Клик Слик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klik-slik/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Sep 2023 12:45:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Клик Слик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klik-slik/ 32 32 Изложба и книжевен бал „кЛИК, сЛИК – сподели кирилица“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-i-knizheven-bal-klik-slik-spodeli-kirilitsa/ Wed, 20 Sep 2023 12:45:08 +0000 https://republika.mk/?p=683492

Второто издание на Маалски фестивал во организација на КСП Центар Јадро официјално ќе биде отворено со книжевен бал и изложба на дела изработени на работилницата за креативно пишување за млади, „кЛИК, сЛИК - сподели кирилица“, под менторство на компаратистките Ивана Смилевска и Марија Бошковска.

Без разлика дали ќе дојдете во тиква или во бела и раскошна кочија, во 19 часот ќе се запознаете со книжевни ликови создадени од тон имагинација на учесничките Маша, Мила, Мелиха, Анабела, Анастасија, Деспина, Теодора, Лара, Лејла, Сара и Сара (сѐ се женски).

Самовили, Барбика од антика, Месечина што плаче, коса со супер-моќи... Се само дел од книжевните ликови, гости на балот, направени аналогно или со вештачка интелигенција преку непредвидливи кЛИКови и кирилични формули.

Ликовите и нивните приказни се бројни и посебни, книжевно-имагинарни светови. Во нив ќе може да се влезе преку малите книгички - фанзини, кои споделуваат кирилица надвор од рамките на дигиталното објавување и комерцијалното издаваштво.

Што се фанзини? Мала книгичка, или фанзин е неофицијално издание создадено ентузијастички и панкерски, по „направи сам“ техника, а обработува одреден културен феномен, како на пример литературен или музички жанр. Фанзините се користат за споделување идеи и креативно изразување. Еве на пример, ние пишувавме за чувства.

Учесничките ги изработија фанзините под менторство на уметниците Дарко Алексовски и Јован Јосифовски, преку сечење, лепење, цртање и колажирање.

Бал не е бал без музика, а за тоа ќе се погрижат диџеите Индог и Мартина Пенева. Дојдете да се журкаме заедно

#споделикирилица #цртајнакирилица #цртајнакирилица2023

Дводневната работилница за креативно пишување за млади „кЛИК, сЛИК - сподели кирилица“ е поддржана од Министерството за култура преку конкурсот „Цртај на кирилица“. Маалски фестивал е под покровителство на Асоцијација Јадро, Општина Центар и Министерство за култура.

 

 

The post Изложба и книжевен бал „кЛИК, сЛИК – сподели кирилица“ appeared first on Република.

]]>

Второто издание на Маалски фестивал во организација на КСП Центар Јадро официјално ќе биде отворено со книжевен бал и изложба на дела изработени на работилницата за креативно пишување за млади, „кЛИК, сЛИК - сподели кирилица“, под менторство на компаратистките Ивана Смилевска и Марија Бошковска. Без разлика дали ќе дојдете во тиква или во бела и раскошна кочија, во 19 часот ќе се запознаете со книжевни ликови создадени од тон имагинација на учесничките Маша, Мила, Мелиха, Анабела, Анастасија, Деспина, Теодора, Лара, Лејла, Сара и Сара (сѐ се женски). Самовили, Барбика од антика, Месечина што плаче, коса со супер-моќи... Се само дел од книжевните ликови, гости на балот, направени аналогно или со вештачка интелигенција преку непредвидливи кЛИКови и кирилични формули. Ликовите и нивните приказни се бројни и посебни, книжевно-имагинарни светови. Во нив ќе може да се влезе преку малите книгички - фанзини, кои споделуваат кирилица надвор од рамките на дигиталното објавување и комерцијалното издаваштво. Што се фанзини? Мала книгичка, или фанзин е неофицијално издание создадено ентузијастички и панкерски, по „направи сам“ техника, а обработува одреден културен феномен, како на пример литературен или музички жанр. Фанзините се користат за споделување идеи и креативно изразување. Еве на пример, ние пишувавме за чувства. Учесничките ги изработија фанзините под менторство на уметниците Дарко Алексовски и Јован Јосифовски, преку сечење, лепење, цртање и колажирање. Бал не е бал без музика, а за тоа ќе се погрижат диџеите Индог и Мартина Пенева. Дојдете да се журкаме заедно #споделикирилица #цртајнакирилица #цртајнакирилица2023 Дводневната работилница за креативно пишување за млади „кЛИК, сЛИК - сподели кирилица“ е поддржана од Министерството за култура преку конкурсот „Цртај на кирилица“. Маалски фестивал е под покровителство на Асоцијација Јадро, Општина Центар и Министерство за култура.    

The post Изложба и книжевен бал „кЛИК, сЛИК – сподели кирилица“ appeared first on Република.

]]>