климатски активисти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klimatski-aktivisti/ За подобро да се разбереме Sat, 18 May 2024 08:57:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png климатски активисти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klimatski-aktivisti/ 32 32 Се залепиле на пистата: На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-zalepile-na-pistata-na-aerodromot-vo-minhen-privedeni-osum-klimatski-aktivisti/ Sat, 18 May 2024 08:57:42 +0000 https://republika.mk/?p=779424

Германската полиција привела осум климатски активисти кои упаднале на аеродромот во Минхен. Аеродромот по два часа повторно почнал со работа, но можни се доцнења на некои летови.

Шест климатски активисти се залепија на две места на пистата на аеродромот во Минхен. На еден од транспарентите пишуваше „Проблемот е владата, а не нашиот празник“.

Протестот беше организиран од климатската група „Лас џенерејшн“ (Last Generation), која и претходно имаше вакви акции.

Поради протестот на климатските активисти од аеродромот во Минхен беа откажани 60 летови.

The post Се залепиле на пистата: На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти appeared first on Република.

]]>

Германската полиција привела осум климатски активисти кои упаднале на аеродромот во Минхен. Аеродромот по два часа повторно почнал со работа, но можни се доцнења на некои летови. Шест климатски активисти се залепија на две места на пистата на аеродромот во Минхен. На еден од транспарентите пишуваше „Проблемот е владата, а не нашиот празник“. Протестот беше организиран од климатската група „Лас џенерејшн“ (Last Generation), која и претходно имаше вакви акции. Поради протестот на климатските активисти од аеродромот во Минхен беа откажани 60 летови.

The post Се залепиле на пистата: На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти appeared first on Република.

]]>
Германските климатски активисти започна протести во Берлин и Минхен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanskite-klimatski-aktivisti-zapochna-protesti-vo-berlin-i-minhen/ Mon, 05 Dec 2022 14:06:46 +0000 https://republika.mk/?p=582247

Климатските активисти во понеделникот се насочија кон клучните сообраќајни јазли во двата најголеми германски градови Берлин и Минхен, сигнализирајќи повторно покренување на својата кампања протести поврзани со климатските промени.

Петмина припадници на движењето Letzte Generation (Последното поколение) се залепиле за коловозот пред главната железничка станица во Берлин, соопшти полицијата на германската престолнина. Уште два слични протеста се одржан на други места во центарот на градот.

Во баварската престолнина Минхен, полицијата објави дека девет лица се залепиле за коловозот и го блокирале сообраќајот околу историскиот плоштад Карлсплатц. Носеле воочливи елеци и користеле плакати за да го свртат вниманието на нивните барања. Сообраќајните проблеми предизвикани во понеделникот утрото биле „умерени“ соопшти германската полиција.

Споменатата група активисти најави дека оваа седмица повторно ќе започне со протести, по една седмица пауза, како и дека ќе продолжат земајќи ги за цел сообраќајните јазли. Изминатите седмици ги блокираа патиштата, оштетуваа славни уметнички дела во музеите и галериите и на два часа го запреа воздухопловниот сообраќај на аеродромот BER во Берлин.

Во сојузната покраина Баварија, чиј главен град е Минхен, на некои активисти им бил одреден притвор, како мерка на претпазливост по најавите на продолжувањето на акциите кои го нарушуваат вообичаениот ритам на функционирање на урбаните средини.

Меѓу другото, групата бара ограничување на брзината на 100 километри на час на автопатите и месечен билет за воз од 9 евра.

Протестите на берлинскиот аеродром особено наиде на широка осуда не некои тактики со кои се служи движењето Letzte Generation.

На крајот од октомври двајца еко-активисти го блокираа автопатот А100 во Берлин, парализирајќи го сообраќајот на оваа делница. Тогаш сообраќајниот метеж доведе до доцнење на медицинска помош на местото на несреќата поради што почина повредената велосипедистка. Полицијата и државното обвинителство сѐ уште ја истражуваат несреќата за да се разјасни дали вината треба да им се припише на активистите. Се разгледува, исто така, можна тужба против активистите поради попречување на службени лица кои пружаат помош.

Министерот за внатрешни работи на најнаселената сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија, Херберт Рул, изјави претходо дека демонстрантите ја „минаа границата“. Рул за јавното радио Deutschlandfunk реле дека „државата не може едноставно да гледа и да дозволи тоа да се сличи“.

Неколку политичари минатиот месец повикаа на поостри мерки против демонстрантите чија цел се и музеите, а активистите се на удар на и на социјалните мрежи.

 

The post Германските климатски активисти започна протести во Берлин и Минхен appeared first on Република.

]]>

Климатските активисти во понеделникот се насочија кон клучните сообраќајни јазли во двата најголеми германски градови Берлин и Минхен, сигнализирајќи повторно покренување на својата кампања протести поврзани со климатските промени. Петмина припадници на движењето Letzte Generation (Последното поколение) се залепиле за коловозот пред главната железничка станица во Берлин, соопшти полицијата на германската престолнина. Уште два слични протеста се одржан на други места во центарот на градот. Во баварската престолнина Минхен, полицијата објави дека девет лица се залепиле за коловозот и го блокирале сообраќајот околу историскиот плоштад Карлсплатц. Носеле воочливи елеци и користеле плакати за да го свртат вниманието на нивните барања. Сообраќајните проблеми предизвикани во понеделникот утрото биле „умерени“ соопшти германската полиција. Споменатата група активисти најави дека оваа седмица повторно ќе започне со протести, по една седмица пауза, како и дека ќе продолжат земајќи ги за цел сообраќајните јазли. Изминатите седмици ги блокираа патиштата, оштетуваа славни уметнички дела во музеите и галериите и на два часа го запреа воздухопловниот сообраќај на аеродромот BER во Берлин. Во сојузната покраина Баварија, чиј главен град е Минхен, на некои активисти им бил одреден притвор, како мерка на претпазливост по најавите на продолжувањето на акциите кои го нарушуваат вообичаениот ритам на функционирање на урбаните средини. Меѓу другото, групата бара ограничување на брзината на 100 километри на час на автопатите и месечен билет за воз од 9 евра. Протестите на берлинскиот аеродром особено наиде на широка осуда не некои тактики со кои се служи движењето Letzte Generation. На крајот од октомври двајца еко-активисти го блокираа автопатот А100 во Берлин, парализирајќи го сообраќајот на оваа делница. Тогаш сообраќајниот метеж доведе до доцнење на медицинска помош на местото на несреќата поради што почина повредената велосипедистка. Полицијата и државното обвинителство сѐ уште ја истражуваат несреќата за да се разјасни дали вината треба да им се припише на активистите. Се разгледува, исто така, можна тужба против активистите поради попречување на службени лица кои пружаат помош. Министерот за внатрешни работи на најнаселената сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија, Херберт Рул, изјави претходо дека демонстрантите ја „минаа границата“. Рул за јавното радио Deutschlandfunk реле дека „државата не може едноставно да гледа и да дозволи тоа да се сличи“. Неколку политичари минатиот месец повикаа на поостри мерки против демонстрантите чија цел се и музеите, а активистите се на удар на и на социјалните мрежи.  

The post Германските климатски активисти започна протести во Берлин и Минхен appeared first on Република.

]]>
Светските музеи се загрижени по нападите на климатските активисти https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svetskite-muzei-se-zagrizeni-po-napadite-na-klimatskite-aktivisti/ Fri, 11 Nov 2022 13:53:13 +0000 https://republika.mk/?p=572786

Околу стотина меѓународни музеи денеска во заедничко соопштение изразија длабока загриженост од постапките на климатските и екоактивистите, насочени кон оштетување на уметнички дела.

Активистите одговорни за тие напади во голема мера ја потценуваат чувствителноста на овие незаменливи дела, се вели во заедничката изјава на големите меѓународни музеи како „Прадо“ во Мадрид, „Лувр“ во Париз, „Гугенхајм“ во Њујорк итн. Тие се „длабоко шокирани од несовесното загрозување на тие дела во низата напади на активистите“ што имаат цел со тоа да го привлечат вниманието на јавноста кон глобалното затоплување.

Последниве недели, активисти за климата оштетија слика на Гоја во Мадрид, познатата графика „Кембелова супа“ на Енди Ворхол, изложена во Австралија, „Сончогледите“ на Ван Гог во Лондон, како и дело на Клод Моне во Потсдам, Германија.

Музеите се места каде што се воспоставува дијалог меѓу луѓето од различни делови на светот и затоа тие придонесуваат за општествена размена, велат 92-та потписници.

Сликите, за среќа, останаа неоштетени, но настанот со „Сончогледи“ предизвика мали оштетувања на рамката.

The post Светските музеи се загрижени по нападите на климатските активисти appeared first on Република.

]]>

Околу стотина меѓународни музеи денеска во заедничко соопштение изразија длабока загриженост од постапките на климатските и екоактивистите, насочени кон оштетување на уметнички дела.
Активистите одговорни за тие напади во голема мера ја потценуваат чувствителноста на овие незаменливи дела, се вели во заедничката изјава на големите меѓународни музеи како „Прадо“ во Мадрид, „Лувр“ во Париз, „Гугенхајм“ во Њујорк итн. Тие се „длабоко шокирани од несовесното загрозување на тие дела во низата напади на активистите“ што имаат цел со тоа да го привлечат вниманието на јавноста кон глобалното затоплување.
Последниве недели, активисти за климата оштетија слика на Гоја во Мадрид, познатата графика „Кембелова супа“ на Енди Ворхол, изложена во Австралија, „Сончогледите“ на Ван Гог во Лондон, како и дело на Клод Моне во Потсдам, Германија.
Музеите се места каде што се воспоставува дијалог меѓу луѓето од различни делови на светот и затоа тие придонесуваат за општествена размена, велат 92-та потписници.
Сликите, за среќа, останаа неоштетени, но настанот со „Сончогледи“ предизвика мали оштетувања на рамката.

The post Светските музеи се загрижени по нападите на климатските активисти appeared first on Република.

]]>