Кирил Лешочки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kiril-leshochki/ За подобро да се разбереме Fri, 24 Mar 2023 19:37:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кирил Лешочки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kiril-leshochki/ 32 32 Митрополитот г. Јосиф ги повика верниците на утрешното прво празнување на денот на свети Кирил Лешочки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitropolitot-g-josif-gi-povika-vernitsite-na-utreshnoto-prvo-praznuvane-na-denot-na-sveti-kiril-leshochki/ Fri, 24 Mar 2023 10:29:19 +0000 https://republika.mk/?p=623149

Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф утрово отслужи литургијата на претходноосветени дарови и проповедаше во соборниот храм св. Кирил и Методиј, од каде ги повика верниците утре, сабота, 25 март да дојдат во Лешочкиот манастир за првото литургиско празнување на св. Кирил Лешочки.

По повод утрешниот празник на св. Кирил Лешочки, ден кој беше одреден и од Светиот Архиерејски Синод (САС) на МПЦ-ОА за негов годишен празник, по отслужената литургија и вечерна богослужба беа изнесени и светите мошти на преподобниот Кирил Лешочки на поклонение пред верниот народ.

Митрополитот г. Јосиф во денешната беседа порача дека утре е голем празник и значаен ден за епархијата и Црквата.

Поминаа само неколку месеци од канонизацијата на светиот Кирил и ете по тие торжествени собитија, на кои се сеќаваме со голема радост, семилостивиот Господ опкружен со македонските светители благоволи да го дочекаме и неговиот светол празник, којшто утре за прв пат по канонизацијата торжествено ќе го прославиме во Лешочкиот манастир, упатувајќи ги нашите молитви кон него како кон наш светител и молитвеник пред престолот Божји. Но утрешното чествување на неговиот празник не е првиот март, во кој ние ќе се собереме во Лешок во спомен на ова наше светило. Повеќето од нас низ годините што изминале, свесни за духовната величина на светиот Кирил секој март со години доаѓале на неговиот гроб и учествувале на поменот со кој го одбележуваме неговиот спомен. Но ако до лани се собиравме и служевме помен, од утре па натаму, секоја наредна година, секој 25 март, ќе се собираме и богослужбено ќе ја пееме неговата служба и молитвено ќе се сеќаваме на неговиот светол лик, истакна митрополитот г. Јосиф.

Тој нагласи оти верува дека во годините што ни претстојат бројот на поклоници во Лешочкиот манастир, кој е нераздвојно поврзан со светиот Кирил, чии мошти почиваат таму – ќе расте, бидејќи, како што рече, неговата светост преку извршената канонизација сега е објавена не само на нашиот православен народ, туку на сите православни христијани ширум светот, порача владиката.

Утре во Лешочкиот манастир во 8 часот и 30 минути ќе има пречек на Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан и архиереите на МПЦ-ОА, по што ќе започне Светата литургија во 8 часот и 40 минути по повод првото литургиско чествување од канонизацијата на Свети Кирил Лешочки.

The post Митрополитот г. Јосиф ги повика верниците на утрешното прво празнување на денот на свети Кирил Лешочки appeared first on Република.

]]>

Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф утрово отслужи литургијата на претходноосветени дарови и проповедаше во соборниот храм св. Кирил и Методиј, од каде ги повика верниците утре, сабота, 25 март да дојдат во Лешочкиот манастир за првото литургиско празнување на св. Кирил Лешочки. По повод утрешниот празник на св. Кирил Лешочки, ден кој беше одреден и од Светиот Архиерејски Синод (САС) на МПЦ-ОА за негов годишен празник, по отслужената литургија и вечерна богослужба беа изнесени и светите мошти на преподобниот Кирил Лешочки на поклонение пред верниот народ. Митрополитот г. Јосиф во денешната беседа порача дека утре е голем празник и значаен ден за епархијата и Црквата.
Поминаа само неколку месеци од канонизацијата на светиот Кирил и ете по тие торжествени собитија, на кои се сеќаваме со голема радост, семилостивиот Господ опкружен со македонските светители благоволи да го дочекаме и неговиот светол празник, којшто утре за прв пат по канонизацијата торжествено ќе го прославиме во Лешочкиот манастир, упатувајќи ги нашите молитви кон него како кон наш светител и молитвеник пред престолот Божји. Но утрешното чествување на неговиот празник не е првиот март, во кој ние ќе се собереме во Лешок во спомен на ова наше светило. Повеќето од нас низ годините што изминале, свесни за духовната величина на светиот Кирил секој март со години доаѓале на неговиот гроб и учествувале на поменот со кој го одбележуваме неговиот спомен. Но ако до лани се собиравме и служевме помен, од утре па натаму, секоја наредна година, секој 25 март, ќе се собираме и богослужбено ќе ја пееме неговата служба и молитвено ќе се сеќаваме на неговиот светол лик, истакна митрополитот г. Јосиф.
Тој нагласи оти верува дека во годините што ни претстојат бројот на поклоници во Лешочкиот манастир, кој е нераздвојно поврзан со светиот Кирил, чии мошти почиваат таму – ќе расте, бидејќи, како што рече, неговата светост преку извршената канонизација сега е објавена не само на нашиот православен народ, туку на сите православни христијани ширум светот, порача владиката. Утре во Лешочкиот манастир во 8 часот и 30 минути ќе има пречек на Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан и архиереите на МПЦ-ОА, по што ќе започне Светата литургија во 8 часот и 40 минути по повод првото литургиско чествување од канонизацијата на Свети Кирил Лешочки.

The post Митрополитот г. Јосиф ги повика верниците на утрешното прво празнување на денот на свети Кирил Лешочки appeared first on Република.

]]>
Првпат ќе се празнува 25 март денот посветен на Свети Кирил Лешочки https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/prvpat-ke-se-praznuva-25-mart-denot-posveten-na-sveti-kiril-leshochki/ Tue, 21 Mar 2023 12:35:18 +0000 https://republika.mk/?p=622046

Во сабота за првпат ќе се одржи првата црковна литургија по повод празникот Свети Кирил Лешочки, кој ќе се одбележува од оваа година откако во октомври 2022 беше извршена канонизација на Кирил Пејчиновиќ кој беше прогласен за светец. Лани за време на канонизацијата 25 март беше определен како ден кога ќе се празнува светецот Кирил Лешочки.

Ќе се одржи Света Архиерејска литургија со почеток во 8 часот во храмот Свети Атанасиј во Лешок. Литургијата ќе ја предводи митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на повеќе други митрополити и свештенослужители. Повик до верниците да дојдат да се помолат за светителот и за здравје на нивните семејства, соопшти денеска Тетовско-гостиварската епархија.

На 15 октомври 2022 се одржа Воскресна Вечерна богослужба во Лешочкиот манастир, а следниот ден и Света Божествена архиерејска литургија во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј како процес за прогласување на преподобниот Кирил Пејчиноновиќ за светител Кирил Лешочки.

Светиот Архирејски Синод на МПЦ на вонредна седница на 10 мај 2022 година го разгледа предлогот за канонизација. За новоканонизиранот светител е живописана икона и е напишано Житие, Акатист, Утрена и Вечерна Богослужба.

Кирил Пејчиновиќ е роден во Теарце во 1771 година, а почива во дворот од Лешочкиот манастирски комплекс.

The post Првпат ќе се празнува 25 март денот посветен на Свети Кирил Лешочки appeared first on Република.

]]>

Во сабота за првпат ќе се одржи првата црковна литургија по повод празникот Свети Кирил Лешочки, кој ќе се одбележува од оваа година откако во октомври 2022 беше извршена канонизација на Кирил Пејчиновиќ кој беше прогласен за светец. Лани за време на канонизацијата 25 март беше определен како ден кога ќе се празнува светецот Кирил Лешочки. Ќе се одржи Света Архиерејска литургија со почеток во 8 часот во храмот Свети Атанасиј во Лешок. Литургијата ќе ја предводи митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на повеќе други митрополити и свештенослужители. Повик до верниците да дојдат да се помолат за светителот и за здравје на нивните семејства, соопшти денеска Тетовско-гостиварската епархија. На 15 октомври 2022 се одржа Воскресна Вечерна богослужба во Лешочкиот манастир, а следниот ден и Света Божествена архиерејска литургија во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј како процес за прогласување на преподобниот Кирил Пејчиноновиќ за светител Кирил Лешочки. Светиот Архирејски Синод на МПЦ на вонредна седница на 10 мај 2022 година го разгледа предлогот за канонизација. За новоканонизиранот светител е живописана икона и е напишано Житие, Акатист, Утрена и Вечерна Богослужба. Кирил Пејчиновиќ е роден во Теарце во 1771 година, а почива во дворот од Лешочкиот манастирски комплекс.

The post Првпат ќе се празнува 25 март денот посветен на Свети Кирил Лешочки appeared first on Република.

]]>
Верниците во Лешочкиот манастир ќе може да се поклонат на моштите на новиот македонски светец Преподобен Кирил Лешочки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vernicite-vo-leshochkiot-manastir-kje-moze-da-se-poklonat-na-moshtite-na-noviot-makedonski-svetec-prepodoben-kiril-leshochki/ Wed, 19 Oct 2022 10:06:11 +0000 https://republika.mk/?p=562941

Моштите на светитетелот Преподобен Кирил Лешочки по извршената канонизација во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“ сега се поставени во храмот „Свети Атанасиј“ во манастирскиот комплекс во Лешок.

Во внатрешноста на храмот покрај моштите се наоѓа и првата икона со изобразен лик на светителот чие прогласување за светец се изврши во неделата на 16 октомври.

-Верниот народ ќе има можност да пристапи за поклонение до кивотот каде што се изложени светите мошти на светителот и до неговата прва икона. Епархијата замолува за почитување на воспоставениот ред во храмот при посетите на верниците, информираа од тетовско-гостиварската епархија.

Во неделата во Соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ во Тетово архиепископот на МПЦ-ОА г.г Стефан во сослужение со 11 владици и други свештенослужители го изврши прогласувањето за светец на Кирил Пејчиновиќ. Споменот на преподобниот Кирил Лешочки – учител и просветител, ќе се празнува на 25 март по новиот стил.

The post Верниците во Лешочкиот манастир ќе може да се поклонат на моштите на новиот македонски светец Преподобен Кирил Лешочки appeared first on Република.

]]>

Моштите на светитетелот Преподобен Кирил Лешочки по извршената канонизација во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“ сега се поставени во храмот „Свети Атанасиј“ во манастирскиот комплекс во Лешок. Во внатрешноста на храмот покрај моштите се наоѓа и првата икона со изобразен лик на светителот чие прогласување за светец се изврши во неделата на 16 октомври. -Верниот народ ќе има можност да пристапи за поклонение до кивотот каде што се изложени светите мошти на светителот и до неговата прва икона. Епархијата замолува за почитување на воспоставениот ред во храмот при посетите на верниците, информираа од тетовско-гостиварската епархија. Во неделата во Соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ во Тетово архиепископот на МПЦ-ОА г.г Стефан во сослужение со 11 владици и други свештенослужители го изврши прогласувањето за светец на Кирил Пејчиновиќ. Споменот на преподобниот Кирил Лешочки – учител и просветител, ќе се празнува на 25 март по новиот стил.

The post Верниците во Лешочкиот манастир ќе може да се поклонат на моштите на новиот македонски светец Преподобен Кирил Лешочки appeared first on Република.

]]>
Објавена одлуката за канонизација – Светиот Кирил Лешочки ќе се празнува на 25 март https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/objavena-odlukata-za-kanonizacija-svetiot-kiril-leshochki-kje-se-praznuva-na-25-mart/ Sun, 16 Oct 2022 08:55:52 +0000 https://republika.mk/?p=561621

По вчерашната Воскресна Вечерна богослужба во Лешочкиот манастир, денеска со Света Божествена архиерејска литургија во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“ продолжи процесот на прогласување на преподобниот Кирил Пејчиноновиќ за светител Кирил Лешочки.

Поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) г.г Стефан во сослужение со архиереите на Светиот Архерејски Синод (САС) чиноначалствува со службата.

Пред олтарот во црквата е поставен кивот со моштите на новиот светител. До кивотот е поставена икона во која за прв пат како светител е изобразен лик на Кирил Лешочки, од зографот Кирил Златанов.

Г.Климент, епископ Хераклејски ја прочита одлуката на САС на МПЦ-ОА за вбројување на преподобниот Кирил Пејчиновиќ Лешочки во редовите на светите.

Тој истакна дека Светиот Архирејски Синод на МПЦ на вонредна седница 10 мај 2022 година разгледувајќи го предлогот за канонизација за канонизирање во светител во лицето на преподобниот игумен Кирил Пејчиновиќ Лешочки врз основа на Уставот на МПЦ внимателно проучувајќи го животниот пат и пастирскиот подвиг како и чудата што се случуваат по неговите молитиви и непрестано почитување од православниот народ ја донесе оваа одлука.

-Светиот Архерејски Синод на МПЦ-ОА Преподбниот го вбројува во редот на светиите. Чесните останки на Светиот игумен Кирил Пејчиновиќ Лешочки, се свети мошти и се оддава достојно почитување, а датум за негова прослава Синодот го определува 25 март по нов стил. За новоканинизиранот светител е живописсана икона и е напишано Житие, Акатист, Утрена и Вечерна Богослужба, прочита г. Климент.

Кратко житие за Кирил Лешочки прочита презвитер Бобан Митевски, кој потсети дека светителот земниот живот го започна во Теарце во 1771 година од набожни родители и татко Пејчин.

-Во Лешочкиот манастир го напиша делото Утешение Грешним имајќи ја на ум Пресветата Богородица, која ја сметаше за утеха на грешниците и затоа така го нарече делото. Неговите поуки беа за духовен препород, го учеше верниот народ како да се кае, како да пости, како да ги празнува празниците, како да се исповеда, како да се причестува со светите тајни Христови. Предупредуваше за духовната опасност од предизвикана од паганскиот обичај за жртвопринесување на телата на животните. Помагаше и се случуваа исцеленија од различни, се вели во дел од Житието кое го составил протоереј Александар Стојановски од тетовско-гостиварската епархија.

Потоа Тропар на преподобниот Кирил Пејчиновиќ изведе Хор на Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител.

The post Објавена одлуката за канонизација – Светиот Кирил Лешочки ќе се празнува на 25 март appeared first on Република.

]]>

По вчерашната Воскресна Вечерна богослужба во Лешочкиот манастир, денеска со Света Божествена архиерејска литургија во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“ продолжи процесот на прогласување на преподобниот Кирил Пејчиноновиќ за светител Кирил Лешочки. Поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) г.г Стефан во сослужение со архиереите на Светиот Архерејски Синод (САС) чиноначалствува со службата. Пред олтарот во црквата е поставен кивот со моштите на новиот светител. До кивотот е поставена икона во која за прв пат како светител е изобразен лик на Кирил Лешочки, од зографот Кирил Златанов. Г.Климент, епископ Хераклејски ја прочита одлуката на САС на МПЦ-ОА за вбројување на преподобниот Кирил Пејчиновиќ Лешочки во редовите на светите. Тој истакна дека Светиот Архирејски Синод на МПЦ на вонредна седница 10 мај 2022 година разгледувајќи го предлогот за канонизација за канонизирање во светител во лицето на преподобниот игумен Кирил Пејчиновиќ Лешочки врз основа на Уставот на МПЦ внимателно проучувајќи го животниот пат и пастирскиот подвиг како и чудата што се случуваат по неговите молитиви и непрестано почитување од православниот народ ја донесе оваа одлука. -Светиот Архерејски Синод на МПЦ-ОА Преподбниот го вбројува во редот на светиите. Чесните останки на Светиот игумен Кирил Пејчиновиќ Лешочки, се свети мошти и се оддава достојно почитување, а датум за негова прослава Синодот го определува 25 март по нов стил. За новоканинизиранот светител е живописсана икона и е напишано Житие, Акатист, Утрена и Вечерна Богослужба, прочита г. Климент. Кратко житие за Кирил Лешочки прочита презвитер Бобан Митевски, кој потсети дека светителот земниот живот го започна во Теарце во 1771 година од набожни родители и татко Пејчин. -Во Лешочкиот манастир го напиша делото Утешение Грешним имајќи ја на ум Пресветата Богородица, која ја сметаше за утеха на грешниците и затоа така го нарече делото. Неговите поуки беа за духовен препород, го учеше верниот народ како да се кае, како да пости, како да ги празнува празниците, како да се исповеда, како да се причестува со светите тајни Христови. Предупредуваше за духовната опасност од предизвикана од паганскиот обичај за жртвопринесување на телата на животните. Помагаше и се случуваа исцеленија од различни, се вели во дел од Житието кое го составил протоереј Александар Стојановски од тетовско-гостиварската епархија. Потоа Тропар на преподобниот Кирил Пејчиновиќ изведе Хор на Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител.

The post Објавена одлуката за канонизација – Светиот Кирил Лешочки ќе се празнува на 25 март appeared first on Република.

]]>