клан косова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klan-kosova/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jul 2023 07:11:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png клан косова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klan-kosova/ 32 32 Oдземена лиценцата на Клан Косова, ЕУ и западни амбасадори изразија сериозна загриженост https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/odzemena-litsentsata-na-klan-kosova-eu-i-zapadni-ambasadori-izrazija-seriozna-zagrizhenost/ Sat, 29 Jul 2023 07:11:42 +0000 https://republika.mk/?p=666504

Европската Унија и амбасадорите на земјите од Квинта групата, акредитирани во Косово ја изразија својата загриженост поради одлуката на Министерството за индустрија, претприемништво и трговија да ја укине дозволата за деловно работење на ТВ Клан Косова.

Тие оценија дека тоа може да има последици за медиумскиот плурализам во Косово.

ЕУ и Квинта, која ја сочинуваат САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија, најавија дека очекуваат фер и транспарентен процес за решавање на ситуацијата.

Многу сме загрижени што одземањето на деловната лиценца на Клан Косова е непропорционална одлука која ќе има последици за медиумската плуралност во Косово. Одземањето на лиценцата на кој било медиум е важен чекор кој бара ригорозно разгледување. Слободата на изразување и информирање се суштински карактеристики на демократските општества“, се вели во заедничката изјава.

Министерството за индустрија, претприемништво и трговија вчера соопшти дека Комисијата за разгледување жалби за регистрација на фирми ја одбила жалбата на Клан Косова на одлуката за суспендирање на деловниот сертификат на оваа телевизија и дека сега подносителот на претставката може да поднесе тужба до судот бидејќи предметот е затворен во рамките на Министерството.

The post Oдземена лиценцата на Клан Косова, ЕУ и западни амбасадори изразија сериозна загриженост appeared first on Република.

]]>

Европската Унија и амбасадорите на земјите од Квинта групата, акредитирани во Косово ја изразија својата загриженост поради одлуката на Министерството за индустрија, претприемништво и трговија да ја укине дозволата за деловно работење на ТВ Клан Косова. Тие оценија дека тоа може да има последици за медиумскиот плурализам во Косово. ЕУ и Квинта, која ја сочинуваат САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија, најавија дека очекуваат фер и транспарентен процес за решавање на ситуацијата.
Многу сме загрижени што одземањето на деловната лиценца на Клан Косова е непропорционална одлука која ќе има последици за медиумската плуралност во Косово. Одземањето на лиценцата на кој било медиум е важен чекор кој бара ригорозно разгледување. Слободата на изразување и информирање се суштински карактеристики на демократските општества“, се вели во заедничката изјава.
Министерството за индустрија, претприемништво и трговија вчера соопшти дека Комисијата за разгледување жалби за регистрација на фирми ја одбила жалбата на Клан Косова на одлуката за суспендирање на деловниот сертификат на оваа телевизија и дека сега подносителот на претставката може да поднесе тужба до судот бидејќи предметот е затворен во рамките на Министерството.

The post Oдземена лиценцата на Клан Косова, ЕУ и западни амбасадори изразија сериозна загриженост appeared first on Република.

]]>
Меѓународните организации за слобода на медиумите против суспензијата на Клан Косова https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/megunarodnite-organizatsii-za-sloboda-na-mediumite-protiv-suspenzijata-na-klan-kosova/ Fri, 16 Jun 2023 17:40:35 +0000 https://republika.mk/?p=652233

Неколку меѓународни организации за слобода на медиумите и регионалната мрежа „Безбедни новинари“ денеска побараа од Министерството за индустрија, претприемништво и трговија на Косово (МИПТК) да ја повлече одлуката за суспензија на деловниот сертификат на телевизијата Клан Косова.

Европскиот центар за слобода на печатот, Меѓународниот институт за печат, Европската федерација на новинари и Меѓународната федерација на новинари во заедничко соопштение изразија загриженост за, како што велат, невидената мерка на косовските власти да поднесе кривична пријава против претставници на телевизијата.

Организациите оценуваат дека дејствијата на МИПТК се исклучително сериозни и претставуваат сериозна закана за слободата на медиумите на Косово, како и дека наредбата за суспендирање на сертификатот е произволна и не е донесена на стабилна правна основа.

- Ова е првпат во историјата на Косово на ваков начин да биде суспендиран деловниот сертификат на радиодифузер. Повлекувањето на деловен сертификат, што може да доведе до одземање на дозволата за радиодифузија, е многу екстремна мерка и треба да се преземе само во исклучителни околности и во целосна согласност со владеењето на правото, се додава во соопштението.

Засега ТВ каналот и радиото остануваат во етерот, а нејзиниот портал за вести продолжува да работи. Доколку сертификатот на компанијата би бил формално одземен по судски налог, би и била одземена дозволата за емитување и ќе биде принудена да престане со работа.

Клан Косова силно ја критикуваше таа мерка и подготвува жалба за одложување на мерката. Оттаму изјавија дека се уште подготвуваат дополнителни правни одговори.

За одлуката да се суспендира деловниот сертификат на Клан Косова денеска треба да се расправа во Независната комисија за медиуми, која ги надгледува електронските медиуми во Косово.

Меѓународните организации ги повикуваат премиерот Албин Курти и министерката Розета Хајдариј да се погрижат веднаш да се укине суспензијата на деловниот сертификат на Клан Косова и „да престанат сите форми на притисок врз медиумите - политички, административни и регулаторни“.

The post Меѓународните организации за слобода на медиумите против суспензијата на Клан Косова appeared first on Република.

]]>

Неколку меѓународни организации за слобода на медиумите и регионалната мрежа „Безбедни новинари“ денеска побараа од Министерството за индустрија, претприемништво и трговија на Косово (МИПТК) да ја повлече одлуката за суспензија на деловниот сертификат на телевизијата Клан Косова. Европскиот центар за слобода на печатот, Меѓународниот институт за печат, Европската федерација на новинари и Меѓународната федерација на новинари во заедничко соопштение изразија загриженост за, како што велат, невидената мерка на косовските власти да поднесе кривична пријава против претставници на телевизијата. Организациите оценуваат дека дејствијата на МИПТК се исклучително сериозни и претставуваат сериозна закана за слободата на медиумите на Косово, како и дека наредбата за суспендирање на сертификатот е произволна и не е донесена на стабилна правна основа. - Ова е првпат во историјата на Косово на ваков начин да биде суспендиран деловниот сертификат на радиодифузер. Повлекувањето на деловен сертификат, што може да доведе до одземање на дозволата за радиодифузија, е многу екстремна мерка и треба да се преземе само во исклучителни околности и во целосна согласност со владеењето на правото, се додава во соопштението. Засега ТВ каналот и радиото остануваат во етерот, а нејзиниот портал за вести продолжува да работи. Доколку сертификатот на компанијата би бил формално одземен по судски налог, би и била одземена дозволата за емитување и ќе биде принудена да престане со работа. Клан Косова силно ја критикуваше таа мерка и подготвува жалба за одложување на мерката. Оттаму изјавија дека се уште подготвуваат дополнителни правни одговори. За одлуката да се суспендира деловниот сертификат на Клан Косова денеска треба да се расправа во Независната комисија за медиуми, која ги надгледува електронските медиуми во Косово. Меѓународните организации ги повикуваат премиерот Албин Курти и министерката Розета Хајдариј да се погрижат веднаш да се укине суспензијата на деловниот сертификат на Клан Косова и „да престанат сите форми на притисок врз медиумите - политички, административни и регулаторни“.

The post Меѓународните организации за слобода на медиумите против суспензијата на Клан Косова appeared first on Република.

]]>