одбележуваме Светскиот ден на здравјето имавме можност да ја предадеме нашата донација и со тоа имавме можност да дадеме наш придонес во подобрувањето на условите за добивање на поквалитетна здравствена заштита за нашите дечиња. Денешната донација е резултат на реализираната манифестација Пивтијата која имаше хуманитарен карактер, објави Стефковски.

Општина Гази Баба и во следниот период ќе продолжи со реализација на хуманитарни активности.

The post Донација од Општина Гази Баба за Детската клиника Козле appeared first on Република.