Ќучук Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kjuchuk/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Sep 2023 18:15:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ќучук Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kjuchuk/ 32 32 Ќучук со честитка за 8 Септември: Докажавте дека вашата сила лежи во вашата способност да се здружите, да ги надминете разликите за да изградите обединета земја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kuchuk-so-chestitka-za-8-septemvri-dokazhavte-deka-vashata-sila-lezhi-vo-vashata-sposobnost-da-se-zdruzhite-da-gi-nadminete-razlikite-za-da-izgradite-obedineta-zemja/ Fri, 08 Sep 2023 18:32:19 +0000 https://republika.mk/?p=680055

Патот на Македонија кон независноста не беше само борба за политичка автономија, тој беше доказ за трајната моќ на единството, вели европратеникот од ДПС/„Обнови ја Европа“ Илхан Ќучук, кој е постојан известувач на ЕП за напредокот на Македонија, со видео порака по повод 8 Септември - Денот на независноста на Македонија.

Докажавте дека вашата сила лежи во вашата способност да се здружите, да ги надминете разликите за да изградите обединета земја. Денот на независноста служи како потсетник дека вашиот напредок како нација е континуирано патување. Постигнавте многу, но има уште работа. Изградете општество кое напредува на различностите, ја прифаќа инклузијата и ги поддржува принципите на правда и еднаквост за сите“, вели Ќучук.

Според неговите зборови, фактот дека основата на надворешната политика на Македонија е воспоставувањето добри односи со сојузите кои го зачувале мирот, како што се ЕУ и НАТО, ја докажува посветеноста на земјата за меѓународна соработка.
Ќучук го охрабрува македонскиот народ да се гордее со своите достигнувања и потсети дека посветеноста на градењето заедничка иднина во ЕУ, каде што соништата на следните генерации ќе можат да процветаат без ограничувања, е основата на сите напори за соработка и добрососедски односи.

The post Ќучук со честитка за 8 Септември: Докажавте дека вашата сила лежи во вашата способност да се здружите, да ги надминете разликите за да изградите обединета земја appeared first on Република.

]]>

Патот на Македонија кон независноста не беше само борба за политичка автономија, тој беше доказ за трајната моќ на единството, вели европратеникот од ДПС/„Обнови ја Европа“ Илхан Ќучук, кој е постојан известувач на ЕП за напредокот на Македонија, со видео порака по повод 8 Септември - Денот на независноста на Македонија.
Докажавте дека вашата сила лежи во вашата способност да се здружите, да ги надминете разликите за да изградите обединета земја. Денот на независноста служи како потсетник дека вашиот напредок како нација е континуирано патување. Постигнавте многу, но има уште работа. Изградете општество кое напредува на различностите, ја прифаќа инклузијата и ги поддржува принципите на правда и еднаквост за сите“, вели Ќучук.
Според неговите зборови, фактот дека основата на надворешната политика на Македонија е воспоставувањето добри односи со сојузите кои го зачувале мирот, како што се ЕУ и НАТО, ја докажува посветеноста на земјата за меѓународна соработка. Ќучук го охрабрува македонскиот народ да се гордее со своите достигнувања и потсети дека посветеноста на градењето заедничка иднина во ЕУ, каде што соништата на следните генерации ќе можат да процветаат без ограничувања, е основата на сите напори за соработка и добрососедски односи.

The post Ќучук со честитка за 8 Септември: Докажавте дека вашата сила лежи во вашата способност да се здружите, да ги надминете разликите за да изградите обединета земја appeared first on Република.

]]>
Ќучук побара одложување на гласањето на извештајот за Македонија во Европскиот парламент https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kuchuk-pobara-odlozhuvane-na-glasaneto-na-izveshtajot-za-makedonija-vo-evropskiot-parlament/ Tue, 20 Jun 2023 15:14:01 +0000 https://republika.mk/?p=653454

Известувачот во Европскиот парламент за Македонија Илхан Ќучук, побара официјално одложување на гласањето за извештајот во ЕП, што беше закажано за крајот на јуни, соопштија од прес-службата на Ќучук.

Убеден сум дека претстојниот период пред гласањето на извештајот ќе биде сериозен тест за политичката елита во Македонија и ќе ја измери подготвеноста на земјата да продолжи по патот на европската интеграција, преку спроведување на неопходните уставни измени. Во спротивно, критичарите кои не веруваат во европските аспирации на Македонија, може да излезат дека се во право. И во двете опции, Европскиот парламент ќе има јасна линија по која ќе го гласа извештајот со големо мнозинство наесен, рече Илхан Ќучук.

Според известувачот на ЕП за Македонија, одложувањето на гласањето ќе помогне за постигнување конструктивен дијалог и во комисијата за надворешни работи на ЕП ќе придонесе за зацврстување на довербата меѓу Македонија и Бугарија, како две соседни земји, кои имаат заедничка иднина и стремеж во европското семејство.

The post Ќучук побара одложување на гласањето на извештајот за Македонија во Европскиот парламент appeared first on Република.

Ќучук: Не верувам во тупаница, верувам во подавање рака, во барање дијалог https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kuchuk-ne-veruvam-vo-tupanitsa-veruvam-vo-podavane-raka-vo-barane-dijalog/ Sat, 28 Jan 2023 18:29:57 +0000 https://republika.mk/?p=602051

Во 2022 година сведоци сме на војна глобално и војна меѓу институциите, но јас не верувам во тупаница, верувам во подавање рака, во барање дијалог, бидејќи има сериозни проблеми во државата, рече европратеникот од ДПС и лидерот на европските либерали, како и известувач за Македонија, Илхан Ќучук кој ја доби наградата „Прогресивен лидер на годината“ од Дарик Радио во Бугарија.

- Не можете да изградите лидерство ако не се погледнете во огледало. Големото прашање што треба да си го постават политичарите е: Што постигнуваме со ова? Се оддалечуваме од еврозоната, од Шенген, од Планот за закрепнување и отпорност или сакаме да бидеме поинтегрален дел од ЕУ. ДПС со секоја акција што ја презема во Собранието покажува дека сака да биде стабилизирачки фактор во бугарската политика. Да бидеме таа политичка сила околу која или заедно со која ќе градиме национални цели, додаде тој.

Според европратеникот, промената е својствена за секој човек вклучен во политиката. „Зошто се занимавате со социјална работа ако не сакате да го промените системот, околината, животната средина, правилата, да ги направите на начин на кој тие треба да ги исполнат современите очекувања на 21 век?"

-Денес во Европа владеат коалиции. Во Данска и Шведска блок-политички модели настанаа во последните 70 години, а во Холандија владеат осум политички партии. Да, тие имаат свои разлики, свои различни гледишта, но тоа не ги тера да го урнат тоа што го имаат. Тие ги разбираат достигнувањата на сопствената демократија, предностите и недостатоците. И тоа ги мотивира дополнително да го продлабочат разговорот за прашањата за кои треба да најдат заеднички јазик. Мислам дека на Бугарија и недостига коалициона култура“, рече Ќучук.

Лидерот на европските либерали му се заблагодари на целиот медиумски тим за довербата и посака тековната година да донесе помалку линии на поделба и повеќе позитивност и стабилност во Бугарија.

Првото издание на серијалот „30 прогресивни лидери на мислењето во Бугарија“ претставува разговори во живо со 30 луѓе, искрен форум за дискусија за состојбата на демократијата и идеите за развој на Бугарија низ очите на мисловните лидери од различни сфери на општеството, а наградата се доделува на лице за кое медиумскиот тим смета дека е лидер на мислењето во бугарското општество.

The post Ќучук: Не верувам во тупаница, верувам во подавање рака, во барање дијалог appeared first on Република.

]]>

Во 2022 година сведоци сме на војна глобално и војна меѓу институциите, но јас не верувам во тупаница, верувам во подавање рака, во барање дијалог, бидејќи има сериозни проблеми во државата, рече европратеникот од ДПС и лидерот на европските либерали, како и известувач за Македонија, Илхан Ќучук кој ја доби наградата „Прогресивен лидер на годината“ од Дарик Радио во Бугарија.   - Не можете да изградите лидерство ако не се погледнете во огледало. Големото прашање што треба да си го постават политичарите е: Што постигнуваме со ова? Се оддалечуваме од еврозоната, од Шенген, од Планот за закрепнување и отпорност или сакаме да бидеме поинтегрален дел од ЕУ. ДПС со секоја акција што ја презема во Собранието покажува дека сака да биде стабилизирачки фактор во бугарската политика. Да бидеме таа политичка сила околу која или заедно со која ќе градиме национални цели, додаде тој.   Според европратеникот, промената е својствена за секој човек вклучен во политиката. „Зошто се занимавате со социјална работа ако не сакате да го промените системот, околината, животната средина, правилата, да ги направите на начин на кој тие треба да ги исполнат современите очекувања на 21 век?"   -Денес во Европа владеат коалиции. Во Данска и Шведска блок-политички модели настанаа во последните 70 години, а во Холандија владеат осум политички партии. Да, тие имаат свои разлики, свои различни гледишта, но тоа не ги тера да го урнат тоа што го имаат. Тие ги разбираат достигнувањата на сопствената демократија, предностите и недостатоците. И тоа ги мотивира дополнително да го продлабочат разговорот за прашањата за кои треба да најдат заеднички јазик. Мислам дека на Бугарија и недостига коалициона култура“, рече Ќучук.   Лидерот на европските либерали му се заблагодари на целиот медиумски тим за довербата и посака тековната година да донесе помалку линии на поделба и повеќе позитивност и стабилност во Бугарија.   Првото издание на серијалот „30 прогресивни лидери на мислењето во Бугарија“ претставува разговори во живо со 30 луѓе, искрен форум за дискусија за состојбата на демократијата и идеите за развој на Бугарија низ очите на мисловните лидери од различни сфери на општеството, а наградата се доделува на лице за кое медиумскиот тим смета дека е лидер на мислењето во бугарското општество.
 
The post Ќучук: Не верувам во тупаница, верувам во подавање рака, во барање дијалог appeared first on Република.

]]>
Ќучук: Ако Бугарите не бидат вклучени во Уставот, тоа ќе ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kjuchuk-ako-bugarite-ne-bidat-vklucheni-vo-ustavot-toa-kje-gi-blokira-pregovorite-na-severna-makedonija-so-eu/ Fri, 12 Aug 2022 09:09:39 +0000 https://republika.mk/?p=539435

Доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски својата кампања ја води со ставови против Бугарија и се противи на вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјата, тоа ќе го блокира патот на Република Македонија кон ЕУ, изјави бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучик.

Процесот на преговори меѓу ЕУ и Република Македонија се уште не е започнат, бидејќи се чека да заврши скринингот, кој ќе потрае извесно време. Од бугарското искуство знаеме дека тоа трае од година и половина до две години и мора да се дадат оценките за тој скрининг, вели Ќучук за софиската телевизија бТВ.

Тој нагласува дека „францускиот предлог“ за деблокирање на евроинтеграцијата на земјава претставува предлог на Европската Унија, бидејќи е прифатен со консензус од сите членки на ЕУ, ја доби и потребната политичка поддршка, како во бугарското, така и во македонското Собрание.

Согласно „францускиот предлог“, преговорите на земјава по кластери и поглавја треба да почне по завршувањето на процесот на скрининг, но и по вклучувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот во редот на останатите делови од народи што живеат во државата.

За жал, во македонскиот Парламент, „францускиот предлог“ беше прифатен само со гласовите на владејачките и дел од опозициските партии. Најголемата опозициска партија категорично се спротивстави на овој предлог.

The post Ќучук: Ако Бугарите не бидат вклучени во Уставот, тоа ќе ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски својата кампања ја води со ставови против Бугарија и се противи на вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјата, тоа ќе го блокира патот на Република Македонија кон ЕУ, изјави бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучик.
Процесот на преговори меѓу ЕУ и Република Македонија се уште не е започнат, бидејќи се чека да заврши скринингот, кој ќе потрае извесно време. Од бугарското искуство знаеме дека тоа трае од година и половина до две години и мора да се дадат оценките за тој скрининг, вели Ќучук за софиската телевизија бТВ.
Тој нагласува дека „францускиот предлог“ за деблокирање на евроинтеграцијата на земјава претставува предлог на Европската Унија, бидејќи е прифатен со консензус од сите членки на ЕУ, ја доби и потребната политичка поддршка, како во бугарското, така и во македонското Собрание. Согласно „францускиот предлог“, преговорите на земјава по кластери и поглавја треба да почне по завршувањето на процесот на скрининг, но и по вклучувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот во редот на останатите делови од народи што живеат во државата.
За жал, во македонскиот Парламент, „францускиот предлог“ беше прифатен само со гласовите на владејачките и дел од опозициските партии. Најголемата опозициска партија категорично се спротивстави на овој предлог.

The post Ќучук: Ако Бугарите не бидат вклучени во Уставот, тоа ќе ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Ќучук на Твитер: Историски ден за Албанија и Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kjuchuk-na-tviter-istoriski-den-za-albanija-i-makedonija/ Tue, 19 Jul 2022 09:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=530966

Известувачот за Македонија, Илхан Ќучук, на својот Твтитер профил им честита на Албанија и Македонија за започнувањето на преговорите со ЕУ.

Историски ден за Република Албанија и Република Македонија, конечно ги започнаа преговорите со Европската Унија. Честитки драги пријатели. Да чекориме напред заедно. - напиша на Твитер известувачот за Македонија, европратеникот Илхан Ќучук, лидер на Европските Либерали, претставник на бугарската партија ДПС.

The post Ќучук на Твитер: Историски ден за Албанија и Македонија appeared first on Република.

Ќучук: Европската интеграција на Западен Балкан се претвори во прашање на безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kjuchuk-evropskata-integracija-na-zapaden-balkan-se-pretvori-vo-prashanje-na-bezbednost/ Tue, 26 Apr 2022 10:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=493748

Темата за европската интеграција на Западен Балкан доби друга димензија и стана прашање на безбедност, рече европратеникот и копретседател на Европските либерали АЛДЕ Илхан Ќучук за време на состанокот на форумот „ЕУ се среќава со Балканот“ во Софија, на кој политичари и експерти разговараат за чекорите кон зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според европратеникот Илхан Ќучук, Европската унија мора да и додели на Украина статус на кандидат за ЕУ уште во јуни оваа година. Тој посочи дека и денес слуша скептични гласови кои велат – Украина никогаш нема да биде дел од ЕУ и никогаш нема да добие кандидатски статус.

Во време кога ЕУ е обединета, мора да се направи најсилниот и најголемиот чекор за нејзините вредности, а тоа е да ѝ се даде на Украина статус на кандидат за ЕУ во јуни, рече тој и додаде дека очекува европските институции и пред сè, за Советот на ЕУ, да бидат на висината на својата одговорност.

The post Ќучук: Европската интеграција на Западен Балкан се претвори во прашање на безбедност appeared first on Република.

]]>

Темата за европската интеграција на Западен Балкан доби друга димензија и стана прашање на безбедност, рече европратеникот и копретседател на Европските либерали АЛДЕ Илхан Ќучук за време на состанокот на форумот „ЕУ се среќава со Балканот“ во Софија, на кој политичари и експерти разговараат за чекорите кон зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според европратеникот Илхан Ќучук, Европската унија мора да и додели на Украина статус на кандидат за ЕУ уште во јуни оваа година. Тој посочи дека и денес слуша скептични гласови кои велат – Украина никогаш нема да биде дел од ЕУ и никогаш нема да добие кандидатски статус. Во време кога ЕУ е обединета, мора да се направи најсилниот и најголемиот чекор за нејзините вредности, а тоа е да ѝ се даде на Украина статус на кандидат за ЕУ во јуни, рече тој и додаде дека очекува европските институции и пред сè, за Советот на ЕУ, да бидат на висината на својата одговорност.

The post Ќучук: Европската интеграција на Западен Балкан се претвори во прашање на безбедност appeared first on Република.

]]>