кланови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klanovi/ За подобро да се разбереме Fri, 19 May 2023 09:20:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кланови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klanovi/ 32 32 „Ќе се изненадите каков имот имаат“: Стотина полицајци поврзани со криминални кланови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ke-se-iznenadite-kakov-imot-imaat-stotina-politsajtsi-povrzani-so-kriminalni-klanovi/ Fri, 19 May 2023 09:20:57 +0000 https://republika.mk/?p=642575

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора Филип Аџиќ изјави дека апликацијата Скај е валиден доказ, но не и единствен, дека стотина полицајци имале врски со криминални кланови и посочи дека граѓаните ќе бидат изненадени со каков имотот некои од нив располагаат.

Тој потсети дека овие сознанија дошле откако Црна Гора ги добила податоците од Европол, а сега против нив се собираат и други докази. Тој уверува дека Министерството за внатрешни работи ги презема сите мерки и дејствија тие да не влијаат врз функционирањето на овој оддел и очекува во наредниот период да и зададат најтешки удари на мафијата, пишува „Вијести“.

Некои од тие лица се веќе суспендирани, а станува збор за тие кои веќе се спомнати во одредени случаи, а за некои што ја злоупотребиле функцијата, се бара начин да бидат отстранети од службата, вели Аџиќ.

Како запрепастувачки податок наведе дека околу 60,70 вработени не доаѓале на работа, а им биле исплатени, како што посочува, речиси два милиони евра. Еден од нив, додава Аџиќ, добил над 30.000 евра.

Мораме да престанеме со оваа практика, рече Аџиќ и додаде дека голем број полицајци се под истрага поради нивниот „начин на живот“, а граѓаните ќе се изненадат кога ќе видат со колкав имот располагаат полицајците.

Тој додаде дека секојдневно добиваат информации од Интерпол.

The post „Ќе се изненадите каков имот имаат“: Стотина полицајци поврзани со криминални кланови appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора Филип Аџиќ изјави дека апликацијата Скај е валиден доказ, но не и единствен, дека стотина полицајци имале врски со криминални кланови и посочи дека граѓаните ќе бидат изненадени со каков имотот некои од нив располагаат. Тој потсети дека овие сознанија дошле откако Црна Гора ги добила податоците од Европол, а сега против нив се собираат и други докази. Тој уверува дека Министерството за внатрешни работи ги презема сите мерки и дејствија тие да не влијаат врз функционирањето на овој оддел и очекува во наредниот период да и зададат најтешки удари на мафијата, пишува „Вијести“.