Кирјакос Мицотакис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kirjakos-micotakis/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Nov 2024 15:56:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кирјакос Мицотакис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kirjakos-micotakis/ 32 32 Мицотакис: Сакаме да имаме добри односи со Турција, не треба да бидеме на работ на војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-sakame-da-imame-dobri-odnosi-so-turtsija-ne-treba-da-bideme-na-rabot-na-vojna/ Sat, 02 Nov 2024 16:48:01 +0000 https://republika.mk/?p=833545

Ако конечно се согласиме дека не се согласуваме, дека не можеме да го решиме прашањето за Ексклузивната економка зона и континенталниот гребен, бидејќи имаме многу различни позиции, тоа не значи дека треба да бидеме на работ на војна со Турција, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Скај“ и истакна дека сака да имаат добри односи со Турција.

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан в петок ќе биде во Атина на средба со министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, а Мицотакис посочи дека односите меѓу двата народа се добри, како пример ја спомена посетата на туристи од Турција на островите од Егејското море по воведената експресна туристичка виза за турските државјани.

Паралелно, немаме прекршувања во Егејското Море. Имаме соработка, која може да стане подобра во бегалското прашање. Ова не се позитивни работи? Имаше некоја отстапка од националните линии за да се постигне овој подобар однос со Турција? Јас сакам да имам добри односи со Турција, истакна Мицотакис.

Дополнително, Мицотакис изјави дека постојат многу земји кои сè уште имаат гранични спорови, како што се Канада и САД, но „не се на работ на војна, ниту пак некој се повлекува од своите позиции“.

Грција денес е силна, и геополитички и одбранбено и економски. И ние имаме обврска, со самодоверба, а не од позиција на слабост, да разговараме со нашите соседи, истакна грчкиот премиер.

Мицотакис објасни дека преферираат „мирни води“ во односите со Анкара, но и да разговараат и да ја истражат можноста „главно да ја убедиме Турција дека турскиот ревизионизам на крајот не може да доведе до решение“.

За претседателските избори во САД, грчкиот премиер рече дека нема да коментира околу прогнозите за исходот, но истакна дека се подготвени „за сите евентуални можности“ и нагласи дека во Конгресот, но и во Претставничкиот дом и во Сенатот, имаат многу силни контакти со многу избрани претставници и сенатори од двете партии.

Ставот дека Грција е столб на стабилност, стратешки партнер на Соединетите Американски Држави - на овој однос, со наша мала помош сега се додава и Кипар - е став на сенаторите и пратениците и од двете партии. И сакам да потсетам дека кога имав голема чест да зборувам во Конгресот, ми аплаудираа и двете страни на Конгресот. Значи, ќе се адаптираме и ќе работиме со кој и да биде избран, токму затоа што стратешкото јадро на односите САД-Грција нема да биде оспорено ниту од Трамп, ниту од Харис, посочи Мицотакис.

Во интервјуто, Мицотакис се осврна и на германските репарации од Втората светска војна и окупацискиот заем, особено по посетата на Грција на претседателот на Германија, кој истакна дека конкретното прашање за нив е затворено.

Мицотакис рече дека може да разговараат со Германците како стратешки партнери и да кажат дека тоа е нешто што го бараат од нив и сакаат конечно да се најде решение.

The post Мицотакис: Сакаме да имаме добри односи со Турција, не треба да бидеме на работ на војна appeared first on Република.

]]>

Ако конечно се согласиме дека не се согласуваме, дека не можеме да го решиме прашањето за Ексклузивната економка зона и континенталниот гребен, бидејќи имаме многу различни позиции, тоа не значи дека треба да бидеме на работ на војна со Турција, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Скај“ и истакна дека сака да имаат добри односи со Турција.
Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан в петок ќе биде во Атина на средба со министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, а Мицотакис посочи дека односите меѓу двата народа се добри, како пример ја спомена посетата на туристи од Турција на островите од Егејското море по воведената експресна туристичка виза за турските државјани.
Паралелно, немаме прекршувања во Егејското Море. Имаме соработка, која може да стане подобра во бегалското прашање. Ова не се позитивни работи? Имаше некоја отстапка од националните линии за да се постигне овој подобар однос со Турција? Јас сакам да имам добри односи со Турција, истакна Мицотакис.
Дополнително, Мицотакис изјави дека постојат многу земји кои сè уште имаат гранични спорови, како што се Канада и САД, но „не се на работ на војна, ниту пак некој се повлекува од своите позиции“.
Грција денес е силна, и геополитички и одбранбено и економски. И ние имаме обврска, со самодоверба, а не од позиција на слабост, да разговараме со нашите соседи, истакна грчкиот премиер.
Мицотакис објасни дека преферираат „мирни води“ во односите со Анкара, но и да разговараат и да ја истражат можноста „главно да ја убедиме Турција дека турскиот ревизионизам на крајот не може да доведе до решение“. За претседателските избори во САД, грчкиот премиер рече дека нема да коментира околу прогнозите за исходот, но истакна дека се подготвени „за сите евентуални можности“ и нагласи дека во Конгресот, но и во Претставничкиот дом и во Сенатот, имаат многу силни контакти со многу избрани претставници и сенатори од двете партии.
Ставот дека Грција е столб на стабилност, стратешки партнер на Соединетите Американски Држави - на овој однос, со наша мала помош сега се додава и Кипар - е став на сенаторите и пратениците и од двете партии. И сакам да потсетам дека кога имав голема чест да зборувам во Конгресот, ми аплаудираа и двете страни на Конгресот. Значи, ќе се адаптираме и ќе работиме со кој и да биде избран, токму затоа што стратешкото јадро на односите САД-Грција нема да биде оспорено ниту од Трамп, ниту од Харис, посочи Мицотакис.
Во интервјуто, Мицотакис се осврна и на германските репарации од Втората светска војна и окупацискиот заем, особено по посетата на Грција на претседателот на Германија, кој истакна дека конкретното прашање за нив е затворено. Мицотакис рече дека може да разговараат со Германците како стратешки партнери и да кажат дека тоа е нешто што го бараат од нив и сакаат конечно да се најде решение.

The post Мицотакис: Сакаме да имаме добри односи со Турција, не треба да бидеме на работ на војна appeared first on Република.

]]>
Мицотакис: Од 2027 година минималната плата ќе биде 950 евра и со закон ќе биде забрането да се намали https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-od-2027-godina-minimalnata-plata-ke-bide-950-evra-i-so-zakon-ke-bide-zabraneto-da-se-namali/ Thu, 31 Oct 2024 13:19:55 +0000 https://republika.mk/?p=832817

Како што се обврзавме, перспективата е минималната плата да достигне 950 евра во 2027 година, но денеска разговараме за новиот, постојан систем на нејзино утврдување по 2027 година и за иницијативата со закон да биде забрането намалување, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис посочи дека станува збор за „клучна иницијатива“, а висината на зголемувањето на минималната плата ќе се одредува според два критериуми, како што рече, од стапката на раст и подобрувањето на продуктивноста на економијата и од инфлацијата.

-Уште еднаш да потсетам дека минималната плата беше 650 евра во 2019 година, веќе е 830 евра и ќе ја исполниме нашата заложба до 2027 година да достигне 950 евра. Тоа е зголемување за речиси 50 отсто. Додека просечната заработка, од 1.036 евра, нашата цел е – и верувам дека ќе ја постигнеме, можеби и ќе ја надминеме – е да достигнеме 1.500 евра во 2027 година, односно подобрена за 45 отсто, истакна Мицотакис.

Обраќањето на владината седница грчкиот премиер го започна изразувајќи поддршка и солидарност за Шпанија по поплавите, посочи дека тоа „уште еднаш нѐ потсетува дека никој не е имун на климатската криза, но и ја истакнува улогата на цивилната заштита, правилното функционирање на бројот 112, превентивните евакуации, европската солидарност, како и заедничките акции во Медитеранот, кој, како што велат научниците е во фокусот на климатската криза“.

Во говорот се осврна и на вчерашната средба на кипарскиот претседател Никос Христодулидис со американскиот претседател Џо Бајден, за која рече дека со оглед на тоа дека е прва по 28 години, е „важен доказ за надградбата на односите на Кипар со САД“.

Мицотакис попладнево во Атина ќе се сретне со Христодулидис.

The post Мицотакис: Од 2027 година минималната плата ќе биде 950 евра и со закон ќе биде забрането да се намали appeared first on Република.

]]>

Како што се обврзавме, перспективата е минималната плата да достигне 950 евра во 2027 година, но денеска разговараме за новиот, постојан систем на нејзино утврдување по 2027 година и за иницијативата со закон да биде забрането намалување, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис посочи дека станува збор за „клучна иницијатива“, а висината на зголемувањето на минималната плата ќе се одредува според два критериуми, како што рече, од стапката на раст и подобрувањето на продуктивноста на економијата и од инфлацијата. -Уште еднаш да потсетам дека минималната плата беше 650 евра во 2019 година, веќе е 830 евра и ќе ја исполниме нашата заложба до 2027 година да достигне 950 евра. Тоа е зголемување за речиси 50 отсто. Додека просечната заработка, од 1.036 евра, нашата цел е – и верувам дека ќе ја постигнеме, можеби и ќе ја надминеме – е да достигнеме 1.500 евра во 2027 година, односно подобрена за 45 отсто, истакна Мицотакис. Обраќањето на владината седница грчкиот премиер го започна изразувајќи поддршка и солидарност за Шпанија по поплавите, посочи дека тоа „уште еднаш нѐ потсетува дека никој не е имун на климатската криза, но и ја истакнува улогата на цивилната заштита, правилното функционирање на бројот 112, превентивните евакуации, европската солидарност, како и заедничките акции во Медитеранот, кој, како што велат научниците е во фокусот на климатската криза“. Во говорот се осврна и на вчерашната средба на кипарскиот претседател Никос Христодулидис со американскиот претседател Џо Бајден, за која рече дека со оглед на тоа дека е прва по 28 години, е „важен доказ за надградбата на односите на Кипар со САД“. Мицотакис попладнево во Атина ќе се сретне со Христодулидис.

The post Мицотакис: Од 2027 година минималната плата ќе биде 950 евра и со закон ќе биде забрането да се намали appeared first on Република.

]]>
Мицотакис: Политиката на ЕУ во мигрантското прашање се приближи до грчките позиции https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-politikata-na-eu-vo-migrantskoto-prashane-se-priblizhi-do-grchkite-pozitsii/ Fri, 18 Oct 2024 08:20:24 +0000 https://republika.mk/?p=828328

Во овие години, миграциската политика на Европа се промени и многу повеќе се приближи до грчките позиции. Ова, веќе е очигледен заклучок, кој произлегува и од самите заклучоци на Европски совет. Надворешната димензија на миграцијата, заштитата на европските граници, Пактот за миграција и азил се успеси на Европа и се позиции блиски до грчките позиции, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прес-конференцијата во Брисел по Самитот на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис нагласи дека Европа донесе одлука, која им служи и на грчките интереси дека „не може криумчарите да одредуваат кој ќе влезе во Европската унија“.

Она што сега треба да го додадеме е да одредиме европска рамка за враќањата. Бидејќи нашата аргументација ќе биде целосна само ако кажеме дека ние одредуваме кој сака да влезе во Европската Унија, но оној кој не може и нема место во Европа, затоа што нема право на азил, треба да се врати во земјата од која дошол. Токму тоа е целта на директивата што и ја дадовме на Европската комисија, брзо да разработи ново европско законодавство околу прашањата за враќањата. Значи, мислам дека Европа полека, но стабилно се движи во вистинската насока и во насока која дефинитивно им служи и на грчките позиции, истакна Мицотакис.

Дополнително, посочи дека не се вршат враќања на нелегални мигранти во Турција, иако тоа е предвидено во договорот со ЕУ, а паралелно истакна дека грчко-турската соработката во мигрантското-бегалското прашање е подобрена, но дека тоа се однесува на оперативната димензија и подобрата соработка меѓу државните органи на двете земји и пред сè подобрата соработка со крајбрежната служба.

Грција врши враќања, но сакам да нагласам дека враќањата се тежок процес во целина, не само за Грција туку и за Европската унија. Статистички, само еден од пет од оние кои треба да се вратат во земјите на потекло, на крајот се враќаат, посочи Мицотакис.

Во однос на италијанскиот модел со центрите во Албанија, истакна дека „секоја земја има свои особености“, објасни дека тоа е билатерален договор меѓу Италија и Албанија и коментираше дека тоа е „ново, интересно решение“ за случаи на мигранти спасени во меѓународни води, но дека „Грција веројатно нема такви прашања“.

Она што е важно е дека во писмото на г-ѓа фон дер Лајен, за враќањата има фраза дека „ќе разгледаме и иновативни решенија“. А меѓу иновативните решенија што може да се разгледаат е и идејата за центри надвор од Европската унија во кои ќе се испраќаат мигранти, чии барања за азил ќе бидат одбиени, доколку не можат да бидат вратени директно во нивните земји на потекло. Ова е само идеја, не е разгледано. Првично сметам дека е позитивна. И секако кога ќе ги видиме конкретните предлози на Европската комисија ќе можеме да излеземе со став, објасни грчкиот премиер

The post Мицотакис: Политиката на ЕУ во мигрантското прашање се приближи до грчките позиции appeared first on Република.

]]>

Во овие години, миграциската политика на Европа се промени и многу повеќе се приближи до грчките позиции. Ова, веќе е очигледен заклучок, кој произлегува и од самите заклучоци на Европски совет. Надворешната димензија на миграцијата, заштитата на европските граници, Пактот за миграција и азил се успеси на Европа и се позиции блиски до грчките позиции, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прес-конференцијата во Брисел по Самитот на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис нагласи дека Европа донесе одлука, која им служи и на грчките интереси дека „не може криумчарите да одредуваат кој ќе влезе во Европската унија“. Она што сега треба да го додадеме е да одредиме европска рамка за враќањата. Бидејќи нашата аргументација ќе биде целосна само ако кажеме дека ние одредуваме кој сака да влезе во Европската Унија, но оној кој не може и нема место во Европа, затоа што нема право на азил, треба да се врати во земјата од која дошол. Токму тоа е целта на директивата што и ја дадовме на Европската комисија, брзо да разработи ново европско законодавство околу прашањата за враќањата. Значи, мислам дека Европа полека, но стабилно се движи во вистинската насока и во насока која дефинитивно им служи и на грчките позиции, истакна Мицотакис. Дополнително, посочи дека не се вршат враќања на нелегални мигранти во Турција, иако тоа е предвидено во договорот со ЕУ, а паралелно истакна дека грчко-турската соработката во мигрантското-бегалското прашање е подобрена, но дека тоа се однесува на оперативната димензија и подобрата соработка меѓу државните органи на двете земји и пред сè подобрата соработка со крајбрежната служба. Грција врши враќања, но сакам да нагласам дека враќањата се тежок процес во целина, не само за Грција туку и за Европската унија. Статистички, само еден од пет од оние кои треба да се вратат во земјите на потекло, на крајот се враќаат, посочи Мицотакис. Во однос на италијанскиот модел со центрите во Албанија, истакна дека „секоја земја има свои особености“, објасни дека тоа е билатерален договор меѓу Италија и Албанија и коментираше дека тоа е „ново, интересно решение“ за случаи на мигранти спасени во меѓународни води, но дека „Грција веројатно нема такви прашања“. Она што е важно е дека во писмото на г-ѓа фон дер Лајен, за враќањата има фраза дека „ќе разгледаме и иновативни решенија“. А меѓу иновативните решенија што може да се разгледаат е и идејата за центри надвор од Европската унија во кои ќе се испраќаат мигранти, чии барања за азил ќе бидат одбиени, доколку не можат да бидат вратени директно во нивните земји на потекло. Ова е само идеја, не е разгледано. Првично сметам дека е позитивна. И секако кога ќе ги видиме конкретните предлози на Европската комисија ќе можеме да излеземе со став, објасни грчкиот премиер

The post Мицотакис: Политиката на ЕУ во мигрантското прашање се приближи до грчките позиции appeared first on Република.

]]>
Мицотакис и Зеленски потпишаа договор за соработка во безбедносни прашања https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mitsotakis-i-zelenski-potpishaa-dogovor-za-sorabotka-vo-bezbednosni-prashana/ Thu, 17 Oct 2024 16:05:16 +0000 https://republika.mk/?p=828145

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Самитот на ЕУ во Брисел потпишаа договор за соработка во безбедносни прашања, со што Грција стана 21 земја-членка на Унијата која потпиша соодветен билатерален договор со Украина, јави дописничката на МИА од Атина.

Зеленски преку социјалните мрежи ѝ се заблагодари на Грција, посочи дека од почетокот на руската инвазија „обезбедува воена поддршка за Украина, вклучувајќи материјална и техничка помош, како и обука“.

Грција е подготвена да продолжи да ги исполнува најитните одбранбени потреби на Украина. Исто така, ќе обезбеди дополнителни ресурси за забрзување на обуката за F-16 за нашите пилоти и техничари. Ја упатувам мојата благодарност до Грција за помошта и за можностите што ги обезбедува за одбрана на нашата земја и народ, напиша украинскиот претседател.

Од кабинетот на грчкиот премиер информираа дека договорот следи по пристапувањето на Грција и ЕУ кон Заедничката декларација на Г7 од јули 2023 година за поддршка на безбедноста на Украина на долг рок, но и по соодветниот договор ЕУ-Украина, потпишан на 27 јуни 2024 година на маргините на Европската Советот во Брисел.

Дополнително посочија дека „договорот го отвора патот за активно учество на Грција во напорите за обнова на Украина“.

The post Мицотакис и Зеленски потпишаа договор за соработка во безбедносни прашања appeared first on Република.

]]>

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Самитот на ЕУ во Брисел потпишаа договор за соработка во безбедносни прашања, со што Грција стана 21 земја-членка на Унијата која потпиша соодветен билатерален договор со Украина, јави дописничката на МИА од Атина. Зеленски преку социјалните мрежи ѝ се заблагодари на Грција, посочи дека од почетокот на руската инвазија „обезбедува воена поддршка за Украина, вклучувајќи материјална и техничка помош, како и обука“.
Грција е подготвена да продолжи да ги исполнува најитните одбранбени потреби на Украина. Исто така, ќе обезбеди дополнителни ресурси за забрзување на обуката за F-16 за нашите пилоти и техничари. Ја упатувам мојата благодарност до Грција за помошта и за можностите што ги обезбедува за одбрана на нашата земја и народ, напиша украинскиот претседател.
Од кабинетот на грчкиот премиер информираа дека договорот следи по пристапувањето на Грција и ЕУ кон Заедничката декларација на Г7 од јули 2023 година за поддршка на безбедноста на Украина на долг рок, но и по соодветниот договор ЕУ-Украина, потпишан на 27 јуни 2024 година на маргините на Европската Советот во Брисел. Дополнително посочија дека „договорот го отвора патот за активно учество на Грција во напорите за обнова на Украина“.

The post Мицотакис и Зеленски потпишаа договор за соработка во безбедносни прашања appeared first on Република.

]]>
Државните загуби од ДДВ во Грција се намалени за 50 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/drzhavnite-zagubi-od-ddv-vo-grtsija-se-namaleni-za-50-otsto/ Fri, 20 Sep 2024 14:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=818224

Според грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, воведените мерки во Грција, како што се поврзувањето на фискалните каси со ПОС-апаратите, специјалната платформа на даночната управа за дигитализирање на даночните и сметководствени информации за бизнисите, но и електронските трансакции, не се само опции што им олеснуваат на државата, бизнисите и граѓаните, туку помагаат во даночното затајување, а во државните загуби од ДДВ се намалиле за 50 отсто.

Грчкиот премиер преку Фејсбук го коментираше извештајот на Европската комисија за даночно затајување, потенцирајќи дека намалените загуби од ДДВ во Грција „се преточуваат во средства во полза на општеството“, додавајќи дека „само за 2022 година овој профит се проценува на три милијарди евра“.

И сепак, длабоките промени за кои некои велеа „во Грција не се случуваат“, на крајот се случуваат! Ова го докажува последниот извештај CASE на Европската комисија за даночно затајување, во кој се истакнува дека загубите на државата од ДДВ во нашата земја веќе се намалени за 50 отсто, со една од најбрзите стапки меѓу 27-те земји од ЕУ, напиша Мицотакис.

Тој додаде дека податоците, „ѝ даваат нов поттик на Владата да продолжи во тешката битка за даночна правда“, битка за која посочи дека пред сè е за „социјална правда, бидејќи обезбедените ресурси се насочени кон здравството, образованието, безбедноста и националната одбрана, во критичните области, кои се однесуваат на сите“.

Животот ги оправдува иницијативите кои водат кон подобар живот. Продолжуваме!, напиша Мицотакис на крајот од објавата на Фејсбук.

The post Државните загуби од ДДВ во Грција се намалени за 50 отсто appeared first on Република.

]]>

Според грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, воведените мерки во Грција, како што се поврзувањето на фискалните каси со ПОС-апаратите, специјалната платформа на даночната управа за дигитализирање на даночните и сметководствени информации за бизнисите, но и електронските трансакции, не се само опции што им олеснуваат на државата, бизнисите и граѓаните, туку помагаат во даночното затајување, а во државните загуби од ДДВ се намалиле за 50 отсто. Грчкиот премиер преку Фејсбук го коментираше извештајот на Европската комисија за даночно затајување, потенцирајќи дека намалените загуби од ДДВ во Грција „се преточуваат во средства во полза на општеството“, додавајќи дека „само за 2022 година овој профит се проценува на три милијарди евра“.
И сепак, длабоките промени за кои некои велеа „во Грција не се случуваат“, на крајот се случуваат! Ова го докажува последниот извештај CASE на Европската комисија за даночно затајување, во кој се истакнува дека загубите на државата од ДДВ во нашата земја веќе се намалени за 50 отсто, со една од најбрзите стапки меѓу 27-те земји од ЕУ, напиша Мицотакис.
Тој додаде дека податоците, „ѝ даваат нов поттик на Владата да продолжи во тешката битка за даночна правда“, битка за која посочи дека пред сè е за „социјална правда, бидејќи обезбедените ресурси се насочени кон здравството, образованието, безбедноста и националната одбрана, во критичните области, кои се однесуваат на сите“.
Животот ги оправдува иницијативите кои водат кон подобар живот. Продолжуваме!, напиша Мицотакис на крајот од објавата на Фејсбук.

The post Државните загуби од ДДВ во Грција се намалени за 50 отсто appeared first on Република.

]]>
Мицотакис: Грција станува сѐ посилна https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-grtsija-stanuva-s-posilna/ Fri, 20 Sep 2024 07:55:36 +0000 https://republika.mk/?p=818037

По одлуката да набават уште една четврта по ред фрегата Белара, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Фејсбук напиша: „Грција станува сѐ посилна“.

Министерот за одбрана Никос Дендиас соопшти дека Грција ја реализира големата програма за зајакнување на вооруените сили.

Додека нашата земја се подготвува да ја пречека првата фрегата Белара, на денот кога втората беше лансирана во бродоградилиштата на „Навал груп“ во Лорен, додека третата се гради, започнуваат процедурите за набавка на четврти брод од овој тип. Така, се реализира големата програма за зајакнување на вооружените сили што лично ја најавив. Трошоците за купувањето се буџетирани на начин што не ја нарушува нашата фискална конзистентност. Сепак, беше оценето дека е неопходно бидејќи заштитата на татковината е приоритет за кој не се преговара. Грција станува сѐ посилна, напиша Мицотакис на Фејсбук.

The post Мицотакис: Грција станува сѐ посилна appeared first on Република.

]]>

По одлуката да набават уште една четврта по ред фрегата Белара, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Фејсбук напиша: „Грција станува сѐ посилна“. Министерот за одбрана Никос Дендиас соопшти дека Грција ја реализира големата програма за зајакнување на вооруените сили. Додека нашата земја се подготвува да ја пречека првата фрегата Белара, на денот кога втората беше лансирана во бродоградилиштата на „Навал груп“ во Лорен, додека третата се гради, започнуваат процедурите за набавка на четврти брод од овој тип. Така, се реализира големата програма за зајакнување на вооружените сили што лично ја најавив. Трошоците за купувањето се буџетирани на начин што не ја нарушува нашата фискална конзистентност. Сепак, беше оценето дека е неопходно бидејќи заштитата на татковината е приоритет за кој не се преговара. Грција станува сѐ посилна, напиша Мицотакис на Фејсбук.

The post Мицотакис: Грција станува сѐ посилна appeared first on Република.

]]>
Мицотакис соопшти зголемување на минималната плата и пензиите, како и пакет мерки за поддршка на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-soopshti-zgolemuvane-na-minimalnata-plata-i-penziite-kako-i-paket-merki-za-poddrshka-na-graganite/ Sat, 07 Sep 2024 19:49:26 +0000 https://republika.mk/?p=814228

Зголемување на пензиите и на минималната плата, како и на платите во државната администрација; дополнителна рата на детскиот додаток; програма за реновирање на училишните објекти; зголемен надоместок за ноќна смена за вработените во војската крајбрежна служба, полиција и противпожарната служба; такса за туристите од крузерите на грчките острови, се дел од мерките што ги соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Меѓународниот саем во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис вечерва говореше на свеченото отворање на 88-от саем и како што е традиција во Грција, премиерот од саемот да ја соопштува владината програма за следниот период, така и тој најави мерки за поддршка на граѓаните и подобрување на нивното секојдневие.

Станува збор реформи план насочени кон зголемување на приходите, развој на продуктивниот потенцијал на земјата, ублажување на нееднаквостите и решавање на одредени проблеми како што се домувањето, демографијата, но и справување со зголемениот број туристи од крузерите на одредени грчки острови.

Мерките започнуваат од следната година и се прошируваат до 2027 година, а грчкиот премиер рече дека ќе ги примени во пракса заложбите за кои граѓаните ја избраа и ѝ дадоа доверба на Владата, за како што рече, во 2027 година Грција да е просперитетна во секој агол и за секој граѓанин.

-Денес немам со мене некоја вреќа со непромислени бенефиции, туку предлози за корисни и ефективни опции. Особено кога веќе осум држави, меѓу кои и големи економии како Франција и Италија, веќе се ставени под надзор од страна на Европската комисија за прекумерно трошење. Такво нешто нема да дозволам да се случи во Грција, нагласи Мицотакис.

Соопшти дека од 1 јануари 2025 од 2,2 до 2,5 отсто се зголемуваат над два милиони пензии, од април предвидено е зголемување на минималната плата што сега изнесува 830 со цел до 2027 година да стигне до 950 евра, а на пролет истото така е планирано и зголемување на приходите на речиси 700.000 државни службеници, што ќе достигнат и до 100 евра месечно.

За лекарите ќе се воведе дополнителна стимулација до 7.200 годишно за работа во здравствени структури во оддалечените области, а паралелно 20 отсто повисок ќе биде надоместок за ноќна смена за вработените во војската, крајбрежна служба, полиција и противпожарната служба.

Во однос на туризмот во земјата, за кој Мицотакис рече дека оваа година ќе биде рекорден и иако ја поддржува економијата, сепак брзиот раст носи и последици, па така соопшти воведување такса за патниците на крузерите, кога туристот ќе пристигнува на островите, а висината ќе биде во зависност од островот.

На пример, на Санторини и Миконос таксата ќе биде повисока во однос на другите острови и ќе се менува во зависност од периодот.

Дополнително постоечката такса за отпорност на климатски кризи во хотелите, туристичките објекти и сл се зголемува за периодот април – октомври.

Меѓу мерките што ги соопшти е и новата програма во висина од 250 милиони за реновирање на училиштата што ќе го носи името на поранешната министерка за образование од Нова демократија Мариета Јанаку, која почина пред две години.

За енергетска надградба на стари објекти планирани се 400 милиони за кредити до 20.000 евра од Фондот за закрепнување, а за справување со проблемот со домувањето, Мицотакис најави мерки поврзани со краткорочен престој во центарот на Атина, пред сè наменет за туристите.

Дополнително, предвидени се промени во доделувањето Златна виза, ќе може да се добие и со инвестиција од 250.000 евра во стартап бизниси.

Во однос на поддршката на семејствата најави додатоци за нови родители, како и стимулации и за бизнисите, кои ги поддржуваат родителите со деца.

Пакетот мерки што вечерва ги соопшти Мицотакис се очекува утре детално да ги објасни и анализира на традиционалната прес-конференција во рамките на Меѓународниот саем во Солун.

The post Мицотакис соопшти зголемување на минималната плата и пензиите, како и пакет мерки за поддршка на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Зголемување на пензиите и на минималната плата, како и на платите во државната администрација; дополнителна рата на детскиот додаток; програма за реновирање на училишните објекти; зголемен надоместок за ноќна смена за вработените во војската крајбрежна служба, полиција и противпожарната служба; такса за туристите од крузерите на грчките острови, се дел од мерките што ги соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Меѓународниот саем во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис вечерва говореше на свеченото отворање на 88-от саем и како што е традиција во Грција, премиерот од саемот да ја соопштува владината програма за следниот период, така и тој најави мерки за поддршка на граѓаните и подобрување на нивното секојдневие. Станува збор реформи план насочени кон зголемување на приходите, развој на продуктивниот потенцијал на земјата, ублажување на нееднаквостите и решавање на одредени проблеми како што се домувањето, демографијата, но и справување со зголемениот број туристи од крузерите на одредени грчки острови. Мерките започнуваат од следната година и се прошируваат до 2027 година, а грчкиот премиер рече дека ќе ги примени во пракса заложбите за кои граѓаните ја избраа и ѝ дадоа доверба на Владата, за како што рече, во 2027 година Грција да е просперитетна во секој агол и за секој граѓанин.
-Денес немам со мене некоја вреќа со непромислени бенефиции, туку предлози за корисни и ефективни опции. Особено кога веќе осум држави, меѓу кои и големи економии како Франција и Италија, веќе се ставени под надзор од страна на Европската комисија за прекумерно трошење. Такво нешто нема да дозволам да се случи во Грција, нагласи Мицотакис.
Соопшти дека од 1 јануари 2025 од 2,2 до 2,5 отсто се зголемуваат над два милиони пензии, од април предвидено е зголемување на минималната плата што сега изнесува 830 со цел до 2027 година да стигне до 950 евра, а на пролет истото така е планирано и зголемување на приходите на речиси 700.000 државни службеници, што ќе достигнат и до 100 евра месечно. За лекарите ќе се воведе дополнителна стимулација до 7.200 годишно за работа во здравствени структури во оддалечените области, а паралелно 20 отсто повисок ќе биде надоместок за ноќна смена за вработените во војската, крајбрежна служба, полиција и противпожарната служба. Во однос на туризмот во земјата, за кој Мицотакис рече дека оваа година ќе биде рекорден и иако ја поддржува економијата, сепак брзиот раст носи и последици, па така соопшти воведување такса за патниците на крузерите, кога туристот ќе пристигнува на островите, а висината ќе биде во зависност од островот. На пример, на Санторини и Миконос таксата ќе биде повисока во однос на другите острови и ќе се менува во зависност од периодот. Дополнително постоечката такса за отпорност на климатски кризи во хотелите, туристичките објекти и сл се зголемува за периодот април – октомври. Меѓу мерките што ги соопшти е и новата програма во висина од 250 милиони за реновирање на училиштата што ќе го носи името на поранешната министерка за образование од Нова демократија Мариета Јанаку, која почина пред две години. За енергетска надградба на стари објекти планирани се 400 милиони за кредити до 20.000 евра од Фондот за закрепнување, а за справување со проблемот со домувањето, Мицотакис најави мерки поврзани со краткорочен престој во центарот на Атина, пред сè наменет за туристите. Дополнително, предвидени се промени во доделувањето Златна виза, ќе може да се добие и со инвестиција од 250.000 евра во стартап бизниси. Во однос на поддршката на семејствата најави додатоци за нови родители, како и стимулации и за бизнисите, кои ги поддржуваат родителите со деца. Пакетот мерки што вечерва ги соопшти Мицотакис се очекува утре детално да ги објасни и анализира на традиционалната прес-конференција во рамките на Меѓународниот саем во Солун.

The post Мицотакис соопшти зголемување на минималната плата и пензиите, како и пакет мерки за поддршка на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Мицотакис за пожарите во близина на Атина: Тука сме да ги залечиме раните и да учиме од грешките https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-za-pozharite-vo-blizina-na-atina-tuka-sme-da-gi-zalechime-ranite-i-da-uchime-od-greshkite/ Wed, 21 Aug 2024 07:36:38 +0000 https://republika.mk/?p=808522

Тука сме да ги залечиме раните, да научиме од нашите грешки, но и да ги капитализираме значајните чекори што се направени, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на состанокот одржан за минатонеделните пожари во североисточниот дел на областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина.

На состанокот присуствуваа надлежните министри, периферијата Атика и градоначалниците на погодените општини, се разгледаа резултатите од спроведените евиденции и проверки и се разговараше за активностите што ќе ги преземе Владата за обнова на населбите зафатени од пожарот.

Мицотакис истакна дека пожарот беше тежок, „направи голема штета на животната средина и очигледно уништи многу имот“ и посочи дека за тоа што се случи дополнително ќе се дискутира и проучува.

Сакам да нагласам дека годинава се соочивме со речиси 4.000 пожари, од кои голем дел во Атика. За жал, овој беше единствениот пожар што излезе од контрола и покрај фактот што и во овој пожар беше усвоена правилната доктрина, како што се покажа во многу други пожари, за многу брза прва реакција. Но, од причини кои треба да се анализираат, овој пожар излезе од контрола, имаше многу посебни карактеристики, се движеше со многу голема брзина и ја направи штетата што денес сите ја знаеме, рече грчкиот премиер.

Дополнително посочи дека брзо ќе се работи за спречување и ограничување на евентуални поплави што би можело да се појават во следните месеци во конкретните области зафатени од големиот пожар.

Пожарот што избувна пред десет дена во североисточниот дел на областа Атика и гореше над 40 часа, предизвика сериозна материјална штета и зафати површина од околу 10.000 хектари.

The post Мицотакис за пожарите во близина на Атина: Тука сме да ги залечиме раните и да учиме од грешките appeared first on Република.

]]>

Тука сме да ги залечиме раните, да научиме од нашите грешки, но и да ги капитализираме значајните чекори што се направени, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на состанокот одржан за минатонеделните пожари во североисточниот дел на областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина. На состанокот присуствуваа надлежните министри, периферијата Атика и градоначалниците на погодените општини, се разгледаа резултатите од спроведените евиденции и проверки и се разговараше за активностите што ќе ги преземе Владата за обнова на населбите зафатени од пожарот. Мицотакис истакна дека пожарот беше тежок, „направи голема штета на животната средина и очигледно уништи многу имот“ и посочи дека за тоа што се случи дополнително ќе се дискутира и проучува. Сакам да нагласам дека годинава се соочивме со речиси 4.000 пожари, од кои голем дел во Атика. За жал, овој беше единствениот пожар што излезе од контрола и покрај фактот што и во овој пожар беше усвоена правилната доктрина, како што се покажа во многу други пожари, за многу брза прва реакција. Но, од причини кои треба да се анализираат, овој пожар излезе од контрола, имаше многу посебни карактеристики, се движеше со многу голема брзина и ја направи штетата што денес сите ја знаеме, рече грчкиот премиер. Дополнително посочи дека брзо ќе се работи за спречување и ограничување на евентуални поплави што би можело да се појават во следните месеци во конкретните области зафатени од големиот пожар. Пожарот што избувна пред десет дена во североисточниот дел на областа Атика и гореше над 40 часа, предизвика сериозна материјална штета и зафати површина од околу 10.000 хектари.

The post Мицотакис за пожарите во близина на Атина: Тука сме да ги залечиме раните и да учиме од грешките appeared first on Република.

]]>
Мицотакис: Прекршувањето или селективното спроведување на Договорот од Преспа ќе ја загрози стабилноста и безбедноста во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-prekrshuvaneto-ili-selektivnoto-sproveduvane-na-dogovorot-od-prespa-ke-ja-zagrozi-stabilnosta-i-bezbednosta-vo-regionot/ Wed, 10 Jul 2024 21:00:07 +0000 https://republika.mk/?p=795559

Прекршувањето или селективното спроведување на Договорот од Преспа ќе ја загрози стабилноста и безбедноста во регионот, истакнал меѓу другото, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на првиот дел од состанокот на НАТО, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на свои информации.

Мицотакис меѓу другото нагласил дека „напредокот, безбедноста и просперитетот се засноваат на почитување на меѓународното право и меѓународните договори“.

Во однос на ставот на американскиот претседател кој ја подвлекол важноста на Западен Балкан за безбедноста на Алијансата, како што пишува АНА-МПА, Мицотакис посебно се осврнал на Договорот од Преспа, за кој, рекол дека овозможи проширување на Алијансата со пристапување на Cеверна Македонија.

Целосното спроведување на Договорот од Преспа, истакна премиерот, е од суштинско значење за Алијансата, за Западен Балкан и за меѓународната заедница. Прекршувањето или селективното спроведување на Договорот од Преспа, продолжи тој, ќе го поткопа кредибилитетот на сите напори за решавање на другите отворени прашања н Западен Балкан и ќе ја загрози стабилноста и безбедноста во регионот, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА, во однос на обраќањето на Мицотакис.

Паралелно, грчкиот премиер додал „Pacta sunt servanda“, посочувајќи дека „сите мора да го запомниме ова“.

Во исто време, во медиумите во Грција, актуелна е изјавата на премиерот Христијан Мицкоски поради тоа што го употреби терминот „Македонија“.

The post Мицотакис: Прекршувањето или селективното спроведување на Договорот од Преспа ќе ја загрози стабилноста и безбедноста во регионот appeared first on Република.

]]>

Прекршувањето или селективното спроведување на Договорот од Преспа ќе ја загрози стабилноста и безбедноста во регионот, истакнал меѓу другото, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на првиот дел од состанокот на НАТО, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на свои информации. Мицотакис меѓу другото нагласил дека „напредокот, безбедноста и просперитетот се засноваат на почитување на меѓународното право и меѓународните договори“. Во однос на ставот на американскиот претседател кој ја подвлекол важноста на Западен Балкан за безбедноста на Алијансата, како што пишува АНА-МПА, Мицотакис посебно се осврнал на Договорот од Преспа, за кој, рекол дека овозможи проширување на Алијансата со пристапување на Cеверна Македонија.
Целосното спроведување на Договорот од Преспа, истакна премиерот, е од суштинско значење за Алијансата, за Западен Балкан и за меѓународната заедница. Прекршувањето или селективното спроведување на Договорот од Преспа, продолжи тој, ќе го поткопа кредибилитетот на сите напори за решавање на другите отворени прашања н Западен Балкан и ќе ја загрози стабилноста и безбедноста во регионот, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА, во однос на обраќањето на Мицотакис.
Паралелно, грчкиот премиер додал „Pacta sunt servanda“, посочувајќи дека „сите мора да го запомниме ова“. Во исто време, во медиумите во Грција, актуелна е изјавата на премиерот Христијан Мицкоски поради тоа што го употреби терминот „Македонија“.

The post Мицотакис: Прекршувањето или селективното спроведување на Договорот од Преспа ќе ја загрози стабилноста и безбедноста во регионот appeared first on Република.

]]>
Гајдов: Грција нема спроведено ниту еден потпишан договор од Првата светска војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gajdov-grtsija-nema-sprovedeno-nitu-eden-potpishan-dogovor-od-prvata-svetska-vojna/ Wed, 10 Jul 2024 07:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=795144

Грчкиот премиер Мицотакис јуниор го искористи инаугуралниот говор на претседателката Гордана Силјановска да истури оган дека ние не го почитуваме договорот од Преспа, рече Љубомир Гајдов, надворешно политички коментатор, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

Тој е син на еден голем државник, брат на еден голем државник. Тој се покажа како мало човече, бидејќи Грција од Првата светска војна до денеска, ниту еден потпишан договор не спровела. Плус не спроведе пресуда на Меѓународниот суд на Обединетите нации во Хаг, рече Гајдов.

The post Гајдов: Грција нема спроведено ниту еден потпишан договор од Првата светска војна appeared first on Република.

Ќе има ли во Вашинтон прва средба Мицкоски-Мицотакис? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-ima-li-vo-vashinton-prva-sredba-mitskoski-mitsotakis/ Fri, 05 Jul 2024 16:11:28 +0000 https://republika.mk/?p=793893

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека доколку има средба со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис на претстојниот Самит на НАТО во Вашингтон, се надева дека ќе го задржат достоинството и дека ќе разговараат како партнери и како добри соседи.

-Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и како добри соседи, доколку дојде до таков разговор. Ако не дојде се надевам дека набргу ќе дојде, истакна Мицкоски во врска со престојниот Самит на НАТО во Вашингот и со изјавата на Мицотакис дека очекува од новиот премиер да го користи уставното име на земјата и за внатрешна и за надворешна употреба и дека конкретното прашање ќе го покрене и на претстојниот Самит.

Мицкоски истакна дека ставот на Владата е градење добри односи со сите соседи, но оти дека односи се двонасочна улица.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-tajfun-pominal-niz-drzhavava-izminatite-sedum-godini-se-e-unishteno-nedostasuvaat-2-5-milijardi-denari-od-budhetot/

-Нашиот став како Влада е дека сакаме да имаме добри односи со соседите, дека сакаме да градиме мостови за соработка, дека тоа за нас е двонасочна улица. Досега претпоставувам биле навикнати на еднонасочна улица, но сега сме ние политичари и Влада која што сака да водиме добрососедска двонасочна улица и така ќе продолжиме да се однесуваме, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во Владата на настанот на кој ја најави новата германско-белгиска инвестиција.

The post Ќе има ли во Вашинтон прва средба Мицкоски-Мицотакис? appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека доколку има средба со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис на претстојниот Самит на НАТО во Вашингтон, се надева дека ќе го задржат достоинството и дека ќе разговараат како партнери и како добри соседи.
-Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и како добри соседи, доколку дојде до таков разговор. Ако не дојде се надевам дека набргу ќе дојде, истакна Мицкоски во врска со престојниот Самит на НАТО во Вашингот и со изјавата на Мицотакис дека очекува од новиот премиер да го користи уставното име на земјата и за внатрешна и за надворешна употреба и дека конкретното прашање ќе го покрене и на претстојниот Самит.
Мицкоски истакна дека ставот на Владата е градење добри односи со сите соседи, но оти дека односи се двонасочна улица. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-tajfun-pominal-niz-drzhavava-izminatite-sedum-godini-se-e-unishteno-nedostasuvaat-2-5-milijardi-denari-od-budhetot/
-Нашиот став како Влада е дека сакаме да имаме добри односи со соседите, дека сакаме да градиме мостови за соработка, дека тоа за нас е двонасочна улица. Досега претпоставувам биле навикнати на еднонасочна улица, но сега сме ние политичари и Влада која што сака да водиме добрососедска двонасочна улица и така ќе продолжиме да се однесуваме, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во Владата на настанот на кој ја најави новата германско-белгиска инвестиција.

The post Ќе има ли во Вашинтон прва средба Мицкоски-Мицотакис? appeared first on Република.

]]>
Мицотакис: Грција ја чека опасно лето поради пожари, суша и ветрови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-grtsija-ja-cheka-opasno-leto-poradi-pozhari-susha-i-vetrovi/ Mon, 01 Jul 2024 12:06:22 +0000 https://republika.mk/?p=792421

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска на состанок со неговиот кабинет предупреди дека Грција ја чека опасно лето поради шумските пожари, продолжената суша и невообичаено силните ветрови кои придонесуваат за ширење на пожарот.

Имавме исклучително тежок јуни во однос на временските услови, со силна суша и невообичаено силен ветер за овој период од годината. Сакам да им се заблагодарам на сите што направија одлична работа во последните неколку дена, но и повторно да го свртам вниманието на сите нас на летото, за кое се предвидува дека ќе биде особено опасно“, рече Мицотакис, а пренесува порталот Катимерини.

Шумските пожари се вообичаени во Грција, а топлото, суво и ветровито време кое научниците го припишуваат на ефектите од климатските промени ја зголеми нивната фреквенција и интензитет. Само викендов десетици пожари избувнаа низ Грција, вклучително и два во близина на главниот град Атина.

Мицотакис рече дека во двата пожари изгореле околу 100.000 квадратни метри земјиште и оти штетата е ограничена поради брзата реакција на државната служба за вонредни состојби. Оваа година, како дел од подготовките за гаснење пожари, Грција ангажираше повеќе припадници на противпожарната служба и ги интензивираше процесите на професионална обука.

Сите заинтересирани ќе можат да ги поднесат своите кандидатури и да ги поминат задолжителните тестови и надвор од распоредот на редовните конкурси за прием на кандидати во противпожарната служба“, изјави грчкиот премиер.

The post Мицотакис: Грција ја чека опасно лето поради пожари, суша и ветрови appeared first on Република.

]]>

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска на состанок со неговиот кабинет предупреди дека Грција ја чека опасно лето поради шумските пожари, продолжената суша и невообичаено силните ветрови кои придонесуваат за ширење на пожарот.
Имавме исклучително тежок јуни во однос на временските услови, со силна суша и невообичаено силен ветер за овој период од годината. Сакам да им се заблагодарам на сите што направија одлична работа во последните неколку дена, но и повторно да го свртам вниманието на сите нас на летото, за кое се предвидува дека ќе биде особено опасно“, рече Мицотакис, а пренесува порталот Катимерини.
Шумските пожари се вообичаени во Грција, а топлото, суво и ветровито време кое научниците го припишуваат на ефектите од климатските промени ја зголеми нивната фреквенција и интензитет. Само викендов десетици пожари избувнаа низ Грција, вклучително и два во близина на главниот град Атина. Мицотакис рече дека во двата пожари изгореле околу 100.000 квадратни метри земјиште и оти штетата е ограничена поради брзата реакција на државната служба за вонредни состојби. Оваа година, како дел од подготовките за гаснење пожари, Грција ангажираше повеќе припадници на противпожарната служба и ги интензивираше процесите на професионална обука.
Сите заинтересирани ќе можат да ги поднесат своите кандидатури и да ги поминат задолжителните тестови и надвор од распоредот на редовните конкурси за прием на кандидати во противпожарната служба“, изјави грчкиот премиер.
 
The post Мицотакис: Грција ја чека опасно лето поради пожари, суша и ветрови appeared first on Република.

]]>
Mицотакис: Договорот од Преспа обезбеди едно име за севкупна употреба, а не двојна формула https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-dogovorot-od-prespa-obezbedi-edno-ime-za-sevkupna-upotreba-a-ne-dvojna-formula/ Thu, 20 Jun 2024 12:26:07 +0000 https://republika.mk/?p=789353

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за радиото „Реал фм“ го коментира ставот на мандатарот за формирање влада, Христијан Мицкоски, во врска со употребата на името Македонија.

„Премиерот на Cеверна Македонија, ако од моментот кога ќе ја презеде должноста, инсистира на оваа реторика, ќе се најде во многу непријатна позиција кога ќе се сретнеме на НАТО-самитот“, рече грчкиот премиер.

Тој додаде и дека договорот од Преспа обезбедил едно име за севкупна употреба, а не двојна формула, и го повтори ставот дека оспорувањето може да создаде проблеми во односите со Грција, со НАТО и ЕУ, но и дека прашањето ќе го иницира на НАТО-самтитот во првата половина на јули.

„Секако, ќе го иницирам и мислам дека ќе имам многу сојузници во овој обид. Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за такво прашање бидејќи ако земјата се стремеше кон двојно име, прашањето ќе беше затворено пред многу години. Скопје влезе во НАТО токму преку договорот, кој има свои проблеми, меѓутоа обезбеди едно име за сите и ако ова се оспори, тогаш да знае Cеверна Македонија дека ќе има големи проблеми не само во нејзините билатерални односи со Грција туку и во односите со НАТО и Европската Унија кон која има амбиција во некој момент да стане членка“, рече Мицотакис.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ima-shto-da-mu-kazhe-na-mitsotakis-na-nato-samitot/

The post Mицотакис: Договорот од Преспа обезбеди едно име за севкупна употреба, а не двојна формула appeared first on Република.

]]>

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за радиото „Реал фм“ го коментира ставот на мандатарот за формирање влада, Христијан Мицкоски, во врска со употребата на името Македонија. „Премиерот на Cеверна Македонија, ако од моментот кога ќе ја презеде должноста, инсистира на оваа реторика, ќе се најде во многу непријатна позиција кога ќе се сретнеме на НАТО-самитот“, рече грчкиот премиер. Тој додаде и дека договорот од Преспа обезбедил едно име за севкупна употреба, а не двојна формула, и го повтори ставот дека оспорувањето може да создаде проблеми во односите со Грција, со НАТО и ЕУ, но и дека прашањето ќе го иницира на НАТО-самтитот во првата половина на јули.
„Секако, ќе го иницирам и мислам дека ќе имам многу сојузници во овој обид. Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за такво прашање бидејќи ако земјата се стремеше кон двојно име, прашањето ќе беше затворено пред многу години. Скопје влезе во НАТО токму преку договорот, кој има свои проблеми, меѓутоа обезбеди едно име за сите и ако ова се оспори, тогаш да знае Cеверна Македонија дека ќе има големи проблеми не само во нејзините билатерални односи со Грција туку и во односите со НАТО и Европската Унија кон која има амбиција во некој момент да стане членка“, рече Мицотакис.
https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ima-shto-da-mu-kazhe-na-mitsotakis-na-nato-samitot/

The post Mицотакис: Договорот од Преспа обезбеди едно име за севкупна употреба, а не двојна формула appeared first on Република.

]]>
Мицотакис нема да присуствува на Меѓународната конференција на Ципрас и Заев https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-nema-da-prisustvuva-na-megunarodnata-konferentsija-na-tsipras-i-zaev/ Mon, 17 Jun 2024 12:01:53 +0000 https://republika.mk/?p=788414

Премиерот нема да присуствува на конкретната иницијатива, кусо одговори портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на новинарско прашање на денешниот брифинг со новинарите за тоа дали евентуално грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис би присуствувал на дводневната Меѓународна конференција што ја организираат „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Заев“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на вчерашната средба на претседателката Сиљановска Давкова со премиерот на Грција Киријакос Мицотакис на маргините на Самитот за мир во Швајцарија, владиниот портпарол рече дека „не постои нешто повеќе што можеме да кажеме“ и уште еднаш ги повтори грчките позиции во однос на нашата земја.

Многу пати ги имаме повторено нашите позиции и потребата и Македонија да го почитува она што е изгласано и ратификувано и покрај нашите искажани приговори кога имавме можност да го сториме тоа пред гласањето на Договорот од Преспа. Очекуваме да видиме опипливи потези и овде сме да ги коментираме, рече Маринакис.

Претседателката, вчера на Фејсбук објави дека имала средби за запознавање со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев.

Со нетрпение очекувам да се вклучиме во продуктивни дискусии со нив во корист на нашите држави и регионот. Мора да соработуваме и да ги подобриме меѓусоседските односи, напиша претседателката.

The post Мицотакис нема да присуствува на Меѓународната конференција на Ципрас и Заев appeared first on Република.

]]>

Премиерот нема да присуствува на конкретната иницијатива, кусо одговори портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на новинарско прашање на денешниот брифинг со новинарите за тоа дали евентуално грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис би присуствувал на дводневната Меѓународна конференција што ја организираат „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Заев“, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на вчерашната средба на претседателката Сиљановска Давкова со премиерот на Грција Киријакос Мицотакис на маргините на Самитот за мир во Швајцарија, владиниот портпарол рече дека „не постои нешто повеќе што можеме да кажеме“ и уште еднаш ги повтори грчките позиции во однос на нашата земја.
Многу пати ги имаме повторено нашите позиции и потребата и Македонија да го почитува она што е изгласано и ратификувано и покрај нашите искажани приговори кога имавме можност да го сториме тоа пред гласањето на Договорот од Преспа. Очекуваме да видиме опипливи потези и овде сме да ги коментираме, рече Маринакис.
Претседателката, вчера на Фејсбук објави дека имала средби за запознавање со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев.
Со нетрпение очекувам да се вклучиме во продуктивни дискусии со нив во корист на нашите држави и регионот. Мора да соработуваме и да ги подобриме меѓусоседските односи, напиша претседателката.

The post Мицотакис нема да присуствува на Меѓународната конференција на Ципрас и Заев appeared first on Република.

]]>
Мицотакис ги претстави главните приоритети на реконструираната Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-gi-pretstavi-glavnite-prioriteti-na-rekonstruiranata-vlada/ Sat, 15 Jun 2024 11:06:00 +0000 https://republika.mk/?p=787808

Справувањето со поскапувањата на цените, поефикасна држава, реструктурирање на примарниот сектор, подобро здравство и образование, би рекол дека сега стануваат наши пофокусирани приоритети, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, што се одржува со новиот состав по вчерашната реконструкција – јави дописничката на МИА од Атина.

Реконструкцијата дојде на само неколку дена по европските избори на кои владејачката Нова демократија, иако победи со 28,3 отсто, сепак не ја постигна поставената цел од 33 проценти добиени на евроизборите пред пет години.

На почетокот на владината седница, Мицотакис се осврна на изборните резултати, повтори дека граѓаните, на свој начин им испратиле порака „имаме доверба во вас, но потрудете се повеќе“.

– Всушност, ни побараа повеќе работа и помалку грешки, поголеми резултати и помалку доцнење на патот без лицемерни вртења десно, лево или кон центар, со правец само напред – истакна Мицотакис и додаде дека преку новиот владин состав испраќаат „колективна порака за динамичен рестарт“.

Тој говореше и за реформите, како „белег на секојдневието“ и начин да ги убедат дури и скептичните граѓани во намерите.

Се осврна и на политиката на ЕУ, рече дека следните пет години ќе бидат важни за конкурентноста на европската економија, за продолжување на строга, но фер миграциска политика, како и за поддршката на грчките бизниси.

– По Конференцијата за мир што се одржува за Украина, ќе бидам во Брисел и се надевам дека, како еден од двајцата преговарачи во име на Европската народна партија, ќе можеме брзо да се договориме за распределбата на одговорните позиции во раководството на европската пирамида. Мислам дека ова ќе отстрани дел од неизвесноста, што мислам дека не е добра за Европа, така што барем да го имаме гласањето за новата претседателка на Европската комисија, нашиот предлог ќе биде Урсула фон дер Лајен и оценувам дека ќе биде изгласана од Парламентот, а ова гласање да се заврши пред крајот на јули – рече Мицотакис.

По денешната владина седница, грчкиот премиер ќе замине за Швајцарија за да учествува на Конференцијата за мир во Украина.

The post Мицотакис ги претстави главните приоритети на реконструираната Влада appeared first on Република.

]]>

Справувањето со поскапувањата на цените, поефикасна држава, реструктурирање на примарниот сектор, подобро здравство и образование, би рекол дека сега стануваат наши пофокусирани приоритети, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, што се одржува со новиот состав по вчерашната реконструкција – јави дописничката на МИА од Атина. Реконструкцијата дојде на само неколку дена по европските избори на кои владејачката Нова демократија, иако победи со 28,3 отсто, сепак не ја постигна поставената цел од 33 проценти добиени на евроизборите пред пет години. На почетокот на владината седница, Мицотакис се осврна на изборните резултати, повтори дека граѓаните, на свој начин им испратиле порака „имаме доверба во вас, но потрудете се повеќе“. – Всушност, ни побараа повеќе работа и помалку грешки, поголеми резултати и помалку доцнење на патот без лицемерни вртења десно, лево или кон центар, со правец само напред – истакна Мицотакис и додаде дека преку новиот владин состав испраќаат „колективна порака за динамичен рестарт“. Тој говореше и за реформите, како „белег на секојдневието“ и начин да ги убедат дури и скептичните граѓани во намерите. Се осврна и на политиката на ЕУ, рече дека следните пет години ќе бидат важни за конкурентноста на европската економија, за продолжување на строга, но фер миграциска политика, како и за поддршката на грчките бизниси. – По Конференцијата за мир што се одржува за Украина, ќе бидам во Брисел и се надевам дека, како еден од двајцата преговарачи во име на Европската народна партија, ќе можеме брзо да се договориме за распределбата на одговорните позиции во раководството на европската пирамида. Мислам дека ова ќе отстрани дел од неизвесноста, што мислам дека не е добра за Европа, така што барем да го имаме гласањето за новата претседателка на Европската комисија, нашиот предлог ќе биде Урсула фон дер Лајен и оценувам дека ќе биде изгласана од Парламентот, а ова гласање да се заврши пред крајот на јули – рече Мицотакис. По денешната владина седница, грчкиот премиер ќе замине за Швајцарија за да учествува на Конференцијата за мир во Украина.  

The post Мицотакис ги претстави главните приоритети на реконструираната Влада appeared first on Република.

]]>
Мицотакис прави реконструкција на владата, откажана денешната владина седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-pravi-rekonstruktsija-na-vladata-otkazhana-deneshnata-vladina-sednitsa/ Fri, 14 Jun 2024 08:03:15 +0000 https://republika.mk/?p=787461

Претпладнево портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис ќе го соопшти новиот владин состав, како што информираа од Премиерската палата, а владината седница закажана за денеска во 11 часот е одложена, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изминатите денови сè погласни беа сценаријата дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис планира да направи реконструкција на Владата по европските избори во неделата, а Маринакис и на вчерашниот брифинг со новинарите уште еднаш повтори дека „реконструкцијата е ексклузивна привилегија на премиерот“.

Грчкиот премиер во интервјуто за телевизијата „Алфа“ во вторникот, категорично го отфрли прашањето за предвремени парламентарни избори во земјата, објаснувајќи дека актуелната Влада има „силно мнозинство и силен четиригодишен мандат“, а во однос на сценаријата за реконструкција на Владата во следните денови, Мицотакис посочи дека планираната и закажана владина седница в петок „ќе биде со актуелниот состав“.

Денешната владина седница од вчера беше официјално соопштена од кабинетот на Мицотакис, а утрово информираа дека во тек е реконструкција и се одложува.

The post Мицотакис прави реконструкција на владата, откажана денешната владина седница appeared first on Република.

]]>

Претпладнево портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис ќе го соопшти новиот владин состав, како што информираа од Премиерската палата, а владината седница закажана за денеска во 11 часот е одложена, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатите денови сè погласни беа сценаријата дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис планира да направи реконструкција на Владата по европските избори во неделата, а Маринакис и на вчерашниот брифинг со новинарите уште еднаш повтори дека „реконструкцијата е ексклузивна привилегија на премиерот“. Грчкиот премиер во интервјуто за телевизијата „Алфа“ во вторникот, категорично го отфрли прашањето за предвремени парламентарни избори во земјата, објаснувајќи дека актуелната Влада има „силно мнозинство и силен четиригодишен мандат“, а во однос на сценаријата за реконструкција на Владата во следните денови, Мицотакис посочи дека планираната и закажана владина седница в петок „ќе биде со актуелниот состав“. Денешната владина седница од вчера беше официјално соопштена од кабинетот на Мицотакис, а утрово информираа дека во тек е реконструкција и се одложува.

The post Мицотакис прави реконструкција на владата, откажана денешната владина седница appeared first on Република.

]]>
Неа демократија победи на евроизборите, ама Мицотакис не е задоволен https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nea-demokratija-pobedi-na-evroizborite-ama-mitsotakis-ne-e-zadovolen/ Mon, 10 Jun 2024 06:42:02 +0000 https://republika.mk/?p=786028

Со 28,3 отсто од гласовите и седум места во Европскиот Парламент, владејачката Нова демократија победи на вчерашните евроизбори во Грција, меѓутоа актуелниот грчки премиер коментираше дека партијата не ја постигна поставената цел, со оглед на тоа што целта беше резултатот од претходните евроизбори, односно 33 отсто, јави дописничката на МИА од Атина.

Според конечните резултати од Министерството за внатрешни работи, надлежно за изборниот процес, СИРИЗА е на втората позиција со 14,92 отсто и четири пратенички места, а ПАСОК на третата со 12,79 проценти и тројца европратеници.

Грција гласаше за 21 европратеник, а вкупно осум партии успеаја да го поминат изборниот праг од три отсто, неопходни за да обезбедат место во Европскиот Парламент.

Согласно официјалните резултати: 

Нова демократија добива 28,31 отсто и седум европратеници

СИРИЗА 14,92 отсто и четворица

ПАСОК 12,79 отсто и тројца европратеници

Грчко решение од 9,30 отсто и двајца европратеници

Комунистичка партија 9,25 отсто и двајца европратеници

Победа 4,37 отсто и еден европратеник

Курс на слободата 3,40 отсто и еден европратеник

Глас на логиката 3,04 проценти и еден европратеник

Од осумте партии, три се радикално десничарски (Грчко решение, Победа и Глас на логиката) подесно ориентирани во однос на Нова демократија и добија нешто помалку од 17 отсто од гласовите.

Доколку се анализираат резултатите од ланските парламентарни избори и евроизборите пред пет години, Нова демократија и СИРИЗА денеска добија помала поддршка, додека пак радикално десничарската Грчко решение е четврта политичка сила во Грција.

На европските избори во 2019 година Нова демократија доби 33 отсто од гласовите и осум европратеници, СИРИЗА беше втора со 23,75 проценти и шест пратенички места, ПАСОК, Комунистичката партија и Златна зора имаа по двајца европратеници, а Грчко решение еден претставник во Европскиот Парламент.

На ланските парламентарни избори, Нова демократија освои 40,56 отсто, СИРИЗА доби 17,83 проценти, а ПАСОК 11,84 проценти.

За разлика од лани, кога картата на Грција со резултатите од парламентарните избори беше целосно сина, а Нова демократија беше убедлив победник во сите 13 периферии овој пат, загуби четири од нив, во североисточниот дел на земјата, во Ксанти и Родопи победи локалната Партија на пријателство, еднаквост и мир, што ги претставува интересите на муслиманите во Грција, додека пак во два од четири региони на Крит, победи ПАСОК.

Излезноста на избоите беше особено мала, гласаа 41,39 отсто од гласачите.

Грчкиот премиер и претседател на Нова демократија Киријакос Мицотакис за резултатот од европските избори, доцна синоќа рече дека не ја постигнале целта, иако убедливо победија и тоа „со процент, поголем од збирот на втората и третата партија“, но и дека пораката од граѓаните била „имаме доверба во вас, но потрудете се повеќе“.

-Нема да ја скријам вистината: нашата партија не ја постигна целта што ја поставивме. Ниту ме интересираат аргументи дека разликата од втората партија е најголема во историјата на европските избори. Од самиот почеток знаевме дека овие избори ќе бидат многу тешки. Граѓаните кои не поддржаа во 2023 година знаеја дека сега не се избира Влада и можеби поинаку се соочија со оваа битка. Предизборно, и покрај моите напори, недостигаше суштинско размислување за иднината на Европа и за позицијата на нашата земја во неа, рече Мицотакис.

Додаде дека на земјата ѝ претстојат три години без избори, истакнувајќи дека како што Грција во 2024 година е многу подобра споредбено со 2019 година, „така во 2027 година ќе биде многу подобра од денес“.

Лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис истакна дека по ланскиот пораз, сега партијата успеа, разликата со Нова демократија од 23 да ја намали на 13 отсто.

-Грчкиот народ јасно ми даде време да изградам алтернативен владин предлог. Знам и целосно ја сфаќам важноста на оваа одговорност и токму тоа ќе го направам, како што кажавме и предизборно. Продолжуваме, се модернизираме, ќе поставиме лулки на знаење и понуда и ќе го инспирираме светот. А ова движење, кое и покрај неповолните услови издржа, отсега може да оди само нагоре. И јас сум многу горд за сите вас, рече Каселакис.

Претседателот на ПАСОК, третата партија во Грција, Никос Андрулакис рече дека „неизлезноста и подемот на радикалната десница се двете силни пораки од изборите“, посочи дека Нова демократија претрпе тежок пораз, губејќи 14 отсто од националните избори и пет од европските.

- Ароганцијата, неотчетноста и корупцијата беа казнети. Наша должност е динамично да продолжиме со сериозната, кредибилна опозициска политика за конечно да го отвориме патот за прогресивна влада, рече Андрулакис.

The post Неа демократија победи на евроизборите, ама Мицотакис не е задоволен appeared first on Република.

]]>

Со 28,3 отсто од гласовите и седум места во Европскиот Парламент, владејачката Нова демократија победи на вчерашните евроизбори во Грција, меѓутоа актуелниот грчки премиер коментираше дека партијата не ја постигна поставената цел, со оглед на тоа што целта беше резултатот од претходните евроизбори, односно 33 отсто, јави дописничката на МИА од Атина. Според конечните резултати од Министерството за внатрешни работи, надлежно за изборниот процес, СИРИЗА е на втората позиција со 14,92 отсто и четири пратенички места, а ПАСОК на третата со 12,79 проценти и тројца европратеници. Грција гласаше за 21 европратеник, а вкупно осум партии успеаја да го поминат изборниот праг од три отсто, неопходни за да обезбедат место во Европскиот Парламент. Согласно официјалните резултати:  Нова демократија добива 28,31 отсто и седум европратеници СИРИЗА 14,92 отсто и четворица ПАСОК 12,79 отсто и тројца европратеници Грчко решение од 9,30 отсто и двајца европратеници Комунистичка партија 9,25 отсто и двајца европратеници Победа 4,37 отсто и еден европратеник Курс на слободата 3,40 отсто и еден европратеник Глас на логиката 3,04 проценти и еден европратеник Од осумте партии, три се радикално десничарски (Грчко решение, Победа и Глас на логиката) подесно ориентирани во однос на Нова демократија и добија нешто помалку од 17 отсто од гласовите. Доколку се анализираат резултатите од ланските парламентарни избори и евроизборите пред пет години, Нова демократија и СИРИЗА денеска добија помала поддршка, додека пак радикално десничарската Грчко решение е четврта политичка сила во Грција. На европските избори во 2019 година Нова демократија доби 33 отсто од гласовите и осум европратеници, СИРИЗА беше втора со 23,75 проценти и шест пратенички места, ПАСОК, Комунистичката партија и Златна зора имаа по двајца европратеници, а Грчко решение еден претставник во Европскиот Парламент. На ланските парламентарни избори, Нова демократија освои 40,56 отсто, СИРИЗА доби 17,83 проценти, а ПАСОК 11,84 проценти. За разлика од лани, кога картата на Грција со резултатите од парламентарните избори беше целосно сина, а Нова демократија беше убедлив победник во сите 13 периферии овој пат, загуби четири од нив, во североисточниот дел на земјата, во Ксанти и Родопи победи локалната Партија на пријателство, еднаквост и мир, што ги претставува интересите на муслиманите во Грција, додека пак во два од четири региони на Крит, победи ПАСОК. Излезноста на избоите беше особено мала, гласаа 41,39 отсто од гласачите. Грчкиот премиер и претседател на Нова демократија Киријакос Мицотакис за резултатот од европските избори, доцна синоќа рече дека не ја постигнале целта, иако убедливо победија и тоа „со процент, поголем од збирот на втората и третата партија“, но и дека пораката од граѓаните била „имаме доверба во вас, но потрудете се повеќе“. -Нема да ја скријам вистината: нашата партија не ја постигна целта што ја поставивме. Ниту ме интересираат аргументи дека разликата од втората партија е најголема во историјата на европските избори. Од самиот почеток знаевме дека овие избори ќе бидат многу тешки. Граѓаните кои не поддржаа во 2023 година знаеја дека сега не се избира Влада и можеби поинаку се соочија со оваа битка. Предизборно, и покрај моите напори, недостигаше суштинско размислување за иднината на Европа и за позицијата на нашата земја во неа, рече Мицотакис. Додаде дека на земјата ѝ претстојат три години без избори, истакнувајќи дека како што Грција во 2024 година е многу подобра споредбено со 2019 година, „така во 2027 година ќе биде многу подобра од денес“. Лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис истакна дека по ланскиот пораз, сега партијата успеа, разликата со Нова демократија од 23 да ја намали на 13 отсто. -Грчкиот народ јасно ми даде време да изградам алтернативен владин предлог. Знам и целосно ја сфаќам важноста на оваа одговорност и токму тоа ќе го направам, како што кажавме и предизборно. Продолжуваме, се модернизираме, ќе поставиме лулки на знаење и понуда и ќе го инспирираме светот. А ова движење, кое и покрај неповолните услови издржа, отсега може да оди само нагоре. И јас сум многу горд за сите вас, рече Каселакис. Претседателот на ПАСОК, третата партија во Грција, Никос Андрулакис рече дека „неизлезноста и подемот на радикалната десница се двете силни пораки од изборите“, посочи дека Нова демократија претрпе тежок пораз, губејќи 14 отсто од националните избори и пет од европските. - Ароганцијата, неотчетноста и корупцијата беа казнети. Наша должност е динамично да продолжиме со сериозната, кредибилна опозициска политика за конечно да го отвориме патот за прогресивна влада, рече Андрулакис.

The post Неа демократија победи на евроизборите, ама Мицотакис не е задоволен appeared first on Република.

]]>
Mицотакис: Договорот од Преспа е лош договор, меморандумите немаме намера да ги изгласаме https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-dogovorot-od-prespa-e-losh-dogovor-memorandumite-nemama-namera-da-gi-izglasame/ Sun, 26 May 2024 11:41:11 +0000 https://republika.mk/?p=781803

Македонија, како и Албанија, може само да добие од добрите односи со Грција. Во спротивно, европскиот пат на двете земји минува низ Атина. И таму ќе наиде на проблеми, посочува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за весникот „Реал њуз.

Во деталното и опширно интервју во неделниот весник, Мицотакис говори за евроизборите, за внатрешната и надворешната политика, како и за односите за нашата земја и порачува дека меморандумите нема да ги донесат на гласање, но и дека очекуваат од новата Влада „да ја почитува меѓународната законитост, како и нејзиниот потпис“.

-Незаконитостите на Скопје во однос на името на земјата произлегуваат и од фактот што Договорот од Преспа беше лош договор. Предупредив во Парламентот дека е проблематичен за интересите на Грција, давајќи им националност и јазик на соседите. Уште тогаш, кога гласавме против, истакнав дека ќе го најдеме пред нас. Но и дека штом се изгласа треба да го спроведеме. Сега доаѓа СИРИЗА, како и обично, да ги рециклира познатите лаги дека наводно сме кажале дека кога ќе станеме Влада, нема да го спроведеме. Не знаеја кого обврзува нивниот потпис?, вели Мицотакис.

Грчкиот премиер коментира дека опозициската партија, „со уште поголема политичка несериозност“ предлага, во овој конкретен временски момент – да се ратификуваат меморандумите.

- Односно да го предадеме целото наше преговарачко оружје. Нешто што другата страна воопшто не го ни бара. Секако дека меморандумите нема да ги донесеме на гласање. Но, ќе чекаме новата Влада да ја почитува меѓународната законитост, како и нејзиниот потпис, потенцира Мицотакис

The post Mицотакис: Договорот од Преспа е лош договор, меморандумите немаме намера да ги изгласаме appeared first on Република.

]]>

Македонија, како и Албанија, може само да добие од добрите односи со Грција. Во спротивно, европскиот пат на двете земји минува низ Атина. И таму ќе наиде на проблеми, посочува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за весникот „Реал њуз. Во деталното и опширно интервју во неделниот весник, Мицотакис говори за евроизборите, за внатрешната и надворешната политика, како и за односите за нашата земја и порачува дека меморандумите нема да ги донесат на гласање, но и дека очекуваат од новата Влада „да ја почитува меѓународната законитост, како и нејзиниот потпис“.
-Незаконитостите на Скопје во однос на името на земјата произлегуваат и од фактот што Договорот од Преспа беше лош договор. Предупредив во Парламентот дека е проблематичен за интересите на Грција, давајќи им националност и јазик на соседите. Уште тогаш, кога гласавме против, истакнав дека ќе го најдеме пред нас. Но и дека штом се изгласа треба да го спроведеме. Сега доаѓа СИРИЗА, како и обично, да ги рециклира познатите лаги дека наводно сме кажале дека кога ќе станеме Влада, нема да го спроведеме. Не знаеја кого обврзува нивниот потпис?, вели Мицотакис.
Грчкиот премиер коментира дека опозициската партија, „со уште поголема политичка несериозност“ предлага, во овој конкретен временски момент – да се ратификуваат меморандумите.
- Односно да го предадеме целото наше преговарачко оружје. Нешто што другата страна воопшто не го ни бара. Секако дека меморандумите нема да ги донесеме на гласање. Но, ќе чекаме новата Влада да ја почитува меѓународната законитост, како и нејзиниот потпис, потенцира Мицотакис

The post Mицотакис: Договорот од Преспа е лош договор, меморандумите немаме намера да ги изгласаме appeared first on Република.

]]>
Фамелос: Мицотакис бара соседната земја да го почитува Договорот, па оди низ Грција и вели дека тој е лош https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/famelos-mitsotakis-bara-sosednata-zemja-da-go-pochituva-dogovorot-pa-odi-niz-grtsija-i-veli-deka-toj-e-losh/ Fri, 24 May 2024 15:48:49 +0000 https://republika.mk/?p=781455

Земјата треба да го продлабочи Договорот од Преспа, бидејќи тоа им служи на националните интереси и на мирот, истакна од Парламентот, претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос и посочи дека ратификацијата на трите меморандуми, ќе ја унапредеше соработката, јави дописничката на МИА од Атина.

Иако инфлацијата и поскапувањата на цените е главната тема на денешната расправа во Парламентот на ниво на лидери на партии, Фамелос се осврна и на надворешната политика, акцентот ставајќи го на Договорот од Преспа и ставот на актуелната грчка Влада.

За Cеверна Македонија, јасно да ви кажам дека е проблематично, нашите сојузници и меѓународните партнери да го слушаат премиерот да вели: ја повикувам Владата на соседната земја да го имплементира Договорот, а во внатрешноста на земјата истите партнери да слушаат премиерот и функционерите да велат дека е негативен Договорот, посочи Фамелос.

Дополнително потенцираше дека тие од прв момент го осудиле „прекршувањето на уставното име, усно од претседателката и премиерот на Македонија“.

Јасно бараме почитување на Договорот. Земјата треба да го продлабочи Договорот од Преспа, бидејќи тоа им служи на националните интереси и на мирот. Но, избор на господинот Мицотакис беше да остави празен простор за да постои иредентизам, за да постои отстапка и ова го направи затоа што ѝ даде зелена карта на сестринската партија на Нова демократија да произведува иредентизам, бидејќи ВМРО е сестринска партија на Нова демократија, рече Фамелос.

Во однос на трите меморандуми кои СИРИЗА повторно ги достави во Парламентот истакна дека „ратификацијата ќе ја унапредеше соработката, а ќе имаше напредок и во прашањата што за учебниците, таблите, трговските имиња‘

Паралелно побара одговор од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дали ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес.

Во воведниот извештај на трите меморандуми што ги доставивме, министрите на Нова Демократија во 2020 година со нивните имиња потпишуваат фраза што вели „ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес“. Прашувам, лажни се потписите или се од национален интерес, но ги замрзнувате сега? Бидејќи постојат потписи, на десетина ваши министри, истакна претседателот на пратеничката група на СИРИЗА.

The post Фамелос: Мицотакис бара соседната земја да го почитува Договорот, па оди низ Грција и вели дека тој е лош appeared first on Република.

]]>

Земјата треба да го продлабочи Договорот од Преспа, бидејќи тоа им служи на националните интереси и на мирот, истакна од Парламентот, претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос и посочи дека ратификацијата на трите меморандуми, ќе ја унапредеше соработката, јави дописничката на МИА од Атина. Иако инфлацијата и поскапувањата на цените е главната тема на денешната расправа во Парламентот на ниво на лидери на партии, Фамелос се осврна и на надворешната политика, акцентот ставајќи го на Договорот од Преспа и ставот на актуелната грчка Влада.
За Cеверна Македонија, јасно да ви кажам дека е проблематично, нашите сојузници и меѓународните партнери да го слушаат премиерот да вели: ја повикувам Владата на соседната земја да го имплементира Договорот, а во внатрешноста на земјата истите партнери да слушаат премиерот и функционерите да велат дека е негативен Договорот, посочи Фамелос.
Дополнително потенцираше дека тие од прв момент го осудиле „прекршувањето на уставното име, усно од претседателката и премиерот на Македонија“.
Јасно бараме почитување на Договорот. Земјата треба да го продлабочи Договорот од Преспа, бидејќи тоа им служи на националните интереси и на мирот. Но, избор на господинот Мицотакис беше да остави празен простор за да постои иредентизам, за да постои отстапка и ова го направи затоа што ѝ даде зелена карта на сестринската партија на Нова демократија да произведува иредентизам, бидејќи ВМРО е сестринска партија на Нова демократија, рече Фамелос.
Во однос на трите меморандуми кои СИРИЗА повторно ги достави во Парламентот истакна дека „ратификацијата ќе ја унапредеше соработката, а ќе имаше напредок и во прашањата што за учебниците, таблите, трговските имиња‘ Паралелно побара одговор од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дали ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес.
Во воведниот извештај на трите меморандуми што ги доставивме, министрите на Нова Демократија во 2020 година со нивните имиња потпишуваат фраза што вели „ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес“. Прашувам, лажни се потписите или се од национален интерес, но ги замрзнувате сега? Бидејќи постојат потписи, на десетина ваши министри, истакна претседателот на пратеничката група на СИРИЗА.

The post Фамелос: Мицотакис бара соседната земја да го почитува Договорот, па оди низ Грција и вели дека тој е лош appeared first on Република.

]]>
Каселакис: Мицотакис е пресреќен што Договорот од Преспа беше постигнат пред тој да ја презеде власта https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kaselakis-mitsotakis-e-presreken-shto-dogovorot-od-prespa-beshe-postignat-pred-toj-da-ja-prezede-vlasta/ Thu, 23 May 2024 08:20:10 +0000 https://republika.mk/?p=781020

Протоколите се позитивни за Грција и од геополитички причини и од економски-развојни причини и добро е да се ратификуваат, истакна лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис во интервјуто за грчката телевизија „Action24“, говорејќи за трите меморандуми со Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на главната грчка опозициска партија истакна дека прашањето е зошто актуелната Влада чекаше толку години за ратификација и посочи дека тие нема да го решат „проблемот што го создаде Нова демократија“.

Истакна дека предизборно, во 2019 година Нова демократија беше против Договорот, а сега не кажува јасно дали е корисен или штетен за Грција.

Сега испраќа збунувачка порака и не разбираме дали е „за“ или „против“ договорот. Еден договор, особено со таков углед и опсег, или е корисен или е штетен за нашата земја. Не може да биде нешто на средина, посочи Каселакис.

Паралелно потенцираше дека „ако е корисен за земјата нека го каже тоа премиерот“.

Премиерот не ви ја кажува вистината, премиерот не ја кажува вистината за овој Договор. Сигурен сум дека самиот е многу среќен што овој договор беше постигнат пред тој да ја презеде власта, порача Каселакис.

The post Каселакис: Мицотакис е пресреќен што Договорот од Преспа беше постигнат пред тој да ја презеде власта appeared first on Република.

]]>

Протоколите се позитивни за Грција и од геополитички причини и од економски-развојни причини и добро е да се ратификуваат, истакна лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис во интервјуто за грчката телевизија „Action24“, говорејќи за трите меморандуми со Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на главната грчка опозициска партија истакна дека прашањето е зошто актуелната Влада чекаше толку години за ратификација и посочи дека тие нема да го решат „проблемот што го создаде Нова демократија“. Истакна дека предизборно, во 2019 година Нова демократија беше против Договорот, а сега не кажува јасно дали е корисен или штетен за Грција.