кирјакоц мицотакис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kirjakoc-micotakis/ За подобро да се разбереме Thu, 30 Mar 2023 13:50:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кирјакоц мицотакис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kirjakoc-micotakis/ 32 32 Мицотакис: Со или без европски пари, оградата кај Еврос ќе биде изградена https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-so-ili-bez-evropski-pari-ogradata-kaj-evros-ke-bide-izgradena/ Thu, 30 Mar 2023 13:50:10 +0000 https://republika.mk/?p=625520

Со или без европски пари, изградбата на оградата кај Еврос ќе биде завршена, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговата денешна посета на атинска населба.

Мицотакис се осврна на изградбата на оградата на грчко- турската копнена граница, бидејќи, како што рече, европратеник од СИРИЗА, во ЕП поддржал амандман со кој се бара Европската Комисија да не ја финансира изградбата.

Европратеникот од СИРИЗА и потпретседател на Европскиот Парламент Димитрис Пападимулис вчера соопшти дека по изгласаниот амандман од неколку партии, ЕП кажал „гласно „не“ за обидот на одредени европски Влади, меѓу кои и на Грција, Австрија и Италија, да користат европски фондови за изградба на огради на надворешните граници на Унијата“.

Грчкиот премиер, како што самиот најави утре ќе биде во областа Еврос и ќе го попише договорот за проширување на оградата.

Министерот за цивилна заштита на Грција Такис Теодорикакос во интервјуто за телевизијата „Скај“, утрово истакна дека договорот е за изградба на дополнителни 35 километри и чини 100 милиони евра, износ веќе предвиден во државниот буџет.

Теодорикакос потенцираше дека завршувањето на изградбата на оградата во должина од 140 километри е „јасна одлука на премиерот“ и објасни дека веќе се завршени 37,5 километри.

The post Мицотакис: Со или без европски пари, оградата кај Еврос ќе биде изградена appeared first on Република.

]]>

Со или без европски пари, изградбата на оградата кај Еврос ќе биде завршена, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговата денешна посета на атинска населба. Мицотакис се осврна на изградбата на оградата на грчко- турската копнена граница, бидејќи, како што рече, европратеник од СИРИЗА, во ЕП поддржал амандман со кој се бара Европската Комисија да не ја финансира изградбата. Европратеникот од СИРИЗА и потпретседател на Европскиот Парламент Димитрис Пападимулис вчера соопшти дека по изгласаниот амандман од неколку партии, ЕП кажал „гласно „не“ за обидот на одредени европски Влади, меѓу кои и на Грција, Австрија и Италија, да користат европски фондови за изградба на огради на надворешните граници на Унијата“. Грчкиот премиер, како што самиот најави утре ќе биде во областа Еврос и ќе го попише договорот за проширување на оградата. Министерот за цивилна заштита на Грција Такис Теодорикакос во интервјуто за телевизијата „Скај“, утрово истакна дека договорот е за изградба на дополнителни 35 километри и чини 100 милиони евра, износ веќе предвиден во државниот буџет. Теодорикакос потенцираше дека завршувањето на изградбата на оградата во должина од 140 километри е „јасна одлука на премиерот“ и објасни дека веќе се завршени 37,5 километри.

The post Мицотакис: Со или без европски пари, оградата кај Еврос ќе биде изградена appeared first on Република.

]]>
Мицотакис: Грција е подготвена да ја поддржи Македонија во овие тешки времиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/micotakis-grcija-e-podgotvena-da-ja-poddrzi-makedonija-vo-ovie-teshki-vreminja/ Tue, 13 Sep 2022 13:36:24 +0000 https://republika.mk/?p=550443

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата со премиерот Димитар Ковачевски истакнал дека Грција е подготвена да ја поддржи Македонија во овие тешки времиња и може да придонесе во диверзификација на енергетските извори и зајакнување на поврзаноста, информираат од кабинетот на Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, двајцата лидери ја потврдиле нивната волја за продлабочување на билатералните односи, а акцентот бил ставен на енергетската криза.

-Двајцата лидери разговараа за перспективите на повеќестепената соработка во енергетската област, особено во инфраструктурата, како и за потребата за диверзификација на енергетските извори и зајакнување на поврзаноста. Премиерот истакна дека Грција може да придонесе во оваа насока поради инфраструктурите што се развиваат на енергетската мапа и нејзината позиција во корист на енергетската безбедност на регионот, истакнувајќи ја на овој начин лидерската улога во Југоисточна Европа, информираат од кабинетот на Мицотакис.

Дополнително, Мицотакис му честитал на Ковачевски за неодамнешното свикување на првата Меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ и ја потврдил поддршката на Грција на пристапниот пат на земјата „врз основа на поставените критериуми, почитувањето на добрососедските односи и целосно и доследно спроведување на Договорот од Преспа, како дел од пристапниот процес“.

Мицотакис во почетокот на средбата истакна дека денеска имаат многу работи за кои ќе разговараат, ја повтори грчката поддршка за патот на Македонија кон ЕУ, но и во однос на енергетската криза.

-Би сакал да повторам дека Грција е подготвена да ја поддржи Македонија во овие толку тешки времиња. И верувам дека е во взаемен интерес остварување на инвестиции на грчки компании во Македонија со цел да ги поврземе нашите инфраструктури на таков начин што ќе доведе до зголемување на енергетските врски меѓу нашите земји, порача грчкиот премиер во дијалогот на почетокот на средбата со Ковачевски.

Премиерот Ковачевски рече дека „многу сме подготвени за зимата, но особен интерес за нас имаат тесните врски со Грција, особено во однос на снабдување со материјали, производство на електрична енергија за да продолжат да работат во зимото и пролетта“.

-Исто така, да продолжат успешните грчки инвестиции во Македонија, особено во енергетскиот сектор. Знаете и нашиот народ знае дека веќе донесовме одлуката да учествуваме во проектот за терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александруполи. Во исто време, во тек се студии за интерконекцијата со Грција, што ќе ѝ даде можност на мојата земја да ги диверзифицира своите извори на енергија. Дополнително, новите енергетски капацитети за покривање на идните потреби на Македонија се поддржани во многу голема мера од грчки инвеститори. И како што гледаме сега, во фаза на подготовка се инвестиции во вредност од една милијарда во енергетскиот сектор се на цевковод. Затоа, како две соседни земји, верувам дека можеме да бидеме пример за добрососедски односи, не само во регионот, туку и во цела Европа, истакна премиерот Ковачевски на почетокот на средбата со неговиот грчки колега во Атина

The post Мицотакис: Грција е подготвена да ја поддржи Македонија во овие тешки времиња appeared first on Република.

]]>

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата со премиерот Димитар Ковачевски истакнал дека Грција е подготвена да ја поддржи Македонија во овие тешки времиња и може да придонесе во диверзификација на енергетските извори и зајакнување на поврзаноста, информираат од кабинетот на Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, двајцата лидери ја потврдиле нивната волја за продлабочување на билатералните односи, а акцентот бил ставен на енергетската криза. -Двајцата лидери разговараа за перспективите на повеќестепената соработка во енергетската област, особено во инфраструктурата, како и за потребата за диверзификација на енергетските извори и зајакнување на поврзаноста. Премиерот истакна дека Грција може да придонесе во оваа насока поради инфраструктурите што се развиваат на енергетската мапа и нејзината позиција во корист на енергетската безбедност на регионот, истакнувајќи ја на овој начин лидерската улога во Југоисточна Европа, информираат од кабинетот на Мицотакис. Дополнително, Мицотакис му честитал на Ковачевски за неодамнешното свикување на првата Меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ и ја потврдил поддршката на Грција на пристапниот пат на земјата „врз основа на поставените критериуми, почитувањето на добрососедските односи и целосно и доследно спроведување на Договорот од Преспа, како дел од пристапниот процес“. Мицотакис во почетокот на средбата истакна дека денеска имаат многу работи за кои ќе разговараат, ја повтори грчката поддршка за патот на Македонија кон ЕУ, но и во однос на енергетската криза. -Би сакал да повторам дека Грција е подготвена да ја поддржи Македонија во овие толку тешки времиња. И верувам дека е во взаемен интерес остварување на инвестиции на грчки компании во Македонија со цел да ги поврземе нашите инфраструктури на таков начин што ќе доведе до зголемување на енергетските врски меѓу нашите земји, порача грчкиот премиер во дијалогот на почетокот на средбата со Ковачевски. Премиерот Ковачевски рече дека „многу сме подготвени за зимата, но особен интерес за нас имаат тесните врски со Грција, особено во однос на снабдување со материјали, производство на електрична енергија за да продолжат да работат во зимото и пролетта“. -Исто така, да продолжат успешните грчки инвестиции во Македонија, особено во енергетскиот сектор. Знаете и нашиот народ знае дека веќе донесовме одлуката да учествуваме во проектот за терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александруполи. Во исто време, во тек се студии за интерконекцијата со Грција, што ќе ѝ даде можност на мојата земја да ги диверзифицира своите извори на енергија. Дополнително, новите енергетски капацитети за покривање на идните потреби на Македонија се поддржани во многу голема мера од грчки инвеститори. И како што гледаме сега, во фаза на подготовка се инвестиции во вредност од една милијарда во енергетскиот сектор се на цевковод. Затоа, како две соседни земји, верувам дека можеме да бидеме пример за добрососедски односи, не само во регионот, туку и во цела Европа, истакна премиерот Ковачевски на почетокот на средбата со неговиот грчки колега во Атина

The post Мицотакис: Грција е подготвена да ја поддржи Македонија во овие тешки времиња appeared first on Република.

]]>
За него не постои: Ердоган веќе никогаш нема да се сретне со Мицотакис https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/za-nego-ne-postoi-erdogan-vekje-nikogash-nema-da-se-sretne-so-micotakis/ Mon, 23 May 2022 19:27:32 +0000 https://republika.mk/?p=506142

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави рече дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис повеќе не постои за него по забелешките и критиките на последниот кон Турција за време на неговата неодамнешна посета на САД.

Во телевизиско обраќање по состанокот на владата, Ердоган рече дека Мицотакис зборувал против Турција и побарал од Конгресот на САД да не дозволи борбени авиони Ф-16 да и се продаваат на Турција.

-И покрај тоа, минатата недела тој ги посети САД и зборуваше во Конгресот и ги предупреди да не ни даваат Ф-16, истакна тој.

– Тој веќе постои за мене. Никогаш нема да се согласам да се сретнам со него. Ќе продолжиме напред со чесни политичари. Ердоган, додаде дека состанокот на Стратешкиот совет планиран да се одржи наскоро со Грција повеќе нема да се одржува.

Администрацијата на Џо Бајден бара од Конгресот да ја одобри продажбата.

За време на неговата посета на Вашингтон минатата недела, Мицотакис предупреди на заедничката седница на Конгресот против поддршката на предложената воена продажба на Бајден на Турција, тврдејќи дека таквиот потег може да создаде дополнителна нестабилност во регионот

The post За него не постои: Ердоган веќе никогаш нема да се сретне со Мицотакис appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави рече дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис повеќе не постои за него по забелешките и критиките на последниот кон Турција за време на неговата неодамнешна посета на САД. Во телевизиско обраќање по состанокот на владата, Ердоган рече дека Мицотакис зборувал против Турција и побарал од Конгресот на САД да не дозволи борбени авиони Ф-16 да и се продаваат на Турција. -И покрај тоа, минатата недела тој ги посети САД и зборуваше во Конгресот и ги предупреди да не ни даваат Ф-16, истакна тој.
– Тој веќе постои за мене. Никогаш нема да се согласам да се сретнам со него. Ќе продолжиме напред со чесни политичари. Ердоган, додаде дека состанокот на Стратешкиот совет планиран да се одржи наскоро со Грција повеќе нема да се одржува.
Администрацијата на Џо Бајден бара од Конгресот да ја одобри продажбата. За време на неговата посета на Вашингтон минатата недела, Мицотакис предупреди на заедничката седница на Конгресот против поддршката на предложената воена продажба на Бајден на Турција, тврдејќи дека таквиот потег може да создаде дополнителна нестабилност во регионот

The post За него не постои: Ердоган веќе никогаш нема да се сретне со Мицотакис appeared first on Република.

]]>
Од утре во Грција стапува на сила задолжителна вакцинација на граѓаните над 60 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/od-utre-vo-grcija-stapuva-na-sila-zadolzitelna-vakcinacija-na-gragjanite-nad-60-godini/ Sat, 15 Jan 2022 07:44:29 +0000 https://republika.mk/?p=444813

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во интервју за грчката телевизија „Антена“, во врска со пандемијата изјави дека постои умерен оптимизам за омикрон сојот. Мицотакис објасни дека по брзото зголемување на новозаразените на крајот од минатиот месец сега постои деескалација, а податоците покажуваат дека новата варијанта „горе-долу наликува на летна бура: висок интензитет, брзо се интензивира, но и брзо заминува“.

Со оглед на тоа, од 16 јануари стапува во сила одлуката за задолжителна вакцинација на граѓаните над 60 години, Мицотакис изјави дека засега, Владата нема намера да ја прошири задолжителната вакцинација и на други категории, но и уште еднаш повтори дека целосно вакциниран се смета оној кој ја примил и бустер дозата.

За некој да биде целосно вакциниран, треба да има примено три дози. И ова веќе е и законски регулирано. Не се смета за целосно вакциниран оној кој седум месеци по втората доза не примил третата. Па така не ги ужива сите привилегии, слободата што ја придружува сертификатот за вакцинација - објасни грчкиот премиер.

Тој додаде дека проценката на експертите е дека во одреден момент пандемијата ќе стане ендемична, а можеби тоа да се случи и со омикрон сојот. Дополнително, Мицотакис во интервјуто, уште еднаш ги отфрли сценаријата за воведување целосен карантин во земјата.

The post Од утре во Грција стапува на сила задолжителна вакцинација на граѓаните над 60 години appeared first on Република.

]]>

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во интервју за грчката телевизија „Антена“, во врска со пандемијата изјави дека постои умерен оптимизам за омикрон сојот. Мицотакис објасни дека по брзото зголемување на новозаразените на крајот од минатиот месец сега постои деескалација, а податоците покажуваат дека новата варијанта „горе-долу наликува на летна бура: висок интензитет, брзо се интензивира, но и брзо заминува“. Со оглед на тоа, од 16 јануари стапува во сила одлуката за задолжителна вакцинација на граѓаните над 60 години, Мицотакис изјави дека засега, Владата нема намера да ја прошири задолжителната вакцинација и на други категории, но и уште еднаш повтори дека целосно вакциниран се смета оној кој ја примил и бустер дозата.
За некој да биде целосно вакциниран, треба да има примено три дози. И ова веќе е и законски регулирано. Не се смета за целосно вакциниран оној кој седум месеци по втората доза не примил третата. Па така не ги ужива сите привилегии, слободата што ја придружува сертификатот за вакцинација - објасни грчкиот премиер.
Тој додаде дека проценката на експертите е дека во одреден момент пандемијата ќе стане ендемична, а можеби тоа да се случи и со омикрон сојот. Дополнително, Мицотакис во интервјуто, уште еднаш ги отфрли сценаријата за воведување целосен карантин во земјата.

The post Од утре во Грција стапува на сила задолжителна вакцинација на граѓаните над 60 години appeared first on Република.

]]>