Кисинџер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kisindzer/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Jun 2024 20:45:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кисинџер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kisindzer/ 32 32 Путин: Кисинџер беше извонреден дипломат, мудар и далекусежен државник https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-kisindher-beshe-izvonreden-diplomat-mudar-i-dalekusezhen-drzhavnik/ Thu, 30 Nov 2023 13:16:07 +0000 https://republika.mk/?p=718029

Рускиот претседател Владимир Путин изрази длабоко сочувство за смртта на поранешниот американски дипломат Хенри Кисинџер.

Во телеграма до вдовицата на Кисинџер, Ненси, Путин рече дека тој бил мудар и далекувид државник, објави Кремљ.

„Почина извонреден дипломат, мудар и далекусежен државник, кој со децении уживаше заслужен авторитет ширум светот“, наведе Путин.

Тој потсети дека името на Кисинџер се поврзува со прагматична политика која овозможи да се постигнат детант и важни договори со САД, пренесува РИА Новости.

Кисинџер, контроверзниот добитник на Нобеловата награда и моќен дипломат чија служба под двајца претседатели остави неизбришлива трага во американската надворешна политика, почина на 100-годишна возраст.

Како државен секретар во 1970-тите во администрацијата на Ричард Никсон, тој учествуваше во клучните глобални настани од таа деценија.

Неговите напори доведоа до дипломатско отворање на Кина, историски американско-советски разговори за контрола на оружјето, проширување на врските меѓу Израел и неговите арапски соседи и Парискиот мировен договор со Северен Виетнам.

The post Путин: Кисинџер беше извонреден дипломат, мудар и далекусежен државник appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин изрази длабоко сочувство за смртта на поранешниот американски дипломат Хенри Кисинџер. Во телеграма до вдовицата на Кисинџер, Ненси, Путин рече дека тој бил мудар и далекувид државник, објави Кремљ.
„Почина извонреден дипломат, мудар и далекусежен државник, кој со децении уживаше заслужен авторитет ширум светот“, наведе Путин.
Тој потсети дека името на Кисинџер се поврзува со прагматична политика која овозможи да се постигнат детант и важни договори со САД, пренесува РИА Новости. Кисинџер, контроверзниот добитник на Нобеловата награда и моќен дипломат чија служба под двајца претседатели остави неизбришлива трага во американската надворешна политика, почина на 100-годишна возраст. Како државен секретар во 1970-тите во администрацијата на Ричард Никсон, тој учествуваше во клучните глобални настани од таа деценија. Неговите напори доведоа до дипломатско отворање на Кина, историски американско-советски разговори за контрола на оружјето, проширување на врските меѓу Израел и неговите арапски соседи и Парискиот мировен договор со Северен Виетнам.

The post Путин: Кисинџер беше извонреден дипломат, мудар и далекусежен државник appeared first on Република.

]]>
Руски комичари му се јавија на Кисинџер и му се претставија како Зеленски, еве што им кажа за Северен тек https://arhiva3.republika.mk/vesti/ruski-komichari-mu-se-javija-na-kisindher-i-mu-se-pretstavija-kako-zelenski-eve-shto-im-kazha-za-severen-tek/ Thu, 13 Jul 2023 11:46:34 +0000 https://republika.mk/?p=660893

Дуо од Русија познато по шегите со познатите личности наречен се јави на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, кој на дуото му ги открил своите размислувања за саботажата на гасоводот Северен тек во септември минатата година. Стогодишниот дипломат, кој беше државен секретар на САД во периодот од 1973 до 1977 година и поранешен советник за национална безбедност на САД, стана најновата личност што била измамена од двојката позната како Вован и Лексус, објавија руските медиуми.

Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров во нивната најнова измама се претставија пред Кисинџер како украинскиот претседател Володимир Зеленски. Кисинџер беше запрашан кој според него стои зад саботажата на гасоводот „Северен тек“ со кој се транспортира гас меѓу Русија и Германија.

https://www.youtube.com/watch?v=z6gvlpoczhc

„Искрено, мислев дека вие Украинците го направивте тоа“, им рекол Кисинџер.

Едниот од нив потоа го прашал: "Навистина? Мислеше дека сме ние?! Не, не, не сме...". Кисинџер потоа одговорил: „Но, јас не ве обвинив“, сугерирајќи дека не мислел на забелешката да служи како критика. Снимката не е независно потврдена.

Да потсетиме, по експлозијата на „Северен поток“, некои шпекулираа дека зад нападот стојат САД. Други го вперија прстот кон Русија, додека Украина негираше вмешаност.

The post Руски комичари му се јавија на Кисинџер и му се претставија како Зеленски, еве што им кажа за Северен тек appeared first on Република.

]]>

Дуо од Русија познато по шегите со познатите личности наречен се јави на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, кој на дуото му ги открил своите размислувања за саботажата на гасоводот Северен тек во септември минатата година. Стогодишниот дипломат, кој беше државен секретар на САД во периодот од 1973 до 1977 година и поранешен советник за национална безбедност на САД, стана најновата личност што била измамена од двојката позната како Вован и Лексус, објавија руските медиуми. Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров во нивната најнова измама се претставија пред Кисинџер како украинскиот претседател Володимир Зеленски. Кисинџер беше запрашан кој според него стои зад саботажата на гасоводот „Северен тек“ со кој се транспортира гас меѓу Русија и Германија. https://www.youtube.com/watch?v=z6gvlpoczhc
„Искрено, мислев дека вие Украинците го направивте тоа“, им рекол Кисинџер. Едниот од нив потоа го прашал: "Навистина? Мислеше дека сме ние?! Не, не, не сме...". Кисинџер потоа одговорил: „Но, јас не ве обвинив“, сугерирајќи дека не мислел на забелешката да служи како критика. Снимката не е независно потврдена.
Да потсетиме, по експлозијата на „Северен поток“, некои шпекулираа дека зад нападот стојат САД. Други го вперија прстот кон Русија, додека Украина негираше вмешаност.

The post Руски комичари му се јавија на Кисинџер и му се претставија како Зеленски, еве што им кажа за Северен тек appeared first on Република.

]]>
Медведев: Ако глупавите лидери на НАТО ја прифатат Украина, Киев нема да се откаже од обидот да ги врати териториите, а Русија ќе мора жестоко да одговори со сите можни средства https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-ako-glupavite-lideri-na-nato-ja-prifatat-ukraina-kiev-nema-da-se-otkazhe-od-obidot-da-gi-vrati-teritoriite-a-rusija-ke-mora-zhestoko-da-odgovori-so-site-mozhni-sredstva/ Thu, 18 May 2023 10:56:39 +0000 https://republika.mk/?p=642247

Ако глупавите лидери на НАТО ја прифатат Украина, Киев нема да се откаже од обидот да ги врати териториите, а Русија ќе мора жестоко да одговори со сите можни средства, изјави потпретседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, коментирајќи го предлогот на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, Украина да влезе во алијансата.

„Кисинџер повика Украина да биде примена во НАТО. По десет дена, тој ќе наполни 100 години, а се сретна и со Брежњев. Меѓутоа, тука целосно згреши. Тој го нарече конфликтот меѓу САД и Кина главна закана за човештвото“, напиша Медведев на „Телеграм“.

Медведев посочи дека отсекогаш верувал оти за правилна процена на ситуацијата е важно да се има предвид не хипотетичка, туку директна и очигледна закана.

„Замислете, Украина да е прифатена во НАТО од сегашните глупави лидери. Како прво, НАТО веќе води хибридна војна со нашата земја. Второ, украинскиот националистички режим нема да се откаже од обидот да ги врати изгубените територии. Трето, на ова ќе треба силно да одговориме со сите можни средства и на крајот еве го членот 5 од Вашингтонскиот договор“, нагласи тој.

Суптилните аргументи за спречување егзистенцијални закани, според Медведев, не функционираат за време на крвави конфликти, а тоа треба да им биде јасно, дури и на стогодишниците.

The post Медведев: Ако глупавите лидери на НАТО ја прифатат Украина, Киев нема да се откаже од обидот да ги врати териториите, а Русија ќе мора жестоко да одговори со сите можни средства appeared first on Република.

]]>

Ако глупавите лидери на НАТО ја прифатат Украина, Киев нема да се откаже од обидот да ги врати териториите, а Русија ќе мора жестоко да одговори со сите можни средства, изјави потпретседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, коментирајќи го предлогот на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, Украина да влезе во алијансата.
„Кисинџер повика Украина да биде примена во НАТО. По десет дена, тој ќе наполни 100 години, а се сретна и со Брежњев. Меѓутоа, тука целосно згреши. Тој го нарече конфликтот меѓу САД и Кина главна закана за човештвото“, напиша Медведев на „Телеграм“. Медведев посочи дека отсекогаш верувал оти за правилна процена на ситуацијата е важно да се има предвид не хипотетичка, туку директна и очигледна закана. „Замислете, Украина да е прифатена во НАТО од сегашните глупави лидери. Како прво, НАТО веќе води хибридна војна со нашата земја. Второ, украинскиот националистички режим нема да се откаже од обидот да ги врати изгубените територии. Трето, на ова ќе треба силно да одговориме со сите можни средства и на крајот еве го членот 5 од Вашингтонскиот договор“, нагласи тој. Суптилните аргументи за спречување егзистенцијални закани, според Медведев, не функционираат за време на крвави конфликти, а тоа треба да им биде јасно, дури и на стогодишниците.

The post Медведев: Ако глупавите лидери на НАТО ја прифатат Украина, Киев нема да се откаже од обидот да ги врати териториите, а Русија ќе мора жестоко да одговори со сите можни средства appeared first on Република.

]]>
Кисинџер: Ние ја вооруживме Украина до тој степен што ќе стане најдобро вооружената земја и со најнеискусното раководство во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kisindher-nie-ja-vooruzhivme-ukraina-do-toj-stepen-shto-ke-stane-najdobro-vooruzhenata-zemja-i-so-najneiskusnoto-rakovodstvo-vo-evropa/ Thu, 18 May 2023 10:53:25 +0000 https://republika.mk/?p=642242

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер изјави дека Украина треба да биде примена во НАТО бидејќи станува земја со најдоброто оружје во Европа и најнеискусно раководство.

Она што Европејците го зборуваат сега е неверојатно опасно. Тие велат дека не ги сакаат Украинците во НАТО бидејќи се премногу ризични, но дека добро ќе ги вооружат и ќе им го дадат најдоброто оружје. Ние ја вооруживме Украина до тој степен што ќе стане најдобро вооружената земја и со најнеискусното раководство во Европа“, изјави Кисинџер во интервју за „Економист“.

The post Кисинџер: Ние ја вооруживме Украина до тој степен што ќе стане најдобро вооружената земја и со најнеискусното раководство во Европа appeared first on Република.

Кисинџер: САД се на работ на војна со Русија и Кина по одредени прашања https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kisindzer-sad-se-na-rabot-na-vojna-so-rusija-i-kina-po-odredeni-prashanja/ Sat, 13 Aug 2022 18:54:02 +0000 https://republika.mk/?p=540016

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер смета дека САД се „на работ на војна“ со Москва и Пекинг, „поради прашања“ кои самите ги создале, пренесе РИА Новости.

„Ние сме на работ на војна со Русија и Кина за прашања што самите ги создаваме, без да знаеме како сето ова ќе заврши или каде ќе не доведе“, изјавил Кисинџер за The Wall Street Journal.

Тој истакнал дека се што може да се направи е да не ескалира тензијата и да не се создаваат такви можности, но истовремено мора да има цел.

Кисинџер додал дека претходно сметал дека најдобро решение за Украина е да биде „нешто како Финска“, која не е дел од Северноатлантската алијанса.

Но, бидејќи околностите се променија по руската операција, Кисинџер смета дека „на овој или оној начин, официјално или не, Украина треба да се третира како членка на НАТО“.

Што се однесува до договорот за Украина, тој оценува дека за Русија решението на конфликтот веројатно би значело задржување на Крим и делови од Донбас.

The post Кисинџер: САД се на работ на војна со Русија и Кина по одредени прашања appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер смета дека САД се „на работ на војна“ со Москва и Пекинг, „поради прашања“ кои самите ги создале, пренесе РИА Новости.
„Ние сме на работ на војна со Русија и Кина за прашања што самите ги создаваме, без да знаеме како сето ова ќе заврши или каде ќе не доведе“, изјавил Кисинџер за The Wall Street Journal. Тој истакнал дека се што може да се направи е да не ескалира тензијата и да не се создаваат такви можности, но истовремено мора да има цел. Кисинџер додал дека претходно сметал дека најдобро решение за Украина е да биде „нешто како Финска“, која не е дел од Северноатлантската алијанса. Но, бидејќи околностите се променија по руската операција, Кисинџер смета дека „на овој или оној начин, официјално или не, Украина треба да се третира како членка на НАТО“. Што се однесува до договорот за Украина, тој оценува дека за Русија решението на конфликтот веројатно би значело задржување на Крим и делови од Донбас.

The post Кисинџер: САД се на работ на војна со Русија и Кина по одредени прашања appeared first on Република.

]]>