Клиничка болница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klinichka-bolnica/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Sep 2024 05:54:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Клиничка болница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klinichka-bolnica/ 32 32 Три фирми пројавиле интерес за тендерот за компресорската станица на Клиничкиот центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tri-firmi-projavile-interes-za-tenderot-za-kompresorskata-stanitsa-na-klinichkiot-tsentar/ Fri, 06 Sep 2024 05:54:53 +0000 https://republika.mk/?p=813671

Три фирми досега пројавиле интерес за тендерот за компресорската станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Информацијата за МИА ја потврди Стојче Николовски, стручно лице за посета на терен, задолжено од комисијата и раководител на Секторот за техники работи во ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар - Скопје.

- Три заинтересирани фирми ја посетија локацијата со цел да видат што ќе биде потребно да се набави и каде да го монтираат тоа, појасни Николовски во изјава за МИА.

Во мај, операциони сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”.

Беше распишан тендер за набавка на нова компресорска станица, кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда.

На 12 септември завршува новиот тендер, а министерот за здравство Арбен Таравари изрази надеж дека сега ќе се пријави некоја фирма.

- Се надевам дека ќе се пријави, за да го решиме овој проблем барем ако е можно до крајот на годината, одговори Таравари на новинарско прашање, по посетата на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија на 16 август.

Претходно, кон крајот на јули, министерот рече дека не може да предвиди дали ќе има пријавени, но, оти овој проблем не треба да се одолговлекува. Тогаш, тој не исклучи ни директно договарање меѓу Министерството и изведувач, доколку не се појави заинтересирана фирма

The post Три фирми пројавиле интерес за тендерот за компресорската станица на Клиничкиот центар appeared first on Република.

]]>

Три фирми досега пројавиле интерес за тендерот за компресорската станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Информацијата за МИА ја потврди Стојче Николовски, стручно лице за посета на терен, задолжено од комисијата и раководител на Секторот за техники работи во ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар - Скопје.
- Три заинтересирани фирми ја посетија локацијата со цел да видат што ќе биде потребно да се набави и каде да го монтираат тоа, појасни Николовски во изјава за МИА.
Во мај, операциони сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”. Беше распишан тендер за набавка на нова компресорска станица, кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда. На 12 септември завршува новиот тендер, а министерот за здравство Арбен Таравари изрази надеж дека сега ќе се пријави некоја фирма.
- Се надевам дека ќе се пријави, за да го решиме овој проблем барем ако е можно до крајот на годината, одговори Таравари на новинарско прашање, по посетата на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија на 16 август.
Претходно, кон крајот на јули, министерот рече дека не може да предвиди дали ќе има пријавени, но, оти овој проблем не треба да се одолговлекува. Тогаш, тој не исклучи ни директно договарање меѓу Министерството и изведувач, доколку не се појави заинтересирана фирма

The post Три фирми пројавиле интерес за тендерот за компресорската станица на Клиничкиот центар appeared first on Република.

]]>
Во Клиничката болница во Штип недостигаат 130 вработени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-klinichkata-bolnitsa-vo-shtip-nedostigaat-130-vraboteni/ Tue, 20 Aug 2024 14:00:26 +0000 https://republika.mk/?p=808349

Во Клиничка болница Штип во моментот има вработени само 420 лица, а според систематизација потребно е да се пополнети 550 работни места. Новиот директор на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев изјави дека недостигаат 130 лекари, медицински и технички кадар.

Тој посочува дека деновиве има разговори и со надлежните во министерството за здравство со цел да се вработат нови 33 вработени, кои нема да бидат доволни, но се повеќе од потребни. Захариев најави дека до крајот на неделата заменик министерот за здравство треба да ја посети штипската Клиничка болница, и да се откочи процесот, со кој ќе можат да се вработат нови лица. Недостиг на кадар има на сите одделенија.

Тие 33 се многу мала бројка, но мислам дека ќе бидат доволни за некаде алармантно каде што треба да се пополни. Анестезиолозите се дефицитарни, тројца имавме, до пред десет дена беа двајца, вели Захариев.

Дополнително докторите од штипската болница имаат договори за соработка со помалите здравствени установи, каде одат на помош. Ова е заради фактот дека недостиг има и во останатите болници, а треба да бидат опслужени соодветно сите пациенти.

Последните вработувања во Клиничка болница беа кон крајот на минатата година, а требаше во меѓувреме да има и нов конкурс за вработување. Реалната состојба минатата година покажа дека има доволно заинтересиран медицински кадар кој би можел да се вработи во болницата. За тоа говори фактот дека за 16 слободни места лани се пријавија дури 61 лице.

The post Во Клиничката болница во Штип недостигаат 130 вработени appeared first on Република.

]]>

Во Клиничка болница Штип во моментот има вработени само 420 лица, а според систематизација потребно е да се пополнети 550 работни места. Новиот директор на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев изјави дека недостигаат 130 лекари, медицински и технички кадар. Тој посочува дека деновиве има разговори и со надлежните во министерството за здравство со цел да се вработат нови 33 вработени, кои нема да бидат доволни, но се повеќе од потребни. Захариев најави дека до крајот на неделата заменик министерот за здравство треба да ја посети штипската Клиничка болница, и да се откочи процесот, со кој ќе можат да се вработат нови лица. Недостиг на кадар има на сите одделенија.
Тие 33 се многу мала бројка, но мислам дека ќе бидат доволни за некаде алармантно каде што треба да се пополни. Анестезиолозите се дефицитарни, тројца имавме, до пред десет дена беа двајца, вели Захариев.
Дополнително докторите од штипската болница имаат договори за соработка со помалите здравствени установи, каде одат на помош. Ова е заради фактот дека недостиг има и во останатите болници, а треба да бидат опслужени соодветно сите пациенти. Последните вработувања во Клиничка болница беа кон крајот на минатата година, а требаше во меѓувреме да има и нов конкурс за вработување. Реалната состојба минатата година покажа дека има доволно заинтересиран медицински кадар кој би можел да се вработи во болницата. За тоа говори фактот дека за 16 слободни места лани се пријавија дури 61 лице.

The post Во Клиничката болница во Штип недостигаат 130 вработени appeared first on Република.

]]>
Клиничката болница во Битола доби нов директор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/klinichkata-bolnica-vo-bitola-dobi-nov-direktor/ Thu, 26 May 2022 13:38:19 +0000 https://republika.mk/?p=507303

Министерството за здравство ја разреши Билјана Гагачовска и за нов директор на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола го именува Александар Обедниковски, лекар специјалист ортопед.

Обедниковски во ЈЗУ Клиничка болница е вработен од 2014 година кога истовремено специјализирал ортопедија, а во 2018 година суб-специјализирал трауматологија.

Своите стручни знаења тој ги усовршувал и во повеќе европски држави, меѓу кои Шведска, Грција и Франција.

The post Клиничката болница во Битола доби нов директор appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство ја разреши Билјана Гагачовска и за нов директор на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола го именува Александар Обедниковски, лекар специјалист ортопед. Обедниковски во ЈЗУ Клиничка болница е вработен од 2014 година кога истовремено специјализирал ортопедија, а во 2018 година суб-специјализирал трауматологија. Своите стручни знаења тој ги усовршувал и во повеќе европски држави, меѓу кои Шведска, Грција и Франција.

The post Клиничката болница во Битола доби нов директор appeared first on Република.

]]>
Крадци сe обиделе да украдат бакарна цевка од боца за кислород во штипската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kradci-se-obidele-da-ukradat-bakarna-cevka-od-boca-za-kislorod-vo-shtipskata-bolnica/ Fri, 25 Mar 2022 19:48:47 +0000 https://republika.mk/?p=478626

Крадци се обиделе да украдат бакарна цевка од боца за кислород во гас централата што го снабдува инфективното одделение во Клиничка болница-Штип.

Станицата за течен кислород се наоѓа кај модуларната болница, која е одалечена од зградата на Инфективното одделение во кое се лекуваат ковид болните.

Според надлежните од болницата, крадецот најверојатно се исплашил од шуштењето на воздухот па побегнал. Тоа го спречило да направи штета и снабдувањето со кислород за четворицата пациенти на одделението не било доведено во прашање.

Случајот е пријавен во СВР-Штип, информира портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска.

Од СВР-Штип велат дека извршен е увид и се уште се трага по сторителот.

The post Крадци сe обиделе да украдат бакарна цевка од боца за кислород во штипската болница appeared first on Република.

]]>

Крадци се обиделе да украдат бакарна цевка од боца за кислород во гас централата што го снабдува инфективното одделение во Клиничка болница-Штип. Станицата за течен кислород се наоѓа кај модуларната болница, која е одалечена од зградата на Инфективното одделение во кое се лекуваат ковид болните. Според надлежните од болницата, крадецот најверојатно се исплашил од шуштењето на воздухот па побегнал. Тоа го спречило да направи штета и снабдувањето со кислород за четворицата пациенти на одделението не било доведено во прашање. Случајот е пријавен во СВР-Штип, информира портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска. Од СВР-Штип велат дека извршен е увид и се уште се трага по сторителот.

The post Крадци сe обиделе да украдат бакарна цевка од боца за кислород во штипската болница appeared first on Република.

]]>