клинички Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klinichki/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jun 2024 15:26:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png клинички Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klinichki/ 32 32 Министерството за здравство бара Град Скопје и општина Центар да го решат проблемот со урнатиот ѕид зад Клиниката за детски болести https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ministerstvoto-za-zdravstvo-bara-grad-skopje-i-opshtina-tsentar-da-go-reshat-problemot-so-urnatiot-zid-zad-klinikata-za-detski-bolesti/ Tue, 11 Jun 2024 15:26:08 +0000 https://republika.mk/?p=786622

Во случајот со паднатиот потпорен ѕид позади Клиниката за детски болести, истиот е изграден на државно земјиште, а Министерството нема прибележано право за трајно користење на тоа земјиште, информираат од Министерството за здравство.

Реакцијата следува откако пред неколку дена, се урна дел од потпорниот ѕид на улицата „Белградска“, веднаш над Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Секој од објектите во Клиничкиот центар има право на користење на објектите, но нема доделено право на трајно користење на земјиштето околу клиниките. Во интерес на граѓаните, потребно е да се изнајде итно решение во заеднички напори со надлежните институции Градот Скопје и Општина Центар кои треба да бидат иницијатори за решавање на проблемот, поради тоа што се работи за улица, а надлежните инспекциски служби да дадат мислење за моменталната безбедност“, се наведува во соопштението.

Во видео-обраќање, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, изјави дека ЦУК добил неколку пријави дека ѕидот е накосен и во лоша состојба, почнувајќи дури од ноември 2022 година. Според Ангелов, по првите пријави ЦУК веднаш ги известиле надлежните институции, односно Министерството за здравство (МЗ), Град Скопје, Општина Центар, Министерството за внатрешни работи (МВР), за кои мерки може да се преземат за да се осигури безбедноста на граѓаните.

The post Министерството за здравство бара Град Скопје и општина Центар да го решат проблемот со урнатиот ѕид зад Клиниката за детски болести appeared first on Република.

]]>

Падна потпорниот ѕид кај Детската клиника во Клинички центар https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/padna-potporniot-zid-kaj-detskata-klinika-vo-klinichki-tsentar-2/ Mon, 10 Jun 2024 11:14:47 +0000 https://republika.mk/?p=786200

Се сруши потпорниот ѕид над Детската Клиника, на улицата која поминува над Клиничкиот центар, потврди Центарот за управување со кризи, ЦУК.

Неколку граѓани пријавија дека потпорниот ѕид над Клиниката за Детски болести е во лоша состојба. Од наша страна беа известени сите надлежни институции, за преземање на потребните мерки. После 1,5 година не е преземено ништо и утрово добивме пријава дека дел од овој ѕид е паднат, а прашање е кога ќе се сруши и останатиот дел од ѕидот. Затоа апелираме до сите да се зафатат со решавање на оваа опасност за граѓаните. Може да дојде и до рушење на дел од улициата, по што е можна поголема трагедија. Од ЦУК во повеќе наврати е интервенирано, односно се испратени дописи, но и во низа други јавни претпеијатија. Затоа апелираме за итна координација и итно надминување на оваа опасност - рече Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

The post Падна потпорниот ѕид кај Детската клиника во Клинички центар appeared first on Република.

Страотна сообраќајка кај Клинички https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/straotna-soobrakajka-kaj-klinichki/ Sun, 19 May 2024 06:19:22 +0000 https://republika.mk/?p=779680

Во текот на вечерните часови се случи тешка сообраќајна несреќа во која биле вклучени повеќе возила.

Порталот Курир јавува за смачкани автомобили активирани воздушни перничиња. Оштетени се и паркирани возила.

Медицински екипи, како и екипи на полицијата се на терен.

Видео на следниот ЛИНК.

The post Страотна сообраќајка кај Клинички appeared first on Република.

]]>

Во текот на вечерните часови се случи тешка сообраќајна несреќа во која биле вклучени повеќе возила. Порталот Курир јавува за смачкани автомобили активирани воздушни перничиња. Оштетени се и паркирани возила. Медицински екипи, како и екипи на полицијата се на терен. Видео на следниот ЛИНК.

The post Страотна сообраќајка кај Клинички appeared first on Република.

]]>
Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sindikati-baraat-noviot-minister-za-zdravstvo-da-gi-potpishe-aneksite-usvoeni-od-vlada/ Mon, 12 Feb 2024 13:29:44 +0000 https://republika.mk/?p=743243

Синдикатот на Клинички и Гранковиот синдикат денеска на прес-конференција побараа новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Владата.

Претседателите на овие синдикати, Предраг Серафимовски и Љубиша Каранфиловски појаснија дека целта е да се информираат вработените во јавното здравство за активностите по потпишување на последниот анекс од 10 октомври, а по најавеното покачување на минималната плата од страна на Владата од месец март на 22.700 денари.

Во договор, ние формиравме тим заедно со Министерство за здравство за изработка на анекси за корекција на коефициентите на сите профили во здравството, динамика на исплата на истите. По неколку состаноци постигнавме договор со министерот за здравство, рече Серафимовски.

Како што беше кажано на прес-конференцијата, анекси се уште не се потпишани и тоа не е прифатливо за синдикатите.

Иако лицата кои работат со договор не се дел од синдикатот, како што рече Серафимовски, синдикатот ги поддржува. Правната служба на синдикатот, како што додаде, им стои на располагање за правна помош.

Бараме покачување на платите на сите профили. Бараме прием кај техничкиот премиер за трансформација на договорците од определено на неопределено време, разрешница со хаосот во паркирањето во кампус „Мајка Тереза”, наброја меѓу другото, Серафимовски.

The post Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на Клинички и Гранковиот синдикат денеска на прес-конференција побараа новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Владата. Претседателите на овие синдикати, Предраг Серафимовски и Љубиша Каранфиловски појаснија дека целта е да се информираат вработените во јавното здравство за активностите по потпишување на последниот анекс од 10 октомври, а по најавеното покачување на минималната плата од страна на Владата од месец март на 22.700 денари.
Во договор, ние формиравме тим заедно со Министерство за здравство за изработка на анекси за корекција на коефициентите на сите профили во здравството, динамика на исплата на истите. По неколку состаноци постигнавме договор со министерот за здравство, рече Серафимовски.
Како што беше кажано на прес-конференцијата, анекси се уште не се потпишани и тоа не е прифатливо за синдикатите. Иако лицата кои работат со договор не се дел од синдикатот, како што рече Серафимовски, синдикатот ги поддржува. Правната служба на синдикатот, како што додаде, им стои на располагање за правна помош.
Бараме покачување на платите на сите профили. Бараме прием кај техничкиот премиер за трансформација на договорците од определено на неопределено време, разрешница со хаосот во паркирањето во кампус „Мајка Тереза”, наброја меѓу другото, Серафимовски.
 
The post Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада appeared first on Република.

]]>
За три години, наместо ветените 10, добивме пет отсто покачување на платите, владејчката партија кампањата ја водеше на наш грб, велат здравствените работници кои денеска протестираа https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/za-tri-godini-namesto-vetenite-10-dobivme-pet-otsto-pokachuvane-na-platite-vladejchkata-partija-kampanata-ja-vodeshe-na-nash-grb-velat-zdravstvenite-rabotnitsi-koi-deneska-protestiraa/ Wed, 22 Feb 2023 10:57:13 +0000 https://republika.mk/?p=611830

За три години, наместо ветените 10, добивме пет отсто покачување на платите, владејчката партија кампањата за изборите ја водеше на наш грб. Бараме покачување на платите и усогласување со промените на минималната плата, велат здравствените работници кои денеска  претпалдне протестираа на паузата протестираа пред Клиничкиот центар и ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

Освен во Скопје истовремено протести се одржаа и во други градови низ државата.

Во екот на пандемијата во 2020 година нашата болница и целото здравство бевме втурнати во пандемијата. Тогаш изборите беа на повидок и сите ја водеа кампањата на грбот на здравствените работници. Очекувавме покачување на платите за 10 отсто како што беше ветено од владејчката партија секоја година да се случува, а ние досега имаме добиено само пет проценти покачување на платите во здравство. Затоа очекуваме овој анекс да биде што поскоро потпишан за да не го предизвикаме револтот кај сите други здравствени работници, вели Орце Ефтимов, специјалист биохемичар во ГОБ „8 Септември“.

Од Синдикатот на Клиничкиот центар велат дека согласно со европското законодавство, овој упад со нацрт законот за плати, во колективните договори, може да значи укинување или намалување, на правата работниците пропишани на согласно овие колективни договори.

За година од првичното покачување на минималната плата и доближувањето на другите пониски профили кон профилот на медицински сестри, се направи збрка во коефициентите. Со најавата за ново зголемување на минималната плата во март, уште повеќе ќе ги доближи другите профили до профилот медицинска сестра, изјави Гордана Димеска од Синдикатот на Клинички центар.

Еден искусен технички персонал со подолг стаж ќе зема поголема плата од медицинска сестра, вели Димеска, која додаде дека дефицитот не е само во здравствените работници туку и во другите профили.

Таа информираше дека е голем одливот на медицински сестри и како што рече, пет до шест илјади ја напуштиле земјава последниве три до пет години.

Согласно податоците од Комората на лекари, како што беше нагласено на протестот пред Клиничкиот центар, 2.200 лекари во последните три години ја напуштиле државата.

Русе Пецаноски од овој синдикат истакна дека протестот е израз на незадоволство поради тоа што за три години, платите биле покачени само пет проценти. Негодување, како што рече, имало и поради пензионирања на околу 180 врвни стручни лица кои немале право да продолжат со работа.

Пораки за зголемување на платите беа упатени и на протестот пред ГОБ „8 Септември".

Протестот е за две барања: Сакаме да испратиме јасна порака до надлежните, посебно до социјалните партнери и да го искажеме нашето незадолство поради доцнење на исплатата на платите како и да го потенцираме второто незадоволство во делот на она што се уште не се случи, а тоа е потпишување на анексот на колективниот договор за гранковиот синдикат во смисла на покачување на платата. На повидок е покачување на минималната плата од март 2023, а тоа ќе го направи другиот проблем. Таа минимална плата ќе ни направи изедначување на платите до петтта група на сложеност во која се наоѓаат медицинските сестри со средно обазование. Така би било многу неповолно во самото колективно договарање, би настанал апсурд - медицинските сестри со средно да имаат мимимална плата која има третман на социјална категорија. Нашето второ барање е покачување на платата за сите вработени во здравството. Се надеваме дека анексот кој го имаме подготовено, заедно со министерството за здравство и Фонд за здравство ќе стигне до надлежните, до министерствата за труд и социјала и за финансии, а премиерот да го овласти министерот за здравство да го потпише. Сега сме во вакуум простор поради смена на министерот за здравство. Од утре ја очекуваме средбата со премиерот за да укажеме на незадоволството кое постои кај здравствените работиници и кое може да биде уште поголемо, ако не се реализираат барањата, изјави Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ.

The post За три години, наместо ветените 10, добивме пет отсто покачување на платите, владејчката партија кампањата ја водеше на наш грб, велат здравствените работници кои денеска протестираа appeared first on Република.

]]>

За три години, наместо ветените 10, добивме пет отсто покачување на платите, владејчката партија кампањата за изборите ја водеше на наш грб. Бараме покачување на платите и усогласување со промените на минималната плата, велат здравствените работници кои денеска  претпалдне протестираа на паузата протестираа пред Клиничкиот центар и ГОБ „8 Септември“ во Скопје. Освен во Скопје истовремено протести се одржаа и во други градови низ државата.
Во екот на пандемијата во 2020 година нашата болница и целото здравство бевме втурнати во пандемијата. Тогаш изборите беа на повидок и сите ја водеа кампањата на грбот на здравствените работници. Очекувавме покачување на платите за 10 отсто како што беше ветено од владејчката партија секоја година да се случува, а ние досега имаме добиено само пет проценти покачување на платите во здравство. Затоа очекуваме овој анекс да биде што поскоро потпишан за да не го предизвикаме револтот кај сите други здравствени работници, вели Орце Ефтимов, специјалист биохемичар во ГОБ „8 Септември“.
Од Синдикатот на Клиничкиот центар велат дека согласно со европското законодавство, овој упад со нацрт законот за плати, во колективните договори, може да значи укинување или намалување, на правата работниците пропишани на согласно овие колективни договори.
За година од првичното покачување на минималната плата и доближувањето на другите пониски профили кон профилот на медицински сестри, се направи збрка во коефициентите. Со најавата за ново зголемување на минималната плата во март, уште повеќе ќе ги доближи другите профили до профилот медицинска сестра, изјави Гордана Димеска од Синдикатот на Клинички центар.
Еден искусен технички персонал со подолг стаж ќе зема поголема плата од медицинска сестра, вели Димеска, која додаде дека дефицитот не е само во здравствените работници туку и во другите профили. Таа информираше дека е голем одливот на медицински сестри и како што рече, пет до шест илјади ја напуштиле земјава последниве три до пет години. Согласно податоците од Комората на лекари, како што беше нагласено на протестот пред Клиничкиот центар, 2.200 лекари во последните три години ја напуштиле државата. Русе Пецаноски од овој синдикат истакна дека протестот е израз на незадоволство поради тоа што за три години, платите биле покачени само пет проценти. Негодување, како што рече, имало и поради пензионирања на околу 180 врвни стручни лица кои немале право да продолжат со работа. Пораки за зголемување на платите беа упатени и на протестот пред ГОБ „8 Септември".