клан Дуќанџик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klan-dukandhik/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Feb 2024 22:00:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png клан Дуќанџик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klan-dukandhik/ 32 32 Телото на застреланиот Зељќиф Туша го пронашол неговиот брат полицаец, нивното име се наоѓа на договори со ЕСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/teloto-na-zastrelaniot-zelkif-tusha-go-pronashol-negoviot-brat-politsaets-nivnoto-ime-se-naoga-na-dogovori-so-esm/ Tue, 27 Feb 2024 08:20:12 +0000 https://republika.mk/?p=748743

Телото на застреланиот Зељќиф Туша кај Блаце го пронашол неговиот брат кој е полицаец вработен во интервентната полиција во МВР, открива „Телма“, додавајќи дека Насер Туша е чичко на притворениот Гани, осомничен за учество во убиствата во Шиша бар и на Халкидики.

Насер Туша пријавил дека околу 18:10 часот го нашол застреланиот брат во близина на скопското село Блаце.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-potvrdi-z-t-e-pronajden-ubien-vo-avtomobil/

Рано наутро, пак, бил запален и угостителскиот објект „Барон” во Чаир, место кое имаисто име како и криминалната група Барон чиј припадник е притворениот Гани Туша, која е во војна со групата Дуќанџик/Грчец за превласт на скопскиот нарко пазар.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ushte-edna-presmetka-vo-albanskoto-podzemje-ubien-tatkoto-na-osomnicheniot-za-ubistvoto-na-oki/

Во последното издание на емисијата КОД, презимето Туша се најде и на еден од договорите склучени со ЕСМ за увоз на 150.000 тони јаглен во вредност од 10 милиони евра за потребите на Рек Битола. Исак Туша е сопственик на фирмата Ими коп, а Насер Туша кој работи во МВР е лице за контакт.

 

 

 

The post Телото на застреланиот Зељќиф Туша го пронашол неговиот брат полицаец, нивното име се наоѓа на договори со ЕСМ appeared first on Република.

]]>

Телото на застреланиот Зељќиф Туша кај Блаце го пронашол неговиот брат кој е полицаец вработен во интервентната полиција во МВР, открива „Телма“, додавајќи дека Насер Туша е чичко на притворениот Гани, осомничен за учество во убиствата во Шиша бар и на Халкидики. Насер Туша пријавил дека околу 18:10 часот го нашол застреланиот брат во близина на скопското село Блаце. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-potvrdi-z-t-e-pronajden-ubien-vo-avtomobil/ Рано наутро, пак, бил запален и угостителскиот објект „Барон” во Чаир, место кое имаисто име како и криминалната група Барон чиј припадник е притворениот Гани Туша, која е во војна со групата Дуќанџик/Грчец за превласт на скопскиот нарко пазар. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ushte-edna-presmetka-vo-albanskoto-podzemje-ubien-tatkoto-na-osomnicheniot-za-ubistvoto-na-oki/ Во последното издание на емисијата КОД, презимето Туша се најде и на еден од договорите склучени со ЕСМ за увоз на 150.000 тони јаглен во вредност од 10 милиони евра за потребите на Рек Битола. Исак Туша е сопственик на фирмата Ими коп, а Насер Туша кој работи во МВР е лице за контакт.      

The post Телото на застреланиот Зељќиф Туша го пронашол неговиот брат полицаец, нивното име се наоѓа на договори со ЕСМ appeared first on Република.

]]>
Со овој пиштол на Халкидики е убиен Оки од Чаир од кланот „Дуќанџик“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-ovoj-pishtol-na-halkidiki-e-ubien-oki-od-chair-od-klanot-dukandhik/ Fri, 12 Jan 2024 09:25:51 +0000 https://republika.mk/?p=732263

Грчката полиција го расчисти убиството што на 15 јули минатата година се случи во вила на Халкидики, кога смртно беше застрелан 39-годишен, а повреден беше 45-годишен, двајцата државјани на Македонија, а сторителот, кој е идентификуван, веќе е во притвор кај нас, осомничен за учество во двојното убиство во март и ќе се бара негова екстрадиција во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, во непосредна близина на убиството бил пронајден пиштолот, како и ракавиците на сторителот.

Од грчката полиција соопштија дека по методична и детална истрага од страна на полициските службеници од Одделот за безбедност во Полигиро, со асистенција на Одделот за кривични дела против животот и личната слобода на Управата за безбедност во Солун, „идентификуван е странски државјанин, кој лани во јули заедно со неговиот соучесник, пукал и смртно ранил странски државјанин, нивен сонародник и повредија уште еден нивни сонародник, кои беа на одмор на Халкидики“.

Истрагата, веднаш по убиството била проширена на поширокото подрачје, што резултирало со откривање на рутата на сторителите при нивното бегство, а на оддалеченост од неколку стотини метри од вилата, во непроодна област, бил пронајден пиштолот со придушувач и шаржер, волнена капа и ракавици со траги од барут.

Од лабораториски испитувања и анализи на наодите, утврдено било дека пиштолот бил користен во конкретното кривично дело.

-Според собраните информации, се чини дека мотивот на кривичното дело е поврзан со ривалство помеѓу две криминални групи кои главно се занимаваат со трговија со дрога и се со седиште во земјата од каде што потекнуваат. Горенаведениот странски државјанин е уапсен и е задржан во притвор во својата земја, како осомничен за негово учество во убиството на две лица, што се случи лани во март во нивната земја. Против него е распишана европска потерница и се преземаат потребните дејствија за негова екстрадиција во нашата земја, соопштија од грчката полиција.

Додаваат дека истрагата продолжува за идентификување останатите соучесници или други инволвирани лица.

Од грчката полиција потсетуваат дека во раните утрински часови на 15 јули 2023 година, на Халкидики, две лица, со скриени лица, се приближиле до вилата и со употреба на огнено оружје пукале во внатрешноста, што резултираше со смртоносна повреда на еден 39-годишен и повреда на 45-годишник, кои во вилата престојуваа со уште тројца нивни сонародници.

Веднаш по убиството, во околината биле пронајдени 19 чаури.

Тогаш, убиен беше Орхан Бајрами – Оки, кој се сметаше за еден од главните водичи на криминалната група „Дуќанџик“, додека пак во март минатата година во скопската чаршија беа убиени две лица, веројатно членови на истата група

The post Со овој пиштол на Халкидики е убиен Оки од Чаир од кланот „Дуќанџик“ appeared first on Република.

]]>

Грчката полиција го расчисти убиството што на 15 јули минатата година се случи во вила на Халкидики, кога смртно беше застрелан 39-годишен, а повреден беше 45-годишен, двајцата државјани на Македонија, а сторителот, кој е идентификуван, веќе е во притвор кај нас, осомничен за учество во двојното убиство во март и ќе се бара негова екстрадиција во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно, во непосредна близина на убиството бил пронајден пиштолот, како и ракавиците на сторителот. Од грчката полиција соопштија дека по методична и детална истрага од страна на полициските службеници од Одделот за безбедност во Полигиро, со асистенција на Одделот за кривични дела против животот и личната слобода на Управата за безбедност во Солун, „идентификуван е странски државјанин, кој лани во јули заедно со неговиот соучесник, пукал и смртно ранил странски државјанин, нивен сонародник и повредија уште еден нивни сонародник, кои беа на одмор на Халкидики“. Истрагата, веднаш по убиството била проширена на поширокото подрачје, што резултирало со откривање на рутата на сторителите при нивното бегство, а на оддалеченост од неколку стотини метри од вилата, во непроодна област, бил пронајден пиштолот со придушувач и шаржер, волнена капа и ракавици со траги од барут. Од лабораториски испитувања и анализи на наодите, утврдено било дека пиштолот бил користен во конкретното кривично дело.
-Според собраните информации, се чини дека мотивот на кривичното дело е поврзан со ривалство помеѓу две криминални групи кои главно се занимаваат со трговија со дрога и се со седиште во земјата од каде што потекнуваат. Горенаведениот странски државјанин е уапсен и е задржан во притвор во својата земја, како осомничен за негово учество во убиството на две лица, што се случи лани во март во нивната земја. Против него е распишана европска потерница и се преземаат потребните дејствија за негова екстрадиција во нашата земја, соопштија од грчката полиција.
Додаваат дека истрагата продолжува за идентификување останатите соучесници или други инволвирани лица. Од грчката полиција потсетуваат дека во раните утрински часови на 15 јули 2023 година, на Халкидики, две лица, со скриени лица, се приближиле до вилата и со употреба на огнено оружје пукале во внатрешноста, што резултираше со смртоносна повреда на еден 39-годишен и повреда на 45-годишник, кои во вилата престојуваа со уште тројца нивни сонародници. Веднаш по убиството, во околината биле пронајдени 19 чаури. Тогаш, убиен беше Орхан Бајрами – Оки, кој се сметаше за еден од главните водичи на криминалната група „Дуќанџик“, додека пак во март минатата година во скопската чаршија беа убиени две лица, веројатно членови на истата група

The post Со овој пиштол на Халкидики е убиен Оки од Чаир од кланот „Дуќанџик“ appeared first on Република.

]]>