китка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kitka/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Feb 2024 09:26:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png китка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kitka/ 32 32 Активни пожари на Китка и кај Булачани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/aktivni-pozhari-na-kitka-i-kaj-bulachani/ Mon, 19 Feb 2024 09:26:05 +0000 https://republika.mk/?p=745600

Активни се два пожара на отворено, на планината Китка и кај скопското село Булачани, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На планината Китка гори претежно нискостеблеста вегетација. Пожарот над село Палиград во Општина Зелениково почна на 16 февруари 2024 година и се уште е активен. Од ЈП „Национални шуми“– подружница „Караџица“ – Скопје известиле дека пожарот се шири во правец кон село Тисовица и еден дел кон пределот на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“. Теренот, како што се наведува, е непристапен за интервенција од земја. Од страна на РЦУК Скопје за пожарот се известени и во Општина Зелениково.

На Единствениот број за итни случаи 122 утрово во 8:31 часот во ЦУК е добиена пријава за пожар во село Булачани, во која се наведува дека тој се уште е активен.

Пожарникарите во последното деноноќие изгаснале 34 пожари од вкупно 36 на отворен простор на територијата на државата. Изгаснати се четири пожари на отворено во Скопско, во Битолско 11, во Струмица четири, во Велес осум, во Куманово четири и во Тетово изгаснати се три пожари на отворено.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

The post Активни пожари на Китка и кај Булачани appeared first on Република.

]]>

Активни се два пожара на отворено, на планината Китка и кај скопското село Булачани, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). На планината Китка гори претежно нискостеблеста вегетација. Пожарот над село Палиград во Општина Зелениково почна на 16 февруари 2024 година и се уште е активен. Од ЈП „Национални шуми“– подружница „Караџица“ – Скопје известиле дека пожарот се шири во правец кон село Тисовица и еден дел кон пределот на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“. Теренот, како што се наведува, е непристапен за интервенција од земја. Од страна на РЦУК Скопје за пожарот се известени и во Општина Зелениково. На Единствениот број за итни случаи 122 утрово во 8:31 часот во ЦУК е добиена пријава за пожар во село Булачани, во која се наведува дека тој се уште е активен. Пожарникарите во последното деноноќие изгаснале 34 пожари од вкупно 36 на отворен простор на територијата на државата. Изгаснати се четири пожари на отворено во Скопско, во Битолско 11, во Струмица четири, во Велес осум, во Куманово четири и во Тетово изгаснати се три пожари на отворено. Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.  

The post Активни пожари на Китка и кај Булачани appeared first on Република.

]]>
Пожар во близина на „Преслап“ после куќата на Планинарското друштво „Китка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozhar-vo-blizina-na-preslap-posle-kukata-na-planinarskoto-drushtvo-kitka/ Fri, 16 Feb 2024 18:43:14 +0000 https://republika.mk/?p=744976

Регионалниот ЦУК Скопје, известува декана крајот од денот, конкретно во 16:15 часот преку Единствениот повикувачки телефонски број за итни случаи112 на крајот од денот, а пред почетокот на ноќта е добиена пријава за шумски пожар во близина на место викано „Преслап“ после куќата на Планинарското друштво „Китка“, над селото Палиград, а под месноста „Карпата“ на планината Китка. За ова веднаш се известени ЈП „Национални Шуми“- подружница „Караџица“, од каде што информираа дека реонскиот чувар ќе оди на лице место за проверка на истиот пожар, дали пожарот има големи размери или не. Инаку, се очекува ноќва ниските температури да го намалат пожарот или да се самоизгасне.

Инаку, околу 18.30 часот неколку велосипедисти кои преноќуваат во објект на планината Китка го пријавија истиот пожар при што дадоа и подетални информации и фотографија, а и за неговата поконкретна локација што придонесува за поголема информативна помош на подружницата „Караџица“ на ЈП „Национални шуми“. Според тие информации на локација на пожарот имало нискостеблеста сува вегетација.
ЦУК ја следи ситуацијата преку дежурните во Секторот Е 112 и во Секторот за операции и координација. Во утринската информација ќе има известувања со повеќе детали.

The post Пожар во близина на „Преслап“ после куќата на Планинарското друштво „Китка“ appeared first on Република.

]]>

Регионалниот ЦУК Скопје, известува декана крајот од денот, конкретно во 16:15 часот преку Единствениот повикувачки телефонски број за итни случаи112 на крајот од денот, а пред почетокот на ноќта е добиена пријава за шумски пожар во близина на место викано „Преслап“ после куќата на Планинарското друштво „Китка“, над селото Палиград, а под месноста „Карпата“ на планината Китка. За ова веднаш се известени ЈП „Национални Шуми“- подружница „Караџица“, од каде што информираа дека реонскиот чувар ќе оди на лице место за проверка на истиот пожар, дали пожарот има големи размери или не. Инаку, се очекува ноќва ниските температури да го намалат пожарот или да се самоизгасне. Инаку, околу 18.30 часот неколку велосипедисти кои преноќуваат во објект на планината Китка го пријавија истиот пожар при што дадоа и подетални информации и фотографија, а и за неговата поконкретна локација што придонесува за поголема информативна помош на подружницата „Караџица“ на ЈП „Национални шуми“. Според тие информации на локација на пожарот имало нискостеблеста сува вегетација. ЦУК ја следи ситуацијата преку дежурните во Секторот Е 112 и во Секторот за операции и координација. Во утринската информација ќе има известувања со повеќе детали.

The post Пожар во близина на „Преслап“ после куќата на Планинарското друштво „Китка“ appeared first on Република.

]]>
Човекот кој беше пријавен за исчезнат најден на врвот на Китка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chovekot-koj-beshe-prijaven-za-ischeznat-najden-na-vrvot-na-kitka/ Sat, 09 Sep 2023 14:41:58 +0000 https://republika.mk/?p=680280

Полицијата го пронајде 36-годишниот маж од селото Цветово кој пред два дена беше пријавен за исчезнат од страна на неговиот брат.

Од полицијата информираа дека вчера го пронашлаше мажот на врвот на планината Китка.

The post Човекот кој беше пријавен за исчезнат најден на врвот на Китка appeared first on Република.

]]>

Полицијата го пронајде 36-годишниот маж од селото Цветово кој пред два дена беше пријавен за исчезнат од страна на неговиот брат. Од полицијата информираа дека вчера го пронашлаше мажот на врвот на планината Китка.

The post Човекот кој беше пријавен за исчезнат најден на врвот на Китка appeared first on Република.

]]>
Планинарите од „Калин Камен“ се искачија на врвот Китка https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/planinarite-od-kalin-kamen-se-iskachija-na-vrvot-kitka/ Sun, 11 Jun 2023 18:28:36 +0000 https://republika.mk/?p=650225

Петнаесет планинари од Планинарско-спортскиот клуб „Калин Камен“ од Крива Паланка денеска се искачија на врвот Китка на Козјак Планина, учествувајќи во акцијата по повод десетгодишниот јубилеј на ПСК „Козјак“ од Куманово.

Ни беше големо задоволство да бидеме дел од акцијата за искачување на Китка по повод десеттиот роденден на нашите соработници и пријатели од клубот „Козјак“, а симболично искачувањето беше на истоимената планина Козјак. Со петнаесетчлена група во која учествуваше и нашиот највозрасен член, 76-годишниот Стојанче Костовски, бевме дел од вкупно стотина планинари од земјава и соседна Република Србија, што на овој роденденски ден се искачивме низ високата трева и прекрасните падини на Козјак украсени со планински цвеќиња, рече Алена Милковска, претседателка на планинарско спортски клуб „Калин Камен“.

Милковска упати апел до помладите, но и останати што се љубители на планината, да се информираат за тековните активности на клубот и да планинарат, особено поради бројните психо-физички и здравствени придобивки од планинарењето.

Бројни научни студии потврдуваат дека со пешачење низ шума се чистат умот, телото и душата, а науката откри дека пешачењето и планинарењето го менуваат мозокот на подобро. Чувството на смиреност и задоволство што ве придружуваат во времето поминато на отворено, пешачење во природа, ги редуцира стресот и негативните мисли, додава Милковска.

Следната акција во организација на ЗПСК "Калин Камен" е кон крајот на месецот, искачување на Шар Планина, Врв Лешница или Плат

The post Планинарите од „Калин Камен“ се искачија на врвот Китка appeared first on Република.

Жена се изгубила на Китка, полицијата ја пронашла и ја вратила кај сопругот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zena-se-izgubila-na-kitka-policijata-ja-pronashla-i-ja-vratila-kaj-soprugot/ Sun, 11 Sep 2022 10:01:28 +0000 https://republika.mk/?p=549664

Педесет и четиригодишната Р.С. од Скопје, која се изгубила на планината Китка, пронајдена е од полицијата со помош на куче трагач. Жената е во добра здравствена состојба.

Како што информира МВР, вчера oколу 18.30 часот полициски службеници од Полициската станица Драчево на планината Китка ја пронашле Р.С.(54) од Скопје, откако нејзиното исчезнување го пријавил нејзиниот сопруг В.С.(56) од Скопје.

Тој вчера во 15.44 часот во полициска станица пријавил дека додека биле на планината, во близина на планинарскиот дом, таа се оддалечила и најверојатно се изгубила.

На местото веднаш биле испратени полициски службеници од Полициската станица Драчево, Единицата за интервентна полиција и куче трагач, по што Р.С. набрзо била пронајдена во добра здравствена состојба и вратена кај сопругот - соопшти МВР.

The post Жена се изгубила на Китка, полицијата ја пронашла и ја вратила кај сопругот appeared first on Република.

]]>

Педесет и четиригодишната Р.С. од Скопје, која се изгубила на планината Китка, пронајдена е од полицијата со помош на куче трагач. Жената е во добра здравствена состојба. Како што информира МВР, вчера oколу 18.30 часот полициски службеници од Полициската станица Драчево на планината Китка ја пронашле Р.С.(54) од Скопје, откако нејзиното исчезнување го пријавил нејзиниот сопруг В.С.(56) од Скопје. Тој вчера во 15.44 часот во полициска станица пријавил дека додека биле на планината, во близина на планинарскиот дом, таа се оддалечила и најверојатно се изгубила.