Кити ван дер Хејден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kiti-van-der-hejden/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 15:25:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кити ван дер Хејден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kiti-van-der-hejden/ 32 32 Претседателката Сиљановска Давкова на средба со заменик извршната директорка на УНИЦЕФ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-na-sredba-so-zamenik-izvrshnata-direktorka-na-unitsef/ Wed, 13 Nov 2024 15:25:13 +0000 https://republika.mk/?p=837266

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со Кити ван дер Хејден, заменик извршна директорка на УНИЦЕФ.

Kако што сооопштуваат од нејзиниот кабинет, на средбата било изразено задоволство од континуираната плодна соработка во повеќе клучни области коишто се однесуваат на благосостојбата на децата и младите во македонското општество, со посебен фокус на рамноправноста, инклузивноста, унапредувањето и заштитата на нивните права.

Во контекст на климатските промени и нивниот ефект врз животот на децата, претседателката Сиљановска Давкова и заменик извршната директорка на УНИЦЕФ, ван дер Хејден, ја потенцирале важноста на политиките насочени кон промоција на одржлив развој и зелени иницијативи за заштита на животната средина.

Во таа насока била нагласена потребата нашата држава да го вклучи прашањето на децата во својот трет Национален поднесок за климатска акција, со цел создавање системски механизми за нивната заштита од климатски промени.

Претседателката Сиљановска Давкова ја реафирмирала подготвеноста на македонските институции за натамошна соработка со УНИЦЕФ, во насока на создавање услови секое дете да има еднакви шанси и можности за искористување на својот потенцијал, пристап до квалитетно образование, здравствена грижа и заштита.

The post Претседателката Сиљановска Давкова на средба со заменик извршната директорка на УНИЦЕФ appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со Кити ван дер Хејден, заменик извршна директорка на УНИЦЕФ. Kако што сооопштуваат од нејзиниот кабинет, на средбата било изразено задоволство од континуираната плодна соработка во повеќе клучни области коишто се однесуваат на благосостојбата на децата и младите во македонското општество, со посебен фокус на рамноправноста, инклузивноста, унапредувањето и заштитата на нивните права. Во контекст на климатските промени и нивниот ефект врз животот на децата, претседателката Сиљановска Давкова и заменик извршната директорка на УНИЦЕФ, ван дер Хејден, ја потенцирале важноста на политиките насочени кон промоција на одржлив развој и зелени иницијативи за заштита на животната средина. Во таа насока била нагласена потребата нашата држава да го вклучи прашањето на децата во својот трет Национален поднесок за климатска акција, со цел создавање системски механизми за нивната заштита од климатски промени. Претседателката Сиљановска Давкова ја реафирмирала подготвеноста на македонските институции за натамошна соработка со УНИЦЕФ, во насока на создавање услови секое дете да има еднакви шанси и можности за искористување на својот потенцијал, пристап до квалитетно образование, здравствена грижа и заштита.

The post Претседателката Сиљановска Давкова на средба со заменик извршната директорка на УНИЦЕФ appeared first on Република.

]]>