кирил петков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kiril-petkov/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Feb 2024 14:18:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кирил петков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kiril-petkov/ 32 32 Петков: Не се плашиме од предвремени избори, а на црвени линии нема да се наведнеме https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkov-ne-se-plashime-od-predvremeni-izbori-a-na-tsrveni-linii-nema-da-se-navedneme/ Fri, 09 Feb 2024 14:18:00 +0000 https://republika.mk/?p=742254

Ако некој ни се закани со предвремени избори - не се плашиме. Ако сакаме да играме на црвени линии - никогаш нема да се наведнеме. Вака им порача на новинарите Кирил Петков, копретседателот на „Продолжување на промените“ по повод зборовите на Бојко Борисов дека ГЕРБ-СДС нема да го отстапи Министерството за надворешни работи на „Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија“.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Да се заканува со избори „два во едно“ затоа што не може да се состане тим кој веќе работи, а некои почнуваат да цртаат линии за избори, тоа за мене не е само недостиг на државничко поведение, туку и некаков тип егоизам, кој во овој момент е апсолутно непродуктивен во разговорите, рече и Петков.

Зошто мора да зборуваме за црвени линии кога има работен тим, праша тој.

Од наша гледна точка, овој тип црвени линии нема да проработат. Никогаш не сме потклекнале ако некој ни се закани со нешто, истакна Петков.

The post Петков: Не се плашиме од предвремени избори, а на црвени линии нема да се наведнеме appeared first on Република.

]]>

Ако некој ни се закани со предвремени избори - не се плашиме. Ако сакаме да играме на црвени линии - никогаш нема да се наведнеме. Вака им порача на новинарите Кирил Петков, копретседателот на „Продолжување на промените“ по повод зборовите на Бојко Борисов дека ГЕРБ-СДС нема да го отстапи Министерството за надворешни работи на „Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија“. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор. Да се заканува со избори „два во едно“ затоа што не може да се состане тим кој веќе работи, а некои почнуваат да цртаат линии за избори, тоа за мене не е само недостиг на државничко поведение, туку и некаков тип егоизам, кој во овој момент е апсолутно непродуктивен во разговорите, рече и Петков. Зошто мора да зборуваме за црвени линии кога има работен тим, праша тој. Од наша гледна точка, овој тип црвени линии нема да проработат. Никогаш не сме потклекнале ако некој ни се закани со нешто, истакна Петков.

The post Петков: Не се плашиме од предвремени избори, а на црвени линии нема да се наведнеме appeared first on Република.

]]>
Пријателот на Ковачевски: Петков замина за Канада https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prijatelot-na-kovachevski-petkov-zamina-za-kanada/ Mon, 25 Dec 2023 20:50:51 +0000 https://republika.mk/?p=726516

Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков замина во Канада за Божиќ.

Заменикот и копретседател на „Продолжуваме со промената“ сподели фотографија од празничната трпеза со семејството со бугарски јадења за Бадник.

Среќен Божиќ“, напиша Петков на својот Фејсбук профил.

Тој е во друштво на мајка си Венета, сопругата Линда и нивните три ќерки. Таткото на Петков отсуствува од семејниот собир бидејќои со мајката се разделени со години

The post Пријателот на Ковачевски: Петков замина за Канада appeared first on Република.

]]>

Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков замина во Канада за Божиќ. Заменикот и копретседател на „Продолжуваме со промената“ сподели фотографија од празничната трпеза со семејството со бугарски јадења за Бадник.
Среќен Божиќ“, напиша Петков на својот Фејсбук профил.
Тој е во друштво на мајка си Венета, сопругата Линда и нивните три ќерки. Таткото на Петков отсуствува од семејниот собир бидејќои со мајката се разделени со години

The post Пријателот на Ковачевски: Петков замина за Канада appeared first on Република.

]]>
Петков: Како може Македонија да има подобри информации од нас за руските шпиони во Бугарија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkov-kako-mozhe-makedonija-da-ima-podobri-informatsii-od-nas-za-ruskite-shpioni-vo-bugarija/ Sat, 23 Sep 2023 15:24:49 +0000 https://republika.mk/?p=684430

Не престануваат реакциите по новот случај на шпионажа во Бугарија, во кој вчера беа протерани тројца руски свештеници со образложение дека биле закана за нацоналната безбедност.

Поранешниот премиер и копретседател на партијата „Продолжуваме со промените“, Кирил Петков жестоко реагира на како што вели, фактот што уште еднаш Софија од странски служби морале да откријат шпион во Бугарија..

Вели како е можно Македонија да има подобри разузнавачки информации од бугарските, алудирајќи на тоа дека уште пред 10 дена Македонија го прогласи рускиот свештеник Васијан Змеев за персона нон – грата, а Бугарија го протера дури вчера.

 

The post Петков: Како може Македонија да има подобри информации од нас за руските шпиони во Бугарија? appeared first on Република.

]]>

Не престануваат реакциите по новот случај на шпионажа во Бугарија, во кој вчера беа протерани тројца руски свештеници со образложение дека биле закана за нацоналната безбедност. Поранешниот премиер и копретседател на партијата „Продолжуваме со промените“, Кирил Петков жестоко реагира на како што вели, фактот што уште еднаш Софија од странски служби морале да откријат шпион во Бугарија.. Вели како е можно Македонија да има подобри разузнавачки информации од бугарските, алудирајќи на тоа дека уште пред 10 дена Македонија го прогласи рускиот свештеник Васијан Змеев за персона нон – грата, а Бугарија го протера дури вчера.  

The post Петков: Како може Македонија да има подобри информации од нас за руските шпиони во Бугарија? appeared first on Република.

]]>
Од што се плаши? Кирил Петков си нарачал обезбедување https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/od-shto-se-plashi-kiril-petkov-si-narachal-obezbeduvane/ Wed, 16 Aug 2023 13:18:32 +0000 https://republika.mk/?p=672757

Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков веќе е под обезбедување. Ова го потврдија од пратеничката група на „Продолжуваме со промените - Демократска Бугарија“.

 

Согласно Законот , во случај на конкретна закана во мирнодопски услови, со одлука на меѓуресорска комисија се обезбедува заштита на лицата кои биле на позиции на претседател на Народното собрание или премиер и на оние кои се однесуваат на националната безбедност. напад на кој ќе ги поткопа, ослабне или создаде потешкотии за властите во земјата. Тие исто така имаат право на специјализиран превоз до четири години по нивното ослободување од функцијата.

https://republika.mk/vesti/balkan/bugarskiot-biznismen-pred-da-go-zastrelaat-peshachel-so-zhena-koja-ne-mu-bila-sopruga-i-bez-obezbeduvane/

The post Од што се плаши? Кирил Петков си нарачал обезбедување appeared first on Република.

]]>

Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков веќе е под обезбедување. Ова го потврдија од пратеничката група на „Продолжуваме со промените - Демократска Бугарија“.   Согласно Законот , во случај на конкретна закана во мирнодопски услови, со одлука на меѓуресорска комисија се обезбедува заштита на лицата кои биле на позиции на претседател на Народното собрание или премиер и на оние кои се однесуваат на националната безбедност. напад на кој ќе ги поткопа, ослабне или создаде потешкотии за властите во земјата. Тие исто така имаат право на специјализиран превоз до четири години по нивното ослободување од функцијата. https://republika.mk/vesti/balkan/bugarskiot-biznismen-pred-da-go-zastrelaat-peshachel-so-zhena-koja-ne-mu-bila-sopruga-i-bez-obezbeduvane/

The post Од што се плаши? Кирил Петков си нарачал обезбедување appeared first on Република.

]]>
По примерот на Петков: И СДСМ поднесе декларација за Илинденското востание https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-primerot-na-petkov-i-sdsm-podnese-deklaratsija-za-ilindenskoto-vostanie/ Fri, 28 Jul 2023 11:20:33 +0000 https://republika.mk/?p=666267

СДСМ до Собранието поднесе Декларација за Илинден, најголемиот македонски државен празник. Ова следува откако иста декларација поднесе и партијата на поранешниот премиер на Бугарија Кирил Петков.

„Оваа година се навршуваат 120 години од Илинденското востание и создавањето на Крушевската република. Идеалите на таа Република и тоа востание беа инспирација на идните генерации борци за слобода кои во 1944 година на Првото заседание на АСНОМ ја формираа првата македонската држава.

Овие настани имаат големо значење за македонската историја и за борбата на македонскиот народ за слобода и сопствена држава.

Идеалите на Илинденците, македонските партизани и сите оние кои се бореа за слободна и демократска Македонија и за рамноправност и соживот на сите нејзини граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или идеолошка припадност, треба да служат како основна водилка за сегашните и идни генерации за слободна, демократска и просперитетна Република Македонија.

Македонскиот народ, заедно со припадниците на другите народи кои живеат во неа и денес ја продолжуваат борбата за демократија и просперитет, водени од принципите на прогласите на Крушевската Република и Декларацијата за основните права на граѓанинот на демократска Македонија усвоени на Првото заседание на АСНОМ кои денес се преточени во преамбулата на Уставот на Македонија.

Оддавајќи почит на пожртвуваноста на борците за слобода и демократија наша должност е постојано да го искажуваме нашиот восхит и почит кон сите оние кои ги дале своите животи за слобода, испраќајќи со тоа силна порака за заедништво, рамноправност и демократија“, е содржано во Декларацијата што денеска е поднесена до Собранието.

The post По примерот на Петков: И СДСМ поднесе декларација за Илинденското востание appeared first on Република.

]]>

СДСМ до Собранието поднесе Декларација за Илинден, најголемиот македонски државен празник. Ова следува откако иста декларација поднесе и партијата на поранешниот премиер на Бугарија Кирил Петков.
„Оваа година се навршуваат 120 години од Илинденското востание и создавањето на Крушевската република. Идеалите на таа Република и тоа востание беа инспирација на идните генерации борци за слобода кои во 1944 година на Првото заседание на АСНОМ ја формираа првата македонската држава.
Овие настани имаат големо значење за македонската историја и за борбата на македонскиот народ за слобода и сопствена држава.
Идеалите на Илинденците, македонските партизани и сите оние кои се бореа за слободна и демократска Македонија и за рамноправност и соживот на сите нејзини граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или идеолошка припадност, треба да служат како основна водилка за сегашните и идни генерации за слободна, демократска и просперитетна Република Македонија.
Македонскиот народ, заедно со припадниците на другите народи кои живеат во неа и денес ја продолжуваат борбата за демократија и просперитет, водени од принципите на прогласите на Крушевската Република и Декларацијата за основните права на граѓанинот на демократска Македонија усвоени на Првото заседание на АСНОМ кои денес се преточени во преамбулата на Уставот на Македонија. Оддавајќи почит на пожртвуваноста на борците за слобода и демократија наша должност е постојано да го искажуваме нашиот восхит и почит кон сите оние кои ги дале своите животи за слобода, испраќајќи со тоа силна порака за заедништво, рамноправност и демократија“, е содржано во Декларацијата што денеска е поднесена до Собранието.

The post По примерот на Петков: И СДСМ поднесе декларација за Илинденското востание appeared first on Република.

]]>
По Уставот следен е Илинден: Партијата на пријателот на Ковачевски, Петков, поднесе декларација дека Илинденското востание е бугарско https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-ustavot-sleden-e-ilinden-partijata-na-prijatelot-na-kovachevski-petkov-podnese-deklaratsija-deka-ilindenskoto-vostanie-e-bugarsko/ Sat, 22 Jul 2023 19:46:16 +0000 https://republika.mk/?p=664318

Бугарија не губи време во присвојувањето на сѐ што е македонско. Во пресрет на 2 август во бугарскиот парламент е поднесена декларација која треба да потврди дека Илинденското, односно илинденско-преображенско востание е бугарско.

Се очекува оваа декларација да биде усвоена во следните денови во прессрет на 120 години од Илинденското востание.

Во образоложението стои дека „Илинденско-преображенско востание е венецот на бугарското национално ослободително движење“.

За да биде иронијата поголема оваа декларација ја поднесе партијата „Продолжуваме со промените“ на поранешниот премиер Кирил Петков.

Тој важи за голем пријател на премиерот Димитар Ковачевски.Петков на првата средба во Скопје со Ковачевски рече дека историјата ќе ја остават на страна и оти ќе се посветат на економијата.

The post По Уставот следен е Илинден: Партијата на пријателот на Ковачевски, Петков, поднесе декларација дека Илинденското востание е бугарско appeared first on Република.

]]>

Бугарија не губи време во присвојувањето на сѐ што е македонско. Во пресрет на 2 август во бугарскиот парламент е поднесена декларација која треба да потврди дека Илинденското, односно илинденско-преображенско востание е бугарско. Се очекува оваа декларација да биде усвоена во следните денови во прессрет на 120 години од Илинденското востание. Во образоложението стои дека „Илинденско-преображенско востание е венецот на бугарското национално ослободително движење“. За да биде иронијата поголема оваа декларација ја поднесе партијата „Продолжуваме со промените“ на поранешниот премиер Кирил Петков. Тој важи за голем пријател на премиерот Димитар Ковачевски.Петков на првата средба во Скопје со Ковачевски рече дека историјата ќе ја остават на страна и оти ќе се посветат на економијата.

The post По Уставот следен е Илинден: Партијата на пријателот на Ковачевски, Петков, поднесе декларација дека Илинденското востание е бугарско appeared first on Република.

]]>
Дали новата афера со Петков ќе ги намали шансите за формирање на бугарската влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dali-novata-afera-so-petkov-ke-gi-namali-shansite-za-formirane-na-bugarskata-vlada/ Wed, 31 May 2023 11:02:24 +0000 https://republika.mk/?p=646433

Првата и втората политичка сила во Бугарија - ГЕРБ и „Продолжуваме со промената - Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) ги обновија меѓусебните преговори и разговараат за состав на редовна влада.

Ова се случи откако во саботата ГЕРБ ги замрзна преговорите со ПП-ДБ по протечената снимка од состанокот на ПП и најави дека може да ги обнови, но под нови услови.Вчера, од ГЕРБ номинираната за премиер Марија Габриел изјави дека разговори може да има, „само ако се преиспитаат форматот, составот, личностите, моделот, принципите и довербата“. Следуваше сигнал од ПП-ДБ дека тоа не е исклучено. Преговорите продолжија денеска, јавуваат бугарските медиуми.

https://republika.mk/vesti/balkan/fon-der-lajen-go-sovetuvala-petkov-kako-bugarija-na-zaobikolen-nachin-da-vleze-vo-evrozonata-slichno-kako-grtsija/

Затоплувањето на односите меѓу двете формации доаѓа само неколку часа откако обвинителството објави дека бара одземање на пратеничкиот имунитет на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов. Градското обвинителство побара од главниот обвинител Иван Гешев да иницира одземање на пратеничкиот имунитет на Борисов поради аферата „Барселонагејт“. Причина за тоа е собирањето податоци за перење пари, за што треба да се истражи лидерот на ГЕРБ. Случајот се однесува на куќа во Барселона во која живеела поранешната манекенка Борислава Јовчева. Од доказите може да се заклучи дека поранешниот премиер на трети лица им обезбедувал средства стекнати како резултат на сторено кривично дело за купување и закуп на недвижен имот во странство, посочуваат од градското обвинителство, пишува бугарскиот портал Медиапул.

Што се однесува на денешното затоплување на односите, до него дојде откако утрово се сретнаа претставници на ГЕРБ и ПП_ДБ во кабинетот на претседателот на бугарскиот парламент Росен Желјазков и со часови разговараа за влада со втор мандат. Според Медиапул, во тој период во просторијата влегувале и излегувале различни учесници - Бојко Борисов, Марија Габриел, Томислав Дончев, Росен Жељазков, Николај Денков, Кирил Петков, Асен Василев, Христо Иванов, Атанас Атанасов и Владислав Панев.

По три часа од почетокот на средбата, пред новинарите се обрати Николај Денков, предложен од ПП-ДБ за премиер, кои најавија дека со ГЕРБ разговараат за составот и структурата на кабинетот.

„Има два елементи. Еден е да се осигураме дека нема да има проблеми со администрацијата. Го подготвуваме соодветниот документ за да бидат мирни сите што се загрижени. А вториот, се разбира, е кадровската екипираност. Работиме на двете, рече тој.

Денков најави дека „нема да има министри од ГЕРБ како министри од ГЕРБ“, но од неговите зборови се сфати дека е можно да има експерти предложени од партијата на Бојко Борисов.

„Како предлог прифаќаме експерти од секаде. Можете и вие да ни предложите. Прашањето е кои се најдобрите луѓе за позициите“, рече тој како одговор на прашањето дали е можно во кабинетот да има експерти предложени од ГЕРБ. .

Денков ги повика и медиумите да ги остават ПП-ДБ и ГЕРБ „да си ја завршат работата“.

Се очекуваат промени во составот на проектниот кабинет претставен пред еден месец од ПП-ДБ со втор мандат во насока на замена со експерти, коментира за бТВ копретседателот на ДБ Атанас Атанасов.  - Овој список ќе ни биде доставен, ќе разговараме и ќе го ставиме на гласање. Нормално дека мора однапред да биде усогласен и со Марија Габриел“, коментира Атанасов.

Според него, постапките на обвинителството против Борисов не се пречка за преговорите за формирање влада

The post Дали новата афера со Петков ќе ги намали шансите за формирање на бугарската влада appeared first on Република.

]]>

Првата и втората политичка сила во Бугарија - ГЕРБ и „Продолжуваме со промената - Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) ги обновија меѓусебните преговори и разговараат за состав на редовна влада. Ова се случи откако во саботата ГЕРБ ги замрзна преговорите со ПП-ДБ по протечената снимка од состанокот на ПП и најави дека може да ги обнови, но под нови услови.Вчера, од ГЕРБ номинираната за премиер Марија Габриел изјави дека разговори може да има, „само ако се преиспитаат форматот, составот, личностите, моделот, принципите и довербата“. Следуваше сигнал од ПП-ДБ дека тоа не е исклучено. Преговорите продолжија денеска, јавуваат бугарските медиуми. https://republika.mk/vesti/balkan/fon-der-lajen-go-sovetuvala-petkov-kako-bugarija-na-zaobikolen-nachin-da-vleze-vo-evrozonata-slichno-kako-grtsija/ Затоплувањето на односите меѓу двете формации доаѓа само неколку часа откако обвинителството објави дека бара одземање на пратеничкиот имунитет на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов. Градското обвинителство побара од главниот обвинител Иван Гешев да иницира одземање на пратеничкиот имунитет на Борисов поради аферата „Барселонагејт“. Причина за тоа е собирањето податоци за перење пари, за што треба да се истражи лидерот на ГЕРБ. Случајот се однесува на куќа во Барселона во која живеела поранешната манекенка Борислава Јовчева. Од доказите може да се заклучи дека поранешниот премиер на трети лица им обезбедувал средства стекнати како резултат на сторено кривично дело за купување и закуп на недвижен имот во странство, посочуваат од градското обвинителство, пишува бугарскиот портал Медиапул. Што се однесува на денешното затоплување на односите, до него дојде откако утрово се сретнаа претставници на ГЕРБ и ПП_ДБ во кабинетот на претседателот на бугарскиот парламент Росен Желјазков и со часови разговараа за влада со втор мандат. Според Медиапул, во тој период во просторијата влегувале и излегувале различни учесници - Бојко Борисов, Марија Габриел, Томислав Дончев, Росен Жељазков, Николај Денков, Кирил Петков, Асен Василев, Христо Иванов, Атанас Атанасов и Владислав Панев. По три часа од почетокот на средбата, пред новинарите се обрати Николај Денков, предложен од ПП-ДБ за премиер, кои најавија дека со ГЕРБ разговараат за составот и структурата на кабинетот. „Има два елементи. Еден е да се осигураме дека нема да има проблеми со администрацијата. Го подготвуваме соодветниот документ за да бидат мирни сите што се загрижени. А вториот, се разбира, е кадровската екипираност. Работиме на двете, рече тој. Денков најави дека „нема да има министри од ГЕРБ како министри од ГЕРБ“, но од неговите зборови се сфати дека е можно да има експерти предложени од партијата на Бојко Борисов. „Како предлог прифаќаме експерти од секаде. Можете и вие да ни предложите. Прашањето е кои се најдобрите луѓе за позициите“, рече тој како одговор на прашањето дали е можно во кабинетот да има експерти предложени од ГЕРБ. . Денков ги повика и медиумите да ги остават ПП-ДБ и ГЕРБ „да си ја завршат работата“. Се очекуваат промени во составот на проектниот кабинет претставен пред еден месец од ПП-ДБ со втор мандат во насока на замена со експерти, коментира за бТВ копретседателот на ДБ Атанас Атанасов.  - Овој список ќе ни биде доставен, ќе разговараме и ќе го ставиме на гласање. Нормално дека мора однапред да биде усогласен и со Марија Габриел“, коментира Атанасов. Според него, постапките на обвинителството против Борисов не се пречка за преговорите за формирање влада

The post Дали новата афера со Петков ќе ги намали шансите за формирање на бугарската влада appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен го советувала Петков како Бугарија на „заобиколен начин“ да влезе во еврозоната, слично како Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/fon-der-lajen-go-sovetuvala-petkov-kako-bugarija-na-zaobikolen-nachin-da-vleze-vo-evrozonata-slichno-kako-grtsija/ Wed, 31 May 2023 08:24:15 +0000 https://republika.mk/?p=646357

Во бугарските медиуми протекоа нови детали од најновата афера со објавените прислушувани разговори од седницата на раководството на Продолжуваме со промените на екс-премиерот, Кирил Петков. Сега во фокусот на вниманието се најде и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која имала телефонски разговор со Петков околу влегувањето на Бугарија во Шенген и евро-зоната.

Софиски Труд го пренесува делот, што Петков им го обелоденил на неговите сопартијци, токму во периодот кога ПП-ДБ и ГЕРБ ги започнаа преговорите за состав на новата бугарска влада.

-Ја прашав какви се нашите шанси да не примат, в ели Петков. Таа ми одговори:„За Шенген имате големи шанси. За еврозоната треба да најдете начин како да ги заобиколите правилата во смисла „да влезете во рамката“. Јас и одговорив:„Може ли да имаме инфлација, минус ефектот на Украина“?. Таа ми рече:„Не ме цитирајте, ќе се обидеме да ви помогнеме“.

Труд натаму вели дека никогаш нема да се дознаат точните зборови искористени и од едните и од другите, но оти овој запис исклучително многу потсетува на спорните услови со кои Грција влезе во еврозоната. Со помош на „Голдман Сакс“, Атина достави лажни податоци за да ги заобиколи критериумите за влез во евро-зоната. Тајната беше откриена за време на кризата во евро-зоната, кога точната статистика ја обелодени Андреас Георгиу. Сето ова остави голема трага врз германското јавно мислење, што во тоа време беше максимално вознемирено. Бугарија, која е веќе многу кревка, не треба да ги повторува истите итрини.

The post Фон дер Лајен го советувала Петков како Бугарија на „заобиколен начин“ да влезе во еврозоната, слично како Грција appeared first on Република.

]]>

Во бугарските медиуми протекоа нови детали од најновата афера со објавените прислушувани разговори од седницата на раководството на Продолжуваме со промените на екс-премиерот, Кирил Петков. Сега во фокусот на вниманието се најде и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која имала телефонски разговор со Петков околу влегувањето на Бугарија во Шенген и евро-зоната. Софиски Труд го пренесува делот, што Петков им го обелоденил на неговите сопартијци, токму во периодот кога ПП-ДБ и ГЕРБ ги започнаа преговорите за состав на новата бугарска влада.
-Ја прашав какви се нашите шанси да не примат, в ели Петков. Таа ми одговори:„За Шенген имате големи шанси. За еврозоната треба да најдете начин како да ги заобиколите правилата во смисла „да влезете во рамката“. Јас и одговорив:„Може ли да имаме инфлација, минус ефектот на Украина“?. Таа ми рече:„Не ме цитирајте, ќе се обидеме да ви помогнеме“.
Труд натаму вели дека никогаш нема да се дознаат точните зборови искористени и од едните и од другите, но оти овој запис исклучително многу потсетува на спорните услови со кои Грција влезе во еврозоната. Со помош на „Голдман Сакс“, Атина достави лажни податоци за да ги заобиколи критериумите за влез во евро-зоната. Тајната беше откриена за време на кризата во евро-зоната, кога точната статистика ја обелодени Андреас Георгиу. Сето ова остави голема трага врз германското јавно мислење, што во тоа време беше максимално вознемирено. Бугарија, која е веќе многу кревка, не треба да ги повторува истите итрини.

The post Фон дер Лајен го советувала Петков како Бугарија на „заобиколен начин“ да влезе во еврозоната, слично како Грција appeared first on Република.

]]>
Советничката на Петков под истрага за оддавање на тајни информации на власта во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sovetnichkata-na-petkov-pod-istraga-za-oddavane-na-tajni-informatsii-na-vlasta-vo-skopje/ Tue, 30 May 2023 12:37:12 +0000 https://republika.mk/?p=646137

Дали се дадени информации од преговарачкиот процес со Македонија и дали има протекување до Скопје за чекорите на бугарската држава. Испраќани ли се меилови на бугарски службеници кон такви на македонската држава, дали им е давана внатрешна информација и извршено ли е друго национално предавство?

Овие прашања од партијата „Преродба“ му се поставени на шефот на бугарската Државна агенција за национална безбедност, Пламен Тончев, на денешната седница на Народното собрание, посветена на објавените записи од седницата на раководството на партијата Продолжуваме со промените на поранешниот премиер Кирил Петков.

Одговорот на шефот на Агенцијата Тончев, пишуваат 24 часа, беше повеќе од категоричен:

-Ова се однесува на информации чувствителни на целото општество и нема да можам да одговорам подетално, зашто има поведено предистражна постапка. По контраразузнавачка линија е утврден случај во кој советник на премиерот во тој момент ги пренесувал позициите на Министерството за надворешни работи на граѓанин на Македонија.

Одговорот предизвика врева во салата, а Хамид Хамид од ДПС запраша како во ДАНБ се процесуира протекувањето на внатрешни информации.

Тончев одговори дека последниве две години се утврдени два случаја во кои документи на Агенцијата биле достапни за надворешни извори. Едниот се однесувал на негов бивш колега, против кого е покренато дело за шпионажа, а вториот се истражува од Софиското градско обвинителство и е објавен од сајт.  И за двата случаја има предистражни постапки. Тончев лаконски забележа дека до тие документи пристап имале две лица, кои не биле од редовите на Агенцијата.

Иако шефот на ДАНБ не го именува советникот, едно од имињата кое може да е „информатор“ на Скопје е на Весела Чернева, која му беше советник на Кирил Петков. Тогашната министерка за надворешни работи Теодора Генчовска дури и ја обвини Чернева дека спроведува паралелна надворешна политика и оти самата лобира во преговорите со Македонија.

Подоцна Тошко Јорданов од ИТН директно ја именуваше Чернева и потсети дека Кирил Петков и Асен Василев учествувале на седница на Комитетот за национална безбедност кај претседателот Румен Радев, поради што може да биде покренато и прашањето  дали не е предадена и класифицирана информација.

Тончев рече дека „лицето што ја доставило позицијата на Бугарија од координацијата“ „индиректно не е амбасада, туку државен службеник“. И посочи дека тоа било во времето на министерката Генчовска.

-Ова лице само на неговиот работен компјутер направило посебно бришење, кое благодарение на експертите е вратено, изјави Тончев.

The post Советничката на Петков под истрага за оддавање на тајни информации на власта во Скопје appeared first on Република.

]]>

Дали се дадени информации од преговарачкиот процес со Македонија и дали има протекување до Скопје за чекорите на бугарската држава. Испраќани ли се меилови на бугарски службеници кон такви на македонската држава, дали им е давана внатрешна информација и извршено ли е друго национално предавство? Овие прашања од партијата „Преродба“ му се поставени на шефот на бугарската Државна агенција за национална безбедност, Пламен Тончев, на денешната седница на Народното собрание, посветена на објавените записи од седницата на раководството на партијата Продолжуваме со промените на поранешниот премиер Кирил Петков. Одговорот на шефот на Агенцијата Тончев, пишуваат 24 часа, беше повеќе од категоричен:
-Ова се однесува на информации чувствителни на целото општество и нема да можам да одговорам подетално, зашто има поведено предистражна постапка. По контраразузнавачка линија е утврден случај во кој советник на премиерот во тој момент ги пренесувал позициите на Министерството за надворешни работи на граѓанин на Македонија.
Одговорот предизвика врева во салата, а Хамид Хамид од ДПС запраша како во ДАНБ се процесуира протекувањето на внатрешни информации. Тончев одговори дека последниве две години се утврдени два случаја во кои документи на Агенцијата биле достапни за надворешни извори. Едниот се однесувал на негов бивш колега, против кого е покренато дело за шпионажа, а вториот се истражува од Софиското градско обвинителство и е објавен од сајт.  И за двата случаја има предистражни постапки. Тончев лаконски забележа дека до тие документи пристап имале две лица, кои не биле од редовите на Агенцијата. Иако шефот на ДАНБ не го именува советникот, едно од имињата кое може да е „информатор“ на Скопје е на Весела Чернева, која му беше советник на Кирил Петков. Тогашната министерка за надворешни работи Теодора Генчовска дури и ја обвини Чернева дека спроведува паралелна надворешна политика и оти самата лобира во преговорите со Македонија. Подоцна Тошко Јорданов од ИТН директно ја именуваше Чернева и потсети дека Кирил Петков и Асен Василев учествувале на седница на Комитетот за национална безбедност кај претседателот Румен Радев, поради што може да биде покренато и прашањето  дали не е предадена и класифицирана информација. Тончев рече дека „лицето што ја доставило позицијата на Бугарија од координацијата“ „индиректно не е амбасада, туку државен службеник“. И посочи дека тоа било во времето на министерката Генчовска.
-Ова лице само на неговиот работен компјутер направило посебно бришење, кое благодарение на експертите е вратено, изјави Тончев.

The post Советничката на Петков под истрага за оддавање на тајни информации на власта во Скопје appeared first on Република.

]]>
Коалицијата на Кирил Петков нема да поддржи влада на ГЕРБ-СДС на чело со Марија Габриел https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/koalitsijata-na-kiril-petkov-nema-da-poddrzhi-vlada-na-gerb-sds-na-chelo-so-marija-gabriel/ Tue, 16 May 2023 20:39:29 +0000 https://republika.mk/?p=641547

Коалицијата „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ нема да го поддржи првиот мандат за формирање влада на ГЕРБ-СДС, со Марија Габриел како кандидатка за премиер.

Ова, како што пренесуваат бугарските медиуми, било одлучено на денешните состаноци на Коалициониот совет на втората по големина политичка сила во Бугарија, прво меѓу петмината лидери Кирил Петков, Асен Василев, Христо Иванов, Атанас Атанасов и Владислав Панев, а потоа со пратеничката група.

Одлуката ја соопштија Петков и Иванов, кои најавија дека ќе работат за втор мандат.
„Нема да го поддржиме првиот мандат. Почнуваме да работиме за вториот мандат и тоа го гледаме како единствена алтернатива за Бугарија да не оди на шести избори“,рече Кирил Петков.

Христо Иванов рече дека ќе започнат консултации со сите политички сили во парламентот во врска со нивната подготвеност да поддржат конкретни измени во Уставот.

Сметаме дека ситуацијата во последните неколку дена ја потврдува нашата долгорочна позиција дека бугарскиот политички и институционален систем не може да се нормализира без длабока амбициозна промена на Уставот, во однос на Високиот судски совет и на Обвинителството. Очигледно е дека сè друго дава краткотрајни сојузи и затоа треба да ги почнеме тие разговори за да видиме дали има политичка база за да се формира уставно мнозинство, изјави Иванов.

The post Коалицијата на Кирил Петков нема да поддржи влада на ГЕРБ-СДС на чело со Марија Габриел appeared first on Република.

]]>

Коалицијата „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ нема да го поддржи првиот мандат за формирање влада на ГЕРБ-СДС, со Марија Габриел како кандидатка за премиер. Ова, како што пренесуваат бугарските медиуми, било одлучено на денешните состаноци на Коалициониот совет на втората по големина политичка сила во Бугарија, прво меѓу петмината лидери Кирил Петков, Асен Василев, Христо Иванов, Атанас Атанасов и Владислав Панев, а потоа со пратеничката група. Одлуката ја соопштија Петков и Иванов, кои најавија дека ќе работат за втор мандат. „Нема да го поддржиме првиот мандат. Почнуваме да работиме за вториот мандат и тоа го гледаме како единствена алтернатива за Бугарија да не оди на шести избори“,рече Кирил Петков. Христо Иванов рече дека ќе започнат консултации со сите политички сили во парламентот во врска со нивната подготвеност да поддржат конкретни измени во Уставот.
Сметаме дека ситуацијата во последните неколку дена ја потврдува нашата долгорочна позиција дека бугарскиот политички и институционален систем не може да се нормализира без длабока амбициозна промена на Уставот, во однос на Високиот судски совет и на Обвинителството. Очигледно е дека сè друго дава краткотрајни сојузи и затоа треба да ги почнеме тие разговори за да видиме дали има политичка база за да се формира уставно мнозинство, изјави Иванов.

The post Коалицијата на Кирил Петков нема да поддржи влада на ГЕРБ-СДС на чело со Марија Габриел appeared first on Република.

]]>
Kирил Петков сака Влада, но не сака министри на ГЕРБ во неа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kiril-petkov-saka-vlada-no-ne-saka-ministri-na-gerb-vo-nea/ Mon, 24 Apr 2023 06:18:13 +0000 https://republika.mk/?p=633396

Не можеме да поддржиме влада со првиот мандат и не сакаме учество на министри од ГЕРБ-СДС во нашата влада, но сакаме влада, рече копретседателот на „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) Кирил Петков во емисијата „Во фокус“ на бугарската Нова Телевизија.

- Нашите избирачи јасно ставија до знаење дека имаме мандат да постапуваме по политиките што ги ветивме. Никогаш не сме ветиле дека ќе има коалициска влада и нема шанси да отстапиме од овие ветувања, додаде Петков.

Тој коментира дека „клучот“ е ПП-ДБ да предложи малцинска влада, а заедно со ГЕРБ-СДС да разговараат за политиките.

- Според мене, многу е разумно, ако сакаат да видат каква влада ќе предложиме, да не поканат на состанок, на кој ќе одиме, рече Петков и објасни дека на таа средба ќе бидат претставени политиките и периодот во кој може да функционира евентуалната малцинска влада

The post Kирил Петков сака Влада, но не сака министри на ГЕРБ во неа appeared first on Република.

]]>

Не можеме да поддржиме влада со првиот мандат и не сакаме учество на министри од ГЕРБ-СДС во нашата влада, но сакаме влада, рече копретседателот на „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) Кирил Петков во емисијата „Во фокус“ на бугарската Нова Телевизија.
- Нашите избирачи јасно ставија до знаење дека имаме мандат да постапуваме по политиките што ги ветивме. Никогаш не сме ветиле дека ќе има коалициска влада и нема шанси да отстапиме од овие ветувања, додаде Петков.
Тој коментира дека „клучот“ е ПП-ДБ да предложи малцинска влада, а заедно со ГЕРБ-СДС да разговараат за политиките. - Според мене, многу е разумно, ако сакаат да видат каква влада ќе предложиме, да не поканат на состанок, на кој ќе одиме, рече Петков и објасни дека на таа средба ќе бидат претставени политиките и периодот во кој може да функционира евентуалната малцинска влада

The post Kирил Петков сака Влада, но не сака министри на ГЕРБ во неа appeared first on Република.

]]>
Борисов му намигнува на Петков: Сака да формираат Влада заедно https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/borisov-mu-namignuva-na-petkov-saka-da-formiraat-vlada-zaedno/ Thu, 13 Apr 2023 09:42:13 +0000 https://republika.mk/?p=630495

Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, сака да формира коалиција и да состави влада со неговиот најголем политички ривал Кирил Петков, односно со коалицијата што тој ја предводеше за парламентарните избори одржани на 2 април.

Коалицијата ГЕРБ-СДС на изборите победи со тесна разлика пред партијата на Петков – Продолжуваме со промените (ПП) која настапи заедно со Демократска Бугарија (ДБ).

Во 240-членото Народно собрание, коалицијата на Борисов освои 69 пратенички мандати, а таа на Петков само пет помалку.

Сакам да формирам влада со ПП-ДБ. Имаме многу јасни задачи – влада меѓу овие две партии, даваме сè од себе. Денеска ќе формираме две комисии од двете групи – правна и финансиско-буџетска за разгледување на буџетските програми. Наш главен приоритет е влада меѓу ГЕРБ и ПП. Подготвени сме на многу компромиси - изјави денеска Борисов.

Првата седница на новиот состав во Народното собрание се одржа вчера, но вчерашниот ден заврши без да се избере претседател. Одложувањето на изборот, според Борисов, е многу важно за да може двете партии да разговараат и да постигнат договори.

Додека лидерот на ГЕРБ отворено повикува на владина коалиција со Продолжуваме со промените, од оваа партија досега излегуваа со изјави дека немаат намера да влегуваат во ваква коалиција.

Асен Василев, кој со Петков се копретседатели на ПП, денеска повтори дека нема да поддржат владин кабинет во кој ќе биде и ГЕРБ.

Изборите на 2 април беа петти во период од две години бидејќи ниту една партија не можеше да направи солидна предност и да формира стабилна влада.

Во пресрет на изборниот ден, Бугарската национална телевизија (БНТ) објави анкета во која дури 48,3 отсто поддржуваа коалиција помеѓу првите две партии на изборите, во случајот, коалициите ГЕРБ-СДС и ПП-ДБ.

The post Борисов му намигнува на Петков: Сака да формираат Влада заедно appeared first on Република.

]]>

Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, сака да формира коалиција и да состави влада со неговиот најголем политички ривал Кирил Петков, односно со коалицијата што тој ја предводеше за парламентарните избори одржани на 2 април. Коалицијата ГЕРБ-СДС на изборите победи со тесна разлика пред партијата на Петков – Продолжуваме со промените (ПП) која настапи заедно со Демократска Бугарија (ДБ). Во 240-членото Народно собрание, коалицијата на Борисов освои 69 пратенички мандати, а таа на Петков само пет помалку.
Сакам да формирам влада со ПП-ДБ. Имаме многу јасни задачи – влада меѓу овие две партии, даваме сè од себе. Денеска ќе формираме две комисии од двете групи – правна и финансиско-буџетска за разгледување на буџетските програми. Наш главен приоритет е влада меѓу ГЕРБ и ПП. Подготвени сме на многу компромиси - изјави денеска Борисов.
Првата седница на новиот состав во Народното собрание се одржа вчера, но вчерашниот ден заврши без да се избере претседател. Одложувањето на изборот, според Борисов, е многу важно за да може двете партии да разговараат и да постигнат договори. Додека лидерот на ГЕРБ отворено повикува на владина коалиција со Продолжуваме со промените, од оваа партија досега излегуваа со изјави дека немаат намера да влегуваат во ваква коалиција. Асен Василев, кој со Петков се копретседатели на ПП, денеска повтори дека нема да поддржат владин кабинет во кој ќе биде и ГЕРБ. Изборите на 2 април беа петти во период од две години бидејќи ниту една партија не можеше да направи солидна предност и да формира стабилна влада. Во пресрет на изборниот ден, Бугарската национална телевизија (БНТ) објави анкета во која дури 48,3 отсто поддржуваа коалиција помеѓу првите две партии на изборите, во случајот, коалициите ГЕРБ-СДС и ПП-ДБ.

The post Борисов му намигнува на Петков: Сака да формираат Влада заедно appeared first on Република.

]]>
Мило, Петков, Сана: Сите што ги поддржа Ковачевски загубија на изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/milo-petkov-sana-site-shto-gi-poddrzha-kovachevski-zagubija-na-izborite/ Mon, 03 Apr 2023 09:38:36 +0000 https://republika.mk/?p=626567

Викендов се случија три важни избори во Европа и во Соседството. Најголемо внимание предизвикаа претседателските избори во Црна Гора каде по повеќе од три децении падна Мило Ѓукановиќ.Тој беше последниот транзициски политичар осомничен за шверц на цигри и еден од најбогатите политичари.

Како таков нормално беше поддржан од премиерот на „Северна“ Димитар Ковачевски.

Премиерот дури и сними и водео порака за поддршка на Ѓукановиќ која веднаш по поразот ја избриша.

Пораз, додуша тесен дожива и Кирил Петков во Бугарија но тој има реална можност да формира коалициска влада.

Петков беше првиот државник со кој се сретна Ковачевски по доаѓањето на премиерската позиција на која го наследи Заев. Тогаш беа промовирани новите односи меѓу двете земји кои резултираа со ново бугарско вето.

И за крај загуби и досегашната финска премиерка Сана Марин. Таа беше во Скопје пред неколку месеци  и Ковачевски и даде поддршка за изборите и за членство во НАТО.

The post Мило, Петков, Сана: Сите што ги поддржа Ковачевски загубија на изборите appeared first on Република.

]]>

Викендов се случија три важни избори во Европа и во Соседството. Најголемо внимание предизвикаа претседателските избори во Црна Гора каде по повеќе од три децении падна Мило Ѓукановиќ.Тој беше последниот транзициски политичар осомничен за шверц на цигри и еден од најбогатите политичари. Како таков нормално беше поддржан од премиерот на „Северна“ Димитар Ковачевски. Премиерот дури и сними и водео порака за поддршка на Ѓукановиќ која веднаш по поразот ја избриша. Пораз, додуша тесен дожива и Кирил Петков во Бугарија но тој има реална можност да формира коалициска влада. Петков беше првиот државник со кој се сретна Ковачевски по доаѓањето на премиерската позиција на која го наследи Заев. Тогаш беа промовирани новите односи меѓу двете земји кои резултираа со ново бугарско вето. И за крај загуби и досегашната финска премиерка Сана Марин. Таа беше во Скопје пред неколку месеци  и Ковачевски и даде поддршка за изборите и за членство во НАТО.

The post Мило, Петков, Сана: Сите што ги поддржа Ковачевски загубија на изборите appeared first on Република.

]]>
Петков: Гласав затоа што не сакам моите две ќерки да студираат во странство, а сакам третата ќерка да се врати во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkov-glasav-zatoa-shto-ne-sakam-moite-dve-kerki-da-studiraat-vo-stranstvo-a-sakam-tretata-kerka-da-se-vrati-vo-bugarija/ Sun, 02 Apr 2023 07:16:42 +0000 https://republika.mk/?p=626205

Денеска во Бугарија се одвиваат парламентарни избори, но надежите дека ќе се состави политичка влада се минимални.

Прв кој денеска се огласи дека го остварил своето избирачко право е поранешниот бугарски премиер, Кирил Петков, јавува Нова.бг.

Нема спасител и тоа зависи од секој од нас. Денеска гласав затоа што не сакам моите две ќерки да студираат во странство. Сакам мојата трета ќерка да се врати во Бугарија - изјави копретседателот на ПП-ДБ Кирил Петков по остварувањето на своето право на глас за 49. Народно собрание.

Сакам да патувам за Варна не за пет, туку за три часа. Гласав за нормална европска влада, здравство, патишта, образование, ги објасни своите причини.

The post Петков: Гласав затоа што не сакам моите две ќерки да студираат во странство, а сакам третата ќерка да се врати во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Денеска во Бугарија се одвиваат парламентарни избори, но надежите дека ќе се состави политичка влада се минимални. Прв кој денеска се огласи дека го остварил своето избирачко право е поранешниот бугарски премиер, Кирил Петков, јавува Нова.бг.
Нема спасител и тоа зависи од секој од нас. Денеска гласав затоа што не сакам моите две ќерки да студираат во странство. Сакам мојата трета ќерка да се врати во Бугарија - изјави копретседателот на ПП-ДБ Кирил Петков по остварувањето на своето право на глас за 49. Народно собрание.
Сакам да патувам за Варна не за пет, туку за три часа. Гласав за нормална европска влада, здравство, патишта, образование, ги објасни своите причини.

The post Петков: Гласав затоа што не сакам моите две ќерки да студираат во странство, а сакам третата ќерка да се врати во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Чиста љубов: Маж страсно го бакнува Кирил Петков https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/chista-lubov-mazh-strasno-go-baknuva-kiril-petkov/ Tue, 07 Feb 2023 11:44:15 +0000 https://republika.mk/?p=605950

Водителот и актер Александар Кадиев се осмели во етер страсно да го бакне поранешниот бугарски премиер Кирил Петков. Ова се случи во емисијата „Биди искрен со Ени“ која е една од најпопуларните во Бугарија.

Милувањата меѓу Сашо Кадиев и Кирил Петков датираат уште пред тој да стане премиер. Кадиев е познат актер кај источниот сосед и има 39 години.

The post Чиста љубов: Маж страсно го бакнува Кирил Петков appeared first on Република.

]]>

Водителот и актер Александар Кадиев се осмели во етер страсно да го бакне поранешниот бугарски премиер Кирил Петков. Ова се случи во емисијата „Биди искрен со Ени“ која е една од најпопуларните во Бугарија. Милувањата меѓу Сашо Кадиев и Кирил Петков датираат уште пред тој да стане премиер. Кадиев е познат актер кај источниот сосед и има 39 години.

The post Чиста љубов: Маж страсно го бакнува Кирил Петков appeared first on Република.

]]>
Кирил Петков за бугарско-македонските односи: Време е да се вратиме на попозитивните работи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kiril-petkov-za-bugarsko-makedonskite-odnosi-vreme-e-da-se-vratime-na-popozitivnite-raboti/ Sun, 05 Feb 2023 20:56:44 +0000 https://republika.mk/?p=605132

Поранешниот бугарски премиер Кирил Петоков тврди дека има рецепта за подобрување на односите меѓу Македонија и Бугарија. Според него мора да се отворат темите за инфраструктурата и економијата.

Во моментов е оставено на некои многу гласни луѓе да го дефинираат дијалогот меѓу двете земји. Време е да се вратиме на попозитивните работи, рече Петков во изјава за Бугарското национално радио (БНР).

Петков вели дека Македонија треба да знае дека условите ги поставува ЕУ и дека доколку сака да има европска иднина нема друг избор освен да почне да работи на позитивни теми со Бугарија и да го отстрани јазикот на омразата.

Таквиот тип на дијалог е можен затоа што за време на нашата влада, успеавме Европа да застане на наша страна, додаде Петков.

 

The post Кирил Петков за бугарско-македонските односи: Време е да се вратиме на попозитивните работи appeared first on Република.

]]>

Поранешниот бугарски премиер Кирил Петоков тврди дека има рецепта за подобрување на односите меѓу Македонија и Бугарија. Според него мора да се отворат темите за инфраструктурата и економијата.
Во моментов е оставено на некои многу гласни луѓе да го дефинираат дијалогот меѓу двете земји. Време е да се вратиме на попозитивните работи, рече Петков во изјава за Бугарското национално радио (БНР).
Петков вели дека Македонија треба да знае дека условите ги поставува ЕУ и дека доколку сака да има европска иднина нема друг избор освен да почне да работи на позитивни теми со Бугарија и да го отстрани јазикот на омразата.
Таквиот тип на дијалог е можен затоа што за време на нашата влада, успеавме Европа да застане на наша страна, додаде Петков.
 

The post Кирил Петков за бугарско-македонските односи: Време е да се вратиме на попозитивните работи appeared first on Република.

]]>
Петков: За време на нашата Влада успеавме Европа да застане на бугарска страна https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkov-za-vreme-na-nashata-vlada-uspeavme-evropa-da-zastane-na-bugarska-strana/ Sun, 05 Feb 2023 17:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=605063

Во односите меѓу Бугарија и Македонија е важно перспективата да не се става само на тоа каков инцидент се случи и во исто време, додека се справуваме со јазикот на омразата, мора да се отворат и други теми како инфраструктурата и економијата, со цел односите да можат да имаат и позитивен карактер, изјави поранешниот бугарски премиер и копретседател на партијата Продолжуваме со промената, Кирил Петков.

Во моментов е оставено на некои многу гласни луѓе да го дефинираат дијалогот меѓу двете земји. Време е да се вратиме на попозитивните работи, рече Петков во изјава за Бугарското национално радио (БНР).

Според него, на Maкедонија треба да ѝ се каже дека „условите ги поставува ЕУ и дека доколку сака да има европска иднина нема друг избор освен да почне да работи на позитивни теми со Бугарија и да го отстрани јазикот на омразата“.

Таквиот тип на дијалог е можен затоа што за време на нашата Влада, успеавме Европа да застане на наша страна, додаде Петков.

Осврнувајќи се на претстојните предвремени парламентарни избори во Бугарија, предвидени за 2 април, Петков изрази надеж дека неговата ПП ќе настапи со заедничка листа со блокот Демократска Бугарија, создавајќи јадро кое ќе промовира универзално прифатени политики и цели, што мора да се случат.

Ние сме единствената динамика во политичкиот простор. Со ДБ создаваме јадро за кое се надеваме дека нема да биде само снежна грутка, туку лавина, додаде Петков.

The post Петков: За време на нашата Влада успеавме Европа да застане на бугарска страна appeared first on Република.

]]>

Во односите меѓу Бугарија и Македонија е важно перспективата да не се става само на тоа каков инцидент се случи и во исто време, додека се справуваме со јазикот на омразата, мора да се отворат и други теми како инфраструктурата и економијата, со цел односите да можат да имаат и позитивен карактер, изјави поранешниот бугарски премиер и копретседател на партијата Продолжуваме со промената, Кирил Петков.
Во моментов е оставено на некои многу гласни луѓе да го дефинираат дијалогот меѓу двете земји. Време е да се вратиме на попозитивните работи, рече Петков во изјава за Бугарското национално радио (БНР).
Според него, на Maкедонија треба да ѝ се каже дека „условите ги поставува ЕУ и дека доколку сака да има европска иднина нема друг избор освен да почне да работи на позитивни теми со Бугарија и да го отстрани јазикот на омразата“.
Таквиот тип на дијалог е можен затоа што за време на нашата Влада, успеавме Европа да застане на наша страна, додаде Петков.
Осврнувајќи се на претстојните предвремени парламентарни избори во Бугарија, предвидени за 2 април, Петков изрази надеж дека неговата ПП ќе настапи со заедничка листа со блокот Демократска Бугарија, создавајќи јадро кое ќе промовира универзално прифатени политики и цели, што мора да се случат.
Ние сме единствената динамика во политичкиот простор. Со ДБ создаваме јадро за кое се надеваме дека нема да биде само снежна грутка, туку лавина, додаде Петков.

The post Петков: За време на нашата Влада успеавме Европа да застане на бугарска страна appeared first on Република.

]]>
„Велт“: Петков тајно испраќал муниција и дизел во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/velt-petkov-tajno-isprakal-munitsija-i-dizel-vo-ukraina/ Wed, 18 Jan 2023 15:25:10 +0000 https://republika.mk/?p=598433

Од почетокот на рускиот напад на Украина Бугарија тајно го снабдува Киев со оружје и дизел преку неофицијални канали и преку приватни компании и посредници, независно противењето на Владата во Софија, пишува германскиот весник „Велт“.

Според тврдењата на весникот, поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков, минатата година водел тајна операција за снабдување на Украина „зад грбот“ на неговите социјалистички коалициски партнери, кои биле против воената помош за Украина.

„Проценуваме дека во раните фази на војната, околу една третина од муницијата потребна на украинската армија доаѓаше од Бугарија“, вели Петков, истакнувајќи дека приватната бугарска воена индустрија „произведува со полна пареа“.

Асен Василев, поранешен министер за финансии на Бугарија образован на Харвард како и Петков, тврди дека Бугарија станала еден од најголемите извозници на дизел во Украина и оти на моменти покривала 40 отсто од потребите на Украина.

Муницијата и дизелот не оделе директно во Украина, туку преку компании посредници од Бугарија и од странство, а биле транспортирани по воздушен и копнен пат преку Романија, Унгарија и Полска. За испораките бугарска муниција вредна околу две милијарди евра платиле САД и Велика Британија.

Петков и Василев, наводно, одиграле важна улога кога станува збор за воведувањето санкции на ЕУ и промовирале бескомпромисен однос кон Русија.

До крајот на минатата година Бугарија беше стопроцентно зависна од руските испораки и затоа не учествуваше во нафтено ембарго на ЕУ, а на 27 април минатата година „Газпром“ ги откажа испораката на гас за Бугарија како прва земја во ЕУ.

Според „Велт“, премиерот Петков го решил проблемот во рок од 24 часа и организирал два танкери со течен гас од САД – по иста цена за кубен метар колку што наплаќал и „Газпром“.

The post „Велт“: Петков тајно испраќал муниција и дизел во Украина appeared first on Република.

]]>

Од почетокот на рускиот напад на Украина Бугарија тајно го снабдува Киев со оружје и дизел преку неофицијални канали и преку приватни компании и посредници, независно противењето на Владата во Софија, пишува германскиот весник „Велт“. Според тврдењата на весникот, поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков, минатата година водел тајна операција за снабдување на Украина „зад грбот“ на неговите социјалистички коалициски партнери, кои биле против воената помош за Украина. „Проценуваме дека во раните фази на војната, околу една третина од муницијата потребна на украинската армија доаѓаше од Бугарија“, вели Петков, истакнувајќи дека приватната бугарска воена индустрија „произведува со полна пареа“. Асен Василев, поранешен министер за финансии на Бугарија образован на Харвард како и Петков, тврди дека Бугарија станала еден од најголемите извозници на дизел во Украина и оти на моменти покривала 40 отсто од потребите на Украина. Муницијата и дизелот не оделе директно во Украина, туку преку компании посредници од Бугарија и од странство, а биле транспортирани по воздушен и копнен пат преку Романија, Унгарија и Полска. За испораките бугарска муниција вредна околу две милијарди евра платиле САД и Велика Британија. Петков и Василев, наводно, одиграле важна улога кога станува збор за воведувањето санкции на ЕУ и промовирале бескомпромисен однос кон Русија. До крајот на минатата година Бугарија беше стопроцентно зависна од руските испораки и затоа не учествуваше во нафтено ембарго на ЕУ, а на 27 април минатата година „Газпром“ ги откажа испораката на гас за Бугарија како прва земја во ЕУ. Според „Велт“, премиерот Петков го решил проблемот во рок од 24 часа и организирал два танкери со течен гас од САД – по иста цена за кубен метар колку што наплаќал и „Газпром“.

The post „Велт“: Петков тајно испраќал муниција и дизел во Украина appeared first on Република.

]]>
Борисов предложи експертска влада на 6 месеци, Петков ја отфрли идејата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/borisov-predlozi-ekspertska-vlada-na-6-meseci-petkov-ja-otfrli-idejata/ Sun, 27 Nov 2022 16:28:33 +0000 https://republika.mk/?p=578767

Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов даде предлог да се потпише документ за работа на конкретни политики и создавање на нова бугарска влада со мандат од 6 до 9 месеци или до локалните избори до есента 2023 година, јавува дописникот на МИА од Софија.

Борисов појасни дека со потпишување на таков документ партиите во бугарското народно собрание нема да бидат извалкани од коалиции кои тие самите не ги сакаат. Копретседавачот на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков го отфрли предлогот на лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов и нема да даваат поддршка за влада во прв мандат.

Петков коментира дека ако некој сака да се крие зад експерти, тоа нема да се случи. Кирил Петков го повтори својот предлог „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“ да формираат малцинска влада и дека се подготвени да управуваат со Бугарија во најтешките месеци во зимата.

The post Борисов предложи експертска влада на 6 месеци, Петков ја отфрли идејата appeared first on Република.

]]>

Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов даде предлог да се потпише документ за работа на конкретни политики и создавање на нова бугарска влада со мандат од 6 до 9 месеци или до локалните избори до есента 2023 година, јавува дописникот на МИА од Софија. Борисов појасни дека со потпишување на таков документ партиите во бугарското народно собрание нема да бидат извалкани од коалиции кои тие самите не ги сакаат. Копретседавачот на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков го отфрли предлогот на лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов и нема да даваат поддршка за влада во прв мандат. Петков коментира дека ако некој сака да се крие зад експерти, тоа нема да се случи. Кирил Петков го повтори својот предлог „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“ да формираат малцинска влада и дека се подготвени да управуваат со Бугарија во најтешките месеци во зимата.

The post Борисов предложи експертска влада на 6 месеци, Петков ја отфрли идејата appeared first on Република.

]]>
Пријателот на Ковачевски Петков сака пак да биде власт во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prijatelot-na-kovachevski-petkov-saka-pak-da-bide-vlast-vo-bugarija/ Wed, 23 Nov 2022 11:39:33 +0000 https://republika.mk/?p=577314

Две од партиите во новиот бугарски Парламент: „Промените продолжуваат“ и „Демократска Бугарија“, доколку од претседателот Румен Радев го добијат вториот мандат, изразија подготвеност заедно да работат на формирањето малцинска влада со јасна визија, стратегија, план, изјавија на брифинг во Народното собрание копретседавачот на „Промените продолжуваат“,  Кирил Петков, и копретседателот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов.

-Мандатарот на вториот мандат – „Промените продолжуваат “, за првпат почнува со вистински напор да се пронајде некоја формула на надеж, за да има некакво владеење што Бугарија ќе ја придвижи напред, коментира Христо Иванов.

Петков наведе кои се предлог законите, кои според нив, треба да бидат решени, а ги определи како приоритети на бугарскиот народ. Услов е тие да бидат прифатени, без резерва од останатите партии во 48. Народно собрание на Бугарија. Петков, пред се, посочи на повлекувањето на измените во Изборниот законик поврзани со враќањето на хартиеното ливче за гласање во Бугарија

The post Пријателот на Ковачевски Петков сака пак да биде власт во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Две од партиите во новиот бугарски Парламент: „Промените продолжуваат“ и „Демократска Бугарија“, доколку од претседателот Румен Радев го добијат вториот мандат, изразија подготвеност заедно да работат на формирањето малцинска влада со јасна визија, стратегија, план, изјавија на брифинг во Народното собрание копретседавачот на „Промените продолжуваат“,  Кирил Петков, и копретседателот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов. -Мандатарот на вториот мандат – „Промените продолжуваат “, за првпат почнува со вистински напор да се пронајде некоја формула на надеж, за да има некакво владеење што Бугарија ќе ја придвижи напред, коментира Христо Иванов. Петков наведе кои се предлог законите, кои според нив, треба да бидат решени, а ги определи како приоритети на бугарскиот народ. Услов е тие да бидат прифатени, без резерва од останатите партии во 48. Народно собрание на Бугарија. Петков, пред се, посочи на повлекувањето на измените во Изборниот законик поврзани со враќањето на хартиеното ливче за гласање во Бугарија

The post Пријателот на Ковачевски Петков сака пак да биде власт во Бугарија appeared first on Република.

]]>