Доктор Дејан Филиповиќ објаснува дека возрасната граница се намалува иако станува збор и за генетско заболување, како надворешна причина е една од причините е стресот. Најголем притисок луѓето кои имаат псоријаза е социјалниот момент. Најчесто се одразува со промени на кожата на лакотот, коленото, скалпот и на половината, може да се зафатени и ноктите од псоријаза.
Во клиниката се отвори посебен центар за псоријаза чија цел е да бидат сите пациенти со псоријаза и да се дава правилно и редовна терпија. За псоријазата нема лек, но со редовни третмани може да се подобри состојбата.
Два до три проценти од светската популација е зафатена со псоријаза. Најчесто псоријазата се јавува околу 28та година, 10-15% од заболeните се деца под 10 годишна возраст. Првични симптоми се зацрвенета зона која е издигната над кожата со плака со сребрена боја која може да се лушти, во одредени зони со болка, чешање, без треска.
The post На Клиниката за дерматовенерологија се отвори центар за псоријаза appeared first on Република.
]]>The post На Клиниката за дерматовенерологија се отвори центар за псоријаза appeared first on Република.
]]>