Клементина Леткоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klementina-letkoska/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Nov 2022 07:44:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Клементина Леткоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klementina-letkoska/ 32 32 Судот да нè казни за тоа што го направивме, а тоа не е убиство со умисла https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sudot-da-ne-kazni-za-toa-shto-go-napravivme-a-toa-ne-e-ubistvo-so-umisla/ Mon, 21 Nov 2022 13:35:43 +0000 https://republika.mk/?p=576551

Барам од судот да ме казни за она што реално сум го направил, а тоа, според мене, мислам дека и според многу други, секако не е убиство со умисла, изјави обвинетиот Анџело Ѓоргиевски, во своите завршни зборови за случајот со убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот.

Обвинетиот Ѓоргиевски рече дека во ниеден момент не сакал да го повреди, или како било да му наштети на сега починатиот Денис Тот.

Воедно, сакам да кажам дека изразувам искрено жалење и жалам за овој немил настан и за сето тоа што се случи, жалам и за загубениот човечки живот. Сакам уште еднаш да потенцирам дека мојата реакција беше во состојба на афект и од страв. Ниту сакав, ниту би го повредил сега починатиот Денис Тот, рече тој.

Обвинетата Клементина изјави дека останува во целост со завршните зборови на нејзините адвокати и рече дека ѝ е жал за случајот, за кој, како што рече, „во никој случај не сакав да се случи тоа“.

Многу ми е жал и многу ми е криво за немилиот настан што се случи, рече обвинетиот Андреј Костовски кој како олеснителна околност го посочи фактот што самиот се пријавил во полициската станица за расветлување на случајот.

Ослободителна пресуда побараа и бранителите на обвинетите, додека, јавната обвинителка Тања Трајчевска побара осудителна пресуда.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ. Пресудата ќе биде објавена на 30 ноември.

The post Судот да нè казни за тоа што го направивме, а тоа не е убиство со умисла appeared first on Република.

]]>

Барам од судот да ме казни за она што реално сум го направил, а тоа, според мене, мислам дека и според многу други, секако не е убиство со умисла, изјави обвинетиот Анџело Ѓоргиевски, во своите завршни зборови за случајот со убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот. Обвинетиот Ѓоргиевски рече дека во ниеден момент не сакал да го повреди, или како било да му наштети на сега починатиот Денис Тот.
Воедно, сакам да кажам дека изразувам искрено жалење и жалам за овој немил настан и за сето тоа што се случи, жалам и за загубениот човечки живот. Сакам уште еднаш да потенцирам дека мојата реакција беше во состојба на афект и од страв. Ниту сакав, ниту би го повредил сега починатиот Денис Тот, рече тој.
Обвинетата Клементина изјави дека останува во целост со завршните зборови на нејзините адвокати и рече дека ѝ е жал за случајот, за кој, како што рече, „во никој случај не сакав да се случи тоа“.
Многу ми е жал и многу ми е криво за немилиот настан што се случи, рече обвинетиот Андреј Костовски кој како олеснителна околност го посочи фактот што самиот се пријавил во полициската станица за расветлување на случајот.
Ослободителна пресуда побараа и бранителите на обвинетите, додека, јавната обвинителка Тања Трајчевска побара осудителна пресуда. Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ. Пресудата ќе биде објавена на 30 ноември.

The post Судот да нè казни за тоа што го направивме, а тоа не е убиство со умисла appeared first on Република.

]]>
„И да сакала, Клементина не би можела да го убие Денис“, вели нејзиниот адвокат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-da-sakala-klementina-ne-bi-mozela-da-go-ubie-denis-veli-nejziniot-advokat/ Mon, 21 Nov 2022 12:21:20 +0000 https://republika.mk/?p=576503

Обвинетата Клементина Левковска е слаба личност, ниска по раст и со околу 40 килограми, на нозете носела патики со гумен ѓон и со ваква конституција, таа не може да нанесе повреда што ќе предизвика ротација и прекин на ‘рбетниот мозок, изјави нејзиниот бранител Бојан Василески во случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

Неспорно е дека истата презела дејствија против сега починатиот, но со оглед на нејзиниот физички капацитет, јасно е дека таа, без употреба на некакво опасно средство, не е во можност да го стори ова кривично дело, односно не била способна да го убие починатиот Денис Тот, дури и да го посакувала тоа, рече тој.

Според него, за да биде „исполнето битието на ова кривично дело“ треба силен и убедлив доказ, кој го сторил делото, но еднакво важно и на кој начин е тоа сторено.

Ваквиот факт е од основна важност, односно непостоењето на силен доказ дека токму обвинетата Клементина ја нанела смртоносната повреда, ја ослободува од одговорност за кривичното дело кое ѝ се става на товар, рече тој.

Адвокатот Емил Гугутчески, исто така, се приклучи кон завршните зборови и побараа од Судот пресуда со која обвинетата ќе се ослободи од обвинение.

Претходно, ослободителна пресуда за својот клиент побара и бранителот на обвинетиот Анџело Ѓоргиевски, Иле Танев.

Обвинителката Тања Трајчевска, пак, побара осудителна пресуда за обвинетите, бидејќи според неа, од доказната постапка произлегло дека обвинетите го сториле кривичното дело на начин, време и место како што е опишано во обвинителниот акт и побара од Судот да пресуди по однос на нив, имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности.

Обвинителството ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска. Процесот продолжи со завршни зборови на одбраната на обвинетиот Андреј Костовски.

The post „И да сакала, Клементина не би можела да го убие Денис“, вели нејзиниот адвокат appeared first on Република.

]]>

Обвинетата Клементина Левковска е слаба личност, ниска по раст и со околу 40 килограми, на нозете носела патики со гумен ѓон и со ваква конституција, таа не може да нанесе повреда што ќе предизвика ротација и прекин на ‘рбетниот мозок, изјави нејзиниот бранител Бојан Василески во случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.
Неспорно е дека истата презела дејствија против сега починатиот, но со оглед на нејзиниот физички капацитет, јасно е дека таа, без употреба на некакво опасно средство, не е во можност да го стори ова кривично дело, односно не била способна да го убие починатиот Денис Тот, дури и да го посакувала тоа, рече тој.
Според него, за да биде „исполнето битието на ова кривично дело“ треба силен и убедлив доказ, кој го сторил делото, но еднакво важно и на кој начин е тоа сторено.
Ваквиот факт е од основна важност, односно непостоењето на силен доказ дека токму обвинетата Клементина ја нанела смртоносната повреда, ја ослободува од одговорност за кривичното дело кое ѝ се става на товар, рече тој.
Адвокатот Емил Гугутчески, исто така, се приклучи кон завршните зборови и побараа од Судот пресуда со која обвинетата ќе се ослободи од обвинение. Претходно, ослободителна пресуда за својот клиент побара и бранителот на обвинетиот Анџело Ѓоргиевски, Иле Танев. Обвинителката Тања Трајчевска, пак, побара осудителна пресуда за обвинетите, бидејќи според неа, од доказната постапка произлегло дека обвинетите го сториле кривичното дело на начин, време и место како што е опишано во обвинителниот акт и побара од Судот да пресуди по однос на нив, имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности. Обвинителството ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска. Процесот продолжи со завршни зборови на одбраната на обвинетиот Андреј Костовски.

The post „И да сакала, Клементина не би можела да го убие Денис“, вели нејзиниот адвокат appeared first on Република.

]]>
Свесно знаеле што прават и кои се последиците, вели вештакот за обвинетите за убиството на Денис Тот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/svesno-znaele-shto-pravat-i-koi-se-posledicite-veli-veshtakot-za-obvinetite-za-ubistvoto-na-denis-tot/ Mon, 03 Oct 2022 11:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=556808

Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи доказната постапка за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје. На денешното рочиште сведочеа две вешти лица од Судската медицина.

Вештото лице Ана Ивчева рече дека настанатите повреди се механички повреди и се настанати со дејство на тапо-тврда сила во конкретните регии.

Во однос на севкупното дејство на повредите, станува збор за тешки телесни повреди со конкретна опасност по живот на повредениот, рече таа.

Како причина за смртта на сега покојниот Денис Тот таа го посочи нагмечувањето на ‘рбетниот и големиот мозок.

На прашање од одбраната дали нагмечувањето на ‘рбетниот мозок е нанесено со удар или со пад, вештото лице одговори дека е настаната поради дејство на тапо тврда сила која предизвикала ротација на главата а со тоа и последователна повреда на ‘рбетниот мозок.

Вештото лице од областа на психијатријата, Александар Марцикиќ, се изјасни за здравствената состојба на обвинетите која, како што рече, „ја констатирав на 28 април 2022 година, кога и го извршив прегледот“.

Тој посочи дека обвинетата Клементина Левковска е психички здрава индивидуа со уредна интелигенција.

Со прегледот се констатирани реакција на актуелната стресогена ситуација за неа која ценам дека е од висок степен поради настанот и исходот од настанот кој што се случил, како и репрекусиите кои дошле после тоа, во вид на кривична постапка и притвор, рече тој.

За обвинетите Анџело Георгиевски и Андреј Костовски, исто така, посочи, станува збор за психички здрави особи со просечна, односно уредни интелектуални капацитети и кај нив е констатирана психичка реакција на стресни ситуации во рамките на нормална реакција поради исходот од настанот, притворот и кривичната постапка која се води.

Во врска со прашањето дали обвинетите до сега страдале од некое минливо или трајно психичко пореметување, вештото лице одговори дека од прегледот, кој го направил констатирал дека кај обвинетата Клементина Лековска на 13 годишна возраст било констатирано минливо психичко пореметување во вид на пореметување на однесување во детска возраст.

Ова пореметување значи дека во тој период од животот таа манифестирала и однесување кое се карактеризирало со дисоцијални постапки, агресивност, раздразливост, кое го надминувало бунтовното и инаетливо однесување карактеристично за овој период во кој што таа се наоѓала, тоа е период на пубертет, рече тој.

Прашан дали обвинетите при прегледот биле агресивни, насилни или во состојба да ја искривуваат вистината, тој одговори дека при прегледот, ниту еден од обвинетите не манифестирал какви било знаци на пасивна или активна агресивност.

Како што опишав, кај нив беше актуелна психичката реакција на исходот од настанот и реперкусиите од нив, кои што воглавно се со слични манифестации, грижа на совест, чувство на вина, видлива вознемиреност поради исходот на случката и кривичната постапа против нив, страв или анксиозност од самата постапка и последиците, пред сѐ мислам на социјалните последици, рече тој.

На прашањето дали тројцата обвинети во моментот на извршувањето на кривичното дело можеле да го сфатат значењето на делото и дали истите можеле да управуваат со своите постапки, вештакот рече дека секој од обвинетите во време на настанот бил со запазено психичко здравје, така што, како што посочи, можеле да ги разберат своите постапки, да ги претпостават последиците од истите и да раководат со истите.

Одбраната во своите воведни зборови кажа дека не смета дека правната квалификација за кривичното дело „убиство“ кое им се става на товар на обвинетите за смртта на хрватскиот ракометар е одржлива и дека ќе докажува дека не постои умисла за истото.

Обвинителството, пак, на првото рочиште истакна дека располага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден.

Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје, изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

The post Свесно знаеле што прават и кои се последиците, вели вештакот за обвинетите за убиството на Денис Тот appeared first on Република.

]]>

Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи доказната постапка за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје. На денешното рочиште сведочеа две вешти лица од Судската медицина. Вештото лице Ана Ивчева рече дека настанатите повреди се механички повреди и се настанати со дејство на тапо-тврда сила во конкретните регии.
Во однос на севкупното дејство на повредите, станува збор за тешки телесни повреди со конкретна опасност по живот на повредениот, рече таа.
Како причина за смртта на сега покојниот Денис Тот таа го посочи нагмечувањето на ‘рбетниот и големиот мозок. На прашање од одбраната дали нагмечувањето на ‘рбетниот мозок е нанесено со удар или со пад, вештото лице одговори дека е настаната поради дејство на тапо тврда сила која предизвикала ротација на главата а со тоа и последователна повреда на ‘рбетниот мозок. Вештото лице од областа на психијатријата, Александар Марцикиќ, се изјасни за здравствената состојба на обвинетите која, како што рече, „ја констатирав на 28 април 2022 година, кога и го извршив прегледот“. Тој посочи дека обвинетата Клементина Левковска е психички здрава индивидуа со уредна интелигенција.
Со прегледот се констатирани реакција на актуелната стресогена ситуација за неа која ценам дека е од висок степен поради настанот и исходот од настанот кој што се случил, како и репрекусиите кои дошле после тоа, во вид на кривична постапка и притвор, рече тој.
За обвинетите Анџело Георгиевски и Андреј Костовски, исто така, посочи, станува збор за психички здрави особи со просечна, односно уредни интелектуални капацитети и кај нив е констатирана психичка реакција на стресни ситуации во рамките на нормална реакција поради исходот од настанот, притворот и кривичната постапка која се води. Во врска со прашањето дали обвинетите до сега страдале од некое минливо или трајно психичко пореметување, вештото лице одговори дека од прегледот, кој го направил констатирал дека кај обвинетата Клементина Лековска на 13 годишна возраст било констатирано минливо психичко пореметување во вид на пореметување на однесување во детска возраст.
Ова пореметување значи дека во тој период од животот таа манифестирала и однесување кое се карактеризирало со дисоцијални постапки, агресивност, раздразливост, кое го надминувало бунтовното и инаетливо однесување карактеристично за овој период во кој што таа се наоѓала, тоа е период на пубертет, рече тој.
Прашан дали обвинетите при прегледот биле агресивни, насилни или во состојба да ја искривуваат вистината, тој одговори дека при прегледот, ниту еден од обвинетите не манифестирал какви било знаци на пасивна или активна агресивност.
Како што опишав, кај нив беше актуелна психичката реакција на исходот од настанот и реперкусиите од нив, кои што воглавно се со слични манифестации, грижа на совест, чувство на вина, видлива вознемиреност поради исходот на случката и кривичната постапа против нив, страв или анксиозност од самата постапка и последиците, пред сѐ мислам на социјалните последици, рече тој.
На прашањето дали тројцата обвинети во моментот на извршувањето на кривичното дело можеле да го сфатат значењето на делото и дали истите можеле да управуваат со своите постапки, вештакот рече дека секој од обвинетите во време на настанот бил со запазено психичко здравје, така што, како што посочи, можеле да ги разберат своите постапки, да ги претпостават последиците од истите и да раководат со истите. Одбраната во своите воведни зборови кажа дека не смета дека правната квалификација за кривичното дело „убиство“ кое им се става на товар на обвинетите за смртта на хрватскиот ракометар е одржлива и дека ќе докажува дека не постои умисла за истото. Обвинителството, пак, на првото рочиште истакна дека располага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден. Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје, изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар. Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.
По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.
Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

The post Свесно знаеле што прават и кои се последиците, вели вештакот за обвинетите за убиството на Денис Тот appeared first on Република.

]]>
Хрватските медиуми потврдуваат дека ракометарот и девојката се знаеле од претходно https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatskite-mediumi-potvrduvaat-deka-rakometarot-i-devojkata-se-znaele-od-prethodno/ Wed, 13 Apr 2022 08:37:41 +0000 https://republika.mk/?p=487724

Хрватски „24 сата.хр“ објавува детали за тоа што се случувало кобната вечер со дискотектата „Привлилиџ“ во Градскиот парк.

Медиумот пишува дека Денис и девојката Клементина која има само 19 години се знаеле од претходно и оти најверојатно имале нерасчитени односи.

Девојката се однесувала премногу агресивно целата вечер што се гледа и на снимката од безбедносните камери. Претепувањето на Денис се случило пред најмалку десет луѓе кои само гледале.

Хрватските медиуми уште пишуваат дека полицијата го одзела мобилниот на Денис за да види дали меѓу нив има некаква комуникација која претходела на настанот.

 

 

The post Хрватските медиуми потврдуваат дека ракометарот и девојката се знаеле од претходно appeared first on Република.

]]>

Хрватски „24 сата.хр“ објавува детали за тоа што се случувало кобната вечер со дискотектата „Привлилиџ“ во Градскиот парк. Медиумот пишува дека Денис и девојката Клементина која има само 19 години се знаеле од претходно и оти најверојатно имале нерасчитени односи. Девојката се однесувала премногу агресивно целата вечер што се гледа и на снимката од безбедносните камери. Претепувањето на Денис се случило пред најмалку десет луѓе кои само гледале. Хрватските медиуми уште пишуваат дека полицијата го одзела мобилниот на Денис за да види дали меѓу нив има некаква комуникација која претходела на настанот.    

The post Хрватските медиуми потврдуваат дека ракометарот и девојката се знаеле од претходно appeared first on Република.

]]>