Климент Охридски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kliment-ohridski/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Dec 2023 11:57:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Климент Охридски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kliment-ohridski/ 32 32 Владина делегација предводена од Ковачевски, положи цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladina-delegatsija-predvodena-od-kovachevski-polozhi-tsveke-pred-spomenikot-na-sveti-kliment-ohridski/ Fri, 08 Dec 2023 11:57:51 +0000 https://republika.mk/?p=720994

Владина делегација, предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, положи цвеќе и оддаде почит на патронот на македонската култура, една од најзначајните личности за македонската писменост, Свети Климент Охридски, во рамки на одбележувањето на денешниот голем државен празник 8 Декември – „Св. Климент Охридски“.

Во состав на владината делегација се заменичката министерка за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ и заменикот министер за транспорт и врски, Беким Реџепи.

Пред споменикот на Свети Климент Охридски, на платото пред истоимената Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, во Скопје, во чест на големиот просветител и духовник, основач на Охридската книжевна школа, положија цвеќе и оддадоа почит и делегации од Собранието на Република Македонија, од Кабинетот на претседателот на Република  Македонија, од Армијата на Република  Македонија, од Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија, претставници од дипломатски кор, од парламентарни политички партии.

Владата на Република Македонија продолжува активно да ги штити и промовира македонскиот јазик, литература и култура, како достоинствен начин на продолжување на светиклиментовото просветителско дело.

The post Владина делегација предводена од Ковачевски, положи цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски appeared first on Република.

]]>

Владина делегација, предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, положи цвеќе и оддаде почит на патронот на македонската култура, една од најзначајните личности за македонската писменост, Свети Климент Охридски, во рамки на одбележувањето на денешниот голем државен празник 8 Декември – „Св. Климент Охридски“. Во состав на владината делегација се заменичката министерка за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ и заменикот министер за транспорт и врски, Беким Реџепи. Пред споменикот на Свети Климент Охридски, на платото пред истоимената Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, во Скопје, во чест на големиот просветител и духовник, основач на Охридската книжевна школа, положија цвеќе и оддадоа почит и делегации од Собранието на Република Македонија, од Кабинетот на претседателот на Република  Македонија, од Армијата на Република  Македонија, од Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија, претставници од дипломатски кор, од парламентарни политички партии. Владата на Република Македонија продолжува активно да ги штити и промовира македонскиот јазик, литература и култура, како достоинствен начин на продолжување на светиклиментовото просветителско дело.

The post Владина делегација предводена од Ковачевски, положи цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски appeared first on Република.

]]>
Ковачевски со честитка за празникот Свети Климент Охридски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-so-chestitka-za-praznikot-sveti-kliment-ohridski/ Thu, 08 Dec 2022 08:58:07 +0000 https://republika.mk/?p=583192

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, денеска по повод 8 Декември, големиот празникот Свети Климент Охридски упати честитка до граѓаните.

Денеска одаваме почит и го славиме Свети Климент Охридски, ученикот на Светите браќа Кирил и Методиј и основач на Охридската книжевна школа.

Свети Климент Охридски има непроценлив придонес во етаблирањето на нашата култура. Неговата мисија е директно поврзана со почетоците на македонската писменост и тоа е трајно врежано во нашиот, македонски идентитет.

Го осигуравме признанието на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Денес, македонскиот јазик е меѓународно признат, покрај во Обединетите нации, рамноправно е застапен заедно со сите други европски јазици и во Европската Унија.

Како што успеал Свети Климент во неговата мисијата, сите ние имаме должност и обврска да успееме во надминувањето на секој предизвик, трпеливо, со храбри дела и со позитивни примери, со разбирање и помагање да ги заштитиме вредностите што нѐ обединуваат како граѓани, како народ и како држава.

Да ни е честит големиот празник, Свети Климент Охридски, стои во честитката на Ковачевски.

The post Ковачевски со честитка за празникот Свети Климент Охридски appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, денеска по повод 8 Декември, големиот празникот Свети Климент Охридски упати честитка до граѓаните. Денеска одаваме почит и го славиме Свети Климент Охридски, ученикот на Светите браќа Кирил и Методиј и основач на Охридската книжевна школа. Свети Климент Охридски има непроценлив придонес во етаблирањето на нашата култура. Неговата мисија е директно поврзана со почетоците на македонската писменост и тоа е трајно врежано во нашиот, македонски идентитет. Го осигуравме признанието на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Денес, македонскиот јазик е меѓународно признат, покрај во Обединетите нации, рамноправно е застапен заедно со сите други европски јазици и во Европската Унија. Како што успеал Свети Климент во неговата мисијата, сите ние имаме должност и обврска да успееме во надминувањето на секој предизвик, трпеливо, со храбри дела и со позитивни примери, со разбирање и помагање да ги заштитиме вредностите што нѐ обединуваат како граѓани, како народ и како држава. Да ни е честит големиот празник, Свети Климент Охридски, стои во честитката на Ковачевски.

The post Ковачевски со честитка за празникот Свети Климент Охридски appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Поучени од хуманизмот, трудољубивоста и чесноста на Св. Климент Охридски да придонесуваме кон изградба на поубав свет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-poucheni-od-humanizmot-trudoljubivosta-i-chesnosta-na-sv-kliment-ohridski-da-pridonesuvame-kon-izgradba-na-poubav-svet/ Thu, 08 Dec 2022 08:45:42 +0000 https://republika.mk/?p=583187

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православната вероисповед.

Имам особено задоволство и чест да ви го честитам големиот празник – Свети Климент Oхридски и да ви посакам празникот да го поминете во добро здравје, радост и среќа, исполнети со љубов и хармонија. Празнувањето на денот посветен на големиот просветител и патрон на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, за нас има многу повеќе од духовно и религиозно значење. Неговата писателска и воопшто научно-образовна дејност е темелот на кој го базираме нашето духовно, културно и општествено постоење. Делото на Свети Климент Охридски ги надминува сите етнички и географски рамки заземајќи неизбришливо место во меморијата на човечката цивилизација и со гордост го споделуваме со нашите соседи и со целиот eвропски континент, напиша претседателот во честитката.

Поучени од хуманизмот, трудољубивоста, посветеноста и чесноста на Свети Климент Охридски, како што потенцира Пендаровски, да придонесуваме кон изградба на подобар и поубав свет.

The post Пендаровски: Поучени од хуманизмот, трудољубивоста и чесноста на Св. Климент Охридски да придонесуваме кон изградба на поубав свет appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православната вероисповед. Имам особено задоволство и чест да ви го честитам големиот празник – Свети Климент Oхридски и да ви посакам празникот да го поминете во добро здравје, радост и среќа, исполнети со љубов и хармонија. Празнувањето на денот посветен на големиот просветител и патрон на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, за нас има многу повеќе од духовно и религиозно значење. Неговата писателска и воопшто научно-образовна дејност е темелот на кој го базираме нашето духовно, културно и општествено постоење. Делото на Свети Климент Охридски ги надминува сите етнички и географски рамки заземајќи неизбришливо место во меморијата на човечката цивилизација и со гордост го споделуваме со нашите соседи и со целиот eвропски континент, напиша претседателот во честитката. Поучени од хуманизмот, трудољубивоста, посветеноста и чесноста на Свети Климент Охридски, како што потенцира Пендаровски, да придонесуваме кон изградба на подобар и поубав свет.

The post Пендаровски: Поучени од хуманизмот, трудољубивоста и чесноста на Св. Климент Охридски да придонесуваме кон изградба на поубав свет appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Светиот Климент пред еден милениум знаел дека само грамотен народ е силен и неуништлив https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-svetiot-kliment-pred-eden-milenium-znael-deka-samo-gramoten-narod-e-silen-i-neunishtliv/ Thu, 08 Dec 2022 08:34:16 +0000 https://republika.mk/?p=583185

Светиот Климент пред еден милениум знаел дека само грамотен народ е силен и неуништлив, напиша во честитката по повод празникот Свети Климент Охридски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Свети Климент Охридски, како што вели Мицкоски, е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Свети Климент не се штедел себе, и целиот свој живот го поминал помагајќи на другите, така денес е еден од најзначајните темели и на МПЦ-ОА. Ликот и делото на Свети Климент Охридски е силно врежано во македонската историја и паметење. Неговата мисија за описменување имаше за цел да се спротивстави на однародувањето и асимилацијата. Нашата култура, јазик и идентитет се посебно обележје со кои што треба да се гордееме и да ги чуваме. Но и делото на Свети Климент е завет да изградиме генерации кои со своите силни капацитети ќе се спротивстават на било која злоупотреба, атак или современа форма на поништување. Светиот Климент пред еден милениум знаел дека само грамотен народ е силен и неуништлив. Денес грамотен народ може да се спротивстави на современото зло на корупцијата и криминалот кој ја уништуваат нашата заедница и држава. Грамотен народ може да се спротивстави на владејачки елити кои го злоупотребуваат народот до исцрпување, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Гордост и успех за нас, како што посочува тој во честитката, е да направиме силни, образувани и успешни генерации да ја продолжат борбата за успешна македонска иднина тука во Македонија.

Мисијата на Свети Климент Охридски треба да е поука за сите генерации дека чувањето на културната, јазичната и националната посебност како должност и аманет. Со право го славиме Свети Климент чие духовното, книжевно и црковно наследство е значаен белег за Македонија. Нека ни е честит и за многу години големиот празник – Свети Климент Охридски!, истакнува Мицкоски.

The post Мицкоски: Светиот Климент пред еден милениум знаел дека само грамотен народ е силен и неуништлив appeared first on Република.

]]>

Светиот Климент пред еден милениум знаел дека само грамотен народ е силен и неуништлив, напиша во честитката по повод празникот Свети Климент Охридски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Свети Климент Охридски, како што вели Мицкоски, е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот. Свети Климент не се штедел себе, и целиот свој живот го поминал помагајќи на другите, така денес е еден од најзначајните темели и на МПЦ-ОА. Ликот и делото на Свети Климент Охридски е силно врежано во македонската историја и паметење. Неговата мисија за описменување имаше за цел да се спротивстави на однародувањето и асимилацијата. Нашата култура, јазик и идентитет се посебно обележје со кои што треба да се гордееме и да ги чуваме. Но и делото на Свети Климент е завет да изградиме генерации кои со своите силни капацитети ќе се спротивстават на било која злоупотреба, атак или современа форма на поништување. Светиот Климент пред еден милениум знаел дека само грамотен народ е силен и неуништлив. Денес грамотен народ може да се спротивстави на современото зло на корупцијата и криминалот кој ја уништуваат нашата заедница и држава. Грамотен народ може да се спротивстави на владејачки елити кои го злоупотребуваат народот до исцрпување, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Гордост и успех за нас, како што посочува тој во честитката, е да направиме силни, образувани и успешни генерации да ја продолжат борбата за успешна македонска иднина тука во Македонија. Мисијата на Свети Климент Охридски треба да е поука за сите генерации дека чувањето на културната, јазичната и националната посебност како должност и аманет. Со право го славиме Свети Климент чие духовното, книжевно и црковно наследство е значаен белег за Македонија. Нека ни е честит и за многу години големиот празник – Свети Климент Охридски!, истакнува Мицкоски.

The post Мицкоски: Светиот Климент пред еден милениум знаел дека само грамотен народ е силен и неуништлив appeared first on Република.

]]>
Се празнува 8 Декември – Св. Климент Охридски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-praznuva-8-dekemvri-sv-kliment-ohridski/ Thu, 08 Dec 2022 07:31:23 +0000 https://republika.mk/?p=583171

Во земјава денеска со низа настани се одбележува 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски. Пред споменикот на Св. Климент Охридски пред Националната универзитетска библиотека во Скопје, собраниска и владина делегација ќе положи цвеќе, а во Собранието ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“.

Во состав на владината делегација ќе бидат заменик министерот за правда Агим Нухиу, заменик министерот за финансии Филип Николоски и заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска, а во состав на собраниската делегација потпретседателот Горан Мисовски, Даниела Марковска и Велика Стојкова-Серафимовска.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Во областа на воспитанието и образованието, годинава наградата ќе му биде доделена на универзитетскиот професор д-р Африм Османи, наградата за остварување во областа на културата и уметноста им се доделува на писателот – академик Влада Урошевиќ и на ликовниот уметник Исмет Рамиќевиќ, а наградата за остварување во областа на здравството му се доделува на кардиохирургот професор д-р. Сашко Јовев.

Св. Климент Охридски е патрон и на Охрид каде празнувањата почнаа завчера. Чествувањата продолжуваат и денеска со поклон пред моштите на Свети Климент Охридски во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон” на Плаошник. Потоа предвидено е полагање цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски во училишниот двор на ООУ „Свети Климент Охридски“ и на монументалниот споменик на Свети Климент Охридски на Градскиот плоштад, како и врачување награди на најдобрите поетски творби на наградниот ученички литературен конкурс по повод Патронот на Охрид.

Програмата ќе се заокружи со настап на Македонските фолклорни ансамбли во чест на Свети Климент Охридски на големата сцена во центарот за култура „Григор Прличев“.

Денешниот ден е прогласен за неработен ден во државата.

The post Се празнува 8 Декември – Св. Климент Охридски appeared first on Република.

]]>

Во земјава денеска со низа настани се одбележува 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски. Пред споменикот на Св. Климент Охридски пред Националната универзитетска библиотека во Скопје, собраниска и владина делегација ќе положи цвеќе, а во Собранието ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“. Во состав на владината делегација ќе бидат заменик министерот за правда Агим Нухиу, заменик министерот за финансии Филип Николоски и заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска, а во состав на собраниската делегација потпретседателот Горан Мисовски, Даниела Марковска и Велика Стојкова-Серафимовска. Државната награда „Св. Климент Охридски“ се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Во областа на воспитанието и образованието, годинава наградата ќе му биде доделена на универзитетскиот професор д-р Африм Османи, наградата за остварување во областа на културата и уметноста им се доделува на писателот – академик Влада Урошевиќ и на ликовниот уметник Исмет Рамиќевиќ, а наградата за остварување во областа на здравството му се доделува на кардиохирургот професор д-р. Сашко Јовев. Св. Климент Охридски е патрон и на Охрид каде празнувањата почнаа завчера. Чествувањата продолжуваат и денеска со поклон пред моштите на Свети Климент Охридски во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон” на Плаошник. Потоа предвидено е полагање цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски во училишниот двор на ООУ „Свети Климент Охридски“ и на монументалниот споменик на Свети Климент Охридски на Градскиот плоштад, како и врачување награди на најдобрите поетски творби на наградниот ученички литературен конкурс по повод Патронот на Охрид. Програмата ќе се заокружи со настап на Македонските фолклорни ансамбли во чест на Свети Климент Охридски на големата сцена во центарот за култура „Григор Прличев“. Денешниот ден е прогласен за неработен ден во државата.

The post Се празнува 8 Декември – Св. Климент Охридски appeared first on Република.

]]>
Охрид ќе избира најдобра поетска творба посветена на Св. Климент Охридски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ohrid-kje-izbira-najdobra-poetska-tvorba-posvetena-na-sv-kliment-ohridski/ Tue, 08 Nov 2022 07:56:16 +0000 https://republika.mk/?p=571212

По повод 8-ми Декември – Св. Климент Охридски – Патрон на градот, општина Охрид распиша награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба.

Темата е Охрид и животот и дејноста на Свети Климент Охридски. Ќе бидат доделени три први награди во три различни категории:

I За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение);
II За ученици од предметна настава(од шесто до деветто одделение);
III За ученици во средно образование (од прва до четврта година).

Износот на наградата за првата категорија е 2.000 денари, за втората 3.000, а за третата 4.000 денари.

Изборот на најдобрите поетски творби ќе го направи тричлена жири-комисија, формирана од градоначалникот на општина Охрид. Право на учество имаат сите редовни ученици од основните и средните училишта на подрачјето на општината.

Творбите, во три примероци, во затворен плик, под шифра, треба да се испратат најдоцна до 30-ти ноември на адреса: Општина Охрид, улица „Димитар Влахов“ бр. 57 (со назнака: За Конкурсот за наградени творби и со наведена категорија за која се конкурира). Авторството се докажува со четвртиот примерок.

Наградите ќе бидат врачени на една од свеченостите организирани по повод 8-ми Декември.

The post Охрид ќе избира најдобра поетска творба посветена на Св. Климент Охридски appeared first on Република.

]]>

По повод 8-ми Декември – Св. Климент Охридски – Патрон на градот, општина Охрид распиша награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба. Темата е Охрид и животот и дејноста на Свети Климент Охридски. Ќе бидат доделени три први награди во три различни категории: I За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение); II За ученици од предметна настава(од шесто до деветто одделение); III За ученици во средно образование (од прва до четврта година). Износот на наградата за првата категорија е 2.000 денари, за втората 3.000, а за третата 4.000 денари. Изборот на најдобрите поетски творби ќе го направи тричлена жири-комисија, формирана од градоначалникот на општина Охрид. Право на учество имаат сите редовни ученици од основните и средните училишта на подрачјето на општината. Творбите, во три примероци, во затворен плик, под шифра, треба да се испратат најдоцна до 30-ти ноември на адреса: Општина Охрид, улица „Димитар Влахов“ бр. 57 (со назнака: За Конкурсот за наградени творби и со наведена категорија за која се конкурира). Авторството се докажува со четвртиот примерок. Наградите ќе бидат врачени на една од свеченостите организирани по повод 8-ми Декември.

The post Охрид ќе избира најдобра поетска творба посветена на Св. Климент Охридски appeared first on Република.

]]>
Не сакавме да објавуваме, но уште во 2019 година е решено заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-sakavme-da-objavuvame-no-ushte-vo-2019-godina-e-resheno-zaednichko-chestvuvanje-na-car-samoil-kiril-i-metodij-kliment-ohridski/ Sun, 03 Apr 2022 11:23:45 +0000 https://republika.mk/?p=482578

Македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања е важен елемент во процесот на преговори, бидејќи нејзината задача е да ја задржи дебатата по историски прашања, со цел политичарите, граѓаните и општествата не се занимаваат со тие прашања, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со медиумите.

Османи посочи дека заклучокот од последната средба на Комисијата во Скопје за позитивна атмосфера и отворен дијалог се однесува на односите меѓу членовите, кога тие пред околу една година не постигнуваа никаков напредок, а средбите се одвиваа без обид да се разберат едни со други, со навреди и без сослушување.

Целта на комисијата не е да објавува резултати, целта е да ја задржи темата научно, да ја елаборира и да ја работи, а постојано да биде конструктивна и политичкиот процес да има доверба во тој инструмент. Мислам дека последниве неколку средби го постигнуваат токму тоа. Гледате дека ние како Влада не зборуваме за историски прашања, тоа е целта – тие да зборуваат. Првата цел е постигната, се сретнуваат често, што е исто така важно и еве двете страни имаме доверба дека почнаа да работат како што треба и нема потреба од наше вмешување, вели Османи.

Министерот истакна и дека позитивните коментари од бугарскиот премиер Кирил Петков немаат никаква разлика од тоа што тој го кажува денеска.

Во 2019 година е решено прашањето за заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски. Овие договори не се објавени, бидејќи чекавме во овој процес на заокружување на политичките прашања да најдеме начин кога и како ќе се објават текстовите, но членовите на Историската комисија од наша страна стојат во одбрана на тоа што го потпишале и го одобриле како текст. Во моментов се зборува дали тие содржини ќе се препорачаат на училиштата за учебниците и сепак оставам Комисијата да ги објасни тие детали, додаде Османи.

Тој заклучи дека се потребни почести средби на македонско-бугарската Комисија и оти во моментов не постои сомнеж кон нејзините членови дека ќе прават компромиси што се надвор од нивните убедувања.

The post Не сакавме да објавуваме, но уште во 2019 година е решено заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски appeared first on Република.

]]>

Македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања е важен елемент во процесот на преговори, бидејќи нејзината задача е да ја задржи дебатата по историски прашања, со цел политичарите, граѓаните и општествата не се занимаваат со тие прашања, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со медиумите. Османи посочи дека заклучокот од последната средба на Комисијата во Скопје за позитивна атмосфера и отворен дијалог се однесува на односите меѓу членовите, кога тие пред околу една година не постигнуваа никаков напредок, а средбите се одвиваа без обид да се разберат едни со други, со навреди и без сослушување.
Целта на комисијата не е да објавува резултати, целта е да ја задржи темата научно, да ја елаборира и да ја работи, а постојано да биде конструктивна и политичкиот процес да има доверба во тој инструмент. Мислам дека последниве неколку средби го постигнуваат токму тоа. Гледате дека ние како Влада не зборуваме за историски прашања, тоа е целта – тие да зборуваат. Првата цел е постигната, се сретнуваат често, што е исто така важно и еве двете страни имаме доверба дека почнаа да работат како што треба и нема потреба од наше вмешување, вели Османи.
Министерот истакна и дека позитивните коментари од бугарскиот премиер Кирил Петков немаат никаква разлика од тоа што тој го кажува денеска.
Во 2019 година е решено прашањето за заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски. Овие договори не се објавени, бидејќи чекавме во овој процес на заокружување на политичките прашања да најдеме начин кога и како ќе се објават текстовите, но членовите на Историската комисија од наша страна стојат во одбрана на тоа што го потпишале и го одобриле како текст. Во моментов се зборува дали тие содржини ќе се препорачаат на училиштата за учебниците и сепак оставам Комисијата да ги објасни тие детали, додаде Османи.
Тој заклучи дека се потребни почести средби на македонско-бугарската Комисија и оти во моментов не постои сомнеж кон нејзините членови дека ќе прават компромиси што се надвор од нивните убедувања.

The post Не сакавме да објавуваме, но уште во 2019 година е решено заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски appeared first on Република.

]]>