Во Општина Кисела Вода денеска ќе биде поставен камен темелник за изградба на детска градинка во рамки на постојната ЈДГ „8 Март“. Градинката ќе има капацитет за згрижување на 120 дечиња. Со ова целосно се решава проблемот со листите за чекање во детските градинки во оваа општина.
Вкупната површина на детската градинка е 795 метри квадратни,а објектот опфаќа шест занимални од кои две се јасли. Проектот е во вредност од 29.582.242 без ДДВ, или 34.907.046 со вклучен ДДВ.
На поставувањето на камен темелникот на новата градинка предвидено е да присуствува и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој ќе даде и изјава за медиумите.
The post Камен-темелник на нова градинка во Кисела Вода appeared first on Република.
]]>The post Камен-темелник на нова градинка во Кисела Вода appeared first on Република.
]]>СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Д. (18) од Скопје за сторено кривично дело „полов напад и силување”.
„На 26.07.2024 околу 22:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, пријавениот извршил полов напад врз 20-годишна девојка“, соопшти попладнево МВР.
The post Тинејџер силувал 20-годишна девојка во Кисела Вода appeared first on Република.
]]>СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Д. (18) од Скопје за сторено кривично дело „полов напад и силување”.
„На 26.07.2024 околу 22:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, пријавениот извршил полов напад врз 20-годишна девојка“, соопшти попладнево МВР.
The post Тинејџер силувал 20-годишна девојка во Кисела Вода appeared first on Република.
]]>На 17.10.2024 од страна на полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија по наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес на дом на С.Р. (43) во Скопје, на територија на Кисела Вода.
При претресот пронајдени се 32 кесички со марихуана, 12 таблети, девет кесички со бела грутчеста материја, еден тањир во кој имало две грутки бела материја и бела прашкаста материја.
СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка до ОЈО, а судија на претходна постапка на С.Р. му одреди 30 дена притвор.
The post Уапсен дилер од Кисела Вода, дома му нашле марихуана, таблети и „бела грутчеста материја“ appeared first on Република.
]]>The post Уапсен дилер од Кисела Вода, дома му нашле марихуана, таблети и „бела грутчеста материја“ appeared first on Република.
]]>Поради планирани зафати во електро - дистрибутивната мрежа, утре без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците на општините Ѓорче Петров и Кисела Вода, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.
Од 10:30 до 11 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на место наречено „Присојница“ - Горно Нерези.
Во период од девет до 12 часот пак, дел од булеварот „Борис Трајковски“, кај „Вардар мебел“ во општина Кисела Вода.
The post Без струја утре дел од Ѓорче Петров и Кисела Вода appeared first on Република.
]]>The post Без струја утре дел од Ѓорче Петров и Кисела Вода appeared first on Република.
]]>Без струја утре од 8:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Драчево“, „Чучевска“ и „Китка“ во општина Кисела Вода.
Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа во Град Скопје.
The post Без струја утре дел од општина Кисела Вода appeared first on Република.
]]>The post Без струја утре дел од општина Кисела Вода appeared first on Република.
]]>Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со Здружението на пензионери од Кисела Вода го одбележа денот на пензионерите.
Тој им се заблагодари за нивната жртва и истрајност во градењето на татковината и им порача дека тој и Владата на Република Македонија секогаш ќе бидат нивни партнер, а тоа го докажуваат и со дела.
Нека е честит Денот на оние на кои им должиме сѐ - нашите родители, баби и дедовци, нека е среќен денот на пензионерите!
На 20 септември се одбележува Светскиот ден на пензионерите, а на мое задоволство, присуствував на пригодната прослава на З.П. од Кисела Вода.
Помеѓу нив се чувствувам најпријатно.
Се чувствувам како дома и секоја мајчинска прегратка, секоја силно стисната рака за поддршка за мене е највозвишено чувство.
На овој ден, сакам од срце да ви се заблагодарам за вашата пожртвуваност, истрајна желба и посветеност во градењето на нашата Република Македонија.
Со вашата мудрост и знаење кое ни го пренесувате на нас помладите генерации, вие сте трајно врежани во темелите на татковината.
Велат, во младите е силата но во повозрасните е мудроста и искуството и затоа јас ви се поклонувам.
Мојата поддршка пак, драги пензионери, ќе ја имате постојано бидејќи вие го заслужувате тоа.
Така беше изминатиот период преку воведување мерки за директна помош и олеснување на секојдневието, така ќе е и понатаму.
Ваш искрен партнер и рака за поддршка е и новата влада предводена од Премиерот Христијан Мицкоски која на дело покажува вистинска грижа и почит за вас.
До следното видување кое ќе биде за скоро, да сте ми живи и здрави! – рече Ѓорѓиевски.
The post Градоначалникот на Кисела Вода на одбележувањето на Денот на пензионерите appeared first on Република.
]]>Нека е честит Денот на оние на кои им должиме сѐ - нашите родители, баби и дедовци, нека е среќен денот на пензионерите! На 20 септември се одбележува Светскиот ден на пензионерите, а на мое задоволство, присуствував на пригодната прослава на З.П. од Кисела Вода. Помеѓу нив се чувствувам најпријатно. Се чувствувам како дома и секоја мајчинска прегратка, секоја силно стисната рака за поддршка за мене е највозвишено чувство. На овој ден, сакам од срце да ви се заблагодарам за вашата пожртвуваност, истрајна желба и посветеност во градењето на нашата Република Македонија. Со вашата мудрост и знаење кое ни го пренесувате на нас помладите генерации, вие сте трајно врежани во темелите на татковината. Велат, во младите е силата но во повозрасните е мудроста и искуството и затоа јас ви се поклонувам. Мојата поддршка пак, драги пензионери, ќе ја имате постојано бидејќи вие го заслужувате тоа. Така беше изминатиот период преку воведување мерки за директна помош и олеснување на секојдневието, така ќе е и понатаму. Ваш искрен партнер и рака за поддршка е и новата влада предводена од Премиерот Христијан Мицкоски која на дело покажува вистинска грижа и почит за вас. До следното видување кое ќе биде за скоро, да сте ми живи и здрави! – рече Ѓорѓиевски.
The post Градоначалникот на Кисела Вода на одбележувањето на Денот на пензионерите appeared first on Република.
]]>Рано утрово, во 5 часот, жителите на дел од Кисела Вода се разбудија вознемирени. Првата глетка која ја видоа беа неколку возила опожарени, оган и чад.
Екипи на противпожарната бригада веднаш пристигнаа на лице место и го изгасна пожарот.
Поради професионалноста и брзината на пожарникарите, беше спречено дополнително ширење на огнот и предизвикување на поголема штета.
Опожарени се неколку возила кои биле на паркинг простор.
The post Кој пали возила низ Кисела Вода? appeared first on Република.
]]>The post Кој пали возила низ Кисела Вода? appeared first on Република.
]]>Денес во градинката „Сончоглед” при ЈДГ „Весели Цветови”, општина Кисела Вода стави во функција нов реновиран простор и со тоа го зголемува капацитетот на оваа градинка за уште 60 деца.
-Побаравме од Центарот за социјални работи за децата од улица да обезбеди нова локација, а ние просторот го реконструиравме и од денес ги отвораме неговите врати за нови 60 дечиња. Во насока на ветувањето кое го даде градоначалникот дека ќе ги затвори наследените листи на чекање за упис во градинка на кои имаше 450 деца, во изминатите три години, се отворија две нови градинки и се проширија капацитетите во многу други постоечки градинки, информираат од општината.
Во моментов, уште две градинки се во процес на изградба. Едната се гради, а за втората, во Расадник, се обезбедени средства, изготвен е проектот и изградбата наскоро ќе започне.
-Нова градинка добива и Потстаница, бидејќи и таму, благодарение на Владата на Република Македонија добивме објект на трајно користење, велат од општината.
The post Нов реновиран простор за 60 дечиња во градинката „Сончоглед” appeared first on Република.
]]>-Побаравме од Центарот за социјални работи за децата од улица да обезбеди нова локација, а ние просторот го реконструиравме и од денес ги отвораме неговите врати за нови 60 дечиња. Во насока на ветувањето кое го даде градоначалникот дека ќе ги затвори наследените листи на чекање за упис во градинка на кои имаше 450 деца, во изминатите три години, се отворија две нови градинки и се проширија капацитетите во многу други постоечки градинки, информираат од општината.Во моментов, уште две градинки се во процес на изградба. Едната се гради, а за втората, во Расадник, се обезбедени средства, изготвен е проектот и изградбата наскоро ќе започне.
-Нова градинка добива и Потстаница, бидејќи и таму, благодарение на Владата на Република Македонија добивме објект на трајно користење, велат од општината.
The post Нов реновиран простор за 60 дечиња во градинката „Сончоглед” appeared first on Република.
]]>Денеска (05.09.2024) во 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Г.(31) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Кисела Вода се обидел да изврши обљуба врз 30-годишна жена од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
The post Скопјанец се обидел да силува 30-годишна жена во Кисела Вода appeared first on Република.
]]>The post Скопјанец се обидел да силува 30-годишна жена во Кисела Вода appeared first on Република.
]]>Тешка сообраќајна несреќа синоќа околу 22 часот се случи во Кисела Вода, во близина на општината.
Од МВР информираат дека било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Трајковски“ и ул.„Петар Делјан“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(61) од Скопје и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(50) од с.Батинци, скопско.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле О.Д.(26) од Скопје, сопатничка во возилото „опел“ и Х.И.(42) од с.Батинци, сопатничка во возилото „бмв“, додека со телесни повреди се здобиле возачот З.Д. и сопатничката во неговото возило В.Д.(52) од Скопје, како и двајца малолетни сопатници од возилото „бмв“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од полицијата.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.
The post Тешка сообраќајка во Кисела Вода: Шест лица во болница appeared first on Република.
]]>The post Тешка сообраќајка во Кисела Вода: Шест лица во болница appeared first on Република.
]]>Кино на отворено ќе има вечер и во деновите од викендов во општина Кисела Вода, со бесплатни филмски проекции во паркот „Македонија“ пред Домот на културата „Билјана Беличанец”.
Како што информира Општина Кисела Вода, во трите вечери со почеток во 21 часот ќе бидат прикажани современи филмови од македонски автори наградувани на реномирани меѓународни филмски фестивали.
Во 21 часот денеска ќе бидат прикажани кратките филмови „Пепи и Муто" и „Налепница" од Ѓорѓи Унковски и „Долу од рајот" од Саша Станишиќ, во 22 часот долгометражниот филм „Деца на сонцето" од Антонио Митриќески и од 23.30 часот кратките „48" од Владимир Митревски и „Сонот за крвта и душата" од Игор Алексов.
Утревечер од 21 часот ќе има проекции на кратките филмови „Кутии" од Ангела Димеска, „Девојчето со кибритчињата" од Филип Матевски и „Кога не нема" од Стефан Палитов, од 22 часот играниот филм „Дедо и внук" од Илија Пиперковски и потоа кратките „Карма" од Владимир Митревски и „Си беше еднаш еден звук".
На последниот ден од филмскиот викенд во Кисела Вода, в недела од 21 часот, на програмата се кратките филмови „Шекспирова 19" од Владимир Митревски, „Ќе му се јавам на татко ти" од Леон Ристов и „Брат за еден ден" од Стојан Вуичиќ.
Од 22 часот в недела е долгометражниот филм „Ова не е американски филм" од Сашо Павловски и по него кратките филмови „Еден" од Вардар Тозија и „Епизодист" од Игор Александров.
The post Кино на отворено од петок до недела во Кисела Вода appeared first on Република.
]]>The post Кино на отворено од петок до недела во Кисела Вода appeared first on Република.
]]>Без вода денеска од 8:10 часот се дел од корисниците лоцирани на улица „Христо Татарчев“, од крстосницата кај „Гет кафе“ до кружниот тек на последната автобуска станица од линијата број 24 и дел од жителите од улицата „Георги Димитров“ во општина Кисела Вода.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект ф-200 милиметри на улица „Христо Татарчев“ бр.54 во населба Кисела Вода.
Поради уличен дефект ф-80 милиметри на улица „4“ без број во Бардовци, без вода денеска од 8:35 часот ќе бидат дел од жителите лоцирани на улиците „4“ и „2“ во оваа населба.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.
The post Без вода дел од населбите Кисела Вода и Бардовци appeared first on Република.
]]>The post Без вода дел од населбите Кисела Вода и Бардовци appeared first on Република.
]]>Вчера во 20.20 часот во СВР Скопје, 55-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 16.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, таа и нејзината 25-годишна ќерка биле физички нападнати од М.Т.(27) од Скопје, син на пријавителката.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
The post Семејна драма во Кисела Вода: Скопјанец си ги претепал мајката и сестрата appeared first on Република.
]]>The post Семејна драма во Кисела Вода: Скопјанец си ги претепал мајката и сестрата appeared first on Република.
]]>Вчера вечер, во 23.00 часот во СВР Скопје, 31-годишната Ц.С. од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот во парк на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од Б.А., извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
The post Претепана жена во парк во Кисела Вода appeared first on Република.
]]>The post Претепана жена во парк во Кисела Вода appeared first on Република.
]]>Општина Кисела Вода и “Суперхикс” вечeрва заеднички слават роденден! Големиот концерт кој ќе го заокружи Културното лето 2024, започнува во 19 часот и ќе трае до полноќ.
Од 19 часот, како предгрупи настапуваат групата “Ред 18” и “Ја, Дека и Зека” од Србија, по што следи концертот на “Суперхикс” и пријателите. “Суперхикс” кои годинава одбележуваат 30 години постоење неодамна во Кисела Вода го промовираа својот најнов албум “Сила и нервоза”. И новите песни и добро познатите хитови од нивната тридецениска работа вечерва ќе ечат од паркот Расадник, а влезот е бесплатен.
Покрај спомнатите предгрупи, како гости ќе настапат “Фолтин”, Дани Димитровска, Камерен оркестар Битола, Мите Димовски, Гоце САФ, “21 Век”, поранешни членови на “Суперхикс”. Настанот ќе има и хуманитарен карактер. Со картичка ќе може да се донира на штандот на Ecrowd.mk, кој е донациски сервис и единствената краудфандинг платформа, потписник на многу досегашни донации во Македонија.
Општина Кисела Вода која денес прославува 69 годишен јубилеј и понатаму ќе продолжи со поддршка на културата и македонските култни бендови и уметници.
Ве покануваме сите на голема роденденска журка!, велат од општината.
The post Кисела Вода и Суперхикс вечерва во паркот во Расадник заеднички слават роденден appeared first on Република.
]]>The post Кисела Вода и Суперхикс вечерва во паркот во Расадник заеднички слават роденден appeared first on Република.
]]>Пожарна и итна помош интервенирале да го извадат возачот од автомобил кој возел со неприлагодена брзина и удрил во метален столб. Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа во Кисела Вода, во непосредна близина на стадионот „Цементарница“.
Според првичните информации возило марка „БМВ“ кое се движело со неприлагодена брзина изгубило контрола и се забило во метален столб, објави „Скопје инфо“.
На лице место интервенирале екипи на противпожарната бригада во координација со службата на итна медицинска помош.
Повеќе информации од полицијата се очекуваат во текот на денoт.
The post Пожарникари и лекари го извлекувале возачот: Тешка сообраќајка во Скопје appeared first on Република.
]]>The post Пожарникари и лекари го извлекувале возачот: Тешка сообраќајка во Скопје appeared first on Република.
]]>Општина Кисела Вода и во новата учебна година ја продолжува мерката за бесплатни униформи за сите 5.600 основци и бесплатно ранче со училишен прибор за секое прваче.
Сите 600 првачиња од основните училишта на територијата на општина Кисела Вода ќе добијат бесплатно ранче, тетратки и прибор на првиот училишен ден. Бесплатни униформи ќе добијат и сите над 5600 ученици од основните училишта од Кисела Вода, изјави градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски.
The post Бесплатни униформи за сите основци и ранци за првачињата во Кисела Вода appeared first on Република.
]]>The post Бесплатни униформи за сите основци и ранци за првачињата во Кисела Вода appeared first on Република.
]]>Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски ја посети новоотворената библиотека „13 Ноември", која функционира во рамките на библиотеката „Браќа Миладиновци”. Тој вели дека неговата цел е повторно просторот во кој е сместена библиотекатата да се направи центар на културниот живот во општина Кисела Вода.
Со богат библиотечен фонд од околу 8000 наслови, тука вклучувајќи лектирни изданија, стручната литература и светската популарна белетристика која постојано ќе се надополнува со нови наслови, за да ги задоволиме потребите и интересите на сите наши читатели.
Посебно сакам да нагласам дека на располагање има и многу детска литература, бидејќи сме свесни дека љубовта кон читањето треба да се всади уште од најраните години.
Дополнително, овој простор ќе биде искористен за друга културна програма-креативни работилници, литературни читања, промоции на книги, средби со автори, со што очекувам дека библиотеката ќе биде честа дестинација на сите наши жители, напиша Ѓорѓиевски
Ѓорѓиевски заедно со директорката на градската библиотеката “Браќа Миладиновци” во чиј состав функционира клонот “13 Ноември”, Снежана Стојчевска, го разгледаа просторот и книжевниот фонд од околу 8000 изданија кој им се нуди на читателите.
Големо е моето задоволство што успеавме во уште една значајна цел која долго време беше наша визија за Домот на култура “Билјана Беличанец”. Пред само еден месец, на ова место го возобновивме киното кое во минатото било симбол на овој дел од градот, но како што уште тогаш најавив, нашата задача е овој простор во целост повторно да го направиме центар на културниот живот во општина Кисела Вода. Ова секако подразбираше и да ја возобновиме библиотеката која тука функционирала обединувајќи ги вљубениците во пишаниот збор. Благодарение на соработката со градската библиотека “Браќа Миладиновци”, за што посебно сакам да се заблагодарам на директорката Снежана Стојчевска, жителите на општина Кисела Вода повторно го имаат овој простор за себе. Возобновената библиотека “13 ноември”, која функционира во рамките на градската библиотека “Браќа Миладиновци” на читателите од Кисела Вода им обезбедува широк спектар на литературни дела, од класични до современи, од едукативни, стручни до забавни. Со богат библиотечен фонд од околу 8000 наслови, тука вклучувајќи лектирни изданија, стручната литература и светската популарна белетристика која постојано ќе се надополнува со нови наслови, за да ги задоволиме потребите и интересите на сите наши читатели. Посебно сакам да нагласам дека на располагање има и многу детска литература, бидејќи сме свесни дека љубовта кон читањето треба да се всади уште од најраните години. Дополнително, овој простор ќе биде искористен за друга културна програма-креативни работилници, литературни читања, промоции на книги, средби со автори, со што очекувам дека библиотеката ќе биде честа дестинација на сите наши жители. Општина Кисела Вода и јас како нејзин градоначалник продолжуваме со заложбите за доближување на локално ниво сите форми на култура и уметност до нашите жители, бидејќи културата е душата на општеството, неопходна за неговиот напредок и вредност-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Повторното отворање на библиотеката „13 Ноември“ после 15-тина години претставува продолжување на библиотечната дејност на територијата на Општината или на традицијата долга повеќе од 50 години. Сместена е во Домот на култура „Билјана Беличaнец” и работи секој ден од понеделник до петок, од 08 до 16 часот. Годишното членство чини 300 денари, а членството за деца од предучилиштна возраст, како и на лица со посебни потреби или во социјален ризик е бесплатно. Денес библиотеката ја посетија повеќе првоодделенци од ООУ “Круме Кепески” кои добија членски книшки и имаа можност да разгледаат детски изданија кои би сакале да ги читаат, а повозрасните читатели избраа бестселери.
The post Библиотека со над 8000 наслови отворена во Кисела Вода appeared first on Република.
]]>Со богат библиотечен фонд од околу 8000 наслови, тука вклучувајќи лектирни изданија, стручната литература и светската популарна белетристика која постојано ќе се надополнува со нови наслови, за да ги задоволиме потребите и интересите на сите наши читатели. Посебно сакам да нагласам дека на располагање има и многу детска литература, бидејќи сме свесни дека љубовта кон читањето треба да се всади уште од најраните години. Дополнително, овој простор ќе биде искористен за друга културна програма-креативни работилници, литературни читања, промоции на книги, средби со автори, со што очекувам дека библиотеката ќе биде честа дестинација на сите наши жители, напиша ЃорѓиевскиЃорѓиевски заедно со директорката на градската библиотеката “Браќа Миладиновци” во чиј состав функционира клонот “13 Ноември”, Снежана Стојчевска, го разгледаа просторот и книжевниот фонд од околу 8000 изданија кој им се нуди на читателите.
Големо е моето задоволство што успеавме во уште една значајна цел која долго време беше наша визија за Домот на култура “Билјана Беличанец”. Пред само еден месец, на ова место го возобновивме киното кое во минатото било симбол на овој дел од градот, но како што уште тогаш најавив, нашата задача е овој простор во целост повторно да го направиме центар на културниот живот во општина Кисела Вода. Ова секако подразбираше и да ја возобновиме библиотеката која тука функционирала обединувајќи ги вљубениците во пишаниот збор. Благодарение на соработката со градската библиотека “Браќа Миладиновци”, за што посебно сакам да се заблагодарам на директорката Снежана Стојчевска, жителите на општина Кисела Вода повторно го имаат овој простор за себе. Возобновената библиотека “13 ноември”, која функционира во рамките на градската библиотека “Браќа Миладиновци” на читателите од Кисела Вода им обезбедува широк спектар на литературни дела, од класични до современи, од едукативни, стручни до забавни. Со богат библиотечен фонд од околу 8000 наслови, тука вклучувајќи лектирни изданија, стручната литература и светската популарна белетристика која постојано ќе се надополнува со нови наслови, за да ги задоволиме потребите и интересите на сите наши читатели. Посебно сакам да нагласам дека на располагање има и многу детска литература, бидејќи сме свесни дека љубовта кон читањето треба да се всади уште од најраните години. Дополнително, овој простор ќе биде искористен за друга културна програма-креативни работилници, литературни читања, промоции на книги, средби со автори, со што очекувам дека библиотеката ќе биде честа дестинација на сите наши жители. Општина Кисела Вода и јас како нејзин градоначалник продолжуваме со заложбите за доближување на локално ниво сите форми на култура и уметност до нашите жители, бидејќи културата е душата на општеството, неопходна за неговиот напредок и вредност-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.Повторното отворање на библиотеката „13 Ноември“ после 15-тина години претставува продолжување на библиотечната дејност на територијата на Општината или на традицијата долга повеќе од 50 години. Сместена е во Домот на култура „Билјана Беличaнец” и работи секој ден од понеделник до петок, од 08 до 16 часот. Годишното членство чини 300 денари, а членството за деца од предучилиштна возраст, како и на лица со посебни потреби или во социјален ризик е бесплатно. Денес библиотеката ја посетија повеќе првоодделенци од ООУ “Круме Кепески” кои добија членски книшки и имаа можност да разгледаат детски изданија кои би сакале да ги читаат, а повозрасните читатели избраа бестселери.
The post Библиотека со над 8000 наслови отворена во Кисела Вода appeared first on Република.
]]>Професорката Гордана Силјановска Давкова која е кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ одржа митинг во Кисела Вода каде присуствуваа огромен број граѓани.
Според фотографиите кои се споделуваат на социјалните мрежи, Кисела Вода и пружа голема поддршка на Силјановска Давкова.
Споредено со денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ каде присуствуваа голем број граѓани, во понеделникот во оваа населба митинг одржа претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски кој доживеа вистински дебакл.
The post ФОТО: Вака беше во Кисела Вода – голема поддршка за Силјановска Давкова appeared first on Република.
]]>The post ФОТО: Вака беше во Кисела Вода – голема поддршка за Силјановска Давкова appeared first on Република.
]]>Вчера Артан Груби го испорача условот на ДУИ за поддршка во вториот изборен круг. Тој кажа дека треба да се прифати избор на претседател во Собрание, за што е потребно и промена на Уставот. Нашата порака не до курирот, туку до тој што го смислил тој услов и мисли дека на тој начин ќе мобилизира гласачи – нема да има таква уставна измена. Таква уставна измена не прифаќаме. Уште помалку ДУИ и тој што го смислил имаат можност да уценуваат, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа на пратеници во првата изборна единица на вечерашниот митинг во општина Кисела Вода.
Гледајќи го овој народ, кажа Мицкоски, како се обединува околу Гордана, околу ВМРО-ДПММЕ и коалицијата Твоја Македонија сакам да кажам одамна поминаа времињата кога Речица можеше да уценува и да диктира услови.
„Народот ќе диктира од сега па натаму. Народот по овие избори си ја враќа Македонија. А на криминалците, не можам да кажам за сите, но тие неколкумина во врвот на ДУИ им порачувам со 8 мај завршува Македонија за вас да биде држава во која вие ќе бидете граѓани од прв ред, а сите други граѓани д втор ред. Сега има да одговарате за се што и сторивте на Македонија“, вели Мицкоски.
Мицкоски со прашање до СДСМ и Стево Пендаровски.
„Кога сме кај измеќарите од СДСМ, од овде им поставувам прашање добро би било Стево да го одговори, бидејќи бега од дебата, дали за Стево овој диктат кој доаѓа од Речица е прифатлив како што беше прифатлив и бугарскиот диктат. Дали Стево ќе се охрабриш и ќе одговориш еднаш ќе бидеш ли на страната на македонскиот државен и национален интерес. Дали за тебе е прифатливо да одлучуваат малкумина за тоа кој ќе биде претседател на Македонија или овој народ кој ти не сакаш очи да ми видиш како што кажа пред некој ден“, праша Мицкоски.
Ги повикувам СДСМ и Стево Пендаровски, додаде Мицкоски, наместо да прават тајни планови со оние од ДУИ, ги повикувам за национално единство и да застанеме заедно за уставна промена во која ќе го избришеме цензусот за вториот круг претседателски избори, да нема услов да не може никој да уценува.
The post Мицкоски: Стево да одговори, дали диктатот за избор на претседател во Собрание кој доаѓа од Речица, е прифатлив како што беше прифатлив и бугарскиот диктат appeared first on Република.
]]>„Народот ќе диктира од сега па натаму. Народот по овие избори си ја враќа Македонија. А на криминалците, не можам да кажам за сите, но тие неколкумина во врвот на ДУИ им порачувам со 8 мај завршува Македонија за вас да биде држава во која вие ќе бидете граѓани од прв ред, а сите други граѓани д втор ред. Сега има да одговарате за се што и сторивте на Македонија“, вели Мицкоски.Мицкоски со прашање до СДСМ и Стево Пендаровски.
„Кога сме кај измеќарите од СДСМ, од овде им поставувам прашање добро би било Стево да го одговори, бидејќи бега од дебата, дали за Стево овој диктат кој доаѓа од Речица е прифатлив како што беше прифатлив и бугарскиот диктат. Дали Стево ќе се охрабриш и ќе одговориш еднаш ќе бидеш ли на страната на македонскиот државен и национален интерес. Дали за тебе е прифатливо да одлучуваат малкумина за тоа кој ќе биде претседател на Македонија или овој народ кој ти не сакаш очи да ми видиш како што кажа пред некој ден“, праша Мицкоски.Ги повикувам СДСМ и Стево Пендаровски, додаде Мицкоски, наместо да прават тајни планови со оние од ДУИ, ги повикувам за национално единство и да застанеме заедно за уставна промена во која ќе го избришеме цензусот за вториот круг претседателски избори, да нема услов да не може никој да уценува.
The post Мицкоски: Стево да одговори, дали диктатот за избор на претседател во Собрание кој доаѓа од Речица, е прифатлив како што беше прифатлив и бугарскиот диктат appeared first on Република.
]]>