Клинички центар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klinichki-centar/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 20:25:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Клинички центар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klinichki-centar/ 32 32 Почина еден од повредените во пукањето во Арачиново https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-eden-od-povredenite-vo-pukaneto-vo-arachinovo/ Fri, 01 Nov 2024 20:25:48 +0000 https://republika.mk/?p=833313

Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ примени се двете повредени лица во оружениот инцедент што попладнето се случи во селото Арачиново.

Еден од повредените починал, а кај другиот ќе биде извршена хируршка интервенција, потврдуваат за МИА од Ургентниот центар.

Претходно од МВР информираа дека две лица се повредени од огнено оружје во инцидент што се случил вечерва во скопско Арачиново.

На 01.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар Мајка Тереза во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од с. Арачиново.

Според пријавеното, во нив во с.Арачиново било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило „Ауди“, наведуваат од МВР и додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Почина еден од повредените во пукањето во Арачиново appeared first on Република.

]]>

Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ примени се двете повредени лица во оружениот инцедент што попладнето се случи во селото Арачиново. Еден од повредените починал, а кај другиот ќе биде извршена хируршка интервенција, потврдуваат за МИА од Ургентниот центар. Претходно од МВР информираа дека две лица се повредени од огнено оружје во инцидент што се случил вечерва во скопско Арачиново.
На 01.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар Мајка Тереза во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од с. Арачиново. Според пријавеното, во нив во с.Арачиново било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило „Ауди“, наведуваат од МВР и додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Почина еден од повредените во пукањето во Арачиново appeared first on Република.

]]>
Скопје заслужува нов Клинички центар, но дали ќе го добие? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skopje-zasluzhuva-nov-klinichki-tsentar-no-dali-ke-go-dobie/ Thu, 24 Oct 2024 19:37:39 +0000 https://republika.mk/?p=830696

 Министерот за здравство Арбен Таравари смета дека Скопје заслужува да има нов клинички центар, но, оти не треба да се брза со зборовите. Тој вечерва изјави дека треба да се почека, да се види како ќе оди процесот со болниците во Штип и во Кичево.

- Скопје заслужува да има нов клинички центар. Меѓутоа, да не брзаме со зборовите. Да причекаме, да видиме како ќе оди работата со двете болници во Штип и во Кичево. Ако тоа успее, успешна приказна, тогаш кон крајот на идната година треба да најавиме евентуално и нова клиничка болница, рече тој во емисијата „Вин вин“ на телевизија „Телма“.

Министерот нагласи дека ако се почне со градење нов клинички центар, ќе бидат потребни минимум седум, осум години за тој да биде употреблив.

- Јас би бил најсреќниот човек во Македонија доколку успееме првата лопата да ја фрлиме за започнување на новиот клинички центар во Скопје. И ако почнеме утре клинички центар да градиме, нас ќе ни треба минимум седум, осум години за да тоа биде употребливо, додаде Таравари.

Тој повтори дека има кризи во повеќе градови и клинички болници, каде нема сестри за дежурање, нема доктори, се затвораат одделенија, не функционираат повеќе болници и готови се до затворање.

The post Скопје заслужува нов Клинички центар, но дали ќе го добие? appeared first on Република.

Наскоро еден директор на цел Клинички центар и спојување на неколку болници со здравствени домови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/naskoro-eden-direktor-na-tsel-klinichki-tsentar-i-spojuvane-na-nekolku-bolnitsi-so-zdravstveni-domovi/ Mon, 16 Sep 2024 13:00:07 +0000 https://republika.mk/?p=816793

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска најави дека наскоро ќе има еден директор на цел Клинички центар, како и дека неколку болници ќе се спојат со здравствени домови.

Одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на новиот микроскоп во државната Очна клиника, Таравари потсети дека кога бил министер за здравство во 2017 година разрешил околу 30 економски директори. Неразрешени останале, рече, уште 10 до 15.

Според Таравари, има јасна анализа колку пари чиниле старо-новите советници кои претходно биле економски директори.

Еден директор приближно примал плата околу 1 500 евра, па пресметајте. Но, наскоро ќе има еден директор на цел Клинички центар и неколку болници ќе се спојат со здравствени домови. Мислам дека сумата е значајна и со тие пари место да ги добива некој што може да биде одговорен во администрација на Клиниката, да не биде директор, би плаќале повеќе инвестиции во здравството, нови апарати, нови згради, реновирање клиники и јавни здравствени институции,... Целта беше таа, не е од сега таа цел. И во 2017 година кога бев министер за здравство разрешив сигурно околу 30 директори, останаа уште 10 - 15 неразрешени, истакна Таравари.

The post Наскоро еден директор на цел Клинички центар и спојување на неколку болници со здравствени домови appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска најави дека наскоро ќе има еден директор на цел Клинички центар, како и дека неколку болници ќе се спојат со здравствени домови. Одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на новиот микроскоп во државната Очна клиника, Таравари потсети дека кога бил министер за здравство во 2017 година разрешил околу 30 економски директори. Неразрешени останале, рече, уште 10 до 15. Според Таравари, има јасна анализа колку пари чиниле старо-новите советници кои претходно биле економски директори.
Еден директор приближно примал плата околу 1 500 евра, па пресметајте. Но, наскоро ќе има еден директор на цел Клинички центар и неколку болници ќе се спојат со здравствени домови. Мислам дека сумата е значајна и со тие пари место да ги добива некој што може да биде одговорен во администрација на Клиниката, да не биде директор, би плаќале повеќе инвестиции во здравството, нови апарати, нови згради, реновирање клиники и јавни здравствени институции,... Целта беше таа, не е од сега таа цел. И во 2017 година кога бев министер за здравство разрешив сигурно околу 30 директори, останаа уште 10 - 15 неразрешени, истакна Таравари.

The post Наскоро еден директор на цел Клинички центар и спојување на неколку болници со здравствени домови appeared first on Република.

]]>
Владина комисија ќе ја рагледува изградбата на монтажни катни гаражи во Клинички центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladina-komisija-ke-ja-ragleduva-izgradbata-na-montazhni-katni-garazhi-vo-klinichki-tsentar/ Tue, 20 Aug 2024 16:56:48 +0000 https://republika.mk/?p=808385

Владата ја одржа 13. седница, на која се донесени повеќе одлуки и решенија, меѓу кои и за спроведување на постапката за изградба на катни монтажни гаражи во Универзитетски Клинички центар - Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, со што ќе се решава сообраќајниот хаос во Клиничкиот центар.

Како што информираат од владината прес-служба, Владата усвоила информација за формирање Комисија за спроведување на постапката за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за изградба на катни монтажни гаражи во Универзитетски Клинички центар - Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

The post Владина комисија ќе ја рагледува изградбата на монтажни катни гаражи во Клинички центар appeared first on Република.

]]>

Владата ја одржа 13. седница, на која се донесени повеќе одлуки и решенија, меѓу кои и за спроведување на постапката за изградба на катни монтажни гаражи во Универзитетски Клинички центар - Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, со што ќе се решава сообраќајниот хаос во Клиничкиот центар. Како што информираат од владината прес-служба, Владата усвоила информација за формирање Комисија за спроведување на постапката за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за изградба на катни монтажни гаражи во Универзитетски Клинички центар - Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

The post Владина комисија ќе ја рагледува изградбата на монтажни катни гаражи во Клинички центар appeared first on Република.

]]>
Во кругот на „клиника“ пронајдено лице во безсознание кое подоцна починало https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-krugot-na-klinika-pronajdeno-litse-vo-bezsoznanie-koe-podotsna-pochinalo/ Fri, 02 Aug 2024 19:01:45 +0000 https://republika.mk/?p=802922

На 01.08.2024 во 09.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје бил пронајден во безсознание Ж.Ј.(61) од с.Марена, кавадаречко, на кого му била пружена лекарска помош и по кратко време починал.

Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.

The post Во кругот на „клиника“ пронајдено лице во безсознание кое подоцна починало appeared first on Република.

]]>

На 01.08.2024 во 09.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје бил пронајден во безсознание Ж.Ј.(61) од с.Марена, кавадаречко, на кого му била пружена лекарска помош и по кратко време починал. Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.

The post Во кругот на „клиника“ пронајдено лице во безсознание кое подоцна починало appeared first on Република.

]]>
Таравари: Има информации за мала концентрација формалдехид во салите, но, официјално сѐ уште немаме ништо добиено https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/taravari-ima-informatsii-za-mala-kontsentratsija-formaldehid-vo-salite-no-ofitsijalno-s-ushte-nemame-nishto-dobieno/ Mon, 29 Jul 2024 09:49:53 +0000 https://republika.mk/?p=801283

Има одредени информации дека е пронајдена мала концентрација на формалдехид во операционите сали во Клиничкиот центар во Скопје, меѓутоа официјално сѐ уште немам ништо добиено, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

– Веќе работиме на нова набавка за комплетно нова компресорска станица и комплетно нова инсталација. Ссе надевам што поскоро да го решиме овој проблем и да не зборуваме веќе за вакви теми, коишто се непријатни и неубави за сите граѓани, бидејќи создаваат ситуација на несигурност кај пациентите, рече Таравари.

Прашан како граѓаните да бидат мирни кога досега не се споделува во јавноста дека имало формалдехид и дека воздухот во операционите сали отстапува од европските стандарди според мерењата од 1 јули, Таравари рече официјален допис се уште нема пристигнато во Министерството.

– Што и да ви кажам ќе биде неформално, неточно, несигурно. Причекајте, ние сме транспарентни, сето тоа што го добиваме, го споделуваме со јавноста и со новинарите, рече Таравари.

Засега, како што рече, функционираат повеќе од половина хируршки сали во Клиничкиот центар и летниот период ќе се менаџира ситуацијата со „8 Септември“ и Градска болница „Св. Наум Охридски“.

Операционите сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба, по што беше распишан тендер за набавка на нова компресорска станица кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда.

На 26 јули, министерот Таравари најави нов тендер за набавка на компресорски систем за Клинички центар. Прашан дали е оптимист дека во блиска иднина ќе се најде заинтересиран економски оператор, бидејќи претходниот тендер бил неуспешен, а станува збор за сума од околу половина милион евра, Таравари рече оти не може да предвиди дали ќе се јави некој, но и оти овој проблем не треба да се одолговлекува, н исклучувајќи и директно договарање.

– Затоа презедовме како Министерство нешто што не е наша обврска сѐ со цел да ја завршиме што побргу. Меѓутоа, не можам да кажам со сигурност дека ќе се пријави или нема да се пријави. Ако не се пријави, тогаш ќе одиме на опција да побараме некој кој може да го работи и да се договориме директно – Министерството со изведувачот, изјави Таравари.

The post Таравари: Има информации за мала концентрација формалдехид во салите, но, официјално сѐ уште немаме ништо добиено appeared first on Република.

]]>

Има одредени информации дека е пронајдена мала концентрација на формалдехид во операционите сали во Клиничкиот центар во Скопје, меѓутоа официјално сѐ уште немам ништо добиено, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
– Веќе работиме на нова набавка за комплетно нова компресорска станица и комплетно нова инсталација. Ссе надевам што поскоро да го решиме овој проблем и да не зборуваме веќе за вакви теми, коишто се непријатни и неубави за сите граѓани, бидејќи создаваат ситуација на несигурност кај пациентите, рече Таравари.
Прашан како граѓаните да бидат мирни кога досега не се споделува во јавноста дека имало формалдехид и дека воздухот во операционите сали отстапува од европските стандарди според мерењата од 1 јули, Таравари рече официјален допис се уште нема пристигнато во Министерството.
– Што и да ви кажам ќе биде неформално, неточно, несигурно. Причекајте, ние сме транспарентни, сето тоа што го добиваме, го споделуваме со јавноста и со новинарите, рече Таравари.
Засега, како што рече, функционираат повеќе од половина хируршки сали во Клиничкиот центар и летниот период ќе се менаџира ситуацијата со „8 Септември“ и Градска болница „Св. Наум Охридски“. Операционите сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба, по што беше распишан тендер за набавка на нова компресорска станица кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда. На 26 јули, министерот Таравари најави нов тендер за набавка на компресорски систем за Клинички центар. Прашан дали е оптимист дека во блиска иднина ќе се најде заинтересиран економски оператор, бидејќи претходниот тендер бил неуспешен, а станува збор за сума од околу половина милион евра, Таравари рече оти не може да предвиди дали ќе се јави некој, но и оти овој проблем не треба да се одолговлекува, н исклучувајќи и директно договарање.
– Затоа презедовме како Министерство нешто што не е наша обврска сѐ со цел да ја завршиме што побргу. Меѓутоа, не можам да кажам со сигурност дека ќе се пријави или нема да се пријави. Ако не се пријави, тогаш ќе одиме на опција да побараме некој кој може да го работи и да се договориме директно – Министерството со изведувачот, изјави Таравари.

The post Таравари: Има информации за мала концентрација формалдехид во салите, но, официјално сѐ уште немаме ништо добиено appeared first on Република.

]]>
В понеделник без струја Службата за заeднички работи при Клинички Центар „Мајка Тереза“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/v-ponedelnik-bez-struja-sluzhbata-za-zaednichki-raboti-pri-klinichki-tsentar-majka-tereza/ Sun, 14 Jul 2024 16:43:47 +0000 https://republika.mk/?p=796752

В понеделник, 15 јули, без електрична енергија ќе останат корисниците од Служба за заeднички работи при ЈЗУ Клинички Центар „Мајка Тереза“, соопшти РЦУК – Скопје.

Како што посочуваат, прекинот со снабдување со струја ќе биде во периодот од 08:30 до 15:00 часот.

The post В понеделник без струја Службата за заeднички работи при Клинички Центар „Мајка Тереза“ appeared first on Република.

]]>

В понеделник, 15 јули, без електрична енергија ќе останат корисниците од Служба за заeднички работи при ЈЗУ Клинички Центар „Мајка Тереза“, соопшти РЦУК – Скопје. Како што посочуваат, прекинот со снабдување со струја ќе биде во периодот од 08:30 до 15:00 часот.  

The post В понеделник без струја Службата за заeднички работи при Клинички Центар „Мајка Тереза“ appeared first on Република.

]]>
Филипче да одговори дали сакаше да се позајми 500 милиони евра за Клинички кој не го изгради? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filipche-da-odgovori-dali-sakashe-da-se-pozajmi-500-milioni-evra-za-klinichki-koj-ne-go-izgradi/ Fri, 12 Jul 2024 14:33:21 +0000 https://republika.mk/?p=796226

Кога неврохирургот на Заеви Венко Филипче зборува за парите за специјалната финансиска соработка со Унгарија, а притоа се труди се да заборави од минатото ќе го потсетиме и прашаме на две едноставни прашања:

Дали кредитот од 500 милиони евра што сакаше да го земе за Клинички центар, а за кој суспендираше 4 закони меѓу кој и законот за јавни набавки е поповолен за него?-прашува ВМРО ДПМНЕ.

7 години подоцна, нема нов Клинички центар. А, го стопираше тој од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ.

И второ прашање за Филипче, дали задолжувањето од 500 милиони евра за евро обврзницата која ја направи владата на СДС и ДУИ со каматна стапка од 7 посто е поповолна од каматната стапка за соработката со Унгарија која изнесува 3.25%.

Заштедата сега споредено со еврообврзницата на СДС изнесува до 19 милиона евра годишно.

The post Филипче да одговори дали сакаше да се позајми 500 милиони евра за Клинички кој не го изгради? appeared first on Република.

]]>

Кога неврохирургот на Заеви Венко Филипче зборува за парите за специјалната финансиска соработка со Унгарија, а притоа се труди се да заборави од минатото ќе го потсетиме и прашаме на две едноставни прашања:
Дали кредитот од 500 милиони евра што сакаше да го земе за Клинички центар, а за кој суспендираше 4 закони меѓу кој и законот за јавни набавки е поповолен за него?-прашува ВМРО ДПМНЕ.
7 години подоцна, нема нов Клинички центар. А, го стопираше тој од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ. И второ прашање за Филипче, дали задолжувањето од 500 милиони евра за евро обврзницата која ја направи владата на СДС и ДУИ со каматна стапка од 7 посто е поповолна од каматната стапка за соработката со Унгарија која изнесува 3.25%.
Заштедата сега споредено со еврообврзницата на СДС изнесува до 19 милиона евра годишно.

The post Филипче да одговори дали сакаше да се позајми 500 милиони евра за Клинички кој не го изгради? appeared first on Република.

]]>
Шест нови директори на скопските универзитетски клиники https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shest-novi-direktori-na-skopskite-univerzitetski-kliniki/ Thu, 04 Jul 2024 17:30:47 +0000 https://republika.mk/?p=793521

Скопските клиники добиваат нови директори Шест скопски клиники добиваат нови директори. Станува збор за Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Универзитетска клиника за дерматологија, Универзитетска клиника по хирушки болести Св.Наум Охридски- Скопје,

Универзитетска клиника за уво, нос и грло, Универзитетски институт за радиологија, како и клиника за ревматологија. Ирена Алексиоска Папестиев е нова директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство. Алексиоска Папестиев завршила Медицински Факултет на УКИМ во 2006година, како најдобар студент на генерација со просек 9,7 за што добива награда од УКИМ и Македонско Лекарско Друство.

Специјализација по гинекологија и акушерство завршува во 2012 година на Клиниката за гинекологија и акушерства на која има долгогодишно работно искуство од 2007 година. Во текот на своето образование има бројни престои за стручно усовршување во реномирани Центри во Велика Британија, Израел, Швајцарија, и Хрватска. Паралелно со стрчното усовршување има и академска кариера на Медицинскиот факултет при УКИМ каде ги поминува сите степени на академско унапредување од асистент, доцент , а моментално е избрана за Професор.

Член е на повеќе стручни меѓународни здруженија, а има одржано повеќе стручни предавања од актуелните теми од гинекологијата на разни домашни и меѓународни конгреси, симпозиуми и стручни конференции. Во целиот тек на своето работно искуство е докажана како професионалец, почитуван од пациенти и колеги, со истакнати организациски способности.

Автор е на бројни научни публикации и коавтор на повеќе академски учебници.

На директорското столче во Универзитетската клиника за дерматологија седнува Катерина Дамевска. Дамевска дипломирала на Медицинскиот факултет во 1993 година, магистрирала во 2009 година, а докторирала во 2014та година Во моментот е вонреден професор на Катедрата по дерматовенерологијасо 25 годишно искуство на полето на детската дерматологија и дерматопатологија.

Дамевска е главен истражувач во повеќе научни проекти, меѓу кои и проекти финансиски подржани од Европското здружение на дерматолози. Таа е автор и коавтор на 18 поглавија во книги и учебници публикувани во странство и 34 публикации во часописи со фактор на влијание. За нов директор на клиника по хирушки болести Св.Наум Охридски- Скопје е назначен и доктор Небојша Настов. А според биографијата завршил на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што во моментот е докторант на медицински науки. Своето работно искуство го започнува токму во клиниката за Хирушки болести, од 2014тата е назначен за раководител на оддел Трауматологија.

Настов има добиено неколку признанија како што е 13 Ноемвриска награда за литература, орден за заслуги на Македонија, како 13 Ноемвриска награда за спортски лекар. Игор Камшиковски е назначен за директор на универзитетската клиника за уво, нос и грло. Камшиковски завршил Медицински факултет. А покрај своето долгогодишно работно искуство во здравството е и специјалист Оториноларинголог, хирург на глава и врат. Доктор

Соња Николова е новата директорка на Универзитетскиот институт за радиологија.

Николова основно и средно образование завршила во Стурмица, додека пак високо образование се стекнува на Медицинскиот факултет во Скопје. Николова во 2013тата година се стекнува со звањето специјалист по радиодијагностика, а хонорарно работела како лекар специјалист радиодијагностичар во Клиничката болница во Штип на одделот за КТ и МРИ невродијагностика и мускулно скелетна радиодијагностика. Вработена е на Универзитетскиот институт за радиологија од 2014тата година, а во 2023 година се стекнала со називот доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на радиологијата.

Емилија Сандевска е назначена за директорка на Клиниката за ревматологија. Сандевска завршила основно и средно медицинско училиште- отсек за медицински сестри. На Медицинскиот факултет се запишала во учебната дипломирала во 2004 година. Од 2007 година е вработена е во ЈЗУ Универзитетска клиника за ревматологија во Скопје.

The post Шест нови директори на скопските универзитетски клиники appeared first on Република.

]]>

Скопските клиники добиваат нови директори Шест скопски клиники добиваат нови директори. Станува збор за Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Универзитетска клиника за дерматологија, Универзитетска клиника по хирушки болести Св.Наум Охридски- Скопје, Универзитетска клиника за уво, нос и грло, Универзитетски институт за радиологија, како и клиника за ревматологија. Ирена Алексиоска Папестиев е нова директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство. Алексиоска Папестиев завршила Медицински Факултет на УКИМ во 2006година, како најдобар студент на генерација со просек 9,7 за што добива награда од УКИМ и Македонско Лекарско Друство. Специјализација по гинекологија и акушерство завршува во 2012 година на Клиниката за гинекологија и акушерства на која има долгогодишно работно искуство од 2007 година. Во текот на своето образование има бројни престои за стручно усовршување во реномирани Центри во Велика Британија, Израел, Швајцарија, и Хрватска. Паралелно со стрчното усовршување има и академска кариера на Медицинскиот факултет при УКИМ каде ги поминува сите степени на академско унапредување од асистент, доцент , а моментално е избрана за Професор. Член е на повеќе стручни меѓународни здруженија, а има одржано повеќе стручни предавања од актуелните теми од гинекологијата на разни домашни и меѓународни конгреси, симпозиуми и стручни конференции. Во целиот тек на своето работно искуство е докажана како професионалец, почитуван од пациенти и колеги, со истакнати организациски способности. Автор е на бројни научни публикации и коавтор на повеќе академски учебници. На директорското столче во Универзитетската клиника за дерматологија седнува Катерина Дамевска. Дамевска дипломирала на Медицинскиот факултет во 1993 година, магистрирала во 2009 година, а докторирала во 2014та година Во моментот е вонреден професор на Катедрата по дерматовенерологијасо 25 годишно искуство на полето на детската дерматологија и дерматопатологија. Дамевска е главен истражувач во повеќе научни проекти, меѓу кои и проекти финансиски подржани од Европското здружение на дерматолози. Таа е автор и коавтор на 18 поглавија во книги и учебници публикувани во странство и 34 публикации во часописи со фактор на влијание. За нов директор на клиника по хирушки болести Св.Наум Охридски- Скопје е назначен и доктор Небојша Настов. А според биографијата завршил на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што во моментот е докторант на медицински науки. Своето работно искуство го започнува токму во клиниката за Хирушки болести, од 2014тата е назначен за раководител на оддел Трауматологија. Настов има добиено неколку признанија како што е 13 Ноемвриска награда за литература, орден за заслуги на Македонија, како 13 Ноемвриска награда за спортски лекар. Игор Камшиковски е назначен за директор на универзитетската клиника за уво, нос и грло. Камшиковски завршил Медицински факултет. А покрај своето долгогодишно работно искуство во здравството е и специјалист Оториноларинголог, хирург на глава и врат. Доктор Соња Николова е новата директорка на Универзитетскиот институт за радиологија. Николова основно и средно образование завршила во Стурмица, додека пак високо образование се стекнува на Медицинскиот факултет во Скопје. Николова во 2013тата година се стекнува со звањето специјалист по радиодијагностика, а хонорарно работела како лекар специјалист радиодијагностичар во Клиничката болница во Штип на одделот за КТ и МРИ невродијагностика и мускулно скелетна радиодијагностика. Вработена е на Универзитетскиот институт за радиологија од 2014тата година, а во 2023 година се стекнала со називот доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на радиологијата. Емилија Сандевска е назначена за директорка на Клиниката за ревматологија. Сандевска завршила основно и средно медицинско училиште- отсек за медицински сестри. На Медицинскиот факултет се запишала во учебната дипломирала во 2004 година. Од 2007 година е вработена е во ЈЗУ Универзитетска клиника за ревматологија во Скопје.

The post Шест нови директори на скопските универзитетски клиники appeared first on Република.

]]>
Две семејства од Злокуќани се тепале во дворот на Клинички центар, петмина се осомничени за насилство https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-semejstva-od-zlokukani-se-tepale-vo-dvorot-na-klinichki-tsentar-petmina-se-osomnicheni-za-nasilstvo/ Wed, 19 Jun 2024 08:01:33 +0000 https://republika.mk/?p=788945

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, кои се осомничени дека заедно сториле кривично дело – Насилство според член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

На 18 јуни, пред Ургентниот центар при комплексот клиники “Мајка Тереза”, осомничените во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз едно лице.

По претходна физичка пресметка помеѓу членови на две семејства во Злокуќани, оштетениот со неговото семејство на Ургентниот центар чекале лекарска помош за неговиот син.

Во дворот на клиниките пристигнале и осомничените. Физички го нападнале оштетениот, удирајќи го по главата и телото со клоци и тупаници, но и со метални шипки, дрвени палки и други предмети. Со ударите му нанеле тешки телесни повреди – фрактури на носна коска и на ребра, а кај останатите присутни предизвикале чувство на загрозеност, несигурност и страв, соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите петмина осомничени, бидејќи постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоци и оштетени, но и да го повторат делото.

The post Две семејства од Злокуќани се тепале во дворот на Клинички центар, петмина се осомничени за насилство appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, кои се осомничени дека заедно сториле кривично дело – Насилство според член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 18 јуни, пред Ургентниот центар при комплексот клиники “Мајка Тереза”, осомничените во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз едно лице. По претходна физичка пресметка помеѓу членови на две семејства во Злокуќани, оштетениот со неговото семејство на Ургентниот центар чекале лекарска помош за неговиот син. Во дворот на клиниките пристигнале и осомничените. Физички го нападнале оштетениот, удирајќи го по главата и телото со клоци и тупаници, но и со метални шипки, дрвени палки и други предмети. Со ударите му нанеле тешки телесни повреди – фрактури на носна коска и на ребра, а кај останатите присутни предизвикале чувство на загрозеност, несигурност и страв, соопшти Обвинителството. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите петмина осомничени, бидејќи постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоци и оштетени, но и да го повторат делото.  

The post Две семејства од Злокуќани се тепале во дворот на Клинички центар, петмина се осомничени за насилство appeared first on Република.

]]>
Драги Тарчуговски, државен советник во ЦУК: Поправката на оградата е во надлежност на Министерството за здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dragi-tarchugovski-drzhaven-sovetnik-vo-tsuk-popravkata-na-ogradata-e-vo-nadlezhnost-na-ministerstvoto-za-zdravstvo/ Mon, 17 Jun 2024 12:55:02 +0000 https://republika.mk/?p=788409

Што можеме да направиме акутно и веднаш? Тоа е поправка на оградата која е во надлежност на Министерството за здравство, бидејќи е ограда за еден објект од комплексот универзитетски клиники. И тоа ќе се реши во наредниот период од Министерството, кажа денеска Драги Тарчуговски, државен советник во Центарот за управување со кризи (ЦУК) каде што се одржа координативен состанок на кој се разговараше за опасноста од урнатиот потпорен ѕид зад Клиниката за детски болести во Скопје.

На состанокот беа претставници од Град Скопје и Општина Центар. Беа поканети и од Министерството за здравство, но тие не присустуваа, но ним ќе им биде испратен записник, кажа државниот советник во ЦУК.

Минатата недела се урна дел од потпорниот ѕид зад Клиниката за детски болести за што известија од ЦУК, а трите институции - Град Скопје, Општина Центар и Министерството за здравство не преземаа одговорност кој е надлежен.

[caption id="attachment_788421" align="alignnone" width="980"] Драги Тарчуговски, државен советник во ЦУК / Фото: Принтскрин од видео[/caption]

Долгорочно, проблемот е многу посериозен и поголем доколку опфаќа целосно зафаќање на подземните води, затоа што дел од каналската мрежа е изградена во 1950-тите години на минатиот век и е уништена, затрпана, а дел се одржуваат. Целосно одржување на тој систем во моментов не е можен, поради што е потребна реконструкција и изградба на целосно нов систем, што е долгорочно решение, кое би траело со години, можеби и цела деценија. Но тоа е државен проблем кој ќе се решава во иднина, изјави денеска Тарчуговски.

Според него, може да се бара итно решение и за подземните води, кои се веќе површински води на улицата „Белградска“.

Ќе се разгледа прашањето меѓу Градот Скопје и Општината Центар за каптирање на таа вода што е само на улицата „Белградска“ и нејзино вметнување во постојната атмосферска канализација. За тоа очекувам во наредните денови да се одржи кооридативна средба меѓу Општината и Градот Скопје да се види што може да се направи како итно решение, кажа тој.

Тарчуговски вели дека ако се говори за сеопфатно решение за целокупната каналска мрежа тоа е сигурно десетина повеќе милиони евра.

Тој ѕид не се ппорава за три дена, можеби ќе се поправа цело лето, додаде Тарчуговски.

На новинарско прашање што ако Министерството не сака да го поправи ѕидот, тој рече дека веќе имаат задолжение од инспекциските служби на Општина Центар.

Градоначалничката Данела Арсовска кажа дека Градот нема документација и прво треба да се одржи состанок со Општина Центар.

Не можеме напамет да зборуваме, не знаеме какви би биле финансиските импликациии, ниту што треба да се прави, каков е каналскиот систем. Тоа е див каналски систем, кај никого не е на одржување, проблемот е поголем од аспект на тоа дека најверојатно за целосно решение, базирано на градењето што се одвивало наназад веќе децении целиот тој систем е уништен на повеќе стотици метри. Така што проблемот е многу сериозен, такви средства ниту има Општината, ниту Градот и тоа е нешто како стратешка инвестиција што треба да се направи базирано на она што го видовме дека „Водостопанство“ како акционерско друштво од државна сопственост веќе извршило студија во минатата година. Таа е сериозен, голем, стратешки проект којшто ги опфаќа сите места каде што потенцијално има канали коишто во овој момент се уништени и би требало да се ревидираат, изјави Арсовска.

Деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски апелира надлежните институции што побрзо да го решат проблемот со паднатиот потпорен ѕид во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

https://republika.mk/vesti/skopje/dekanot-na-gradezhen-fakultet-apelira-nadlezhnite-institutsii-shto-poskoro-da-go-reshat-problemot-so-padnatiot-potporen-zid-vo-klinichki-tsentar/

The post Драги Тарчуговски, државен советник во ЦУК: Поправката на оградата е во надлежност на Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>

Што можеме да направиме акутно и веднаш? Тоа е поправка на оградата која е во надлежност на Министерството за здравство, бидејќи е ограда за еден објект од комплексот универзитетски клиники. И тоа ќе се реши во наредниот период од Министерството, кажа денеска Драги Тарчуговски, државен советник во Центарот за управување со кризи (ЦУК) каде што се одржа координативен состанок на кој се разговараше за опасноста од урнатиот потпорен ѕид зад Клиниката за детски болести во Скопје. На состанокот беа претставници од Град Скопје и Општина Центар. Беа поканети и од Министерството за здравство, но тие не присустуваа, но ним ќе им биде испратен записник, кажа државниот советник во ЦУК. Минатата недела се урна дел од потпорниот ѕид зад Клиниката за детски болести за што известија од ЦУК, а трите институции - Град Скопје, Општина Центар и Министерството за здравство не преземаа одговорност кој е надлежен. [caption id="attachment_788421" align="alignnone" width="980"] Драги Тарчуговски, државен советник во ЦУК / Фото: Принтскрин од видео[/caption]
Долгорочно, проблемот е многу посериозен и поголем доколку опфаќа целосно зафаќање на подземните води, затоа што дел од каналската мрежа е изградена во 1950-тите години на минатиот век и е уништена, затрпана, а дел се одржуваат. Целосно одржување на тој систем во моментов не е можен, поради што е потребна реконструкција и изградба на целосно нов систем, што е долгорочно решение, кое би траело со години, можеби и цела деценија. Но тоа е државен проблем кој ќе се решава во иднина, изјави денеска Тарчуговски.
Според него, може да се бара итно решение и за подземните води, кои се веќе површински води на улицата „Белградска“.
Ќе се разгледа прашањето меѓу Градот Скопје и Општината Центар за каптирање на таа вода што е само на улицата „Белградска“ и нејзино вметнување во постојната атмосферска канализација. За тоа очекувам во наредните денови да се одржи кооридативна средба меѓу Општината и Градот Скопје да се види што може да се направи како итно решение, кажа тој.
Тарчуговски вели дека ако се говори за сеопфатно решение за целокупната каналска мрежа тоа е сигурно десетина повеќе милиони евра.
Тој ѕид не се ппорава за три дена, можеби ќе се поправа цело лето, додаде Тарчуговски.
На новинарско прашање што ако Министерството не сака да го поправи ѕидот, тој рече дека веќе имаат задолжение од инспекциските служби на Општина Центар. Градоначалничката Данела Арсовска кажа дека Градот нема документација и прво треба да се одржи состанок со Општина Центар.
Не можеме напамет да зборуваме, не знаеме какви би биле финансиските импликациии, ниту што треба да се прави, каков е каналскиот систем. Тоа е див каналски систем, кај никого не е на одржување, проблемот е поголем од аспект на тоа дека најверојатно за целосно решение, базирано на градењето што се одвивало наназад веќе децении целиот тој систем е уништен на повеќе стотици метри. Така што проблемот е многу сериозен, такви средства ниту има Општината, ниту Градот и тоа е нешто како стратешка инвестиција што треба да се направи базирано на она што го видовме дека „Водостопанство“ како акционерско друштво од државна сопственост веќе извршило студија во минатата година. Таа е сериозен, голем, стратешки проект којшто ги опфаќа сите места каде што потенцијално има канали коишто во овој момент се уништени и би требало да се ревидираат, изјави Арсовска.
Деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски апелира надлежните институции што побрзо да го решат проблемот со паднатиот потпорен ѕид во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. https://republika.mk/vesti/skopje/dekanot-na-gradezhen-fakultet-apelira-nadlezhnite-institutsii-shto-poskoro-da-go-reshat-problemot-so-padnatiot-potporen-zid-vo-klinichki-tsentar/

The post Драги Тарчуговски, државен советник во ЦУК: Поправката на оградата е во надлежност на Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>
Деканот на Градежен факултет апелира надлежните институции што поскоро да го решат проблемот со паднатиот потпорен ѕид во Клинички центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dekanot-na-gradezhen-fakultet-apelira-nadlezhnite-institutsii-shto-poskoro-da-go-reshat-problemot-so-padnatiot-potporen-zid-vo-klinichki-tsentar/ Mon, 17 Jun 2024 11:15:02 +0000 https://republika.mk/?p=788397

Деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски апелира надлежните институции што побрзо да го решат проблемот со паднатиот потпорен ѕид во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Не знам чија е надлежноста за ѕидот, но сметам дека е на сите оние кои се инволвирани во процесот. Треба да седнат заедно и да го решат овој проблем што побрзо, изјави Марковски во одговор на новинарско прашање во Стопанската комора.

Порача дека не е запознаен со конкретната состојба на ѕидот за да оцени дали треба да се урне и да се гради наново, но посочи дека во секој случај треба да се реагира брзо.

Уште пред 15-тина години, како што кажа, испратил лично писмо како загрижен за она што се случува во тој дел од градот и за стабилноста на објектите кои таму се градат во кое посочил дека голем дел од потпорните ѕидови не се испроектирани за да можат да носат таков зголемен товар.

За жал тоа помина со молк од оние што беа надлежни, потенцира Марковски.

The post Деканот на Градежен факултет апелира надлежните институции што поскоро да го решат проблемот со паднатиот потпорен ѕид во Клинички центар appeared first on Република.

]]>

Деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски апелира надлежните институции што побрзо да го решат проблемот со паднатиот потпорен ѕид во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Не знам чија е надлежноста за ѕидот, но сметам дека е на сите оние кои се инволвирани во процесот. Треба да седнат заедно и да го решат овој проблем што побрзо, изјави Марковски во одговор на новинарско прашање во Стопанската комора.
Порача дека не е запознаен со конкретната состојба на ѕидот за да оцени дали треба да се урне и да се гради наново, но посочи дека во секој случај треба да се реагира брзо. Уште пред 15-тина години, како што кажа, испратил лично писмо како загрижен за она што се случува во тој дел од градот и за стабилноста на објектите кои таму се градат во кое посочил дека голем дел од потпорните ѕидови не се испроектирани за да можат да носат таков зголемен товар.
За жал тоа помина со молк од оние што беа надлежни, потенцира Марковски.
 
The post Деканот на Градежен факултет апелира надлежните институции што поскоро да го решат проблемот со паднатиот потпорен ѕид во Клинички центар appeared first on Република.

]]>
Состанок во ЦУК за опасноста од полусрушениот ѕид на Клинички центар во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/sostanok-vo-tsuk-za-opasnosta-od-polusrusheniot-zid-na-klinichki-tsentar-vo-skopje/ Mon, 17 Jun 2024 09:17:41 +0000 https://republika.mk/?p=788365

Во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), напладне ќе се одржи координативен состанок за опасноста од полусрушениот ѕид на територијата на Клиничкиот центар во Скопје.

Како што информираат од ЦУК, на состанокот се поканети претставници на Министерството за здравство, на Град Скопје и на Општина Центар.

Претходно, ЦУК апелираше до надлежните институции, да се координираат и веднаш да се реши проблемот со потпорниот ѕид.

Директорот Стојанче Ангелов неодамна во изјава за медиумите кажа дека со најлошо сценарио, може да дојде до рушење не само на ѕидот, туку и на дел од улицата по која минуваат возила.

Може да дојде до поголема трагедија каде ќе бидат опфатени и возила. Во опасност се човечки животи, здравје, но и човечки имот, мислејќи на паркираните возила под ѕидот, појасни Ангелов.

The post Состанок во ЦУК за опасноста од полусрушениот ѕид на Клинички центар во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), напладне ќе се одржи координативен состанок за опасноста од полусрушениот ѕид на територијата на Клиничкиот центар во Скопје. Како што информираат од ЦУК, на состанокот се поканети претставници на Министерството за здравство, на Град Скопје и на Општина Центар. Претходно, ЦУК апелираше до надлежните институции, да се координираат и веднаш да се реши проблемот со потпорниот ѕид. Директорот Стојанче Ангелов неодамна во изјава за медиумите кажа дека со најлошо сценарио, може да дојде до рушење не само на ѕидот, туку и на дел од улицата по која минуваат возила.
Може да дојде до поголема трагедија каде ќе бидат опфатени и возила. Во опасност се човечки животи, здравје, но и човечки имот, мислејќи на паркираните возила под ѕидот, појасни Ангелов.

The post Состанок во ЦУК за опасноста од полусрушениот ѕид на Клинички центар во Скопје appeared first on Република.

]]>
Пет дена хируршките сали во Клиничкиот центар не работат, ќе се отворат откако ќе се открие од каде се шири непријатна миризба https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pet-dena-hirurshkite-sali-vo-klinichkiot-tsentar-ne-rabotat-ke-se-otvorat-otkako-ke-se-otkrie-od-kade-se-shiri-neprijatna-mirizba/ Wed, 22 May 2024 13:54:20 +0000 https://republika.mk/?p=780877

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) вчера извршил увид во хируршките сали на Клиничкиот центар во Скопје, но Инспекторатот, како што денеска изјави директорката Рената Младеновска, не е надлежен да постапува по ова прашање, па затоа го информирале министерот за здравство дека салите се затворени до решавање на проблемот.

Младеновска изрази надеж дека утре хируршките сали на Клиничкиот центар ќе бидат отворени.

Се надевам дека во текот на утрешниот ден би требало да има отворање на хируршките сали, доколку се открие каде лежи проблемот, односно каде е дефектот и од каде се шири непријатна миризба, изјави Младеновска, одговарајќи на новинарско прашање дека пет дена не се прават операции во овие сали.

Посочи дека имале состаноци со министерот за здравство и со директорите на хируршкиот блок и дека министерот издал налог за вонреден инспекциски надзор.

- Вчера бевме на сите хируршки клиники во целиот хируршки блок. Ние не можеме да постапуваме во однос на оваа проблематика, од причина што само проверивме дека на сите хируршки оддели има централен довод на гасови. Бидејќи не сме надлежна институција, само го информиравме за фактичката состојба, а тоа е дека салите сѐ уште се затворени до решавање на проблемот, појасни директорката на ДСЗИ.

Од Министерството за здравство вчера најавија дека хируршките сали во Клиничкиот центар повторно се враќаат во употреба. Како што изјавија, проблемот со компримираниот воздух бил надминат и сервисирањето било успешно завршено.

Ниту еден итен пациент овие два дена не беше оставен без здравствена заштита. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”, информираа од Министерството за здравство.

The post Пет дена хируршките сали во Клиничкиот центар не работат, ќе се отворат откако ќе се открие од каде се шири непријатна миризба appeared first on Република.

]]>

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) вчера извршил увид во хируршките сали на Клиничкиот центар во Скопје, но Инспекторатот, како што денеска изјави директорката Рената Младеновска, не е надлежен да постапува по ова прашање, па затоа го информирале министерот за здравство дека салите се затворени до решавање на проблемот. Младеновска изрази надеж дека утре хируршките сали на Клиничкиот центар ќе бидат отворени.
Се надевам дека во текот на утрешниот ден би требало да има отворање на хируршките сали, доколку се открие каде лежи проблемот, односно каде е дефектот и од каде се шири непријатна миризба, изјави Младеновска, одговарајќи на новинарско прашање дека пет дена не се прават операции во овие сали.
Посочи дека имале состаноци со министерот за здравство и со директорите на хируршкиот блок и дека министерот издал налог за вонреден инспекциски надзор.
- Вчера бевме на сите хируршки клиники во целиот хируршки блок. Ние не можеме да постапуваме во однос на оваа проблематика, од причина што само проверивме дека на сите хируршки оддели има централен довод на гасови. Бидејќи не сме надлежна институција, само го информиравме за фактичката состојба, а тоа е дека салите сѐ уште се затворени до решавање на проблемот, појасни директорката на ДСЗИ.
Од Министерството за здравство вчера најавија дека хируршките сали во Клиничкиот центар повторно се враќаат во употреба. Како што изјавија, проблемот со компримираниот воздух бил надминат и сервисирањето било успешно завршено.
Ниту еден итен пациент овие два дена не беше оставен без здравствена заштита. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”, информираа од Министерството за здравство.
 
The post Пет дена хируршките сали во Клиничкиот центар не работат, ќе се отворат откако ќе се открие од каде се шири непријатна миризба appeared first on Република.

]]>
Тешка сообраќајка пред влезот на Клинички центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/teshka-soobrakajka-pred-vlezot-na-klinichki-tsentar/ Sat, 18 May 2024 20:00:34 +0000 https://republika.mk/?p=779665

Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи на булеварот „Мајка Тереза“, пред влезот на Клиничкиот центар.

Според информациите на Курир.мк од терен, во несреќата учествувале неколку возила.

Неофицијално, судирот се случил меѓу два автомобили, по што оштетени биле и паркирани возила.

Неофицијално, неколку лица се пожалиле на полесни повреди, но засега нема официјална потврда.

Извор: Курир.мк

The post Тешка сообраќајка пред влезот на Клинички центар appeared first on Република.

]]>

Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи на булеварот „Мајка Тереза“, пред влезот на Клиничкиот центар. Според информациите на Курир.мк од терен, во несреќата учествувале неколку возила. Неофицијално, судирот се случил меѓу два автомобили, по што оштетени биле и паркирани возила. Неофицијално, неколку лица се пожалиле на полесни повреди, но засега нема официјална потврда.   Извор: Курир.мк

The post Тешка сообраќајка пред влезот на Клинички центар appeared first on Република.

]]>
Глутницата во Клинички нападна маж, тој падна и се повреди додека бегаше https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/glutnitsata-vo-klinichki-napadna-mazh-toj-padna-i-se-povredi-dodeka-begashe/ Thu, 16 May 2024 07:09:57 +0000 https://republika.mk/?p=778571

Вчера во 01.12 часот во СВР Скопје, И.С.(38) од Скопје пријавил дека во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје бил нападнат од кучиња скитници.

Според пријавеното, тој при обид да побегне паднал и се здобил со повреди констатирани во Ургентниот центар во комплексот.

За проблемот со кучињата скитници веќе со години се жалат и вработените во клиничкиот центар, но и пациентите, кои алармираат дека во дворот царуваат неколку глутници, кои напаѓаат луѓе и се касаат меѓусебе. Во подоцнежните часови кога има помала развиженост, кучињата добиваат поголема смелост и сила.

The post Глутницата во Клинички нападна маж, тој падна и се повреди додека бегаше appeared first on Република.

]]>

Вчера во 01.12 часот во СВР Скопје, И.С.(38) од Скопје пријавил дека во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје бил нападнат од кучиња скитници. Според пријавеното, тој при обид да побегне паднал и се здобил со повреди констатирани во Ургентниот центар во комплексот. За проблемот со кучињата скитници веќе со години се жалат и вработените во клиничкиот центар, но и пациентите, кои алармираат дека во дворот царуваат неколку глутници, кои напаѓаат луѓе и се касаат меѓусебе. Во подоцнежните часови кога има помала развиженост, кучињата добиваат поголема смелост и сила.

The post Глутницата во Клинички нападна маж, тој падна и се повреди додека бегаше appeared first on Република.

]]>
Ископана е човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/iskopana-e-chovechka-koska-vo-dvorot-na-klinichkiot-tsentar-vo-skopje/ Wed, 01 May 2024 15:07:40 +0000 https://republika.mk/?p=773044

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.

The post Ископана е човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје appeared first on Република.

]]>

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.  

The post Ископана е човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје appeared first on Република.

]]>
Изградба на Клинички центар Штип, 6 бесплатни ИН ВИТРО постапки, финансиска помош за прво, второ и трето дете https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izgradba-na-klinichki-tsentar-shtip-6-besplatni-in-vitro-postapki-finansiska-pomosh-za-prvo-vtoro-i-treto-dete/ Sun, 24 Mar 2024 16:18:10 +0000 https://republika.mk/?p=758209

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ Платформа 1198 за претстојните парламентарни избори предвидува низа на мерки со кои ќе се спречи негативниот прираст на населението кој е последица на лошите политики на актуелната Влада, меѓу кои стимулативни мерки како еднократна финансиска помош за прво, второ, трето и повеќе родени деца, потоа стимулативни мерки за вработени мајки како поврат на уплатен данок на личен доход и слично.

Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ се осврна на Платформата 1198 и логото Луѓето на прво место укажувајќи дека владата и премиерот Христијан Мицкоски ќе посветат должно внимание на она што ни се случува долго време, а тоа е негативен прираст на население поради лошите политики на оваа Влада. Токму затоа столбовите зависат од тоа колку ќе посветиме внимание на демографскиот елемент. Ние веќе имаме Национален план од демографија. Планираме зголемена поддршка за новородено дете, 6 бесплатни ИН ВИТРО постапки и место за во градинка за секое дете. Особено внимание ќе посветиме на семејствата нивната стабилност за што е потребно сигурност на работните места. Да споменам неколку мерки. Стимулативни мерки на тема демографија и млади се еднократна финансиска помош за прво родено дете или 250 евра, до сега истата е 8 илјади денари, еднократна помош за второ родено дете од 500 евра, моментално е 20 илјади денари и 750 евра за трето и секое следно, како и за близнаци. Предвидуваме и стимулативни мерки за вработени мајки или една година поврат на уплатен данок на личен доход за прво родено дете, две години поврат за второ дете и поврат за трето и секое наредно кој ќе трае до полнолетство на прво родено дете, информираше Стојаноска.

Нас приоритет ќе ни биде транспарентноста. Таа ќе биде приоритет заради тоа што на граѓаните им е потребен транспарентен пристап до здравствените услуги и тука доаѓаме до втората точка, вториот приоритет, а тоа е достапноста на здравствените услуги, истакна Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Николов додаде дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги намали листите на чекање преку уште еден процес, а тоа е процесот на дигитализација. Со дигитализацијата пациентите ќе добијат транспарентен пристап до листата на чекање за здравствени процедури. И на тој начин ќе се укинат или ќе се анулираат т.н. џебни листи на чекање на процедури.

Здравството и здравствените услуги мора да бидат транспарентни. За здравствените услуги пациентот и неговиот матичен лекар ќе добијат дигитализирана шифра и ќе можат автоматски во секое време да следат кога ќе ја добијат здравствената процедура без да седат во една несигурност или очекување. И втората работа која што ќе ни биде приоритет во здравствениот систем и во здравството е отчетноста, рече Николов.

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски истакна дека пензионерите и лицата со попреченост ќе бидат во приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ, како што изјави откако е министер за 50 дена поминати се 30 градови да се слушнат барањата на пензионерите кои видовме дека за прв пат излегоа на протести и ги бараа своите права на повисока пензија, а власта немаше слух.

Ние бевме првите да ги слушнеме овие граѓани и она што го бараа како прво барање, линеарно покачување од 5.000 денари ќе стане реалност преку нашата програма на ВМРО-ДПМНЕ. 220.000 пензионери, односно две третини живеат со под 20.000 денари пензија, и со ова покачување навистина ќе им дадеме поквалитетен живот. Она што сакам да истакнам е многу важно е за лицата со попреченост. Изминативе 7 години не можевме да видиме дали некој им помогнал или им дал подобри услови. Ние предвидуваме низа на мерки кои ќе ги стимулираат, како поддршка во делот на спорт, стипендии за најуспешните спортисти кај лицата со попреченост, пристапот до институции да остварат право, дневните центри каде ќе добиваат грижа и за крај поддршка за отворање на бизниси, како и вработување во институциите кои имаат над 50 вработувања, рече Велковски.

За подобрување на кадровската политика во здравството во програмата на ВМРО-ДПМНЕ постојат одредени приоритети се со цел да имаме задоволен здравствен кадар од една страна, но од друга страна да имаме и задоволни примачи на здравствени услуги односно пациенти, рече доктор Жаклина Шопова на денешната програмска дебата на која се презентира изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ Платформа 1198.

Шопова посочи дека програмата Платформа 1198 предвидува анализа веднаш по формирање на владата се со цел мапирање за дефицитарен кадар на сите здравствени установи.

Како приоритет ќе биде сеопфатна анализа на профилите на сите здравствени работници во сите здравствени установи, како на примарно, така на секундарно, терциерно ниво се со цел да може да се креира една добра здравствена политика. Анализата која ќе треба да се спроведе ќе биде реализирана на почетокот веднаш после формирањето на идната нова влада, заради тоа што имаме едни варијации за жал во овие податоци, заради лошото менаџирање за жал изминатиот период имаме секојдневно одлив на голем број на медицински персонал. Затоа ни се потребни точни податоци врз основа на која ќе можеме да направиме мапирање за дефицитарен кадар на сите здравствени установи, вели Шопова и додаде дека со тоа ќе има етапно вработување на дефицитарните кадри со одредени профили.

Доктор Синиша Стојановски зборуваше за дуализмот во јавното здравство посочувајќи дека и покрај толку раководни позиции во јавно здравствените установи, каде покрај медицински директори има и економски, наместо здравствениот систем да ги нуди сите услуги кој се базираат на функционалност, достапност, транспарентност и отчетност ние имаме ситуација каде што од ден на ден, се повеќе се губи довербата во јавниот здравствен систем.

Тој дуализам води до состојби на уценување, на одбирање на кадрова политика, која што за жал не ги бира оние кои што најквалитетни и кои што треба да бидат во јавниот здравствен сектор за да ги овозможат здравствените услуги кон пациентите, туку еден политички пазар во зависност од тоа од која политичка партија се економскиот и здравствен директор, да видат дали едниот или другиот ќе успее да ги наметне своите желби и потреби. Тоа не смее да функционира повеќе така, треба да се планира функционален здравствен систем и од рамномерно регионално развивање, но исто така, адекватно кадрово екипирање и опремување на здравствените институции со модерна опрема. Сето тоа е можно само доколку има менаџмент кој што ќе се грижи за унапредување на јавната здравствена установа, а нема да се занимава со работи кои што влегуваат во рамките на она што се афери или криминал“, рече Стојановски.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, доктор Ристо Симеонов потенцираше дека во периодот 2024-2028 ќе се заврши Клиничката болница во Штип која ќе биде модерно опремена регионална болница заедно со уште четири други од веќе постоечките кои ќе даваат услуги од секундарно и терциерно ниво на здравствена заштита за граѓаните да не мора да патуваат за Скопје.

The post Изградба на Клинички центар Штип, 6 бесплатни ИН ВИТРО постапки, финансиска помош за прво, второ и трето дете appeared first on Република.

]]>

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ Платформа 1198 за претстојните парламентарни избори предвидува низа на мерки со кои ќе се спречи негативниот прираст на населението кој е последица на лошите политики на актуелната Влада, меѓу кои стимулативни мерки како еднократна финансиска помош за прво, второ, трето и повеќе родени деца, потоа стимулативни мерки за вработени мајки како поврат на уплатен данок на личен доход и слично. Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ се осврна на Платформата 1198 и логото Луѓето на прво место укажувајќи дека владата и премиерот Христијан Мицкоски ќе посветат должно внимание на она што ни се случува долго време, а тоа е негативен прираст на население поради лошите политики на оваа Влада. Токму затоа столбовите зависат од тоа колку ќе посветиме внимание на демографскиот елемент. Ние веќе имаме Национален план од демографија. Планираме зголемена поддршка за новородено дете, 6 бесплатни ИН ВИТРО постапки и место за во градинка за секое дете. Особено внимание ќе посветиме на семејствата нивната стабилност за што е потребно сигурност на работните места. Да споменам неколку мерки. Стимулативни мерки на тема демографија и млади се еднократна финансиска помош за прво родено дете или 250 евра, до сега истата е 8 илјади денари, еднократна помош за второ родено дете од 500 евра, моментално е 20 илјади денари и 750 евра за трето и секое следно, како и за близнаци. Предвидуваме и стимулативни мерки за вработени мајки или една година поврат на уплатен данок на личен доход за прво родено дете, две години поврат за второ дете и поврат за трето и секое наредно кој ќе трае до полнолетство на прво родено дете, информираше Стојаноска.
Нас приоритет ќе ни биде транспарентноста. Таа ќе биде приоритет заради тоа што на граѓаните им е потребен транспарентен пристап до здравствените услуги и тука доаѓаме до втората точка, вториот приоритет, а тоа е достапноста на здравствените услуги, истакна Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Николов додаде дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги намали листите на чекање преку уште еден процес, а тоа е процесот на дигитализација. Со дигитализацијата пациентите ќе добијат транспарентен пристап до листата на чекање за здравствени процедури. И на тој начин ќе се укинат или ќе се анулираат т.н. џебни листи на чекање на процедури.
Здравството и здравствените услуги мора да бидат транспарентни. За здравствените услуги пациентот и неговиот матичен лекар ќе добијат дигитализирана шифра и ќе можат автоматски во секое време да следат кога ќе ја добијат здравствената процедура без да седат во една несигурност или очекување. И втората работа која што ќе ни биде приоритет во здравствениот систем и во здравството е отчетноста, рече Николов.
Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски истакна дека пензионерите и лицата со попреченост ќе бидат во приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ, како што изјави откако е министер за 50 дена поминати се 30 градови да се слушнат барањата на пензионерите кои видовме дека за прв пат излегоа на протести и ги бараа своите права на повисока пензија, а власта немаше слух.
Ние бевме првите да ги слушнеме овие граѓани и она што го бараа како прво барање, линеарно покачување од 5.000 денари ќе стане реалност преку нашата програма на ВМРО-ДПМНЕ. 220.000 пензионери, односно две третини живеат со под 20.000 денари пензија, и со ова покачување навистина ќе им дадеме поквалитетен живот. Она што сакам да истакнам е многу важно е за лицата со попреченост. Изминативе 7 години не можевме да видиме дали некој им помогнал или им дал подобри услови. Ние предвидуваме низа на мерки кои ќе ги стимулираат, како поддршка во делот на спорт, стипендии за најуспешните спортисти кај лицата со попреченост, пристапот до институции да остварат право, дневните центри каде ќе добиваат грижа и за крај поддршка за отворање на бизниси, како и вработување во институциите кои имаат над 50 вработувања, рече Велковски.
За подобрување на кадровската политика во здравството во програмата на ВМРО-ДПМНЕ постојат одредени приоритети се со цел да имаме задоволен здравствен кадар од една страна, но од друга страна да имаме и задоволни примачи на здравствени услуги односно пациенти, рече доктор Жаклина Шопова на денешната програмска дебата на која се презентира изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ Платформа 1198. Шопова посочи дека програмата Платформа 1198 предвидува анализа веднаш по формирање на владата се со цел мапирање за дефицитарен кадар на сите здравствени установи. Како приоритет ќе биде сеопфатна анализа на профилите на сите здравствени работници во сите здравствени установи, како на примарно, така на секундарно, терциерно ниво се со цел да може да се креира една добра здравствена политика. Анализата која ќе треба да се спроведе ќе биде реализирана на почетокот веднаш после формирањето на идната нова влада, заради тоа што имаме едни варијации за жал во овие податоци, заради лошото менаџирање за жал изминатиот период имаме секојдневно одлив на голем број на медицински персонал. Затоа ни се потребни точни податоци врз основа на која ќе можеме да направиме мапирање за дефицитарен кадар на сите здравствени установи, вели Шопова и додаде дека со тоа ќе има етапно вработување на дефицитарните кадри со одредени профили. Доктор Синиша Стојановски зборуваше за дуализмот во јавното здравство посочувајќи дека и покрај толку раководни позиции во јавно здравствените установи, каде покрај медицински директори има и економски, наместо здравствениот систем да ги нуди сите услуги кој се базираат на функционалност, достапност, транспарентност и отчетност ние имаме ситуација каде што од ден на ден, се повеќе се губи довербата во јавниот здравствен систем.
Тој дуализам води до состојби на уценување, на одбирање на кадрова политика, која што за жал не ги бира оние кои што најквалитетни и кои што треба да бидат во јавниот здравствен сектор за да ги овозможат здравствените услуги кон пациентите, туку еден политички пазар во зависност од тоа од која политичка партија се економскиот и здравствен директор, да видат дали едниот или другиот ќе успее да ги наметне своите желби и потреби. Тоа не смее да функционира повеќе така, треба да се планира функционален здравствен систем и од рамномерно регионално развивање, но исто така, адекватно кадрово екипирање и опремување на здравствените институции со модерна опрема. Сето тоа е можно само доколку има менаџмент кој што ќе се грижи за унапредување на јавната здравствена установа, а нема да се занимава со работи кои што влегуваат во рамките на она што се афери или криминал“, рече Стојановски.
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, доктор Ристо Симеонов потенцираше дека во периодот 2024-2028 ќе се заврши Клиничката болница во Штип која ќе биде модерно опремена регионална болница заедно со уште четири други од веќе постоечките кои ќе даваат услуги од секундарно и терциерно ниво на здравствена заштита за граѓаните да не мора да патуваат за Скопје.  

The post Изградба на Клинички центар Штип, 6 бесплатни ИН ВИТРО постапки, финансиска помош за прво, второ и трето дете appeared first on Република.

]]>
Проф. д-р Алексиоска-Папестиев: Клиничкиот центар во Скопје беше прекрасно замислен со одобрени средства од Светска банка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-d-r-aleksioska-papestiev-klinichkiot-tsentar-vo-skopje-beshe-prekrasno-zamislen-so-odobreni-sredstva-od-svetka-banka/ Sat, 17 Feb 2024 19:00:57 +0000 https://republika.mk/?p=745202

Проф.др Ирена Алексиоска-Папестиев во интервјуто за „Република“ проговори за инфраструктурните проблеми со кои се соочува здравството и за ветените но неоставарени проекти од страна на актуелнaта власт.

Инфраструктурата е во многу лоша состојба.Клинички центар  се ветуваше а веќе имавме готов проект со одобрени средства од Светска банка.Тој беше прекрасно замислен.На местото на старата гинекологија се планираше да се изгради тој современ центар кој со топли ходници ќе беше поврзан со хируршките клиники кои исто така требаше да бидат реновирани.Имаше планирано и две катни гаражи и да немаше сообраќај во самиот Клинички центар туку пациентите да се движат низ покриени ходници.Штета што не се реализира и сега плаќаме пенали-објаснува професорката за „Република“.

https://www.youtube.com/watch?v=5QgZFtrVtiY

https://republika.mk/vesti/makedonija/prof-d-r-aleksioska-papestiev-politichkata-i-natsionalna-pripadnost-ne-treba-da-bidat-primarni-pri-vrabotuvanata-vo-zdravstvoto/

The post Проф. д-р Алексиоска-Папестиев: Клиничкиот центар во Скопје беше прекрасно замислен со одобрени средства од Светска банка appeared first on Република.

]]>

Проф.др Ирена Алексиоска-Папестиев во интервјуто за „Република“ проговори за инфраструктурните проблеми со кои се соочува здравството и за ветените но неоставарени проекти од страна на актуелнaта власт.
Инфраструктурата е во многу лоша состојба.Клинички центар  се ветуваше а веќе имавме готов проект со одобрени средства од Светска банка.Тој беше прекрасно замислен.На местото на старата гинекологија се планираше да се изгради тој современ центар кој со топли ходници ќе беше поврзан со хируршките клиники кои исто така требаше да бидат реновирани.Имаше планирано и две катни гаражи и да немаше сообраќај во самиот Клинички центар туку пациентите да се движат низ покриени ходници.Штета што не се реализира и сега плаќаме пенали-објаснува професорката за „Република“.
https://www.youtube.com/watch?v=5QgZFtrVtiY https://republika.mk/vesti/makedonija/prof-d-r-aleksioska-papestiev-politichkata-i-natsionalna-pripadnost-ne-treba-da-bidat-primarni-pri-vrabotuvanata-vo-zdravstvoto/

The post Проф. д-р Алексиоска-Папестиев: Клиничкиот центар во Скопје беше прекрасно замислен со одобрени средства од Светска банка appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ќе ја доградиме клиничката болница во Штип и Скопје ќе има нов клинички центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-ke-ja-dogradime-klinichkata-bolnitsa-vo-shtip-i-skopje-ke-ima-nov-klinichki-tsentar/ Thu, 15 Feb 2024 21:53:05 +0000 https://republika.mk/?p=744604

ВМРО-ДПМНЕ секако планира да ја заврши во мандатот клиничката болница во Штип затоа што е потребна, затоа што е ветувана и врз основа на финансискиот капацитет и буџетските параметри ќе пристапиме кон реализација на овој проект, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, одговарајќи на прашање околу ставот на ВМРО-ДПМНЕ за нов клинички центар.

Тој исто така додаде дека откако ќе се видат параметрите во буџетот ќе се одлучи која опција ќе се избере за изградбата на новиот клинички центар, но ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека Македонија мора да има јавно здравство кое ќе одговара на потребите на граѓаните.

„Дали тоа ќе биде клинички центар надвор од постојното место, дали ќе се вратиме на стариот проект за којшто беше потпишан договор кој што беше пет до шест пати со помала цена споредено со оној договор во владата на ДУИ и СДСМ кога беше министер Венко Филипче и тие што го наследија, дали некој нов трет концепт, дали нешто коешто ќе биде нов финансиски модел, тоа откако ќе ги видиме параметрите во буџетот. Затоа што тоа што сега го имаме како параметар е навистина алармантно“, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека многу е важно да не се повторуваат морбидните скандали коишто се случија за време на владеењето на СДСМ и ДУИ.

„Нашиот став е дека мора да имаме модерно јавно здравство и јавно здравство коешто ќе одговара на потребите на граѓаните. Да не ни се случува Онкологија, да не ни се случува УКРО и сите оние, би рекол морбидни крими состојби коишто таму се случувале на грбот на пациентите. Да не ни се случува грабеж којшто се случуваше со „Стабри“ итн. Тоа е само еден мал дел од индициите со коишто ние располагаме и доказите со коишто ние располагаме“, подвлече Мицкоски и додаде:

Здравството мора да биде согласно потребите на граѓаните, имаме концепт и за тоа зборувавме и на трибината во Штип и ценам дека ќе успееме во сето тоа бидејќи навистина имаме јасен план.

The post Мицкоски: Ќе ја доградиме клиничката болница во Штип и Скопје ќе има нов клинички центар appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ секако планира да ја заврши во мандатот клиничката болница во Штип затоа што е потребна, затоа што е ветувана и врз основа на финансискиот капацитет и буџетските параметри ќе пристапиме кон реализација на овој проект, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, одговарајќи на прашање околу ставот на ВМРО-ДПМНЕ за нов клинички центар. Тој исто така додаде дека откако ќе се видат параметрите во буџетот ќе се одлучи која опција ќе се избере за изградбата на новиот клинички центар, но ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека Македонија мора да има јавно здравство кое ќе одговара на потребите на граѓаните.