климатски промени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klimatski-promeni/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 12:11:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png климатски промени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klimatski-promeni/ 32 32 Европејците најмногу стравуваат од ризици поврзани со климатските промени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropejtsite-najmnogu-stravuvaat-od-rizitsi-povrzani-so-klimatskite-promeni/ Mon, 30 Sep 2024 12:11:08 +0000 https://republika.mk/?p=821059

Граѓаните на ЕУ сметаат дека најмногу се изложени на ризици поврзани со влијанието на климатските промени, но и од безбедносните и социјалните предизвици, па затоа мнозинството од нив сметаат дека им се потребни повеќе информации за да бидат подготви за реакција во случај на елементарни непогоди и вонредни ситуации, покажуваат резултатите од истражувањето на Евробарометар објавени денеска.

Како што соопшти Европската комисија, во истражувањето спроведено во сите 27 земји членки на ЕУ, граѓаните биле прашани за мислење за нивната изложеност на ризици од непогоди, нивното ниво на знаење за реакција на нив, како и за изворите што ги користат за да дознаат за ризиците од непогоди.

Во дури 17 членки на ЕУ, граѓаните изјавиле дека најмногу стравуваат од ризици предизвикани од екстремните временски услови, како што се невремиња, суши или топлотни бранови.

За разлика од нив, најголем процент од жителите на Португалија, Кипар и Бугарија стравуваат од шумски пожари, а Швеѓаните, Данците и Чесите од кибер закани. Германците најмногу стравуваат од политички или геополитички тензии, Естонците од нанесување штети на критичната инфраструктура, а Финците од вонредни здравствени состојби.

Речиси две третини од испитаниците во анкетата изјавиле дека им се потребни повеќе информации за да бидат подготвени за реагирање при елементарни непогоди и вонредни ситуации, а над една третина дека имаат потешкотии во пронаоѓањето релевантни информации за овие прашања, објавени од властите и соодветните служби.

Речиси 40 отсто од испитаниците оцениле дека немаат доволно време или финансиски средства за да се подготват за евентуални непогоди или вонредни ситуации, но истовремено сметаат дека подобрата подготовка за реакција во вакви случаи ќе ја зголеми нивната индивидуална отпорност.

Мнозинството граѓани на ЕУ рекле дека веруваат оти службите за вонредни состојби се подготвени за адекватно справување со непогоди, како и за обезбедување информации и издавање предупредувања.

Но, од друга страна, анкетираните изјавиле дека при вонредни состојби повеќе се потпираат на членовите на семејството и пријателите, отколку на службите за итни случаи, невладините организации или локалните власти или државни агенции.

Речиси две третини од граѓаните на ЕУ рекле дека никогаш не учествувале во доброволна акција за поддршка на организациите за реакции при итни случаи или во иницијативи за зголемување на отпорноста при непогоди, додека само седум отсто од нив моментно се ангажирани во вакви активности.

Според еврокомесарот за справување со кризи Јанез Ленарчич, клучна компонента на отпорноста при катастрофи е населението да биде свесно за ризиците и подготвено за реакција.

– Треба да ги имаме предвид различните опасности, да бидеме соодветно подготвени и да изградиме отпорност во нашето општество. Ова ќе им помогне на луѓето да бидат подобро подготвени за ризиците со кои може да се соочат. Тоа ќе придонесе и за зајакнување на личната подготвеност, а луѓето ќе можат да продолжат да сметаат и на службите за итни случаи, додаде Ленарчич.

Тој нагласи дека ова истражување на Евробарометар дава вредни информации за нивото на свесност на Европејците за ризикот од непогоди и ќе придонесе за подобра подготвеност на европските општества за реакции во вонредни случаи.

ЕУ има на располагање неколку алатки за справување со вонредни состојби. На прво место е Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, во кој покрај 27-те членките на Унијата се вклучени и пет земји од Западниот Балкан (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора), како и Исланд, Молдавија, Норвешка, Турција и Украина. Целта на овој Механизам е подобрување на превенцијата, подготвеноста и способноста за одговор на вонредни состојби.

Кога некој вонреден настан ќе ги надмине можностите за одговор на една земја, таа може да побара помош преку овој Механизам. Од неговото основање во 2001 година, Механизмот за цивилна заштита на ЕУ досега е активиран за над 600 итни случаи.

Во февруари минатата година, Европската комисија усвои препораки за воспоставување заеднички цели за зајакнување на отпорноста при вонредни состојби до 2030 година, кои меѓу другото вклучуваат и значително зголемување на свесноста и подготвеноста на граѓаните за ризиците од непогоди и зајакнување на капацитетите на земјите вклучени во Механизмот за цивилна заштита за предвидување на големи елементарни непогоди и вонредни состојби и посоодветно справување со последиците од нив.

The post Европејците најмногу стравуваат од ризици поврзани со климатските промени appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на ЕУ сметаат дека најмногу се изложени на ризици поврзани со влијанието на климатските промени, но и од безбедносните и социјалните предизвици, па затоа мнозинството од нив сметаат дека им се потребни повеќе информации за да бидат подготви за реакција во случај на елементарни непогоди и вонредни ситуации, покажуваат резултатите од истражувањето на Евробарометар објавени денеска. Како што соопшти Европската комисија, во истражувањето спроведено во сите 27 земји членки на ЕУ, граѓаните биле прашани за мислење за нивната изложеност на ризици од непогоди, нивното ниво на знаење за реакција на нив, како и за изворите што ги користат за да дознаат за ризиците од непогоди. Во дури 17 членки на ЕУ, граѓаните изјавиле дека најмногу стравуваат од ризици предизвикани од екстремните временски услови, како што се невремиња, суши или топлотни бранови. За разлика од нив, најголем процент од жителите на Португалија, Кипар и Бугарија стравуваат од шумски пожари, а Швеѓаните, Данците и Чесите од кибер закани. Германците најмногу стравуваат од политички или геополитички тензии, Естонците од нанесување штети на критичната инфраструктура, а Финците од вонредни здравствени состојби. Речиси две третини од испитаниците во анкетата изјавиле дека им се потребни повеќе информации за да бидат подготвени за реагирање при елементарни непогоди и вонредни ситуации, а над една третина дека имаат потешкотии во пронаоѓањето релевантни информации за овие прашања, објавени од властите и соодветните служби. Речиси 40 отсто од испитаниците оцениле дека немаат доволно време или финансиски средства за да се подготват за евентуални непогоди или вонредни ситуации, но истовремено сметаат дека подобрата подготовка за реакција во вакви случаи ќе ја зголеми нивната индивидуална отпорност. Мнозинството граѓани на ЕУ рекле дека веруваат оти службите за вонредни состојби се подготвени за адекватно справување со непогоди, како и за обезбедување информации и издавање предупредувања. Но, од друга страна, анкетираните изјавиле дека при вонредни состојби повеќе се потпираат на членовите на семејството и пријателите, отколку на службите за итни случаи, невладините организации или локалните власти или државни агенции. Речиси две третини од граѓаните на ЕУ рекле дека никогаш не учествувале во доброволна акција за поддршка на организациите за реакции при итни случаи или во иницијативи за зголемување на отпорноста при непогоди, додека само седум отсто од нив моментно се ангажирани во вакви активности. Според еврокомесарот за справување со кризи Јанез Ленарчич, клучна компонента на отпорноста при катастрофи е населението да биде свесно за ризиците и подготвено за реакција. – Треба да ги имаме предвид различните опасности, да бидеме соодветно подготвени и да изградиме отпорност во нашето општество. Ова ќе им помогне на луѓето да бидат подобро подготвени за ризиците со кои може да се соочат. Тоа ќе придонесе и за зајакнување на личната подготвеност, а луѓето ќе можат да продолжат да сметаат и на службите за итни случаи, додаде Ленарчич. Тој нагласи дека ова истражување на Евробарометар дава вредни информации за нивото на свесност на Европејците за ризикот од непогоди и ќе придонесе за подобра подготвеност на европските општества за реакции во вонредни случаи. ЕУ има на располагање неколку алатки за справување со вонредни состојби. На прво место е Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, во кој покрај 27-те членките на Унијата се вклучени и пет земји од Западниот Балкан (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора), како и Исланд, Молдавија, Норвешка, Турција и Украина. Целта на овој Механизам е подобрување на превенцијата, подготвеноста и способноста за одговор на вонредни состојби. Кога некој вонреден настан ќе ги надмине можностите за одговор на една земја, таа може да побара помош преку овој Механизам. Од неговото основање во 2001 година, Механизмот за цивилна заштита на ЕУ досега е активиран за над 600 итни случаи. Во февруари минатата година, Европската комисија усвои препораки за воспоставување заеднички цели за зајакнување на отпорноста при вонредни состојби до 2030 година, кои меѓу другото вклучуваат и значително зголемување на свесноста и подготвеноста на граѓаните за ризиците од непогоди и зајакнување на капацитетите на земјите вклучени во Механизмот за цивилна заштита за предвидување на големи елементарни непогоди и вонредни состојби и посоодветно справување со последиците од нив.

The post Европејците најмногу стравуваат од ризици поврзани со климатските промени appeared first on Република.

]]>
Климатските промени двојно ги зголемија шансите за поплави во Централна Европа https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/klimatskite-promeni-dvojno-gi-zgolemija-shansite-za-poplavi-vo-tsentralna-evropa/ Wed, 25 Sep 2024 13:22:13 +0000 https://republika.mk/?p=819579

Научниците соопштија дека климатските промени предизвикани од човечки активности двојно ја зголемија веројатноста за повторни поплави во Централна Европа овој месец.

Анализата спроведена од World Weather Attribution, група меѓународни научници, го истражуваше влијанието на климатските промени врз обилните врнежи и поплавите што погодија некои европски земји како Полска, Чешка, Австрија, Романија, Унгарија, Германија и Словачка овој месец.

Анализата е направена од 24 еминентни научници од метеоролошки институции и универзитети во Велика Британија, Полска, Австрија, Чешка, Германија, Шведска, Холандија и САД.

Климатските промени предизвикани од човечки активности двојно ја зголемија веројатноста за поплави во кои животот го загубија 24 луѓе во Централна Европа. Интензитетот на дождот, исто така, се зголеми за седум проценти во регионот поради климатските промени, се наведува во анализата.

Доколку светот продолжи да согорува фосилни горива и порастот на глобалната температура достигне два степени, научниците веруваат дека врнежите слични на оние во Централна Европа ќе станат пет отсто поинтензивни и 50 отсто почести, предизвикувајќи ризик од разорни поплави, а тие предупредија на зголемените трошоци во погодените земји.

Џојс Кимутаи, истражувач на Одделот за климатски промени и животна средина на Институтот Грентам, Империал колеџ во Лондон, рече дека климатските промени влијаеле на врнежите што ја погодија централна Европа.

Според анализата, поплавите можат да имаат долгорочни ефекти и врз осигурителниот сектор.

The post Климатските промени двојно ги зголемија шансите за поплави во Централна Европа appeared first on Република.

]]>

Научниците соопштија дека климатските промени предизвикани од човечки активности двојно ја зголемија веројатноста за повторни поплави во Централна Европа овој месец. Анализата спроведена од World Weather Attribution, група меѓународни научници, го истражуваше влијанието на климатските промени врз обилните врнежи и поплавите што погодија некои европски земји како Полска, Чешка, Австрија, Романија, Унгарија, Германија и Словачка овој месец. Анализата е направена од 24 еминентни научници од метеоролошки институции и универзитети во Велика Британија, Полска, Австрија, Чешка, Германија, Шведска, Холандија и САД. Климатските промени предизвикани од човечки активности двојно ја зголемија веројатноста за поплави во кои животот го загубија 24 луѓе во Централна Европа. Интензитетот на дождот, исто така, се зголеми за седум проценти во регионот поради климатските промени, се наведува во анализата. Доколку светот продолжи да согорува фосилни горива и порастот на глобалната температура достигне два степени, научниците веруваат дека врнежите слични на оние во Централна Европа ќе станат пет отсто поинтензивни и 50 отсто почести, предизвикувајќи ризик од разорни поплави, а тие предупредија на зголемените трошоци во погодените земји. Џојс Кимутаи, истражувач на Одделот за климатски промени и животна средина на Институтот Грентам, Империал колеџ во Лондон, рече дека климатските промени влијаеле на врнежите што ја погодија централна Европа. Според анализата, поплавите можат да имаат долгорочни ефекти и врз осигурителниот сектор.

The post Климатските промени двојно ги зголемија шансите за поплави во Централна Европа appeared first on Република.

]]>
Следната недела во Њујорк самит за успорување на климатските промени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/slednata-nedela-vo-nujork-samit-za-usporuvane-na-klimatskite-promeni/ Sat, 21 Sep 2024 16:32:49 +0000 https://republika.mk/?p=818561

Годишната недела на климата во Њујорк следната недела и Генералното собрание на ОН ќе разговараат за тоа како да се соберат илјадници милијарди долари преку социјален ангажман за да им се помогне на посиромашните земји да не користат гас, нафта и јаглен што ја загадуваат и загреваат планетата.

Ќе има и специјален иден самит на ОН што ќе ги поврзе климатските промени и биодиверзитетот со други неодложни прашања како што е војната, и специјална сесија на ОН за заканата од зголемување на нивото на океаните и морињата. Претседателите на разговорите за климата во 2023, 2024 и 2025 година се обидуваат да ги турнат земјите во нова рунда на драматични намалувања на загадувањето.

Следната недела започнува двомесечен спринт во кој три града на три континенти одржуваат состаноци на високо ниво кои би можеле да бидат „последна шанса“ на човештвото да избегне надминување на заеднички договорените граници за затоплување. По неделата на климата во Њујорк, главниот град на Азербејџан, Баку, е домаќин на 29-та Конференција на ОН за климатски промени. Следно, лидерите на 20-те најголеми земји се упатуваат кон Рио де Жанеиро. И на почетокот на следната година, сите земји во светот мора да поднесат нови цели за нивните земји да ја намалат емисијата на гасови што ја задржуваат топлината.

The post Следната недела во Њујорк самит за успорување на климатските промени appeared first on Република.

]]>

Годишната недела на климата во Њујорк следната недела и Генералното собрание на ОН ќе разговараат за тоа како да се соберат илјадници милијарди долари преку социјален ангажман за да им се помогне на посиромашните земји да не користат гас, нафта и јаглен што ја загадуваат и загреваат планетата. Ќе има и специјален иден самит на ОН што ќе ги поврзе климатските промени и биодиверзитетот со други неодложни прашања како што е војната, и специјална сесија на ОН за заканата од зголемување на нивото на океаните и морињата. Претседателите на разговорите за климата во 2023, 2024 и 2025 година се обидуваат да ги турнат земјите во нова рунда на драматични намалувања на загадувањето. Следната недела започнува двомесечен спринт во кој три града на три континенти одржуваат состаноци на високо ниво кои би можеле да бидат „последна шанса“ на човештвото да избегне надминување на заеднички договорените граници за затоплување. По неделата на климата во Њујорк, главниот град на Азербејџан, Баку, е домаќин на 29-та Конференција на ОН за климатски промени. Следно, лидерите на 20-те најголеми земји се упатуваат кон Рио де Жанеиро. И на почетокот на следната година, сите земји во светот мора да поднесат нови цели за нивните земји да ја намалат емисијата на гасови што ја задржуваат топлината.

The post Следната недела во Њујорк самит за успорување на климатските промени appeared first on Република.

]]>
Во Виена поради климатските промени ќе се засадат 19 нови видови дрвја https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-viena-poradi-klimatskite-promeni-ke-se-zasadat-19-novi-vidovi-drvja/ Wed, 31 Jul 2024 09:18:52 +0000 https://republika.mk/?p=801934

Во Виена, поради промената на климатските услови, односно повеќето топли денови, ќе бидат засадени 19 нови видови дрвја кои се поотпорни на топлина, соопштија градските власти.

Во текот на летото почесто се полеваат градските дрвја во градот. Младите дрвца кои не се полеваат со помош на автоматскиот систем, добиваат вода еднаш неделно и се премачкуваат со бела облога за да се заштитат од големите горештини.

Во Виена се применува и релативно нов систем, односно принцип на сунѓереста структура на уличните површини.

Почвата под пешачките патеки, паркинзите или улиците е порозна, дрвјата добиваат повеќе простор за ширење на корените и можат да апсорбираат повеќе вода, а дополнителен ефект е создавање простор за задржување на дождовницата, што го олеснува канализациониот систем и ги обезбедува дрвјата со вода за време на сушни периоди.

The post Во Виена поради климатските промени ќе се засадат 19 нови видови дрвја appeared first on Република.

]]>

Во Виена, поради промената на климатските услови, односно повеќето топли денови, ќе бидат засадени 19 нови видови дрвја кои се поотпорни на топлина, соопштија градските власти. Во текот на летото почесто се полеваат градските дрвја во градот. Младите дрвца кои не се полеваат со помош на автоматскиот систем, добиваат вода еднаш неделно и се премачкуваат со бела облога за да се заштитат од големите горештини. Во Виена се применува и релативно нов систем, односно принцип на сунѓереста структура на уличните површини. Почвата под пешачките патеки, паркинзите или улиците е порозна, дрвјата добиваат повеќе простор за ширење на корените и можат да апсорбираат повеќе вода, а дополнителен ефект е создавање простор за задржување на дождовницата, што го олеснува канализациониот систем и ги обезбедува дрвјата со вода за време на сушни периоди.

The post Во Виена поради климатските промени ќе се засадат 19 нови видови дрвја appeared first on Република.

]]>
Македонија меѓу земјите кои се најпогодени од климатските промени https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/makedonija-megu-zemjite-koi-se-najpogodeni-od-klimatskite-promeni/ Mon, 29 Apr 2024 17:52:52 +0000 https://republika.mk/?p=772332

Иако научниците имаат алатки и методи за мерење на влијанието на климатските промени – како може тоа да се направи така што поединецот, во својот живот, има одредена вредност со која може да измери како, под влијание на климатските промени, неговиот живот е исто така се менува?

Не е лесно да се замисли што точно е „просечно глобално затоплување од 1,5 °C или 2 °C“ и како тоа ќе го промени нашето секојдневие, пишува Слободна Далмација.

На ова се обратија истражувачите од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ)”; тие развија нов начин за мерење на влијанието на глобалното затоплување во реалниот живот и предвидување на долгорочните ефекти. Излегува дека и луѓето на Балканот ќе ја чувствуваат значајната промена.

Мерката на научниците од МИТ, создадена со помош на податоци од 50 различни климатски модели, е одредена од тоа колку ќе се зголеми или опадне бројот на „надворешни денови“ на различни дестинации низ светот до 2100 година, односно 24-часовни периоди кога температурите се доволно удобни за повеќето луѓе да се вклучат во активности на отворено, без разлика дали се за работа или за одмор. Ова се денови кога не е ниту премногу топло, ниту премногу студено, што научниците го сместуваат во температурен опсег од приближно помеѓу 10 °C и 25 °C, без екстремни временски појави.

Студијата на МИТ покажа дека тропските дестинации ќе доживеат најголеми промени во деновите на отворено. Најголемиот удар ќе го претрпи Доминиканската Република која до крајот на векот ќе губи дури 124 дена пријатно време годишно. Мексико, Индија, Тајланд и Египет ќе изгубат половина од тие денови.

Во Европа, на север ќе има повеќе денови со пријатно време бидејќи зимите ќе станат потопли, но на југ екстремните горештини во летните месеци ќе предизвикаат намалување на деновите на отворено.

Според податоците на МИТ, Балканот најверојатно ќе биде еден од најтешко погодените региони во Европа. Така Албанија ќе загуби 30 дена, Србија 26, Македонија 21, Бугарија 17, а Романија 12 дена. На југ, Грција би можела да изгуби 37 денови на отворено до 2100 година поради екстремните горештини помеѓу мај и јуни, според студијата на МИТ.

Промени ќе доживее и Пиринејскиот Полуостров: Португалија ќе има 33, а Шпанија 13 помалку денови на отворено.

Истражувачите велат дека разликата веќе се чувствува во Европа, при што луѓето избираат каде да патуваат врз основа на сè поекстремните жештини на претходно популарните дестинации.

Северна Европа ќе доживее попријатни денови, но причините за тоа не се добри вести. Франција, Германија и Австрија ќе добијат меѓу 18 и 52 дена пријатно време до 2100 година, главно поради потоплите зими, но ова би можело да биде фатален удар за и онака борбената скијачка индустрија во Европа. Поради недостигот на снег, се размислува за замена со вештачки снег, но многумина мислат дека тоа ни оддалеку не би помогнало да се одржи скијачката индустрија, за која „пријатни“ и целосно профитабилни „денови на отворено“ се само оние со многу реални снег.

The post Македонија меѓу земјите кои се најпогодени од климатските промени appeared first on Република.

]]>

Иако научниците имаат алатки и методи за мерење на влијанието на климатските промени – како може тоа да се направи така што поединецот, во својот живот, има одредена вредност со која може да измери како, под влијание на климатските промени, неговиот живот е исто така се менува? Не е лесно да се замисли што точно е „просечно глобално затоплување од 1,5 °C или 2 °C“ и како тоа ќе го промени нашето секојдневие, пишува Слободна Далмација. На ова се обратија истражувачите од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ)”; тие развија нов начин за мерење на влијанието на глобалното затоплување во реалниот живот и предвидување на долгорочните ефекти. Излегува дека и луѓето на Балканот ќе ја чувствуваат значајната промена. Мерката на научниците од МИТ, создадена со помош на податоци од 50 различни климатски модели, е одредена од тоа колку ќе се зголеми или опадне бројот на „надворешни денови“ на различни дестинации низ светот до 2100 година, односно 24-часовни периоди кога температурите се доволно удобни за повеќето луѓе да се вклучат во активности на отворено, без разлика дали се за работа или за одмор. Ова се денови кога не е ниту премногу топло, ниту премногу студено, што научниците го сместуваат во температурен опсег од приближно помеѓу 10 °C и 25 °C, без екстремни временски појави. Студијата на МИТ покажа дека тропските дестинации ќе доживеат најголеми промени во деновите на отворено. Најголемиот удар ќе го претрпи Доминиканската Република која до крајот на векот ќе губи дури 124 дена пријатно време годишно. Мексико, Индија, Тајланд и Египет ќе изгубат половина од тие денови. Во Европа, на север ќе има повеќе денови со пријатно време бидејќи зимите ќе станат потопли, но на југ екстремните горештини во летните месеци ќе предизвикаат намалување на деновите на отворено. Според податоците на МИТ, Балканот најверојатно ќе биде еден од најтешко погодените региони во Европа. Така Албанија ќе загуби 30 дена, Србија 26, Македонија 21, Бугарија 17, а Романија 12 дена. На југ, Грција би можела да изгуби 37 денови на отворено до 2100 година поради екстремните горештини помеѓу мај и јуни, според студијата на МИТ. Промени ќе доживее и Пиринејскиот Полуостров: Португалија ќе има 33, а Шпанија 13 помалку денови на отворено. Истражувачите велат дека разликата веќе се чувствува во Европа, при што луѓето избираат каде да патуваат врз основа на сè поекстремните жештини на претходно популарните дестинации. Северна Европа ќе доживее попријатни денови, но причините за тоа не се добри вести. Франција, Германија и Австрија ќе добијат меѓу 18 и 52 дена пријатно време до 2100 година, главно поради потоплите зими, но ова би можело да биде фатален удар за и онака борбената скијачка индустрија во Европа. Поради недостигот на снег, се размислува за замена со вештачки снег, но многумина мислат дека тоа ни оддалеку не би помогнало да се одржи скијачката индустрија, за која „пријатни“ и целосно профитабилни „денови на отворено“ се само оние со многу реални снег.

The post Македонија меѓу земјите кои се најпогодени од климатските промени appeared first on Република.

]]>
Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/klimatskite-promeni-ke-ja-zgolemat-inflatsijata-na-hranata/ Fri, 29 Mar 2024 09:43:35 +0000 https://republika.mk/?p=760056

Зголемувањето на температурите и екстремните временски настани се очекува да имаат глобално влијание на земјоделството. Според новата студија на Институтот за истражување на климатските влијанија во Потсдам (ПИК), зголемените просечни температури би можеле да ја зголемат годишната инфлација на храната до 3,2 отсто годишно, а вкупната инфлација до 1,18 отсто годишно до 2035 година.

Во студијата, истражувачите наведуваат дека климатските фактори, како што се високите температури и екстремните врнежи, влијаеле на инфлацијата во историски контекст, но не направиле посебна анализа за тоа кои прехранбени производи најверојатно ќе бидат најмногу погодени.

„Откривме дека зголемувањето на температурите може да доведе до повисоки цени на храната, особено во топлите региони и годишните времиња“, рече д-р Макс Коц, еден од авторите на студијата.

„Во идните климатски услови, овие влијанија би можеле да станат големи - проценети на 1-3 процентни поени годишно врз инфлацијата на храната до 2035 година, загрозувајќи ги целите за стабилност на цените на централните банки, како што е ЕЦБ, која има за цел да ја задржи инфлацијата под 2 отсто“, додаде Коц.

Во исто време, вкупната инфлација може да расте во просек за 0,32-1,18 процентни поени секоја година на глобално ниво, се вели во студијата.

Зголемените или нестабилните цени ја загрозуваат економската и човечката благосостојба, како и политичката стабилност, се наведува во извештајот, цитирајќи податоци на ОН дека кризата на трошоците за живот во 2021-2022 година турна во сиромаштија дополнително 71 милион луѓе ширум светот.

Инфлацијата предизвикана од климата влијае подеднакво и на богатите и на сиромашните земји. Се очекува глобалното затоплување да влијае на инфлацијата на храната и на вкупната инфлација и во земјите со високи и со ниски приходи.

Инфлацијата расте како што растат температурите, а најсилно се јавува во лето и во топлите региони на пониски географски широчини, каде што ќе се задржи во текот на целата година. Поради оваа причина, според студијата, глобалниот југ, особено Африка и Јужна Америка, ќе бидат погодени во поголема мера.

Студијата внимателно го разгледува исклучително топлото европско лето во 2022 година, кога жештината и сушата имаа големо влијание врз земјоделството и економијата.

„Проценуваме дека исклучително топлото лето во 2022 година ја зголеми инфлацијата на храната во Европа за околу 0,6 отсто. Идното затоплување, прогнозирано за 2035 година, би го зголемило влијанието на ваквите екстремни настани до 50 отсто“, додаде Коц.

 

The post Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната appeared first on Република.

]]>

Зголемувањето на температурите и екстремните временски настани се очекува да имаат глобално влијание на земјоделството. Според новата студија на Институтот за истражување на климатските влијанија во Потсдам (ПИК), зголемените просечни температури би можеле да ја зголемат годишната инфлација на храната до 3,2 отсто годишно, а вкупната инфлација до 1,18 отсто годишно до 2035 година. Во студијата, истражувачите наведуваат дека климатските фактори, како што се високите температури и екстремните врнежи, влијаеле на инфлацијата во историски контекст, но не направиле посебна анализа за тоа кои прехранбени производи најверојатно ќе бидат најмногу погодени. „Откривме дека зголемувањето на температурите може да доведе до повисоки цени на храната, особено во топлите региони и годишните времиња“, рече д-р Макс Коц, еден од авторите на студијата. „Во идните климатски услови, овие влијанија би можеле да станат големи - проценети на 1-3 процентни поени годишно врз инфлацијата на храната до 2035 година, загрозувајќи ги целите за стабилност на цените на централните банки, како што е ЕЦБ, која има за цел да ја задржи инфлацијата под 2 отсто“, додаде Коц. Во исто време, вкупната инфлација може да расте во просек за 0,32-1,18 процентни поени секоја година на глобално ниво, се вели во студијата. Зголемените или нестабилните цени ја загрозуваат економската и човечката благосостојба, како и политичката стабилност, се наведува во извештајот, цитирајќи податоци на ОН дека кризата на трошоците за живот во 2021-2022 година турна во сиромаштија дополнително 71 милион луѓе ширум светот. Инфлацијата предизвикана од климата влијае подеднакво и на богатите и на сиромашните земји. Се очекува глобалното затоплување да влијае на инфлацијата на храната и на вкупната инфлација и во земјите со високи и со ниски приходи. Инфлацијата расте како што растат температурите, а најсилно се јавува во лето и во топлите региони на пониски географски широчини, каде што ќе се задржи во текот на целата година. Поради оваа причина, според студијата, глобалниот југ, особено Африка и Јужна Америка, ќе бидат погодени во поголема мера. Студијата внимателно го разгледува исклучително топлото европско лето во 2022 година, кога жештината и сушата имаа големо влијание врз земјоделството и економијата. „Проценуваме дека исклучително топлото лето во 2022 година ја зголеми инфлацијата на храната во Европа за околу 0,6 отсто. Идното затоплување, прогнозирано за 2035 година, би го зголемило влијанието на ваквите екстремни настани до 50 отсто“, додаде Коц.  

The post Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната appeared first on Република.

]]>
Ќе изгориме: Европа не е подготвена за климатските промени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ke-izgorime-evropa-ne-e-podgotvena-za-klimatskite-promeni/ Mon, 11 Mar 2024 10:16:23 +0000 https://republika.mk/?p=753556

Европа не е подготвена за огромните и се побројни климатски ризици со кои се соочува, велат од Европската агенција за заштита на животната средина (ЕЕА).

Во извештајот, објавен од Гардијан, се вели дека шумските пожари горат домови во Европа, а хаотичното време ги оптоварува јавните финансии. ЕЕА, исто така, пишува дека се потребни дополнителни активности за да се одговори на половина од 36-те значајни климатски ризици со потенцијално тешки последици.

Нашата нова анализа покажува дека Европа се соочува со итни климатски ризици кои растат побрзо од нашата подготвеност“, рече извршниот директор на ЕЕА.

Извештајот разгледуваше колку се сериозни климатските закани и колку добро Европа е подготвена да се справи со нив.

Според таа анализа, најитните ризици се оние што се влошуваат бидејќи загадувањето со фосилни горива ја загрева планетата, топлотните удари, поплавите и излевањето на реките, здравјето на крајбрежните и морските екосистеми и потребата од солидарни фондови за закрепнување од катастрофи.

Кога истражувачите повторно процениле шест ризици за јужна Европа, која ја опишале како регион „жешка точка“, откриле дека е потребна итна акција за заштита на посевите, луѓето, зградите и природата од шумски пожари.

„Постојат сè повеќе докази за адаптација на климатските промени во Европа, но тоа секако не е доволно“, вели Роберт Бајесбрук, автор на извештајот од Универзитетот Вагенинген. Тој беше еден од лидерите на поглавјето за Европа во најновиот извештај за адаптација на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC).

„Прилагодувањето не се случува доволно брзо и не допира до оние на кои им е најпотребно. Многу е страшно“, изјави тој за Гардијан.

Извештаите на ЕЕА, исто така, предупредуваат на „каскадни и сложени“ ризици, а потоа предупредуваат дека сегашните стрес тестови во финансискиот сектор веројатно ќе пропаднат. Топлото време ќе ја исуши јужна Европа“, се наведува во извештајот.

Понатаму предупредува дека посевите ќе бидат уништени, залихите на вода ќе се намалат и почвата ќе се стврдне, со што се зголемува веројатноста за поројни поплави и сушење на вегетацијата. Тоа значи дека шумските пожари можат да се шират побрзо. Ресурсите на владите кои се обидуваат да одговорат на неколку кризи ќе бидат затегнати, како и заедниците кои не успеваат да се подготват.

Европа се загреа повеќе од кој било друг континент по индустриската револуција и околу двапати побрзо од глобалниот просек, бидејќи јаглерод диоксидот ја „затна“ атмосферата и ја „зароби“ сончевата светлина.

Истражувачите разгледале две можни сценарија на ниско и високо затоплување во текот на овој век. Тие не ги земаа предвид потенцијалните пресвртни точки во климатскиот систем, тврдејќи дека последиците од таквите драматични промени ќе се појават во подолги периоди. Така, како што пренесува Index.hr, итноста на дејствување на краток рок не е променета.

 

The post Ќе изгориме: Европа не е подготвена за климатските промени appeared first on Република.

]]>

Европа не е подготвена за огромните и се побројни климатски ризици со кои се соочува, велат од Европската агенција за заштита на животната средина (ЕЕА). Во извештајот, објавен од Гардијан, се вели дека шумските пожари горат домови во Европа, а хаотичното време ги оптоварува јавните финансии. ЕЕА, исто така, пишува дека се потребни дополнителни активности за да се одговори на половина од 36-те значајни климатски ризици со потенцијално тешки последици.
Нашата нова анализа покажува дека Европа се соочува со итни климатски ризици кои растат побрзо од нашата подготвеност“, рече извршниот директор на ЕЕА.
Извештајот разгледуваше колку се сериозни климатските закани и колку добро Европа е подготвена да се справи со нив. Според таа анализа, најитните ризици се оние што се влошуваат бидејќи загадувањето со фосилни горива ја загрева планетата, топлотните удари, поплавите и излевањето на реките, здравјето на крајбрежните и морските екосистеми и потребата од солидарни фондови за закрепнување од катастрофи. Кога истражувачите повторно процениле шест ризици за јужна Европа, која ја опишале како регион „жешка точка“, откриле дека е потребна итна акција за заштита на посевите, луѓето, зградите и природата од шумски пожари. „Постојат сè повеќе докази за адаптација на климатските промени во Европа, но тоа секако не е доволно“, вели Роберт Бајесбрук, автор на извештајот од Универзитетот Вагенинген. Тој беше еден од лидерите на поглавјето за Европа во најновиот извештај за адаптација на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC). „Прилагодувањето не се случува доволно брзо и не допира до оние на кои им е најпотребно. Многу е страшно“, изјави тој за Гардијан. Извештаите на ЕЕА, исто така, предупредуваат на „каскадни и сложени“ ризици, а потоа предупредуваат дека сегашните стрес тестови во финансискиот сектор веројатно ќе пропаднат. Топлото време ќе ја исуши јужна Европа“, се наведува во извештајот. Понатаму предупредува дека посевите ќе бидат уништени, залихите на вода ќе се намалат и почвата ќе се стврдне, со што се зголемува веројатноста за поројни поплави и сушење на вегетацијата. Тоа значи дека шумските пожари можат да се шират побрзо. Ресурсите на владите кои се обидуваат да одговорат на неколку кризи ќе бидат затегнати, како и заедниците кои не успеваат да се подготват. Европа се загреа повеќе од кој било друг континент по индустриската револуција и околу двапати побрзо од глобалниот просек, бидејќи јаглерод диоксидот ја „затна“ атмосферата и ја „зароби“ сончевата светлина. Истражувачите разгледале две можни сценарија на ниско и високо затоплување во текот на овој век. Тие не ги земаа предвид потенцијалните пресвртни точки во климатскиот систем, тврдејќи дека последиците од таквите драматични промени ќе се појават во подолги периоди. Така, како што пренесува Index.hr, итноста на дејствување на краток рок не е променета.  

The post Ќе изгориме: Европа не е подготвена за климатските промени appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: На Македонија од стратешка природа и е потебен уште еден голем резервоар на вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-makedonija-od-strateshka-priroda-i-e-poteben-ushte-eden-golem-rezervoar-na-voda/ Tue, 27 Feb 2024 12:32:31 +0000 https://republika.mk/?p=748873

На Македонија од стратешка природа и е потебен уште еден голем резервоар на вода. Тоа е проект за иднината, не само за Македонија како држава, туку и за иднината на идните генерации кои не се родени, смета лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

ВМРО ДПМНЕ во енергетика има намера сериозно да се позанимава со еден децениски проект, ветуван со децении, а тоа е проектот Чебрен. Се сеќавате, ние предупредивме дека постапката онака како што беше водена не само што не гарантираше реалиција на тој проект, туку беше антинационлна сама по себе. Јас длабоко во себе сум убеден дека на Македонија од стратешка природа и е потребен уште еден голем резервоар на вода. Убеден сум дека во иднина некеои идни генерации многу важно ќе им биде да обезбедат вода. Такви времиња доаѓаат, имајќи ги предвид климатските промени убеден сум дека уште еден таков резервоар за вода на Македонија како држава ќе и биде многу важен. И тоа не е проект којшто  треба да го гледаме од денес за утре, или за 10 или за 20 години, па дури и за 50 години, тој е проект којшто треба да го гледаме можеби за еден век од денеска. И тоа е проект за иднината, не само за Македонија како држава туку и за иднината на идните генерации којшто не се родени, вели Мицкоски.

The post Мицкоски: На Македонија од стратешка природа и е потебен уште еден голем резервоар на вода appeared first on Република.

]]>

На Македонија од стратешка природа и е потебен уште еден голем резервоар на вода. Тоа е проект за иднината, не само за Македонија како држава, туку и за иднината на идните генерации кои не се родени, смета лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
ВМРО ДПМНЕ во енергетика има намера сериозно да се позанимава со еден децениски проект, ветуван со децении, а тоа е проектот Чебрен. Се сеќавате, ние предупредивме дека постапката онака како што беше водена не само што не гарантираше реалиција на тој проект, туку беше антинационлна сама по себе. Јас длабоко во себе сум убеден дека на Македонија од стратешка природа и е потребен уште еден голем резервоар на вода. Убеден сум дека во иднина некеои идни генерации многу важно ќе им биде да обезбедат вода. Такви времиња доаѓаат, имајќи ги предвид климатските промени убеден сум дека уште еден таков резервоар за вода на Македонија како држава ќе и биде многу важен. И тоа не е проект којшто  треба да го гледаме од денес за утре, или за 10 или за 20 години, па дури и за 50 години, тој е проект којшто треба да го гледаме можеби за еден век од денеска. И тоа е проект за иднината, не само за Македонија како држава туку и за иднината на идните генерации којшто не се родени, вели Мицкоски.

The post Мицкоски: На Македонија од стратешка природа и е потебен уште еден голем резервоар на вода appeared first on Република.

]]>
Циркулацијата на водата во Атлантскиот Океан се приближува до „уништувачка точка“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/tsirkulatsijata-na-vodata-vo-atlantskiot-okean-se-priblizhuva-do-unishtuvachka-tochka/ Sun, 25 Feb 2024 10:11:32 +0000 https://republika.mk/?p=747983

Циркулацијата на водата во Атлантскиот Океан се приближува до „уништувачка точка“. Климатолозите имаат нов страв - Голфската струја се намалува и за 100 години ќе стане 20 степени постудено во Европа.

Со проучување на атлантската меридијална превртена циркулација, позната и како систем на Голфската струја, научниците заклучилe дека веќе сме на пат кон драматична промена која негативно ќе влијае на големи делови од светот.

Според истражувањето кое го објави „Гардијан“, колапсот на топлата струја радикално ќе ги промени метеоролошките услови ширум светот, предизвикувајќи климатски хаос. Се предвидува дека температурите во северозападна Европа ќе се намалат за 9 до 27 степени во текот на неколку децении, додека топлината на јужната хемисфера значително ќе се зголеми, менувајќи ги глобалните обрасци на врнежи и нарушувајќи ги амазонските екосистеми.

До денес, нема консензус меѓу научниците за тоа колку сериозни би биле последиците од таквото сценарио и колку брзо да се очекува. Анализирајќи ги промените кои можат да се случат во следните 2000 години, истражувачите дошле до заклучок дека помалку од 100 години можат да го одвојат човештвото од почетокот на колапсот со катастрофални последици.

Коавторот на студијата, климатологот Рене ван Вестен, истакнува дека брзината на промените ги шокирала неговите колеги. Тие стравуваат дека човештвото нема да има време да се прилагоди на промените.

Ние треба многу посериозно да ги сфатиме климатските промени“, вели климатологот .

The post Циркулацијата на водата во Атлантскиот Океан се приближува до „уништувачка точка“ appeared first on Република.

]]>

Циркулацијата на водата во Атлантскиот Океан се приближува до „уништувачка точка“. Климатолозите имаат нов страв - Голфската струја се намалува и за 100 години ќе стане 20 степени постудено во Европа. Со проучување на атлантската меридијална превртена циркулација, позната и како систем на Голфската струја, научниците заклучилe дека веќе сме на пат кон драматична промена која негативно ќе влијае на големи делови од светот. Според истражувањето кое го објави „Гардијан“, колапсот на топлата струја радикално ќе ги промени метеоролошките услови ширум светот, предизвикувајќи климатски хаос. Се предвидува дека температурите во северозападна Европа ќе се намалат за 9 до 27 степени во текот на неколку децении, додека топлината на јужната хемисфера значително ќе се зголеми, менувајќи ги глобалните обрасци на врнежи и нарушувајќи ги амазонските екосистеми. До денес, нема консензус меѓу научниците за тоа колку сериозни би биле последиците од таквото сценарио и колку брзо да се очекува. Анализирајќи ги промените кои можат да се случат во следните 2000 години, истражувачите дошле до заклучок дека помалку од 100 години можат да го одвојат човештвото од почетокот на колапсот со катастрофални последици. Коавторот на студијата, климатологот Рене ван Вестен, истакнува дека брзината на промените ги шокирала неговите колеги. Тие стравуваат дека човештвото нема да има време да се прилагоди на промените.
Ние треба многу посериозно да ги сфатиме климатските промени“, вели климатологот .

The post Циркулацијата на водата во Атлантскиот Океан се приближува до „уништувачка точка“ appeared first on Република.

]]>
Давос: Климатските промени во наредните децении се закануваат со смрт на милиони луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/davos-klimatskite-promeni-vo-narednite-detsenii-se-zakanuvaat-so-smrt-na-milioni-luge/ Tue, 16 Jan 2024 11:02:59 +0000 https://republika.mk/?p=733560

Последиците од климатските промени во наредните децении веќе се смртна закана за неколку милиони луѓе и ќе предизвикаат сериозни болести и високи трошоци за здравствените системи, се вели во извештај објавен во вторник во Давос.

Поплавите се најголем ризик, се наведува во заедничкиот извештај на Светскиот економски форум (СЕФ) кој оваа недела се одржува во Давос и консултантската фирма Оливер Вајман.

Авторите на студијата анализирале шест клучни последици од климатските промени: поплави, суши, топлотни бранови, тропски бури, шумски пожари и пораст на нивото на морињата.

Студијата се заснова на средното сценарио на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) за пораст на температурата до 2100 година, што претпоставува просечно зголемување на температурата за 2,7 степени Целзиусови.

Според студијата, климатските промени би можеле да предизвикаат до 14,5 милиони смртни случаи во светот до 2050 година. Здравствените системи ќе мора да сносат дополнителни трошоци во вкупна вредност од 1,1 трилиони долари.

Според проценките, само поплавите би можеле до 2050 година да предизвикаат 8,5 милиони смртни случаи – не само директно, туку и индиректно, поради штетите на посевите, зголемувањето на заразните болести и поголемата влажност, што може да предизвика респираторни заболувања.

Азиско-пацифичкиот регион, со неговите густо населени крајбрежни региони, најверојатно ќе го сноси најголемиот товар.

Авторите очекуваат втората највисока стапка на смртност од 3,2 милиони смртни случаи да биде предизвикана од суши – првенствено поради долгорочните ефекти од опаѓањето на квалитетот на водата и помалку плодната почва врз смртноста на децата.

Според извештајот, топлотните бранови би можеле да предизвикаат 1,6 милиони смртни случаи до 2050 година, особено кај постарите луѓе.

Извештајот предвидува и зголемување на бројот на болести и случаи на инвалидитет при работа. Повисоките температури, на пример, може да предизвикаат значително ширење на комарците, поради што инфекциите со маларија, денга и зика ќе бидат почести во Европа и во САД.

Според студијата, регионите во Африка, Блискиот Исток и Азија би биле особено погодени од здравствените последици од климатските промени.

За резултатите од извештајот ќе се разговара на Светскиот економски форум во Давос в четврток.

The post Давос: Климатските промени во наредните децении се закануваат со смрт на милиони луѓе appeared first on Република.

]]>

Последиците од климатските промени во наредните децении веќе се смртна закана за неколку милиони луѓе и ќе предизвикаат сериозни болести и високи трошоци за здравствените системи, се вели во извештај објавен во вторник во Давос. Поплавите се најголем ризик, се наведува во заедничкиот извештај на Светскиот економски форум (СЕФ) кој оваа недела се одржува во Давос и консултантската фирма Оливер Вајман. Авторите на студијата анализирале шест клучни последици од климатските промени: поплави, суши, топлотни бранови, тропски бури, шумски пожари и пораст на нивото на морињата. Студијата се заснова на средното сценарио на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) за пораст на температурата до 2100 година, што претпоставува просечно зголемување на температурата за 2,7 степени Целзиусови. Според студијата, климатските промени би можеле да предизвикаат до 14,5 милиони смртни случаи во светот до 2050 година. Здравствените системи ќе мора да сносат дополнителни трошоци во вкупна вредност од 1,1 трилиони долари. Според проценките, само поплавите би можеле до 2050 година да предизвикаат 8,5 милиони смртни случаи – не само директно, туку и индиректно, поради штетите на посевите, зголемувањето на заразните болести и поголемата влажност, што може да предизвика респираторни заболувања. Азиско-пацифичкиот регион, со неговите густо населени крајбрежни региони, најверојатно ќе го сноси најголемиот товар. Авторите очекуваат втората највисока стапка на смртност од 3,2 милиони смртни случаи да биде предизвикана од суши – првенствено поради долгорочните ефекти од опаѓањето на квалитетот на водата и помалку плодната почва врз смртноста на децата. Според извештајот, топлотните бранови би можеле да предизвикаат 1,6 милиони смртни случаи до 2050 година, особено кај постарите луѓе. Извештајот предвидува и зголемување на бројот на болести и случаи на инвалидитет при работа. Повисоките температури, на пример, може да предизвикаат значително ширење на комарците, поради што инфекциите со маларија, денга и зика ќе бидат почести во Европа и во САД. Според студијата, регионите во Африка, Блискиот Исток и Азија би биле особено погодени од здравствените последици од климатските промени. За резултатите од извештајот ќе се разговара на Светскиот економски форум во Давос в четврток.

The post Давос: Климатските промени во наредните децении се закануваат со смрт на милиони луѓе appeared first on Република.

]]>
Европратениците поддржаа два законски предлога од пакетот за климатска транзиција на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropratenitsite-poddrzhaa-dva-zakonski-predloga-od-paketot-za-klimatska-tranzitsija-na-eu/ Wed, 22 Nov 2023 10:49:33 +0000 https://republika.mk/?p=715059

Европскиот парламент ги поддржа измените на Законот на ЕУ за нето нула емисии на штетни гасови од индустријата и го усогласи својот став за стандардите за емисија на јаглерод диоксид од товарните возила, со што го трасира патот за понатамошни разговори меѓу институциите на Унијата за утврдување на конечните верзии и нивно усвојување.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со измените на Законот за нето-нула емисии од индустријата на листата се додаваат уште 17 технологии за кои ќе важат овие правила, додека со новите стандарди за емисија на јаглерод диоксид се бара намалување на ослободувањето на овој гас од новите камиони и се поддржува користењето на товарни возила што работат исклучиво на обновливи горива.

Измените на Законот за нето-нула емисии од индустријата беа усвоени со 376 гласа „за“, 139 „против“ и 116 „воздржани“, благодарение на поддршката на трите најголеми партиски групации во Европарламентот – Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и Да ја обновиме Европа (РЕ).

Предложениот Законот за нето-нула емисии од индустријата (НЗИА), кој Европската комисија го поднесен во март, сега ќе биде проследен до Советот на ЕУ, кој се очекува да се произнесе по него на почетокот на декември, по што би следувало усогласување на неговата финална верзија.

Со усвоената верзија на Законот од страна на ЕП на листата на индустрии за кои тој се однесува сега се наоѓаат 17 технологии, чие прилагодување на нето нула емисии се смета за неопходно за планираната транзиција на ЕУ кон климатско неутрална економија до 2050 година. Со првичниот предлог на ЕК беа опфатени 10 технологии поделени на две листи – „стратешка“ и „ секундарна“, но со измените предложени од ЕП се додаваат уште седум технолошки гранки и се вклучуваат во единствена листа.

Станува збор за технологиите за обновлива енергија (еолска и соларна), нуклеарна енергија, складирање на енергија, транспорт, складирање и употреба на јаглерод диоксид, метан и азотен оксид, потоа транспорт, инфраструктура за производство и полнење на водород, алтернативни горива, био-метан, полнење на електрични возила, топлински пумпи, енергетска ефикасност, дистрибуција на топлинска енергија, електрични мрежи, термонуклеарна фузија, електрификација и високоефикасни индустриски процеси за енергетски и јаглерод-интензивни индустрии, производство на биоматеријали и рециклирање.

Со усогласениот став за стандардите за емисија на јаглерод диоксид од товарните возила, се обврзуваат нивните производители да обезбедат намалување на емисиите на овој гас од новите камиони за 45 отсто од 2030 година, за 65 од 2035 и за 90 проценти од 2040 година, како што беше и во предлогот на Европската комисија.

Комисијата за животна средина на ЕП предлагаше намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид од камионите до 2035 година да биде 70 отсто, но под притисок на конзервативните европратеници во конечната верзија е усогласен првобитниот предлог.

Доколку предлогот биде конечно усвоен во форма на закон, тоа ќе значи зголемено производство на товарни возила што ќе се движат на погон на електрична енергија или водород, со цел постепено намалување на употребата на камиони со мотори со внатрешно согорување.

Дополнително, ЕП предлага со законското решение да бидат опфатени и т.н. „професионални возила“, како мешалки за бетон, камиони за отпад и возила за чистење на улиците.

Се очекува преговорите меѓу институциите на ЕУ за ова законско решение да се одржат на почетокот на 2024 година.

The post Европратениците поддржаа два законски предлога од пакетот за климатска транзиција на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европскиот парламент ги поддржа измените на Законот на ЕУ за нето нула емисии на штетни гасови од индустријата и го усогласи својот став за стандардите за емисија на јаглерод диоксид од товарните возила, со што го трасира патот за понатамошни разговори меѓу институциите на Унијата за утврдување на конечните верзии и нивно усвојување. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со измените на Законот за нето-нула емисии од индустријата на листата се додаваат уште 17 технологии за кои ќе важат овие правила, додека со новите стандарди за емисија на јаглерод диоксид се бара намалување на ослободувањето на овој гас од новите камиони и се поддржува користењето на товарни возила што работат исклучиво на обновливи горива. Измените на Законот за нето-нула емисии од индустријата беа усвоени со 376 гласа „за“, 139 „против“ и 116 „воздржани“, благодарение на поддршката на трите најголеми партиски групации во Европарламентот – Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и Да ја обновиме Европа (РЕ). Предложениот Законот за нето-нула емисии од индустријата (НЗИА), кој Европската комисија го поднесен во март, сега ќе биде проследен до Советот на ЕУ, кој се очекува да се произнесе по него на почетокот на декември, по што би следувало усогласување на неговата финална верзија. Со усвоената верзија на Законот од страна на ЕП на листата на индустрии за кои тој се однесува сега се наоѓаат 17 технологии, чие прилагодување на нето нула емисии се смета за неопходно за планираната транзиција на ЕУ кон климатско неутрална економија до 2050 година. Со првичниот предлог на ЕК беа опфатени 10 технологии поделени на две листи – „стратешка“ и „ секундарна“, но со измените предложени од ЕП се додаваат уште седум технолошки гранки и се вклучуваат во единствена листа. Станува збор за технологиите за обновлива енергија (еолска и соларна), нуклеарна енергија, складирање на енергија, транспорт, складирање и употреба на јаглерод диоксид, метан и азотен оксид, потоа транспорт, инфраструктура за производство и полнење на водород, алтернативни горива, био-метан, полнење на електрични возила, топлински пумпи, енергетска ефикасност, дистрибуција на топлинска енергија, електрични мрежи, термонуклеарна фузија, електрификација и високоефикасни индустриски процеси за енергетски и јаглерод-интензивни индустрии, производство на биоматеријали и рециклирање. Со усогласениот став за стандардите за емисија на јаглерод диоксид од товарните возила, се обврзуваат нивните производители да обезбедат намалување на емисиите на овој гас од новите камиони за 45 отсто од 2030 година, за 65 од 2035 и за 90 проценти од 2040 година, како што беше и во предлогот на Европската комисија. Комисијата за животна средина на ЕП предлагаше намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид од камионите до 2035 година да биде 70 отсто, но под притисок на конзервативните европратеници во конечната верзија е усогласен првобитниот предлог. Доколку предлогот биде конечно усвоен во форма на закон, тоа ќе значи зголемено производство на товарни возила што ќе се движат на погон на електрична енергија или водород, со цел постепено намалување на употребата на камиони со мотори со внатрешно согорување. Дополнително, ЕП предлага со законското решение да бидат опфатени и т.н. „професионални возила“, како мешалки за бетон, камиони за отпад и возила за чистење на улиците. Се очекува преговорите меѓу институциите на ЕУ за ова законско решение да се одржат на почетокот на 2024 година.

The post Европратениците поддржаа два законски предлога од пакетот за климатска транзиција на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Шестмина Португалци тужат 33 земји за непреземање мерки против климатската криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shestmina-portugaltsi-tuzhat-33-zemji-za-neprezemane-merki-protiv-klimatskata-kriza/ Wed, 27 Sep 2023 11:16:40 +0000 https://republika.mk/?p=685633

Во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур денеска треба да се одржи сослушување по тужбата покрената од шестмина млади Португалци против Португалија и уште 32 држави од Европа, со која бараат на владите на овие земји да им се изрече пресуда со која ќе бидат приморани да ја засилат борбата против климатската криза.

Според португалското здружение за заштита на животната средина „Зеро“, ваквата иницијатива е покрената затоа што земјите „не сториле доволно“ со своите активности за заштита на климата.

Во соопштението на „Зеро“ се посочува дека шесте млади луѓе ја покренале тужбата во септември 2020 година, откако „биле сведоци на разорните шумски пожари и се поинтензивни бранови на жешко време“.

Подносителите на тужбата наведуваат дека климатските активности на „обвинетите“ земји не се доволни за заштита на нивните основни права, вклучително и нивното право на живот и на физичка и ментална благосостојба.

Според „Зеро“, кое наведува дека станува збор за „најголема климатска тужба покрената досега“, европските влади имаат законска обврска да дејствуваат итно за да спречат климатска катастрофа и да преземат многу порадикални и итни мерки за намалување на емисиите на штетните гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина.

На младите им истекува времето за заштита на својата иднина. ЕУ мора итно да ги намали бруто емисиите (на штетни гасови) за најмалку 65 отсто до 2030 година и да постигне нула нето емисии најдоцна до 2040 година, посочува „Зеро“ во соопштението.

По случајот која официјално се води како „Дуарте Агостињо и другите против 33 држави“, ќе решава Големиот совет на Судот составен од 22 члена под претседателство на Шиофра О’Лири, а во чиј состав е и македонскиот судија Јован Илиевски.

На листата на тужени држави се 27-те членки на ЕУ, како и Велика Британија, Норвешка, Русија, Турција, Украина и Швајцарија.

Судот треба да се произнесе по тужбата во следните 18 и доколку изрече пресуда, според очекувањата на „Зеро“, таа ќе претставува еден вид „нов законски задолжителен договор“, што директно ќе ги обврзува владите на тужените земји итно да дејствуваат против климатската криза.

Европската унија мора да ја забрза својата климатска акција и да ја зголеми својата амбиција да ги заштити граѓаните од опасните климатски промени, додава „Зеро“ во соопштението.

The post Шестмина Португалци тужат 33 земји за непреземање мерки против климатската криза appeared first on Република.

]]>

Во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур денеска треба да се одржи сослушување по тужбата покрената од шестмина млади Португалци против Португалија и уште 32 држави од Европа, со која бараат на владите на овие земји да им се изрече пресуда со која ќе бидат приморани да ја засилат борбата против климатската криза. Според португалското здружение за заштита на животната средина „Зеро“, ваквата иницијатива е покрената затоа што земјите „не сториле доволно“ со своите активности за заштита на климата. Во соопштението на „Зеро“ се посочува дека шесте млади луѓе ја покренале тужбата во септември 2020 година, откако „биле сведоци на разорните шумски пожари и се поинтензивни бранови на жешко време“. Подносителите на тужбата наведуваат дека климатските активности на „обвинетите“ земји не се доволни за заштита на нивните основни права, вклучително и нивното право на живот и на физичка и ментална благосостојба. Според „Зеро“, кое наведува дека станува збор за „најголема климатска тужба покрената досега“, европските влади имаат законска обврска да дејствуваат итно за да спречат климатска катастрофа и да преземат многу порадикални и итни мерки за намалување на емисиите на штетните гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина. На младите им истекува времето за заштита на својата иднина. ЕУ мора итно да ги намали бруто емисиите (на штетни гасови) за најмалку 65 отсто до 2030 година и да постигне нула нето емисии најдоцна до 2040 година, посочува „Зеро“ во соопштението. По случајот која официјално се води како „Дуарте Агостињо и другите против 33 држави“, ќе решава Големиот совет на Судот составен од 22 члена под претседателство на Шиофра О’Лири, а во чиј состав е и македонскиот судија Јован Илиевски. На листата на тужени држави се 27-те членки на ЕУ, како и Велика Британија, Норвешка, Русија, Турција, Украина и Швајцарија. Судот треба да се произнесе по тужбата во следните 18 и доколку изрече пресуда, според очекувањата на „Зеро“, таа ќе претставува еден вид „нов законски задолжителен договор“, што директно ќе ги обврзува владите на тужените земји итно да дејствуваат против климатската криза. Европската унија мора да ја забрза својата климатска акција и да ја зголеми својата амбиција да ги заштити граѓаните од опасните климатски промени, додава „Зеро“ во соопштението.

The post Шестмина Португалци тужат 33 земји за непреземање мерки против климатската криза appeared first on Република.

]]>
Забавуваат плановите против климатските промени: Британија ја одложи забраната за продажба на нови автомобили на бензин и дизел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zabavuvaat-planovite-protiv-klimatskite-promeni-britanija-ja-odlozhi-zabranata-za-prodazhba-na-novi-avtomobili-na-benzin-i-dizel/ Thu, 21 Sep 2023 19:46:00 +0000 https://republika.mk/?p=683937

Конзервативниот британски премиер Риши Сунак, ги забави плановите на Велика Британија за справување со климатските промени, најавувајќи одложување на забраната за продажба на нови бензински автомобили за да ја задржи јавната поддршка за транзицијата кон нула емисии.

Сунак нагласи дека останува посветен на правно обврзувачката цел за постигнување нула емисии до 2050 година, но и дека Велика Британија може да си дозволи побавен напредок бидејќи е „далеку пред која било друга земја во светот“.

За да ги ублажи, како што ги нарече, „неприфатливите трошоци“ за енергетската транзиција за британските домаќинства, Сунак го одложи спроведувањето на забраната за продажба на автомобили на бензин и дизел, од 2030 на 2035 година.

Тој најави олеснување на транзицијата од плински бојлери и дека нема да ги тера домаќинствата да ја подобрат изолацијата. Сунак рече дека ја менува мерката затоа што претходно властите пребрзо се движеле кон целта за нула емисии, без да ја добијат поддршката од јавноста.

Ако продолжиме по тој пат, ризикуваме да ја изгубиме поддршката од британскиот народ, а реакцијата што ќе резултира не само што би била против конкретните политики, туку и против самата поширока мисија, изјави Сунак на прес-конференција.

The post Забавуваат плановите против климатските промени: Британија ја одложи забраната за продажба на нови автомобили на бензин и дизел appeared first on Република.

]]>

Конзервативниот британски премиер Риши Сунак, ги забави плановите на Велика Британија за справување со климатските промени, најавувајќи одложување на забраната за продажба на нови бензински автомобили за да ја задржи јавната поддршка за транзицијата кон нула емисии. Сунак нагласи дека останува посветен на правно обврзувачката цел за постигнување нула емисии до 2050 година, но и дека Велика Британија може да си дозволи побавен напредок бидејќи е „далеку пред која било друга земја во светот“. За да ги ублажи, како што ги нарече, „неприфатливите трошоци“ за енергетската транзиција за британските домаќинства, Сунак го одложи спроведувањето на забраната за продажба на автомобили на бензин и дизел, од 2030 на 2035 година. Тој најави олеснување на транзицијата од плински бојлери и дека нема да ги тера домаќинствата да ја подобрат изолацијата. Сунак рече дека ја менува мерката затоа што претходно властите пребрзо се движеле кон целта за нула емисии, без да ја добијат поддршката од јавноста.
Ако продолжиме по тој пат, ризикуваме да ја изгубиме поддршката од британскиот народ, а реакцијата што ќе резултира не само што би била против конкретните политики, туку и против самата поширока мисија, изјави Сунак на прес-конференција.

The post Забавуваат плановите против климатските промени: Британија ја одложи забраната за продажба на нови автомобили на бензин и дизел appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен: Можеме да се справиме со климатските промени, ни требаат технологија и пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-mozheme-da-se-spravime-so-klimatskite-promeni-ni-trebaat-tehnologija-i-pari/ Sat, 09 Sep 2023 13:11:23 +0000 https://republika.mk/?p=680261

Климатските промени се дело на човекот, што значи дека ние можеме да се справиме со овој предизвик, за што ни е потребна технологија и ни требаат финансии, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на сесијата „Една земја“ на Самитот на Г20 во Њу Делхи.

– Само земјите од Г20 учествуваат со 80 отсто во емисиите на стакленички гасови. Од друга страна, на Африка отпаѓаат помалку од 4 проценти од емисиите на стакленички гасови, но таа е меѓу најпогодените од климатските промени, рече Фон дер Лајен, потенцирајќи дека останува обврска да се обезбедат 100 милијарди долари за оваа година за финансирање на проекти за справување со климатските промени.

Таа посочи дека ЕУ во тоа финансирање само во 2021 година учествувала со 27 милијарди долари, додавајќи дека Унијата ќе продолжи да одвојува средства во борбата против климатските промени.

Фон дер Лајен истакна дека ЕУ успеа да ги намали емисиите на штетно гасови за 35 проценти, но дека на глобално ниво светот се уште е далеку од остварување на поставените цели на Конференцијата за климата во Париз.

Науката ни кажува дека нема да ја оствариме нашата цел да го ограничиме глобалниот раст на температурата на 1,5 степени. Ако сакаме да ја достигнеме нашата цел за ограничување на зголемувањето на температурата на 1,5 степени, треба тројно да ја зголемиме употребата на обновлива енергија и да ја удвоивме енергетската ефикасност до 2030 година. Се гледа само она што е мерливо, ние го знаеме тој принцип, додаде Фон дер Лајен.

Таа најави дека само во следните пет години, преку својата програма „Глобална порта“, ЕУ ќе инвестира најмалку четири милијарди евра во обновливи извори на енергија во земјите во развој, потенцирајќи дека за справување со климатските промени потребно е да се привлече „многу приватен капитал“.

Климатските промени се глобална појава и фактор што придонесува за несигурност во обезбедувањето на храната. Безбедноста на храната е жртва и на руската агресија во Украина. Ја повикуваме Русија да дозволи житото од Украина да стигне до светските пазари преку Црното Море. Правиме се од себе за да го олесниме житото да стигне до светските пазари преку копнениот пат. Но, за глобалните цени да се стабилизираат, житото мора да патува и по море. Никој не треба да гладува, а лидерите на Г-20 имаат одговорност и алатки да овозможат проток на жито до таму каде што е потребно, потенцира Фон дер Лајен.

Таа воедно го поздрави приемот на Африканската Унија во Г20, при тоа осврнувајќи се нејзиното неодамнешно учество на Африканскиот самит за климата во кенискиот главен град Најроби.

Само што се вратив од Кенија, од Самитот за климата, Од таму гласот на Африка одекна низ целиот свет, особено гласот на нејзината младина преку Младинскиот форум во Кенија, кој не соочи со нашата одговорност како лидери со прашањето: Нашите земји горат и се дават, дали ќе бидете тука за нас?, додаде Фон дер Лајен.

На Самитот на Г20 што денеска и утре се одржува во индискиот главен град Њу Делхи, покрај Фон дер Лајен, ЕУ ја петставуваат и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и еврокомесарот за економија Паоло Џентилони.

The post Фон дер Лајен: Можеме да се справиме со климатските промени, ни требаат технологија и пари appeared first on Република.

]]>

Климатските промени се дело на човекот, што значи дека ние можеме да се справиме со овој предизвик, за што ни е потребна технологија и ни требаат финансии, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на сесијата „Една земја“ на Самитот на Г20 во Њу Делхи. – Само земјите од Г20 учествуваат со 80 отсто во емисиите на стакленички гасови. Од друга страна, на Африка отпаѓаат помалку од 4 проценти од емисиите на стакленички гасови, но таа е меѓу најпогодените од климатските промени, рече Фон дер Лајен, потенцирајќи дека останува обврска да се обезбедат 100 милијарди долари за оваа година за финансирање на проекти за справување со климатските промени. Таа посочи дека ЕУ во тоа финансирање само во 2021 година учествувала со 27 милијарди долари, додавајќи дека Унијата ќе продолжи да одвојува средства во борбата против климатските промени. Фон дер Лајен истакна дека ЕУ успеа да ги намали емисиите на штетно гасови за 35 проценти, но дека на глобално ниво светот се уште е далеку од остварување на поставените цели на Конференцијата за климата во Париз.
Науката ни кажува дека нема да ја оствариме нашата цел да го ограничиме глобалниот раст на температурата на 1,5 степени. Ако сакаме да ја достигнеме нашата цел за ограничување на зголемувањето на температурата на 1,5 степени, треба тројно да ја зголемиме употребата на обновлива енергија и да ја удвоивме енергетската ефикасност до 2030 година. Се гледа само она што е мерливо, ние го знаеме тој принцип, додаде Фон дер Лајен.
Таа најави дека само во следните пет години, преку својата програма „Глобална порта“, ЕУ ќе инвестира најмалку четири милијарди евра во обновливи извори на енергија во земјите во развој, потенцирајќи дека за справување со климатските промени потребно е да се привлече „многу приватен капитал“.
Климатските промени се глобална појава и фактор што придонесува за несигурност во обезбедувањето на храната. Безбедноста на храната е жртва и на руската агресија во Украина. Ја повикуваме Русија да дозволи житото од Украина да стигне до светските пазари преку Црното Море. Правиме се од себе за да го олесниме житото да стигне до светските пазари преку копнениот пат. Но, за глобалните цени да се стабилизираат, житото мора да патува и по море. Никој не треба да гладува, а лидерите на Г-20 имаат одговорност и алатки да овозможат проток на жито до таму каде што е потребно, потенцира Фон дер Лајен.
Таа воедно го поздрави приемот на Африканската Унија во Г20, при тоа осврнувајќи се нејзиното неодамнешно учество на Африканскиот самит за климата во кенискиот главен град Најроби.
Само што се вратив од Кенија, од Самитот за климата, Од таму гласот на Африка одекна низ целиот свет, особено гласот на нејзината младина преку Младинскиот форум во Кенија, кој не соочи со нашата одговорност како лидери со прашањето: Нашите земји горат и се дават, дали ќе бидете тука за нас?, додаде Фон дер Лајен.
На Самитот на Г20 што денеска и утре се одржува во индискиот главен град Њу Делхи, покрај Фон дер Лајен, ЕУ ја петставуваат и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и еврокомесарот за економија Паоло Џентилони.

The post Фон дер Лајен: Можеме да се справиме со климатските промени, ни требаат технологија и пари appeared first on Република.

]]>
Нашата планета и идните генерации зависат од нас: Шефот на СЗО предупредува на влијанието на климатските промени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nashata-planeta-i-idnite-generatsii-zavisat-od-nas-shefot-na-szo-predupreduva-na-vlijanieto-na-klimatskite-promeni/ Mon, 21 Aug 2023 12:06:41 +0000 https://republika.mk/?p=674205

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди на влијанието на климатските промени.

Опасни пожари, катастрофални поплави, екстремни топлотни бранови и продолжени суши. Климатските промени не се далечна закана – тоа се случува сега, влијаејќи на животите и екосистемите, напиша Тедрос Аданом Гебрејесус на X, социјалната платформа порано позната како Твитер.

Ајде да се здружиме, да ги намалиме емисиите, да промовираме издржливост и да изградиме одржлив пат напред. Нашата планета и идните генерации зависат од тоа, додаде тој.

Во последните месеци се забележани зголемени топлотни бранови, циклони, поплави, суши и шумски пожари, а јули е забележан како најтопол месец во светот досега.

The post Нашата планета и идните генерации зависат од нас: Шефот на СЗО предупредува на влијанието на климатските промени appeared first on Република.

]]>

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди на влијанието на климатските промени. Опасни пожари, катастрофални поплави, екстремни топлотни бранови и продолжени суши. Климатските промени не се далечна закана – тоа се случува сега, влијаејќи на животите и екосистемите, напиша Тедрос Аданом Гебрејесус на X, социјалната платформа порано позната како Твитер. Ајде да се здружиме, да ги намалиме емисиите, да промовираме издржливост и да изградиме одржлив пат напред. Нашата планета и идните генерации зависат од тоа, додаде тој. Во последните месеци се забележани зголемени топлотни бранови, циклони, поплави, суши и шумски пожари, а јули е забележан како најтопол месец во светот досега.

The post Нашата планета и идните генерации зависат од нас: Шефот на СЗО предупредува на влијанието на климатските промени appeared first on Република.

]]>
Гринпис: ЕЦБ го прекрши ветувањето дека ќе се бори против климатските промени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/grinpis-etsb-go-prekrshi-vetuvaneto-deka-ke-se-bori-protiv-klimatskite-promeni/ Wed, 26 Jul 2023 10:13:00 +0000 https://republika.mk/?p=665473

Активисти за заштита на животната средина од групата Гринпис денеска ја обвинија Европската централна банка (ЕЦБ) дека го прекршила ветувањето дека ќе се бори против климатските промени.

Според Гринпис, ЕЦБ мора да го исчисти своето портфолио и да ги отстрани компаниите кои се најголеми загадувачи на животната средина.

Централната банка на еврозоната минатата година почна да купува обврзници според еколошки критериуми, но овој месец целиот процес беше стопиран поради зголемената инфлација.

Една година подоцна, тие климатски обврски се прекршени, објави Гринпис во заедничкиот извештај со академици од три универзитети во Велика Британија.

The post Гринпис: ЕЦБ го прекрши ветувањето дека ќе се бори против климатските промени appeared first on Република.

]]>

Активисти за заштита на животната средина од групата Гринпис денеска ја обвинија Европската централна банка (ЕЦБ) дека го прекршила ветувањето дека ќе се бори против климатските промени. Според Гринпис, ЕЦБ мора да го исчисти своето портфолио и да ги отстрани компаниите кои се најголеми загадувачи на животната средина. Централната банка на еврозоната минатата година почна да купува обврзници според еколошки критериуми, но овој месец целиот процес беше стопиран поради зголемената инфлација. Една година подоцна, тие климатски обврски се прекршени, објави Гринпис во заедничкиот извештај со академици од три универзитети во Велика Британија.

The post Гринпис: ЕЦБ го прекрши ветувањето дека ќе се бори против климатските промени appeared first on Република.

]]>
Османи: ОБСЕ ќе поддржи иновативни иницијативи и проекти за справување со климатските ризици https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-obse-ke-poddrzhi-inovativni-initsijativi-i-proekti-za-spravuvane-so-klimatskite-rizitsi/ Fri, 07 Jul 2023 10:35:49 +0000 https://republika.mk/?p=658903

Климатските промени и последиците од нив се фактори што влијаат на зголемување на несигурноста и во крајна линија директно се поврзани со безбедноста во поширокиот регион на ОБСЕ. Затоа е потребно да дадеме политичка поддршка на заложбите на ОБСЕ за нивно ублажување.

Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи во воведното обраќање на првата ОБСЕ Конференција за климатски промени што денеска се одржува во Виена, соопшти МНР.

Климатските промени не само што создаваат видлива штета врз животната средина, туку нивното сè повеќе видливо влијание се заканува и на стабилноста на нашите општества преку менување на севкупните услови за живот. Војните и конфликтите, руската воена агресија против Украина, дополнително ги влошуваат веќе сложените еколошки околности, рече Османи на отворањето на Конференцијата.

Османи истакна дека потврда дека и во овие тешки времиња ОБСЕ посветено работи на ублажување на негативните ефекти од климатските промени е и назначувањето на Специјален претставник за климатски промени во рамки на Претседавањето на Македонија со ОБСЕ.

 

Ваквиот нов пристап ќе обезбеди политичка поддршка на заложбите на ОБСЕ за ублажување на климатските промени и нивните последици. Уверен сум дека заедно можеме да успееме во вклучувањето на климатските активности во нашата секојдневна работа преку поттикнување на декарбонизација на нашите економии и градење поотпорни и климатски приспособливи општества, рече Османи.

Претседавачот потенцираше дека политичките определби мора да бидат поддржани со конкретна акција во сите димензии на ОБСЕ и од страна на сите земји-учеснички. Токму затоа Конференцијата е одлично место за споделување иновативни идеи и најдобри практики.

Покрај тоа, ОБСЕ ќе ги стави на располагање своите капацитети за помош на земјите-учеснички за спроведување на иницијативи и проекти, како и за спречување на поврзаните ризици по безбедноста и животната средина, рече Османи.

Во рамки на Конференцијата, Османи ќе учествува и на панелот „Премостување на националната и глобална акција –Регионална соработка за справување со климатските промени“.

The post Османи: ОБСЕ ќе поддржи иновативни иницијативи и проекти за справување со климатските ризици appeared first on Република.

]]>

Климатските промени и последиците од нив се фактори што влијаат на зголемување на несигурноста и во крајна линија директно се поврзани со безбедноста во поширокиот регион на ОБСЕ. Затоа е потребно да дадеме политичка поддршка на заложбите на ОБСЕ за нивно ублажување. Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи во воведното обраќање на првата ОБСЕ Конференција за климатски промени што денеска се одржува во Виена, соопшти МНР.
Климатските промени не само што создаваат видлива штета врз животната средина, туку нивното сè повеќе видливо влијание се заканува и на стабилноста на нашите општества преку менување на севкупните услови за живот. Војните и конфликтите, руската воена агресија против Украина, дополнително ги влошуваат веќе сложените еколошки околности, рече Османи на отворањето на Конференцијата.
Османи истакна дека потврда дека и во овие тешки времиња ОБСЕ посветено работи на ублажување на негативните ефекти од климатските промени е и назначувањето на Специјален претставник за климатски промени во рамки на Претседавањето на Македонија со ОБСЕ.  
Ваквиот нов пристап ќе обезбеди политичка поддршка на заложбите на ОБСЕ за ублажување на климатските промени и нивните последици. Уверен сум дека заедно можеме да успееме во вклучувањето на климатските активности во нашата секојдневна работа преку поттикнување на декарбонизација на нашите економии и градење поотпорни и климатски приспособливи општества, рече Османи.
Претседавачот потенцираше дека политичките определби мора да бидат поддржани со конкретна акција во сите димензии на ОБСЕ и од страна на сите земји-учеснички. Токму затоа Конференцијата е одлично место за споделување иновативни идеи и најдобри практики.
Покрај тоа, ОБСЕ ќе ги стави на располагање своите капацитети за помош на земјите-учеснички за спроведување на иницијативи и проекти, како и за спречување на поврзаните ризици по безбедноста и животната средина, рече Османи.
Во рамки на Конференцијата, Османи ќе учествува и на панелот „Премостување на националната и глобална акција –Регионална соработка за справување со климатските промени“.

The post Османи: ОБСЕ ќе поддржи иновативни иницијативи и проекти за справување со климатските ризици appeared first on Република.

]]>
Пропадна референдумот во Берлин за мерките за борба против климатските промени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/propadna-referendumot-vo-berlin-za-merkite-za-borba-protiv-klimatskite-promeni/ Mon, 27 Mar 2023 06:20:33 +0000 https://republika.mk/?p=623986

Референдумот за мерките за борба против климатските промени, што се одржа вчера во Берлин, пропадна бидејќи не излегоа доволно гласачи.

По преброените околу 98 отсто од гласовите, поддржувачите на предлогот само малку предничеа пред противниците за ваквата измена на законот, односно 423.000 гласаа за, а околу 405.000 беа против, се вели во соопштението на градската изборна управа.

Сепак, тој резултат исполни само еден услов за успешен предлог. Вториот услов, кворум од најмалку 25 отсто од сите граѓани со право на глас, не беше исполнет, објави АП.

За успешен референдум, за предлогот би биле потребни околу 608.000 гласови. На референдумот се одлучија за мерките со кои се бара Берлин да стане климатски неутрален до 2030 година, што би значело дека за помалку од осум години градот повеќе нема да смее да придонесува за глобалното затоплување.

The post Пропадна референдумот во Берлин за мерките за борба против климатските промени appeared first on Република.

]]>

Референдумот за мерките за борба против климатските промени, што се одржа вчера во Берлин, пропадна бидејќи не излегоа доволно гласачи.
По преброените околу 98 отсто од гласовите, поддржувачите на предлогот само малку предничеа пред противниците за ваквата измена на законот, односно 423.000 гласаа за, а околу 405.000 беа против, се вели во соопштението на градската изборна управа.
Сепак, тој резултат исполни само еден услов за успешен предлог. Вториот услов, кворум од најмалку 25 отсто од сите граѓани со право на глас, не беше исполнет, објави АП. За успешен референдум, за предлогот би биле потребни околу 608.000 гласови. На референдумот се одлучија за мерките со кои се бара Берлин да стане климатски неутрален до 2030 година, што би значело дека за помалку од осум години градот повеќе нема да смее да придонесува за глобалното затоплување.

The post Пропадна референдумот во Берлин за мерките за борба против климатските промени appeared first on Република.

]]>
Што се е „на коцка“ кога се во прашање климатските разговори COP27 во Египет? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shto-se-e-na-kocka-koga-se-vo-prashanje-klimatskite-razgovori-cop27-vo-egipet/ Sun, 06 Nov 2022 08:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=570260

По една година разорни природни катастрофи, 27. Конференција на страните (COP27) за климатски промени ќе се обиде да го исполни својот слоган: „Заедно за имплементација“, и да ги унапреди претходните обврски за ограничување на глобалното затоплување.

Работата што претстои е огромна. Толку огромна колку и климатските влијанија што ги гледаме низ светот. Третина од Пакистан е поплавена. Најжешко лето во Европа во последните 500 години. Филипини на удар. Цела Куба во мрак, порача генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, на подготвителниот состанок на COP претходно овој месец, повикувајќи на брза акција.

Овогодинешниот двонеделен самит, кој од денеска се одржува во Египет, има за цел да ги зајакне и спроведе ветувањата дадени на минатогодишниот самит во Шкотска, со цел да се задржи глобалниот пораст на температурата под 1,5 степени Целзиусови (2,7 Фаренхајти) за да се спречат најразорните ефекти од затоплувањето на планетата.

„Ал Џазири“ анализира што треба да се знае за претстојните разговори:

Што е COP27?

Конференцијата на страните (COP) е врховен форум за одлучување на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC), меѓународен договор за животна средина потпишан од 198 земји и кој стапи во сила во 1994 година за борба против „опасното човечко мешање во климатскиот систем“.

Конференцијата се одржува од 1995 година, собирајќи ги владите потписнички еднаш годишно за да разговараат и договорат како заеднички да се решат климатските промени и нивните ефекти.

Египет е домаќин на овогодинешниот самит во туристичкиот град Шарм Ел Шеик на Црвеното Море. Ова е прв COP во Африка откако COP22 се одржа во Мароко во 2016 година.

Се очекува повеќе од 100 лидери да учествуваат на самитот на светските лидери на 7-8 ноември и да внесат политички моментум во разговорите.

Многу лобисти за фосилни горива ќе се приклучат во обид да ја заштитат својата индустрија од акција за задржување на јагленот, нафтата и гасот во земјата.

Климатската активистка Грета Тунберг рече дека нема да присуствува, нарекувајќи ја конференцијата можност за „зелено перење, лажење и мамење“.

Која е целта?

Основната цел е да се преполоват глобалните емисии на стакленички гасови до 2030 година и да се достигне „нето нула“ до 2050 година за да се задржи затоплувањето под 1,5 °C како што е препорачано од Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC).

COP26 во шкотскиот пристанишен град Глазгов забележа наплив на ветувања кои на крајот сепак го оставија светот на вистинскиот пат да достигне 2,4 °C (4,3 °F), според Climate Action Tracker.

Владините претставници оваа година ќе отворат некои од најтешките прашања кои моментално го водат светот на пат кон катастрофално загревање.

Земјите во развој кои ги доживуваат најлошите ефекти од климатските промени ќе имаат за цел да добијат финансиска помош од индустријализираните земји одговорни за најголемиот дел од емисиите, кои допрва треба да ги исполнат ветувањата за редовни финансии и за напорите за адаптација и за ублажување.

Што е на агендата на COP27?

Ублажување:

Очекувањата од COP27 се високи за земјите да дадат јасни сигнали за напредок во намалувањето на стакленички гасови, што се нарекува имплементација на ублажување.
Страните треба да усвојат „работна програма за ублажување“ за итно да ги зголемат амбициите за ублажување и имплементација пред 2030 година.

Бидејќи минатогодишните ветувања за овие теми, вклучително и постепено укинување на енергијата од јаглен и спречување на уништувањето на шумите, го оставија светот на пат да достигне 2,4 Целзиусови степени затоплување, формалниот исход од COP26 – Климатскиот пакт во Глазгов – побара зајакнување на целите за ублажување на емисиите на стакленички гасови, познати како национално определени придонеси (NDCs).

Земјите чии NDC не беа во согласност со целта од 1,5°C се очекуваше да претстават ревидирана верзија на COP27. Само 26 од 193 земји кои се согласија да ги засилат своите обврски досега продолжија со поамбициозни планови.

Адаптација:

Климатскиот пакт во Глазгов ги повика развиените земји барем да го удвојат финансирањето за адаптација до 2025 година и да започнат двегодишна програма за работа на глобалната цел за адаптација (GGA).
Сепак, земјите во развој не ја добиваат ветената помош, вклучително и годишни 100 милијарди американски долари што треба да бидат испорачани од 2020 до 2025 година.

Богатите земји ќе бидат повикани да потрошат многу повеќе пари за да им помогнат на земјите да се прилагодат и да ги исполнат неисполнетите ветувања.

Загуба и оштетување:

„Загубите и штетите“ – исто така наречени „климатски репарации“ – најверојатно ќе бидат главниот фокус оваа година.

Клучно барање на земјите во развој е создавање механизам кој обезбедува финансирање за управување со загубите и штетите предизвикани од екстремните временски услови.

Клучно барање на земјите во развој е создавање механизам кој обезбедува финансирање за управување со загубите и штетите предизвикани од екстремните временски услови.
Развиените земји се спротивставија на ова прашање, кое никогаш не беше дел од официјалната агенда на разговорите на ОН, плашејќи се дека може да предизвика судски спорови и барања за компензација во големи размери.

Алијансата на мали островски држави (AOSIS) ќе претстави предлог за „фонд за одговор“ кој ќе им помогне на климатските жртви да закрепнат од загубата и штетата предизвикана од климатските шокови.

Ова спорно прашање би можело да „ги испоти“ учесниците на COP27, во време кога земјите кои обезбедуваат помош се соочуваат со зголемените цени на енергијата и ги пренасочуваат своите буџети кон хуманитарната криза во Украина.

Операционализацијата, финансирањето и управувањето со Мрежата за загуби и штети во Сантијаго – основана на COP25 за поврзување на ранливите земји во развој со давателите на техничка помош, знаење и ресурси – исто така ќе бидат приоритет.

Енергетска транзиција:

Финансиската алијанса во Глазгов за нето нулта (GFANZ) основана на COP26 имаше за цел да ја забрза транзицијата кон нето нулта економија со доведување на повеќе од 450 приватни играчи во финансискиот сектор да ги приспособат своите деловни модели. На COP27, GFANZ се очекува да предложи конкретни планови за намалување на емисиите на јаглерод.

Земјите се согласија минатата година за првпат да го „закочат“ производството на јаглен, но некои се откажаа од своите ветувања поради загриженоста за можен недостиг предизвикан од намалувањето на снабдувањето со енергија од Русија.

Африканските лидери најверојатно ќе повикаат на формално признавање дека треба да им се дозволи да ги развијат своите резерви на фосилни горива.

Постои ризик дека фазата COP може да се искористи за да се изведат погрешни визии за патот на фосилните горива за излез од енергетската криза. Може да се покаже тешко да се постигне договор за намалување на производството на гас, иако тоа е потребно за да се исполнат климатските цели.

The post Што се е „на коцка“ кога се во прашање климатските разговори COP27 во Египет? appeared first on Република.

]]>

По една година разорни природни катастрофи, 27. Конференција на страните (COP27) за климатски промени ќе се обиде да го исполни својот слоган: „Заедно за имплементација“, и да ги унапреди претходните обврски за ограничување на глобалното затоплување.
Работата што претстои е огромна. Толку огромна колку и климатските влијанија што ги гледаме низ светот. Третина од Пакистан е поплавена. Најжешко лето во Европа во последните 500 години. Филипини на удар. Цела Куба во мрак, порача генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, на подготвителниот состанок на COP претходно овој месец, повикувајќи на брза акција.
Овогодинешниот двонеделен самит, кој од денеска се одржува во Египет, има за цел да ги зајакне и спроведе ветувањата дадени на минатогодишниот самит во Шкотска, со цел да се задржи глобалниот пораст на температурата под 1,5 степени Целзиусови (2,7 Фаренхајти) за да се спречат најразорните ефекти од затоплувањето на планетата. „Ал Џазири“ анализира што треба да се знае за претстојните разговори:

Што е COP27?

Конференцијата на страните (COP) е врховен форум за одлучување на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC), меѓународен договор за животна средина потпишан од 198 земји и кој стапи во сила во 1994 година за борба против „опасното човечко мешање во климатскиот систем“. Конференцијата се одржува од 1995 година, собирајќи ги владите потписнички еднаш годишно за да разговараат и договорат како заеднички да се решат климатските промени и нивните ефекти. Египет е домаќин на овогодинешниот самит во туристичкиот град Шарм Ел Шеик на Црвеното Море. Ова е прв COP во Африка откако COP22 се одржа во Мароко во 2016 година. Се очекува повеќе од 100 лидери да учествуваат на самитот на светските лидери на 7-8 ноември и да внесат политички моментум во разговорите. Многу лобисти за фосилни горива ќе се приклучат во обид да ја заштитат својата индустрија од акција за задржување на јагленот, нафтата и гасот во земјата. Климатската активистка Грета Тунберг рече дека нема да присуствува, нарекувајќи ја конференцијата можност за „зелено перење, лажење и мамење“.

Која е целта?

Основната цел е да се преполоват глобалните емисии на стакленички гасови до 2030 година и да се достигне „нето нула“ до 2050 година за да се задржи затоплувањето под 1,5 °C како што е препорачано од Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC). COP26 во шкотскиот пристанишен град Глазгов забележа наплив на ветувања кои на крајот сепак го оставија светот на вистинскиот пат да достигне 2,4 °C (4,3 °F), според Climate Action Tracker. Владините претставници оваа година ќе отворат некои од најтешките прашања кои моментално го водат светот на пат кон катастрофално загревање. Земјите во развој кои ги доживуваат најлошите ефекти од климатските промени ќе имаат за цел да добијат финансиска помош од индустријализираните земји одговорни за најголемиот дел од емисиите, кои допрва треба да ги исполнат ветувањата за редовни финансии и за напорите за адаптација и за ублажување.

Што е на агендата на COP27?

Ублажување: Очекувањата од COP27 се високи за земјите да дадат јасни сигнали за напредок во намалувањето на стакленички гасови, што се нарекува имплементација на ублажување. Страните треба да усвојат „работна програма за ублажување“ за итно да ги зголемат амбициите за ублажување и имплементација пред 2030 година. Бидејќи минатогодишните ветувања за овие теми, вклучително и постепено укинување на енергијата од јаглен и спречување на уништувањето на шумите, го оставија светот на пат да достигне 2,4 Целзиусови степени затоплување, формалниот исход од COP26 – Климатскиот пакт во Глазгов – побара зајакнување на целите за ублажување на емисиите на стакленички гасови, познати како национално определени придонеси (NDCs). Земјите чии NDC не беа во согласност со целта од 1,5°C се очекуваше да претстават ревидирана верзија на COP27. Само 26 од 193 земји кои се согласија да ги засилат своите обврски досега продолжија со поамбициозни планови. Адаптација: Климатскиот пакт во Глазгов ги повика развиените земји барем да го удвојат финансирањето за адаптација до 2025 година и да започнат двегодишна програма за работа на глобалната цел за адаптација (GGA). Сепак, земјите во развој не ја добиваат ветената помош, вклучително и годишни 100 милијарди американски долари што треба да бидат испорачани од 2020 до 2025 година. Богатите земји ќе бидат повикани да потрошат многу повеќе пари за да им помогнат на земјите да се прилагодат и да ги исполнат неисполнетите ветувања. Загуба и оштетување: „Загубите и штетите“ – исто така наречени „климатски репарации“ – најверојатно ќе бидат главниот фокус оваа година. Клучно барање на земјите во развој е создавање механизам кој обезбедува финансирање за управување со загубите и штетите предизвикани од екстремните временски услови. Клучно барање на земјите во развој е создавање механизам кој обезбедува финансирање за управување со загубите и штетите предизвикани од екстремните временски услови. Развиените земји се спротивставија на ова прашање, кое никогаш не беше дел од официјалната агенда на разговорите на ОН, плашејќи се дека може да предизвика судски спорови и барања за компензација во големи размери. Алијансата на мали островски држави (AOSIS) ќе претстави предлог за „фонд за одговор“ кој ќе им помогне на климатските жртви да закрепнат од загубата и штетата предизвикана од климатските шокови. Ова спорно прашање би можело да „ги испоти“ учесниците на COP27, во време кога земјите кои обезбедуваат помош се соочуваат со зголемените цени на енергијата и ги пренасочуваат своите буџети кон хуманитарната криза во Украина. Операционализацијата, финансирањето и управувањето со Мрежата за загуби и штети во Сантијаго – основана на COP25 за поврзување на ранливите земји во развој со давателите на техничка помош, знаење и ресурси – исто така ќе бидат приоритет. Енергетска транзиција: Финансиската алијанса во Глазгов за нето нулта (GFANZ) основана на COP26 имаше за цел да ја забрза транзицијата кон нето нулта економија со доведување на повеќе од 450 приватни играчи во финансискиот сектор да ги приспособат своите деловни модели. На COP27, GFANZ се очекува да предложи конкретни планови за намалување на емисиите на јаглерод. Земјите се согласија минатата година за првпат да го „закочат“ производството на јаглен, но некои се откажаа од своите ветувања поради загриженоста за можен недостиг предизвикан од намалувањето на снабдувањето со енергија од Русија. Африканските лидери најверојатно ќе повикаат на формално признавање дека треба да им се дозволи да ги развијат своите резерви на фосилни горива. Постои ризик дека фазата COP може да се искористи за да се изведат погрешни визии за патот на фосилните горива за излез од енергетската криза. Може да се покаже тешко да се постигне договор за намалување на производството на гас, иако тоа е потребно за да се исполнат климатските цели.

The post Што се е „на коцка“ кога се во прашање климатските разговори COP27 во Египет? appeared first on Република.

]]>
ООН: Светот се движи кон климатска катастрофа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/oon-svetot-se-dvizi-kon-klimatska-katastrofa/ Thu, 27 Oct 2022 15:31:47 +0000 https://republika.mk/?p=566487

Светот се движи кон „климатска катастрофа”, предупреди ООН во денеска објавениот извештај, кој покажа колку всушност се далеку земјите од нивните поставени и „недоволни” климатски планови.

Во извештајот на Програмата за животна средина на ОН (УНЕП) се предупредува на голем јаз помеѓу активностите потребни за ограничување на порастот на глобалните температури за да се избегнат најлошите ефекти од климатските промени и она што го прават земјите и што ветија дека ќе направат.

Актуелните климатски политики доведуваат до затоплување од 2,8 степени Целзиусови, а плановите на земјите за следната деценија би довеле до зголемување на температурата од 2,4 до 2,6 Целзиусови степени.

Времето за постепена промена заврши и „само фундаментална трансформација на нашите економии и општества може да нè спаси од забрзана климатска катастрофа”, предупреди извршната директорка на УНЕП, Ингер Андерсен.

Во согласност со Парискиот климатски договор од 2015 година, здржавите ветија дека ќе преземат активности за намалување на емисиите на стакленички гасови за да се ограничи глобалното затоплување значително под нивото од 2, односно 1,5 степени Целзиусови.

Светот веќе е соочен со почести поплави, бури, топлотни бранови и шумски пожари, а доколку се надмине границата на затоплување од 1,5 степени Целзиусови, се очекуваат уште поразорни екстремни временски настани.

Плановите за климата, познати како Национално определени придонеси (NDC), се проценува дека ќе ги намалат глобалните емисии за меѓу пет и 10 проценти до 2030 година, или три до шест милијарди тони, во споредба со тековните политики.

Но, потребно е да се намалат штетните гасови за уште 20 до 23 милијарди тони до 2030 година за да се постигне целта температурата да се ограничи на 1,5 степени Целзиусови, односно 12 до 15 милијарди тони за да остане во границата од 2 Целзиусови степени.

Земјите, исто така, „скршнаа од патот” и во однос на остварувањето на своите глобално „грубо недоволни” климатски планови, се предупредува во извештајот објавен пред најновите меѓународни разговори за климата во Шарм Ел-Шеик, Египет.

Шефот на ОН, Антонио Гутереш ги повика развиените земји да бидат предводници на поамбициозните климатски планови, да ја прекинат зависноста од фосилните горива и да го зголемат ангажманот на Светска банка во борбата против климатските промени.

„Мораме да го затвориме јазот во емисиите пред сите да бидеме погодени од климатска катастрофа”, додаде Гутереш.

The post ООН: Светот се движи кон климатска катастрофа appeared first on Република.

]]>

Светот се движи кон „климатска катастрофа”, предупреди ООН во денеска објавениот извештај, кој покажа колку всушност се далеку земјите од нивните поставени и „недоволни” климатски планови. Во извештајот на Програмата за животна средина на ОН (УНЕП) се предупредува на голем јаз помеѓу активностите потребни за ограничување на порастот на глобалните температури за да се избегнат најлошите ефекти од климатските промени и она што го прават земјите и што ветија дека ќе направат. Актуелните климатски политики доведуваат до затоплување од 2,8 степени Целзиусови, а плановите на земјите за следната деценија би довеле до зголемување на температурата од 2,4 до 2,6 Целзиусови степени.
Времето за постепена промена заврши и „само фундаментална трансформација на нашите економии и општества може да нè спаси од забрзана климатска катастрофа”, предупреди извршната директорка на УНЕП, Ингер Андерсен.
Во согласност со Парискиот климатски договор од 2015 година, здржавите ветија дека ќе преземат активности за намалување на емисиите на стакленички гасови за да се ограничи глобалното затоплување значително под нивото од 2, односно 1,5 степени Целзиусови. Светот веќе е соочен со почести поплави, бури, топлотни бранови и шумски пожари, а доколку се надмине границата на затоплување од 1,5 степени Целзиусови, се очекуваат уште поразорни екстремни временски настани. Плановите за климата, познати како Национално определени придонеси (NDC), се проценува дека ќе ги намалат глобалните емисии за меѓу пет и 10 проценти до 2030 година, или три до шест милијарди тони, во споредба со тековните политики. Но, потребно е да се намалат штетните гасови за уште 20 до 23 милијарди тони до 2030 година за да се постигне целта температурата да се ограничи на 1,5 степени Целзиусови, односно 12 до 15 милијарди тони за да остане во границата од 2 Целзиусови степени. Земјите, исто така, „скршнаа од патот” и во однос на остварувањето на своите глобално „грубо недоволни” климатски планови, се предупредува во извештајот објавен пред најновите меѓународни разговори за климата во Шарм Ел-Шеик, Египет. Шефот на ОН, Антонио Гутереш ги повика развиените земји да бидат предводници на поамбициозните климатски планови, да ја прекинат зависноста од фосилните горива и да го зголемат ангажманот на Светска банка во борбата против климатските промени.
„Мораме да го затвориме јазот во емисиите пред сите да бидеме погодени од климатска катастрофа”, додаде Гутереш.

The post ООН: Светот се движи кон климатска катастрофа appeared first on Република.

]]>