клан буши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klan-bushi/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Nov 2022 09:48:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png клан буши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/klan-bushi/ 32 32 Син на заменик министерот во МВР е возачот кој со флешери бегаше од полицијата, која се обиде да го сокрие случајот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sin-na-zamenik-ministerot-vo-mvr-e-vozachot-koj-so-flesheri-begashe-od-policijata-koja-se-obide-da-go-sokrie-sluchajot/ Tue, 29 Nov 2022 09:42:41 +0000 https://republika.mk/?p=579493

Во инцидентот во петокот попладне на периферија на Скопје, син на функционер на МВР бил запрен по бегство од полициска патрола поради нелегално користење флешери, но полицајците го пуштиле со образложение дека „станува збор за службен автомобил на СОЗР“, објави Телма. Инцидентот за ТВ Телма го потврдиле полициски извори.

Од МВР на прашањето на ТВ Телма одговориле дека ќе го испитаат случајот и доколку се утврди полициско постапување спротивно на законот, полициските службеници кои згрешиле ќе бидат санкционирани.

К.Б., синот на заменик министерот предложен од ДУИ, Назиф Буши, бил забележан од полициска патрола во Чаир како со темно ауди со флешери (ротациони светла на хаубата на автомобилот) се движи побрзо од дозволеното по што го стигнале и побарале да застане. Но возачот со ауди не застанувал по што патролата повикала помош и на крај успеала да го сопре возачот на Качанички пат.

Кога при легитимирањето е откриено дека станува збор за функционерски син, полицајците кои го сопреле преку радио врска јавиле дека станува збор за владино возило од Службата за општи и заеднички работи. Но од централата на СВР Скопје им одговориле дека регистрацијата која ја јавиле (позната на Телма) не припаѓа на службени владини возила туку на приватно ауди.

И покрај се, полицајците од патролата го пуштиле синот на заменик министерот да си замине, но доказите не можеле да се избришат бидејќи радио-комуникацијата на полициските службеници е снимена во согласност со законските прописи.

The post Син на заменик министерот во МВР е возачот кој со флешери бегаше од полицијата, која се обиде да го сокрие случајот appeared first on Република.

]]>

Во инцидентот во петокот попладне на периферија на Скопје, син на функционер на МВР бил запрен по бегство од полициска патрола поради нелегално користење флешери, но полицајците го пуштиле со образложение дека „станува збор за службен автомобил на СОЗР“, објави Телма. Инцидентот за ТВ Телма го потврдиле полициски извори. Од МВР на прашањето на ТВ Телма одговориле дека ќе го испитаат случајот и доколку се утврди полициско постапување спротивно на законот, полициските службеници кои згрешиле ќе бидат санкционирани. К.Б., синот на заменик министерот предложен од ДУИ, Назиф Буши, бил забележан од полициска патрола во Чаир како со темно ауди со флешери (ротациони светла на хаубата на автомобилот) се движи побрзо од дозволеното по што го стигнале и побарале да застане. Но возачот со ауди не застанувал по што патролата повикала помош и на крај успеала да го сопре возачот на Качанички пат. Кога при легитимирањето е откриено дека станува збор за функционерски син, полицајците кои го сопреле преку радио врска јавиле дека станува збор за владино возило од Службата за општи и заеднички работи. Но од централата на СВР Скопје им одговориле дека регистрацијата која ја јавиле (позната на Телма) не припаѓа на службени владини возила туку на приватно ауди. И покрај се, полицајците од патролата го пуштиле синот на заменик министерот да си замине, но доказите не можеле да се избришат бидејќи радио-комуникацијата на полициските службеници е снимена во согласност со законските прописи.

The post Син на заменик министерот во МВР е возачот кој со флешери бегаше од полицијата, која се обиде да го сокрие случајот appeared first on Република.

]]>