ќеси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kjesi/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Feb 2022 09:28:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ќеси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kjesi/ 32 32 Влијанието на хартиените ќеси врз животната средина може да е полошо од пластиката https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vlijanieto-na-hartienite-kjesi-vrz-zivotnata-sredina-moze-da-e-polosho-od-plastikata/ Fri, 18 Feb 2022 09:28:27 +0000 https://republika.mk/?p=460301

За хартиените ќеси се вели дека се добра алтернатива на пластиката, на пр. за пакување овошје и зеленчук во продавница. Се прават од рециклирана хартија, биоразградливи се… Сепак, некои стручњаци велат дека, освен поизразените својства за можност за рециклирање, нивното влијание врз животната средина може да биде и полошо од пластичните ќеси.

Пред сѐ, потребни се повеќе материјали за да се произведе издржлива хартиена ќеса. Ова подразбира хемиски третирани влакна. Покрај тоа, за производството на целулоза треба повеќе енергија и вода.

Поради овие причини, ќесата за еднократна употреба, од свежи хартиени влакна, треба да се користи најмалку трипати почесто од пластична ќеса за да се избалансира климатското влијание, пишува порталот „Глас Истре“.

Покрај тоа, некои познавачи велат дека многу производители сè уште користат пластична или алуминиумска фолија залепена внатре за да спречи кинење на хартијата кога ќе дојде во допир со влага. Ваквата обработена хартија е проблем, бидејќи тешко да рециклира.

Германското Федерално министерство за животна средина, исто така, ги оценува хартиените ќеси како „не многу подобри од пластичните ќеси за еднократна употреба“. Сè на сè, доколку се користат хартиени ќеси, задолжително е да се употребуваат неколкупати, советуваат од Министерството.

Околу алтернативите, според наводите, полиестерските мрежи за овошје и зеленчук за повеќекратна употреба се на врвот на скалата на одржливост.

Памучните мрежи се на второ место, под претпоставка дека ќе се користат повеќепати. Сепак, тие мора да се направени од органски памук, инаку процесот на производство може да биде многу штетен за животната средина поради големата употреба на вода.

Пластичните ќеси направени од пченкарен или компир скроб, кои се прикажуваат како „биоразградливи“, според стручњаци, исто така, се спорни.

Еден од заклучоците е и дека компостирањето по само една употреба е губење ресурси. Ако пак, после сè, разградливите ќеси сепак се чинат како најдобра алтернатива, треба да се предадат на индустриска постројка за компостирање на последователна разградба. Материјалот нема правилно да се распадне на било чие место за компост.

The post Влијанието на хартиените ќеси врз животната средина може да е полошо од пластиката appeared first on Република.

]]>

За хартиените ќеси се вели дека се добра алтернатива на пластиката, на пр. за пакување овошје и зеленчук во продавница. Се прават од рециклирана хартија, биоразградливи се… Сепак, некои стручњаци велат дека, освен поизразените својства за можност за рециклирање, нивното влијание врз животната средина може да биде и полошо од пластичните ќеси. Пред сѐ, потребни се повеќе материјали за да се произведе издржлива хартиена ќеса. Ова подразбира хемиски третирани влакна. Покрај тоа, за производството на целулоза треба повеќе енергија и вода. Поради овие причини, ќесата за еднократна употреба, од свежи хартиени влакна, треба да се користи најмалку трипати почесто од пластична ќеса за да се избалансира климатското влијание, пишува порталот „Глас Истре“. Покрај тоа, некои познавачи велат дека многу производители сè уште користат пластична или алуминиумска фолија залепена внатре за да спречи кинење на хартијата кога ќе дојде во допир со влага. Ваквата обработена хартија е проблем, бидејќи тешко да рециклира. Германското Федерално министерство за животна средина, исто така, ги оценува хартиените ќеси како „не многу подобри од пластичните ќеси за еднократна употреба“. Сè на сè, доколку се користат хартиени ќеси, задолжително е да се употребуваат неколкупати, советуваат од Министерството. Околу алтернативите, според наводите, полиестерските мрежи за овошје и зеленчук за повеќекратна употреба се на врвот на скалата на одржливост. Памучните мрежи се на второ место, под претпоставка дека ќе се користат повеќепати. Сепак, тие мора да се направени од органски памук, инаку процесот на производство може да биде многу штетен за животната средина поради големата употреба на вода. Пластичните ќеси направени од пченкарен или компир скроб, кои се прикажуваат како „биоразградливи“, според стручњаци, исто така, се спорни. Еден од заклучоците е и дека компостирањето по само една употреба е губење ресурси. Ако пак, после сè, разградливите ќеси сепак се чинат како најдобра алтернатива, треба да се предадат на индустриска постројка за компостирање на последователна разградба. Материјалот нема правилно да се распадне на било чие место за компост.

The post Влијанието на хартиените ќеси врз животната средина може да е полошо од пластиката appeared first on Република.

]]>
ЈП „Паркови и зеленило“ превентивно со ќеси ги заштитија крошните на палмите поради минусните температури https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jp-parkovi-i-zelenilo-preventivno-so-kjesi-gi-zashtitija-kroshnite-na-palmite-poradi-minusnite-temperaturi/ Wed, 26 Jan 2022 13:52:39 +0000 https://republika.mk/?p=449811

Деновиве, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ со ќеси ги заштитуваа крошните на палмите на кејот на Вардар во Скопје.

Палмите ги заштитуваме за да можат да ги издржат минусните температури. Напролет ќе биде извадена заштитата, велат од „Паркови и зеленило“.

The post ЈП „Паркови и зеленило“ превентивно со ќеси ги заштитија крошните на палмите поради минусните температури appeared first on Република.

]]>

Деновиве, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ со ќеси ги заштитуваа крошните на палмите на кејот на Вардар во Скопје.
Палмите ги заштитуваме за да можат да ги издржат минусните температури. Напролет ќе биде извадена заштитата, велат од „Паркови и зеленило“.

The post ЈП „Паркови и зеленило“ превентивно со ќеси ги заштитија крошните на палмите поради минусните температури appeared first on Република.

]]>