КК Партизан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kk-partizan/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Jun 2024 06:43:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png КК Партизан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kk-partizan/ 32 32 „Гробарите“ навредуваа, Звезда службено ја освои титулата https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/grobarite-navreduvaa-zvezda-sluzhbeno-ja-osvoi-titulata/ Thu, 06 Jun 2024 07:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=785115

Директорот на кошаркарската лига на Србија, Александар Грујин изјави дека вториот натпревар од финалето на плејофот меѓу Партизан и Црвена ѕвезда, кој синоќа беше прекинат поради инциденти предизвикани од домашните навивачи, ќе биде регистриран со службен резултат 20:0 во корист на црвено-белите, што ќе значи нивна одбрана на титулата.

„Натпреварот ќе биде регистриран врз основа на делегатскиот извештај со службен резултат 20:0 за Црвена ѕвезда“, изјави Грујин за белградските медиуми.

Натпреварот во белградската Арена беше прекинат при водство на Партизан од 57:45, на 7:55 минути пред крајот на третата четвртина, откако навивачите на Партизан пошнаа да ги навредуваат семејството на претседателот на Црвена ѕвезда, Небојша Човиќ, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и фрлаа разни предмети на теренот.

Црвено-белите го напуштија теренот, а по нив и судиите, додека играчите на Партизан останаа на теренот.

Судијата Урош Николиќ побара да се испразни салата за да може натпреварот да продолжи, а по речиси еден час играчите и стручниот штаб на Партизан го напуштија теренот и натпреварот беше прекинат.

Официјалниот спикер, без консултации со официјалните лица, објави дека натпреварот ќе биде доигран во рок од 24 часа, по што повеќето кошаркари на Партизан си заминаа дома, а играчите на Црвена ѕвезда и судиите излегоа на теренот.

Во 22 часот и 50 минути започна 15-минутното одбројување за играчите на Партизан да се вратат на теренот, а откако тие не се појавија, делегатот на натпреварот состави официјален записник според кој натпреварот ќе биде регистриран со службен резултат 20-0 во корист на Црвена ѕвезда.

Актуелниот шампион Црвена ѕвезда води во финалната серија до две победи со 1:0.

The post „Гробарите“ навредуваа, Звезда службено ја освои титулата appeared first on Република.

]]>

Директорот на кошаркарската лига на Србија, Александар Грујин изјави дека вториот натпревар од финалето на плејофот меѓу Партизан и Црвена ѕвезда, кој синоќа беше прекинат поради инциденти предизвикани од домашните навивачи, ќе биде регистриран со службен резултат 20:0 во корист на црвено-белите, што ќе значи нивна одбрана на титулата. „Натпреварот ќе биде регистриран врз основа на делегатскиот извештај со службен резултат 20:0 за Црвена ѕвезда“, изјави Грујин за белградските медиуми. Натпреварот во белградската Арена беше прекинат при водство на Партизан од 57:45, на 7:55 минути пред крајот на третата четвртина, откако навивачите на Партизан пошнаа да ги навредуваат семејството на претседателот на Црвена ѕвезда, Небојша Човиќ, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и фрлаа разни предмети на теренот. Црвено-белите го напуштија теренот, а по нив и судиите, додека играчите на Партизан останаа на теренот. Судијата Урош Николиќ побара да се испразни салата за да може натпреварот да продолжи, а по речиси еден час играчите и стручниот штаб на Партизан го напуштија теренот и натпреварот беше прекинат. Официјалниот спикер, без консултации со официјалните лица, објави дека натпреварот ќе биде доигран во рок од 24 часа, по што повеќето кошаркари на Партизан си заминаа дома, а играчите на Црвена ѕвезда и судиите излегоа на теренот. Во 22 часот и 50 минути започна 15-минутното одбројување за играчите на Партизан да се вратат на теренот, а откако тие не се појавија, делегатот на натпреварот состави официјален записник според кој натпреварот ќе биде регистриран со службен резултат 20-0 во корист на Црвена ѕвезда. Актуелниот шампион Црвена ѕвезда води во финалната серија до две победи со 1:0.

The post „Гробарите“ навредуваа, Звезда службено ја освои титулата appeared first on Република.

]]>
За Партизан почнуваат мечевите „да се биде или не“ во Евролигата https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/za-partizan-pochnuvaat-mechevite-da-se-bide-ili-ne-vo-evroligata/ Tue, 19 Mar 2024 11:02:34 +0000 https://republika.mk/?p=756223

За кошаркарите на Партизан веќе нема поправен важен е само сегашниот момент од кој ќе зависи оваа сезона. Тој момент започнува вечерва со мечот против Басконија во Белград.

Остануваат уште пет кола до крајот на регуларниот дел од Евролигата и за Партизан е се да се биде или не.

Сега имаат скор 13-16, исто како и Валенсија и Баерн и се на десеттото место, кое е во зоната за плеј-ин. Доброто е што ја имаат судбината во свои раце и не зависат од никого.

The post За Партизан почнуваат мечевите „да се биде или не“ во Евролигата appeared first on Република.

]]>

За кошаркарите на Партизан веќе нема поправен важен е само сегашниот момент од кој ќе зависи оваа сезона. Тој момент започнува вечерва со мечот против Басконија во Белград. Остануваат уште пет кола до крајот на регуларниот дел од Евролигата и за Партизан е се да се биде или не. Сега имаат скор 13-16, исто како и Валенсија и Баерн и се на десеттото место, кое е во зоната за плеј-ин. Доброто е што ја имаат судбината во свои раце и не зависат од никого.

The post За Партизан почнуваат мечевите „да се биде или не“ во Евролигата appeared first on Република.

]]>
Кошаркар на Партизан на теренот во „Штарк арена“ излегува со греалка во рацете https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/kosharkar-na-partizan-na-terenot-vo-shtark-arena-izleguva-so-grealka-vo-ratsete/ Fri, 08 Dec 2023 09:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=720936

Партизан се наоѓа во серија од три победи по ред во Евролигата, откако во „Штарк арената“ паѓаа Панатинаикос, Монако и Олимпија Милано, а на овие мечеви големо внимание привлече играчот на „Црно-белите“, Зек Ледеј кој на теренот излегуваше со греалка во рацете.

„Не знам зошто излегувам со греалката на терен. Тоа е добро прашање. Дефинитивно ни помага“, изјави Ледеј.

Потоа некој му дофрли дека и во салата е ладно, Ледеј се насмеа и додаде:
„Така е, ладно е и ни помага“.

Зек Ледеј постигна 15 поени во синоќешната победа на Партизан над Олимпија Милано од 82:69. По 13 кола, Црно-белите имаат скор од седум победи и шест порази и се наоѓаат на делба на седмата позиција.

Извор: Спортманија

The post Кошаркар на Партизан на теренот во „Штарк арена“ излегува со греалка во рацете appeared first on Република.

]]>

Партизан се наоѓа во серија од три победи по ред во Евролигата, откако во „Штарк арената“ паѓаа Панатинаикос, Монако и Олимпија Милано, а на овие мечеви големо внимание привлече играчот на „Црно-белите“, Зек Ледеј кој на теренот излегуваше со греалка во рацете. „Не знам зошто излегувам со греалката на терен. Тоа е добро прашање. Дефинитивно ни помага“, изјави Ледеј. Потоа некој му дофрли дека и во салата е ладно, Ледеј се насмеа и додаде: „Така е, ладно е и ни помага“. Зек Ледеј постигна 15 поени во синоќешната победа на Партизан над Олимпија Милано од 82:69. По 13 кола, Црно-белите имаат скор од седум победи и шест порази и се наоѓаат на делба на седмата позиција.
Извор: Спортманија

The post Кошаркар на Партизан на теренот во „Штарк арена“ излегува со греалка во рацете appeared first on Република.

]]>
Така се сака клуб: КК Партизан ги распродаде сите сезонски билети https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/taka-se-saka-klub-kk-partizan-gi-rasprodade-site-sezonski-bileti/ Thu, 28 Sep 2023 18:55:59 +0000 https://republika.mk/?p=686166

Српскиот кошаркарски клуб Партизан за претстојната сезона продаде вкупно 16.124 сезонски билети и од тоа инкасираше рекордни 5.8 милиони евра, соопшти денеска клупското раководство.

Сезонските билети се распродадени за помалку од три недели откако белградскиот клуб почна со продажна на 6 септември.

Ја затворивме продажбата на сезонските билети – продадени се 16.124 влезници. Не знам дали некој друг ќе може да го достигне овој рекорд. Благодарност до навивачите за нивната поддршка, изјави претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ.

Партизан ја отвора новата кошаркарска сезона на домашен терен против Морнар в понеделник во АБА лигата во која ја брани титулата

The post Така се сака клуб: КК Партизан ги распродаде сите сезонски билети appeared first on Република.

]]>

Српскиот кошаркарски клуб Партизан за претстојната сезона продаде вкупно 16.124 сезонски билети и од тоа инкасираше рекордни 5.8 милиони евра, соопшти денеска клупското раководство. Сезонските билети се распродадени за помалку од три недели откако белградскиот клуб почна со продажна на 6 септември.
Ја затворивме продажбата на сезонските билети – продадени се 16.124 влезници. Не знам дали некој друг ќе може да го достигне овој рекорд. Благодарност до навивачите за нивната поддршка, изјави претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ.
Партизан ја отвора новата кошаркарска сезона на домашен терен против Морнар в понеделник во АБА лигата во која ја брани титулата

The post Така се сака клуб: КК Партизан ги распродаде сите сезонски билети appeared first on Република.

]]>
Партизан ја освои АБА лигата, „Арена спорт“ го прекина преносот https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/partizan-ja-osvoi-aba-ligata-arena-sport-go-prekina-prenosot/ Fri, 23 Jun 2023 11:36:43 +0000 https://republika.mk/?p=654430

Тренерот на белградски Партизан, Жељко Обрадовиќ, истакна синоќа дека заслугата за освоената титула во регионалната АБА лига им припаѓа на неговите кошаркари и армијата навивачи на „црно – белите“.

Партизан ја освои титулата откако во решавачкиот петти натпревар пред повеќе од 22.000 гледачи во белградската Штарк Арена триумфираше над градскиот ривал Црвена ѕвезда со 96-85.

„Ќе почнам со тоа што мене лично ми причинува најголемо задоволство, а тоа е дека натпреварот беше одигран во фантастична атмосфера и оти навивачите на Партизан вечерва станаа шампиони во секоја смисла“, рече Обрадовиќ на прес – конференцијата по натпреварот.

За Партизан ова е седма титула во АБА лигата и прва од 2013 година

The post Партизан ја освои АБА лигата, „Арена спорт“ го прекина преносот appeared first on Република.

]]>

Тренерот на белградски Партизан, Жељко Обрадовиќ, истакна синоќа дека заслугата за освоената титула во регионалната АБА лига им припаѓа на неговите кошаркари и армијата навивачи на „црно – белите“. Партизан ја освои титулата откако во решавачкиот петти натпревар пред повеќе од 22.000 гледачи во белградската Штарк Арена триумфираше над градскиот ривал Црвена ѕвезда со 96-85. „Ќе почнам со тоа што мене лично ми причинува најголемо задоволство, а тоа е дека натпреварот беше одигран во фантастична атмосфера и оти навивачите на Партизан вечерва станаа шампиони во секоја смисла“, рече Обрадовиќ на прес – конференцијата по натпреварот. За Партизан ова е седма титула во АБА лигата и прва од 2013 година

The post Партизан ја освои АБА лигата, „Арена спорт“ го прекина преносот appeared first on Република.

]]>
Кошаркарите на Партизан се повлекоа во соблекувална откако беа гаѓани со предмети https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/kosharkarite-na-partizan-se-povlekoa-vo-soblekuvalna-otkako-bea-gagani-so-predmeti/ Sun, 18 Jun 2023 19:37:47 +0000 https://republika.mk/?p=652886

Третиот меч од финалната плејоф-серија од АБА-лигата помеѓу Црвена звезда и Партизан дефинитивно ќе почне со задоцнување, поради хаосот што се случи во „Пионир“ уште при истрчувањето на паркетот на гостинските кошаркари.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ само што почнаа да се загреваат решија да се вратат во соблекувалната, поради канонадата со тврди предмети која беше упатена кон нив, но и поради многуте ласери во публиката со кои беше оневозможено да се подготват за натпреварот.

Во моментов се игра втората четвртина, а кошаркарите на Црвена звезда водат со поен разлика.

The post Кошаркарите на Партизан се повлекоа во соблекувална откако беа гаѓани со предмети appeared first on Република.

]]>

Третиот меч од финалната плејоф-серија од АБА-лигата помеѓу Црвена звезда и Партизан дефинитивно ќе почне со задоцнување, поради хаосот што се случи во „Пионир“ уште при истрчувањето на паркетот на гостинските кошаркари. Избраниците на Жељко Обрадовиќ само што почнаа да се загреваат решија да се вратат во соблекувалната, поради канонадата со тврди предмети која беше упатена кон нив, но и поради многуте ласери во публиката со кои беше оневозможено да се подготват за натпреварот. Во моментов се игра втората четвртина, а кошаркарите на Црвена звезда водат со поен разлика.

The post Кошаркарите на Партизан се повлекоа во соблекувална откако беа гаѓани со предмети appeared first on Република.

]]>
Meчот Партизан-Реал ќе се игра и покрај трагедијата https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/mechot-partizan-real-ke-se-igra-i-pokraj-tragedijata/ Thu, 04 May 2023 07:21:12 +0000 https://republika.mk/?p=636654

Кошаркарите на Партизан денеска од 20 часот и 30 минути ќе го пречекаат Реал во четвртиот натпревар од плејоф серијата на Евролигата.

Црно-белите водат со 2:1 и потребна им е уште една победа за пласман на фајналфорот.

Помеѓу двата меча на овие два ривали се случи голема трагедија во Белград, масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ кога беа убиени осум деца и еден обезбедувач.

За ова зборува и Жељко Обрадовиќ.

„Сите бевме во неверување. Сочувство до сите семејства, голема трагедија“. 

Мечот мора да се игра и ќе биде без музика и вообичаеното навивање.

The post Meчот Партизан-Реал ќе се игра и покрај трагедијата appeared first on Република.

]]>

Кошаркарите на Партизан денеска од 20 часот и 30 минути ќе го пречекаат Реал во четвртиот натпревар од плејоф серијата на Евролигата. Црно-белите водат со 2:1 и потребна им е уште една победа за пласман на фајналфорот. Помеѓу двата меча на овие два ривали се случи голема трагедија во Белград, масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ кога беа убиени осум деца и еден обезбедувач. За ова зборува и Жељко Обрадовиќ. „Сите бевме во неверување. Сочувство до сите семејства, голема трагедија“.  Мечот мора да се игра и ќе биде без музика и вообичаеното навивање.

The post Meчот Партизан-Реал ќе се игра и покрај трагедијата appeared first on Република.

]]>
20.000 навивачи на Партизан му свртеа грб на Реал Мадрид https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/20-000-navivachi-na-real-madrid-mu-svrtea-grb-na-real-madrid/ Wed, 03 May 2023 08:10:26 +0000 https://republika.mk/?p=636318

Сцената од Арената која го обиколи светот! Реал е посрамен од навивачите на Партизан како ниеден друг клуб во историјата...

Имено, повеќе од 20.000 навивачи го свртеа грбот при претставувањето на кошаркарите на Реал!

Ниту еден свиреж не се слушна, буквално ниту мува во салата во тие 30 секунди! Но, за жал и тоа не му помогна на српскиот тим

Погледнете како тоа изгледаше:

The post 20.000 навивачи на Партизан му свртеа грб на Реал Мадрид appeared first on Република.

]]>

Сцената од Арената која го обиколи светот! Реал е посрамен од навивачите на Партизан како ниеден друг клуб во историјата... Имено, повеќе од 20.000 навивачи го свртеа грбот при претставувањето на кошаркарите на Реал! Ниту еден свиреж не се слушна, буквално ниту мува во салата во тие 30 секунди! Но, за жал и тоа не му помогна на српскиот тим Погледнете како тоа изгледаше:

The post 20.000 навивачи на Партизан му свртеа грб на Реал Мадрид appeared first on Република.

]]>
Директорот на Црвена звезда: Нема споредба со вложувањата и заработката во фудбалот и кошарката https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/direktorot-na-tsrvena-zvezda-nema-sporedba-so-vlozhuvanata-i-zarabotkata-vo-fudbalot-i-kosharkata/ Tue, 02 May 2023 10:01:46 +0000 https://republika.mk/?p=635995

Генералниот директор на ФК Црвена Звезда Звездан Терзиќ се обиде да ги објасни деловните и финансиските аспекти на Евролигата и Лигата на шампионите.

Еве една паралела. Луѓето треба да го разберат тоа. Ние сме кошаркарска земја. Но, тоа е сосема поинаков спорт кој не може да се спореди со фудбалот. Со буџет од 35 или 40 милиони евра, вие сте шампиони на Европа во кошарка! Не верувам дека некој клуб во Евролигата има толку пари. Нашите клубови имаат од 12 до 15 милиони евра, ако не се лажам. Едноставно, Звезда и Партизан се на 50 отсто од најголемиот буџет на Евролигата - јасен е Звездан Терзиќ.

The post Директорот на Црвена звезда: Нема споредба со вложувањата и заработката во фудбалот и кошарката appeared first on Република.

Не пропуштајте: Реал Мадрид вечерва го чека пекол во Белград https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/ne-propushtajte-real-vecherva-go-cheka-pekol-vo-belgrad/ Tue, 02 May 2023 09:23:23 +0000 https://republika.mk/?p=635978

Шпанските медиуми се свесни дека на кошаркарите на Реал Мадрид им претстои невиден пекол вечерва во преполната „Арена“.

Вечерва (20:30 ч.) Партизан на домашен терен го пречекува Реал Мадрид во третиот натпревар од четвртфиналната плејоф серија.

По општата тепачка која го одбележа вториот натпревар во Мадрид, на Шпанците им е кристално јасно дека навивачите на Партизан вечерва ќе им приредат невиден кошмар.

Партизан има големи 2:0, но поради инцидентот испровоциран од Мадрид, нема да може да смета на помошта на своите најголеми ѕвезди - Кевин Пантер и Матиас Лесор, па ќе им треба голема поддршка од навивачите во со цел да ја остварат својата цел и да изборат место на фајнл-форот.

На шпанските медиуми им е јасно дека инцидентот од мечот во Мадрид дополнително ја крена тензијата, па стравуваат од атмосферата во Арената.

На насловната страница на почитуваната Марка пишува „Пеколот Белград“ со фотографија од навивач на Партизан.

„20.000 фанатици го пречекуваат Мадрид во Арената“, пишува шпанскиот весник.

The post Не пропуштајте: Реал Мадрид вечерва го чека пекол во Белград appeared first on Република.

]]>

Шпанските медиуми се свесни дека на кошаркарите на Реал Мадрид им претстои невиден пекол вечерва во преполната „Арена“. Вечерва (20:30 ч.) Партизан на домашен терен го пречекува Реал Мадрид во третиот натпревар од четвртфиналната плејоф серија. По општата тепачка која го одбележа вториот натпревар во Мадрид, на Шпанците им е кристално јасно дека навивачите на Партизан вечерва ќе им приредат невиден кошмар. Партизан има големи 2:0, но поради инцидентот испровоциран од Мадрид, нема да може да смета на помошта на своите најголеми ѕвезди - Кевин Пантер и Матиас Лесор, па ќе им треба голема поддршка од навивачите во со цел да ја остварат својата цел и да изборат место на фајнл-форот. На шпанските медиуми им е јасно дека инцидентот од мечот во Мадрид дополнително ја крена тензијата, па стравуваат од атмосферата во Арената. На насловната страница на почитуваната Марка пишува „Пеколот Белград“ со фотографија од навивач на Партизан.
„20.000 фанатици го пречекуваат Мадрид во Арената“, пишува шпанскиот весник.

The post Не пропуштајте: Реал Мадрид вечерва го чека пекол во Белград appeared first on Република.

]]>
Пред утрешниот меч во Белград: Кошаркарите на Реал бараат никој да не им се приближува https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/pred-utreshniot-mech-vo-belgrad-kosharkarite-na-real-baraat-nikoj-da-ne-im-se-priblizhuva/ Mon, 01 May 2023 16:23:43 +0000 https://republika.mk/?p=635790

Шпанскиот кошаркарски клуб Реал побара да има дополнително обезбедување за утрешното гостување во Белград во рамки на третиот четвртфинален натпревар во Евролигата против Партизан.

Како што денеска пренесуваат српските медиуми, мадридскиот клуб до организаторите на натпреварот и домаќинот Партизан доставил четири барања за засилено обезбедување.

Реал бара постојана полициска придружба по слетувањето на белградскиот аеродром, 24-часовно обезбедување во хотелот каде ќе биде сместена нивната делегација и надвор од сместувачкиот објект, како и дополнително обезбедување во белградската Арена, особено околу клупата на мадридскиот клуб.

Партизан води со 2-0 во четвртфиналната пресметка и потребна му е уште една победа за пласман на фајнлфорот.

Вториот натпревар во Мадрид во четвртокот вечер беше прекинат на една минута и 40 секунди пред крајот поради масовна физичка пресметка меѓу двата тима која ја предизвикаа кошаркарите на Реал

The post Пред утрешниот меч во Белград: Кошаркарите на Реал бараат никој да не им се приближува appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот кошаркарски клуб Реал побара да има дополнително обезбедување за утрешното гостување во Белград во рамки на третиот четвртфинален натпревар во Евролигата против Партизан. Како што денеска пренесуваат српските медиуми, мадридскиот клуб до организаторите на натпреварот и домаќинот Партизан доставил четири барања за засилено обезбедување. Реал бара постојана полициска придружба по слетувањето на белградскиот аеродром, 24-часовно обезбедување во хотелот каде ќе биде сместена нивната делегација и надвор од сместувачкиот објект, како и дополнително обезбедување во белградската Арена, особено околу клупата на мадридскиот клуб. Партизан води со 2-0 во четвртфиналната пресметка и потребна му е уште една победа за пласман на фајнлфорот. Вториот натпревар во Мадрид во четвртокот вечер беше прекинат на една минута и 40 секунди пред крајот поради масовна физичка пресметка меѓу двата тима која ја предизвикаа кошаркарите на Реал

The post Пред утрешниот меч во Белград: Кошаркарите на Реал бараат никој да не им се приближува appeared first on Република.

]]>
Еве ги казните за тепачката меѓу Реал и Партизан https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/eve-gi-kaznite-za-tepachkata-megu-real-i-partizan/ Fri, 28 Apr 2023 19:24:59 +0000 https://republika.mk/?p=635124

Евролигата ги објави казните за масовната тепачка на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Партизан.

Казнети се:

Партизан:

Кевин Пантер - 2 меча

Матијас Лесор - 1 натпревар

Реал Мадрид:

- Гершон Јабуселе - 5 натпревари

- Габриел Дек - 1 натпревар

Двата клуба треба да платат по 50.000 евра и ниту една екипа нема право на жалба.Третиот натпревар на програмата е во вторник на 2 мај во „Белградска Арена“.

The post Еве ги казните за тепачката меѓу Реал и Партизан appeared first on Република.

]]>

Евролигата ги објави казните за масовната тепачка на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Партизан. Казнети се: Партизан: Кевин Пантер - 2 меча Матијас Лесор - 1 натпревар Реал Мадрид: - Гершон Јабуселе - 5 натпревари - Габриел Дек - 1 натпревар Двата клуба треба да платат по 50.000 евра и ниту една екипа нема право на жалба.Третиот натпревар на програмата е во вторник на 2 мај во „Белградска Арена“.

The post Еве ги казните за тепачката меѓу Реал и Партизан appeared first on Република.

]]>
„Гробарите“ среде ноќ ги пречекаа хероите од Мадрид https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/grobarite-srede-nok-gi-prechekaa-heroite-od-madrid/ Fri, 28 Apr 2023 07:52:54 +0000 https://republika.mk/?p=634841

Навивачите на Партизан еуфорично ги пречекаа кошаркарите кои го совладаа Реал среде Марид. Тие им скандираа „узми Жељко титулу“ и палеа бакљи пред аеродромот.

The post „Гробарите“ среде ноќ ги пречекаа хероите од Мадрид appeared first on Република.

Простачки „Кралеви“: Прекинатиот меч ќе биде регистиран службено за Партизан https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/prostachki-kralevi-prekinatiot-mech-ke-bide-registiran-sluzhbeno-za-partizan/ Fri, 28 Apr 2023 06:17:41 +0000 https://republika.mk/?p=634811

За помалку од пет часа продадени се сите билети за третиот натпревар од четвртфиналната пресметка во кошаркарската Евролига меѓу Партизан и Реал Мадрид, соопшти белградскиот клуб.

Цената на влезниците се движеше од 3.5 до 500 евра.

Партизан во првиот натпревар триумфираше на гостувањето во Мадрид со 89-87, а вториот натпревар е на програмата вечерва во шпанската престолнина со почеток во 20:45 часот.

Третиот натпревар ќе се игра на 2 мај во Белград.

Четвртфиналната серија се игра до три победи. Oваа еуфорија следува откако синоќа Партизан убедливо победи но мечот беше прекинат на една минута пред крај на 15 разлика за Партан откако домашните играчи почнаа да се тепаат.

The post Простачки „Кралеви“: Прекинатиот меч ќе биде регистиран службено за Партизан appeared first on Република.

]]>

За помалку од пет часа продадени се сите билети за третиот натпревар од четвртфиналната пресметка во кошаркарската Евролига меѓу Партизан и Реал Мадрид, соопшти белградскиот клуб. Цената на влезниците се движеше од 3.5 до 500 евра. Партизан во првиот натпревар триумфираше на гостувањето во Мадрид со 89-87, а вториот натпревар е на програмата вечерва во шпанската престолнина со почеток во 20:45 часот. Третиот натпревар ќе се игра на 2 мај во Белград. Четвртфиналната серија се игра до три победи. Oваа еуфорија следува откако синоќа Партизан убедливо победи но мечот беше прекинат на една минута пред крај на 15 разлика за Партан откако домашните играчи почнаа да се тепаат.  

The post Простачки „Кралеви“: Прекинатиот меч ќе биде регистиран службено за Партизан appeared first on Република.

]]>
Чудо во Мадрид-Партизан го победи Реал https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/chudo-vo-madrid-partizan-go-pobedi-real/ Tue, 25 Apr 2023 21:02:52 +0000 https://republika.mk/?p=634118

Партизан со голема победа над Реал Марид во плејофот во Евролигата. Јунак беше Пантер со шут за три поени во последната секунда.

Со ова направи предност од 0-1 во двомечот кој се игра до три добиени.

Претходно повеќе од сомнителен фаул беше суден  над Руди Фернандеш пред крајот на мечот кој реализира два пенали.

СепакПантер беше смирен кога е потребно и со две слободни фрлања пенали реализираше важни поени за гостите.

Габриел Дек беше нерешлива енигма за Партизан. Аргентинецот лесно блокираше под кошот и погодува преку Трифуновиќ.

Џанан Муса, босанскиот дефанзивец  Муса остана сам на девет метри од кошот на Партизан, но не се двоумеше да го изведе тој удар и го погоди

The post Чудо во Мадрид-Партизан го победи Реал appeared first on Република.

]]>

Партизан со голема победа над Реал Марид во плејофот во Евролигата. Јунак беше Пантер со шут за три поени во последната секунда. Со ова направи предност од 0-1 во двомечот кој се игра до три добиени. Претходно повеќе од сомнителен фаул беше суден  над Руди Фернандеш пред крајот на мечот кој реализира два пенали. СепакПантер беше смирен кога е потребно и со две слободни фрлања пенали реализираше важни поени за гостите. Габриел Дек беше нерешлива енигма за Партизан. Аргентинецот лесно блокираше под кошот и погодува преку Трифуновиќ. Џанан Муса, босанскиот дефанзивец  Муса остана сам на девет метри од кошот на Партизан, но не се двоумеше да го изведе тој удар и го погоди

The post Чудо во Мадрид-Партизан го победи Реал appeared first on Република.

]]>
Навивачите на Партизан за еден ден собраа половина милион евра за долгот на клубот https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/navivachite-na-partizan-za-eden-den-sobraa-polovina-milion-evra-za-dolgot-na-klubot/ Thu, 20 Apr 2023 16:42:30 +0000 https://republika.mk/?p=632572

КК Партизан ќе се спаси од долгот кон државата, а за тоа најзаслужни ќе се навивачите на црно-белите. Навивачите на Партизан, кои се вистински хит сезонава во Евролигата, својата љубов кон клубот ја докажаа со донациите за исплата на заостанатиот данок.

Во интервју за „Моцарт Спорт“, првиот човек Остоја Мијаловиќ откри дека за еден ден од навивачите собрале неверојатни 500.000 евра.

Прво акцијата ја започнаа околу 2.000 навивачи и на почетокот бевме скептични, не знаевме дали воопшто да ја прифатиме, но на крајот се одлучивме да им дадеме шанса на навивачите да ни помогнат. Внатре во клубот ќе собереме 1.6 милиони евра што исто така е добра основа за застанување на нозе. Најголем дел од долгот е од времето на пандемијата, тогаш загубивме многу пари затоа што не продававме билети, изјави Мијаловиќ.

Исто така, тој откри дека само од билети клубот сезонава заработил пет милиони евра.

The post Навивачите на Партизан за еден ден собраа половина милион евра за долгот на клубот appeared first on Република.

]]>

КК Партизан ќе се спаси од долгот кон државата, а за тоа најзаслужни ќе се навивачите на црно-белите. Навивачите на Партизан, кои се вистински хит сезонава во Евролигата, својата љубов кон клубот ја докажаа со донациите за исплата на заостанатиот данок. Во интервју за „Моцарт Спорт“, првиот човек Остоја Мијаловиќ откри дека за еден ден од навивачите собрале неверојатни 500.000 евра.
Прво акцијата ја започнаа околу 2.000 навивачи и на почетокот бевме скептични, не знаевме дали воопшто да ја прифатиме, но на крајот се одлучивме да им дадеме шанса на навивачите да ни помогнат. Внатре во клубот ќе собереме 1.6 милиони евра што исто така е добра основа за застанување на нозе. Најголем дел од долгот е од времето на пандемијата, тогаш загубивме многу пари затоа што не продававме билети, изјави Мијаловиќ.
Исто така, тој откри дека само од билети клубот сезонава заработил пет милиони евра.

The post Навивачите на Партизан за еден ден собраа половина милион евра за долгот на клубот appeared first on Република.

]]>
„Партизан“ и „Црвена звезда“ должат 25 милиони евра за данок https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/partizan-i-crvena-zvezda-dolzat-25-milioni-evra-za-danok/ Tue, 14 Jun 2022 17:21:49 +0000 https://republika.mk/?p=514907

Фудбалските и кошаркарските клубови „Партизан” и „Црвена звезда” должат 25 милиони евра во даноци, изјави денеска српскиот министер за финансии Синиша Мали.

Министерот Мали појасни дека фудбалскиот клуб „Црвена звезда” од државата и преку спонзорскиот договор со „Газпром” од 2012 година досега добил 63,4 милиони евра, а ФК „Партизан” 14 милиони евра.

За истиот период „Црвена звезда” должи 859,7 милиони динари за данок, а „Партизан” 1,29 милијарди динари.

Како што истакна Мали, Кошаркарскиот клуб „Црвена звезда” за десет години добил 26 милиони евра од државата, а во истиот период КК „Партизан” од државата и од спонзорскиот договор со „НИС” 24,4 милиони евра. Пресметано во данок, тоа изнесува долг на „Звезда” од 96,6 милиони динари данок, а за КК „Партизан” 649,7 милиони динари.

Тоа се седум милиони евра долг само од тие два кошаркарски клуба, рече Мали посочиувајќи податоци собрани преку деталната анализа на работењето на фудбалските и на кошаркарските клубови од страна на Министерството за финансии.

Се работи за наследен проблем што се провлекува со децении. Проблемот е што стана навика да и должите на државата колку сакате, а кога имате потреба да барате државата да помогне, посочи Мали.

The post „Партизан“ и „Црвена звезда“ должат 25 милиони евра за данок appeared first on Република.

]]>

Фудбалските и кошаркарските клубови „Партизан” и „Црвена звезда” должат 25 милиони евра во даноци, изјави денеска српскиот министер за финансии Синиша Мали. Министерот Мали појасни дека фудбалскиот клуб „Црвена звезда” од државата и преку спонзорскиот договор со „Газпром” од 2012 година досега добил 63,4 милиони евра, а ФК „Партизан” 14 милиони евра. За истиот период „Црвена звезда” должи 859,7 милиони динари за данок, а „Партизан” 1,29 милијарди динари. Како што истакна Мали, Кошаркарскиот клуб „Црвена звезда” за десет години добил 26 милиони евра од државата, а во истиот период КК „Партизан” од државата и од спонзорскиот договор со „НИС” 24,4 милиони евра. Пресметано во данок, тоа изнесува долг на „Звезда” од 96,6 милиони динари данок, а за КК „Партизан” 649,7 милиони динари.
Тоа се седум милиони евра долг само од тие два кошаркарски клуба, рече Мали посочиувајќи податоци собрани преку деталната анализа на работењето на фудбалските и на кошаркарските клубови од страна на Министерството за финансии. Се работи за наследен проблем што се провлекува со децении. Проблемот е што стана навика да и должите на државата колку сакате, а кога имате потреба да барате државата да помогне, посочи Мали.

The post „Партизан“ и „Црвена звезда“ должат 25 милиони евра за данок appeared first on Република.

]]>
Скандал во Белград: Судиите спасуваа жива глава https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/skandal-vo-belgrad-sudiite-spasuvaa-ziva-glava/ Thu, 02 Jun 2022 14:49:47 +0000 https://republika.mk/?p=510266

Ни третиот натпревар од финалната серија помеѓу Црвена Звезда и Партизан во АБА лигата не помина без инцидент, а во фокусот повторно беа навивачите. Имено, на неполна минута пред крајот на мечот дојде до прекин откако судиите кои беа погодени од страна со предмет од трибините се одлучија да заминат во соблекувалната стравувајќи за своите животи.

Партизан водеше со 68:65 кога судијата Матеј Болтаузер беше погоден во главата. Се рашири вест дека навивачи на Партизан го нападнале судијата, но во снимка од друг агол се гледа дека полицаец во намера да го заштити судијата од навивачите случајно го удри Словенецот.

Поради немилиот настан, имаше пауза која траеше повеќе од 45 минути. Многумина се зачудија што судиите воопшто се вратија и дозволија средбата да се доигра. Кога се испразни дел од трибините, натпреварот беше приведен до крај, а во него славеше Партизан со 70:67.

Следниот натпревар се игра денеска, повторно пред навивачите на Партизан, а Звезда води во финалната серија до три добиени со 2-1 во победи.

The post Скандал во Белград: Судиите спасуваа жива глава appeared first on Република.

]]>

Ни третиот натпревар од финалната серија помеѓу Црвена Звезда и Партизан во АБА лигата не помина без инцидент, а во фокусот повторно беа навивачите. Имено, на неполна минута пред крајот на мечот дојде до прекин откако судиите кои беа погодени од страна со предмет од трибините се одлучија да заминат во соблекувалната стравувајќи за своите животи. Партизан водеше со 68:65 кога судијата Матеј Болтаузер беше погоден во главата. Се рашири вест дека навивачи на Партизан го нападнале судијата, но во снимка од друг агол се гледа дека полицаец во намера да го заштити судијата од навивачите случајно го удри Словенецот. Поради немилиот настан, имаше пауза која траеше повеќе од 45 минути. Многумина се зачудија што судиите воопшто се вратија и дозволија средбата да се доигра. Кога се испразни дел од трибините, натпреварот беше приведен до крај, а во него славеше Партизан со 70:67. Следниот натпревар се игра денеска, повторно пред навивачите на Партизан, а Звезда води во финалната серија до три добиени со 2-1 во победи.

The post Скандал во Белград: Судиите спасуваа жива глава appeared first on Република.

]]>
Црвена ѕвезда поднесе жалба поради инцидентите на третиот меч во АБА-финалето против Партизан https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/crvena-dzvezda-podnese-zalba-poradi-incidentite-na-tretiot-mech-vo-aba-finaleto-protiv-partizan/ Thu, 02 Jun 2022 14:31:38 +0000 https://republika.mk/?p=510264

Црвена ѕвезда поднесе жалба до надлежните во регионалната кошаркарска АБА-лига поради инцидентите што се случија на третиот натпревар на гости во финалната серија против Партизан.

По целиот хаос од третиот натпревар од финалната серија, ние нема да молчиме. Милиони навивачи на нашиот клуб, но и на кошаркарската јавност беа принудени да гледаат немили сцени, експлозии, хаос, навреди кон играчите и исмејување на нашата делегација, плукање, фрлање запалки, мобилни телефони, стаклени шишиња. Условите во арената го оневозможија одржувањето на нормален кошаркарски натпревар. Кон судиите беа фрлани предмети. Салата беше за речиси 1500 луѓе повеќе од нејзиниот максимален капацитет. Ова резултираше со голема кондензација и лизгав паркет. Црвена звезда бара јавно да ни кажат дали ние самите сме „должни“ да му ја доделиме титулата на најголемиот тренер (Жељко Обрадовиќ) и дали треба да го издржиме она што нормален човек едноставно не може да го поднесе? Овој тричасовен хаос започна за нас уште пред почетокот на натпреварот, стои во соопштението на Црвена ѕвезда.

Третиот меч од финалната серија на една минута пред крајот беше во подолг прекин (околу 20 минути) поради инцидент во кој беа вклучени гледачи и судија. Црвена ѕвезда е казнета со 62.500 евра за однесувањето на навивачите на првите два меча од финалната серија против Партизан.

Вчерашниот натпревар го доби Партизан со 70:67 и намали на 1:2 во финалната серија.

The post Црвена ѕвезда поднесе жалба поради инцидентите на третиот меч во АБА-финалето против Партизан appeared first on Република.

Третиот меч од финалната серија на една минута пред крајот беше во подолг прекин (околу 20 минути) поради инцидент во кој беа вклучени гледачи и судија. Црвена ѕвезда е казнета со 62.500 евра за однесувањето на навивачите на првите два меча од финалната серија против Партизан. Вчерашниот натпревар го доби Партизан со 70:67 и намали на 1:2 во финалната серија.

The post Црвена ѕвезда поднесе жалба поради инцидентите на третиот меч во АБА-финалето против Партизан appeared first on Република.

]]>
Хаос на дербито: Tренерот на Црвена Звезда го гаѓаа со мобилен телефон https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/haos-na-derbito-trenerot-na-crvena-zvezda-go-gagjaa-so-mobilen-telefon/ Thu, 02 Jun 2022 12:12:14 +0000 https://republika.mk/?p=510184

Црвена ѕвезда поднесе жалба до надлежните во регионалната кошаркарска АБА-лига поради инцидентите што се случија на третиот натпревар на гости во финалната серија против Партизан.

– По целиот хаос од третиот натпревар од финалната серија, ние нема да молчиме. Милиони навивачи на нашиот клуб, но и на кошаркарската јавност беа принудени да гледаат немили сцени, експлозии, хаос, навреди кон играчите и исмејување на нашата делегација, плукање, фрлање запалки, мобилни телефони, стаклени шишиња. Условите во арената го оневозможија одржувањето на нормален кошаркарски натпревар. Кон судиите беа фрлани предмети. Салата беше за речиси 1500 луѓе повеќе од нејзиниот максимален капацитет. Ова резултираше со голема кондензација и лизгав паркет. Црвена звезда бара јавно да ни кажат дали ние самите сме „должни“ да му ја доделиме титулата на најголемиот тренер (Жељко Обрадовиќ) и дали треба да го издржиме она што нормален човек едноставно не може да го поднесе? Овој тричасовен хаос започна за нас уште пред почетокот на натпреварот, стои во соопштението на Црвена ѕвезда.

Третиот меч од финалната серија на една минута пред крајот беше во подолг прекин (околу 20 минути) поради инцидент во кој беа вклучени гледачи и судија. Црвена ѕвезда е казнета со 62.500 евра за однесувањето на навивачите на првите два меча од финалната серија против Партизан.

Вчерашниот натпревар го доби Партизан со 70:67 и намали на 1:2 во финалната серија

The post Хаос на дербито: Tренерот на Црвена Звезда го гаѓаа со мобилен телефон appeared first on Република.

]]>

Црвена ѕвезда поднесе жалба до надлежните во регионалната кошаркарска АБА-лига поради инцидентите што се случија на третиот натпревар на гости во финалната серија против Партизан.
– По целиот хаос од третиот натпревар од финалната серија, ние нема да молчиме. Милиони навивачи на нашиот клуб, но и на кошаркарската јавност беа принудени да гледаат немили сцени, експлозии, хаос, навреди кон играчите и исмејување на нашата делегација, плукање, фрлање запалки, мобилни телефони, стаклени шишиња. Условите во арената го оневозможија одржувањето на нормален кошаркарски натпревар. Кон судиите беа фрлани предмети. Салата беше за речиси 1500 луѓе повеќе од нејзиниот максимален капацитет. Ова резултираше со голема кондензација и лизгав паркет. Црвена звезда бара јавно да ни кажат дали ние самите сме „должни“ да му ја доделиме титулата на најголемиот тренер (Жељко Обрадовиќ) и дали треба да го издржиме она што нормален човек едноставно не може да го поднесе? Овој тричасовен хаос започна за нас уште пред почетокот на натпреварот, стои во соопштението на Црвена ѕвезда.
Третиот меч од финалната серија на една минута пред крајот беше во подолг прекин (околу 20 минути) поради инцидент во кој беа вклучени гледачи и судија. Црвена ѕвезда е казнета со 62.500 евра за однесувањето на навивачите на првите два меча од финалната серија против Партизан. Вчерашниот натпревар го доби Партизан со 70:67 и намали на 1:2 во финалната серија

The post Хаос на дербито: Tренерот на Црвена Звезда го гаѓаа со мобилен телефон appeared first on Република.

]]>