клевета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kleveta/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jan 2024 10:05:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png клевета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kleveta/ 32 32 Мицкоски ја доби тужбата за клевета за лагата дека „купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ja-dobi-tuzhbata-za-kleveta-za-lagata-deka-kupil-i-renoviral-kuka-vo-kozle-vredna-eden-milion-evra/ Mon, 29 Jan 2024 15:44:59 +0000 https://republika.mk/?p=738260

Скопскиот суд утврди граѓанска одговорност за сторена клевета према претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од страна на Друштвото за дигитални медиуми БАБИНСКИ ДООЕЛ Скопје, за објавување вест со наслов „Мицковски купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“ на ден 26.02.2023 година во јавно објавена вест на официјалната веб страна „brif.mk“.

Според пресудата, порталот изнел невистинити факти за тужителот, со што ја повредиле честа и угледот со следново: „Мицковски купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“.

Целата пресуда е објавена на „Бриф“.

Мицкоски неодамна потенцираше дека  неколку пати добил пресуди за ширење на лажни вести, клеветење и невистини во, како што влеи, црната кампања која СДСМ ја води против него.

Докажано е дека brif.mk лажеа и апсолутно ширеа невистини. Лажеа и кога еден вицепремиер од владата преку еден негов медиум правеше прилог пред куќата која ниту е моја, ниту вреди милион евра. На оваа и на милион други лаги, како онаа дека наводно сум поседувал куќа во Црна Гора, дека сум имал не знам какви бизниси и хидроцентрали, единствено гледам како на очаен обид да се деградира мојата личност и да се дефокусира вниманието од нивната неспособност. Колку тие се по злобни во лагите толку јас сум помотивиран да ги поразимиме, смениме и да ја изградиме Македонија. Важно е да создадеме квалитетно општество базирано на принципи, вредности и морал. Важно е да има одговорност и да донесеме иднина, рече неодамна Мицкоски.

The post Мицкоски ја доби тужбата за клевета за лагата дека „купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“ appeared first on Република.

]]>

Скопскиот суд утврди граѓанска одговорност за сторена клевета према претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од страна на Друштвото за дигитални медиуми БАБИНСКИ ДООЕЛ Скопје, за објавување вест со наслов „Мицковски купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“ на ден 26.02.2023 година во јавно објавена вест на официјалната веб страна „brif.mk“. Според пресудата, порталот изнел невистинити факти за тужителот, со што ја повредиле честа и угледот со следново: „Мицковски купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“. Целата пресуда е објавена на „Бриф“. Мицкоски неодамна потенцираше дека  неколку пати добил пресуди за ширење на лажни вести, клеветење и невистини во, како што влеи, црната кампања која СДСМ ја води против него.
Докажано е дека brif.mk лажеа и апсолутно ширеа невистини. Лажеа и кога еден вицепремиер од владата преку еден негов медиум правеше прилог пред куќата која ниту е моја, ниту вреди милион евра. На оваа и на милион други лаги, како онаа дека наводно сум поседувал куќа во Црна Гора, дека сум имал не знам какви бизниси и хидроцентрали, единствено гледам како на очаен обид да се деградира мојата личност и да се дефокусира вниманието од нивната неспособност. Колку тие се по злобни во лагите толку јас сум помотивиран да ги поразимиме, смениме и да ја изградиме Македонија. Важно е да создадеме квалитетно општество базирано на принципи, вредности и морал. Важно е да има одговорност и да донесеме иднина, рече неодамна Мицкоски.

The post Мицкоски ја доби тужбата за клевета за лагата дека „купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“ appeared first on Република.

]]>
Трамп осуден да плати 83,3 милиони долари отштета за клевета https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-osuden-da-plati-83-3-milioni-dolari-otshteta-za-kleveta/ Sat, 27 Jan 2024 10:54:42 +0000 https://republika.mk/?p=737429

Поротата во федералниот суд во Њујорк му нареди на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да плати отштета од 83,3 милиони долари на Елизабет Џин Керол, која го обвини дека ја уништил нејзината репутација на доверлива новинарка со негирање дека ја силувал пред речиси три децении.

Ова е апсолутно смешно. Не се согласувам и ќе поднесам жалба за целиот овој лов на вештерки во режија на Бајден, фокусиран на мене и на Републиканската партија. Нашиот правен систем е надвор од контрола и се користи како политичко оружје. Ова не е Америка“, порача Трамп.

Керол (80) за време на судењето сведочеше дека Трамп (77) ја силувал во стоковната куќа „Бергдорф Гудман“ на Менхетен кон крајот на 1995 година, а потоа ја нарушил нејзината репутација со тоа што во октомври 2022 година напишал дека нејзините тврдења се целосна измама и лага.

Тогаш Трамп тврдеше дека Керол, поранешна колумнистка на магазинот „Ел“ и регистриран член на Демократската партија, ги фабрикувала наводите за да ја зголеми продажбата на нејзините мемоари од 2019 година и политички да му наштети.

The post Трамп осуден да плати 83,3 милиони долари отштета за клевета appeared first on Република.

]]>

Поротата во федералниот суд во Њујорк му нареди на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да плати отштета од 83,3 милиони долари на Елизабет Џин Керол, која го обвини дека ја уништил нејзината репутација на доверлива новинарка со негирање дека ја силувал пред речиси три децении.
Ова е апсолутно смешно. Не се согласувам и ќе поднесам жалба за целиот овој лов на вештерки во режија на Бајден, фокусиран на мене и на Републиканската партија. Нашиот правен систем е надвор од контрола и се користи како политичко оружје. Ова не е Америка“, порача Трамп.
Керол (80) за време на судењето сведочеше дека Трамп (77) ја силувал во стоковната куќа „Бергдорф Гудман“ на Менхетен кон крајот на 1995 година, а потоа ја нарушил нејзината репутација со тоа што во октомври 2022 година напишал дека нејзините тврдења се целосна измама и лага. Тогаш Трамп тврдеше дека Керол, поранешна колумнистка на магазинот „Ел“ и регистриран член на Демократската партија, ги фабрикувала наводите за да ја зголеми продажбата на нејзините мемоари од 2019 година и политички да му наштети.

The post Трамп осуден да плати 83,3 милиони долари отштета за клевета appeared first on Република.

]]>
Поранешниот адвокат на Трамп мора да им плати на две службенички 148 милиони долари како отштета за клевета https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poraneshniot-advokat-na-tramp-mora-da-im-plati-na-dve-sluzhbenichki-148-milioni-dolari-kako-otshteta-za-kleveta/ Sat, 16 Dec 2023 10:34:44 +0000 https://republika.mk/?p=723587

Порота во Вашингтон му наложи на поранешниот адвокат на кампањата на Трамп и поранешен градоначалник на Њујорк, Рудолф В. Џулијани, да плати 148 милиони долари на две поранешни изборни функционерки во Џорџија, кои беа цел на насилни закани, откако тој ги обвини за манипулации со гласачките ливчиња на изборите во 2020 година.

Откако Џулијани одби да учествува во постапката, американската окружна судијка Берил Хауел без судење во август утврди дека Џулијани е одговорен за клевета и дека учествувал во заговор со поранешниот претседател Доналд Трамп, кампањата на Трамп, телевизиската мрежа ОАН и поединци ОАН за клеветење на Руби Фримен и нејзината ќерка Шеј Мос.

На почетокот на оваа година, Џулијани призна дека дал лажни изјави за Фримен и Мос.

Адвокатот на Фримен и Мос побара по најмалку 24 милиони долари.

The post Поранешниот адвокат на Трамп мора да им плати на две службенички 148 милиони долари како отштета за клевета appeared first on Република.

]]>

Порота во Вашингтон му наложи на поранешниот адвокат на кампањата на Трамп и поранешен градоначалник на Њујорк, Рудолф В. Џулијани, да плати 148 милиони долари на две поранешни изборни функционерки во Џорџија, кои беа цел на насилни закани, откако тој ги обвини за манипулации со гласачките ливчиња на изборите во 2020 година. Откако Џулијани одби да учествува во постапката, американската окружна судијка Берил Хауел без судење во август утврди дека Џулијани е одговорен за клевета и дека учествувал во заговор со поранешниот претседател Доналд Трамп, кампањата на Трамп, телевизиската мрежа ОАН и поединци ОАН за клеветење на Руби Фримен и нејзината ќерка Шеј Мос. На почетокот на оваа година, Џулијани призна дека дал лажни изјави за Фримен и Мос. Адвокатот на Фримен и Мос побара по најмалку 24 милиони долари.

The post Поранешниот адвокат на Трамп мора да им плати на две службенички 148 милиони долари како отштета за клевета appeared first on Република.

]]>
Четврти пат што губи ваква тужба: Бериша треба да му плати 50 илјади леки на Рама за клевета https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/chetvrti-pat-shto-gubi-vakva-tuzhba-berisha-treba-da-mu-plati-50-iljadi-leki-na-rama-za-kleveta/ Sat, 16 Dec 2023 09:28:12 +0000 https://republika.mk/?p=723555

Судот во Тирана, го прогласи поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша, за виновен за клевета врз основа на тужба поднесена од актуелниот премиер Еди Рама.

Ова е четврти пат како Рама добива судски процес за клевета против Бериша.

Судијката Енкела Бајо, во одлуката наведува дека објавата на Бериша на Фејсбук од 29 октомври 2018 година се оценува како клевета. Со донесената одлука делумно се прифаќа барањето на адвокатите на Рама за износот на отштета, па така Бериша треба да му плати 50 илјади леки (околу 500 евра) наместо бараните 100 илјади леки, објави Топ чанел.

Поранешниот премиер, сега лидер на побројното крило на опозициските демократи, објавил порака во која врз основа на допрен глас тврди дека „поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако, му давал пари на Рама со торби“.

Претходно премиерот Рама има добиено три други судски постапки за клевета со Сали Бериша, како што ги доби и судките постапки со Љуљзим Баша, Албана Вокши, Арбен Имами и Јорида Табаку, кои исто така, беа прогласени за виновни за клевета против него од страна на судот.

The post Четврти пат што губи ваква тужба: Бериша треба да му плати 50 илјади леки на Рама за клевета appeared first on Република.

]]>

Судот во Тирана, го прогласи поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша, за виновен за клевета врз основа на тужба поднесена од актуелниот премиер Еди Рама. Ова е четврти пат како Рама добива судски процес за клевета против Бериша.
Судијката Енкела Бајо, во одлуката наведува дека објавата на Бериша на Фејсбук од 29 октомври 2018 година се оценува како клевета. Со донесената одлука делумно се прифаќа барањето на адвокатите на Рама за износот на отштета, па така Бериша треба да му плати 50 илјади леки (околу 500 евра) наместо бараните 100 илјади леки, објави Топ чанел.
Поранешниот премиер, сега лидер на побројното крило на опозициските демократи, објавил порака во која врз основа на допрен глас тврди дека „поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако, му давал пари на Рама со торби“. Претходно премиерот Рама има добиено три други судски постапки за клевета со Сали Бериша, како што ги доби и судките постапки со Љуљзим Баша, Албана Вокши, Арбен Имами и Јорида Табаку, кои исто така, беа прогласени за виновни за клевета против него од страна на судот.

The post Четврти пат што губи ваква тужба: Бериша треба да му плати 50 илјади леки на Рама за клевета appeared first on Република.

]]>
И со пресуда докажано дека СДСМ ширеше лажни вести за Мицкоски во случајот со Пречистителната станица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-so-presuda-dokazhano-deka-sdsm-shireshe-lazhni-vesti-za-mitskoski-vo-sluchajot-so-prechistitelnata-stanitsa/ Fri, 22 Sep 2023 07:08:59 +0000 https://republika.mk/?p=683986

СДС клеветничка, докажана и осудена дека ширеше лажни вести за претседателот Мицкоски во случајот со Пречистителната станица во Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-dobi-na-sud-sdsm-povtorno-osudena-za-kleveti-i-shirene-lazhni-vesti/

СДС и нивните апологети половина година шират лажни вести, и го клеветеа претседателот Мицкоски во врска со проектот за пречистителна станица во Скопје. СДС лажеа и фингираа.

Дури и судот под контрола на власта не може да ги игнорира ноторните факти и мораше да пресуди на страна на правдата која е повеќе од очигледна.

СДС преку партиски соопштенија половина година ги труеше граѓаните со лаги. Сите манипулации излегоа на виделина, никој повеќе не верува во СДС, се вели во соопштението од партијата.

The post И со пресуда докажано дека СДСМ ширеше лажни вести за Мицкоски во случајот со Пречистителната станица appeared first on Република.

]]>

СДС клеветничка, докажана и осудена дека ширеше лажни вести за претседателот Мицкоски во случајот со Пречистителната станица во Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-dobi-na-sud-sdsm-povtorno-osudena-za-kleveti-i-shirene-lazhni-vesti/
СДС и нивните апологети половина година шират лажни вести, и го клеветеа претседателот Мицкоски во врска со проектот за пречистителна станица во Скопје. СДС лажеа и фингираа. Дури и судот под контрола на власта не може да ги игнорира ноторните факти и мораше да пресуди на страна на правдата која е повеќе од очигледна. СДС преку партиски соопштенија половина година ги труеше граѓаните со лаги. Сите манипулации излегоа на виделина, никој повеќе не верува во СДС, се вели во соопштението од партијата.

The post И со пресуда докажано дека СДСМ ширеше лажни вести за Мицкоски во случајот со Пречистителната станица appeared first on Република.

]]>
Перински: СДСМ и Арсовска плукаа силно, сега паѓа на нивното лице https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/perinski-sdsm-i-arsovska-plukaa-silno-sega-paga-na-nivnoto-litse/ Thu, 21 Sep 2023 11:39:03 +0000 https://republika.mk/?p=683766

Добиена тужбата за клевета против лагите дека се „профитирало“ од темата Прочистителната станица град Скопје. И сега квалифилациите „медари“, „криминалци“ и „профитери“ се пехарот на срамот кој останува за Арсовска, СДСМ и тие кои направија тема и ширеа лаги. Плукаа силно, сега паѓа на нивното лице, изјави Златко Перински, поранешен директор на ЈП Водовод и канализација, кој беше разрешен откако ѝ се спротистави на градоначалничката Арсовска во нејзиниот обид во влијание на постапката за избор на изведувач на Прочистителната станица, откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес објави за добиена тужба против СДСМ дека тој, а не Арсовска влијаеле врз постапката.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-dobi-na-sud-sdsm-povtorno-osudena-za-kleveti-i-shirene-lazhni-vesti/

Задоволството е поголемо и кога вака заробениот и корумпиран суд на власта не ќе може да го одбегне фактот дека СДСМ ме клевети. Токму вчера, на 20 септември уште една добиена пресуда против СДСМ дека клевети и шири лажни вести против мене, напиша Христијан Мицкоски.

Овој пат, додава, за тендерската постапка за Пречистителната станица на Град Скопје, истиот тендер кој подоцна го потпиша градот, со грант обезбеден од оваа влада.

Лагите и медот останаа кај СДСМ и нивните апологети. Но и тоа нема да биде долго, зошто остана уште малку до смена на власта, кога ќе го почувствуваат вистинското владеење на правото и правдата, посочи Мицкоски.

The post Перински: СДСМ и Арсовска плукаа силно, сега паѓа на нивното лице appeared first on Република.

]]>

Добиена тужбата за клевета против лагите дека се „профитирало“ од темата Прочистителната станица град Скопје. И сега квалифилациите „медари“, „криминалци“ и „профитери“ се пехарот на срамот кој останува за Арсовска, СДСМ и тие кои направија тема и ширеа лаги. Плукаа силно, сега паѓа на нивното лице, изјави Златко Перински, поранешен директор на ЈП Водовод и канализација, кој беше разрешен откако ѝ се спротистави на градоначалничката Арсовска во нејзиниот обид во влијание на постапката за избор на изведувач на Прочистителната станица, откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес објави за добиена тужба против СДСМ дека тој, а не Арсовска влијаеле врз постапката. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-dobi-na-sud-sdsm-povtorno-osudena-za-kleveti-i-shirene-lazhni-vesti/
Задоволството е поголемо и кога вака заробениот и корумпиран суд на власта не ќе може да го одбегне фактот дека СДСМ ме клевети. Токму вчера, на 20 септември уште една добиена пресуда против СДСМ дека клевети и шири лажни вести против мене, напиша Христијан Мицкоски.
Овој пат, додава, за тендерската постапка за Пречистителната станица на Град Скопје, истиот тендер кој подоцна го потпиша градот, со грант обезбеден од оваа влада.
Лагите и медот останаа кај СДСМ и нивните апологети. Но и тоа нема да биде долго, зошто остана уште малку до смена на власта, кога ќе го почувствуваат вистинското владеење на правото и правдата, посочи Мицкоски.
 
The post Перински: СДСМ и Арсовска плукаа силно, сега паѓа на нивното лице appeared first on Република.

]]>
Директорот на АМС Наумче Мојсовски поднел тужба за клевета против ДКСК https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktorot-na-ams-naumche-mojsovski-podnel-tuzhba-za-kleveta-protiv-dksk/ Wed, 12 Apr 2023 09:24:29 +0000 https://republika.mk/?p=630092

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсовски поднел тужба за клевета против Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Во тужбата, како што кажа претседателката на ДКСК Билјана Ивановска на денешната седница, Комисијата се товари дека јавно објавувала информации за директорот на АМС.

Станува збор за предмет кој во континуитет се работи две години. Го изанализиравме функционирањето на АМС во целина, дадовме препораки кои директорот не ги реализира, рече Ивановска.

Членот на ДКСК Владимир Георгиев посочи дека фактите во извештајот на ДКСК за директорот на АМС, што се изнесени на една од претходните седници на Комисијата, се засноваат на факти за работењето на директорот доставени од Агенцијата или од други надлежни институции.

Членот на ДКСК Нури Бајрами, пак, посочи дека не му е јасно како едно службено лице не препознало дека седниците на ДКСК се јавни и дека Комисијата е можеби потранспарентна од тоа што е предвидено со закон.

The post Директорот на АМС Наумче Мојсовски поднел тужба за клевета против ДКСК appeared first on Република.

]]>

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсовски поднел тужба за клевета против Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Во тужбата, како што кажа претседателката на ДКСК Билјана Ивановска на денешната седница, Комисијата се товари дека јавно објавувала информации за директорот на АМС.
Станува збор за предмет кој во континуитет се работи две години. Го изанализиравме функционирањето на АМС во целина, дадовме препораки кои директорот не ги реализира, рече Ивановска.
Членот на ДКСК Владимир Георгиев посочи дека фактите во извештајот на ДКСК за директорот на АМС, што се изнесени на една од претходните седници на Комисијата, се засноваат на факти за работењето на директорот доставени од Агенцијата или од други надлежни институции. Членот на ДКСК Нури Бајрами, пак, посочи дека не му е јасно како едно службено лице не препознало дека седниците на ДКСК се јавни и дека Комисијата е можеби потранспарентна од тоа што е предвидено со закон.  

The post Директорот на АМС Наумче Мојсовски поднел тужба за клевета против ДКСК appeared first on Република.

]]>
Република Српска со закон одреди дека клеветата и навредата ќе бидат кривични дела https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/republika-srpska-so-zakon-odredi-deka-klevetata-i-navredata-ke-bidat-krivichni-dela/ Thu, 23 Mar 2023 16:45:42 +0000 https://republika.mk/?p=622943

Народното собрание на Република Српска, го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик на Република Српска, со кој, меѓу другото, клеветата и навредата се квалификуваат како кривични дела.

Со измените на законот се воведе и ново кривично дело – неовластено објавување и прикажување на туѓи документи, портрети и снимки.

Предлог-законот го поддржаа 49 пратеници, а против беа 21. Никој не беше воздржан, пренесува агенцијата Срна.

За време на собраниската расправа, пратениците од опозицијата тврдеа дека криминализацијата на клеветата и навредата ќе ги загрози демократскиот амбиент и слободата на говорот во Република Српска.

Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, тврдеа дека целта на законот е сузбивање на лагите во јавниот простор.

The post Република Српска со закон одреди дека клеветата и навредата ќе бидат кривични дела appeared first on Република.

]]>

Народното собрание на Република Српска, го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик на Република Српска, со кој, меѓу другото, клеветата и навредата се квалификуваат како кривични дела. Со измените на законот се воведе и ново кривично дело – неовластено објавување и прикажување на туѓи документи, портрети и снимки. Предлог-законот го поддржаа 49 пратеници, а против беа 21. Никој не беше воздржан, пренесува агенцијата Срна. За време на собраниската расправа, пратениците од опозицијата тврдеа дека криминализацијата на клеветата и навредата ќе ги загрози демократскиот амбиент и слободата на говорот во Република Српска. Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, тврдеа дека целта на законот е сузбивање на лагите во јавниот простор.

The post Република Српска со закон одреди дека клеветата и навредата ќе бидат кривични дела appeared first on Република.

]]>
Кирил Петков го тужи Бојко Борисов за клевета https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kiril-petkov-go-tuzi-bojko-borisov-za-kleveta/ Wed, 24 Aug 2022 16:18:03 +0000 https://republika.mk/?p=543752

Поранешниот премиер и копретседател на Продолжување со промените Кирил Петков го тужи лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов за половина милион лева (250.000 евра), јави дописникот на МИА од Софија.

Жалбата што Петков ја поднесе во Окружниот суд во Софија е за клевета во врска со коментарите на Борисов во последните денови.

Според Петков, „Борисов е докажан лажго“, давајќи пример за неговите лаги за посредници, за провизии, клевети кои постојано насекаде ги кажува против него.

По повод одлуката на Управниот суд во Софија, со која апсењето на Бојко Борисов на 17 март беше прогласено за незаконско, Петков коментираше дека многу луѓе се разочарани што тој се уште е на слобода.

The post Кирил Петков го тужи Бојко Борисов за клевета appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер и копретседател на Продолжување со промените Кирил Петков го тужи лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов за половина милион лева (250.000 евра), јави дописникот на МИА од Софија. Жалбата што Петков ја поднесе во Окружниот суд во Софија е за клевета во врска со коментарите на Борисов во последните денови. Според Петков, „Борисов е докажан лажго“, давајќи пример за неговите лаги за посредници, за провизии, клевети кои постојано насекаде ги кажува против него. По повод одлуката на Управниот суд во Софија, со која апсењето на Бојко Борисов на 17 март беше прогласено за незаконско, Петков коментираше дека многу луѓе се разочарани што тој се уште е на слобода.  

The post Кирил Петков го тужи Бојко Борисов за клевета appeared first on Република.

]]>
Пратениците расправаа за Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pratenicite-raspravaa-za-predlog-zakonot-za-gragjanska-odgovornost-za-navreda-i-kleveta/ Wed, 06 Apr 2022 15:06:34 +0000 https://republika.mk/?p=484225

Во рамки на петтото продолжение на 64. седница на Собранието, пратениците расправаа Предлогот на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета. По овој предлог во Собранието ќе се гласа кога ќе бидат создадени услови.

Според пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со оваа законско решение се прави рестрикција на мисловниот процес и информираа дека ќе поднесат амандмани по вака даденото законско решение. Пратениците од владејачката СДСМ, пак, оценија дека е отворена дебатата во Парламентот, во работните тела и не е во ред да се тврди дека на затворена врата се обидуваме да цензурираат слобода на говорот и цензура на говорот, кко што потенцираа пратениците од опозицијата.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи истакна дека оваа законско решение е неизменето, некорегирано, нецелосно и прави рестрикција на мисловниот процес.

Можеби сметаме дека во плејадата на закони кои што поминуваат низ Парламентот, ќе помине и овој незабележано, но кога-тогаш законот ќе застане на свои нозе меѓу јавноста. Очекувам од новинарската фела да го разгледа уште еднаш и да ги даде своите критики, како и целокупното општество, рече Мизрахи.

Заменик министерот за правда Агим Нухиу во реплика на пратеничката Мизрахи, рече дека овој Предлог на закон пред да дојде на пленарна седница поминал неколку фази.

Министерството за правда интервенираше и го прецизираше член 6 – за навреда одговара тој што со намера, со изјава, однесување, објавување или на некој друг ќе искаже за некој друг со определен интегритет едно деграридарчко мислење со кое што се нарушува репутацијата и угледот. Законот е создадено од членови од сите заинтересирани групи, вклучувајќи ги здруженијата на новинарите и синдикати, судии, универзитетски професори и не треба да се сомневаме во нивната компетентност во работната група. При формулирањето на овие одредби на законот за граѓанска одговорност се преземени и критиките на неколку извештаи посебно во делот каде се определува целта на законот за да не се ограничи слободата на изразување, што се однесува на финанскискиот износ, согласно со член 10 од Европската Конвенција за човековите права и Уставот на Република Македонија, рече Нухиу.

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, Министерството за правда со овој закон има единствена цел да ги спаси функционерите од власта од јавната критика. Тој апелира и побара зборот „мислење“ од оваа законско решение да биде сменето со „тврдење“.

Во реплика на пратеникот Лефков, Нухиу рече целта на овој закон не е да се направи цензура врз слободното изразување и слободниот говор или да има барикади за да ги заштити државните функционери. Доказ дека овој закон гарантира поголема слобода на изразување и на мислењето, рече Нухиу, е и фактот дека ние намаливме нематеријалните штети кои ќе бидат за навреда и клевета да не биде поголем од 400 евра за новинарите.

Диме Велковски, пратеник на СДСМ, истакна дека основниот темел на ова законско решение е „правото на слободата на изразување е едно од темелните човекови права кое што е особено значајно за постоењето на демократското општество“. Тој посочи дека целта е да се подобри закононското решение.

Собранието денеска одржа и продолженија на две други седници, на кои на дневен ред беа неколку предлог на закони за кои расправата беше завршена поради очекување за нивно гласање или поради отсуство на нивен претставник.

The post Пратениците расправаа за Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета appeared first on Република.

]]>

Во рамки на петтото продолжение на 64. седница на Собранието, пратениците расправаа Предлогот на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета. По овој предлог во Собранието ќе се гласа кога ќе бидат создадени услови. Според пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со оваа законско решение се прави рестрикција на мисловниот процес и информираа дека ќе поднесат амандмани по вака даденото законско решение. Пратениците од владејачката СДСМ, пак, оценија дека е отворена дебатата во Парламентот, во работните тела и не е во ред да се тврди дека на затворена врата се обидуваме да цензурираат слобода на говорот и цензура на говорот, кко што потенцираа пратениците од опозицијата. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи истакна дека оваа законско решение е неизменето, некорегирано, нецелосно и прави рестрикција на мисловниот процес.
Можеби сметаме дека во плејадата на закони кои што поминуваат низ Парламентот, ќе помине и овој незабележано, но кога-тогаш законот ќе застане на свои нозе меѓу јавноста. Очекувам од новинарската фела да го разгледа уште еднаш и да ги даде своите критики, како и целокупното општество, рече Мизрахи.
Заменик министерот за правда Агим Нухиу во реплика на пратеничката Мизрахи, рече дека овој Предлог на закон пред да дојде на пленарна седница поминал неколку фази.
Министерството за правда интервенираше и го прецизираше член 6 – за навреда одговара тој што со намера, со изјава, однесување, објавување или на некој друг ќе искаже за некој друг со определен интегритет едно деграридарчко мислење со кое што се нарушува репутацијата и угледот. Законот е создадено од членови од сите заинтересирани групи, вклучувајќи ги здруженијата на новинарите и синдикати, судии, универзитетски професори и не треба да се сомневаме во нивната компетентност во работната група. При формулирањето на овие одредби на законот за граѓанска одговорност се преземени и критиките на неколку извештаи посебно во делот каде се определува целта на законот за да не се ограничи слободата на изразување, што се однесува на финанскискиот износ, согласно со член 10 од Европската Конвенција за човековите права и Уставот на Република Македонија, рече Нухиу.
Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, Министерството за правда со овој закон има единствена цел да ги спаси функционерите од власта од јавната критика. Тој апелира и побара зборот „мислење“ од оваа законско решение да биде сменето со „тврдење“. Во реплика на пратеникот Лефков, Нухиу рече целта на овој закон не е да се направи цензура врз слободното изразување и слободниот говор или да има барикади за да ги заштити државните функционери. Доказ дека овој закон гарантира поголема слобода на изразување и на мислењето, рече Нухиу, е и фактот дека ние намаливме нематеријалните штети кои ќе бидат за навреда и клевета да не биде поголем од 400 евра за новинарите.