Кјото Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kjoto/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Mar 2024 20:04:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кјото Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kjoto/ 32 32 За да ги обузди непримерните туристи: Кјото воведува ограничувања за влез во „Округот на гејшите“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/za-da-gi-obuzdi-neprimernite-turisti-kjoto-voveduva-ogranichuvana-za-vlez-vo-okrugot-na-gejshite/ Fri, 08 Mar 2024 16:36:20 +0000 https://republika.mk/?p=752759

Властите во Јапонија воведуваат ограничувања за посетителите во „Округот на гејшите“ - Гион, едно од најпопуларните туристички места во градот Кјото. Согласно одлуката, на посетителите ќе им биде забрането да влезат во неговите живописни улици.

Надлежните на овој начин, меѓу другото, ќе се обидат да се справат со драматичниот раст на туризмот во земјата, објави „Гардијан“.

Во Гион, традиционалните „геико“ и „маико“ уметнички присуствуваат на вечерни „чајанки“ и ги забавуваат гостите, но овие дами често се мета на посетители коишто сакаат да фотографираат и кои ги игнорираат предупредувањата да се држат на растојание, какп и да се воздржуваат од допирање на жените во скапи кимона. Има и поплаки дека лица нелегално влегувале во приватните имоти на жителите на тоа место.

Во декември минатата година, граѓаните, жалејќи се дека нивната област не е „забавен парк“, упатиле повик до Градската управа да преземе мерки против непримерните туристи.

Делумната забрана за влез во тесните улици на Гион ќе стапи во сила следниот месец, иако не е јасно како ќе се спроведе сѐ тоа.

Досегашните обиди да се убедат посетителите да не им приоѓаат на жените вклучуваа знаци за предупредување и казни до 60 евра. Сѐ тоа беше неуспешно и неделотворно.

Кјото повеќе од илјада години бил престолнина на Јапонија, се до 1868 година. Ова не е единствено место коешто денес се бори со „прекумерен туризам“ во оваа островска земја, откако Ковид-мерките беа укинати минатиот април. Инаку, тука најмногу туристи доаѓаат од Јужна Кореја и Кина, како и Тајван.

The post За да ги обузди непримерните туристи: Кјото воведува ограничувања за влез во „Округот на гејшите“ appeared first on Република.

]]>

Властите во Јапонија воведуваат ограничувања за посетителите во „Округот на гејшите“ - Гион, едно од најпопуларните туристички места во градот Кјото. Согласно одлуката, на посетителите ќе им биде забрането да влезат во неговите живописни улици. Надлежните на овој начин, меѓу другото, ќе се обидат да се справат со драматичниот раст на туризмот во земјата, објави „Гардијан“. Во Гион, традиционалните „геико“ и „маико“ уметнички присуствуваат на вечерни „чајанки“ и ги забавуваат гостите, но овие дами често се мета на посетители коишто сакаат да фотографираат и кои ги игнорираат предупредувањата да се држат на растојание, какп и да се воздржуваат од допирање на жените во скапи кимона. Има и поплаки дека лица нелегално влегувале во приватните имоти на жителите на тоа место. Во декември минатата година, граѓаните, жалејќи се дека нивната област не е „забавен парк“, упатиле повик до Градската управа да преземе мерки против непримерните туристи. Делумната забрана за влез во тесните улици на Гион ќе стапи во сила следниот месец, иако не е јасно како ќе се спроведе сѐ тоа. Досегашните обиди да се убедат посетителите да не им приоѓаат на жените вклучуваа знаци за предупредување и казни до 60 евра. Сѐ тоа беше неуспешно и неделотворно. Кјото повеќе од илјада години бил престолнина на Јапонија, се до 1868 година. Ова не е единствено место коешто денес се бори со „прекумерен туризам“ во оваа островска земја, откако Ковид-мерките беа укинати минатиот април. Инаку, тука најмногу туристи доаѓаат од Јужна Кореја и Кина, како и Тајван.

The post За да ги обузди непримерните туристи: Кјото воведува ограничувања за влез во „Округот на гејшите“ appeared first on Република.

]]>
„Врба“ на Манчевски го отвора Филмскиот фестивал во Кјото https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vrba-na-manchevski-go-otvora-filmskiot-festival-vo-kjoto/ Fri, 21 Jan 2022 07:36:15 +0000 https://republika.mk/?p=447372

Филмот „Врба“ на најнаградуваниот македонски режисер Милчо Манчевски, на 22 јануари ќе го отвори 13. Меѓународeн филмски фестивал Историка во Кјото, Јапонија. Манчевски ќе биде виртуелен гостин на фестивалот и по проекцијата на филмот ќe учествува онлајн во дискусијата со публиката.

Јапонскиот фестивал Историка е уникатен во светот поради тоа што во фокусот има филмови со историска тематика. Мотото на фестивалот е „Поврзување со иднината преку историски филмови“, a седиштетото е во филмските компании Тоеи и Шошику, прославени по самурајските филмови. Фестивалот секоја година прикажува нови историски филмови од целиот свет, а како што вели директорот Кен Такахаши, годинава избрал да го отвори со „величествениот филм 'Врба'“.

Речиси две и пол години по светската премиера во октомври 2019 на Римскиот фестивал, „Врба“ продолжува со интензивен фестивалски живот. Досега, освои вкупно тринаесет трофеи, меѓу кои и за најдобра режија на Реинденс во Лондон, најдобар филм на Синеквест во Калифорнија, Сребрена палма во Валенсија...

Минатиот месец, „Врба“ освои вкупно 7 трофеи - три награди и четири почесни признанија, а имаше и грчка и француска премиера на Маратонскиот филмски фестивал во Атина и на „Европа околу Европа“ (L'Europe Autour de l'Europe) во Париз. Филмот беше прогласен за најдобар филм на Маратонскиот филмски фестивал во Атина, a aктерката Наталија Теодосиева беше наградена за најдобра споредна женска улога. Во Атина доби и уште четири почесни признанија - за Милчо Манчевски како најдобар режисер, за најдобра споредна улога на актерката Сара Климоска, за најдобар кинематографер Тамаш Добош и за најдобар филм во избор на публиката. Теодосиева беше добитничка и на наградата за најдобра главна женска улога во „Врба“ на фестивалот на независен филм „Околу глобусот“ (Across the Globe Film Festival) во Њујорк.

„Врба“ собори рекорди во кино и тв прикажувањето дома, забележа извонредни критики во светските медиуми („Суптилен и длабок“ - Варајати), се прикажа на четириесетина фестивали на четири континенти, беше вброен и во потесниот избор за наградите на Европската филмска академија и е еден од малкуте европски филмови со редовна дистрибуција во САД.

Најновиот, седми филм на Манчевски „Кајмак“, кој се снимаше лани во Скопје и околината, е во постпродукција и се очекува годинава да има премиера. Продуцентската куќа „Банана филм“ го најавува „Кајмак“ како „безобразна комедија“ и безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштината, црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот.

„Кајмак“ е европска копродукција во која 54 проценти од буџетот го финансираат филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и европскиот фонд Еуроимаж, а 46 проценти се од Македонија, од Агенцијата за филм и Македонската радио телевизија (МРТВ), која е копродуцент. Во меѓународната екипа беа вклучени филмски работници од Македонија, Англија, Италија, Данска, Холандија, Србија, Бугарија и Хрватска. Копродуценти се Мета Луиз Фолдагер, Мете Борч, Елс Вандеворст, Изабел Депевег и Синиша Јуричиќ. Продуцент е Јане Ќортошев, извршен продуцент е Ијан Прајор директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, дизајнер на шминка Марио Микисанти, музика Дениш стринг квартет, монтажа Емил Нунинга, а костимограф Жаклина Крстевска. Во главните улоги се Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска и Филип Трајковиќ.

The post „Врба“ на Манчевски го отвора Филмскиот фестивал во Кјото appeared first on Република.

]]>

Филмот „Врба“ на најнаградуваниот македонски режисер Милчо Манчевски, на 22 јануари ќе го отвори 13. Меѓународeн филмски фестивал Историка во Кјото, Јапонија. Манчевски ќе биде виртуелен гостин на фестивалот и по проекцијата на филмот ќe учествува онлајн во дискусијата со публиката. Јапонскиот фестивал Историка е уникатен во светот поради тоа што во фокусот има филмови со историска тематика. Мотото на фестивалот е „Поврзување со иднината преку историски филмови“, a седиштетото е во филмските компании Тоеи и Шошику, прославени по самурајските филмови. Фестивалот секоја година прикажува нови историски филмови од целиот свет, а како што вели директорот Кен Такахаши, годинава избрал да го отвори со „величествениот филм 'Врба'“. Речиси две и пол години по светската премиера во октомври 2019 на Римскиот фестивал, „Врба“ продолжува со интензивен фестивалски живот. Досега, освои вкупно тринаесет трофеи, меѓу кои и за најдобра режија на Реинденс во Лондон, најдобар филм на Синеквест во Калифорнија, Сребрена палма во Валенсија... Минатиот месец, „Врба“ освои вкупно 7 трофеи - три награди и четири почесни признанија, а имаше и грчка и француска премиера на Маратонскиот филмски фестивал во Атина и на „Европа околу Европа“ (L'Europe Autour de l'Europe) во Париз. Филмот беше прогласен за најдобар филм на Маратонскиот филмски фестивал во Атина, a aктерката Наталија Теодосиева беше наградена за најдобра споредна женска улога. Во Атина доби и уште четири почесни признанија - за Милчо Манчевски како најдобар режисер, за најдобра споредна улога на актерката Сара Климоска, за најдобар кинематографер Тамаш Добош и за најдобар филм во избор на публиката. Теодосиева беше добитничка и на наградата за најдобра главна женска улога во „Врба“ на фестивалот на независен филм „Околу глобусот“ (Across the Globe Film Festival) во Њујорк. „Врба“ собори рекорди во кино и тв прикажувањето дома, забележа извонредни критики во светските медиуми („Суптилен и длабок“ - Варајати), се прикажа на четириесетина фестивали на четири континенти, беше вброен и во потесниот избор за наградите на Европската филмска академија и е еден од малкуте европски филмови со редовна дистрибуција во САД. Најновиот, седми филм на Манчевски „Кајмак“, кој се снимаше лани во Скопје и околината, е во постпродукција и се очекува годинава да има премиера. Продуцентската куќа „Банана филм“ го најавува „Кајмак“ како „безобразна комедија“ и безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштината, црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. „Кајмак“ е европска копродукција во која 54 проценти од буџетот го финансираат филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и европскиот фонд Еуроимаж, а 46 проценти се од Македонија, од Агенцијата за филм и Македонската радио телевизија (МРТВ), која е копродуцент. Во меѓународната екипа беа вклучени филмски работници од Македонија, Англија, Италија, Данска, Холандија, Србија, Бугарија и Хрватска. Копродуценти се Мета Луиз Фолдагер, Мете Борч, Елс Вандеворст, Изабел Депевег и Синиша Јуричиќ. Продуцент е Јане Ќортошев, извршен продуцент е Ијан Прајор директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, дизајнер на шминка Марио Микисанти, музика Дениш стринг квартет, монтажа Емил Нунинга, а костимограф Жаклина Крстевска. Во главните улоги се Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска и Филип Трајковиќ.

The post „Врба“ на Манчевски го отвора Филмскиот фестивал во Кјото appeared first on Република.

]]>