Киро Донев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kiro-donev/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Sep 2024 09:08:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Киро Донев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kiro-donev/ 32 32 Промоција на новиот илустриран роман за деца „Дневникот од штрковото гнездо“ од Киро Донев https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-noviot-ilustriran-roman-za-detsa-dnevnikot-od-shtrkovoto-gnezdo-od-kiro-donev/ Thu, 12 Sep 2024 09:08:40 +0000 https://republika.mk/?p=815602

Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, денес во 11:00 часот ќе се одржи промоција на новиот илустриран роман за деца „Дневникот од штрковото гнездо“ од Киро Донев.

Приказната во романот се случува меѓу сонот и јавето. Се одвива во едно планинско село во коешто кај своите баба и дедо доаѓаат две внучиња за да го минат летниот распуст. Еден ден, играјќи тенис, топчето малку посилно удрено одлетува во напуштено штрково гнездо. Дедото е принуден да им го симне „непослушното“ топче. И, токму од тука, почнува и нивната авантура. Покрај топчето наоѓа и една – училишна тетратка, која всушност е дневник на некое дете по име Добре Лошиот. За тој пишувач на дневникот со такво име и чудно презиме – дедото нема слушнато. За да го откријат авторот на дневникот, дедото и децата наизменично го читаат и откриваат дека тоа дете раскажува речиси неверојатни нешта. Но и загатката станува сè понерешлива…

Илустрациите се на Славица Купенкова, а поговорот на Ацо Ѓоргиев.

Киро Донев (1942, Моноспитово, струмичко) е автор на педесетина книги за деца: романи, раскази, гатанки, повести, пиеси, стихозбирки и сликовници. Тој е еден од најпопуларните и најчитаните македонски автори, не само кај писателите за деца, туку воопшто во македонската литература. За своето творештво е добитник и на неколку високи книжевни награди. Неколку негови книги се објавени во повеќе изданија. Негови дела се преведени на десетина јазици, тој е меѓу најпреведуваните македонски писатели за деца.

The post Промоција на новиот илустриран роман за деца „Дневникот од штрковото гнездо“ од Киро Донев appeared first on Република.

]]>

Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, денес во 11:00 часот ќе се одржи промоција на новиот илустриран роман за деца „Дневникот од штрковото гнездо“ од Киро Донев. Приказната во романот се случува меѓу сонот и јавето. Се одвива во едно планинско село во коешто кај своите баба и дедо доаѓаат две внучиња за да го минат летниот распуст. Еден ден, играјќи тенис, топчето малку посилно удрено одлетува во напуштено штрково гнездо. Дедото е принуден да им го симне „непослушното“ топче. И, токму од тука, почнува и нивната авантура. Покрај топчето наоѓа и една – училишна тетратка, која всушност е дневник на некое дете по име Добре Лошиот. За тој пишувач на дневникот со такво име и чудно презиме – дедото нема слушнато. За да го откријат авторот на дневникот, дедото и децата наизменично го читаат и откриваат дека тоа дете раскажува речиси неверојатни нешта. Но и загатката станува сè понерешлива… Илустрациите се на Славица Купенкова, а поговорот на Ацо Ѓоргиев. Киро Донев (1942, Моноспитово, струмичко) е автор на педесетина книги за деца: романи, раскази, гатанки, повести, пиеси, стихозбирки и сликовници. Тој е еден од најпопуларните и најчитаните македонски автори, не само кај писателите за деца, туку воопшто во македонската литература. За своето творештво е добитник и на неколку високи книжевни награди. Неколку негови книги се објавени во повеќе изданија. Негови дела се преведени на десетина јазици, тој е меѓу најпреведуваните македонски писатели за деца.

The post Промоција на новиот илустриран роман за деца „Дневникот од штрковото гнездо“ од Киро Донев appeared first on Република.

]]>
„Македоника литера“ го објави најновиот роман за деца на Киро Донев „Дневникот од штрковото гнездо“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonika-litera-go-objavi-najnoviot-roman-za-detsa-na-kiro-donev-dnevnikot-od-shtrkovoto-gnezdo/ Tue, 30 Jul 2024 07:30:41 +0000 https://republika.mk/?p=801537

„Македоника литера“ деновиве го објави најновиот роман за деца на Киро Донев „Дневникот од штрковото гнездо“, со илустрации на Славица Купенкова и со поговор на Ацо Ѓоргиев.

Приказната во романот се случува меѓу сонот и јавето. Се одвива во едно планинско село во коешто кај своите баба и дедо доаѓаат две внучиња за да го минат летниот распуст. Еден ден, играјќи тенис, топчето малку посилно удрено одлетува во напуштено штрково гнездо. Дедото е принуден да им го симне „непослушното“ топче. И, токму од тука, почнува и нивната авантура. Покрај топчето наоѓа и една – училишна тетратка, која всушност е дневник на некое дете по име Добре Лошиот. За тој пишувач на дневникот со такво име и чудно презиме - дедото нема слушнато. За да го откријат авторот на дневникот, дедото и децата наизменично го читаат и откриваат дека тоа дете раскажува речиси неверојатни нешта. Но и загатката станува сè понерешлива...

Во поговорот Ацо Ѓоргиев пишува:

„Како и вообичаено, и овојпат Киро Донев настаните во приказната тој ги сместува во кругот на семејството, каде е неминовна хиерархијата, посочувајќи му на детето – читател, дека сè во животот започнува и завршува со семејното огниште.

Стилот и јазикот, облеката на зборовите, хумористичната интонација и гледајќи на сè околу себе со очите на детето – Донев и овојпат како и многу пати пред тоа, од дело до дело, од книга до книга, се надминува себеси, внесувајќи нешто ново, што досега не им го кажал на своите читатели, па овојпат со `Дневникот од штрковото гнездо`, тој воведува нова игра што се одвива меѓу сонот и јавето...“

Киро Донев (1942, Моноспитово, Струмичко) е автор на педесетина книги за деца: романи, раскази, гатанки, повести, пиески, стихозбирки и сликовници. Тој е еден од најпопуларните и најчитаните македонски автори, не само кај писателите за деца, туку воопшто во македонската литература. За своето творештво е добитник и на неколку високи книжевни награди. Неколку негови книги се објавени во повеќе изданија. Негови дела се преведени на десетина јазиции тој е меѓу најпреведуваните македонски писатели за деца.

 

The post „Македоника литера“ го објави најновиот роман за деца на Киро Донев „Дневникот од штрковото гнездо“ appeared first on Република.

]]>

„Македоника литера“ деновиве го објави најновиот роман за деца на Киро Донев „Дневникот од штрковото гнездо“, со илустрации на Славица Купенкова и со поговор на Ацо Ѓоргиев. Приказната во романот се случува меѓу сонот и јавето. Се одвива во едно планинско село во коешто кај своите баба и дедо доаѓаат две внучиња за да го минат летниот распуст. Еден ден, играјќи тенис, топчето малку посилно удрено одлетува во напуштено штрково гнездо. Дедото е принуден да им го симне „непослушното“ топче. И, токму од тука, почнува и нивната авантура. Покрај топчето наоѓа и една – училишна тетратка, која всушност е дневник на некое дете по име Добре Лошиот. За тој пишувач на дневникот со такво име и чудно презиме - дедото нема слушнато. За да го откријат авторот на дневникот, дедото и децата наизменично го читаат и откриваат дека тоа дете раскажува речиси неверојатни нешта. Но и загатката станува сè понерешлива... Во поговорот Ацо Ѓоргиев пишува: „Како и вообичаено, и овојпат Киро Донев настаните во приказната тој ги сместува во кругот на семејството, каде е неминовна хиерархијата, посочувајќи му на детето – читател, дека сè во животот започнува и завршува со семејното огниште. Стилот и јазикот, облеката на зборовите, хумористичната интонација и гледајќи на сè околу себе со очите на детето – Донев и овојпат како и многу пати пред тоа, од дело до дело, од книга до книга, се надминува себеси, внесувајќи нешто ново, што досега не им го кажал на своите читатели, па овојпат со `Дневникот од штрковото гнездо`, тој воведува нова игра што се одвива меѓу сонот и јавето...“ Киро Донев (1942, Моноспитово, Струмичко) е автор на педесетина книги за деца: романи, раскази, гатанки, повести, пиески, стихозбирки и сликовници. Тој е еден од најпопуларните и најчитаните македонски автори, не само кај писателите за деца, туку воопшто во македонската литература. За своето творештво е добитник и на неколку високи книжевни награди. Неколку негови книги се објавени во повеќе изданија. Негови дела се преведени на десетина јазиции тој е меѓу најпреведуваните македонски писатели за деца.  

The post „Македоника литера“ го објави најновиот роман за деца на Киро Донев „Дневникот од штрковото гнездо“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Моите приказни“ по повод 80-тиот роденден на Киро Донев и 55-годишнината од публикувањето на неговата прва книга https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-knigata-moite-prikazni-po-povod-80-tiot-rodenden-na-kiro-donev-i-55-godishninata-od-publikuvanjeto-na-negovata-prva-kniga/ Tue, 22 Mar 2022 08:51:39 +0000 https://republika.mk/?p=476457

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ деновиве ја објави книгата на Киро Донев „Моите приказни“, којашто претставува избор од неговите раскази, а публикувањето се совпаѓа со 80-тиот роденден на Киро Донев и 55-годишнината од публикувањето на неговата прва книга.

Книгата ќе биде претставена утре, на 22 март (вторник), во 12 часот, во Домот за деца и млади „Благој Мучето“ во Струмица, кој по истите поводи организира пладневна роденденска средба со Киро Донев. Притоа, пред читателите ќе биде претставена и специјалната серија на изданието од 80 примероци, што симболично го одразува 80-тиот роденден на Киро Донев.

Книгата „Моите приказни“ содржи 80 раскази и претставува избор од неговите книги со раскази. Почнува со неговата автобиографска приказна, а е поделена во неколку целини: „Од дневникот на Зорка Сештозбрка“, „Од дневникот на Васко Пикаско“, „Дарко во зоо паркот“, „Приказни од куќичката на дрво“ и „Приказни за годишните времиња“.

Киро Донев е меѓу најчитаните и најпреведуваните македонски писатели за деца. Досега се публикувани близу 50 негови книги, а „Моите приказни“ е десетта негова авторска книга објавена од „Македоника литера“.

Киро Донев е познат и широко прифатен од младите читатели по инвентивниот хумор и ведрината во неговото творештво. Неговиот препознатлив хумор ја брише границата меѓу хуморот наменет за најмладите и за возрасните читатели.

За своето творештво е добитник и на неколку високи книжевни награди во Македонија. Неколку негови книги се објавени во повеќе изданија. Негови дела се преведени на десетина јазици.

Живее во родното Моноспитово, Струмичко.

The post Промоција на книгата „Моите приказни“ по повод 80-тиот роденден на Киро Донев и 55-годишнината од публикувањето на неговата прва книга appeared first on Република.

]]>

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ деновиве ја објави книгата на Киро Донев „Моите приказни“, којашто претставува избор од неговите раскази, а публикувањето се совпаѓа со 80-тиот роденден на Киро Донев и 55-годишнината од публикувањето на неговата прва книга. Книгата ќе биде претставена утре, на 22 март (вторник), во 12 часот, во Домот за деца и млади „Благој Мучето“ во Струмица, кој по истите поводи организира пладневна роденденска средба со Киро Донев. Притоа, пред читателите ќе биде претставена и специјалната серија на изданието од 80 примероци, што симболично го одразува 80-тиот роденден на Киро Донев. Книгата „Моите приказни“ содржи 80 раскази и претставува избор од неговите книги со раскази. Почнува со неговата автобиографска приказна, а е поделена во неколку целини: „Од дневникот на Зорка Сештозбрка“, „Од дневникот на Васко Пикаско“, „Дарко во зоо паркот“, „Приказни од куќичката на дрво“ и „Приказни за годишните времиња“. Киро Донев е меѓу најчитаните и најпреведуваните македонски писатели за деца. Досега се публикувани близу 50 негови книги, а „Моите приказни“ е десетта негова авторска книга објавена од „Македоника литера“. Киро Донев е познат и широко прифатен од младите читатели по инвентивниот хумор и ведрината во неговото творештво. Неговиот препознатлив хумор ја брише границата меѓу хуморот наменет за најмладите и за возрасните читатели. За своето творештво е добитник и на неколку високи книжевни награди во Македонија. Неколку негови книги се објавени во повеќе изданија. Негови дела се преведени на десетина јазици. Живее во родното Моноспитово, Струмичко.

The post Промоција на книгата „Моите приказни“ по повод 80-тиот роденден на Киро Донев и 55-годишнината од публикувањето на неговата прва книга appeared first on Република.

]]>