кирил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kiril/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Sep 2023 11:22:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кирил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kiril/ 32 32 На втората слава на манастирот во Рајчица ќе присуствува и г. Кирил од Вселенската патријаршија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-vtorata-slava-na-manastirot-vo-rajchitsa-ke-prisustvuva-i-g-kiril-od-vselenskata-patrijarshija/ Tue, 26 Sep 2023 11:22:07 +0000 https://republika.mk/?p=685297

Манастирот „Свети Георгиј Победоносец“, во дебарското село Рајчица, ја одбележува втората манастирската слава, Воздвижението на чесниот и животворен крст Господов – Крстовден.

Одбележувањето почнува вечерва со свечена и празнична вечерна богослужба, која почнува во 18 часот на која ќе претстои Неговото Високопреосвештенство Митрополит на Имврос и Тенедос г. Кирил, во молитвено присуство на Неговото преосвештенство епископ Дремвицки г. Давид и на старецот на Обителта, Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј.

- Многупочитуваниот Митрополит на Имврос и Тенедос, г. Кирил, кој доаѓа од редовите на Вселенската патријаршија, повторно ни доаѓа како наш драг гостин, овој пат на манастирската слава во чест на празникот Крстовден. Особена чест ни предизвикува тоа што тој ни го носи штедриот благослов од Првопрестолната Црква во православието, возглавена од Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, кој ја врати нашата Помесна Црква во канонско единство со одлуката од 9 мај 2022 година. Оваа година, пак, и епископот Дремвицки г. Давид е присутен овде со нас, што исто така ја дополнува нашата радост, изјави сестра Ефимија за МИА.

На крајот од вечерната богослужба, проследен од стиховите на празничниот Тропар, ќе биде изнесен на вход крстот со честичка од Чесното дрво и потоа повторно ќе биде внесен во олтарот.

- Утре во 7:30 часот ќе започне Утрената богослужба. На крајот од утрената од светиот Престол, од олтарот, ќе биде изнесен сребрениот филигрански крст, во кој се вметнува крстот од времето на игуменот Арсениј со честица на Чесниот и Животворен Крст, а кој преку годината се чува во големиот кивот на Бигорскиот манастир, додава сестрата.

По чинот на Воздвижението на крстот, на верниците ќе им се даде можност и да се поклонат пред Живоносното и спасително Дрво на нашиот Господ Исус Христос.

Во 8:45 часот пречек на г. Кирил и г. Давид а во 9 часот ќе започне Светата Архиерејска златоустова Литургија.

- Дојдете сите заедно победнички да го издигнеме чесниот крст на нашиот спасител, Господ Исус Христос, нашето оружје и нашата надеж за спасение, и откако ќе го прославиме, радосно да се причестиме со светите Христови тајни, порачува сестра Ефимија.

Манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ е женски манастир и се наоѓа на околу два километра од Дебар.

The post На втората слава на манастирот во Рајчица ќе присуствува и г. Кирил од Вселенската патријаршија appeared first on Република.

]]>

Манастирот „Свети Георгиј Победоносец“, во дебарското село Рајчица, ја одбележува втората манастирската слава, Воздвижението на чесниот и животворен крст Господов – Крстовден. Одбележувањето почнува вечерва со свечена и празнична вечерна богослужба, која почнува во 18 часот на која ќе претстои Неговото Високопреосвештенство Митрополит на Имврос и Тенедос г. Кирил, во молитвено присуство на Неговото преосвештенство епископ Дремвицки г. Давид и на старецот на Обителта, Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. - Многупочитуваниот Митрополит на Имврос и Тенедос, г. Кирил, кој доаѓа од редовите на Вселенската патријаршија, повторно ни доаѓа како наш драг гостин, овој пат на манастирската слава во чест на празникот Крстовден. Особена чест ни предизвикува тоа што тој ни го носи штедриот благослов од Првопрестолната Црква во православието, возглавена од Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, кој ја врати нашата Помесна Црква во канонско единство со одлуката од 9 мај 2022 година. Оваа година, пак, и епископот Дремвицки г. Давид е присутен овде со нас, што исто така ја дополнува нашата радост, изјави сестра Ефимија за МИА. На крајот од вечерната богослужба, проследен од стиховите на празничниот Тропар, ќе биде изнесен на вход крстот со честичка од Чесното дрво и потоа повторно ќе биде внесен во олтарот. - Утре во 7:30 часот ќе започне Утрената богослужба. На крајот од утрената од светиот Престол, од олтарот, ќе биде изнесен сребрениот филигрански крст, во кој се вметнува крстот од времето на игуменот Арсениј со честица на Чесниот и Животворен Крст, а кој преку годината се чува во големиот кивот на Бигорскиот манастир, додава сестрата. По чинот на Воздвижението на крстот, на верниците ќе им се даде можност и да се поклонат пред Живоносното и спасително Дрво на нашиот Господ Исус Христос. Во 8:45 часот пречек на г. Кирил и г. Давид а во 9 часот ќе започне Светата Архиерејска златоустова Литургија. - Дојдете сите заедно победнички да го издигнеме чесниот крст на нашиот спасител, Господ Исус Христос, нашето оружје и нашата надеж за спасение, и откако ќе го прославиме, радосно да се причестиме со светите Христови тајни, порачува сестра Ефимија. Манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ е женски манастир и се наоѓа на околу два километра од Дебар.

The post На втората слава на манастирот во Рајчица ќе присуствува и г. Кирил од Вселенската патријаршија appeared first on Република.

]]>
Рускиот патријарх Кирил има ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskiot-patrijarh-kiril-ima-kovid-19/ Fri, 30 Sep 2022 13:20:49 +0000 https://republika.mk/?p=556068

Рускиот патријарх Кирил е заразен со Ковид-19 и сите негови закажани состаноци и патувања се откажани. Ова на својата веб-страница го објави Московската патријаршија, цитирана од ТАСС.

Прес-службата на Руската православна црква прецизира дека состојбата на патријархот е задоволителна.

Црквата ги повика верниците да се молат за него. Рускиот патријарх моментално има 75 години.

 

The post Рускиот патријарх Кирил има ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Рускиот патријарх Кирил е заразен со Ковид-19 и сите негови закажани состаноци и патувања се откажани. Ова на својата веб-страница го објави Московската патријаршија, цитирана од ТАСС. Прес-службата на Руската православна црква прецизира дека состојбата на патријархот е задоволителна. Црквата ги повика верниците да се молат за него. Рускиот патријарх моментално има 75 години.  

The post Рускиот патријарх Кирил има ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Рускиот патријарх се надева на мир, но не ја осудува војната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskiot-patrijarh-se-nadeva-na-mir-no-ne-ja-osuduva-vojnata/ Sat, 23 Apr 2022 14:19:06 +0000 https://republika.mk/?p=492732

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил изјави дека се надева оти конфликтот во Украина наскоро ќе заврши. Но, зборувајќи во пресрет на православниот Велигден, тој не ја осуди војната, пренесува Би-Би-Си.

Господ нека го помири нашиот народ во Украина, во Донбас, каде што сѐ уште се пролева крв, рече тој на богослужбата на отворено во Москва.

Со изјавата го повтори тврдењето на претседателот Владимир Путин дека Русите и Украинците се во суштина иста нација, наведува Би-Би-Си.

Господе, дај го овој велигденски подарок, да им помогне на оние кои се вклучени во овој тежок конфликт, да ги смират своите срца, умови, души, за што побрзо да завршат меѓусебните судири и да завладее долгоочекуваниот мир, рече патријархот.

Како близок сојузник на Путин, тој претходно даде изјави за поддршка на офанзивата на Москва во Украина и налути некои во Руската православна црква дома и во странство.

 

The post Рускиот патријарх се надева на мир, но не ја осудува војната appeared first on Република.

]]>

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил изјави дека се надева оти конфликтот во Украина наскоро ќе заврши. Но, зборувајќи во пресрет на православниот Велигден, тој не ја осуди војната, пренесува Би-Би-Си.
Господ нека го помири нашиот народ во Украина, во Донбас, каде што сѐ уште се пролева крв, рече тој на богослужбата на отворено во Москва.
Со изјавата го повтори тврдењето на претседателот Владимир Путин дека Русите и Украинците се во суштина иста нација, наведува Би-Би-Си.
Господе, дај го овој велигденски подарок, да им помогне на оние кои се вклучени во овој тежок конфликт, да ги смират своите срца, умови, души, за што побрзо да завршат меѓусебните судири и да завладее долгоочекуваниот мир, рече патријархот.
Како близок сојузник на Путин, тој претходно даде изјави за поддршка на офанзивата на Москва во Украина и налути некои во Руската православна црква дома и во странство.  

The post Рускиот патријарх се надева на мир, но не ја осудува војната appeared first on Република.

]]>