„Ќе се разбудам на Шибуја“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kje-se-razbudam-na-shibuja/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Mar 2022 15:08:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Ќе се разбудам на Шибуја“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kje-se-razbudam-na-shibuja/ 32 32 Објавен романот „Ќе се разбудам на Шибуја“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/objaven-romanot-kje-se-razbudam-na-shibuja/ Tue, 22 Mar 2022 15:08:10 +0000 https://republika.mk/?p=476769

Издавачката куќа „Славика либрис“ од Скопје ја објави книгата „Ќе се разбудам на Шибуја“ од чешката авторка Ана Цима, а во превод на Донка Роус.

Романот „Ќе се разбудам на Шибуја“ е чешки роман за јапонскиот сон.

Кога седумнаесетгодишната Јана доаѓа во сонуваното Токио, посакува тука да остане засекогаш. Брзо се уверува во недогледните последици од таквата желба. Ќе се најде, всушност, затворена во магичен круг во бучниот кварт Шибуја.

Додека помладиот лик на Јана талка низ градот, доживува чудни ситуации и бара пат за дома, дваесетичетиригодишната Јана во Прага студира јапонистика, се труди да добие стипендија за Токио и заедно со постариот колега се труди да преведе јапонски расказ. Судбината на неговиот автор, до неодамна заборавен писател, Кавашита, во развојот на настаните ќе има поголемо влијание, отколку што би очекувале и двете Јани...

Читлив и напишан на свеж разговорен јазик, романот-првенче на младата јапонистка е посветен на барањето пат кон различната култура, за нееднозначноста на реалниот свет и за деликатноста на исполнетиот сон.

Ана Цима (1991) е чешка јапонистка, преведувачка и писателка. Во моментот во својот сопруг Игор Цима, јапонист, живее во Јапонија и ја проучува повоената јапонска литература. Покрај студиите, преведува дела на јапонски автори на чешки јазик, но се занимава и со цртање и со музика. Вниманието на јавноста го привлекла уште со својот прв роман Ќе се разбудам на Шибуја, кој во 2019 г. добил неколку награди како Магнезија литера за откритие на годината, наградата Чешка книга и наградата за млад автор Јиржи Ортен. Романот е делумно инспириран од животот на авторката, но не се работи за автобиографско дело, туку повеќе е пример за магичниот реализам кој е типичен токму за јапонската литература.

The post Објавен романот „Ќе се разбудам на Шибуја“ appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Славика либрис“ од Скопје ја објави книгата „Ќе се разбудам на Шибуја“ од чешката авторка Ана Цима, а во превод на Донка Роус. Романот „Ќе се разбудам на Шибуја“ е чешки роман за јапонскиот сон. Кога седумнаесетгодишната Јана доаѓа во сонуваното Токио, посакува тука да остане засекогаш. Брзо се уверува во недогледните последици од таквата желба. Ќе се најде, всушност, затворена во магичен круг во бучниот кварт Шибуја. Додека помладиот лик на Јана талка низ градот, доживува чудни ситуации и бара пат за дома, дваесетичетиригодишната Јана во Прага студира јапонистика, се труди да добие стипендија за Токио и заедно со постариот колега се труди да преведе јапонски расказ. Судбината на неговиот автор, до неодамна заборавен писател, Кавашита, во развојот на настаните ќе има поголемо влијание, отколку што би очекувале и двете Јани... Читлив и напишан на свеж разговорен јазик, романот-првенче на младата јапонистка е посветен на барањето пат кон различната култура, за нееднозначноста на реалниот свет и за деликатноста на исполнетиот сон. Ана Цима (1991) е чешка јапонистка, преведувачка и писателка. Во моментот во својот сопруг Игор Цима, јапонист, живее во Јапонија и ја проучува повоената јапонска литература. Покрај студиите, преведува дела на јапонски автори на чешки јазик, но се занимава и со цртање и со музика. Вниманието на јавноста го привлекла уште со својот прв роман Ќе се разбудам на Шибуја, кој во 2019 г. добил неколку награди како Магнезија литера за откритие на годината, наградата Чешка книга и наградата за млад автор Јиржи Ортен. Романот е делумно инспириран од животот на авторката, но не се работи за автобиографско дело, туку повеќе е пример за магичниот реализам кој е типичен токму за јапонската литература.

The post Објавен романот „Ќе се разбудам на Шибуја“ appeared first on Република.

]]>